14 НАСТАНИ КОИ ЈА ПРОМЕНИЛЕ ИСТОРИЈАТА
Страна 1 of 1
14 НАСТАНИ КОИ ЈА ПРОМЕНИЛЕ ИСТОРИЈАТА
1. Откривањето на огнот пред 1,4 милиони години
Првиот изум кој ги одвојува современите луѓе од нивните еволутивни предци било намерното палење на оган. Додека претходните видови како Хомо еректус, користеле природно предизвикан оган, Хомо сапиенс први свесно почнале да го палат.
Користењето на огнот овозможило на луѓето да подготвуваат храна, да се грејат и да го осветлуваат просторот. Палењето на огнот го означува почетокот на сите технологии кои човекот ги користи и отворило пат за обработка на металот и изработка на цврсто оружје.

Гостин- Гостин
Re: 14 НАСТАНИ КОИ ЈА ПРОМЕНИЛЕ ИСТОРИЈАТА
2. Користење на лак и стрела, 15.000 години п.н.е.
Се претпоставува дека првите лакови и стрели биле правени од материјал кој нема долг век на траење, па не е познато кога за прв пат биле произведени. Најстарите откриени лакови се најдени во Хомлегард во Данска и се направени 9.000 години п.н.е.
Луѓето ова оружје веројатно го создале за полесно ловење на животни, а се претпоставува дека настанало по примитивните проектили, како што се фрлач на копја и бумеранг.
Многу брзо, лакот и стрелата биле прилагодени за воена употреба. „National Geographic‟ наведува дека во 5400 година п.н.е. стрелите веќе биле основно оружје.

3. Примена на тркало, 3500 години п.н.е.
Тркалото во поширока употреба влегло најдоцна во 3500 години п.н.е. и многу влијаелио на различните аспекти на општеството, вклучувајќи го транспортот, користење на грнчарско тркало и развој на воденичарско тркало.
Околу 2000 година п.н.е. тркалото влегло и во воена употреба. Хетитите се прва позната цивилизација кои користеле кочии со коњска запрега.

4. Почеток на железно доба
Хетитите први масовно почнале да произведуваат ковано железо, околу 1400 година п.н.е., а околу 1200 година п.н.е. технологијата за ковање на железо се проширила од Мала Азија на Европа, Африка и Азија.
Исклучително постојаниот материјал пресудно влијаел на човековата експанзија. Оружјето од железо овозможувало поефикасно обработување на земјата, а со самото тоа и демографска експлозија. Железното оружје и оклопите ги замениле други метали како бронзата, а цивилизациите кои го имале овој метал побрзо се ширеле од нивните соседи.

5. Користење на бетон како градежен материјал, 200 години п.н.е.
До 200 година п.н.е. Римјаните развиле технологија за производство на бетон. Исклучително цврст и водоотпорен овој материјал нашол широка примена: почнувајќи од изградба на храмови и јавни плоштади, па се до познатите римски аквадукти.
Бетонот исто така, придонел Римјаните да ја задржат воената и културната доминација во делови на светот под своја контрола. Развиле широка мрежа на квалитетни патишта, а бетонот го користеле и за изградба на пристаништа, кои дополнително го проширило влијанието на Рим.

6. Развој на теоријата „праведна војна‟, 426 година
Во 426 година Свети Авгуситн Хипонски го објавил своето основно дело „De civitate Dei‟ „За државата Божја‟, во кое ги разгледува начините за оправдување на војна, кои се коселе со пацифистичките вредности на христијанството.
Неговите мисли се темел на Теоријата за праведна војна, која италијанскиот филозоф Тома Аквински ја развил кон средината на 13 век. Списите на Свети Августин и Тома Аквински се основа за денешното сфаќање на „праведна војна‟.
Праведната војна, наведува „National Geographic‟ мора да ја објави надлежната влас… Таа мора да има праведна причина, а крајната цел мора да биде воспоставување на праведен мир.

7. Прецизна навигација, 1569 година
Се до 1569 година, навигацијата во големите води била долготрајна и тешка работа. Поради тогашните неточни карти, навигаторите секој час морале да гледаат во компас и да го прилагодуваат курсот.
Фламанскиот картограф Герхард Меркатор направи карта на светот која е карактеристична по паралелните меридијани, со еднакви меѓусебни растојанија и по напоредниците т.е. паралелите кои исто така се паралелни, но со растојанија кои се зголемуваат кон половите. Неговиот картографски метод, кој и денес се користи, овозможил на навигаторите лесно и прецизно да го одредат курсот и да поттикне истражувања и европска експанзија.

8. Почеток на индустриската револуција, 1712 година
Употребата на железото и челикот, како и откритието на нови извори на енергија, ја поттикнале индустриската револуција, која почнала во Англија во 18 век.
Парната машина, која ја во 1712 година ја изумил Томас Њукомен, ги намалила потребите за човечка енергија и истовремено ја проширила можноста за транспорт и производство.
Уште некои значајни откритија се параброд, автомобил, авион, телефон, радио, како и организација на работата т.е. мануфактура.
Употребата на железото и челикот, како и откритието на нови извори на енергија, ја поттикнале индустриската револуција, која почнала во Англија во 18 век.
Парната машина, која ја во 1712 година ја изумил Томас Њукомен, ги намалила потребите за човечка енергија и истовремено ја проширила можноста за транспорт и производство.
Уште некои значајни откритија се параброд, автомобил, авион, телефон, радио, како и организација на работата т.е. мануфактура.
Гостин- Гостин
Re: 14 НАСТАНИ КОИ ЈА ПРОМЕНИЛЕ ИСТОРИЈАТА
9. Развој на телекомуникациите, 1876 година
На седми март во 1876 година Американскиот завод за патенти на Александар Грејем Бел доделил „еден од најдрагоцените патенти во историјата‟. Три дена подоцна, Бел својот изум го применил на својот помошник на другиот крај на ходникот да му каже: „Господине Вотсон, дојдете тука. Ми требате‟.
Телекомуникацијата се проширила во цела Америка, а во 1927 година извршени се и првите меѓународни разговори.
Бројот на претплатниците на мобилната телефонија ширум светот денес изнесува околу 7 милијарди.

10. Летови со екипаж, 1903 година
Иако авионот на браќата Рајт летал само 12 секунди, тоа било прв успешен обид за управување со летало „потешко од воздухот‟. Браќата Рајт го усовршиле проектот и нивниот авион е користен во извидувачки мисии во Првата светска војна.
„National Geographic‟ наведува дека Британците и Италијанците ги дизајнирале првите бомбардери во 1913 година. По една година подоцна, Франција монтирала митролези на своите авиони. Денес САД располагаат со околу 13.000 воени авиони. Кина и Русија, втори две најголеми воздушни сили, имаат по 2.000 – 3.000 воени авиони.

11. Проектот Менхетен и најмоќното оружје за кое се знае, 1941 година
Месец дена пред избивањето на Втората светска војна германскиот гение Алберт Ајнштајн напишал писмо, по кое Америка влегла во нуклеарна трка со нацистите.
Во писмото од 1939 година Ајнштајн го предупредил американскиот претседател Френклин Рузвелт дека силна нуклеарна верижна реакција на ураниум може да доведе до конструирање на „екстремно силна бомба од нов тип‟ – атомската бомба. Две години подоцна, настанал „Проектот Менхетен‟, американски план за проектирање и изградба на најразорното оружје некогаш произведено.
На 6 август во 1945 година светот влегол во атомска ера кога било употребено најразорното оружје. Првата атомска бомба која била употребена во војната паѓала 44,4 секунди, пред да се ослободат околу 12.500 тони ТНТ над јапонскиот град Хирошима.

12. Невидена вселенска трка, 1954 година
Во 1954 година Русија предложила да се изгради вештачки сателит и по три години „Спутник 1‟ ќе стане прв сателит кој кружи во Земјината орбита.
Во соработка со германскиот аеронаутички инжинер Вернер фон Браун, Америка во 1958 година успешно го лансирала сателитот „Експлорер 1‟.
Трi години подоцна, рускиот космонаут Јуриј Гагарин станал прв човек кој отишол во вселената, што ги поттикнало Американците на 20 јули во 1969 година да испратат прв човек на Месечината.
Приватните компании како што се „Space X‟ на Илон Макс и „Virgin Galactic ‟ на Ричард Брансон, моментално интензивно работат на создавање на платформа за вселенски туризам.

13. Револуција на интернетот, 1991 година
Кога британскиот програмер Тим Бернерс-Ли кон крајот на 60-тите години ја измислил Светската мрежа (World Wide Web), светот влезе во ера на интернетот.
Ли развил „софтвер кој поврзува сродни документи на неговиот компјутер и набрзо потоа поврзал многу компјутери за корисниците да можат да ги споделуваат документите без база на податоци‟ – наведува „National Geographic‟.
Денес повеќе од 3 милијарди луѓе користат интернет.

14. Регенеративна медицина, 1999 година
Првиот голем чекор во правецот на обновување на оштетени органи или изгубени екстремитети, е направен во 1999 година, кога лекарите во Вејк Форест успеале да произведат нова слезина. Од тогаш научниците ја усовршуваат регенеративната техника.
„Дури и мозокот, за кој некогаш се мислело дека е забрането тло за регенерација со помош на матични клетки, на начин на кој тоа се прави со слезината и коските, станува тема. Истражувањата на невралните матични клетки (NSC) кои можат да ги заменат уништените неврони на жртви на мозочен удар, може да резултира со нови методи на лечење на болести како што се Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест‟.

браво трут интересна темс
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: 14 НАСТАНИ КОИ ЈА ПРОМЕНИЛЕ ИСТОРИЈАТА
koa ja izmislile destilacijata be.Najvazna rabota so ja amenila istorijata.
Гостин- Гостин
Re: 14 НАСТАНИ КОИ ЈА ПРОМЕНИЛЕ ИСТОРИЈАТА
Варененто на ракиjа е донесено тука од арапи.Но сравнително касно малко пред пагjането под турско наjдоа некаков надпис за варенjе ракиНjа. Пред ова се користело вино и посл ова исто.
Гостин- Гостин
Similar topics
» Расчистување на 27 априлските настани
» Бришење на историјата
» Комуњари, лажна ви е историјата
» РЕЛИГИЈАТА И ИСТОРИЈАТА - КАРАКТЕРНА СЛИКА НА ЕДЕН НАРОД
» Бришење на историјата
» Комуњари, лажна ви е историјата
» РЕЛИГИЈАТА И ИСТОРИЈАТА - КАРАКТЕРНА СЛИКА НА ЕДЕН НАРОД
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот