Хорор тема: Македонско здравство
2 posters
Страна 1 of 1
Хорор тема: Македонско здравство
Мислам е редно да се отвори една тема, во која ќе се запишуваат минатите и недајбоже „идните“ хорор ситуации во Македонското здравство, дел со трагичен крај!!!
Моето искуство за време на „болничкото лекување” или попознато како „раѓање” во државна болница:
Иако веќе 8 години не живеам таму, решив да се породам во Македонија. Бидејќи немав комплицирана бременост, а и добро поднесувам болка, силно верував дека ќе биде прост процес и не ни можев да замислам дека нешто би тргнало наопаку во вадењето на ЖИВ плод од моето тело.
Се додека сестрата несакајќи не ми ја појача инфузијата и срцето ми зачука толку брзо што телото почна неконтролирано да ми скока врз креветот, врз него телцето на син ми, а јас не можев да направам ништо.
Ете тогаш почнав да се плашам за мојот и за животот на Оливер.
Ми пукна водењакот во 7.30 наутро. Веднаш отидов до болница, каде што бев примена во припремната соба за пораѓање. Неизмерно бев среќна што конечно ќе го запознаам син ми. Немав големи болки. За тоа се погрижи персоналот, со инфузија за зголемување на болките. И водењакот ми го дупнаа уште неколку пати за да истече побрзо, бидејќи на докторката која што требаше да ме породи, ѝ беше 28миот работен час. Во 9 часот ми ги зедоа двете шишиња вода и ми беше забрането да пијам (и да јадам, се разбира), за случајно да не мора во последен момент да биде царски рез. 30ти јули беше најтопол ден во 2015та. А јас родив во 15.50 часот. Иако контракциите беа предизвикани со инфузија, работата одеше бавно. Во припремната соба беше топло. Бев жедна. Бев сама. Маж ми немаше пристап во ниту во припремна, ниту во породилна соба, ниту во собата каде што лежев. Прв пат го допре синот после пет дена, откако нѐ пуштија од болница. Сестрата влезе неколку пати и ме прашуваше дали имам чувство како да ми се кака. Јас викав не. Стварно немав. Докторката влезе 2 пати и преврте очи. Решив да лажам дека имам чувство како да ми се кака. Веднаш ме однесоа во боксот. Иако на маж ми не му беше дозволено да биде таму со мене, во просторијата 3x3 метри имаше пет сестри, една акушерка, гинеколог и неонатолог. Молев за вода. Контракциите веќе стануваа неподносливи. А јас бев толку слаба и толку неспремна. Плачев и врескав—за капка вода. Единствено што добив беше влажна газа на усните. Ја гризев и смукав, скоро ја проголтав. Исто како што ги проголтав коментарите додека секоја коска во моето тело се кршеше на две: „ајде ма, од сабајле си тука, до сега три пати ќе се породеше”, или „колку сте разгалени значи вие докторските деца, ко принцези сте дошле тука, е нема инглиш брекфаст”, или „да ти беше бар малце жал за докторкава и она има деца дома” итн… Ми стана незгодно што се пораѓам. А детево пола излезено. Да можев да си го вратам назад и да си одам дома. Последен напон. Темно, не ги слушам веќе (фала богу). Поимот болка за мене има скроз друго значење и димензија. Се враќаат гласовите: „го поду значи, го потече детево, го посине сто саати го напна”. Меѓу нив, само еден искрен глас: плачот на Оливер. Погледнувам долу, глава-конус. Сестрата го доближи до мене само за да проверам дали бројот на белегзијата ни е ист. Пет секунди. Го нема. Ме однесоа во соба. Празно ми е. Го нема внатре, го нема надвор. После два часа го донесоа. Сестрата ја затвори вратата. Никој не влезе до следното утро. Јас не можев да се исправам, ниту пак да седнам. Крварев. Меѓу нозете имав крпа. Го префрлав Оливер од лева на десна страна/цицка. Мислев дека цица. Прва ноќ заедно. Око не можам да склопам, опседната сум со неговата убавина. Од темниот ходник се слушаат гласови на зарипнато кашлање и кркотење од сестринската соба, каде што се собрале сите да пушат на отворениот прозор. Ечи турска серија на цел глас. Бебиња плачат. Мириса на ќебапи и кромид. Се прашувам како таксистот што им носи плескавици на полноќ има пристап во породилно, а маж ми нема. Престанав да се прашувам. Се слуша викање од еден крај кон другиот крај на ходникот: „Иренааааа, запишиии: две живи со царскиии, едно мртвоооо, еден абортуууус, и една силованааааа.” Се раздени, јас со крв и модринки по градите. Градите камен. Не можам да станам. Оливер вреска. Дојде сестра и без да каже ништо го зеде. Не смеам да проговорам, нит да прашам. Не смеам да ја нарушам рутината и правилата на болницата. Затоа што имаат камери. Влезе чистачката и ги пренесе влакната од левиот во десниот ќош од собата. За појадок леб и паштета.
Така уште 4 дена од моето „болничко лекување”, од кое што со месеци се лечев.
===============
Edit: Кога маж ми чекал надвор, којшто не зборува, а малку разбира македонски, откако Оливер се роди, го нападнале неколку сестри, го затвориле во соба и му барале пари. Евгениј сфатил дека мора да плати, а сестрите си ваделе сами пари од новчаник. За тие што не знаат, тоа се вика МУЖДЕ.
defo- Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13
Re: Хорор тема: Македонско здравство
Еве уште едно нешто од кое ми се крева коса, затворот можда ќе го реши проблемот со исплата на долгот кон општеството, ама долгот кон човечност и кон нив самите никогаш не ќе го исполнат
Забранета трансплантација:Болните со бугарски пасош по бубрег
Не ги натера оваа држава само младите, здрави и работно способни да бегаат во странство. Од Македонија спас во некоја од западните земји бараат и луѓето кои имаат потреба од пресадување на орган, најчесто бубрег. Пациенти вадат бугарски пасоши и заминуваат. Другите кои остануваат, умираат чекајќи да добијат бубрег.
Откога во Македонија беа стопирани трансплантациите со амин на највисоката државна институција, Министерството за здравство, се повеќе луѓе се одлучуваат на овој чекор. Најсвеж пример е приказната за едно младо момче од еден град во Источна Македонија. Со помош на бугарски пасош успеал да се вработи во Англија и за него бил пронајден бубрег само два месеца откога бил ставен на листата за чекање. Тоа е најбрзиот и најреален начин да се стигне до бубрег бидејќи во државата не се вршат трансплантации од март минатата година.
Да останеше во Македонија, овој млад човек никогаш немаше да добие бубрег. Квалитетот на живот ќе му беше еднаков на нула, а немаше да може да најде работа бидејќи со три пати неделно одење на дијализа по пет-шест часа во текот на денот ниту еден работодавач немаше да сака да го ангажира.
Вистината е дека земјата која штотуку ги прифатила, се грижи подобро за него отколку неговата татковина.
Забранета трансплантација:Болните со бугарски пасош по бубрег
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13
Re: Хорор тема: Македонско здравство
i dzole vika da sme se POMIRELE !!!??? so kogo ???so ubijci na se shto mrda vo drzavata ????a od druga strana nekoi moroni shto vikaat bravo precedatele i premiere shto ubivate nevini zivoti .....?????sramota .....
Последната промена е направена од osa на Вто Aвг 02 2016, 19:42. Мислењето е променето 1 пати
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Similar topics
» Македонско промашено здравство..изгубена контрола
» СЕ АПСИ ВО ЗДРАВСТВО
» МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
» Македонско образование
» Македонско квази земјоделие, опасно по здравјето на луѓето
» СЕ АПСИ ВО ЗДРАВСТВО
» МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
» Македонско образование
» Македонско квази земјоделие, опасно по здравјето на луѓето
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот