Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Смеа, забава, вицови

+21
defo
Albatros
Nebula
EVITA
Luxor
Teo
chargerburnout
Естир
kiBik
хан Ацо
tmoro
Arhimed
Боко
Hamad bim Khalifa
Фири
sofmak
Бело конче
reiter
gerasim
bratucedot
osa
25 posters

Страна 21 of 33 Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22 ... 27 ... 33  Next

Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Фед 15 2016, 23:33

Смеа, забава, вицови - Page 21 Ugrizo-me-za-nos

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Фед 21 2016, 22:36

Сонце
19.02.2016 14:17
Виц
Грујо е како сонце. Не можам да го гледам.
via Ацо Лукароски

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Фед 21 2016, 22:36

Виц
Прво големо востание против Османлиите било кренато по 532 години од нивно владеење и пак го прогласија за преурането.
via Ацо Лукароски

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Фед 22 2016, 19:40

-Каде одиш?
-На предавање.
-Ма нема предавање бе, бори се до крај!
via Ацо Лукароски

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:35

Се среќаваат две стари пријателки:
– Како е ќерка ти?
– Одлично! Мажот и ја сака, ѝ купува облека, ја води на ручеци, купи спортски автомобил специјално за неа…
– А синот?
– Подобро не прашувај! Налета на к**ва. И купува облека, ја води на ручеци…



Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:35

Семеен устав

1. Мама секогаш е во право.

2. Дури кога греши – мама пак е во право.

3. Мама не вреска – таа го привлекува вниманието кон важните работи.

4. Мама не се кара – таа советува.

5. Мама не ти вреска над глава – таа ги нагласува деталите.

6. Мама не спори – таа ја објаснува ситуацијата.

7. Мама не седи на интернет – таа е во чекор со времето.

8. Мама не се тркала на каучот – таа медитира.

9. Мама не е мрзлива – таа се одмора.

10. Ако се појави сомневање за некоја од точките, погледни ја точка 1.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:36

Во канцеларијата на директорот на една фабрика доаѓа жената на главниот инженер и почнува да вика:
– До кога ќе го прикривате мојот сопруг. Веќе цел свет зборува дека тој е женкар и пијаница. Сношти се врати дома со женски гаќи.
Жената ги фрла гаќите на бирото на директорот.
Директорот ја смирува:
– Смирете се. Сега немам многу време, но утре ќе се разберам со него и ќе преземеме мерки.
Кога си тргнува накај дома, директорот ги става женските гаќи во џебот, за да му бидат при рака наредниот ден за разговорот со инженерот.
Следното утро жената на директорот му ги пегла панталоните, ги наоѓа гаќите и извика бесно:
– Киро! Абе ти, кога ќе престанеш со твоите идиотски шеги, бе? Два дена си ги барам гаќите, а тие во џебот од твоите панталони!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:37

Мајката и вели на својата ќерка:
– Секој пат кога ќе ви дојдам на гости, забележувам дека зетот воопшто не ми се радува.
– Немој така, мамо. Нели го знаеш каков е – со задоцнети реакции. Тој почнува да се радува, дури кога си одиш…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:37

Прашале политичар:
– Ако не беше политичар, што ќе беше?
– Полицаец!
А ако не беше полицаец, што ќе беше?
– Воено лице!
А ако не беше воено лице, што ќе беше?
– Не знам, ама пак немаше ништо да работам.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:39

Во барот маж пие чаша по чаша. Шанкерот го прашува:
– Некоја мака?
– Да, и сѐ поради мојот 6 годишен син…
– Проблеми на училиште?
– Ех, да беше тоа… Многу е посериозно. Поради него забремени 18-годишната бебиситерка.
– Не зборувајте глупости. Тоа е невозможно!
– Можно е! Малиот зел со игла ми ги издупчил сите кондоми!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:40

Судат двајца дилери на дрога.
Судијата:
– Ви давам една недела можност да си ја намалите казната. За таа цел треба да одвикнете барем по 5 лица од употреба на дрога.
Ако одвикнете 10 и нагоре – слободни сте.
По една недела.
Првиот:
– Почитуван господин судија, одвикнав 10 луѓе. Го користев методот на кругови.
– Објаснете подетално!
– Ги собрав сите наркомани и им нацртав на ѕидот два круга – мал и голем. Им објаснив дека големиот круг е нивниот мозок пред дрогата, а малиот – по.
– Слободен си!
Вториот:
– Почитуван господин судија, одвикнав 175 луѓе. И јас користев метод на кругови.
– Многу бе!? Објасни!
– Ги собрав и им нацртав на ѕидот два круга – мал и голем. Им објаснив дека малиот круг им е анусот пред затворот, а големиот – по.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:40

Мажот се враќа порано од работа. Во спалната жената лежи во кревет.
– Зошто уште лежиш? Да не си болна?
– Срцето ме боли! Те молам слези до аптеката и ми земи Validol.
Во ходникот таткото го среќава синот, кој со глава му покажува кон спалната и тивко вели:
– Тато, чичко Борис се крие во плакарот во спалната!
Таткото изнервиран оди во спалната и вели:
– Борисе, веднаш излегувај! Жена ми ќе умира, а ти и син ми си играте криенка!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:41

Ѝ се јавува дечкото на девојката со намера да ја зафркава:
– Душо, вчера со татко ми пренесувавме даски во дворот и ми текна на тебе.
– Каква коинциденција! Пред малку ставив една кифличка во микробрановата, ја вклучив на 2 минути и ми текна на тебе, драги.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:43

Водат двајца Македонци на бесилка.
Едниот:
– Дај да направиме нешто, да се бориме, да избегаме…
Другиот:
– Трај да не стане полошо!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:44

Џон отишол кај сер Ричард доста загрижен и му рекол:
– Сер Ричард, некој напишал валкан збор за вас и тоа со урина во дворот.
Господарот му наредил на Џон да направи истрага и после кратко време тој се вратил со резултатите:
– Сер Ричард, имам една добра и една лоша вест за вас – со која да почнам?
– Со добра! – Рекол господарот.
– Добрата вест е дека откривме дека урината во дворот му припаѓа на вашиот сосед Вилијам. А лошата е што ракописот е на жена ви.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:45

Двајца пријатели си пијат пивца.
– Интересно, зошто толку мажи се вртат околу жена ми?
– Веројатно ја гледаат како прилично привлечна.
– Да бе, како не! И што е толку привлечно кај неа?
– Говорната мана.
– Што зборуваш?! Таа нема никаква говорна мана!
– Хм… Значи ти си единствениот кој сѐ уште не знае дека таа не знае да се каже „не“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:47

- Верувате ли во летачки чинии?
– Да.
– Да не сте виделе случајно некоја?
– По разводот веќе не.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:47

Маж оди на психијатар.
– Докторе, жена ми се мрднала од умот. Има некоја фикс идеја дека некој постојано сака да ѝ ја украде облеката…
– А вие како го заклучивте ова? – Прашува психијатарот.
– Како нема да заклучам, кога таа дури и најмила посебен човек за да и ја чува облеката бе докторе. Вчера го најдов во шифоњерот…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:48

Во болничка соба влегува маж во столарска облека:
– Кој тука е Јовановски?
– Јас.
– Ти ли си давал крв за испитување?
– Јас.
– Дај да те премерам…


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:50

Млада и убава девојка, отишла да се исповеда кај попот:
– Оче, многу сум грешна! Едни мои голи слики…
– Знам чедо мое, знам, пријатели сме на Фејсбук.
– Што да направам за да ми ги прости Бог гревовите?
– Стисни „Лајк“ на страниците на 10 манастири чедо мое и сметај ја работата за средена…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:50

Еден маж имал љубовница. Кога му соопштила дека е бремена од него тој ѝ рекол:
– Гледај сега, имам жена, деца… Ќе ти плаќам алиментација секој месец, само не ме малтретирај. Штом ќе се роди, испрати ми телеграма, но за да не разбере никој користи ја шифрата „топол сендвич“.
По неколку месеци добива телеграма:
„Топол сендвич, топол сендвич, топол сендвич. Два со виршла и еден обичен.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:51

Се среќаваат двајца доктори. Едниот видно вознемирен му вели на другиот:
– Прв пат во животот направив лекарска грешка.
– Што се случи?
– Излекував еден пациент само со два прегледи а тој бил милионер.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:52

Редица пред рајските порти. Свети Петар распределува:
– Женет?
– Да.
– Во рајот.
– Женет?
– Да.
– Во рајот.
– Женет?
– Да, два пати.
– Во пеколот.
– Зошто?
– Рајот е за маченици, а не за идиоти!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:54

- Леле маче, колку си ослабена!!! Кажувај ја брзо диетата!!!
– Остави… не сум ослабела од диета туку од мака… мојот сопруг има љубовница – секоја вечер скандали, караници…
– Исфрли го веднаш, што чекаш, кретен низаеден!
– Уште 6 килограми и лета од дома!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 10:56

Маж и жена слават златна свадба. Сопругот, по неколку чаши ја прашува жена си:
Душо, имам чувство дека Јовче, најмалиот од седумте синови, некако не личи на другите… да не е од друг татко?
Сопругата ја наведнува главата и одвај проговорува:
– Да, драги, така е…
На нејзиниот сопруг, срцето му се кине од болка, но сепак со солзи во очите ја прашува:
Душо, те молам, ќе ме боли ужасно, но морам да знам… кажи ми кој е неговиот татко.
– Ти драги.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 21 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 21 of 33 Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22 ... 27 ... 33  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот