МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
+3
Dino
SHARENI
Luxor
7 posters
Страна 1 of 2
Страна 1 of 2 • 1, 2
МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Караман е македонско овчарско куче. Со осамостојувањето на Република Македонија се појави разбирлива потреба за национално куче. Оваа сe уште неофицијализирана раса сe повеќе се омасовува меѓу Македонците. Всушност, оваа раса куче не се создава денес. Таа е создавана долго време во дивата планинска природа во Македонија, па затоа сега можеме да зборуваме само за реставрирање на расата која, патем, е пред исчезнување. Зачувувањето на Македонското овчарско куче-Караман е замислен повеќедецениски проект на браќата Влатко Костовски и Марјан Костовски. Во 2004 година браќата Костовски ја издаваат книгата Македонско овчарско куче - Караман во која е објавен првиот стандард за расата, а во 2013 година ја издаваат книгата Караман митското куче на древните Македонци каде стандардот за расата Македонско овчарско куче - Караман е допрецизиран. Во ова епохално дело кое е од исклучителна важност не само за македонската туку и за светската митологија, кинологија, историја, антропологија, лингвистика, хералдика браќата Костовски низ трпеливо градена анализа докажуваат дека Караман бил митско куче на Македонците и бил прикажан на првиот државен грб на античка Македонија. Анализирајќи го македонскиот фолклор тие дошле до неверојатно откритие дека црното куче Караман кое се опева во македонкото народно творештво всушност е Сарама од Риг Веда. Во споредбените анализи на стихови од химни во Риг Веда и стихови од македонски народни овчарски песни станува јасно видливо дека тоа е еден ист мит кој во една временска дистанца од три илјади години всушност и не претрпел значајни промени. Постои конструкциска сличност во циклусот песни за Челник Пејо и Караман кои собирачите на народни умотворби ги засведочиле во сите краеви на Етничка Македонија и ригведските химни во кои се опева врховниот бог Индра и кучето Сарама. И во двата случаи станува збор за грабнување на стадо со таа разлика што во ригведските химни тоа е демонското племе Пани, а во македонскиот фолклор се клетите Турци - Арнаути. Со настапување на христијанството во Македонија митот добил пореалистична нарација и се заборавила неговата митска приказна од предхристијанската митологија на Македонците. Истражувајќи ја митската природа на Караман и неговата поврзаност со Сарама од Риг Веда браќата Костовски дошле до фасцинантно откритие. Аријците кои во доцното бронзено доба ја освоиле Северна Индија и ги пееле химните за боговите во кои се опева Сарама потекнуваат од Македонија. Со книгата Караман митското куче на древните Македонци тие ја разрешиле енигмата за праогништето на Аријците по кое трагаат врвни светски историчари и археолози. Со бројни докази укажуваат на постоење на два освојувачки бранови кои започнале од Македонија и завршиле во Северна Индија, а се случиле пред походот на Александар III Македонски и за тие освојувања знаел и Александар и бил инспириран и мотивиран да го постигне истиот успех. Првиот освојувачки бран се случил околу 2000 год.п.н.е. и бил предводен од Дионис,а вториот околу 1350 год.п.н.е. и бил предводен од Херакле. При пристигнувањето на македонските војски во Северна Индија сретнувале племиња кои за себе тврделе дека се потомци од војниците на Херакле и Дионис кои во тие краеви останале затоа што биле болни или ранети.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Преку анализа на Риг Веда браќата Костовски докажуваат дека расата караман постоела уште пред 3300 години податок со кој не може да се пофали ниту една раса во светот. Во десетата мандала од Риг Веда се опеваат црните четириоки кучиња - сарамеи придружници на богот на смртта Јама кои всушност се црните четириоки кучиња - карамани од македонскиот фолклор кои исто така се поврзуваат со задгробниот живот на Македонците и имаат моќ да ги избркаат или уништат душите на покојниците - вампирите. Во тој контекст освен со Сарама и сарамеите браќата Костовски откриле и други паралели на Караман со митски кучиња од тлото на Евроазија. Постои сличност помеѓу имињата на Караман и Гарм од Старата Еда кое е врзано пред Гнипахелир - влезот во подземното царство на мртвите, а исто така постои и сличност помеѓу имињата Караман и Калма од финските руни во Калевала кој е врзан пред влезот на подземното царство. Најфасцинантна е сличноста на митското куче Караман со мистериозното куче од Махабхарата кое го следи праведниот Јудиштира до неговото заминување во небесното царство на боговите. Откако праведниот Јудиштира одбил без кучето да замине во небесното царство заедно со Индра, кучето го презело ликот на Dharma со кое се именувал богот творец на светот. Дхарма = Карма = Караман е реална аналогија затоа што богот творец на светот во санскритската литература се именува и со името Вишвакарман кој во Махабхарата со своите огромни челусти ги проголтува неморалните.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
На картата на Македонија од 1692 година изработена од италијанецот Винченцо Коронели на која над градот Билазора (Велес)се нацртани два грба на Македонија. На едниот е прикажано црно куче, а на другиот биковски рогови помеѓу кои е поставен топуз. Над грбовите картографот дал објаснување дека грбот со куче бил грб на Македонија пред Александар III Македонски, а грбот со биковски рогови и топуз бил грб на Македонија по него. Според браќата Костовски, а водејќи се од хералдичкото правило на грбовите да се прикажуваат митски животни или птици на првиот државен грб на античка Македонија бил прикажан Караман - митското куче на Македонците, а на вториот биле прикажани атрибутите на богот Индра кој во ригведските химни се опева со епитетот бик и оружје му бил топузот. Во аријското потекло на македонската кралска династија нема сомневање затоа што на македонските антички монети често се среќава аријскиот симбол свастика. Со името Хераклиди се именува македонската кралска династија затоа што македонските кралеви верувале дека водат потекло од него. Херакле бил предводник на освојувачкиот поход во доцното бронзено доба од Македонија до Северна Индија кога освојувачките ариски војски во војнички транс ги пееле химните за богот на војната Индра да им помогне да ги поразат црнокожните Дасуи.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Караман митското куче на Македонците кое било прикажано на првиот државен грб на античка Македонија е доказ за славното минато на Македонците и пред александровиот поход и доказ дека античките Македонци биле ариски (прасловенски) народ. Тоа е лесно докажливо затоа што ригведските химни биле пеени на прасловенски, старомакедонски јазик и стотици зборови од ригведскиот санскритски се скоро идентични со македонскиот јазик. Книгата Караман митското куче на древните Македонци расветлува многу енигми за кои научниот свет сеуште не успеал да ги одгатне.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
СТАНДАРД ЗА МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Име на расата : Македонско овчарско куче - Караман
Потекло : Република Македонија
Користење : За заштита на стада и на имот.
Име на расата : Македонско овчарско куче - Караман
Потекло : Република Македонија
Користење : За заштита на стада и на имот.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Краток историски преглед на расата : Македонското овчарско куче-Караман е автохтона раса чии прапочетоци се врзуваат за неолитските земјоделско-сточарски населби во Македонија, како и за локалните номадски движења. Континуирано се одгледува како заштитник на стадата на цела Македонија. Македонците негувале посебен култ спрема караманот и тој отсекогаш претставувал нивно митско куче. Неговиот лик зазема видно место во записите на античките поети, на средновековните фрески и иконостаси во македонските цркви и манастири, како и во епските народни песни од 19 век. Во чиста форма го зачувале македонските сточари чиј конзервативен начин на живот се одвивал номадски - во постојано движење од летните кон зимските пасишта и обратно. Поради неговата исклучителна храброст и верност, денес се среќава како заштитник на стадата овци, но и како заштитник на лица и чувар на недвижен имот.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Генерален впечаток : Куче со снажна, збиена конституција и со складни пропорции на сите делови од телото. Доста е подвижен, издржлив на физички напори и со изострени сетила. Разликата меѓу половите е видливо изразена. Мажјаците се покрупни, помасивни, робусни и со широка глава. Женките се со помала и со поелегантна конструкција.
Тој е неподмитлив чувар на стадото, лицата или објектите доверени на чување.Недоверлив е спрема непознати, а лаењето му е силно, длабоко и пробивно. Верноста му е карактеристична особеност и се врзува за еден човек.
Тој е неподмитлив чувар на стадото, лицата или објектите доверени на чување.Недоверлив е спрема непознати, а лаењето му е силно, длабоко и пробивно. Верноста му е карактеристична особеност и се врзува за еден човек.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Важни пропорции : Телото е правоаголно. Должината на телото кај мажјаците е за 9-11%, а кај женките за 11-13% поголема од височината на гребенот. Длабочината на градите е 40% од височината на гребенот. Соодносот меѓу муцката и черепниот дел е, кај мажјаците 37:63%, а кај женките 38:62%.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Однесување - темперамент : Неподмитлив чувар, недоверлив спрема непознати, смирен е и трпелив, водлив, дружељубив со деца, а според темпераментот, тој е храбро и по потреба остро куче.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Глава:
Челен дел : Умерено испапчен и малку заоблен. Поставеноста на линиите на муцката и на черепот е дивергентна, додека горниот дел е рамен.
Череп : Черепот е средно широк, месоцефален. Според обликот, суперцелијарните гребени се малку засводени и благо изразени. На средината на черепот има слабо изразена челна бразда која се забележува до средината на черепот, а присутна е и тилна џумка.
Стоп : Забележлив но не е силно изразен.

Личен дел :
Муцка : Просечната должина на муцката во однос на черепниот дел за мажјаците е 37:63%, а кај женките е 38:62%. Муцката е широка и длабока. Носникот е рамен со јасно изразена носна печурка. Долната вилица е рамна, а кожата е затегната. Во основата е широка, а кон врвот благо се стеснува.
Усни : Цврсто се прилепени на вилицата. Средно се дебели, а горната усна е поширока и преминува преку долната. Исклучиво се црно пигментирани.
Вилици - заби : Во профил, долната вилица е рамна и дивергентна во однос на линијата на носникот. Забите се големи, бели и правилно подредени. Забалото пожелно е да биде ножичасто, но дозволено е и клештасто, а секачите од горната челуст се преклопуваат и преминуваат со својата внатрешна страна преку забите на долната челуст.
Образи : Малку се истакнати гледано од анфас.
Очи : Правилно се всадени во очната шуплина, ниту длабоко всадени, ниту испакнати. Имаат форма на бадем, а медијаните агли се малку пониско од латералните. Бојата им е од светло пченична, до темно костенлива и даваат смирен впечаток. Очните капаци се прилепени, а очните рабови се црно пигментирани.
Уши : Поставени се средно високо, висечки се и прилепени. Имаат облик на латиничната буква В (V), а според големината се средно долги.
Врат : Горната линија е рамна и е благо искосена од околу 30 степени во однос на линијата на грбот. Умерено е долг, рамен е и широк и добро е поврзан со трупот и со главата. Мускулест е а кожата е затегната, припиена и без фанон.

Тело:
Горна линија : Горната линија е рамна, права и незначително се издига од гребенот кон сапите.
Гребен : Благо е издигнат, доволно широк и добро е поврзан со вратот.
Грб : Долг е, широк и рамен, со мускулест слабински дел.
Сапи : Средно се долги, широки, благо се искосени и мускулести.
Труп : Горната линија благо се издига од гребенот, па завршува со благо искосени сапи. Долната линија постепено се издига од градите кон стомакот. По облик е правоаголен и долната линија е благо искосена. Во однос на височината на гребенот, во просек подолг е за 9-11% кај мажјаците и за 11-13% кај женките. Средно е широк и мускулест.
Гради : Долги, широки, длабоки, широко поставени, а ребрата се еластични.
Стомак и долна линија : Контурите на долната линија продолжуваат во иста линија со градната коска, додека стомакот е прибран.
Опаш : Поставен е во продожение на линијата на сапите, има облик на прстен, испружен допира до скочниот зглоб. Средно е дебел. Врвот на опашот често е свиткан во форма на ченгелче. Обраснат е со густи влакна. При движење го носи свиткан над грбната линија, додека во мирување е спуштен.

Предни екстремитети:
Генерален впечаток : Гледано од напред се паралелни, а од страна се вертикално поставени на телото и имаат правилен став.
Рамо : Умерено е долго, заоблено и со развиена мускулатура. Аголот меѓу лопатката и рамената коска е околу 100-110 степени.
Надлактица : Две третини од нејзината должина се прилепени до телото, има развиена мускулатура и зафаќа агол од 60 степени во однос на хоризонталата.
Лакт : Лактот е правилно поставен и прилепен до градниот кош. Се наоѓа малку повисоко од средината на линијата на височината на гребенот. Аголот на лактот е околу 150 степени.
Подлактица : По должина е околу 40% од вкупната височина на гребенот. Има развиена мускуност, додека коската е права и доста силна.
Карпус : Широк е и средно дебел.
Метакрпус : Умерено долг, широк и незначително искосен.
Шепа : Има лажичест облик и е средно голема. Прстите се збиени. Ноктите се црни, а кај кучиња со белини на шепите се среќаваат и бели нокти. Перничињата се еластични и задолжително црни.

Задни екстремитети :
Генерален впечаток : Гледано од страна и одзади имаат правилен став. Добро се поврзани со трупот и имаат незначително поширок став за разлика од предните нозе поради развиената мускулатура.
Бут : Умерено долг. Правилно е поставен, има силно развиени мускули и е умерено широк.
Колено : Цврсто е широко и силно. Аголот на коленичниот зглоб е околу 120 степени.
Потколеница : Долга е и косо поставена. Има развиена мускулатура, а коската е стрмна и доста силна.
Скочен зглоб : Широк, силен и цврст и има агол од околу 140 степени.
Задно дошепје : Умерено е долго, широко и со блага искосеност, пострмна од дошепјето на предните нозе.
Задно стапало : Има лажичест облик, големо е, прстите се збиени и цврсти, ноктите се црни, а кај кучиња со белини на шепите се среќаваат и бели нокти. Перничињата се еластични и исклучиво црни.
Движење : Чекорот му е средно долг. Движењето му е лесно, комотно и одмерено. Карактеристично движење му е касот.
Кожа : Средно дебела, затегната, нема набори, а видливите слузокожи се исклучиво црно пигментирани.
Крзно : Должината на влакната на гребенот е околу 10 см. Во однос на влакната на трупот, влакната на задниот дел на бутовите, на вратот и на опашот се подолги, додека на главата и на предните делови на нозете се кратки. Има груба текстира. Крзното е средно-дебело, а подвлакното е густо.
Боја : Бојата е црна, црна со кафеави нијанси, или црна со палежи. Белини се дозволени на градите, како и до лактите на предните нозе, на шепите на задноте нозе и на самиот врв на опашот. На белиот фон дозволени се и црни дамки.
Висина и тежина : Мажјаците се високи од 65-75 см., а женките од 58-68 см. За мажјаците просечната тежина е 45 кг., а за женките 40 кг.

Грешки :
Лесни мани : Тркалезни очи, поголеми белини од дозволеното, зајачки шепи, тесен и плиток граден кош, несразмерност на височината на гребенот со должината на трупот, конвексен или конкавен грб, вроден недостаток на заб, клештасто забало, премногу кратко или предолго влакно, фанони,.
Тешки мани : Икс-став или О-став на нозете, многу стрни сапи, ниско всаден опаш, олабавен прав опаш, неразвиени песјаци, нежен костур со недоволно развиена мускулатура, недоволно широк череп, долга и тенка муцка, олабавеност на кожата, депигментација на видливите слузокожи.
Дисквалификациони мани : Нетипична боја за расата, предгризач или подгризач, плашливост, лимфатична конструкција, како и сите видливи отстапувања од стандардот.
Забелешка : Мажјаците треба да имаат и два одвоени, нормално спуштени тестиси во скротумот.

Кинолошкиот клуб "Македонско овчарско куче-Караман" е регистриран на 01.11. 2004 година со една единствена намера: да се зачува караманот од неговото исчезнување. Овој клуб во својот Статут ги содржи следниве цели:
-Зачувување на прастарата македонска овчарска раса куче Македонско овчарско куче-Караман;
-Афирмација на расата во Република Македонија;
-Истражување (мерења на телесните карактеристики) и документирање (евидентирање на податоци од терен: фотографии, усни преданија на сточари и сл.) на синхрониската состојба на Македонското овчарско куче-Караман во Република Македонија;
-Анализа и истражување на историски, биолошки и на археолошки податоци за расата;
-Едукација на заинтересирани љубители на оваа раса куче во поглед на одгледување и чување;
-Ширење на расата преку организирано одгледување и селекција;
-Издавање публикации посветени на расата со цел поефикасно остварување на целите и задачите на кинолошкиот клуб и едуцирање на членовите, притоа не остварувајќи добивка;
-Соработка со кинолошки клубови со цел создавање кинолошки сојуз кој ќе ги афирмира македонските овчарски раси кучиња во светот;
-Официјализирање на расата во Ф. Ц. И;
-Организирање изложби и други кинолошки манифестации за оваа раса куче;
-Официјализирање на оваа автохтона македонска раса куче во службена употреба за македонската полиција и за македонската армија;
-Афирмација на Република Македонија во светот преку расата Македонско овчарско куче-Караман.
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD_(%D0%BA%D1%83%D1%87%D0%B5)

chitam i ne mi se veruva ,zarem i ova da ne se odobri ?
SHARENI- Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Jas mislev deka sarplaninecot e makedonsko nacionalno kuce.
Dino- Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
После последниот
настан кога
кучиња нападнаа
четиригодишно дете ,
го растргнаа и тоа
почина ,повеке
не сум љубител
и заштитник на ова животно
настан кога
кучиња нападнаа
четиригодишно дете ,
го растргнаа и тоа
почина ,повеке
не сум љубител
и заштитник на ова животно
Kalinda- Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
zarem negledash tvojot pastir deka site gi rastrgna ,no ti pak si negov ljubitel i zashtitnik
SHARENI- Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20
Re: МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
Осма државна изложба на Македонско овчарко куче – Караман 2017
Македонското овчарко куче Караман датира со векови на назад и се претпоставува дека истата раса потекнува од планината Бистра. Караман е најголемиот заштитник на македонските стада. Оваа раса претставува симбол на македонските бачила.
Македонското овчарко куче Караман датира со векови на назад и се претпоставува дека истата раса потекнува од планината Бистра. Караман е најголемиот заштитник на македонските стада. Оваа раса претставува симбол на македонските бачила.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Страна 1 of 2 • 1, 2
Similar topics
» КОЈ ВИ ПЛАКА И КАДЕ ДА ПРИЈАВИТЕ ДОКОЛКУ ВЕ КАСНЕ КУЧЕ
» Македонско образование
» Бугари, Македонско Бугарско прашање....
» Македонско новинарство, подкасти и слично
» МАКЕДОНСКО СЕКСАЊЕ ? ИЛИ СЛИЧНО НА НЕГО !
» Македонско образование
» Бугари, Македонско Бугарско прашање....
» Македонско новинарство, подкасти и слично
» МАКЕДОНСКО СЕКСАЊЕ ? ИЛИ СЛИЧНО НА НЕГО !
Страна 1 of 2
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот