Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

+23
Flora
misterija
Albatros
Nebula
Bosonoga
EVITA
nino
Dino
PRVOBOREC
трендафил
SHARENI
Teo
OPOZICIONER
TRAJCHE
Delta
Luxor
Kalinda
reiter
Hamad bim Khalifa
IVA
хан Ацо
defo
osa
27 posters

Страна 9 of 29 Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 19 ... 29  Next

Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Kalinda Саб Апр 09 2016, 18:14

Ајде наздравје бричење и потшишување .
Е сега многу сакам да знам
како ке остане СДСМ во ДИК
За да немало нерегуларности?!
Значи изборите ке бидат регуларни ?!?!
Ех се изнасмеав ,слатко .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 493
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Пон Апр 11 2016, 11:25

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Апр 11 2016, 21:12

Drobenje, drobenje.......Dupeglavcive dpmnovski u mashina za recikliranje da upadneshe pomalku ke boli! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Пет Апр 15 2016, 14:08

Порака од соседите за претседателот фикус.

ПЛЕВНЕЛИЕВ ДО ИВАНОВ: КОРУПЦИЈАТА НА ВЛАСТА МОРА ДА БИДЕ ИСТРАЖЕНА, А НЕ АМНЕСТИРАНА

http://fokus.mk/plevneliev-do-ivanov-koruptsijata-na-vlasta-mora-da-bide-istrazhena-a-ne-amnestirana/

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Пет Апр 15 2016, 14:38

Nozh vo grb na Grujoshesku ili obid za pritisok vrz Zaev?!?!?!

Средба на Заев и Ахмети

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Hamad bim Khalifa Пет Апр 15 2016, 15:43

Teo напиша:Nozh vo grb na Grujoshesku ili obid za pritisok vrz Zaev?!?!?!

Средба на Заев и Ахмети

Abe bash e Alji toj sto ke go pritisne Zaev?!?!?! Epa bash go potrefi momentot...... Twisted Evil Twisted Evil  Zaev sega takvi ko Aca Antic gi mnozi so nula, ama ajd pred strancite glumi kooperativnost i kurtuazija. Alji moze samo prostata da si ja masira so na Zaev morkovot! Twisted Evil Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Сре Апр 20 2016, 22:15

Продолжува падот на слободата на медиумите.

Македонија на 118 место по слободата на медиумите во светот

Во денеска објавениот Индекс на слободата на медиумите во светот на организацијата Репортери без граници, Македонија е рангирана на 118 место, едно подолу од минатата година. Индексот покажува дека има длабок и вознемирувачки пад во слободата на медиумите и на глобално и на регионално ниво.

Македонија има индекс од нешто над 36 поени и е на најниска позиција од земјите во регионот. Пред Македонија се Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија.

http://www.makdenes.org/content/article/27685541.html

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Чет Апр 21 2016, 11:04

Уапсен Зоран Божиновски, се чека екстрадиција за Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 133389

Во Нови Сад е уапсен македонскиот новинар Зоран Божиновски од страна на српските власти, дознава 24 Вести.

Божиновски денеска ќе биде изведен пред судија во Нови Сад, по што следува процесот за негова екстрадиција во Македонија.

Македонските власти имаат распишано потерница за Зоран Божиновски кој е еден од осомничените во процесот „Шпион“.

http://24vesti.mk/uapsen-zoran-bozhinovski-se-cheka-ekstradicija-za-makedonija

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Чет Апр 21 2016, 12:03

Пропадна обидот на Хан за враќање на Пржино или нов договор.

ОТКАЖАН СОСТАНОКОТ ВО ВИЕНА

Состанокот во Виена, на кој требаше да се бара излез од политичката криза е откажан. Како што неофицијално дознаваме, од дипломатски извори, причината за одложувањето на средбата, на која беа поканети лидерите Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, се последните барања што ги испорача опозицијата како услов за да присуствува на новите преговори за надминување на длабоката политичка криза. Лидерот на СДСМ Зоран Заев своето учество во Виена го услови со одложување на изборите и повлекување на одлуката за аболиција, што минатата недела ја донесе претседателот Ѓорге Иванов. Претходно од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ го потврдија нивното присуство на состанокот.

Покрај еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европарламентарци Едуард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгел како домаќини на состанокот, требаше да присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ во земјава Џес Бејли и Аиво Орав. (С.Ј.)

http://grid.mk/read/news/512335465/11355884/otkazhan-sostanokot-vo-viena

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Чет Апр 21 2016, 18:46

НОВА ТВ во живо од "Шарената револуција".

http://novatv.mk/vo-zhivo-sharena-revolutsija-na-skopskite-ulitsi/

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Пет Апр 22 2016, 17:58

Фајненшел Тајмс: Во ЕУ расправале за санкции за македонски политичари

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот неделава веќе расправале за воведувањето санкции кон врвните политичари во Македонија, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Одлуката ќе наликува на таа донесена одамна за Виктор Јанукович во Украина.

Ова денеска го објави „Фајненшел тајмс“ повикувајќи се на висок функционер на ЕУ инволвиран во процесот во Македонија кој нагласил дека одлуката за воведување санкции се уште не е донесена и дека за да се спречи мора да се повлече амнестијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов и да се направат клучните реформи.

Со тоа Брисел практично најавува дека Иванов ќе биде на врвот на листата на санкционирани политичари, а по него ќе следат функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Санкциите предвидуваат забрана за патување, како и замрзнување на сметките и имотите, пишува весникот.

„ЕУ е подготвена да воведе санкции на политичарите што го блокираат решавањето на кризата. Македонија оди кон меѓународна изолација“, изјавил високиот функционер на ЕУ за „Фајнаншел тајмс“.

Сите земји членки на ЕУ треба да ја одобрат одлуката.

Освен тоа, најдиректно ќе бидат замрзнати македонските евроинтеграции , со одземање на препораката за преговори и ќе бидат повлечени поканите за учество на самитите на НАТО во Варшава и на Западен Балкан во Париз.

http://novatv.mk/fajnenshel-tajms-vo-eu-raspravale-za-sanktsii-za-makedonski-politichari/

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Пет Апр 22 2016, 18:01

„Шарената револуција“ и во Холандија

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Screenshot_311

На 24. април во недела во 13:30 часот во Амстердам ќе се протестира во знак на поддршна на СЈО.

Се бара иповлекување на одлуката да се аболицира кој и да е кој е под истражна постапка или кривично гонење од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Неотповиклива оставка од Ѓорѓе Иванов од позицијата Претседател на Република Македонија.
Итно произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
Формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите покренати од СЈО.

Итно повлекување на одлуката за организирање на парламентарни избори на 5.јуни.

Итно вклучување на претставници на независното граѓанско општество во процесот за решавање на кризата.

Формирање на преодна Влада која целосно ќе ги имплементра Итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе.

http://a1on.mk/wordpress/archives/605783

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Апр 23 2016, 09:40

Луѓето насекаде се исти.

Највисоката црква во светот се распаѓа од урина

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Ulmer-M%C3%BCnster-001

„Улмер Мунстер“, највисоката црква во светот, има проблем со корозија, но не е предизвикана од хемиските елементи на врвот на кулата, туку од мажите кои често мократ покрај нејзините ѕидови.

– Вложуваме милиони за обнова на кулата, а истовремено нашите камени ѕидови се нагризени на дното, вели свештеникот на оваа лутеранска срква Табеа Фреј, пренесува Хина.

– Желудникот ми се првртува од лутина што немаат почит кон ништо. Песочникот се распаѓа, слоевите кои се дебели неколку сантиметри се уништени, додава Фреј.

– Далеку од тоа дека Улм е единствен град кој го има овој проблем. Мажите ја „обележуваат својата територија“, нагласи Волфганг Бухман од германскиот сојуз на уролози, и таа навика ја опиша како „рудиментарно однесување“, кое доаѓа на површина како последица од алкохол.

Темелите на црквата во Улм, гордоста на градот во југозападна Германија, се положени во 1377 година.

Со 161,1 метар Улмер Мунстер е највисока црква во христијанството.

http://grid.mk/read/news/512347578/11363733/najvisokata-crkva-vo-svetot-se-raspagja-od-urina

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Hamad bim Khalifa Саб Апр 23 2016, 15:52

trut напиша:Луѓето насекаде се исти.[b][/b]

Mislish i na nashite crkvi se mocaat ili znaesh?!?!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Апр 23 2016, 16:11

Ти како стручно лице во градежништво би мошел да направиш една студија на таа тема.

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 10:39

Годинава ќе не задолжат скоро седумстотини милиони евра.

По политичката, уште поголема финансиска криза

По ескалацијата на политичката криза, на Македонија и претстои уште поголема финансиска криза.Инвестициски советници и економски експерти алармираат дека на земјата и се заканува финансиска изолација бидејки без кредибилни избори,не е можна финансиска поддршка од мегународните кредитори.Губењето на препораката за преговори и санкции против политичари во владата, ќе ја турне Македонија во девизна криза и голема инфлација,а штетите велат тие ќе бидат непроценливи веќе од втората половина на годината.

-Ако се повлече препораката, ќе секнат ЕУ фондовите со кои земјата се спрема за ЕУ а тоа не се мали пари, ќе прекинат сите видови донации, ќе поскапи капиталот и заемите. Штетите ќе бидат огромни за Македонија, Петар Гошев поранешен гуверенер на НБРМ

-СБ и ММФ се контролирани од запад.Ако тие велат дека нема демократија,тие ке ги повлечат кредитите.Со фин. изолација,создаваш проблеми за домашната економија, смета Џон Јоновски инвестициски советник

Дополнителното продлабочување на кризата според ГоШев и Јоновски ќе значи забавен раст на економијата,неможност да се отвораат нови работни емста,девизна криза но и клуч на врата на голем бр фирми.Поради можност државната каса да остане без пари,неминовен е ребаланс на буџетот.

-Во втората половина од годинава приходите нема да се остварат, затоа што и расходите ќе се поголеми од планираното. Така што ребаланс е неминовен и тоа ќе се случи со оваа или др влада, ова е неодржливо, смета Гошев.

-Најлошо е ако дојде до девизна криза,кога немаш девизи за да  отплатиш кредити,да водиш трговија.Луѓето плакаат повеке денари и има инфлација. Не сакам да прогнозирам но за обичниот граганин не е добро, истакнува Џон.

Доколку на земјата и бидат потребни нови кредити од надвор, пристапот до странски финансиски пазари според Јоновски ке биде се потежок, парите ќе бидат поскапи а критериумите многу остри.

На власта ќе и остане можноста за задолжување на домашниот пазар. Со буџетот за оваа година, се планира да се позајмат 678 милиони евра од кои 371 од странски кредитори. Останатите ќе се позајмат од  банките, осигурителните и пензиските фоднови.

http://telma.com.mk/vesti/po-politichkata-ushte-pogolema-finansiska-kriza

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 19:56

НОВО ИСПИТУВАЊЕ, НОВИ ПОРАЗИТЕЛНИ РЕЗУЛТАТИ
„Арсена“: Нова анализа потврди 113 отсто повисока концентрација арсен во гевгелиската вода

Граѓанската иницијатива „Арсена“ нарача ново испитување на водата од гевгелискиот водовод, кое повторно потврди недозволиво количество арсен - на 21,3 микрограми арсен на еден литар вода, а границата е 10 микрограми.

„Тоа е за 113% повисока концентрација од дозволената граница утврдена од Светската здравствена организација, а прифатена од земјите членки на Европската Унија и Македонија како земја аспирант за членство. Ова се ужасни податоци. Анализата ја нарачавме во март, кога на терен во гевгелиско имавме сува клима без врнежи, а стручњаците укажуваат дека поголеми концентрации на арсен во водата се присутни после обилни врнежливи периоди. Каква ли вода пијат гевгеличани во пролетната и есенската дождовна сезона?“, прашуваат од иницијативата „Арсена“.

Од таму велат дека се решиле да побараат странска анализа во меѓународна лиценцирана лабораторија, бидејќи државните институции во Република Македонија самите се прогласиле за нерелевантни и одбиле да направат инспитување.

Како што објаснуваат од иницијативата, меѓународната лабораторија во Солун, Грција, каде е извршена посочената анализа на примерок вода од Гевгелискиот водовод, поседува Акредитиран метод според стандардот ISO 17025, (Standard methods 22nd Ed, 2012) прифатен според европската легислатива.

„За резултатите ќе ги известиме државните и локалните надлежни тела.Ќе ги чекаме нивните решенија за отровната вода која се дистрибуира низ градскиот водоводен систем веќе триипол години. Ако после ова не реагираат, ќе мора да поведеме постапка за кривична одговорност од Министер за здравство, до директор на јавното комунално претпријатие, без исклучок и на локалната самоуправа која немо го преседе мандатот без било какви мерки за заштита на граѓаните“, соопштуваат во иницијативата.

Документот од новото испитување што го приложи „Арсена“
Инаку, МКД.мк веќе пишуваше дека гевгеличани со години консумираат „арсена“, вода збогатена со специјален токсичен додаток, директно од чешма! Прекумерното количество арсен во питката вода изминативе години ги електрифицираше антените на еколозите и активистите.

Гевгеличани, особено активистите од иницијативата „Арсена“, сè уште со кампањи, донаторски акции и јавни трибини го буткаат проблемот од локалниот простор, преку социјалните мрежи, па низ локалната самоуправа, гевгелискиот совет, со цел да стигне и до централната власт. Да стане државен приоритет.

Но активистите се револтирани што и покрај повеќе испитувања и анализи, кои покажаа дека локалниот „Комуналец“ преку својот систем испорачува вода со поголеми концентрации арсен од пропишаните граници, и тоа, како што тврдат на околу 20.000 луѓе, сепак досега нема одлука за целосна забрана за нејзино консумирање. Од „Арсена“ тврдеше и за нарачан молк низ локалната самоуправа и комуналното претпријатие.

Од општина Гевгелија уште лани летото за МКД.мк рекоа дека ќе го подобруваат водоснабдувањето преку зафаќање на дополнителни количини води за пиење од новите бунари во месноста „Мрзенска Ада" крај реката Вардар. Според изготвениот основен проект, рекоа од општината, од двата бунари ќе се обезбедат 200 литри/секунда квалитетна вода за пиење, кои би биле доволни за водоснабдување на градот Гевгелија. Покрај ова, тврдеа со проектот се предвидува изградба на потисен цевковод, нов резервоар сместен на Мрзенски Рид, доводен цевковод за поврзување со дистрибутивна мрежа и хлорна станица.

http://www.mkd.mk/makedonija/arsena-nova-analiza-potvrdi-113-otsto-povisoka-koncentracija-arsen-vo-gevgeliskata-voda

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:19

Тетовци утре на протест против режимската власт

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 13051674_1221264291239066_7701064932514266041_n

http://plusinfo.mk/vest/67712/tetovci-utre-na-protest-protiv-rezimskata-vlast

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:20

„Честито аболиција“ - герила акција на промоцијата на докторатот на Јанкуловска

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Cestito_abolicija

http://telma.com.mk/vesti/chestito-abolicija-gerila-akcija-na-promocijata-na-doktoratot-na-jankulovska

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 18:18

Оставка на Иванов, Груевски кандидат за Претседател - претседателски и парламентарни на 5 јуни

Да ја повлече одлуката за аболиција или да поднесе оставка, се двете можни сценарија кои се врзуваат со името на Претседтелот Ѓорѓе Иванов, како решение за проблемот кој го направи со одлуката да не дозволи кривично гонење на 56 политичари, што предизвика револт и протести кои траат две недели.

Во можното сценарио за давање оставка се посочува утрешниот ден како датум, за да може, во законскиот рок од 40 дена да се распишат и претседтелски избори кои би се одржале заедно со парламентарните на 5 јуни.

Доколку дојде до вакво сценарио, што не е тешко изводливо, во среда Уставниот суд би ја констатирал оставката, само ќе остане прашањето, кој ќе го потпише решението за дополнителните избори: дали Трајко Вељаноски може да го стори тоа во време на распуштен парламент, ако веќе не можеше да свика седница за импичмент на Иванов.

Но, во теориите на политичките шпекулации и толкување на правото се е можно, па би се истолкувало дека Вељаноски, „за не дај боже“ е Претседател на Собрание до конституирање на новиот состав, и како таков може да потпише решение за претседателски избори, па дури, и да го нменува Претседателот ако треба, како негов формален заменик според уставната поделба на власта.

Меѓутоа, тоа што е поинтересно е прашањето, кој би бил кандидат за Претседтел ако Иванов реши (или речено народски -ако му наложи партијата) да си даде оставка?

Во сегашниве услови, на силна медиумска кампања, и теренска секако, со целосна партиска и државна машинерија зад себе, то би можело да биде само Никола Груевски.

Формално, ги исполнува законските услови, да има над 40 години и континуирано живеење во земјава во последните 15 години, а би бил идеален кандидат во услови кога другите партии најавуваат бојкот на изборите и на така краток рок, за кој, објективно другите партии или независни кандидати немаат логистика и ресурси

На ваков начин, ВМРО ДПМНЕ за себе би си обезбедила апсолутна власт, мнозинство во Парламент, Претседтел на држава, па во таква ситуација, може да се пазари за поддршка само со ДУИ, а за возврат да им го отстапи местото Претседтел на Собрание.

Овие тези одат во прилог на информациите дека Груевски барал цврста гаранција дека изборите мора да се одржат на 5-јуни, а најавувал, дека тој не морало да биде пак премиер. До некаде тоа и би било така, доколку, во последен момент не се употреби џокерот, оставка на Иванов, кандидат Груевски и освојување на апсолутна власт.

Тука треба да се бара и ангажираноста на Груевски со посета на секое село, промовирање на мерки за различна старосна структура на население, со микрофон на себе, и со силна медиумска машинерија, како минатонеделниот настап пред двајца сточари во Пуста Брезница, каде што најави увоз на високомлечни крави, кози и овци, на кој „настан“ имаше екипи од сите можни про владини медиуми.

Иванов, според Устав не може да се кандидира за трет мандат, а партијата, за услугата што им ја направи со аболицијата, сигурно може да му обезбеди амбасадорска позиција, на која јавноста набрзо и би го заборавила.

Ви звучи шашаво? Да, што би рекол, Иванов, звучи шашаво, ама може да функционира.

Да почекаме што ќе донесе оваа седмица, дали оставка и кандидат за претседтел или санкции и црни листи од ЕУ за македонски политичари со замрзнат имот?

Неделава е идеална за вакви крупни одлуки, бидејќи доаѓаа Велигденски и првомајски празници, време за семејни средби и пикници наместо празници, а до вторник ќе заборавиме и дека Иванов дал оставка и дека на 5-ти јуни би имале двојни избори!

http://svedok.org.mk/mk/record.php?id=371

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Вто Апр 26 2016, 12:14

Здружението Протестирам денеска покрај во Скопјe најави дека ќе има протести и во Тетово, Радовиш и Кичево.

Здружението Протестирам денеска покрај во Скопјe најави дека ќе има протести и во Тетово, Радовиш и Кичево.

Вчера и покрај невреметот се одржа голем протест во Скопје. Овојпат офарбана беше зградата на МНР.

Демонтсрантрите бараа слобода за нивните притворени другари, а ги истакнаа и останатите барања:

Повлекување на аболицијата, оставка на Иванов, одложување на изборите, формирање на експертска Влада.

http://fokus.mk/protestiram-vo-tetovo-radovish-kichevo/

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Сре Апр 27 2016, 12:20

Фридом Хаус: Македонија е неслободна земја во однос на слобода на медиумите

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Fridom_haus-1

Од групата делумно слободни, Македонија падна во групата на неслободни земји во однос на слободата на печатот, се вели во најновиот извештај на Фридом Хаус.

Ова се должи пред се на откривањето на масовното прислушување на новинари, како и на корупциските врски помеѓу власта и сопственици на медиуми, но и на засилените закани упатени кон медиумските работници.

„Македонската медиумска сцена е длабоко политички поларизирана. Автоцензурата кај новинарите е честа појава, пред сè поради притисокот од сопствениците на медиумите со одредени деловни или политички интереси. Новинарите се слабо платени и се соочуваат со закани и со малтретирање доколку се ангажираат во истражувачкото или критичко известување. Законот за отворен пристап до информации од јавен карактер се спроведува нерамномерно и селективно, а владините функционери ги одложуваат одговорите и ги избегнуваат независните или критичките медиуми“, се вели во извештајот.

Во овој извештај, нашата земја, заедно со Турција се единствените земји од регионов, кои се наоѓаат во групата на неслободни земји. Останатите земји од Балканот се во групата делумно слободни. Македонија, истотака е земја која заедно со Турција, Бангладеш, Бурунди, Франција, Србија, Јемен, Египет и Зимбабве, минатата година забележала најголем пад.

Нападите и смртните закани во Македонија и Босна и Херцеговина, исто така, ја истакнаа загриженоста со бројни прекршоци извршени против новинарите кои ја истражуваат корупција во власта.

Додека во Турција, власта ја искористи состојбата со реалните закани за безбедноста за да ја интензивира својата репресија врз медиумите.

Во извештајот на Фридом хаус, насловен „Битката за доминантна порака“ се оценува дека слободата на печатот во светот лани се намали на најниско ниво во последните 12 години.

http://telma.com.mk/vesti/fridom-haus-za-sloboda-na-medoimite-makedonija-padna-vo-grupata-neslobodni-zemji

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Сре Апр 27 2016, 17:19

Функционер на СДСМ од Битола, погоден со куршум во нога

Битола, 27 април, 2016 - 16:16 (META)
Денеска попладне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник. Настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар.

Куршумот, како што дознаваме, завршил во неговата натколеница, по што тој бил хоспитализиран, но е надвор од животна опасност.

Засега не се знае кој и од каде пукал.

Информацијата за случајот со голема брзина се рашири низ градот, внесувајќи немир меѓу граѓаните.

http://meta.mk/funktsioner-na-sdsm-od-bitola-pogoden-so-kurshum-vo-noga/

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин Чет Апр 28 2016, 15:17

Денеска и за празникот нема протести во Скопје

Движењето „Протестирам“ денеска нема да организира протест во 18 часот. Доколку граѓаните сакаат, сепак можат да излезат самоиницијативно, велат од движењето.

За наредните неколку празнични денови, протести засега не се најавени, а информации за тоа кога повторно ќе продолжат протестите, ќе следуваат дополнително.

http://plusinfo.mk/vest/68148/deneska-i-za-praznikot-nema-protesti-vo-skopje

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 9 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Страна 9 of 29 Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 19 ... 29  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот