Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

+18
PRVOBOREC
OPOZICIONER
Delta
zozoti
Teo
трендафил
Luxor
alienmk
Dino
Nebula
Bosonoga
defo
cvetka
osa
Albatros
TRAJCHE
SHARENI
Zhane
22 posters

Страна 5 of 35 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 20 ... 35  Next

Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од СДССМ-ЌЕ

Пишување by трендафил Вто Мај 05 2020, 14:30

Никој од нас Македонците не ти го оспорува правото да бидеш Бугарин, штом така сакаш или ти е страв дека ако бидеш Македонец нема да гласаш за Зоран Заев. Проблемот е што сите сакате да не направите Бугари. Со антимакедонскиот однос, кога се откажавте од етничкиот симбол на Македонците, Сонцето од Кутлеш и ја почнавте поделбата. Еве ти во продолжение едно писмо што Илија Димовски го пишува до Бугарите, вклучувајќи ве и вас од СДСМ.

Димовски до лажните браќа во Софија: Ако сме ние Бугари вие сте Грци

Пратеникот Илија Димовски им одговори на двајца од најрадикаллните бугарски активисти кои се обидуваат да докажат дека Македонците се Бугари.
Во обраќањето до вицепремиерот Красимир Каракачанов и европратеникот Андреј Ковачев Димовски им пишува дека
за уцени од браќа слушал од кажувања, но тие уцени секогаш завршувале лошо, по судови, со кавги, со скршени фамилии.
На крај никогаш не било важно кој е прав, а кој крив, штетата ја носеле сите браќа.
Целото обраќање на Димовски:
“Ако се броиме за браќа, а добро е да се имаме за такви, тогаш уцените не се за на маса, ни за во глава, ниту за зад врата. Заборавете ги и поставете се како браќа, а пак ако не сте спремни на таква големина тогаш не се претставувајте за браќа..
Денес во Софија и цела Бугарија живеат повеќе луѓе од Македонија од тоа што живеат тука кај нас, во овој мал дел на Македонија. Тоа навистина не прави блиски.
Трагедиите низ историјата го однеле Македонецот насекаде низ светот, но најмногу низ Бугарија.
Ние тоа го знаеме и го почитуваме, иако најголем дел од тие преселби и не биле на драга желба на преселниците, но биле пропратени со масовни акции за демакедонизација, во што морате да признаете Бугарија била поуспешна од Србија и од Грција.
Асимилацијата на Македонците во Бугарија денес и ја разбираме како насушна потреба за градење на монолитна бугарска нација, но верувајте, ги знаеме пописите, ги знаеме бројките, дури и бројките на попови, митрополити, даскали, државни службеници, офицери, студенти низ Бугарија кои се евидентирале како Македонци низ годините (замислете, некоја ваша државна служба имала потреба да ги има бројките на Македонци во вашите институции, а паралелно сте велеле дека сме биле и сме исто, чудно нели, исто како денес да броите и пребројувате Тракијци низ државната хиерархија на Бугарија на пример), а со тоа ги знаеме и причините на вашиот неодмерен однос кон Македонија.
Од друга страна свесни сме и дека македонската преродба и ставањето на темелите на македонската борба за сопствено дефинирање и државност се случува во рамки на припадниците на бугарската егзархија, за што повторно знаеме да почитуваме и да бидеме благодарни. Едноставна нашите луѓе мислеле дека Бугарите и бугарската егзархија ни се поблиски и посвои од Грците и грчката патријаршија и не згрешиле, но да знаеле дека еден ден ќе бидат користени во пропаганда против народот за кој се бореле сигурно би размислиле два пати.
Но, време е јасно да кажеме дека пак бугарската преродба и ставањето на темелите на бугарската борба за сопствено дефинирање и државност се случува, само неколку децении порано од македонската, во рамки на припадниците на грчката цариградска патријаршија.
Да, да, вашите преродбеници биле припадници на грчката црква, биле попишувани како Грци, учеле на грчки…
Ако за вас првото е доволен аргумент нас да не броите за Бугари, тогаш по логика на проста аналогија сами себе треба да се броите за Грци.
Ние тоа не ви го посакуваме, иако низ историјата неколкупати, а и денес, покажувате поголема љубов кон различноговорливите Грци од спрема нас, како што не нарекувате браќа.
Ајде да бидеме појасни.
Во рамки на Отоманската империја, христијаните, без исклучок, воопшто не биле идентификувани според нивната јазична или етничка припадност, туку спрема припадноста кон одредена верска заедница.
Се до формирањето на бугарската егзархија, сите ние, од овој дел на Балканот сме биле дел од Рум-милетот, оној под кој се воделе припадниците на грчката цариградска патријаршија.
А секако и вие Бугарите сте биле попишувани како Грци.
Неслучајно во многу пописи и патеписи се до почетокот и средината на 19 век, населението во цела Бугарија се евидентирало за грчко, проповедите се обавувале на грчки јазик, даскалите предавале на грчки јазик и грчкиот јазик се сметал за јазик на елитата на бугарското општество.
Да видиме што велат странските извори:
Во 1811 година англискиот патепис Џон Галт ја посетил Софија и го напишал следново: “Софија е мал и нечист град, заобиколен со ниски карпи…Поголемиот дел од куќите се бедни колиби, а калта по улиците е толку длабока, што ги правеше непроодни дури и за пешаците…Населението на Софија се проценува на 10.000 души, кои главно се Грци, што посакуваат да се спојат со Србите против Турците.”
Забавно нели? Ем Грци ем србомани…


Друг патеписец по име Адам Нил во 1805 година посетил неколку бугарски градови и пишувал на пример вака: “Разград е доста важен град…Сегашното население брои околу 10.000 жители, од кои една третина се грчки христијани, а останатите се Евреи и Турци”
Трагедија, ај во Софија, ама и насекаде низ Бугарија нема Бугари, така ли?
Ако ја следиме вашата негациска логика и однос кон македонскиот народ и неговата борба за сопствена засебност и ја примениме спрема бугарскиот народ, а искористиме десетици и стотици вакви написи и податоци од пописите низ Бугарија се до почетокот и средината на 19 век ќе дојдеме до следниот заклучок: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ БУГАРИ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО БУГАРИТЕ СЕ ГРЦИ. А навистина не сте тоа.
Затоа доволно се мачите и вие, не мачите и нас. Читате историја како ученик со оценка двојка. Преку четири страни, читате една.
Не е добро ова за нас, но најмалку за вас. Премногу жртви даде Бугарија низ историјата, а не доби ништо, освен што одработи за Атина и нејзините големодржавни стратегии.
П.С. Господинот Каракачанов иницирал заедно да го славиме Гоце Делчев во Баница, Серско. Убав призвук на една идеја.
Би сакал да му укажам дека ако ги почитуваме меѓудржавните договори како европски партнери (онака строго како што вие барате од нас), но и ја следиме вашата логика на толкување на историјата, тоа не смееме да го бараме од Грција.
Според Букурешкиот договор, Бугарија оддамна се откажа од територијата на егејска Македонија, што Република Македонија во историско-културна смисла, за жал, пак скоро го направи со Преспанскиот договор.
Бугарија кажа дека таа територија е грчка, а Македонија кажа дека целата историја и култура од таа територија е дел од хеленската култура и наследство.
Иронија на времето и зборот.
Ако повторно извлечеме заклучок по аналогија на вашата логика доаѓаме до следното: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е РОДЕН НА ГРЧКА ТЕРИТОРИЈА И Е ДЕЛ ОД ХЕЛЕНСКОТО КУЛТУРНО-ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО. А не е.
Господине Каракачанов, Бугарија го поддржа Преспанскиот договор, нели? За жал да.
Епа ова ќе е се почесто заклучокот кој ќе го гледаме, ако ја следиме вашата логика и употребуваме аналогии.
Другите ќе имааат корист, а ние Македонците и вие Бугарите само ќе ја продолжиме кавгата помеѓу нас, за жал.
П.П.С. Славниот кнез и цар на Бугарија Фердинанд Саксобурготски во 1896 година ќе го каже следното:
„Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде кај нашиот заеднички „татко“, кај Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток… Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција“.
Да ја следеше Бугарија оваа политичка мисла на тогаш младиот кнез Фердинанд, немаше да изгуби илјадници и илјадници жртви низ годините подоцна.
За жал сите ние на Балканот малку учиме од историјата, така и вие не сте исклучок, нам блиски пријатели Бугари.
Господине Ковачев, во цитатот погоре од вашиот кнез и цар Фердинанд денес сменете го само зборот “Султанот“ и на негово место ставете “Европската унија“, ќе добиете изјава која и денес би важела исто и би била актуелна и денес.
Почитувајте ја, ве молам, оваа мисла на вашиот кнез и цар, токму онака како што пак и тој не си ја почитувал, а со тоа ја однел Бугарија во повеќе национални катастрофи. Нема да згрешите ниту за вас, ниту за нас.

Со почит,
Илија Димовски,
Претседател на групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Собранието на Република Бугарија.


https://expres.mk/dimovski-do-lazhnite-brakja-vo-sofija-ako-sme-nie-bugari-vie-ste-grci/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Teo Вто Мај 05 2020, 17:01

Ne samo glup tuku neverojatno glup.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Вто Мај 05 2020, 17:56

Наведени се само факти. Тоа што тебе како Бугарин не ти одговараат не ги бришеш со омилениот збор глуп за сите што не мислат како тебе и твојот пастир црпнат од ѓаволот од подземјето на Муртино. . Прочитај го и пишувањето на Никола Груевски на линкот најдолу. За Бугарите е уште поглупаво затоа што има повеќе факти што не им одговараат на предавниците во Македонија. Интересно е прашањето зошто Ванчо Михајлов кој бил за автономна Македонија но не под бугарска окупација воопшто не дошол во Македонија во време на окупацијата и има доста податоци со аргументи и копии од документи во кои се гледа заблуденоста на Бугарите.

https://www.facebook.com/notes/nikola-gruevski/вистината-наспроти-пропагандата-втор-дел/10157339062839226/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Zhane Вто Мај 05 2020, 17:57

Ilija vo znak na revolt neka se otkaze od bugarskoto drzavjanstvo i neka go vrati bugarskiot pasos zaedno so Miliososki, Nikolovski, Janusev i Stoilkovski.

Zhane

Број на мислења : 177
Join date : 2019-05-26

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Teo Вто Мај 05 2020, 18:14

Samo vselenata i tvojata glupokja trendafile nemaat granici. Za ova prvoto ne sum siguren.

Albert bil mnogu pameten chovek.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Вто Мај 05 2020, 21:47

Zhane напиша:Ilija vo znak na revolt neka se otkaze od bugarskoto drzavjanstvo i neka go vrati bugarskiot pasos zaedno so Miliososki, Nikolovski, Janusev i Stoilkovski.
Заев ли ти рекол дека наведените имаат бугарски пасош? Дали мислиш дека Љубчо Георгиевски, еден од лидерите на владеечката коалиција го нема. Нема ли Заев почесен бугарски и грчки пасош? Колку што знам никој од наведените не работел во ЕУ, а за другите земји не им треба бугарски пасош. Со македонски дипломатски пасош се патува во повеќе земји отколку со обичен бугарски.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Teo Вто Мај 05 2020, 22:41

Jas bev informatorot. Razmenivme interesni mislenja i me iznenadi so piznavanjeto na nekoi raboti. I toa shto ne e glup partiski bot kako tebe.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Luxor Чет Мај 07 2020, 17:22

Лудилото зема замав ама кај шишмишот и останатата луда дпне багра.

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Img_2347

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 20050710
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од СДССМ-ванчомихајлова

Пишување by трендафил Чет Мај 07 2020, 20:24

Како не ви падна на ум да го исчистите споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк од шкртаниците врз него, туку тоа мораа да го направат младите Вмровци. За жал по годишнината од смртта на најголемиот Македонец. Иако за жал се подготвувате и него да го прогласите за Бугарин како што веќе направивте со цар Самоил.
Во чувствителни услови, кога имаме предавничка вазалска власт добро е да се најави кога се трга нешто. Имаме власт што го тргна споменикот на соработникот на Гоце - Ќосето, па не би било изненадување да го тргне графит од самиот Гоце. Црпнатиот нели тврдеше дека додека дише нема да се смени уставното име на Македонија. Гледам името е сменето, а уште дише. И тоа го смени за мене, кој членството во НАТО го гледа како нужно зло за членство во ЕУ за бадијала. Го сменивме само уценувачот. Тоа не е веќе Грција туку Бугарија. А другите од ЕУ молчат како педери (како карактер што би рекол поранешниот премиер).

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Luxor Чет Мај 07 2020, 20:42

Па што чекате вие лудите дпне оФци. Јавно изјавете и дајте гаранции дека ќе ја повлечете државата од НАТО и ќе го повлечете барањето за членство во ЕУ, и дека ќе ги поништите рамковниот и договорите со Бугарија и Грција па сигурно ќе добиете двотретинско во парламентот и ќе можете да го направите тоа. А не го правите затоа што патриотизмот и љубовта кон народот и државата ви се само за избори.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Dino Чет Мај 07 2020, 21:58

A od kade pari togas za kradenje i za vas i za niv. Gledam koj plati toj klati partiska pripadnost tenderite nemat. Se isti gi vrtat mitoto samo drug go zima

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by alienmk Пет Мај 08 2020, 10:40

Be ovoj epten utepan bil. Kao aj nema da gi kaznuvame prekrsitelite na zakonot greoticka nemaat lugeto pari a sto ke zarazat desetici drugi i sto nekoj ke umre zaradi niv toa ne e negova griza. Kako nemaat sovest i tie neodgovornite i on i nema da gi maci sto zaradi niv ke umre nekoj. Be prtiska agenda dobro, ama da ubivas zaradi toa sramno e.

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Img_2024

alienmk

Број на мислења : 418
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Nebula Пет Мај 08 2020, 10:48

Ne da e utepan totalka e. So siot um nemalo da si ja vrsi rabotata i da go sproveduva zakonot. I zakonodavec i sudija i izvrsitel zaedno. Ete kako ke vladee vmro ne po zakon tuku po partiski procenki i interesi.

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Exewzq10

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Albatros Пет Мај 08 2020, 11:15

Ova e obid za suspendiranje na zakonite od strana na ministerot za vnatresni raboti i povik za slobodno vrsenje na kriminalni dejstva. Slobodno moze da se okarakterizira kako obid za prevrat i voveduvanje bezvlastie, vo normalni drzavi za ova se odgovara kako za drzaven udar.

Albatros

Број на мислења : 851
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Albatros Пет Мај 08 2020, 11:21

I uste nesto okolu stavovite na ministerot. Apsolutna nevistina e tvrdenjeto izneseno vo vrska so bivsite pripadnici na agencijata za razuznavanje. Situacijata e promeneta, vlezeni sme vo voen sojuz koj ima svoi kriteriumi koi treba da bidat ispolneti. Poranesnite pripadnici za koi zboruva ministerot ne gi ispolnuvaat bezbednosnite uslovi, odnosno proceneti se kako rizicni za bezbednosta i ne im e izdaden bezbednosen sertifikat koj vprocem ne go izdava sdsm tuku vo toj proces ucestvo imaat i nato strukturite. Daleku pogolem bezbednosen rizik bi bil dokolku ovie luge ostanale vo sklopot na agencijata za razuznavanje.

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Img_2061

Albatros

Број на мислења : 851
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Nebula Пет Мај 08 2020, 11:35

Pa po koj kriterium bile vrabotuvani tie razuznavaci koi se nesposobni na drug nacin da obezbedat prihodi pa ke moraat da se prodavaat i spioniraat za drugi drzavi.

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Albatros Пет Мај 08 2020, 11:39

Spored partiski a tie kriteriumi gi ispolnuva sekoj partiski bot. Pa ke morame izgleda site da gi zakacime na drzavna cicka za da ne bidat vrbuvani od drugi drzavi.

Albatros

Број на мислења : 851
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од СДСМ Заев д.о.о.е.л

Пишување by трендафил Пет Мај 08 2020, 15:35

alienmk напиша:Be ovoj epten utepan bil. Kao aj nema da gi kaznuvame prekrsitelite na zakonot greoticka nemaat lugeto pari a sto ke zarazat desetici drugi i sto nekoj ke umre zaradi niv toa ne e negova griza.  Kako nemaat sovest i tie neodgovornite i on i nema da gi maci sto zaradi niv ke umre nekoj. Be prtiska  agenda dobro, ama da ubivas zaradi toa sramno e.

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Img_2024
Исклучително интересна е кампањата на СДСМ Заев д.о.о.е.л за смена и на последниот министер од опозицијата во техничката влада. Не знам дали некој се прави луд или навистина полудел, но ваљда сите паметат дека за настаните на 27 април не е во затвор тогашниот министер Нухиу (кој после тоа му беше помошник на Оливер Спасовски како министер), туку директорот на Бирото за јавна безбедност, тогаш Митко Чавков. Зошто за настаните во Струга сега не се бара одговорност од сегашниот директор на БЈБ. Одговорот е јасен. Се работи за човек на Заев. Веројатно и на Бојко Борисов и други странци за кои владата одработува рушење на македонизмот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Luxor Пет Мај 08 2020, 16:18

Сашо Тасевски одбива да ги спроведува законите? Сашо Тасевски изјавува јавно дека одбива да ги казнува прекршителите на законот? Сашо Тасевски е Раководител на Оперативниот Штаб во Штабот на МВР како што беше Чавков? Лудилото од дремење во опозиција посебно сега кога знаете дека ќе трае уште најмалку 4 години ќе придонесе сите да завршите во специјализирана установа.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од СДСМ Заев д.о.о.е.л

Пишување by трендафил Пет Мај 08 2020, 19:56

Полицијата секогаш имала право да опомене прекршител на законот без да го казни. Ајде потсети ме кога си побарал казна за Нина Цаца Николовска која директно зарази 5 свои колеги, а непознат е бројот кај кого овие ја пренеле болеста.
Како според вас што верувате дека Заев нема да го смени уставното име и дека сме добиле датум за преговори со ЕУ пред две години за апсењето во Бутел и Пронаоѓањето на оружје не беше заслужен министерот туку вашиот партиски колега директор на БЈБ, а за Струга се бара одговорност од министерот кој не беше заслужен за апсењето во Струфа. Министерот треба да одговара ако издал наредба да се дозволи настанот во Струга во било кој сегмент. Прв на удар треба да биде началникот на ОВР Струга, па неговиот претпоставен доколку има пропуст или наредба од негова страна. Бајаги скали треба да се поминат додека се дојде до единствениот министер од опозицијата во т.н. пржинска влада. А ако МВР драстично казнува ќе се јадат фекалии дека спроведува режим како во време на бугарската фашистичка окупација, можеби според бугарското фашистичко ослободување според договорот за (не)пријателство што го потпиша Димитров. Ајде кога го споменав министерот за по надвор да напишам и дека вршителот на должност амбасадор во Хрватска (кадар на Димитров и Заев) и третиот секретар на амбасадата се степале во службените простории и за тоа знаат сите дипломати и сите луѓе што не се информираат само преку пропагандните медиуми на СДСМ. Според имињата покрај в.д. амбасадорот Назиф Џафери и секретарот Башким Мисими треба да се кадар на актуелната власт во заминување.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by PRVOBOREC Саб Мај 09 2020, 18:55

Лудите небањати пак во акција. Уште пред некој било што да чуе или каже они се правдаат дека ништо не било сечено, лепено или монтирано. Ако не е , зошто тоа правдање однапред. Многу просто, затоа е сечено, лепено и монтирано како што беа петардите на Милошоски кој објавуваше делови од реченици склопени во некаква полуцелина.

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Exlxwm10
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Luxor Саб Мај 09 2020, 19:38

Видоа дека лажните обвинувања за криминал не им поминуваат па ќе се обидат со лажни обвинувања за омаловажување и навреди кон народот и соработниците. Според најавеното сигурно ќе биде и сечено, и лепено и монтирано. Не само што правдањето однапред како деца кои направиле грешка па однапред се правдаат го докажува тоа туку и уште нешто. Најавените изјави се едни од најлесните за монтирање. На пример Жмицко ги опцул кучињата, рекол да ги ебам во уста кучињата, најлесно е да го исечеш тоа кучињата и од било кој говор на Жмицко да ставиш народот, шарените или било кој збор. За провизија и аванта да не ни зборуваме, Жмицко зборувал на пример за провизии и авансни плаќања од продажбата на струја од хидроцентралите и доволно е да се исече струја и да се накалеми било кој друг збор. Смислено во штабот на дпне ќе биде пласирано преку нимфомакс, а кога ќе се покрене тужба или истрага за лажно клеветење ќе се бранат со слобода на говорот и медиумите. Надежта е дека изборите ќе се случат пред вистината да се дознае па дпне ќе победи и ќе си го сокрие криминалот за лажно клеветење. Тоа се разбира нема да се случи, изборите ќе ги изгубат и потоа пред законот ќе одговараат за сите криминали кои и од опозиција ги прават.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од СДСМ Заев д.о.о.е.л

Пишување by трендафил Саб Мај 09 2020, 20:20

Нешто не се сеќавам дека е извршена експертиза дали се автентични т.н. бомби на Заев кои уште стојат на нашиов форум како прва тема. Дури и кога врз основа на нив се донесени пресуди, а обвинетите бараа нивно вештачење. Колку што гледам прв пат некој од следбениците на Заев признава дека е можно манипулирање со аудио записите. Се надевам дека на форумов ќе има ист однос кон сите бомби и дека и овие ќе се најдат заклучени на чело на форумов. Едноставно да се приклучат во темата Објава: БОМБИТЕ - КОМПЛЕТЕН МАТЕРИЈАЛ ОД СИТЕ БОМБИ ШТО ГИ ОБЈАВИ ОПОЗИЦИЈАТА.
Првите 4 бомби ги ставив на темата Зоран Заев.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Teo Саб Мај 09 2020, 20:56

Nema da se najdat, isto kako shto ne se najdoa nitu bombite za Mickoski za razgovorite so Kicheec.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од СДСМ Заев д.о.о.е.л

Пишување by трендафил Саб Мај 09 2020, 21:03

Јасно ми беше и на мене дека нема да се најдат. Но барем да се смени името на темата затоа што објавувачите на невештачените бомби не се опозиција туку власт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 5 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 35 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 20 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот