ДУИ ја напушти владата
4 posters
Страна 1 of 2
Страна 1 of 2 • 1, 2
ДУИ ја напушти владата
Дуи ја напушта владата, наредниве денови ќе обзнанат и зошто
Според мене, ваквиот потег не треба да се земе како услов за заборавање, на заедничките злодела со ДПМНЕ.
ДУИ вечерва одлучи да ги повлече сите сегашни претставници од извршната власт во Македонија, напиша пратеникот на ДУИ, Артан Груби пред околу половина час на својот профил на Фејсбук.
„Партијата го реафирмираше статутарното право и го овласти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да одлучува за натамошните постапки на ДУИ.
ДУИ во следните неколку дена ќе ги извести меѓународната заедница и локалните власти за промените во нејзината политика“, напиша Груби.
ДУИ вечерва испрати соопштение во кое потврди дека централното раководство на ДУИ одлучило да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија.
„Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција.
ДУИ, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Според мене, ваквиот потег не треба да се земе како услов за заборавање, на заедничките злодела со ДПМНЕ.
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: ДУИ ја напушти владата
Pacovi prvi go napushtaat brodot shto tone!!!
Mislat deka taka ke se spasat od desetgodishnoto azdisuenje ?!?!?
Mislat deka taka ke se spasat od desetgodishnoto azdisuenje ?!?!?
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: ДУИ ја напушти владата
Хм, абе по логиката на нештата не би требало, ама пошо знаеме кој е Ахмети, и се е можно. Пази според мене, и работите во ДУИ, не се баш баш ко што треба....Пример од нив излезе Унити на Гзим Острени, ќе повлече дел од луѓето, Ермира Мехмети има кренато раце од нив, ја гледав последно во ВИН-ВИН. Така да и во албанскиот блок не е е веќе црно бело. А и дел од народот кренал раце од нив, поготово онај интелектуалниот слој. Е сега Грујо и ДПМНЕ се сами, немаат никого, тоа е битно, ограничен им е маневраскиот простор многу, едино ако не изиграат некоја игра со ДПА и Тачи.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: ДУИ ја напушти владата
МОЖНИ СЦЕНАРИЈА: Што по излегувањето на ДУИ од Владата?
Или па ова, што истотака не дека не е можно:
Или па ова, што истотака не дека не е можно:
Сценарио 3: Одлуката на ДУИ е обид за дефокус од „Тврдината“ на СЈО
Притворот за началникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски кој е и првоосомничен во истрагата на СЈО за предметот „Тврдина“, како и се позачестените настапи на специјалните обвнители се практично одговор на владеачката коалиција ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Партиски извори тврдат, во партијата на Ахмети, наводно биле многу гневни на објавувањето на прислушкувани материјали на социјалните мрежи, па поради тоа се одлучиле на овој потек за повлекување од Владата.
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: ДУИ ја напушти владата
И ево, испадна она што очекував, ова е се патка за да се забетонираат изборите на 5 јуни. И се потврдува она што мислев, некој не изиграва ко млади мајмуни, снимката измеѓу „ Муса и Ермира “ каде има само стенкање, и снимката со Латас се само вовед во циркузијада приредена од ДПМНЕ. Значи и натаму пропагандната машинерија у стилу УДБА работи со 200 на саат.
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: ДУИ ја напушти владата
После ова нема бегање од изборите на 5ти јуни. Поточно кажано кој сака може да побегне, но не ќе може после тоа да учествува во власта ни со пратеници, а да не зборувам за фантомски министри, какви што имаме во моментов. На изборите ќе видиме кој каков рејтинг има кај народот. Бидејќи сите викаат дека народот стои зад нив ќе биде јасно кој лаже, а кој ја зборува вистината. Истото важи за секоја партија без разлика на етничката припадност. На изборите не одлучуваат странските амбасадори, кои доволно се избламираа и себе си и своите земји со поддршка на лагите и фалсификатите на една политичка партија. Ова според мене. А дали сум во право сега веќе со многу поголема сигурност можам да кажам дека ќе видиме на 5ти јуни. Без понатамошно одлагање.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДУИ ја напушти владата
Точно и јас мислам дека ќе има избори на 5 јуни, на кои сами ќе сте евентуално со ДПА и секако ДУИ. Опозицијата и секој нормален човек нема да учествува на тие избори. Тоа ќе е вовед во распадот на Македонија, ако се дозволат и легитимираат тие избори. Проблемот ќе е во жртвите кои ќе паднат(не мислам физички), ќе има притвори и затвори, али среќната околност е што ќе ја немата меѓународната подршка, бар така се надевам. Затоа најдобро е час побрзо, Грујо и ко да се најдат зад решетки и да им биде овозможено да гласаат на 4 јуни, бидејки тоа е единствениот спс за сите нас, вклучително и за тебе Трендо. А после тоа, после напипувањето на Грујо и френдс на затворска ќелија, немам ништо против и ВМРО ДПМНЕ да биде власт во Македонија, има таму луѓе што вредат.
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: ДУИ ја напушти владата
Ne si praite bajram so umot..... se ide po plan ( i po noti na EU i USA)....samo strplenie i seir malku - ne e naodmet. Greota posle deset godini da se zavrshi rabotata za deset dena. Uzivajte nalku i gledajte kako se pecat dupeglavcive. :twisted:Ne si praite filmovi, reziserot vekje nikoj ne go ebava za suva sliva skapana
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: ДУИ ја напушти владата
Ако ве сакаат гласачите не знам зошто бегате од избори и посакувате окупација на Македонија со вас како квислиншка влада? Не може ако СДСМ не сака избори 10 или 50 години да дозволиме наместо пратениците избрани од народот странски амбасадори да ни составуваат влада. И по цена на војна како борба за слобода. Во таа борба сигурно би имале пријатели, Русија на пример. Не гледам воопшто причина доколку ЕУ и САД ги водат нормални луѓе да одат против македонскиот народ и да го направат со сила од пријател непријател само за да го донесат Заев на власт. Спротивно на волјата на народот. А ако народот го сака СДСМ ќе го даде гласот за оваа партија на 5ти јуни. Ќе го дадеше и на 24 април. Многу е јасно дека не се докажа ниту една од лагите на СДСМ за наводни фантомски гласачи и други изборни неправилности. Истрага се води само за неколкуте стотини Македонци од Мала Преспа кои, сите знаеме се македонски државјани, па како такви имаат право на глас, доколку дојдат на денот на гласањето во Македонија и да гласаат во својата матична држава.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДУИ ја напушти владата
Nervoza, brate nervoza ! A i guza radi ko meduza! Vazeljini na gotovs! itd, itd...... Spremte se spremte dpmnOVCI! Ve ceka debelo peglanje po gazinjata!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: ДУИ ја напушти владата
Bice peglazaaaaaa! VAZELINI NIGDE PO GRADOV ?!?!?!?
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: ДУИ ја напушти владата
kaj najdoa na PRVI April da izlezat od vlada rekov jas deka e APRILILILIIIIIIIIIIIIII ....MALKU NARODOT DA SE RASPOLOZI ..NE DEKA ISKACHAAT VISTINSKI ..
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: ДУИ ја напушти владата
Искачаат, искачаат, чички на гз да им искочат
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: ДУИ ја напушти владата
Колку што гледам надежите дека оставките на министрите од ДУИ значат проширување на диктатурата која ја имаме во моментов со фантомските министри на СДСМ очигледно паѓаат во вода. Објавен е список на новите министри од оваа партија.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДУИ ја напушти владата
i shto toa znachi trendafile ? novi ministri za tolku kratko vreme da ministeruvaat ?
ili mozebi ZNAE DUI DEKA PAK KE GI UKRADE IZBORITE I PAK KE VLADEE SO DPMNE USHTE STO GODINI?
ili mozebi ZNAE DUI DEKA PAK KE GI UKRADE IZBORITE I PAK KE VLADEE SO DPMNE USHTE STO GODINI?
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: ДУИ ја напушти владата
Te zaebale u shtab Trendafile...Toa shto vashiot brat uchkata Alji gi menuva ministrite jasno kazhuva deka se osloboduva od dokazite i izvrshitelite na kriminal...Znachi se pagja na vasha glava...kako Pilat, Alji gi mie racete i ve ostava na cedilo...
Гостин- Гостин
Re: ДУИ ја напушти владата
Hamad bim Khalifa напиша:Искачаат, искачаат, чички на гз да им искочат
kalifu gledash deka bev vo pravo deka e aprililili od alji
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: ДУИ ја напушти владата
Нема никакво априлилили од Али, туку веројатно е проблем во т.н. чадор кој не му дозволи заминување. Јасно е дека т.н. меѓународна заедница не сака да си дозволи да биде жртва на т.н. црпнати политичари и дека конечно ќе имаме демократска разврска на кризата што ни ја наметна СДСМ. Партија која на крај ќе биде прогласено за единствен виновник, што и почна во неколку колумни на „независните“ американски медиуми во кои за СДСМ се користи изразот поранешни комунисти, се зборува за ваша врска со Русите, па останува уште Ванхауте, Бејли, Орав, германските и холандските амбасадори, Џорџ Сорос, Чаушот, терористиве од кумановски Диво Насеље и други да се прогласат за Руси.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДУИ ја напушти владата
трендафил напиша: Партија која на крај ќе биде прогласено за единствен виновник, што и почна во неколку колумни на „независните“ американски медиуми во кои за СДСМ се користи изразот поранешни комунисти, се зборува за ваша врска со Русите, па останува уште Ванхауте, Бејли, Орав, германските и холандските амбасадори, Џорџ Сорос, Чаушот, терористиве од кумановски Диво Насеље и други да се прогласат за Руси.
Сите знаеме дека во таканаречените независни американски медиуми под наводници, беа презентирани колумни од сомнителни експерти потплатени од твојот пастир со народни пари. За среќа, единствениот релевантен да ги оценува партиите во Македонија и да влијае формирањето на званичната политика на САД е Џес Бејли, а неговото мислење за дпмне-учк-овците е добро познато.
Гостин- Гостин
Re: ДУИ ја напушти владата
Бадијала се надеваш дека Џес Бејли ќе воведе диктатура во Македонија. Ако сме кај колумните, точно е дека СДСМ еден ист конгрес го започна како комунистичка, а го заврши како социјалдемократска. Не верувам дека било кој, вклучувајќи ги тука и САД ќе ја повтори уште еднаш будалаштината за одлагање на изборите во ситација кога е јасно дека одложувањето за 5ти јуни беше врз основа на лажни обвинувања за непрочистен изборен список, односно дека тоа е само фантазија во умот на еден црпнат политичар во која веруваат само неговите следбеници. Да не кажам неговото стадо.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДУИ ја напушти владата
Dobro bre crni Trendafile...Zarem ne ti e sram da kukash i da molish za pomosh od Bejli, ambasadorot na SAD i ostanata megjunarodna zednica, kako NATO i EU...Zarem ne se NATO i EU tie koi sakaat da ni go promenat imeto...Zarem istite tie ne ne uramija i obadinterija...Predavnici ste Trendafile...Za vlast i pari ja prodavate sopstvenata drzhava i narod...Ili od strav od nadarenite cimeri od kjeliite vo Idrizovo vo koi kje bidete smesteni (ova od Kalifot)...
Гостин- Гостин
Re: ДУИ ја напушти владата
Ц ц ц, засрами се Трендо.
Бејли: Половични мерки ќе ја загрозат поддршката за НАТО
Македонија може да ја изгуби поддршката од САД и другите членки на НАТО ако земјата не ги спроведе реформите во изборниот процес, отчетноста, владеењето на правото и демократските слободи. Американскиот амбасадор Џес Бејли на Денот на НАТО во Скопје наброја што точно се очекува од земјата и дека нема да се прифати тоа половично да биде спроведено.
-Кредибилни избори, работата на Специјалниот обвинител, медиумските реформи и други области заедно испраќаат стратешка порака до идните партнери во НАТО околу вашата посветеност кон вредностите на северно-атланската повелба. Половични мерки испраќаат спротивна порака, што може да резултира во ерозија на поддршката, изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија,
Друга област во која се очекува чекор од Македонија е решавање на спорот со Грција, за што Бејли изрази надеж откако беа обновени контактите меѓу Скопје и Атина.
-Нема подобро време од сега за да се одврзе тој јазол, наречен спор со името. И САД и ОН и другите пријатели се подготвени да помогнат, додаде Бејли.
Ниту Бејли, ниту другите говорници не го споменаа претстојниот самит на НАТО во јули во Варшава затоа што не се планира да стане збор за членство на Македонија, иако земјата тоа го очекува доколку се надмине политичката криза. Само ја споменаа фрустрираноста од долгото чекање.
http://telma.com.mk/vesti/bejli-polovichni-merki-kje-ja-zagrozat-poddrshkata-za-nato
Гостин- Гостин
Re: ДУИ ја напушти владата
Не да се засрамиш, треба во земја да пропаднеш од срам. Еве за кого ќе гласате да биде Заменик на Министер во Министерство за Транспорт и Врски. Ајде објасни сега, како да не се сложам со констатацијата дека сте предавници на Македонија и македонците?
Митко_
@MitkoBojmacalie
Новите министри на ДУИ....
Гостин- Гостин
Re: ДУИ ја напушти владата
трендафил напиша:Нема никакво априлилили од Али, туку веројатно е проблем во т.н. чадор кој не му дозволи заминување. Јасно е дека т.н. меѓународна заедница не сака да си дозволи да биде жртва на т.н. црпнати политичари и дека конечно ќе имаме демократска разврска на кризата што ни ја наметна СДСМ. Партија која на крај ќе биде прогласено за единствен виновник, што и почна во неколку колумни на „независните“ американски медиуми во кои за СДСМ се користи изразот поранешни комунисти, се зборува за ваша врска со Русите, па останува уште Ванхауте, Бејли, Орав, германските и холандските амбасадори, Џорџ Сорос, Чаушот, терористиве од кумановски Диво Насеље и други да се прогласат за Руси.
Чекај чекај кога станавте Про-американци, вие ДПМНЕ-овци, нели на 18 Мај 2015 бевте со Руски знамиња на рекорд
Неможам да најдам слика со знамињата, ама ево со твој сопартиец , со ликот на Путин.
Македонија - нов пион во рускиот геополитички гамбит?!, исчитај го ова за потсетување, чисто да знаеш што сте пропагирале пред скоро година, отвори фб, да видиш какви групи сте правеле. Сети се дека не обвинувавте дека сме ги организирале заедно со Нато и Бејли, што се смени во меѓувреме??? Или преку Хан поткупивте силни Европски функционери па се спремате за уште една „изборна победа“
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Страна 1 of 2 • 1, 2
Similar topics
» Свиркање од владата
» РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА
» Корупција во владата
» 100 дена од павампирувањето на владата на Заев и Ахмети
» ВЛАДАТА НА ЗАЕВ -ПРОГНОЗИ
» РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА
» Корупција во владата
» 100 дена од павампирувањето на владата на Заев и Ахмети
» ВЛАДАТА НА ЗАЕВ -ПРОГНОЗИ
Страна 1 of 2
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот