Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БОМБАТА

+12
tmoro
Sotir
корисТник
меанџија
Kalinda
Пат
Arhimed
Естир
defo
kiBik
трендафил
хан Ацо
16 posters

Страна 5 of 20 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next

Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Саб Мај 09 2015, 20:16

Се јави и БЕСА.


БЕСА: Ваквите инциденти им служат само на Груевски & Мијалков и Ахмети & Џафери

БОМБАТА - Page 5 Besa-540x290

Движењето БЕСА е длабоко вознемирена од веста дека денеска во раните утрински часови во Куманово се одвива една вооружена акција помеѓу полицијата на Р. Македонија и некои вооружени групи.

По овој повод Движењето БЕСА му се обраќа на јавноста со овие пораки:

Вооружените акции во албанските зони во Македонија не одат во прилог на албанското прашање во Македонија и не придонесуваат ни за албанското прашање во Балканот. Ваквите инциденти им служат само на четворката Груевски & Мијалков и Ахмети & Џафери за нивно и за спасување на нивните кланови.
Затоа ги повикуваме вооружените групи, ако тие се Албанци, да не стануваат средство на овие антиалбански агенди и да не му штетат повеќе на албанскиот народ во Македонија.
Го повикуваме МВР веднаш да ја прекине акцијата во Куманово и да се повлече, бидејќи убивањето на невини цивили не ги амнестира акциите на полицијата.
Ја повикуваме и албанската партија во Владата на Република Македонија, ДУИ, да не се однесува како спектатор со своите соопштенија, туку да го преземе својот дел од одговорноста. Бараме од ДУИ денес јавно да се произнесе кој давал наредба за тие напади, кој е нападнат и зашто се убиени албански цивили во Куманово. Како дел од Владата, сметаме дека таа е соучесник во овие напади во Куманово и во убивањето на албанските цивили.
Го повикуваме и албанското население од Куманово да ја сочува ладнокрвноста, да не се придружи кон некои непознати агенди и да знае дека војната е потрошена карта и таа резултирала како штетна за Албанците во Македонија, особено за кумановчаните.
На крај го повикуваме и меѓународниот фактор да интервенира што побрзо и да помогне во надминување на оваа криза, бидејќи ваквите неодговорни политичари се во состојба да направат сешто само да се спасат себеси, се со цел да ја заштитат својата власт или да се враќаат на власт.

За Движењето БЕСА оваа е инсценирана акција со цел политичката криза да ја претвори во меѓуетничка криза, со цел на тој начин да ги спасат некои македонски и албански инкриминирани политичари, а ваквата цена да ја плати албанското население во Македонија. БЕСА смета дека нарушувањето на мирот и дестабилизацијата на Македонија е на штета на сите Албанци, но и во штета на евро-атлантскиот пат на земјата.

http://libertas.mk/%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8-%D0%B8%D0%BC-%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B6%D0%B0%D1%82-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Саб Мај 09 2015, 20:19

По Кабранов и Геровски со обвинувања за монтирано сценарио од власта...

Малку им е што направија предвоена состојба во Куманово, им треба и граѓанска војна во Македонија!

Испаничени поради она што се случува во Куманово, по акцијата против заега неидентификуваната вооружена група, откако се потценети можниот жесток отпор и катастрофалните последици, македонските власти и нивните пропагандисти сега се обидуваат сета вина да ја фрлат на опозицијата.

А сите ние добро да разбереме една работа - втор пат во поновата македонска историја ВМРО-ДПМНЕ е на власт и еве, втор пат сме на работ на војна. Во 2001 година одвај се извлековме. Сега пак ли ќе правиме будалштини? И за кого? За оваа клика, составена од неколку незаситни и неодговорни луѓе, кои не можат да замислат да не се на власт? За началници и за шупаци? да се одржи на власт. Луѓе мои, за кого да се крвиме, за кого да војуваме? За луѓе кои самите себе се нарекуваат лудаци?

http://plusinfo.mk/vest/25206/malku-im-e-shto-napravija-predvoena-sostojba-vo-kumanovo-im-treba-i-gragjanska-vojna-vo-makedonija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by defo Нед Мај 10 2015, 00:14

Каква престава изведе Горданчево ми се блуе...........и то од дното на душата...АКО НЕКОГАШ СУМ БИЛ ПОСИГУРЕН ДА СИ ЗАМИНАМ ОД ДРЖАВАВА..ТОА Е СЕГА....И ОДМА....убо рече покоен Младенов.......нив им треба збир на 'безрбетници и тоа го добивме...ФАЛА МНОГУ И ПРИЈАТНО

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by osa Нед Мај 10 2015, 00:51

tochno defo ,i mene mi se blue .....pomizerno ne sum se chustvuvala nikogash ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Arhimed Нед Мај 10 2015, 02:52

Курир напиша:МВР рано утрово почна акција за откривање на поголема вооружена терористичка група која според оперативните сознанија сакала да го искористи моментот во кој се наоѓа државата и имала за цел да организира напади врз државни институции.

-Истата преку свои помагачи беше засолнета и утврдена во кумановската Дива населба. За колку сериозна група стануваше збор говори и фактот што членовите на истата пружаат жесток отпор по цели 16 часа непрекинато пукање, рече Јанкулоска.

МВР одговори соодветно на заканите постапувајќи исклучително внимателно и вложувајќи огромни напори да се спасат евентуални цивилни жртви.
Од МВР знаеле приближно што ги чека. Тргнале рано наутро, со полицајци од друг регион.
За жал некој ги известил терористите.

Имаат уапсено терористи. Се надевам бргу ќе пропеат кој ги пратил, колку им платил и кој им дојавил.

Сепак од МВР можеле и подобро да се маскираат. Во Пакрац во 1991 хрватските специјалци се криеја во цивилни камиони (од градежна фирма) и ги изненадија српските бунтовници.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Arhimed Нед Мај 10 2015, 03:14

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ го поместија една недела порано. Требаше денес и утре да се одржи.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Нед Мај 10 2015, 09:35

Interesna zabeleshka Arhimede...Indikativno...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Нед Мај 10 2015, 09:39

Nekoi chudni teroristi...

ТЕРОРИСТИТЕ ЗА КОИ ЗБОРУВА МВР СЕ ВО ТРЕНЕРКИ И ПАТИКИ

Полицијата приведува членови на групата.
Фокус 9 мај 2015, 19:17

Телма објави неколку фотографии на припадници на вооружената група на кои се гледа како тие носат тренери и патики. Таквиот изглед сепак не е својствен за терористичка група, особено не за таква за каква МВР тврди дека е способна, организирана и обучена. Некои од нив се приведени вечерва.

БОМБАТА - Page 5 Telma-2

Изгледот на терористите е повеќе, како што зборуваа жителите на Куманово на некои медиуми, на сточари, земјоделци и сиромашни граѓани и дека тие се цел на полицијата.

БОМБАТА - Page 5 Telma

http://fokus.mk/teroristite-za-koi-zboruva-mvr-se-vo-trenerki-i-patiki/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Нед Мај 10 2015, 09:46

Според неки експерти, бројот на жртвите на страната на безбедносните сили, е резултат на недозволиви пропусти...

АКЦИЈА КУМАНОВО: Големи и недозволиви пропусти!

Експерти, новинари, разузнавачи, политичари, поранешни полицајци, во изјавите за „Фактор“, речиси сите се согласуваат дека акцијата на полицијата во Куманово има големи и недозволиви пропусти. И тоа од самиот почеток, уште пред да почне акцијата, па се до нејзиното привршување.
Лошо водена акција!
Снежана Лупевска новинар на Телма: „Зачудува фактот што повторно потфрлија безбедносните служби. Како можеле професионалците и од Агенцијата за разузнавање и оние од УБК да не дознаат дека волкава терористичка група е во Куманово!
Зошто дозволиле да се закотват во населба каде може да страда и локалното насление? Зошто акцијата и по 24 часа не може да заврши.Многу многу нејаснотии околу целата ситуација на теренот.
По толку години од кризата ова за мене беше шок. Знам дека сме земја каде преку ноќ може да се влијае на безбедноста но не очекував дека ќе известувам за ваква криза. Особено ме погодува фактот што има петмина мртви полицајци над 30 ранети. Локалното население беше речиси 15 часа изложено на тоа да слуша престрелки и да гледа акција. Лошо водена акција и лоши последици“, смета Лупевска.

Полицајците како глинени гулаби
Илија Николовски, генерал во пензија, кој во 2001 командандувал со Вториот армиски корпус, вели дека амбиентот во 2001 многу се разликува од сегашниот:
„Не може да се каже дека постојат услови овој инцидент и конфликт да успее. Нема да успее затоа што стратегиски интерес на Албанците и во Македонија, во Косово и пошироко, е да има мир и стабилност во регионот, да не бидат тие дежурни виновници за стабилноста. Напротив – нивен стратегиски интерес е Косово и сите други делови да бидат мирни и стабилни“, оцени Николовски во изјава за телевизијата Канал 5.
Тој ја анализира и оценката на повеќе експерти дека се работи за платеници.
„Во оваа тешка економска криза во регионот, кога има платеници кои одат во Сирија и Авганистан и други земји, многу полесно е да дојдат да дејствуваат и во Македонија за одредена сума и потоа да се повлечат. Не знам кој е организаторот и кој ја контролира оваа криза, но имам чувство дека организаторот некои работи не ги предвидел и дека работите му излегле од контрола. Не сакам ни да помислам дека некој ја провалил полициската акција, но според бројот на жртвите кои се најавуваат, сакам да го изразам моето жалење дека некој полицајците ги изложил како живо месо“, изјави Николовски.
Среќа што граѓаните не ги поддржаа активностите
Павле Трајанов: „Генерално, ова е обид за дестабилизација на Македонија и нарушување на безбедноста. Се работи за терористички групи кои ја загрозија стабилноста на Македонија. Исто така, важно е да се истакне дека граѓаните не ги подржаа овие активности и мислам дека нема да дојде до нарушување на меѓуетничките односи. Очекувам сега безбедносните служби на чело со МВР да ја расчистат компелтно работата. Она што можам да го истаканм е дека се забележливи одредени пропусти на оперативните служби, со што се добива впечаток дека полицијата е практично голо изложена на стрелба. Не можам и не сакам да навлегувам во разно разните шпекулации за сценаријата за овој немил настан. Сепак, треба да почекаме да се стабилизира целата ситуација, затоа што има една нејасна работа, а тоа е што не се знае кој стои зад овие терористички групи и кои се нивните цели.
Не смееше да се оди во акција без претходно преземање на други чекори
Јанко Бачев: бројот на загинати полициски специјали остава впечаток дека имало пропусти во полициската акција, бидејќи, во такви акции кога МВР е во доминантна предност со информациите за терористичката група, истата се решава речиси без жртви на страната на безбедносните сили, или, евентуално со цивилни жртви кои, сега, модерно се нарекуваат колатерална штета. Со оглед на официјална потврда од МВР дека терористичката група е од соседна држава, според мене, добар тактички приод би бил кога македонските власти во согласност со своето меѓународно правно-признато право (член 34 и 35 од Повелбата на ОН) би му обрнале внимание на Советот за безбедност или на Генералното собрание на Обединетите нации за овие загрозувачки настани по мирот и безбедноста, односно, да се побара седница на Советот за безбедност на ОН да расправа по ова прашање, со цел, лоцирање на одговорност кај соседната држава.
Неуспех на безбедносните политики
Перо Димшоски: Најважна констатација е таа дека овие настани најдобро го покажуваат неуспехот на безбедносните политики на Владата на Груевски. Евидентно е дека мала земја како Македонија, која излезе од тежок конфликт во 2001 година и која географски е лоцирана во поширок регион на политичка нестабилност ја запостави безбедноста и одбраната. Наместо да ги зајакнува секторите на безбедност и одбрана, во изминативе десет години буџетските средства беа пренасочени кон проектот Скопје 2014 каде бесмислено се потрошија повеќе од половина милијарда евра, но и поради тој проект се изгубија и грантови од билатералната помош во исто толкав износ. Значи проектот Скопје 2014 изеде повеќе од 10 годишни буџети на Министерството за Одбрана! Ова е резултат на политиките на Никола Груевски.
Доколку Македонија имаше соодветен безбедносен систем ќе беше невозможно да добро вооружена група од 40 члена ја премине незабележано и непречено државната граница и се пробие до вториот по големина македонски град каде сега води улични борби со полицијата, како да сме во Сирија или Либија, кои се тотално колабирани држави.
Г.Ч.

http://faktor.mk/2015/05/10/aktsija-kumanovo-golemi-i-nedozvolivi-propusti/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Нед Мај 10 2015, 10:40

до сега би требало командниот центар да има комплетна анализа на случајов и согледа пропустите кои очигледно има огромна штета на наша страна вклучувајќи и жртви.Недопустливо е грешки,секоја грешка значи живот еден или повеќе а исто и демотивирање на полицајците кои се на терен.Ако веќе е терористичка група која јако се утврдила во Куманово зошто да такви непријателски елементи не се усидрени и во Скопје?Би бил потполн хаос ако ова се случи во Скопје.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by хан Ацо Нед Мај 10 2015, 10:43

Уште се пуца во Куманово!Нели се беше готово?

хан Ацо
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by osa Нед Мај 10 2015, 10:49

arhimed напиша:Имаат уапсено терористи. Се надевам бргу ќе пропеат кој ги пратил, колку им платил и кој им дојавил.

a komu ke mu propeat ? na koi drzavni strukturi ? kaj ke zavrshi "pesnata shto ke ja propeat"?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Мај 10 2015, 10:51

Dodeka se Grujoliki i Alji na vlast ce se puca!!!!
Toa e nasha sudbina. Cim e DRPMNE na vlast se puca, se gine ...vladee kriminal i mafija!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by defo Нед Мај 10 2015, 11:01

Дали можда ради мојата возраст(32) дали ради тоа што во конфликтот 2001 „бев“ премногу млад....али поужасно од денес не сум се чуствувал никогаш во живот. Чуство на гадење од разно разни спинери, чуство на болка, несигурност, чуство на омраза..кое нема кон кого да го насочиш

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by tmoro Нед Мај 10 2015, 11:20

defo напиша:Дали можда ради мојата возраст(32) дали ради тоа што во конфликтот 2001 „бев“ премногу млад....али поужасно од денес не сум се чуствувал никогаш во живот. Чуство на гадење од разно разни спинери,  чуство на болка, несигурност, чуство на омраза..кое нема кон кого да го насочиш

диктатурата си има своја цена,,,,,,,,све е насочено кон Заев,Бранко СДСМ,,,,границата е како чаршија ,имаме фејсбук влада,наместо ликвидирање на сите терористи тие ги сликаат и пишуваат се предале,со патики биле ,сточари биле,,,,аматери -НЕБАЊАТИ

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by osa Нед Мај 10 2015, 11:23

eve kako kratko i jasno se objasnuva sostojbata vo kumanovsko na tviter ,ubavi prashanja nema shto ,samo ushte odgovorite nedostasuvaat

БОМБАТА - Page 5 CEj2aXEUEAEyuzj

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by tmoro Нед Мај 10 2015, 11:28

Неофицијално 8 погинати?

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Нед Мај 10 2015, 11:30

Interesni informacii...Kako li samo znaele...

НА ВРАБОТЕНИТЕ НА КЛИНИКАТА ВЧЕРА ИМ БИЛО НАРЕДЕНО ДА СЕ ПОЈАВАТ ВЧЕРА НАУТРО

Неофицијален податок протече низ Фејсбук, одкако Миодраг Мисолиќ напиша дека на Клиника уште синоќа им рекле да пристигнат ова утро на работа, пренесе think.mk.
На Клиника уште синоќа им рекле сабајле сите да се нацртаат на работа. Толку од „случајностите“ за инцидентот. – Вели Миодраг на својот Facebook профил.
Наредбата за појавување на работа, протекла од устите на вработените таму. Повеќе информации во врска со ова сеуште нема.

БОМБАТА - Page 5 Miodrag

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Мај 10 2015, 11:34

Ne be ovoj Miodrag, e ocigleden provokator, sorosoid i manipulator! Kaj samo mu teknalo ovakvo nesto!?
Mene me cudi drugo: Zosto vcera imase povekje policija otkolku vo Kumanovo? I site vo ful ratna oprema?
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Нед Мај 10 2015, 11:36

Trajanov ja obvinuva vlasta...Vo koja patem, koalicionira...

Трајанов: Власта е одговорна за загинувањето на полицајците

«Одговорноста е на власта. Сите ние други, и партии и медиуми и граѓански организации имаме одредена одговорност за општестевните случувања, но ако се загрози територијалниот интегритет на државата, така што имаме уфрлена група во земјава, тогаш одговорноста е на безбедносните служби. Прво ни се случи Гошинце, па сега инцидентот во кумановската „Дива Населба“, тогаш одговорноста мора да ја понесе власта. Не може за ова да се обвинува опозицијата, тоа е далеку од памет», изјави Трајнов.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=22261

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Мај 10 2015, 11:40

Ajdeeee, poleka, poleka i Pajo se preshaltue. Sega samo treba glasno i silno da vikne: OOOOP!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Нед Мај 10 2015, 11:42

Protestite ne smeat da zaprat...

7 причини кои не треба да те спречат да го искажеш своето незадоволство!


1. Не знам кој организира, не сакам да бидам злоупотребен!
Ако не дојдеш, нема ни да дознаеш кој организира, медиумите секогаш различно известуваат! Дојди во близина на протестот и направи лична проценка кој протестира и на кој начин, па ако ти се допаднеме придружи ни се, ако не слободно замини си.

2. Сите партии се исти, и тие што ќе дојдат потоа ќе бидат исти!
Сите се исти зашто ние им дозволуваме да бидат исти! Ајде да ги направиме исти во стравот од обичниот граѓанин и одговорноста пред НАС за секоја своја политичка постапка! Да се избориме сами за сопствената слобода, да не може никој повеќе да нè држи во заложништво со изговор дека тој пред него бил поголемо зло!

3. Нека оди да протестира тој што утре ќе има најголема корист од тоа, јас нема да имам ништо!
Не постои поголема корист од слободата, од слободното изразување, од правна држава која го штити граѓанинот, од држава во која се чуствуваш безбеден и заштитен, во која не треба да се плашиш за своето работно место и за својот бизнис!

4. Се плашам дека ќе избие насилство / Не знам на што се спремни!
Добро е да се плашиш, тоа значи дека не поддржуваш насилство и дека си свесен и совесен граѓанин. Овие протести се токму за тоа – да се спречи секакво понатамошно насилство. Што повеќе нè има, толку е помала можноста за насилство. Имаме две опции, да спречиме да има повеќе насилство или да живееме во страв и надеж дека ние нема да сме следните.

5. Не сакам да се мешам во политика!
Не! Ти не сакаш политиката да се меша во твојот живот! Не сакаш секој аспект од твоето живеење да биде зависен од интересите на политичка партија! Најважното оружје на политичарите е да те убедат дека од тебе ништо не зависи за да можат да работат без да одговараат пред народот. Ти си во Уставот, ти си во законите, ти си тој пред кого треба да одговараат сите кои се на функција!  Затоа излези и не дозволувај повеќе политиката да го окупира твојот живот.

6. Имам деца, став ми е да не им наштетам!
Тогаш ти најмногу од сите имаш за што да се бориш! Ова е борба за подобра иднина за нив, подобро здравство, подобро образование, подобар стандард, слобода на избор, независност од политички партии. Тешко е, но тешко е и да си го гледаш детето само на Скајп.

7. Гласав за ВМРО ДПМНЕ!
И Мартин Нешковски беше симпатизер на власта. Во негова одбрана не застанаа симпатизерите на власта, туку граѓани кои се борат за правна држава која ќе ги штити сите. Партијата не е таа од која треба да чекаш да те штити. Правната држава и народот кој се бори за своите права и правата на своите сограѓани се тие кои секогаш ќе застанат во твоја заштита. Затоа биди солидарен и застани ти во нивна одбрана денес.

Влатко Васиљ

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by tmoro Нед Мај 10 2015, 11:47

Жарко Кузмановски (32) од Брвеница, Сашо Самоиловски (32) од Тетово и Ненад Серафимовски (28) од Зубовце,  Исамедин Османи, Бобан Ивановиќ и Горан Илиевски се шестмината бранители кои го дадоа својот живот за Македонијa

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Нед Мај 10 2015, 11:48

Se znae li od koja edinica na MVR se zaginatite???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by tmoro Нед Мај 10 2015, 11:53

Тео напиша:Se znae li od koja edinica na MVR se zaginatite???

?.....Не кажуваат.
9 мај е свесно одбран,Акцијата припремана за денот против фашизмот,нелегалниот Врховниот командант оди во Русија за денот против фашизмот кај Путин за да добие подршка од Русија.



tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 20 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот