Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

+2
SHARENI
Kalinda
6 posters

Go down

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА  Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ  Empty ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

Пишување by Kalinda Чет Jул 20 2017, 19:23

Захариева: Нема преговори околу договорот за добрососедство

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за бугарската телевизија изјави дека текстот на договорот за добрососедство со Македонија е финализиран и оти Бугарија нема намера да влегува во дополнителни преговори. Во врска со барањето на опозицијата во државата во документот експлицитно да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија, таа рече дека не преговараат со партија, туку со Влада.

„Ние немаме намера понатаму да водиме никаков вид преговори. Ова е договорот кој ќе го потпише Бугарија. Се надеваме дека ќе биде поддржан и од страна на Парламентот. Клаузулата за јазикот е јасна уште од 1999 година. Таа не е сменета. Договорите во принцип не познаваат ни јазик, ниту народ, а клаузулата за јазикот е јасна од 1999 година“, рече Захариева.

Министерката исто така истакна дека овој договор е многу важен за односите меѓу двете земји. Според неа и вицепремиерот Бујар Османи, договорот ќе биде потпишан во Скопје на 2 август на двата официјални јазици, бугарскиот и македонскиот.

„Во делот на добрососедските односи, односно за отвореното прашање со Бугарија, верувам дека тоа ќе се затвори на 2 август со потпишување на договорот“, рече вицепремиерот Османи.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на министерката Захариева дека договорот е завршен. Тие итно бараат јавна седница за граѓаните да дознаат што ќе биде потпишано и колку овој договор е во полза на Бугарија, а на штета на Македонија.

Вчера на седница на Комисијата за надворешни работи во Парламентот, за нацрт-договорот имаше долга дебата меѓу владејачките и опозициските партии, а премиерот Заев тврдеше дека договорот ги штити националните интереси.

Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА  Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ  Empty Re: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

Пишување by Kalinda Чет Jул 20 2017, 19:25

Ете како се продава држава!
Неможам да поверувам !
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА  Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ  Empty Re: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

Пишување by SHARENI Пет Jул 21 2017, 23:20

lele ke crknat dpmneovcite zoshto ne se oni tie shto ke go potpishat dogovorot ,zavist se polni
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА  Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ  Empty Re: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

Пишување by defo Сре Aвг 02 2017, 12:11

Значи вака, Бугарите се срамат за периодот во кој биле учесници во 2-светска војна, и на страната на која биле, и Германците неќат да зборт за Хитлер. Само кај нас душманите на Македониај се слават, Ќосето, Александров, Радев и слично, и за нив се зборува во најдобра конотација.
Од заедничка историја, имаме заедничко, Кирил и Методиј се словенски браќа, дале писменост, потоа секој со тек на време си го преадаптирал јазикот и слично.
Овој поим е воведен за разликување од современите Бугари кои што зборуваат јужнословенски јазик от Бугарите, бидејќи и за двата народа постоел еден термин. Обично се смета дека трансформациjта на Бугарите во Бугари била завршена по воведувањето на христијанството и словенското писмо во Бугарија кон крајот на 9 век

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА  Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ  Empty Re: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

Пишување by хан Ацо Сре Aвг 02 2017, 16:14

defo напиша:Значи вака, Бугарите се срамат за периодот во кој биле учесници во 2-светска војна, и на страната на која биле, и Германците неќат да зборт за Хитлер. Само кај нас душманите на Македониај се слават, Ќосето, Александров, Радев и слично, и за нив се зборува во најдобра конотација.
Од заедничка историја, имаме заедничко, Кирил и Методиј се словенски браќа, дале писменост, потоа секој со тек на време си го преадаптирал јазикот  и слично.
Овој поим е воведен за разликување од современите Бугари кои што зборуваат јужнословенски јазик от Бугарите, бидејќи и за двата народа постоел еден термин. Обично се смета дека трансформациjта на Бугарите во Бугари била завршена по воведувањето на христијанството и словенското писмо во Бугарија кон крајот на 9 век

Не се срамиме од ништо,и за време на Втората светска војна.Цар Борис III код нас е на голема почит и популарност, народот му е дал прекарот цар Обединител.
хан Ацо
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА  Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ  Empty Re: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

Пишување by трендафил Чет Aвг 10 2017, 19:42

Проблемот и кај Бугарите и кај Заев е што не сакаат да разберат дека националната идентификација е индивидуално човеково право. Не може Заев и Борисов да одлучуваат за тоа што сум јас или да го менуваат идентитетот на моите мртви предци. Уште помалку окупатори да прогласуваат за ослободители. Татко ми никогаш не бил комунист, а се борел против бугарската окупација.Дедо ми се борел против Отоманската.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА  Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ  Empty Re: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

Пишување by reiter Нед Aвг 13 2017, 01:04

збогум Београде и титовистичка македонија

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА  Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ  Empty Re: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

Пишување by хан Ацо Вто Aвг 22 2017, 08:11

трендафил напиша:Проблемот и  кај Бугарите и кај Заев е што не сакаат да разберат дека националната идентификација е индивидуално човеково право. Не може Заев и Борисов да одлучуваат за тоа што сум јас или да го менуваат идентитетот на моите мртви предци. Уште помалку окупатори да прогласуваат за ослободители. Татко ми никогаш не бил комунист, а се борел против бугарската окупација.Дедо ми се борел против Отоманската.

Вака е,националната идентификација е индивидуално човеково право,и затоа никој политичар и историчар во МК нема право да менува идентитетот на луѓе кои сами си кажале и напишале какви са и што са.Како на пример браќа Миладиновци кои не са напишале некаков "Зборник",току са напишале "Български народни песни",или царот Јован Владислав кој е нарачал на плочата да пишува дека он е "цар на Бугарите" и е "родум Бугарин".
хан Ацо
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА  Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ  Empty Re: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е КОНЕЧЕН И НЕМА ПРОМЕНИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот