Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ракомет

+5
IVA
ribar1
tmoro
Kalinda
osa
9 posters

Страна 1 of 5 1, 2, 3, 4, 5  Next

Go down

Ракомет Empty Ракомет

Пишување by tmoro Пет Фед 06 2015, 14:35

Тоатален хаос во РК Металург.Сите репрезентативци го напуштаат бродот што тоне.Финансиската ситуација го стори своето.

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Вто Фед 10 2015, 22:39

Ракометарката Мечевска се бори за живот

Ракомет Robertina-mecevska

Македонска репрезентативка Робертина Мечевска паднала од петти спрат од својот стан во скопската населба Острово и се здобила со потешки повреди на градниот кош и обилно крварење на белите дробови.

Од Ургентен центар за „24 вести“ велат Мечевска е во свесна состојба, но критична и дека ракометарката се бори за живот. Во моментов повеќе лекари се обидуваат со неколку тешки операции да го спасат животот на Мечевска.

Од МВР за телевизијата информираат дека станува збор за несреќен случај но допрва ќе треба да се откријат причинита за несреќата. Полицијата сеуште врши увид на лице место и допрва ќе се утврдува за тоа како се случил немилион настан.

Мечевска беше новото засилување на ЖРК Вардар.

http://plusinfo.mk/vest/14517/rakometarkata-mecevska-se-bori-za-zivot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Вто Фед 10 2015, 22:41

Се огласија и од ЖРК Вардар.

ЖРК Вардар: Состојбата на Мечевска е сериозна, се надеваме на најдобро

Ракомет Mecevska-zrk-vardar-2-615x400

Раководството на ЖРК Вардар информира дека здравствената состојба на Робертина Мечевска е сериозна, а клубот е во постојан контакт со сите доктори кои се грижат за нејзиното здравје. Надежта на сите во клубот е дека Робертина како голем борец ќе ја надмине оваа ситуација и дека ќе се врати на ракометните терени.

„Веста за несреќата на Робертина Мечевска силно не потресе сите во клубот. Девојките беа на попладневниот тренинг кога ја слушнаа веста. Во моментов Робертина Мечевска е примена на Клиничкиот Центар во Скопје, и клубот прави се што е во негова моќ да и помогне, да го надмине ова што и се случи.

Ситуацијата е сериозна, а ние како клуб сме во постојан контакт со сите доктори кои се грижат за нејзиното здравје.

Робертина е дел од семејството на Вардар, репрезентативец на Македонија, голем борец, и веруваме дека ќе успее да се опорави и да го надмине овој тежок период во нејзиниот живот.

Луѓето од клубот веднаш по дознавањето беа во болница, и се во тек се што се случува. Робертина е борец, голем човек и спортист, и веруваме дека повторно ќе биде со нас на теренот“, објави ЖРК Вардар на својот официјален сајт.

http://ekipa.mk/zhrk-vardar-sostojbata-na-mechevska-e-seriozna-se-nadevame-na-najdobro/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 11:28

Мечевска има сериозни повреди на ’рбетот и ребрата и е во тешка состојба

Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска има тешки сериозни повреди од животнозагрозувачки карактер и се наоѓа на Oдделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Ова денеска за МИА го изјавија од ТОАРИЛУЦ кои посочија дека и покрај извршениот оперативен зафат во кој слезината е санирана, Мечевска има сериозни повреди на ’рбетот и ребрата и е во тешка состојба.

– Оперативниот зафат на слезината е еден дел којшто е саниран од многуте повреди што ги има пациентот. Значи, таа има многу повреди од коишто една била како итна повреда поради која што мораше да се внесе во сала и да се направи оперативна интервенција и по тој дел е добра. Меѓутоа, останатите повреди кои ги има се сериозни, потенцираат од ТОАРИЛУЦ.

Оттаму наведуваат дека продолжува лекувањето на Мечевска, има конзилиум, се договараат, а дали ќе има и други интервенции зависи од мислењето на лекарите.

Робертина Мечевска вчера се здоби со тешки повреди по пад од петтиот спрат од својот стан.

http://libertas.mk/%D0%BC%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B1%D0%B5/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Саб Фед 14 2015, 21:53

Вечерва во ЛШ Вардар го победи Монпелје.
Следната сабота во Германија ке одлучува за второ место во групата помегу РНЛ-Вардар.

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Саб Фед 14 2015, 21:55

Гол каков досега не е виден на ракометните терени постигна бекот на Загреб, Душко Челица речиси од центар по истекот на регуларниот дел од мечот во Лигата на шампионите против Ла Роха.

Челица преку живиот ѕид успеа да го изненади неспретниот голман на Ла Роха, Гомез, и донесе победа за составот на Веселин Вујовиќ кој значи место во Топ 16 фазата.

Овој гол, очекувано го „збесна“ и Веселин Вујовиќ. Нешто што вреди да се погледне…



Последната промена е направена од tmoro на Саб Фед 14 2015, 21:59. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : ?)

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Пон Фед 16 2015, 15:39

Дибиров го предводеше Вардар до триумфот над Монпелје

Со 12 погодоци ракометарот Тимур Дибиров вечерва го предводеше Вардар до шестата победа во група Ц од ракометната Лига на шампиони. Конечниот резултат на дуелот кој се играше вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на 9.коло од елитното натпреварување е 30:26.

Вардар предноста стекната од првото полувреме (18:13) успеа да ја зачува и во вторите 30 минути. Монпелје најмногу што направи е што се доближи до минус два, но нашите ракометари не му дозволија да направи резултатски пресврт и успешно го приведоа натпреварот кон крајот.

Покрај најдобриот играч Дибиров, на голот на домаќините се истакна И ракометарот Арпад Штербик со 10 одбрани. Словенецот Драган Гајич со шест голови беше најефикасен во гостинскиот состав.

Од овој круг во групата Ц утре играат Чеховски Медведи – Рајн Некар и Веспрем – Цеље.

Табела: Веспрем 14 бодови (8 натпревари), Вардар 13 (9), Рајн Некар 10 (Cool, Монпелје 8 (9), Цеље 4 (Cool и чеховски Медведи 1 (Cool.

Следната сабота „црвено-црните“ во Германија против Рајн Некар Ловен ќе се борат за втората позиција, под услов германскиот претставник да забележи победа утре на гостувањето во Русија.

http://plusinfo.mk/vest/14962/-dibirov-go-predvodeshe-vardar-do-triumfot-nad-monpelje

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Вто Мар 03 2015, 19:13

Metalurg vo kriza...Chervar najavuva zaminuvanje???

Червар: Останувам во Металург до крајот на сезоната а потоа ќе видиме

Ракомет Mkd-179597

http://www.mkd.mk/sport/rakomet/chervar-ostanuvam-vo-metalurg-so-krajot-na-sezonata-a-potoa-kje-vidime

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Вто Мар 03 2015, 20:48

Штета ако замине само се надевам пак да направат добар тим и да играат ЛШ.

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Чет Мар 05 2015, 07:53

Борко брилијантен во новиот триумф на Кретеј

Ракомет Borko_Ristovski_1

Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски имаше уште одлична партија во францускиот шампионат во дресот на Кретеј.
Тимот од предградието на Париз ја забележа петтата победа во низа во првенството и Купот, а последна жртва беше последнопласираниот тим на табелата Истр кој беше совладан со 30:26 (14:9). На голот на гостите блескаше нашиот Ристовски кој беше најдобриот поединец на оваа средба, имаше 15 успешни интервенции (еден одбранет пенал) , односно 36,59 успешност на одбранети удари.
Кретеј по 17 кола во првата француска лига се наоѓа на 10 позиција со 15 освоени бодови.

http://derbi.mk/index.php/rakomet/svet/item/23582-borko-brilijanten-vo-noviot-triumf-na-kretej

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Пет Мар 06 2015, 18:29

За малку, како што пишуваат порталите...

Драматично слетување на вардарки во Љубљана

Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар имале непријатно слетување на аеродромот во Љубљана, каде утре ги чека важен меч против Крим во Лигата на шампионите.

Ракомет Phocathumbldd187630

http://zazabava.com/dramatichno-sletuvanje-na-vardarki-vo-ljubljana

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Саб Мар 07 2015, 22:34

Браво за Вардарци...

Вардар игра во голема форма, Веспрем на колена во „Јане Сандански“

Ракометарите на Вардар одиграа уште еден одличен натпревар и со убедливи 28:21 му го нанесоа првиот пораз на Веспрем во СЕХА лигата.

Ракомет Mkd-180384

Одлична увертира за натпреварите против Висла Плок во Лигата на шампионите, Вардар со маестрална партија против силниот Веспрем го заврши регуларниот тек на СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ одиграа на високо ниво и по трите порази од Веспрем оваа сезона, конечно го наплатија долгот победувајќи со убедливи 28:21.

Вардар стартуваше фуриозно, уште на стартот направи огромна предност водевме со 8:1, потоа и со 11:3 до крајот со сигурна игра го одржувавме водството не дозволувајќи му на противникот да се понадева на поволен резултат.

Тимур Дибиров беше најефикасен со осум погодоци, Душебаев постигна пет. Страхиња Милиќ имаше фантастична партија во второто полувреме, одбрани 10 пати и во неколку наврати ја крена публиката на нозе.

http://grid.mk/read/news/509819220/9725275/vardar-igra-vo-golema-forma-vesprem-na-kolena-vo-jane-sandanski

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Вто Мар 10 2015, 14:20


tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Пет Мар 13 2015, 21:56

ЖРК ВАРДАР ДОГОВОРИ УШТЕ ЕДНО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Ракомет E01a7a010bcfd23284680a91a359ba49_L

ЖРК Вардар работи со полна пареа со засилувањата за следната сезона, иако актуелната допрва го достигнува својот зенит.

Шведската репрезентативка и актуелна ракометарка на германски Букстехуде, Улрика Агрен, би требало да биде најновото засилување на актуелниот македонски ракометен шампион и третата најдобра европска екипа ЖРК Вардар за следната сезона.

Агрен настапува на позицијата пикер каде „Вардарки“ имаат најголеми кадровски проблеми, со оглед на тоа дека Бегоња Фернандез веќе подолг период е повредена, па засега Алтхаус е единствената опција, а конкуренција и е младата Гакидова.

Алгрен е 28-годишна ракометарка и е една од најдобрите поединки во германскиот состав. Во досегашниот тек од кариерата таа настапувала и за екипите на Рандерс и Есбјерг во Данска, како и за Савенхоф во шведскиот шампионат. Трансферот сѐ уште не е потврден од страна на ЖРК Вардар, па се очекува во наредниот период истиот да биде официјализиран.

http://grid.mk/read/news/509858760/9752455/zhrk-vardar-dogovori-ushte-edno-zasiluvanje-za-slednata-sezona

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Пет Мар 13 2015, 23:46

Стартува осминафиналната фаза во Лигата на шампионите во ракомет

Ракомет Logo_big

Со натпреварот меѓу Рајн Некар Ловен и ПИК Сегед што се игра вечерва стартува осминафиналната фаза од ракометната Лига на шампионите. Меѓу 16-те тимови се наоѓа и македонскиот претставник Вардар, кој пак утре во Полцк ќе гостува кај полската екипа Висла. „Вардарци“ денеска заминуваат за Полска. Висла го освои третото место во групата Б, а на домашен терен ги победи Барселона и Флензбург, но загуби од Колдинг.

Во реприза на ланското финале ќе играат бундеслигашите Флензбург и Кил.

Двојки од осминафиналето од ЛШ: Рајн Некар Ловен – Пик Сегед (петок), Висла – Варадр, Ла Риоха – Веспрем, Данкерк – ПСЖ, ППД Загреб – Колдинг (сабота), Монпеље – Киелце, Алборг – Барселона и Флензбург – Кил (недела).

Реванш натпреварите се играат следниот викенд на 21 и 22.март.

http://plusinfo.mk/vest/18223/-startuva-osminafinalnata-faza-vo-ligata-na-shampionite-vo-rakomet

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Гостин Саб Мар 14 2015, 20:43

ЖРК Вардар славеше над Динамо, следен е Ѓер

Ракомет Zrk-vardar-na-kupce-615x400

Ракометарките на ЖРК Вардар со победа ја завршија главната групна фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен славеа над Динамо Синара со резултат 28-27. „Вардарки“ не стигнаа до посакуваниот триумф од преку осум гола разлика, најмногу поради бројните осцилации во играта и промашените зицери кога можеше да се дојде до пет-шест гола позитива и порано да се реши прашањето на победникот. Вака, избраничките на Кастратовиќ се до последната минута се мачеа да дојдат до триумф, на крајот минимален, но сепак значаен за со победнички менталитет да почнат подготовките за четвртфиналниот двомеч против актуелниот европски првак Ѓер.

Динамо подобро го отвори мечот и дојде до рана предност од 0-3, а „вардарки“ првиот гол го постигнаа во 4. минута преку Андреа Лекиќ. Неколку минути подоцна Лекиќ погоди и од седум метри, а откако во ритам влезе и Пенезиќ со два гола, македонскиот состав дојде до првата предност (5-4, 11. минута). Лејно беше фантастична на голот, Лекиќ ја разигра и Алтхаус, па Вардар експресно се одлепи и на „плус три“. ЖРК Вардар поведе и со 9-5, но потоа следеше криза во редовите на овој тим, па по трите гола во низа на Русинките, Индира Кастратовиќ се реши да побара тајмаут.

Дембеле ја прекина серијата на гостинките, а поцврстата игра во одбрана им овозможи на „црвено-црните“ повторно да се одлепат и да поведат со 14-11. Алтхаус заработи исклучување и Динамо намали преку Кочетова, но веќе во следниот напад две гостински ракометарки мораа да го напуштат теренот. Ихнева знаеше како да го искористи тоа, но на спротивната страна Кочетова со нов гол, од преку 10 метри со звукот на сирената ги постави конечните 15-13 по првите 30 минути игра.

Лејно имаше 11 интервенции во првото полувреме, но Кастратовиќ сепак се реши за промена на голманската позиција, па на голот во вториот дел застана Суслина. Одбраната делуваше многу поцврсто, но и нападот беше многу поефикасен, па „вардарки“ по десетина минути игра одново се вратија на „плус четири“ (20-16), резултат при кој Алтхаус не реализираше зицер. Динамо успеа да се врати, намали на 21-20, по што Кастратовиќ се обиде со тајмаут да ги консолидира редовите на својот тим. Сепак, советите на Индира не вродија со плод, па рускиот состав успеа да направи целосен резултатски пресврт и во последните десет минути да влее со предност од 23-24.

Во клучните моменти проработе Андреа Пенезиќ, која со два гола го врати ЖРК Вардар во водство од 26-25 на три минути до крајот. Лејно, која во меѓувреме се врати на голот, одбрани неколку удари, а на спротивната страна Алтхаус со својот четврти гол зголеми на 27-25. Акопиан беше прецизна за 27-26 на една минута до крајот, но Алтхаус беше прецизна уште еднаш, осигурувајќи ја победата на „црвено-црните“ на оваа средба.

Пенезиќ со седум гола беше најефикасна во редовите на ЖРК Вардар, пред Алтхаус со пет и Радичевиќ с0 четири погодоци, додека Лејно исто така беше одлична на голот, со 15 успешни интервенции.

Така, „вардарки“ дефинитивно ќе го освојат третото место во својата група и за противник во четвртфиналето од ЛШ ќе го имаат актуелниот европски првак Ѓер.

http://ekipa.mk/zhrk-vardar-slaveshe-nad-dinamo-sleden-e-ger/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Саб Мар 14 2015, 22:22



ЖРК Вардар славеше над Динамо, следен е Ѓерhttp
http://ekipa.mk/zhrk-vardar-slaveshe-nad-dinamo-sleden-e-ger/

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Саб Мар 14 2015, 22:30


Висла е моќен противник: Вардар во Скопје ќе брка негатива од 6 гола
http://ekipa.mk/86725/

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Чет Мар 19 2015, 18:23


tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Саб Мар 21 2015, 19:41

За 30 мин започнува битката за четвртфинале помегу ВАРДАР и ВИСЛА,на вардарци им треба победа од најмалку 6 голови,,,,да се надеваме на пласман на Вардар во четвртфинале

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Саб Мар 21 2015, 21:27

Колку е злобна оваа власт се гледа по тоа што кај салата Ј,Сандански на вечерашнава утакмица пуштила 4 пајаци...им требаат пари за митинзите на Пастирот

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Саб Мар 21 2015, 21:50

Вардар втора година по ред е четвртфиналист во Лигата на шампионите, откако „црвено-црните“ во вечерашниот реванш дуел го демолираа составот на Висла Плоцк со резултат 31-20. Полјаците дојдоа во Скопје со предност од 32-26 од првиот меч, но тоа не им беше доволно бидејќи налетаа на максимално мотивираните „вардарци“, кои бодрени од верните навивачи покажаа дека апсолутно заслужено одново ќе бидат дел од „европскиот крем“ – еден од осумте најдобри клубови на Стариот Континент

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by osa Саб Мар 21 2015, 22:53

chestitki za Vardar ....samo da prodolzi motivirano ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by tmoro Вто Мар 24 2015, 20:49

Патот до Ф4 на Вардар води преку Кјелце

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by osa Чет Мар 26 2015, 19:13

nema li nishto novo za sport ,tmoro ?
ako ima pishi da se informirame !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Ракомет Empty Re: Ракомет

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 5 1, 2, 3, 4, 5  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот