ХРАНА
2 posters
Страна 2 of 12
Страна 2 of 12 • 1, 2, 3, ... 10, 11, 12
Re: ХРАНА
Pet de nonne. Монахињин прдеж. Француско колаче од жежено тесто со крем. Се нарекува и Блудничин прдеж и Монашка воздишка.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Angels on horseback. Ангели на коњ. Англиски мини ражњичи од каменици замотани во сланина.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Смрдлив бискуп е вид англиско меко, смрдливо сирење. Наречен е по истоимената сорта на круша (Stinking Bishop) бидејќи во текот на зреењето неколку пати се испира во крушковача.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Смрт попладне. Коктел на Ернест Хемингвеј. Името го добил според негов истоимен расказ. Се состои од една доза апсинт надоточена со леден шампањ.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Зачини, вкусови и мириси
Првиот Европјанин кој пробал бибер бил Александар Македонски. Првиот Европјанин кој пробал ванила бил Кристофор Колумбо. Тоа се случило во Никарагва на 14 септември 1502.
Првиот Европјанин кој пробал бибер бил Александар Македонски. Првиот Европјанин кој пробал ванила бил Кристофор Колумбо. Тоа се случило во Никарагва на 14 септември 1502.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Индиската традиција препознава шест вкусови: солено, слатко, кисело, горко, луто и трпко (или опоро). Кинеската традиција познава само пет: солено, слатко, кисело, горко и луто. Европа со векови признавала само четири вкусови: солено, слатко, кисело и горко. Во моментов се одлучува за масното како нов вкус бидејќи, се чини, на јазикот имаме таков тип рецептори.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Да имам само една паричка на светот, би ти ја дал да купиш колаче од ѓумбир.
Вилиам Шекспир
Вилиам Шекспир
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Според некои научници, кога е храната во прашање човечките суштества се раѓаат само со две преференции ‒ сакаат слатко, не сакаат горко. Сето друго е научено и културно условено.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Спас од жарењето во уста предизвикано од чили, т.е. феферони, не треба да се бара во водата или овошниот сок бидејќи капсаицинот во вода нема да се истопи, туку само уште подобро ќе се распореди низ устата. Попрво треба да се земе млеко или јогурт, или парченце леб, кои ќе ги впијат пеколните молекули. Помагаат и ракија, текила, вотка, бидејќи капсаицинот одлично се топи во алкохол.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Во античко време по трговските патишта од Исток се движеле каравани со по дури 4000 камили натоварени со зачини.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Снагата на фефероните се мери со единиците Scovilla. Во чистиот капсаицин ги има околу 16 милиони, а во слатката пиперка нема ниедна.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Долго се мислело дека најлутиот феферон е хабанеро, со двесте до триста и педесет илјади единици. (Просечниот феферон е лут само околу шесто единици.) И тогаш ја тестирале индиската сорта нага јолокиа и утврдиле 1,04 милиони единици Scovilla.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
„Седум зачини“ се сечуански бибер, чили, мак, семки на сончогледова репка, бел и црн сусам и корка од мандарина.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
„Пет зачини“ се сечуански бибер, цимет или семки на сончогледова репка, копар, ѕвездесет анис и каранфилче
Гостин- Гостин
Страна 2 of 12 • 1, 2, 3, ... 10, 11, 12
Страна 2 of 12
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот