Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ekonomija

+23
Albatros
Bosonoga
misterija
SHARENI
OPOZICIONER
Dino
Kalinda
nino
PRVOBOREC
TRAJCHE
Teo
Luxor
IVA
defo
ribar1
osa
Hamad bim Khalifa
трендафил
Sotir
sokoli
kiBik
Arhimed
tmoro
27 posters

Страна 5 of 40 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 22 ... 40  Next

Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Сеп 17 2015, 20:36

Trendo bil uste tuka? Abe odi kupuj avionska karta za J.Amerika vo eden pravec!
Ako ne si razbral takva aktivnost e momentalno mnogu moderna megju dupeglavcive!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Нед Сеп 20 2015, 09:15

Сем Вакнин: Дали е вистинит падот на невработеноста?



Во уште една своја самофалечка изјава владата изјави дека невработеноста од неверојатни 38% во 2006 ја намалила на 26,8% во 2015. Тоа е огромен импресивен пад на невработеноста, но, дали е вистинит. Растот на БДП или Бруто домашниот производ во тој ист период не го рефлектира таквиот пад на невработеноста.

Што е тоа што го дава тој пад на невработеноста. Владата изгледа користи погрешни податоци. Меѓународната организација на трудот или ИЛО и Евростат – статистичката агенција на Европската унија - ја дефинираат невработеноста како луѓе на возраст помеѓу 15 и 74 години кои се без работа и бараат работа повеќе од 4 недели, и се спремни да работат за 2 недели. И двете организации ИЛО и Евростат ги предупредуваат земјите да не ги користат информациите на Бироата за вработување, туку, бараат владите да ги имплементираат периодични истражувања и од други институции во земјата и врз база на нив треба да ја пресметуваат стапката на невработеност.

Но, Македонија спротивно на тоа ги користи информациите на Агенцијата за вработување. Но, дали тој начин на собирање на податоци е доволен да ја објасни разликата меѓу падот на невработеноста и растот на БДП. Не би рекол. Има подлабоки причини за тоа, но, пред да ги разгледаме овие причини важно е да се објасни дека стапката на невработеност која е објавена од Владата е нерелевантна. Две други статистики се важни.

Првата е невработеноста на подолг период односно луѓето кои бараат работа повеќе од една година и не можат да ја најдат. Во Македонија невработеноста на подолг период е многу висока и е на исто ниво од 2006 година. Втората статистика е невработеноста на младите односно тоа се младите кои по завршување на средното образование или, по завршување на високото образование бараат работа и не можат да ја најдат.

Во Македонија невработеноста на младите е многу висока околу 50%, и значајно не се променила од 2006 година. Сепак што би ја објаснило оваа разлика во статистиките, односно што би го објаснило овој неверојатен пад од 38% на 27%? Дури и да овие бројки не се баш точни, јасно е дека има разлика. Што ја објаснува оваа промена? Дали се тоа Странските директни инвестиции? Владата вели дека странските директни инвестиции се одговорни за зголемувањето на вработеноста.

Добро, тоа е точно, но, со странските директни инвестиции се вработија неколку илјади луѓе. Тоа не е доволно да го објасни овој пад на невработеноста. Дали се тоа владините политики и мерки? Да, донекаде, но многу малку. Всушност разликата помеѓу овие статистики од 2006 и 2015 година се објаснува со еден збир на настани кои немаат ништо заедничко со Владата, нејзините политики и мерки, или пак со директните странски инвестиции.

Прво и најважно – луѓето се откажуваат од барање работа и тие веќе не се на пазарот на работна сила. Ако не барате работа, и да сте технички невработен , вие нема да бидете дел од статистиката на Агенцијата за вработување. Ако одеднаш сите луѓе кои бараат работа во Македонија, престанат да ја бараат, стапката на невработеност ќе биде 0%.

Втора работа е црната економија. Неформалната црна економија во Македонија е 1/3 редуцирана. Тоа е резултат на политиките и мерките на Владата. Луѓето кои работеа на црно и не беа формално и официјално вработени сега станаа декларирано вработени, и ова ја намали стапката на невработеност. Уште поважно пред неколку години Владата ги раздвои социјалното и здравствено осигурување.

Луѓето порано се регистрираа во Агенцијата за вработување, за да добијат здравствено осигурување. И тогаш владата ги подели овие две придобивки, здравственото и социјалното осигурување. Така луѓето повеќе не се регистрираа во Агенцијата за вработување, бидејќи со тоа не добиваа здравствено осигурување. Ова по себе објаснува голем дел од падот на невработеноста. Разгледајте го и следново – имиграцијата. 80.000 луѓе ја напуштија Македонија од 2006 година. Тие отидоа во странство. Повеќето станаа гастарбајтери.

Ако овие луѓе останеа во Македонија, повеќето од нив ќе беа невработени. Така што стапката на невработеност немаше значајно да се намали. И тука е прашањето за самовработување. Владата се расфрла со поддршка за земјоделскиот сектор. Луѓето кои се самовработени во земјоделскиот сектор, не се предмет на статистиката за стапката на вработеност или невработеност. Други се вработија во услужниот сектор. И тие не се предмет на оваа статистика. Значи имаме многу повеќе фризери и помалку невработени. И тука доаѓа присилното пензионирање.

Пензионерите исто така не се дел од статистиката за степенот на невработеност. Колку повеќе луѓе присилно се пензионираат, колку повеќе има пензионери толку повеќе се намалува стапката на невработеност. Десетици илјади луѓе беа присилно пензионирани почнувајќи од 2006 година. Дури и на возраст од 54 или 55 години. Ако овие луѓе останеа на работа и беа дел од работната сила, стапката на невработеност ќе беше многу поголема. Земете ги студентите.

Студентите не се дел од статистиката за стапката на невработеност. Уште од 2006 година бројката на студенти во Македонија двојно се зголеми. Има многу приватни универзитети. Студентите на овие универзитети не се дел од статистиката за стапката на невработеност. Значи 20 до 30 илјади луѓе станаа студенти, беа симнати од списокот на работната сила. Ова исто така го објаснува падот на невработеноста. И потоа илјадници луѓе беа обучувани во специјални програми, финансирани од Владата, ЕУ и други организации.

Луѓе кои се во фаза на обука и преквалификација не се, погодувате, дел од статистиката за степенот на невработеност. Дури и зголемувањето на бројот на затворениците и помага на Владата. Затоа што, колку повеќе има затвореници толку помалку има невработени.

И конечно, повеќето од намалувањето на невработеноста во последниве десет години е поради привремените вработувања, сезонските вработувања, договорните вработувања. Во Америка ваквите вработувања се нарекуваат „Мек“ вработувања. Бидејќи луѓето кои се вработуваат на овој начин најчесто добиваат привремена работа во Мек Доналдс. Ова не се сериозни вработувања. Ова не се вработувања кои ја зголемуваат економијата. Ова не се таков вид на вработувања кои невработените средношколци и високообразувани ги бараат. Ова не се таков вид на вработувања кои земјата ќе ја направат посреќна и попросперитетна.

Создавањето на долготрајни, продуктивни работни места во Македонија е се уште многу мало. Поголемиот дел од намалувањето на стапката на невработеност од 38% на 27% се објаснува со други фактори кои немаат ништо заедничко со политиките и мерките на Владата.

Луѓето ја напуштаат земјата, стануваат студенти, не бараат повеќе работа, кога ќе ги споите сите овие фактори заедно, откривате дека 70% од разликата меѓу стапките за невработеност за кои Владата се фали, се поради демографски и други трендови кои немаат ништо заедничко со Владата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Сеп 20 2015, 12:42

Slushaki go Vaknin vo gornava analiza se prashuvam dali Trendolakis, Sotirakis i nim slicni gi pratat istite ili pristapot strogo zabranet??????
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Нед Сеп 20 2015, 12:44

Нема шанса. За читање и слушање на такви работи во штабот ќе добијат заушки, плус нема да им дадат сендвич на наредниот контра протест. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Сеп 20 2015, 12:59

Imaat instalirano skrin-traking i im go skeniraat ekranot na sekoj minut ...najverojatno ?!?!?
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Нед Сеп 20 2015, 13:05

Ne bre...Glupi se i mislat deka pastirot im e vidovit, pa shtom gi prashaat sami si kazhuvaat... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Сеп 20 2015, 13:57

Ako izlazhat odma pocrvenuvaat vo ushite???
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Нед Сеп 20 2015, 14:03

Tochno...I im raste nosot...kako na sotircho... Twisted Evil

Ekonomija - Page 5 Images?q=tbn:ANd9GcS6dAc9SYg-H2T4-mSN-yUoxWyBcTBoas-zML4kNBk3NWDrV1yn

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Сеп 20 2015, 14:19

Nosot moze i nema da im se vidi poshto im e dlaboko vo shupakot na pastirot, ama ushite sigurno
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Нед Сеп 20 2015, 14:19

Za zhalenje se...Kolku li samo trebga da bidesh neosetliv na site tie aromi dlaboko vo shupakot na grujo... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Сеп 20 2015, 14:40

Sto ke gi zahalish...pa oni se ponosni sto imaat mozhnost sekojdnevno da ja vpivaat aromata na Velkiot pastir GRUJOSHESKU! Bashka im zaudara na suflaki i uzo!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Нед Сеп 20 2015, 14:43

Zavisnici bre...Onie sendvichite za kontraprotesti verojatno posebno im gi aromatiziraat...Se prashuvam, dali vicepremierot Hipo, ima svoj pridones kon aromatiziranjeto? Ekonomija - Page 5 Think_smiley_09

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by трендафил Пон Сеп 21 2015, 17:51

Фирмата во која работам во 2009та година имаше 50-тина вработени. Сега има тројно повеќе. Не е странска фирма туку во сопственост на Македонец. Иначе за жал во Македонија има одреден број на луѓе кои немаат никакви квалификации или добиле некаква диплома, но не знаат да работат. За жал, да повторам, тие тешко ќе добијат работа каква што бараат, односно во согласност со дипломата што на некој начин ја добиле. Во странските инвестиции не се вработени неколку илјади, туку неколку десетици илјади вработени. Колку нови кафулиња и други продажни и услужни дуќани се отворени. Во Скопје колкав е бројот на нови трговски центри, на пример?
Иначе сигурно е дека некој што само административно е симнат од списокот на невработени, нема да гласа за партијата што тоа го сторила. Па на изборите во април ќе видиме кој лаже.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11182
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Сеп 21 2015, 17:56

трендафил напиша:Фирмата во која работам во 2009та година имаше 50-тина вработени. Сега има тројно повеќе. Не е странска фирма туку во сопственост на Македонец. Иначе за жал во Македонија има одреден број на луѓе кои немаат никакви квалификации или добиле некаква диплома, но не знаат да работат. За жал, да повторам, тие тешко ќе добијат работа каква што бараат, односно во согласност со дипломата што на некој начин ја добиле. Во странските инвестиции не се вработени неколку илјади, туку неколку десетици илјади вработени. Колку нови кафулиња и други продажни и услужни дуќани се отворени. Во Скопје колкав е бројот на нови трговски центри, на пример?
Иначе сигурно е дека некој што само административно е симнат од списокот на невработени, нема да гласа за партијата што тоа го сторила. Па на изборите во април ќе видиме кој лаже.

Vrabotuvanjata se brojat, a otpustanjata ne se brojat! Dukjani se poishe zatvoreni otkolku otvoreni, kafici isto taka!!!!!!!!
OD KOJA ROZOVA PLANETA PISHUVASH ????? Evil or Very Mad Evil or Very Mad Evil or Very Mad
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Сеп 21 2015, 17:57

P.s Sto e so Karfur vo Siti mol, ili Dzonson kopntrol.....i da ne gi redam Subratite na batinjata...
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by tmoro Пон Сеп 21 2015, 22:23

трендафил напиша:Фирмата во која работам во 2009та година имаше 50-тина вработени. Сега има тројно повеќе. Не е странска фирма туку во сопственост на Македонец. Иначе за жал во Македонија има одреден број на луѓе кои немаат никакви квалификации или добиле некаква диплома, но не знаат да работат. За жал, да повторам, тие тешко ќе добијат работа каква што бараат, односно во согласност со дипломата што на некој начин ја добиле. Во странските инвестиции не се вработени неколку илјади, туку неколку десетици илјади вработени. Колку нови кафулиња и други продажни и услужни дуќани се отворени. Во Скопје колкав е бројот на нови трговски центри, на пример?
Иначе сигурно е дека некој што само административно е симнат од списокот на невработени, нема да гласа за партијата што тоа го сторила. Па на изборите во април ќе видиме кој лаже.

Трендо нели беше ти ПЕНЗИОНЕР?

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Сеп 21 2015, 22:58

Mu zavrshi smenata na trendakis....
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by трендафил Вто Сеп 22 2015, 14:39

Не сум уште пензионер, но не знам каква врска има тоа. ЗОшто сте преокупирани со мене, наместо да бидете со еконијата на оваа тема. Не знам што е со Карфур во Сити мол или со Џонсон контрол, која по смената на сопственикот не се вика така, но тоа се само две фирми од повеќе стотици. Па така сега во Ресен ја имаме Ејпл ленд со стотина нововработени, на пример. Ја разбирам вашата желба да затворат сите фирми, можеби и да избие војна како во 2001 година, затоа што мислите дека после такво нешто би дошле на власт. Иако не мислам дека тоа е баш најнормално. Со напомена дека не сум психијатар, па давам лаичка оценка.
Иначе се бројат и вработувања и отпуштања. Но вие не го правите тоа. Броите само отпуштања. Или собирате само задолжувања, а не ги пресметувате раздолжувањата. Тоа е ваше право. Но на крај секогаш одлучува мнозинството. Кое очигледно не мисли како вас. Колку што гледам никој не го гледа СДСМ како победник на следните избори. Играта е да не добие ВМРО апсолутно мнозинство, но потребен е уште еден услов. Од сите други партии ниту една да не сака да влезе во коалиција со ВМРО, туку сите да коалицираат со СДСМ и СОрос. Мислите ли дека тоа е реално?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11182
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Сеп 22 2015, 20:43

Ekonomija - Page 5 Images?q=tbn:ANd9GcQUHRL9MKrFJBzBB5TfGCF1O3bctFY9WvF4M0TiSfS4WFIPvEzR
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Нед Сеп 27 2015, 22:00

Сем Вакнин: Дали странските директни инвестиции се бенефит за економијата?



Мојата баба имаше еден лек за сите можни медицински проблеми. Дали имаш главоболка, дали те боли стомакот, дали имаш температура или те чеша кожата, доволна е една лажица од рибино масло.

Македонија има економски политики кои ме потсетуваат на мојата баба. Има едно решение за било каков економски проблем, било тоа да е невработеноста, трговски дефицит, или буџетски дефицит, решението е секогаш објавување на нова странска инвестиција, која ветува илјадници работни места. Во наредните две години, максимум. Опсесијата со странските директни инвестиции, а навистина се работи за опсесија, е лоша за македонската економија. Тоа е дел од психолошкиот синдром, односно дека странците ќе ги решат сите проблеми за нас.

Доколку имаме политички проблем, странците ќе го решат, доколку имаме економски проблем, парите на странците ќе го решат. Странските директни инвестиции се поткрепа на која, наместо Македонците сами да ги решат проблемите, решението ќе дојде однадвор. Тоа во Грција е познато како „dues ex machina“.

Истражувањата од последните неколку децении недвосмислено покажаа дека странските директни инвестиции не секогаш се благослов за економиите кои немаат силен приватен сектор. Македонија, како што знаете, има добро развиен јавен сектор, кој на големо расте, особено во изминатите 10 години. Буџетот на Македонија е повеќе од половина од БДП.

Но приватниот сектор е цврсто зависен од Владата, и е многу слаб. Во таква економија, странските директни инвестиции, всушност може да имаат негативен ефект. Спротивно на тоа, домашните инвестиции, локалните инвестиции имаат носат позитивни резултати, аспекти и ефекти. Стартапи, малите и средните претпријатија, и фамилијарните бизниси, ја прават повеќе од 80 отсто од економијата во Германија на пример, која е најуспешната економија во светот.

Нема збор дека странските инвестиции носат некои неопходни работи. Тие носат патенти и интелектуална сопственост, технологии и нови техники на менаџирање, нови вештини, и најважно, тие отвораат и обезбедуваат пристап до извозните пазари.
Ова се позитивните аспекти на странските директни инвестиции кои не смеат да бидат потценети. Сепак во економии како што е македонската, која е неразвиена, има исто така негативни ефекти.

Размислете го за момент фактот што странските директни инвестиции се настроени кон капитал, тие инвестираат во автоматизација и машини. Тие исто така употребуваат ефикасна работна сила, или со други зборови, странците не вработуваат луѓе, тие инвестираат во машини, така што има многу мали резултати при вработувањето на луѓе во странските директни инвестиции.

Второ, странците се натрпеваруваат неповолно и нефер со локалните бизниси за различни ресурси, за капитал, за банкарски кредити, за заеми. Ова оди кај странците наместо кај локалните бизнисмени. Овој нефер натпревар, во економијата се вика, истиснување.

И тука се наметнува прашањето дали странските директни инвестиции се бенефит за економијата? Воглавно, неверјатно не се. Неколку истражувања покажуваат дека странците изнесуваат многу повеќе од земјата во форма на дивиденди, надоместоци, каматни стапки на кредитите, репатријација на профитот отколку што внесуваат. Странците всушност земаат еден и пол пати повеќе во девизи, надвор од земјата, отколку што внесуваат во земјата.
Бенефициите кои странските инвеститори ги добиваат од Владата, во форма на даночни олеснувања или безоданочување, во форми на директни грантови, директна помош. Овие бенефиции обично ги надминуваат бенефициите насочени од самите инвестиции. Значи странците добиваат многу повеќе од директни инвестиции отколку локалната економија, владата и народот.

Следно, се покажа веќе дека странските директни инвестиции не создаваат раст во економијата, и не носи стабилност. Всушност странците се променливи, не можеш да се потпреш на нив, тие бегаат со првите знаци на криза. При првата таква ситуација тие се пакуваат, ги собираат парите, и ја напуштаат земјата. Затоа, странските директни инвестиции се про-циклични. Кога почнува кругот, тие го помагаат, кога економијата расте, и тие напредуваат, но кога економијата опаѓа, тие уште толку ја туркаат надоле со тоа што ги повлекуваат средствата и ја напуштаат земјата.

Странските директни инвестиции исто така не ги поместуваат и локалните произведувачи, и локалните извозници. Многу е тешко за една мала македонска фирма, за мала семејна компанија, да се натпреварува со гигантски бренд кој доаѓа овде, поставува огромна фабрика, и потоа извезува на истите пазари на кои малите македонски фирми исто така се натпреваруваат. Така што странците многу често го уништуваат секторот за локален извоз и им предизвиквуаат голема штета на малите и средните претпријатија. Бенефициите од странските диркетни инвестиции треба да бидат балансирани на сметка на нивниот негативен ефект. Има еден факт кој веќе е споменат, а тоа е фактот што странските диркетни инвестиции предизвикуваат корупција, особено меѓу политичарите, можеби и затоа се толку популарни помеѓу политичарите. Бидејќи тие можат да направат многу пари од странците кои доаѓаат овде, во форма на поткуп и други начини, авионски летови, хотели и така натаму. Странските директни инвестиции исто така ја зголемуваат нееднаквоста во приходите правејќи ги богати само некои луѓе: Нивните менаџери и вработени.

Странците и политичарите се многу добри пријатели на сметка на економијата и локалните бизниси. Странците и нивните инвестиции придонесуваат кон раст на цените, така што ги зголемуваат цените на недвижнините, а во пазарите ги зголемуваат цените на берзата, а кога заминуваат, економијата пука и има процес на економска експанзија и контракција.

Земјите со висок процент на странски директни инвестиции всушност имаат помалку стабилна економија од другите земји кои ги немаат.
Не се обидувам да кажам дека странските директни инвестиции треба да се избегнуваат или дека се лоши.

Тие се добра работа и не треба да се избегнуваат и треба да се стимулираат. Но главно треба да се запазат локалните инвестиции, локалните бизниси, домашното производство, домашните услуги, тоа е иднината на Република Македонија. Македонците се иднината на Македонија, а не некои непознати германски, холандски, британски или американски фирми на кои воопшто не им е гајле за Македонија и ќе ја напуштат земјата со првиот знак дека има проблем.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by трендафил Пон Сеп 28 2015, 09:55

Кога немаше значителни странски инвестиции се радувавте и ја обвинувавте власта затоа што не привлекува капитал од надвор. Сега кога ги има ви пречи зошто ги има. Нормално е иначе еднио фирми да напредуваат, а други да се затвараат. Така е секаде во пазарните економии. Кај нас вкупниот резултат е позитивен. За прв пат ние имаме поголем развој од поголемиот број земји од западната цивилизација, на која сакаме да и се приклучиме, односно за прв пат ја намалуваме разликата со нив. Сите претходни македонски влади го продлабочуваа јазот со остатокот од светот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11182
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Пон Сеп 28 2015, 10:03

А бе ајде Трендо, не зезај.

Нова Македонија, весник кој отсекогаш бил со власта, а секако бил верен "Кербер" и на оваа власт напиша на крајот на 2013 г. дека "во Македонија лани (а тоа е 2012 г.) влегле странски директни инвестиции во вредност од 132 милиони долари, што е најлош резултат споредено со другите балкански земји, покажува најновиот извештај на Обединетите нации за странските инвестиции во светот. Сите земји од поранешна СФРЈ, но и Албанија и Косово, во текот на минатата година (2012) привлекле повеќе странски инвестиции отколку земјава. Така, лани во Словенија влегле 145 милиони долари странски директни инвестиции, Косово (298 милиони долари), Србија (352 милиони долари), Црна Гора (609 милиони долари), Босна и Херцеговина (633) и Албанија (957 милиони долари). Меѓу најдобро рангираните во регионов е Хрватска, каде што минатата година се вложени 1,2 милијарда долари странски инвестиции. Изминатиот период Владата преземаше многу активности за привлекување странски директни инвестиции поради очекуваниот позитивен ефект врз домашната економија. Но извештајот на ОН покажува дека поради кризата во Европа повеќето земји од регионот, како и нашата земја, доживеале драстично намалување на странските директни инвестиции". Тонч.

Минатата година (2014) во земјава влегле 262 милиони евра, а годината претходно (20130 252 милиони евра странски капитал.

Податоците за лани, пак, покаживаат дека во земјава се влезени 262 милиони евра (349 милиони долари). Податоците на Светската банка за Црна Гора се 450 милиони долари, за Косово 343 милиони долари, а Албанија има повеќе од 1,2 милиjарди долари, додека во Србија влегле скоро 2 милијарди долари, а во Босна и Херцеговина 315 милиони долари.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by трендафил Пон Сеп 28 2015, 23:08

Кога веќе ја цитираш Светска банка напиши дека според нив сиромаштијата во Македонија е намалена за 2,8%, дека сме меѓу ретките земји што денес имаат повеќе вработени (по порастот сме на самиот врв) отколку пред кризата во 2009н година. Ајде да ви соопштам бидејќи такви податоци не пренесуваат сороспијските медиуми што ги следите дека во август имаме пораст на индустриското производство од фантастични 12%. Дека имаме намалување на дефицитот, односно намален увоз, а зголемен извоз и серија на позитивни економски резултати.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11182
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Пон Сеп 28 2015, 23:09

трендафил напиша:Кога веќе ја цитираш Светска банка напиши дека според нив сиромаштијата во Македонија е намалена за 2,8%, дека сме меѓу ретките земји што денес имаат повеќе вработени (по порастот сме на самиот врв) отколку пред кризата во 2009н година. Ајде да ви соопштам бидејќи такви податоци не пренесуваат сороспијските медиуми што ги следите дека во август имаме пораст на индустриското производство од фантастични 12%. Дека имаме намалување на дефицитот, односно намален увоз, а зголемен извоз и серија на позитивни економски резултати.

Ekonomija - Page 5 Smilie_frech_038 Ekonomija - Page 5 Smilie_frech_038 Ekonomija - Page 5 Smilie_frech_038

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Сеп 28 2015, 23:12

Trendoooooooo, oooo Trendooooooo idi kazi im go toa na kontejnerashine, i daj im po edno parce lep od vecerata sto ti ostanalo - za frlanje ......ne tuku citiraj lazgovci i prevaranti!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 5 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 40 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 22 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот