Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БРАВО ГЕРО

2 posters

Go down

БРАВО ГЕРО Empty БРАВО ГЕРО

Пишување by Bosonoga Нед Фед 11 2018, 02:48

si vikam zasho ja da pishuam koga drug sve napishal eve procitajte:

Друже Заев, овој однос кон новинарите е шокантен, одвратен, јебитачен и интергалактички штетен!

Јас навистина не знам кој точно во СДСМ и во Владата го креира односот на власта кон медиумите и кон новинарите, ама она што се случува во последно време навистина е страшно.
Пишува Бранко Героски


Обидот на некои луѓе од власта да факторизираат маолумници и лумпен-новинари, како и поранешни слуги на режимот кои ги уриваа сите етички стандарди на нашата професија, сериозно ги деморализира новинарите во сите медиуми, а особено оние кои посветија цела една деценија во неуморна борба против режимот на Никола Груевски.

Пред неколку дена, пи-ар службата на Владата организираше средба на „група уредници на највлијателните медиуми“ (така ми беше кажано кога бев поканет) со премиерот Зоран Заев, на која требаше и се разговараше за најважното политичко прашање во овој момент, спорот со Грција. Бев изненаден кога сфатив дека списокот на „највлијателните“ се проширил на триесеттина новинари и уредници. Но, изненадувањето премина во вистински шок, кога забележав дека меѓу „водечките“ уредници е и еден малоумник, кој со години води пара-медиум што служи за јавно пичкарање на луѓе кои не му се по волја и за рекетирање на фирми и поединци, како и една дама која со години беше на чело на портал (спонзориран од Американците!), со задача постојано да ја напаѓа тогашната опозиција, да шири лажни вести и говор на омраза.

За разлика од овие највидни егзамплари на новинарското бесчестие, на средбата не дојдоа (не биле повикани?) неколку врвни уредници и новинари, кои очекував да ги видам на маса. Ако пи-ар службата на Владата сакала да направи некаков „баланс“, па важните информации да ги сподели и со поранешните провладини медиуми, тогаш требала да собере храброст и да ги покани Драган Павловиќ Латас, Миленко Неделковски, Мирка Велиновска и некои други „тешкаши“, а не сите нас да нѐ резили да се дружиме со малоумници и со опскурни личности во нашата фела!

Уште поголема, непростива грешка е ангажирањето на Соња Крамарска, поранешната уредничка на „Утрински весник“, во Министерството за одбрана. Колегите од „Утрински“ Крамарска ја паметат како фигура која одигра клучна улога во уривањето на имиџот на весникот, кој некогаш важеше за благо критички настроен кон власта, за потоа, под нејзино водство, да стане маша на фамилијата. За тоа слушнавме и директни сведоштва во „бомбите“ на Заев. И наместо да реагира на острите реакции на социјалните мрежи и да ја поправи својата грешка, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на телевизијата 24 Вести срамно и упорно ја бранеше Крамарска, ставајќи ги сите новинари во ист кош – оние кои одлучно се бореа и се жртвуваа меѓу другото и за тоа Заев и Шеќеринска да дојдат на власт заедно со оние кои истураа отрови кон тогашната опозиција и верно им служеа на Груевски, Мијалков и на другите.

Другар Заев, веќе немам на кого друг да се обратам освен на тебе. И немам друг начин да го сторам тоа, освен вака јавно (јас и ти не сме разговарале тет-а-тет од пред локалните избори и по сѐ изгледа, според твојата волја, веќе нема ни да разговараме). Значи, морам јавно да ти кажам дека ова однесување на твоите најблиски соработници кон медиумите и кон новинарите е скандалозно. Извини, ама ова веќе не се обични гафови, туку систем на факторизирање на вашите стари послушници и апологети (за време на режимот таквите ги викавме „куртони“, нели) и на прекоманда на старите вмровски новинарски маши на нови задачи.

Не сфаќам каков ќар имаш ти, другар Заев, од оваа идиотска операција и во што те убедиле луѓето кои во твое име и за твоја сметка го креираат овој однос кон новинарите и кон медиумите, ама ти мора час поскоро да сфатиш дека ова е јебитачно, ова е одвратно, ова е шокантно, ова е интергалактички штетно. Послушај го ти советот на едно „старо дртало“ со „Алцхајмер“ и размисли добро со кого садиш краставици. Оти, ја знаеш народната – со кого садиш, такви ќе ти никнат!
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

БРАВО ГЕРО Empty Re: БРАВО ГЕРО

Пишување by osa Саб Фед 24 2018, 23:56

ova ko jas da sum go pishuvala ...bravo gero....

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника
Иако деновиве ми се случуваа неочекувани нешта, после серијата критики кои колумнистите на „Слободен печат“ и на Плусинфо, а и јас со нив, ги упативме до премиерот Зоран Заев за слабостите во Владата, искрено очекував премиерот да повлече потег што ќе заличи на „враќање дома“, што би рекол „стариот Милчин“.

Знам дека апологетите на Заев и пара-медиумите кои се самопрогласија за негова „преторијанска гарда“ - неписмени будали, не го ни знаат значењето на овој израз! - сега се збунети. Упорно форсирајќи навреди и клевети за секој што се осмели да ја критикува Владата на Заев или и него лично, тие сега останаа без коментари, а веројатно и без директиви.

И да знаете – токму од однесувањето на „преторијанците“ ќе заклучиме многу нешта за тоа како ќе се изведе „проветрувањето“ на извршната власт. Нормално, очекувам децата брзо да се соземат од шокот што им го приреди Заев и во недостиг на прецизни директиви, веднаш самите да почнат да прават листи за реконструкција. Но, ако почувствувам дека нарачките доаѓаат од најблиските соработници на Заев, или, не дај боже, од него самиот, тогаш со сигурност ќе знам дека таа работа нема да донесе ништо добро.

Но, ајде да не бидеме песимисти без причина. Очекувам Заев овој пат навистина да биде на висина на задачата. Мислам дека и самиот е свесен дека при првото составување на кабинетот подлегнал на „шарените“ приказни за „енергијата“ што во власта ќе ја донеле „младите“, ама ако бидат поставени на водечки позиции, без оглед на нивните знаења, формални квалификации и искуство.

Затоа, не сум изненаден што сега Заев вели дека упатува порака до некои луѓе да се поправат, оти „во спротивно ќе бидат сменети“. Го разбирам и кога од некои други бара повеќе да се труделе и да научеле. Но сепак, најважно е што премиерот сфатил дека најслаби алки во неговиот кадровски синџир се луѓето без знаење. Манекените. Пиарчиите. Фејсбуковците.

Симпатични се апелите на Заев до неговите соработници, но верувајте, луѓето нема да се поправат. И нема ништо да научат. Не затоа што не сакаат. Сега тие и самите ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата. Едноставно, толку им сече. Добар кабинет и добра администрација се прави со способни и карактерни луѓе. А способноста вклучува знаења, искуство и дела. Фурни леб изедени. Не напумпани биографии, со комични податоци за учество во вакви или онакви проекти, на вакви или онакви семинари и воркшопови.

Сакам да се разбереме убаво - немам ништо против тоа децата да учат. Образував генерации млади новинари и се надевам дека голем дел од моите студенти нешто од мене и научија, како што и јас учев од моите учители. Но, ќе повторам нешто што го имам напишано многу пати – младите нека учат, ама мора да почнат како чираци, како приправници, како практиканти, а не како министри или советници.

Заев ќе успее како „генерал“ ако успее добро да си ја распореди „војската“ и ако конечно одлучи за најважните државни прашања сепак да се советува со искусни „волци“, а не со голобрадести момчиња, родени во независна Македонија, во дигиталното доба, со деца кои своите родители веројатно ги прашуваат:

- Тато, тато, не ми е јасно како пишувавте статуси на Фејсбук кога немало интернет?


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот