Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БРАВО МИЛА .....

Go down

БРАВО МИЛА ..... Empty БРАВО МИЛА .....

Пишување by osa Саб Окт 27 2018, 21:48

МТСП: Од почетокот на идната година социјалната помош се зголемува за 300 отсто
Министерството за труд и социјална политика подготви темелна реформа на социјалниот систем и детската заштита, a со новите реформи кои стартуваат од почетокот на идната година социјалната помош се зголемува за 300%, односно 70% од корисниците ќе добиваат повисока социјална помош, информираат од Министерството за труд и социјална политика, по информациите на Државниот завод за статистика дека лани во сиромаштија живееле 22,2 проценти од граѓаните во Македонија.




„Државниот завод за статистика, денеска ги објави податоците од Лаекен анкетата според кои стапката на сиромашни лица во Република Македонија во 2017 година изнесувала 22,2 %, а како основа за пресметките на сиромаштијата се користени приходите од 2016 година. Ова е уште еден показател за неопходноста од итни промени на погубните политики на претходната власт и доказ дека социјалните реформи што ги прави оваа Влада се во вистинска насока“, велат од МТСП.

Од таму додаваат дека со новите реформи кои стартуваат од почетокот на идната година, социјалната помош се зголемува за 300 проценти, односно 70 проценти од корисниците ќе добиваат повисока социјална помош.

„Воведуваме гарантираната минимална помош и неколку нови надоместоци, но истовремено градиме способна и продуктивна работна сила, преку преквалификација на лицата кои се невработени. На овој начин директно им помагаме да се вработат, односно им овозможуваме трајно решение и можност да се извлечат над линијата на сиромаштија.Исто така го отвораме социјалниот систем и за лицата со ниски примања, што не беше случајот досега. Конкретно, го олеснуваме пристапот до надоместокот, на дополнителни 11.000 домаќинства, но и на постојаните 24.000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош. Според новиот социјален систем, правото на детскиот додаток за првпат е достапно за домаќинствата со ниски примања. Така, бројот на деца корисници на детски додаток во 2018 година е 3.200, а се предвидува истиот да порасне на 73.500. Дополнително, бројот на корисници на образовен надоместок се предвидува да порасне од 3.800 на 64.316 деца“, велат од МТСП.

Информираат дека со реформите во социјалнот систем и детската заштита поттикнуваат крупни општествени промени, чии резултати ќе придонесат за зголемување на стандардот и квалитетот на живот на нашите граѓани.

„Се грижиме за секое дете и работиме посветено да обезбедени поволни услови за раст и развој на младите. Дополнително, оваа Влада го решава проблемот со стечајните работници. Со последните законски измени околу 8.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до пензионирање. Анкетата за приходи и услови за живеење Државниот завод за статистика ја спроведува во согласност со препораките на Европската унија. Според истата анкета објавена лани, стапката на сиромаштија во 2016 година изнесувала 21,9 %, а како основа за пресметка се користеле податоците за приходите од 2015 година“, велат од МТСП

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот