Непријатели на Македонија
2 posters
Страна 1 of 1
Непријатели на Македонија
Гледав неколку сегменти од Јади Бурек гостувањето на Латас, и слушнав пак, предходно и Миленко го стресол истото, нов „непријател“ на Македонија е Италија и Италјанскиот амбасадор. Па добро бе секој нормален човек знае дека ако си со еден скаран тогаш проблемот може да е во него, со двајца и вака и вака , веќе со тројца самиот со себе треба да се преиспиташ. Предходно, се скаравме со Грците, Бугарите, Србите, ЕУ, Американците, Русите ни беа, па не ни се пријатели. Мене целава ситуација ме загрижува....од се во 25 години, успеавме само непријатели да изградиме.
Е сега проблемот е што некој потегнува, обид да имаме и внатрешно непријателството, почнаа со Албанците, и го одржуваат тој оган......
Е сега проблемот е што некој потегнува, обид да имаме и внатрешно непријателството, почнаа со Албанците, и го одржуваат тој оган......
defo- Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13
Re: Непријатели на Македонија
Не знам за што конкретно станува збор, но ако некој се меша во внатрешните работи на Македонија наместо да тера дипломатија сигурно е дека не е пријател на Македонија. Да потсетам само на Бејли кој вршеше притисок изборите да бидат на 5ти јуни наместо на 24 април и покрај тајниот вршеше и јавен притисок за одлагање на изборите. Сега не знам дали има таен притисок врз СДСМ, но јавен нема. Македонија нема непријателски односи со некои земји што си ги ставил на списокот. Со Русија на пример која не го оспорува нашето право да влеземе во НАТО и ЕУ доколку тоа го сакаме, но членството не значи дека Русија треба да ни биде непријател. Посебно доколку успееме да влеземе во ЕУ без да станеме членка на НАТО, кое не ја почитува својата одлука дека ги исполнуваме условите за членство пропратена со пресудата од судот во Хаг дека ветото од страна на Грција е криминално, односно спротивно на Времената спогодба. Која е важечка и денес.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Непријатели на Македонија
А која е сатисфакцијата од одлуката на Хаг???
Не ми е јасно...ние пак сме надвор од ЕУ и НАТО, пред се од НАТО..
Не ми е јасно...ние пак сме надвор од ЕУ и НАТО, пред се од НАТО..
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13
Re: Непријатели на Македонија
Тоа што НАТО и ЕУ не го почитуваат правото во моментов, но кога во тие земји ќе дојдат не криминални влади пресудата ќе се спроведе. Не знам од каде кај тебе песимизмот дека НАТО и ЕУ никогаш нема да го почитуваат меѓународното право, а со самото тоа и пресудата, односно дека таму освен законот на силата нема да се применува и меѓународното право.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Непријатели на Македонија
Zatoa shto Trendafile, vo tie zemji odamna na vlast se nekriminalni vladi...Izbrani demokratski...Za razlika od tvojot pastir kriminalec dojden na vlast so falsifikuvani izbori...
Гостин- Гостин
Re: Непријатели на Македонија
Нема да коментирам. Ќе видиме на 5ти јуни кој е во право. Во секој случај не гледам дека НАТО и ЕУ имаат во моментов намера да го почитуваат правото, односно пресудата од Хаг. Ниту лидерите од Европа имаат намера да ја почитуваат одлуката на европските народи изгласана преку нивните претставници во Европарламентот дека Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Знам иначе дека според тебе атомската бомба врз Хирошима и Нагасаки во кои се убиени илјадници цивили не е воено злосторство. Веројатно и геноцидот врз Македонците во Граѓанската војна во Грција.
Знам иначе дека според тебе атомската бомба врз Хирошима и Нагасаки во кои се убиени илјадници цивили не е воено злосторство. Веројатно и геноцидот врз Македонците во Граѓанската војна во Грција.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Непријатели на Македонија
Pa shto ruk si zapnal da vleguvame vo tie organizacii koi ne go pochituvaat pravoto??? Deset godini jadete burek za toa...Znachi imavte dovolno vreme da ponudite alternativa...Toa ne go storivte...Zatoa shto kreditite so koi go zadolzhuvate makedonskiot narod, a koi inaku zavarshuvaat vo dzebovite na familijata doagjaat tokmu od tamu...Za pari Trendafile ja prodadovte Makedonija i makedoncite...
Гостин- Гостин
Re: Непријатели на Македонија
Затоа што верувам дека нема вечно да трае непочитувањето на правото од страна на овие организации колку и да се трудат. Гледам дека во Сирија на пример не успеаја да ја срушат легално избраната власт и да наметнат своја вазалска. Така очигледно ќе биде и во Македонија. Не знам за кои кредити зборуваш. Повеќе од половина од долгот на Македонија е направен пред 2006та година. Со резултат скоро ништо ненаправено тогаш освен Милениумскиот Крст, Плаошник и водоснабдувањето на Дојранското Езеро.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Непријатели на Македонија
Не лажи за долгот Трендо. Повеќе од половина е направен за време на владеењето на твојата икона Грујо. А парите завршија во неговите џебови.
Гостин- Гостин
Re: Непријатели на Македонија
Имаме нови споменици, музеи, театри, згради на други државни институции, болници, автопатишта, се гради пругата кон Бугарија и Грција кај Битола, се набавија нови автобуси за ЈСП, нови амбулантни возила, медицински апарати, нови противпожарни возила и авиони, се намалија сите давачки што допринесе за отворање на нови работни места, се субвенционира земјоделството, драстично се намали невработеноста, се зголеми БДП па овие две милијарди не го зголемија двојно долгот како процент од него.
Од времето пред 2006та паметам само неколку работи, а тоа се тие што ги напишав - Милениумскиот Крст, Плаошник и водоснабдувањето на Дојранското Езеро.
Од времето пред 2006та паметам само неколку работи, а тоа се тие што ги напишав - Милениумскиот Крст, Плаошник и водоснабдувањето на Дојранското Езеро.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Непријатели на Македонија
Добро Трендо темава е непријател на македонија, зошто мешаш споменици, моменици и такви ствари.....држи се до темата.......
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13
Re: Непријатели на Македонија
Тоа требаше да им го напишеш на тие што почнаа да пишуваат за наводно земање кредити со кои божем ништо не е направено. Па морав да нафрлам дел од направените работи на кои се сетив во моментот.defo напиша:Добро Трендо темава е непријател на македонија, зошто мешаш споменици, моменици и такви ствари.....држи се до темата.......
Претпоставувам дека повеќето на форумов сметаат дека украинското сценарио е добра работа, затоа што така кажа вашиот двојно амнестиран пастир. Еве нема да набројувам што се случува во Украина и дека во тоа не гледам ништо добро.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Непријатели на Македонија
Абе Трендо, ако веќе сакаш да си го мериш (а гарант ти е мал), кој број е поголем 2 или 5????
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13
Similar topics
» До каде е Македонија, и како да ја направиме Македонија подобро место за живеење???
» Здравството во Македонија 2
» Успесите на Македонија
» Македонија - Бугарија
» Здравството во Македонија
» Здравството во Македонија 2
» Успесите на Македонија
» Македонија - Бугарија
» Здравството во Македонија
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот