МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
4 posters
Страна 1 of 2
Страна 1 of 2 • 1, 2
МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
повторно контроли во здравствените установи ,зошто? па нели ги раководат од дпмне ,персоналот е од дпмне и што фали сега ,не чинат ,е како нели се од нив е супер ......ууууупппппсссссс
ама овој бил во контрола во Куманово.....аха.......и ...сега сигурно ништо нечини таму ...ајде да видиме што ни јавуваат другите медиуми
Министерот за здравство Никола Тодоров со членови од неговиот кабинет синоќа по полноќ, ненајавено ја посетиле општата болница во Куманово.
Неофицијално, при нанадејната контрола бил затекнат доктор како спие на работното место за време на дежурството, медицински персонал кој не го почитувал Законот за пушење на едно од одделенијата, а биле забележани и неколку пациенти со цигари во рака. Освен тоа не работела ни тетра-радиостаницата која е наменета за комуникација меѓу Итната медицинска помош и Ургентниот центар во општа болница Куманово.
Тодоров ги посетил ургентниот центар, одделенијата за интерна медицина, педијатрија, гинекологија,
ама овој бил во контрола во Куманово.....аха.......и ...сега сигурно ништо нечини таму ...ајде да видиме што ни јавуваат другите медиуми
Министерот за здравство Никола Тодоров со членови од неговиот кабинет синоќа по полноќ, ненајавено ја посетиле општата болница во Куманово.
Неофицијално, при нанадејната контрола бил затекнат доктор како спие на работното место за време на дежурството, медицински персонал кој не го почитувал Законот за пушење на едно од одделенијата, а биле забележани и неколку пациенти со цигари во рака. Освен тоа не работела ни тетра-радиостаницата која е наменета за комуникација меѓу Итната медицинска помош и Ургентниот центар во општа болница Куманово.
Тодоров ги посетил ургентниот центар, одделенијата за интерна медицина, педијатрија, гинекологија,
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
[quote="[size=18]Тодоров не чувствува одговорност за смртта на Тамара"][/[/size]quote]
http://telma.com.mk/vesti/todorov-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-smrtta-na-tamara
И додека се бара виновникот, расте револтот кај граѓаните. Најбројни се реакциите на социјалните мрежи. Формирана е и фејсбук-група преку која илјадници граѓани бараат оставка од министерот Тодоров и од директорката на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева-Змејкова. напиша:
http://telma.com.mk/vesti/todorov-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-smrtta-na-tamara
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
ke pochekame da vidime dali imalo propust ????
abe da se ispovratish ..i sega ke iskochi nekoj klen i ke mi kaze " pa on ne e lekar " ...
pa zatoa treba da si odi ,i da ostavi zdravstvoto da go vodi nekoj od shto bi rekle
felata
abe da se ispovratish ..i sega ke iskochi nekoj klen i ke mi kaze " pa on ne e lekar " ...
pa zatoa treba da si odi ,i da ostavi zdravstvoto da go vodi nekoj od shto bi rekle
felata
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
како бе не е лекар?па нели на лекарите им објаснуваше како се прави операција
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
ama ne od doktorsko nauchen aspekt ,tuku od praven aspekt ,pa zatoa ke ne bidereiter напиша:како бе не е лекар?па нели на лекарите им објаснуваше како се прави операција
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
обвинителството покрена истрага ке се испитува одговорност.....
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
A bre ne li bese ovaa sto sobirase potpisi za reizbor na Horhe Paljurski???
Комисијата на чело со Аспазија Софијанова одлучила Тамара да не оди странство
Малата Тамара требаше да замине во странство и тоа во специјална здравствена установа бидејќи станува збор за тешка патологија и не може секој лекар да ја направи операцијата. Ова за НОВА го изјави Илир Хасани еден од ортопедските хирурзи кои е потпишан на конзилијарното мислење, но и член на првостепената комисија во Фондот за здравство.
Хасани потенцира дека сколиозата како дијагноза не е итна за лекување, но последиците од неа доколку е во потешка форма може да бидат кардиоваскуларни или белодробни.
„Изгубено е време, требало што побрзо се оперира. Станува збор за прогресивна сколиоза која прави инсуфициенција на срцето и градната шуплина. Јас дадов мислење дека треба да да се забрза постапката“, изјави за НОВА доктор Хасани.
Тој рече дека случајот зависел од администрацијата и турскиот тим од лекари кои требало да се состанат да ја закажат операцијата. Хасани предупреди дека уште едно седумгодишно девојче со тешка форма на болеста чека да добие одобрение за лекување во странство.
„Малата Кенза има само седум години, а веќе има шест операции на рбетот. И двата случаи ќе ги носиме на совест доколку не биде пратена на операција во странство“, потенцира Хасани.
Но, она што е индикативно во случајот е како е можно лекар кој дал конзилијарно мислење од клиниката, да биде член и на комисијата која го одбила мислењето за лекување на девојчето во странство. По ова се поставува прашањето кој всушност одлучува кој од пациентите ќе се лекува во странство, а кој не.
Уште поголема контрадикторност содржи и Решението на Второстепената комисија на Фондот која ја одбила жалбата за лекување во странство на Тамара како неоснована, иако лекарскиот конзилиум од Клиниката за ортопедија дал мислење дека девојчето треба да се лекува во странство бидејќи на Клиниката нема можност да се изврши оваа операција.
Во Второстепената лекарска комисија чиј претседавач е доктор Аспазија Софијанова, актуелна директорка на детската клиника, не го прифатиле мислењето на своите колеги ортопеди и одговориле дека не се исцрпени можностите за лекување во Македонија, односно дека„лекувањето има можност да се изврши на Клиниката за ортопедија, трауматологија,анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Комисијата решението го донела на 30. 10. 2014 година, по што семејството ги алармираше медиумите. Под притисок на медиумите министерот Тодоров вети дека ќе се изнајде решение, но само усно, на ветување.
НОВА ги поседува документите од кои се гледа дека конечната одлука на комисијата на Фондот е Тамара да биде одбиена да се оперира во странство.
Доктор Аспазија Софијанова не се појави во јавноста откако почина девојчето да објасни зошто Комисијата на чие чело се наоѓа донела таква одлука.
Во меѓувреме, одговорните во Фондот и министерот Тодоров се изјаснија дека не се чувствуваат одговорни за смртта на малата Тамара. Обвинителството во Велес, сепак одлучи да покрене постапка по допрен глас, без никој да го пријави случајот. Токму на барање на Обвинителството е извршена обдукција телото на малата Тамара, а со согласност на родителите кои првично се противеа на тоа.
„Судската обдукација е направена по барање на Јавниот обвинител од Велес, регистрирани се малформациите, а резултатите од хистопатолошките анализи се очекува да бидат готови за 10-тина дена“, потврдија за НОВА, во Институтот за судска медицина.
Случајот со деветгодишната Тамара низ лавиринтите на институциите се влечкаше цели три години. За него пошироката јавност дозна во последните три месеци, кога речиси сите медиуми почнаа да известуваат, а се организираа и хуманитарни концерти.
Сумата која требаше да се плати за операција изнесува 30 000 евра. Кога конечно требаше да се договори датум за операција во Турција, малата Тамара почина. Деветгодишната Тамара денеска е погребана на градските гробишта во Велес.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=20158
Гостин- Гостин
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
I eve sega Sofijanova tvrdi deka odlukata za malata Tamara bila donesena na povisoko nivo...Koj navistina bil dzelatot na devojceto...
Софијанова:Одлуката каде ќе се лекува Тамара дојде од повисоко ниво
Одлуката за малата Тамара да не се лекува во странство дошла од повисоко ниво, се чекало да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува девојчето, тврди за НОВА Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.
Софијанова вели дека во моментот кога одлучувала Второстепената комисија, таа не била во државата, одлуката се договарала по телефон. Иако нејзиниот потпис стои на Решението со кое се одбива Тамара да оди на лекување во странство, Софијанова објаснува дека не е претседавач на Комисијата, туку само ја менувала доктор Анастасика Поповска инаку мајка на министерот за надворешни работи, која била болна во тој период.
„Не сум претседавач на комисијата која одлучуваше за Тамара, само ја менував Анастасика Поповска која е всушност претседател на Второстепената комисија, но сум член во комисијата. Јас сум поптпишана на местото на Анастасика Поповска, што не значи дека се согласувам со одлуката. Одлуката дојде од повисоко ниво, се чекаше да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува малата Тамара. Јас во тој период не бев во државата, а одлуката се донесе по телефон“изјави за НОВА доктор Софијанова.
Таа вели дека многу и помогнала на мајката, ја советувала како да ја напише жалбата, правеле планови каде заедно да ја носат Тамара на операција. Ја одбрале Куба. Но, вели Фондот за здравство калкулирал, се барале опции каде поефтино ќе чини лекувањето.
„Душата ме боли за девојчето, но таа не беше педијатриски случај. Јас ја советував мајката на Тамара, доаѓаше кај мене, планиравме, плачевме заедно. Ниту една партија на светот не може да ме смени во однос на децата и нивното лекување. Затоа тешко ми падна кога луѓето почнаа да ми с е јавуваат и да ме прашуваат за случајот “ изјави видно вознемирена Софијанова.
Со ова, уште еднаш се отвора прашањето, кој всушност одлучува каде ќе се лекуваат тешко болните во државата. Дали тоа го прават лекарите во комисиите назначени за тоа или одлуките се диригираат од друг центар на моќ, од повисоко ниво, со цел да се заштедат повеќе пари во здравствената каса.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20162
Гостин- Гостин
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Majkata na malata Tamara gi molela za pomos idiotite od vlasta tri godini...Bednici...Malku e Idrizovo za niv...
Мајката на Тамара до Тодоров: Зошто си разочаран?! Три години немаше време да не примиш!
Мајката на малата Тамара која почина и не ја дочека согласноста да биде оперирана во странство на државен трошок, преку Фејсбук се обрати до министерот за здравствто, Никола Тодоров, кој вчера изјави дека бил разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на девојчето, бидејќи направил се што можел.
– Не знам зошто си разочаран? Мојата Тамара ја нема веќе, зошто? Уште пред три години во Велес јавно те молев да ме примиш, да те запознам со случајот на Тамара и до ден денес не нè прими иако знаеше дека те чекам пред Министерството. Тамара имаше болки, молеше за помош, ама ти не најде време да нè примиш и да нè сослушаш и затоа немаш одговорност“, напиша на својот Фејсбук профил Жаклина Димовска, мајката на Тамара.
Претходно, мајката на Тамара на 12 декември 2014 на Фејбук му се обрати и на Илија Димовски
– Жално и ниско е господине Илија Димовски, во октомври 2012 ни ветивте Вие и многу други политичари од Велес дека ќе се заложите за нашиот случај, за жал се уште нема ништо на дело, тоа е вистината – напиша мајката на Тамара на Фејсбук во декември.
Како што вчера објави НОВА во Второстепената лекарска комисија не го прифатиле мислењето на своите колеги ортопеди и одговориле дека не се исцрпени можностите за лекување во Македонија, односно дека„лекувањето има можност да се изврши на Клиниката за ортопедија, трауматологија,анестезија, реанимација и интензивно лекување. На решението е потпишана доктор Аспазија Софијанова, актуелна директорка на детската клиника.
Софијанова подоцна тврдеше дека Одлуката за малата Тамара да не се лекува во странство дошла од повисоко ниво, се чекало да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува девојчето, изјави таа за НОВА.
http://libertas.mk/%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B0-%D0%B4%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2-%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%B8-%D1%80/
Гостин- Гостин
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Тодоров, Змејковска, Поповска, Софијанова, сите тие ке платат за овој злочин над малата Тамара. Тоа нема да се заборави.
Гостин- Гостин
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Site vo Idrizovo...I da se frli kluchot...
Хелсиншкиот комитет поднесе кривични за Тодоров, Парнарџиева Змејкова и Мехази
Хелсиншкиот комитет до обвинителството поднесе кривични пријави за несовесно работење во службата за случајот со Тамара, против министерот за здравство, Никола Тодоров и директорите на на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази.
Обдукцијата на телото на Тамара која треба да ги утврди причините за смртта е веќе завршена, а резултатите деновиве ќе стигнат в о рацете на обвинителството.
http://emagazin.mk/vesti/vest/6054
Гостин- Гостин
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Bravo za Todorov...Sega koj li kje mu bide vinoven...Opozicijata???Gragjanite???Lekarite???Ili pak kje zagovarame "zagovor" protiv Makedonija...
ИЗВЕШТАЈ НА МЕДИЦИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „ИНТЕРНЕШЕНАЛ СОС"
НЕ РАЗБОЛУВАЈТЕ СЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Македонија се наоѓа на листата земји во кои е најризично да се разболиш при патување. Според најновиот извештај на компанијата „Интернешенал СОС" со седиште во Лондон, на оваа листа со висок ризик за здравјето се наоѓаат и Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=BEF6B65268E7C6449A608F4B39B4088C
Гостин- Гостин
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Padnaa direktorite na fondot za zdravstvo...Dzemali Mehazi, i Maja Parnadzieva Zmejkovska podnesoa ostavki...Na red e ministerot za dodeluvanje tenderi na Ivonce, koj inaku vo slobodno vreme se pretstavuva kako minister za zdravstvo, Nikola Todorov...
Директорката на Фондот за здравство си поднесе оставка
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=20479
И вториот директор на Фондот за здравствено осигурување поднел оставка
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=20485
Гостин- Гостин
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Здружението на приватни лекари на Македонија не ја поддржува оставката на Парнарџиева Змејкова
дно дна........толку...од мене......
дно дна........толку...од мене......
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
има и минус (под )дно -дна
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Takvo gjubre bez sovest i nikakvo chuvstvo za moral kako taa Dervishova, retko majka ragja...Ovaa treba da se zakluchi zaedno so Todorov i bratijata koi podnesoa ostavki i da se frli kluchot...Koga bi doshlo do sluchaj taa da me lekuva, ponapred bi odel na vudu vrach...Ovaa ne mozhe nosot da si go vidi, od mrakot vo dlabochinite na partiskiot shupak vo koj e nabiena...
Гостин- Гостин
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
i shto sega sestrata ne onoj shto go vikaat gradonachalnik na butel ja imenuvale za FZOM , auuuu
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
ajde shepnite mi :vistina ili laga e ?
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Пеце Роговски го однеле до скопскиот аеродром и веднаш го вратиле во битолската болница каде почина. Пеце бил вратен поради направениот пропуст што не било навреме пријавено дека треба да патува во лежечка состојба, пренесува а1он.мк
Иако на семејството му се укажа можност Пеце да се оперира, тоа го спречи сериозниот пропуст во организацијата на транспортот.
Според информации кои ги пренесува А1он, Пеце поради прогресирањето на болеста не бил во состојба летот до Турција да го помине во седечка положба поради огромните болки кои ги имал.
Откако сами собрале пари од донации и бизнисмени, наместо од државата, семејството одлучило да патува и да се оперира Пеце, но не било овозможено патот до Турција да го помине во лежечка позиција зашто само така болките можел да ги издржи.
Откако тој и неговата мајка пристигнале на аеродром и не биле примени да патуваат, се вратиле во Битола.
Неговата состојба значително се влошила, а патот до скопскиот аеродром и назад до Битола целосно го истоштил.
Директорот на битолската болница Василие Најдовски за А1он рече дека болницата овоможила транспорт на Пеце Роговски до скопскиот аеродром и откако обидот за патување во Турција бил неуспешен го вратиле назад.
Според доктор Најдовски, семејството патот до Турција го организирале сами и бил направен пропуст во тоа што не било резервирано уште едно, трето седиште.
Семејството парите ги собрале сами. Дел преку донации на броеви од мобилните оператори, дел од хуманитарните манифестации организирани од неговите другари дел преку уплати директно на сметка на Пеце.
Од Фондот за здравство се бранат дека семејството на Роговски воопшто не поднело барање за лекување во странство.
Ова е уште една жртва на здравствениот систем во Македонија. Државата премногу лесно дозволува семејставата на оние на кои итно им е потребна операција во странство сами да се снаоѓаат за спас на животите на најблиските, па дури и да го организираат патот.
Случајот на Пеце Роговски привлече огромно медиумско внимание а апелите за помош пристигнуваа како од неговото семејство така и од сите негови другари од Битола.
Уште колку животи ке згаснат во „реформираниот“ здравствен систем????
Министер ли е , сериски убиец ли е???
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
ај се кладиме дека без око да им трепне на газда мантовани и дружината му ,ке го сменат серискиов убиец и тоа нема да добие никаква казна .....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
osa напиша:ај се кладиме дека без око да им трепне на газда мантовани и дружината му ,ке го сменат серискиов убиец и тоа нема да добие никаква казна .....
нема потреба + оваа вошкава ке рече дека не ни бил крив д-р Дервишова Чолакова председателка на здружение на приватни лекари
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Неможам да ве разберам .
Ако почине тешко болен пациент,
министерот да биде виновен ?!
Па министерот не е доктор !
тој не ги лекува пациентите !
Тој е менаџер ,и затоа престанете .
Ако почине тешко болен пациент,
министерот да биде виновен ?!
Па министерот не е доктор !
тој не ги лекува пациентите !
Тој е менаџер ,и затоа престанете .
Kalinda- Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Отказ за анестезиолозите од гевгелиската болница
Анестезиолозите Томчо Ванцев и Зоран Јовановски од гевгелиската болница добија отказ.
Отказното решение следува по смртта на родилката и нејзиното неродено дете, но и откако анализите покажаа дека учествувале на оперативниот зафат под дејство на алкохол.
Во писменото соопштение од директорот на болницата Сретко Јованов се вели дека ваквата мерка за докторите, специјалисти по анестезиологија и реанимација, стапува на сила веднаш.
Гевгелиската болница е без анестезиолози, а оперативните зафати се препраќаат во Велес и Штип.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Почина трудница на скопската гинекологија
38 годишна трудница синоќа починала на Клиниката за гинекологија во Скопје. Жената била во шести месец од бременоста, а на клиниката била примена од дежурниот тим кој констатирал мртов плод во 24-та гестациска недела и пукнат воденик.
38 годишна трудница синоќа починала на Клиниката за гинекологија во Скопје. Жената била во шести месец од бременоста, а на клиниката била примена од дежурниот тим кој констатирал мртов плод во 24-та гестациска недела и пукнат воденик.
Од клиниката информираат дека станувало збор за нејзина шестта високоризична бременост, а медицинскиот тим и покрај сите обиди не успеал да ја реанимира пациентката.
Членовите на комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствената заштита итно се состанале за овој случај, со цел да се направи увид по што констатирале дека се испочитувани сите процедури, се вели во соопштението од Клиниката за гинекологија и акушерство.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 2 • 1, 2
Similar topics
» ДИМЕ СПАСОВ заменик министер предизвикал повеќе сообраќајки
» СЕ АПСИ ВО ЗДРАВСТВО
» Хорор тема: Македонско здравство
» Македонско промашено здравство..изгубена контрола
» СЕ АПСИ ВО ЗДРАВСТВО
» Хорор тема: Македонско здравство
» Македонско промашено здравство..изгубена контрола
Страна 1 of 2
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот