PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
+10
Dino
osa
Luxor
OPOZICIONER
Bosonoga
PRVOBOREC
SHARENI
TRAJCHE
трендафил
Teo
14 posters
Страна 5 of 6
Страна 5 of 6 • 1, 2, 3, 4, 5, 6
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Без тоа име денес немаше да постои државата, значи СДСМ се од почеток државотворна партија за разлика од дпмне.
Luxor- Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Постоевме како Република Македонија пред додавањето на тоа поранешна југословенска. Тоа што меѓународната банда (заедница) не не признаваше не значи дека не сме постоеле.
Интересен твит за комитите кои ги жртвувале своите животи за Македонија и пратениците кои ја жртвуваат Македонија за својот живот.
http://expres.mk/duhot-na-komitite-porachuva-za-makedonija-a-ne-za-vas-foto/
Интересен твит за комитите кои ги жртвувале своите животи за Македонија и пратениците кои ја жртвуваат Македонија за својот живот.
http://expres.mk/duhot-na-komitite-porachuva-za-makedonija-a-ne-za-vas-foto/
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Во дпмне нема ниту к од комити, ама затоа к-то ви е одличен синоним за криминалци.
Luxor- Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Ова не е форум за историја. Во сегашно време криминалците од ВМРО соработуваат со СДСМ, односно ја жртввуваат Македонија за своите побогати животи.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Тебе сега ти текна дека дпмне-офците се спремни за пари и родената мајка да ја продадат?
Luxor- Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Сакаш ли да кажеш дека СДСМовци не жалат пари да купат Вмровска мајка?
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Интересна порака од Тони Михајловски до пребеганите пратеници и други членови од ВМРО.
„ Голем срам, ести голем срам, е да те бранат непријателите од, до вчера, твоите браќа и сестри. А уште поголем срам е, ти да го браниш непријателот пред истите тие браќа и сестри.
Тоа уште се вика, и предавство. “
„ Голем срам, ести голем срам, е да те бранат непријателите од, до вчера, твоите браќа и сестри. А уште поголем срам е, ти да го браниш непријателот пред истите тие браќа и сестри.
Тоа уште се вика, и предавство. “
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Samo toa uspeal da smisli...Porano beshe pokreativen...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Abe kakvi neprijateli kakvi predavnici. koj od kogo brane. Sekoj si gleda dzepceto da si go napolne.
Dosta veke so ovoj lazen patriotizam. Da ne on slucajno se borese 2001-va so lavovite ili taka pari zemase za na televizija da se pojavuva.
Dosta veke so ovoj lazen patriotizam. Da ne on slucajno se borese 2001-va so lavovite ili taka pari zemase za na televizija da se pojavuva.
nino- Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Тоа би требало да го знае советникот на Зоран Заев, Љубе Бошковски.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Подобро прашај го масонскиот витез Вилипче Петровски кој за малку ќе ти беше нов пастир.
Luxor- Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Министерот од времето на војната, прозападниот брат Љубе би требало да биде најзапознаен со ситуацијата тогаш. Доколку со пристапувањето на новата антиисточна коалиција (со исклучок на Бугарија која веројатно е прогласена за западна) не ја избришал историјата од својата глава.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Ајде собери ги мислите и обајсни против кои источни земји е потребна антиисточна коалиција и зошто членката на НАТО и ЕУ Бугарија ја ставаш во некакви источни сојузи?
Luxor- Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Од спротивни причини од кои треба да бидеме прозападни, а за жал западот води непријателска политика кон истокот за да си го задржан некои земји, не сите од сојузите, ЕУ и НАТО, туку само некои од „прва“ категорија. Географски факт е дека Бугарија е на исток, а Албанија на запад од Македонија како први соседи. Кај нас се одомаќени некои идиотски изрази. На пример за ЕУ како запад Истото важи и за НАТО. Факт е дека нашата љубов кон западот сака да се искористи за ЕУтаназија на македонскиот идентитет во сегашен облик и за бришење на нашата историја. При тоа се користат сите средства. Во своето интервју Сергеј Лавров одговара на едно прашање во врска со „Пронаоѓањето“ на пратеници од опозицијата што ќе поддржат уставни промени. „ Тие беа заклучени во нивните канцеларии, и нивните мобилни им беа одземени. Амбасадорот на САД беше во зградата цело време, и не беше едноставно само присутен таму. Му го реков сето ова на Џон Болтон, тој само се насмеа и рече „тоа е многу тешка земја“.“ Интервјуто е објавено на 25ти, не и во прозападните и западните „демократски“ медиуми. Ако Македонија во иднина доживее да биде слободна земја, ова интервју ќе биде дел од историјата. На Македонија се однесува претпоследното прашање.
http://www.mid.ru/ru/foreign_policy/news/-/asset_publisher/cKNonkJE02Bw/content/id/3384450?p_p_id=101_INSTANCE_cKNonkJE02Bw&_101_INSTANCE_cKNonkJE02Bw_languageId=en_GB
http://www.mid.ru/ru/foreign_policy/news/-/asset_publisher/cKNonkJE02Bw/content/id/3384450?p_p_id=101_INSTANCE_cKNonkJE02Bw&_101_INSTANCE_cKNonkJE02Bw_languageId=en_GB
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Lele crepovite ruski i dpmneovski seuste ne mozat da prezalat sto se odlucivme za zapadot.
Bosonoga- Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
А Лавров знае, бил таму и видел? Или му одговара да ја прифати вашата верзија што ја смисливте да го сокриете распадот. Престани да шириш непријателска пропаганда. Единствените насилници сте вие од дпмне. И Рангелова ли беше затворена и и без телефон на емисијата во живо? И Митко Јанчев ли? Не ви е срам да се заканувате на жени и деца? Вие сте зло што мора да биде запрено.
Рангелова: Не можам да поверувам што сум зборувала пред една година
https://press24.mk/rangelova-ne-mozham-da-poveruvam-shto-sum-zboruvala-pred-edna-godina
Рангелова: Се срамам од чинот на шиканирање на колегите од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени
https://www.mkd.mk/makedonija/politika/rangelova-se-sramam-od-chinot-na-shikaniranje-na-kolegite-od-vmro-dpmne-koi
Митко Јанчев доби закани по живот да не гостува во емисијата 24 Отворено
https://www.24.mk/mitko-janchev-dobi-zakani-po-zhivot-da-ne-gostuva-vo-emisijata-24-otvoreno
МИТКО ЈАНЧЕВ И СОПРУГАТА ПОД ЗАКАНИ ЗА УБИСТВО
https://sdk.mk/index.php/makedonija/mitko-janchev-i-soprugata-pod-zakani-za-ubistvo/
Luxor- Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Нема демант по изјавата на Лавров ниту од амбасадата на САД, да не говорам за повисока институција на САД. Поминати се веќе 5 дена по објавувањето на интервјуто на званичната веб страница на руското министерство за надворешни работи. Ајде ќе поставам едно прашање. Што мислиш дека ќе беше со Македонија ако наместо Русите, западните „пријатели“ го ослободеа Балканот. Дали и во Република Македонија ќе поминевме како Македонците во Грција?
И Митко Јанчев како градоначалник и претходно пратениците на ВМРО се избрани со преизборна програма во која пишува дека нема да се дозволи промена на уставното име. Дотичните се предавници на таа идеја и иозмамници што со лага дошле на сегашните места. Можеби не е така, но мора да се провери на избори дали само пратениците го смениле мислењето или и нивните гласачи. Посебно по референдумот кој беше консултативен, но не и успешен. Ако амбасадорите и странските лидери одлучуваат што треба да прави Македонија не ни требаат избори. Не ни треба ни парламент. Нека си одберат само диктатор и да не се прават трошоци за глумење демократија. Ти веројатно веруваш дека сега во Либија, Ирак или Сирија се живее подобро отколку пред воведувањето на „западна демократија“ во тие земји. И дека луѓето бегаат од таму затоа што не се навикнати на демократија. Но зошто тогаш бегаат на запад, а не во Саудиска Арабија, на пример.
И Митко Јанчев како градоначалник и претходно пратениците на ВМРО се избрани со преизборна програма во која пишува дека нема да се дозволи промена на уставното име. Дотичните се предавници на таа идеја и иозмамници што со лага дошле на сегашните места. Можеби не е така, но мора да се провери на избори дали само пратениците го смениле мислењето или и нивните гласачи. Посебно по референдумот кој беше консултативен, но не и успешен. Ако амбасадорите и странските лидери одлучуваат што треба да прави Македонија не ни требаат избори. Не ни треба ни парламент. Нека си одберат само диктатор и да не се прават трошоци за глумење демократија. Ти веројатно веруваш дека сега во Либија, Ирак или Сирија се живее подобро отколку пред воведувањето на „западна демократија“ во тие земји. И дека луѓето бегаат од таму затоа што не се навикнати на демократија. Но зошто тогаш бегаат на запад, а не во Саудиска Арабија, на пример.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Зошто да демантираат лажни тврдења? За да им дадат публицитет и легитимитет? Секој малку разумен е свесен дека тоа е лага и нема потреба да се прават лажливците славни.
Luxor- Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Гледам дека владата сака Охридскиот рамковен договор да го изедначи со Крушевската Република, АСНОМ и 8 септември. Се бришат и одлуките на АСНОМ, а се спомнува само прогласот упатен до граѓаните од заседанието. Чудо не се спомнува Преспанскиот договор и великаните од Кале. Предлог за преамбулата е овој.
Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на с# што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година и на Охридскиот рамковен договор ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој
Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на с# што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година и на Охридскиот рамковен договор ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој
УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Na site temi edno i isto kje ti odgovoram...Shto ochekuvavte vie posle vashite kriminalni i manipulatorski 11 godini vladeenje??? Napravivte neshto za sprechuvanje na ova shto sega se sluchuva??? Se distanciravte od NATO i EU??? Ili kako najgolemi orospii koketiravte so niv??? Gi lazhevte deka kje go smenite imeto, pregovaravte so grcite, pa duri i so bugarite??? Se samo zaradi vashite kriminalni i nezasitni lichni interesi...Zoshto seriozno ne rabotevte na alternativni reshenija, makar toa bila i Evroaziskata unija??? Zoshto ne se povlekovte od pregovorite so Grcija i Bugarija??? Zoshto ne im kazhavte glasno i jasno na NATO i EU deka ne sakate tamu??? I zoshto prodolzhuvate so predavstvata??? Namerno ne go napushtivte sobranieto...Namerno gi ostavivte pratenicite na cedilo da im se vrshi pritisok...Namerno ste seushte vo parlamentot za da dadete legitimitet na seto toa...So edna edinstvena cel bojkotiravte...Se nadevavte deka zapadot shto do vchera go lazhevte da vi dava krediti koi vie gi kradevte kje se otkazhe ako referendumot nema cenzus...I deka kje uspeete da gi izmanipulirate pak lazhejki deka kje ispregovarate podobar dogovor...Iako mnogu dobro znaevte deka dogovorite so grcite i bugarite ne se delo na Zaev i negovite kolegi od Grcija i Bugarija tuku deka se pishuvani vo Vashington...A vie glupite partiski poslushnici go velichevte Tramp...Glupiot Zhmicko i idiotite Nikolovski i Antonijo mislea deka se pametni...Ama go izduvaa nabrzina...Ve nasankaa vas da uchestvuvate vo predavstvoto bojkotirajki iako jasno znaeja deka postapkata kje prodolzhi vo parlamentot bez ogled na rezultatite zatoa shto referendumot beshe konsultativen...I posle toa napravija se da uspee promenata...Sedejki vo parlament...Nezashtituvajki gi pratenicite...Celta ednostavna...SDSM kje go smeni imeto, na sledni izbori doagjate na vlast na krilata na patriotizmot...Problemi nemate...EU fondovi techat vie masovno kradete...No glupacite shto gi postavivte na chelo na dpne ni za tolku ne se sposobni...Uspeaa da ja izoliraat i marginaliziraat partijata so svoite idiotski potezi...Pa i pokraj sesrdnata sorabotka promenata na imeto da uspee sepak vashite dovcherashni partneri procenija deka so takvi nesposobnjakovichi na chelo najdobro e da ve snema od politichkata scena...Shto kje bide najdobroto reshenie za Makedonija...Od samata pojava do den denes vashata uloga bila predavnici i krvnici na Makedonija i makedoncite...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
трендафил напиша:Ајде да ги нотираме писмото на америкакскиот помошник на помошникот државен секретар– Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај тврдењата дека можел да се постигне некаков „подобар договор”, ние не веруваме дека тоа е можно. Овој договор бараше компромис и од двете страни. Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении, вели Мичел во писмото објавено на веб страницата на амбасадата на САД во Македонија.
Нема да Ве изненади, додава Мичел, што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот.
– Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ. Сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор. Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда. Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи, стои во писмото на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел до Мицкоски.
https://vecer.press/мичел-до-мицкоски-разочарани-сме-од-че/
и одговорот на Мицковски.Почитуван помошник државен секретар г-дин Мичел,
Со посебно внимание го прочитав Вашето писмо и би сакал да ја искористам оваа можност да Ви се заблагодарам за поддршката која мојата татковина ја добива во поглед на евроатланските интеграции што се и стратешки интерес на мојата партија и граѓаните на мојата земја. Се надевам дека многу скоро Република Македонија ќе биде дел од НАТО И ЕУ семејствата, но горда и достоинствена, а не понижена, обезличена и омаловажена.
Во продолжението на ова писмо би сакал да потенцирам неколку факти, имено процесот на преговори беше воден без создаден амбиент, авантуристички, манипулативно сокриен од јавноста, без вистинска стратегија и со лажни пораки. Во целиот тој период на преговори, детализирање и начинот на доаѓање до договорот ние како најголема политичка сила бевме исклучени, бевме надвор од процесот и не бевме консултирани. Ова го потенцирам од причина што ова решение кое се дискутира е решение кое припаѓа на субјектите на власт, и до истото не е дојдено по пат на консензус, во период и време кога таков консензус се бара и од опозицијата.
Понатаму, Владата узурпирајќи го процесот, наметна манипулативно и повеќезначно референдумско прашање кое ги инкорпираше и НАТО и ЕУ. Моите јасни сугестии беа дека прашањето е свесно повеќезначно и збунувачко, и дека потребно е да бидат формирани две одвоени прашања, едно кое ќе се однесува чисто за прифаќање или неприфаќање на договорот, и друго кое ќе ја изрази волјата на граѓаните дали се за членство во НАТО и ЕУ, што според моето длабоко уверување е наш стратешки интерес. Повторно ВМРО-ДПМНЕ не наиде на разбирање од Владата и реши процесот да го продолжи без консезус со опозицијата.
Целокупниот овој процес изобилува со погрешни проценки, лажни надежи и погрешни очекувања кои за жал беа производ на Владата, која ја лажеше целокупната меѓународна заедница дека ќе испорача нешто што не е во можност да го испорача.
Почитуван г-дин Мичел,
Овој Договор е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е НЕПРИФАТЛИВ за ВМРО-ДПМНЕ и за огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, што впрочем и се покажа на последниот референдум каде што и покрај бруталното и насилничко полнење на кутиите од страна на луѓе блиски до Владата, сепак на крај не успеаjа во намерата да обезбедат ни приближно услови за да референдумот биде прогласен за успешен. Имаме места каде што брутално и насилно се полнеа кутии и излезеноста е поголема од 90%, иако долгогодишниот просек не надминува 45%. Зарем тоа се вредностите во кои треба да веруваме? Зарем тоа е начинот како треба да се уништуваат демократските придобивки кои ги развивавме во годините на независна, суверена и самостојна Република Македонија? Зарем треба да останам нем на прашањата на моите студенти кога споредуваат примери каде се побиваат законите на физиката со гласање на секои 5 секунди?Зарем европска вредност ли се заканите уцените кои ги доживуваа граѓаните директно од власта за да излезат и гласаат, лажното преставување на лица од власта и лобирање во време на референдумскиот молк, а да не споменувам за стотиците дисциплински мерки, уназадувања, санкции и отпуштања на вработените во државната администрација кои не го поддржаа договорот, или пак продолжувањето на политичкиот прогон врз неистомислениците на власта, нешто што за нас стана секојдневие и навика со која се научивме да живееме во нашето општество. Зарем треба да го премолчиме фактот дека сите институции молчат за тоа што се случуваше на денот на гласање на референдумот и она потоа?
Одговорот е едноставен, одбивам тоа да го прифатам и не само што одбивам туку и жестоко ќе се спротивставам со сето свое знаење, капацитет и демократски алатки против ваквите девијантни појави. Ова не е Македонија во која сакаме да живееме.
Продолжувам и навистина не можам да поверувам како ќе се придонесе за стабилноста, мирот и сигурноста доколку се прифати Договор кој:
1. убедливото мнозинство на граѓани го отфрли на референдумот,
2. со кој се менува Уставот со цел промена на Уставното име на државата,
3. со кој се поништуваат сите стекнати права на Република Македонија како
a) резолуцијата на ОН за прием на Република Македонија од 1993 година, б) времената спогодба со Грција од 1995 година и c) Хашката пресуда во полза на Македонија од 2011 година,
4. со кој со членот 8 од договорот се предвидува формирање на Комисија помеѓу двете држави Република Македонија и Грција задача за ревидирање на историјата, археологијата и образованието, трајно наштетувајќи на идентитетот на мојата земја.
5. со кој се откажува земјата од грижата за Македонските малцинства во други земји, но истовремено се откажува и од Македонците во дијаспората.
Што се однесува до делувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени кои во моментот се во Собраниска процедура истото е плод на нашиот претходен став дека договорот не можеме да го прифатиме, кој беше едногласно прифатен вклучително и од пратеничката група, а притоа црпејќи го легитимитетот од референдумот кој се случи.
И можам да ве уверам дека доколку има некакви информации за закани, уцени или било какви обиди за влијание врз нивното одлучување и одлучувањето на било кој пратеник тогаш тоа е од кругови или поединци кои не се дел од структурите на мојата партија. Јас не прифаќам таков начин на делување и истиот го осудувам.
Во многу наврати ја предупредував јавноста и нашите меѓународни пријатели, истото го посочувам и денес, овој процес му е доверен на човек кој не е искрен во намерите и ветува нешта што не може да ги исполни, притоа знаменосецот на таа идеја е посипан со десетици афери, сомнежи за криминал и отсуство на секаква волја за расчистување со случаите на корупција и вистинско владеење на правото. Факторот време покажува дека впрочем најголемата опасност поради кој земјава влегува во криза е токму првиот човек на владата.
Јас како пријател на вашата земја, силно ја уважувам вашата ангажираност да помогнете во процесот, и како човек кој се образувал и работел во државите од ЕУ и целосно ги споделува тие западни вредности сакам заеднички да ја градиме иднината на мојата татковина, базирајќи се на принципи и искрен однос. Но, исто така сум човек кој силно верува во основните цивилизациски придобивки на самоопределување како Македонец и самоименување на мојата татковина Република Македонија.
“секогаш е најтемно пред зората”
https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/mitskoski-michel-dogovorot-e-neprifatliv-za-vmro-dpmne/
koj te zaeba deka e pomoshnik na pomoshnikot ......ha ha kolku glup si izlegol ....glej duri i zmicko znae deka e pomoshnik sekretar .....eve pred dva tri dena i Rangelova kaza deka site stranski diplomati i toa bitni luge vo sverata na nadvoreshnata politika gi otkachile ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Во Уставот влегува прогласот на АСНОМ, според предлозите на владата. Во него пишува- „ Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар.“ Што би рекле јасно се дефинира дека Бугарите биле фашистички окупатори на Македонија, што е во спротивност со договорот за добрососедство со Бугарија. АСНОМ излегува и дека бил видовит и претпоставил дека некој ќе ја завладее Македонија за сметка на некој друг господар. Тие претпоставиле дека тоа ќе биде Ванчо Михајлов кој не го сторил тоа веднаш како што очекувале, а тоа го прави Зоран Заев 74 години подоцна.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Македонија секогаш била владеена од некој друг за сметка на некој трет.
Luxor- Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Евроатлантскиот расизам според кој Македонците се етникум од подолен ред и нема право сам да се именува, очигледно влегува и во Уставот, па ќе се именуваме како други што сакаат.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: PREDLOG NA VLADATA ZA IZMENI NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Сите што предложија и гласаа за пристапување кон измена на Уставот со цел прoмена на името на државата и идентитетот на нацијата се соочуваат со долгогодишни затворски казни според поднесената кривична пријава.
Светскиот Македонски Конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесоа кривична пријава на 113 страници против премиерот, министрите и осудмесет пратеници кои гласаа за Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, со цел примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, склучена на 17 јуни 2018 година, која не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата, бидејќи не е ратификувана во согласност со Уставот и е во спротивност со меѓународното право!
Одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија е донесена во спротивност со референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година.
Во кривичната пријава се наведува дека и покрај тоа што Законот за ратификација на Договорот Димитров-Коѕиас е двапати гласан во Собранието на седниците одржани на 20 јуни и 5 јули 2018 година, указот за негово прогласување не е потпишан од претседателот на Републиката и не е објавен во “Службен весник на Република Македонија“, односно не е влезен во сила поради што не е дел од внатрешниот правен поредок на Македонија.
Во кривичната пријава подносителите наведуваат дека Спогодбата Димитров-Коѕиас е надвор од опфатот на резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, затоа што во нив се зборува за “разлика околу името на државата“, а не за “разлики“ како што зборува оваа Спогодба.
Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот, односно Законот за ратификација на Спогодбата не е во согласност со членовите 51, 118 и 119 од Уставот на Република Македонија.
Спогодбата Димитров-Коѕиас ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција, Спогодбата создава правни последици што се основа за кривичните дела по кои се поднесува кривичната пријава до Основното јавно обвинителство.
И покрај тоа што одлуката на Референдумот “за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ одржан на 30 септември 2018 година не беше усвоена, Владата на седницата одржана 8 октомври 2018 година утврди Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија, заради усогласување на Уставот со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година.
Пратениците со гласањето на Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас, извршија и кривични дела против нацијата и државата, затоа што ја суспендираа слободно изразената волја на референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки. Одлуката од референдумот е задолжителна за сите без исклучок!
Подносителите на кривичната пријава потсетуваат дека во согласност со членот 19 од Законот за референдум, Собранието за истото прашање не може да решаваат пред истекот на рокот од две години од денот на одржаниот референдум.
И покрај, Уставот, законите и меѓународното право, Владата на седницата одржана на 2 ноември 2018 година утврди четири нацрт амандмани 33, 34, 35 и 36, кои со допис број 44-9905/1 од 2 ноември 2018 година ги достави до Собранието на Република Македонија. Владините нацрт амандмани на Уставот на Република Македонија претставуваат флагрантно кршење на Уставот, законите и меѓународното право!
Подносителите на кривичната пријава обвинуваат дека владините нацрт амандмани на Уставот на Република Македонија претставуваат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застaрува!
Имено, со владините нацрт амандмани на Уставот, Македонија треба да стане нова држава со територија без народ и историја: (1) Се менува името на државата и идентитетот на нацијата, (2) со бришење на одлуките и Манифестот на АСНОМ, државата Македонија останува без историја, (3) во државноста се инкорпорира Охридскиот рамковен договор кој претставува договор со терористичка организација која “ослободуваше албански земји од славомакедонските окупатори“, поради симулираната агресија на САД од Косово врз Македонија во 2001 година, и (4) Македонија се откажува од деловите на Македонскиот народ во соседните земји на Републиката и од Македонците во светот, бидејќи членот 4 став 3 од Спогодбата Димитров-Коѕиас го суспендира владиниот нацрт Амандман 35 на членот 49 од Уставот!
Подносителите на кривичната пријава потсетуваат дека Спогодбата Спогодбата Димитров-Коѕиас е во спротивност и со членовите 53 и 64 од Виенската конвенција за договорно право, што ја прават ништовна, дури и да биде ратификувана и да влезе во сила Законот за нејзина ратификација објавен во “Службен весник на Република Македонија“, а нејзиното правно дејство престанува поради jus cogens нормите на меѓународното право, што не можат да се изменат со Спогодбата Димитров-Коѕиас.
Спогодбата Димитров-Коѕиас не може да ја суспендира примената на нормите на меѓународното право! Jus cogens нормите на меѓународното право, Спогодбата меѓу Македонија и Грција ја прават нелегална и нитовна засекогаш, бидејќи со меѓународен договор не може да се менува името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!
Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници, спротивно на службената положба и овластувања и самовласно извршија повреда на меѓународното и домашното право:
(1) Повелбата на Обединетите Нации и Универзалната декларација за човекови права во коишто правото на државното име Македонија е неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено веќе апсолвирано право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ!
(2) Резолуцијата 817(1993) од 7 април 1993 година, на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Резолуцијата 47/225 на Генералното Собрание на Обединетите Нации од 8 април 1993 година со која Македонија е примена во членство на Обединетите Нации, при што не се прејудицира ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА туку со упатува на РАЗГОВОР ЗА РАЗЛИКАТА по државното име Македонија со Владата во Атина, со напомена: Додека траат разговорите, само во системот на Обединетите Нации, и времено, на Македонија да и’ се обраќаат како “поранешна Југословенска Република Македонија“.
(3) Барањето на Република Македонија за прием во членство на Обединетите Нации е поднесено под државното име Македонија, содржано во документот А/47/876-S/25147.
(4) “поранешна Југословенска Република Македонија“ не е меѓународно име чијашто замена се договара со ново меѓународно име, туку времено обраќање само во системот на Обединетите Нации додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија меѓу владите во Скопје и Атина. Македонија нема сложено или композитно име што се состои од два или повеќе збора, ниту име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба, ниту име за дома и меѓународно име за светот. Името на државата се состои само од еден единствен збор – зборот Македонија!
(5) Извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската Заедница, усвоен од Советот на Европската Заедница на 16 декември 1991 година, според којшто Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот Сојуз и од Декларацијата за Југославија, според што “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“.
(6) На 6 јануари 1992 година, по барање на Европската Унија, а под притисок на Грција, Парламентот на Република Македонија усвои амандмани со коишто потврди дека “Македонија нема територијални претензии кон соседните држави“ и “во грижата за положбата и правата на деловите на Македонскиот народ во соседните држави на Македонија нема да се меша во нивните внатрешни работи“!
(7) Со пресуда на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година, а по тужба од Македонија против Грција во 2008 година, се суспендира суспензивното право на Грција во меѓународните организации и се потврди правото на Македонија да поднесува барање за членство и да членува во меѓународни оранизации под државното име, со право Грција само “да приговара доколку во овие меѓународни организации на Македонија и’ се обраќаат под државното име, различно од временото обраќање во Обединетите Нации додека траат разговорите“ и ништо повеќе од тоа!
Дејствијата, спротивни на горенаведените акти, премиерот, министрите и 80 пратеници, ги презедоа спротивно на уставната обврска да ги штитат уставниот поредок и суверенитетот на Република Македонија, иако дале свечена изјава дека ќе го чинат тоа.
Премиерот, дваесетипетте министри и осумдесетте пратеници се товарат за сторени кривични дела: повреда на угледот на Република Македонија по членот 178, излагање на подбив на Македонскиот народ и припадници на заедниците по членот 179, велепредавство по членот 305, загрозување на независноста по членот 308, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по членот 313, саботажа по членот 315, здружување заради непријателска дејност по членот 324, злоупотреба на службената положба и овластување по членот 353, организирање на отпор по членот 387, самовластие по членот 392 и злосторство против човештвото по членот 403-а од Кривичниот законик на Република Македонија.
Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници: (1) извршија повреда на угледот на Република Македонија што е кривично дело казниво по членот 178 од Кривичниот законик, затоа што “јавно ја изложуваат на подбив Република Македонија“; (2) го изложија на подбив и Македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Македонија заедно со него, што е кривично дело казниво по членот 179 од Кривичниот законик; и (3) извршија кривично дело велепредавство, казниво по членот 305 од Кривичниот законик, затоа што “со сериозна закана се обидоа да го изменат уставниот поредок на Република Македонија“.
Промената на името на државата и идентитетот на нацијата истовремено е признавање на окупација, казниво по членот 306 од Кривичниот законик, затоа што на тој начин Република Македонија се доведува во положба на потчинетост или зависност кон Република Грција. А, тој што ќе признае окупација на Република Македонија или на нејзин одделен дел, ќе се казни со затвор најмалку десет години или доживотен затвор.
Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, премиерот, министрите и 80 пратеници: (1) ја загрозија независноста на Република Македонија, што е казниво по членот 308 од Кривичниот законик, според којшто тој што “ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“; (2) извршија “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, казниво по членот 313 од Кривичниот законик, затоа што со тоа демонстрираа “намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија“, што создава чувство на несигурност и страв кај граѓаните; (3) извршија и кривично дело саботажа по членот 315 од Кривичниот законик. Имено “тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години“, (4) извршија заговор за вршење на кривичните дела од членовите 305 и 311 од Кривичниот законик, со што извршија и кривично дело “здружување заради непријателска дејност“, што е казниво по членот 324 од Кривичниот законик, според којшто “тој што создава заговор, банда, група или друго здружение на лица или организација заради вршење на кривичните дела од членовите 305 до 311, 313, 314, 315, 321 и 322 став 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години.“ А, “тој што ќе стане припадник на здружението, ќе се казни со затвор од една до пет години.“
Сите наведени кривични дела, премиерот, министрите и 80 пратеници, ги извршија со флагрантно кршење на Уставот и законите, како и на меѓународното право со “злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по членот 353 и со “самовластие“ казниво по членот 392 од Кривичниот законик.
Според членот 353 од Кривичниот законик, премиерот, министрите и 80 пратеници именувани во оваа пријава, како “службени лица ги искористија својата службена положба и овластување, и со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност му нанесоа штета на Македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија во целина. Штетата е голема, а истовремено се врши повреда на правата на друг.
Според членот 387 од Кривичниот законик, премиерот, министрите и 80 пратеници, организираа отпор или непослушност спрема законити одлуки донесени од граѓаните на референдум одржан на 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година, за што следи казна од една до пет години. Поради ова дело доаѓа до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на референдум која што Владата и Собранието се должни да ги имплементираат во рок од два месеци од денот на одржувањето на референдумот, поради што тие како водачи, ќе се казнат со затвор од една до пет години.
Според членот 392 од Кривичниот законик, пак, премиерот, министрите и 80 пратеници, прибавија за себе право што сметаат дека им припаѓа, иако промената на името на државата и идентитетот на нацијата не се во попис и опис на надлежности ниту на Владата ниту на Собранието на Република Македонија, односно ниту на премиерот, ниту на министрите, ниту на пратениците.
Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници, извршија и злосторство против човештвото казниво според членот 403-а од Кривичниот законик. Имено, тој што со намера за систематско уништување на Македонскиот народ со промена на името на Македонската држава и идентитетот на Македонскиот народ со промена на име, идентитет, јазик, историја и култура, гонење односно емигрирање на Македонците врз политичка, расна, национална, етничка, културна или верска основа, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор!
Подносителите на кривичната пријава предлагаат Јавниот обвинител против премиерот, министрите и 80 пратеници да предложи мерка притвор и мерка обезбедување со нивниот целокупен имот во Република Македонија и странство, поради опасност од бегство.
Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници, недвосмислено упатуваат на елементи на основано сомневање за извршени кривични дела против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, иако се под свечена изјава, со којашто се обврзуваат на почитување на Уставот и законите и на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата Македонија!
Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници, презедоа дејствија санкционирани во Кривичниот законик под главата кривични дела против народот и државата. Евидентен е обидот за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, со што е загрозена целокупноста и унитарноста на Република Македонија. Загрозена е независноста на Република Македонија, којашто е доведена во положба на потчинетост или зависност кон странска држава – Грција, Бугарија, Албанија и Србија, заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата – името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик.
Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, претставуваат заговор против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и уставното уредување на Македонија, надвор од со Устав и закон утврдените надлежности, ја загрозува унитарноста и државноста и предизвикува штетни последици по животите и имотите на граѓаните, што наведува на најтешко кривично дело против државата – велепредавство, го суспендира меѓународното право, Виенската конвенција за договорно право.
Подносителите на кривичната пријава очекуваат јавниот обвинител против премиерот, министрите и 80 пратеници, да предложат најстрога казна доживотен затвор, конфискација на имотот што во значителна вредност ги надминува нивните законски приходи за кои немаат декларација на потекло и судска мерка забрана на вршење на должности во државната власт поради кривичните дела кои во времето додека биле носители на јавната функција премиер, министри и пратеници ги сториле против државата и народот!
Кривичната пријава е поднесена против пратениците Владанка Авировиќ, Џеват Адеми, Емилија Александрова, Ејуп Алими, Љубен Арнаудов, Сашко Атанасов, Костадин Ацевски, Али Ахмети, Амди Бајрам, Далибор Богдановски, Теута Биљали, Павле Богоевски, Сашо Василевски, Диме Велковски, Африм Гаши, Артан Груби, Милева Ѓеоргиева, Мирсада Емини Асани, Фадил Зендели, Мухамед Зекири, Енес Ибрахим, Самка Ибраимовски, Панче Иванов, Реџаил Исмаили, Нола Исмајловска Старова, Мирослав Јовановиќ, Снежана Калеска Ванечева, Алија Камберовски, Елизабета Канческа Милевска, Неџбедин Каремани, Ѓулумсер Касами, Александар Кирацовски, Бетиане Китев, Тања Ковачева, Костадин Костадинов, Сашко Костов, Никица Корубин, Катерина Кузмановска, Татјана Лалчевска, Жаклина Лазаревска, Мери Лазарова, Хари Локвенец, Бранко Маноиловски, Весел Мемеди, Реџаил Мемеди, Горан Милевски, Соња Мираковска, Горан Мисовски, Јован Митревски, Маја Морачанин, Крсто Мукоски, Агим Муртезанов, Ферид Мухиќ, Јулијана Николова, Илија Николовски, Лилјана Поповска, Татјана Прентовиќ, Бети Рабаџиевска Наумовска, Зекир Рамчиловиќ, Сурија Рашити, Чедомир Саздовски, Зијадин Села, Анета Симеска Димоска, Кети Смилеска, Ирена Стефоска, Мира Стојчевска, Мерал Узеири Ферати, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Мендух Тачи, Фросина Ташевска Ременски, Благојче Трпевски, Томислав Тунтев, Ивана Туфегџиќ, Шпреса Хадри, Јусуф Хасани, Талат Џафери, Агим Шаќири, Јагода Шахпаска и Славица Шуманска, како и против премиерот Зоран Заев и министрите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Кочо Анѓушев, Хазби Лика, Никола Димитров, Драган Тевдовски, Венко Филипче, Рената Дескоска, Горан Сугарески, Крешник Бектеши, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, Мила Царевска, Арбер Адеми, Сухејл Фазлиу, Асаф Адеми, Садула Дураки, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Аксел Ахмедовски, Зоран Шапуриќ, Зорица Апостолска и Бардул Даути.
http://expres.mk/podnesena-krivichna-prijava-za-zaev-ministrite-i-80-pratenici/
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 5 of 6 • 1, 2, 3, 4, 5, 6
Similar topics
» Najnovi vesti od vladata
» Makedonija
» Mickoski so zakani i uceni do vladata
» JA SPASIVME MAKEDONIJA
» Stranskite mediumi za Makedonija
» Makedonija
» Mickoski so zakani i uceni do vladata
» JA SPASIVME MAKEDONIJA
» Stranskite mediumi za Makedonija
Страна 5 of 6
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот