Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Одложување на изборите пак

3 posters

Go down

Одложување на изборите пак Empty Одложување на изборите пак

Пишување by defo Пет Мај 06 2016, 20:57

Прва веста што ја прочитав од сабајле
Покрај СДСМ, и ДУИ и ДПА не доставиле предлози за членови во Избирачките одбори, со што е навестен првиот чекор кон неучеството на избори на 5-ти јуни.
Се бара начин како да се свика распуштеното собрание:
Поради бројните опструкции врз СЈО, на билатералните преговарачки средби во изминативе денови се реафирмирала потребата од формирање посебно судско одделение кое ќе постапува по неговите предмети. Таа тема се очекува да биде ставена на дневен ред, откако ќе се направат главните чекори кои треба да овозможат враќање на дијалогот и заедничка средба на лидерската четворка. Тоа значи дека во наредните денови треба да се закаже седница на Собранието, на која ќе се изгласа поништување на одлуката за избори на 5-ти јуни, а на која дел од партиите очекуваат да биде поништена и претседателската одлука за аболиција. Иако тоа од Иванов го побара и ВМРО-ДПМНЕ со официјално писмо, според преговарачки извори, оваа партија неукинувањето на аболицијата го третира како врвен услов за какви било други отстапки, односно, бара и други начини и гаранции како нејзини членови и функционери да бидат амнестирани од кривична одговорност. За ваквото барање ДПМНЕ наводно имала затсценска поддршка од ДУИ, со што двете партии рефлектираат двојни стандарди по прашањето за владеењето на правото.

И вистината за бродот ДПМНЕ:
Членството е во очај. Но, тоа јавно не смеат да го покажат. На средби со лица од Извршниот комитет или од Владата, го говорат тоа што функционерите сакаат да го слушнат, затоа што им е речено е дека сега треба да се форсира победнички дух, непопустливост, да не се покажува ни трошка слабост, и дека партијата гледа кој како се однесува во овие тешки моменти. И сега сите глумат. Но, реално, состојбата е очајна. Огромен дел се разочарани од начинот на кој врвот се богател во име на народот и од неговите пари. Ретко кој е подготвен понатаму да ја брани политиката на оваа партија, освен оние кои мора да се штитат заедно, заради криминалот. Луѓето се кријат на разни можни начини за да избегнат да одат по налог на контрапротести или на јалови партиски средби. Го нема оној страв од лидерот и од најтесниот круг околу него, како претходно. Таа приказна умре. Расте презирот“, велат партиски извори.
извор

Така да има што уште нешто што да се случува во земјава, најголемата циркузијада сега доаѓа......
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by трендафил Пет Мај 06 2016, 21:27

Веќе сме навикнати на тоа непријателите на Македонија да постигнат некаков договор, а потоа да не го почитуваат. НАТО и ЕУ на пример не ја почитуваат Времената спогодба што ја имаме со Грција, ниту пресудата на судот во Хаг. Истите тие режисери сега со своите домашни предавници се обидуваат тоа да го направат и со т.н. Пржински договор. Тоа што вќера ДУИ и ДПА не предложија свои членови може, но не мора да значи ништо. По законот во таков случај партијските неста ги пополнуваат членови од дрѓавната администрација. Во секој случај ќе мора очигледно и поддржувачите на избори да станат насилни и да се изборат со сила демократски да се разреши кризата. Со сила ќе треба и да се заштитуваат државните установи и спомениците од македонската историја од малоумните хулигани кои се однесуваат како окупаторска војска на заминување, па сакаат да направат што поголема штета.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Hamad bim Khalifa Пет Мај 06 2016, 21:29

Kjuti bre trndic, ne ti e sram, samo vetuvate i ne ispolnuvate, ebati lazgovcite....
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by defo Пет Мај 06 2016, 23:02

Има две можности за крај на целава приказна:
-или ќе нема избори и со Емил на чело на влада, а под засилен меѓународен мониторинг ќе терама до крај
-или ќе има техничка влада, која можда би организирала избори, најрано 2017 напролет (или пакет со локални, претседателски)
Плус на сето ова да ни е јасно дека ќе имаме Специјален суд, како потпора на СЈО....а колку за аболициите ќе се повлечат, пошто и онака нивната намена беше за поткревање тензии и обезбедување по поволна позиција за пазарење. А околу пазарењето, целта не е да се задржи власта, него да се задржат парите.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by трендафил Саб Мај 07 2016, 16:14

Не е вина на ВМРО-ДПМНЕ тоа што мнозинството не поверува или уште полошо за опозицијата ако поверува во криминално прислушкуваните материјали но смета дека влада по избор на Груевски е подобра за Македонија отколку влада по избор на Бејли. Иначе нека оди СДСМ на избори со програма во која ќе наведе дека со закон ќе ја поништи аболицијата, уште подобро не само оваа туку и аболицијата на Заев за Глобал и на терористите од 2001 година (или овие како пријатели на Бејли не се предмет за дискусија) и нека вети дека секој суд и секое обвинителство ќе бидат специјални, односно социјалдемократски. Не знам со што до сега судот попречи нешто во работата на СЈО.
Што подразбираш под тоа засилен меѓународен мониторинг. Дали во него би учествувале Русија или Кина, како тални членки на советот за безбедност на ОН. Дали ќе се забрани притисок врз новинарите со пари од Сорос, УСАИД и некои странски амбасади од земјите кои веројатно би требало да бидат тие меѓународни монитори што ги спомнуваш.
Ако се раскинува Пржинскиот договор, односно ако немаше избори на 24 април и ако тие еднаш беа одложени за да можат тие што сакаат да ја окупираат Македонија да се приберат и да измислат нови услови во обид да воведат диктатура во Македонија.
Бидејќи во условите што ги објавуваш не е предвидено прочистување на списокот, можам ли да заклучам дека признаваш дека тоа било гнасна лага, односно дека избирачкиот список е и беше чист. Со исклучок на 2 (и со зборови два) гласача два пати запишани по административна грешка.
Не гладам и зошто би имале избори ако за тоа и кој ќе победи не одлучуваме ние туку странци. Треба ли да ја прикриваме диктатурата што некој будала се обидува да ја воведе во Македонија. Наместо да се спротивставиме со сите сили на овие идиотски обиди.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Гостин Саб Мај 07 2016, 18:32

Трендо, мислам дека е време да побараш нов идол. Ти ги препорачувам Орбан, Ердоган или Путин. Со напомена дека на овој последниот треба да му дадеш предност од два аспекти. Ем е помоќен, ем е побогат од другите двајца. Плус ЕУ и НАТО не му можат ништо.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Hamad bim Khalifa Саб Мај 07 2016, 18:38

A da si pobara nov lekar?
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Гостин Саб Мај 07 2016, 18:42

Зависноста од тоа некој друг да ти го диктира животот не верувам дека се лечи во болница. Можеби во некоја специјална установа со униформирани чувари, ќелија 2X3, управник и надарени цимери. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Hamad bim Khalifa Саб Мај 07 2016, 18:53

poznavajki kakvi davaj gzovi se ova dupeglavcive, najverovatno se raduvaat na kjelijskata oprema! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Гостин Саб Мај 07 2016, 18:57

Е па тогаш им нема спас. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by трендафил Саб Мај 07 2016, 21:34

Јасно ми е дека сите фашисти тие што не мислат како нив ги сметаат за ненормални. Но тешко дека некој доброволно ќе ви дозволи да воведете диктатура, односно да владеете со Македонија без да победите на избори.Што се однесува до наводните гаранти на Пржинскиот договор, јасно е дека тие секогаш ги кршат договорите во полза на нивните слуги. Па така Рамковната спогодба од Охрид во која не требаше да има територијално решение за етнички прашања резултираше со притисок на гарантите со формирање на мојата општина Чаир, но и со нови граници на Кичево и Струга, Времената спогодба што Грција не ја почитува и за тоа постои судска пресуда од Меѓународниот суд во Хаг не се почитува во делот дека со референцата не може да бидеме блокирани за членство во меѓународни организации, па и сега, откако се утврди дека две години СДСМ не малтретира со лаги дека имало фантоми што гласале за ВМРО на изборите, повторни да нема избори, туку некој диктатор да формира влада. Веројатно наместо народот изборот би го превземале САД и ЕУ. Такво нешто нема да помине. И покрај шарената револуција, во која некои веројатно малоумници фарбаат една по една установа и мислат дека на тој начин ја обележиле својата територија. Како што кучињата ја бележат територијата со подмочување, вие користите кондоми со боја. Но ова можеби е и добар знак за македонската демократија. Сите фашисти пред повлекување гледале да направат што поголема штета, па ни вие не сте исклучок. Очигледно е дека ви е јасно и на вас дека народот не ве сака, па се откажавте од избори. Очигледно е дека целата надеж во монтираните криминално снимени материјали ви пукна како кондомите со боја што ги фрлавте, па сега ќе поминете на брутални методи, но ќе ви напоменам дека никој на долги патеки не успеал да победи еден народ. на крај странците ќе си заминат, а вие ќе останете овде. Господ нека ви е тогаш на помош, ако навистина успее Бејли да ве инсталира како власт заедно со ДУИ и ДПА.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by defo Нед Мај 08 2016, 00:14

OK.....го отупе бе брат..упорно си верглаш ко навиен...смени МП3-ката, кажи ќе има не че има избори, твојот став. Сето тоа што го кажуваш е ок и е така, ама за тоа СДСМ е казнето на избори. Е сега ти од 2008 година од кога прв пат прочитав твој став, пост на еден друг форум па наваму го верглаш истото.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 10:50

Dobro utro Trendafile...Veruvam deka kje imash za shto da razmisluvash i denot nema da ti otide zaludno na chitanje nauchna fantastika od inventarot vo kabinetot na Crvenkovski otkako kje go poglenesh ova...

ВИДЕО: Европските демо-христијани му вртат грб на ВМРО-ДПМНЕ



Додека европската пратеничка Маријана Петир во Скопје ја критикуваше македонската опозиција, во Брисел нејзината политичка фамилија, десната демо-христијанска Европска народна партија (ЕПН), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ и најголемата политичка формација во ЕУ, конечно призна дека најсериозната пречка на нашиот европски пат не е спорот со Грција туку внатрешната политичка ситуација.

Центарот за студии на европските десничари во својот документ за проширувањето на ЕУ кон Балканот, вели дека политичката ситуација во Македонија останува да биде најголемата пречка за преговорите кои се условени со целосна примена на договорот од Пржино.

Во скицата што ја направи најголемиот поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ во Европа се констатира дека Македонија, која некогаш била прва помеѓу земјите кандидати, назадува на многу полиња и денес, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, се наоѓа во ќорсокак.

Демохристијаните сосема се согласуваат со извештаите на Европската комисија дека институциите на државата се се повеќе политизирани, дека има многу случаи на мешање во судството и во медиумите и дека во земјата нема реален напредок во борбата против корупцијата.

Понатаму се вели дека владата, наместо да ги намалува непотребните трошоци од буџетот, влегла во изградба на контроверзни проекти со статуи и владини згради кои чинат “многу милиони евра”, вели десничарската анализа. Според која сега е време за враќање на владеењето на правото а дури потоа избори.

Во Европскиот парламент, и позиција и опозиција, се согласуваат дека Македонија треба и мора да биде наградена поради помошта што и ја даде на Унијата во бегалската криза. Арно ама, блокираното Пржино ги спречува и најголемите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ да го исполнат ова ветување.

За да не должам многу, ќе го цитирам холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс. Кој, изморен од македонските политичари, реши да им испрати писмо. Во кое се вели дека пропаѓањето на Договорот од Пржино ќе ја изолира Македонија и ќе ни ја одземе сета надеж за награда и преговори за членство. Затоа што минималните услови за кредибилни избори не се исполнети, затоа што одлуката на Претседателот за аболиција мора да биде повлечена а специјалното обвинителство мора непречено да ја заврши својата работа.

Ова предупредување ја има сета поддршка на демо-христијанската сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. Toa e и порака до ВМРО-ДПМНЕ која треба помалку внимание да и обрнува на Маријана Петир а повеќе на оние кои во Унијата навистина ги носат одлуките за нашата иднина.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by трендафил Нед Мај 08 2016, 19:48

Кризата не ја створи ВМРО-ДПМНЕ туку СДСМ со лагите дека последните избори им биле украдени со помош на т.н. фантомски гласачи. Што излезе дека е една голема лага, затоа што по сите проверки излезе дека има само 2 (и со зборови ДВА) такви случаи. Што би рекле една грешка на 900 илјади гласачи на списокот, што е извонредно добро за една европска администрација. Верувам дека кога во било која европска земја би се направила таква вкрстена и теренска проверка, дека би имало поголем процент на грешка. Евроскептиците и фашистите кои се мнозинство на овој форум ни пласираат приказна дека после кршењето на нашите човекови права со оспорувањето како Макједонци да се самоиндентификуваме како народ, а сите заедно како граѓани сами да си ја именуваме државата, сега ни го оспоруваат и правото сами да си избереме власт на избори. Сигурнио е дека има и такви, како малоумниот министер за надворешни работи на Холандија кој како председавач со ЕУ напишал дека не можело да има сега избори поради проиблеми со списокот, а сега трет ден по ред не одговара на прашањето од Дневник што има спорно со избирачкиот список. Кој се покажа дека бил проблематичен само за малоумници или манипулатори. Меѓу кои за жал беа и САД и ЕУ. Не знам која е целта на гарантите на Пржинскиот договор. дали сакаат да не избркаат од евроатлантскиот пат и да не натераат да побараме друго чаре. Кое фала му на Бога сега постои реално. Ако некој лажел за фантомски гласачи и ако фалсификуваше лични карти за да ја „потврди“ оваа лага, зошто би му верувал дека не ги фалсификувал (монтирал) телефонските разговори кои се прибавени криминалнио. И тука имавме лага дека наводно власта вршела масовно прислушкување, а излезе дека таа е жртва и на прислушкување и на манипулирање со емитирањето на монтирани делови од разговорите. Како можам да поверувам и дека тие што сакаат со сила да дојдат на власт ќе се борат за Македонија кога се однесуваат како фашисти во повлекување и гледаат да опоганат се што е македонско. Зошто имате поголема почит кон Хасан Приштина, на пример, одколку кон Александар Македонски, АСНОМ, Питу Гули и други чии обележја ги опоганивте.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 19:55

Ej be zabegan.prvo e drzavata i narodot a posle partijata i liderot.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by defo Нед Мај 08 2016, 21:48

трендафил напиша:......одколку кон Александар Македонски, АСНОМ, Питу Гули и други чии обележја ги опоганивте.

Кој обележја, анемичниот Ченто, Цар Самоил кој го дупнаа шетајќи...срамота.........дај не ме зезај....
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Мај 08 2016, 22:22

трендафил напиша:Кризата не ја створи ВМРО-ДПМНЕ туку СДСМ со лагите дека последните избори им биле украдени со помош на т.н. фантомски гласачи. Што излезе дека е една голема лага, затоа што по сите проверки излезе дека има само 2 (и со зборови ДВА) такви случаи. Што би рекле една грешка на 900 илјади гласачи на списокот, што е извонредно добро за една европска администрација. Верувам дека кога во било која европска земја би се направила таква вкрстена и теренска проверка, дека би имало поголем процент на грешка. Евроскептиците и фашистите кои се мнозинство на овој форум ни пласираат приказна дека после кршењето на нашите човекови права со оспорувањето како Макједонци да се самоиндентификуваме како народ, а сите заедно како граѓани сами да си ја именуваме државата, сега ни го оспоруваат и правото сами да си избереме власт на избори. Сигурнио е дека има и такви, како малоумниот министер за надворешни работи на Холандија кој како председавач со ЕУ напишал дека не можело да има сега избори поради проиблеми со списокот, а сега трет ден по ред не одговара на прашањето од Дневник што има спорно со избирачкиот список. Кој се покажа дека бил проблематичен само за малоумници или манипулатори. Меѓу кои за жал беа и САД и ЕУ. Не знам која е целта на гарантите на Пржинскиот договор. дали сакаат да не избркаат од евроатлантскиот пат и да не натераат да побараме друго чаре. Кое фала му на Бога сега постои реално. Ако некој лажел за фантомски гласачи и ако фалсификуваше лични карти за да ја „потврди“ оваа лага, зошто би му верувал дека не ги фалсификувал (монтирал) телефонските разговори кои се прибавени криминалнио. И тука имавме лага дека наводно власта вршела масовно прислушкување, а излезе дека таа е жртва и на прислушкување и на манипулирање со емитирањето на монтирани делови од разговорите. Како можам да поверувам и дека тие што сакаат со сила да дојдат на власт ќе се борат за Македонија кога се однесуваат како фашисти во повлекување и гледаат да опоганат се што е македонско. Зошто имате поголема почит кон Хасан Приштина, на пример, одколку кон Александар Македонски, АСНОМ, Питу Гули и други чии обележја ги опоганивте.

Dodeka ne napishes kolku e dva so rimski brojki, ne ti se priznava postot! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by трендафил Нед Мај 08 2016, 23:59

Избегнувате да се извините за лагите што ги верглате две години за фантомски гласачи поради кои сте ги загубиле изборите. Поради тие лаги и беа закажани вонредните избори за 24 април, со одовлекување на проверката која беше повеќе во ваши раце (ДИК и МВР) успеавте да ги одложите изборите за 5 јуни, а сега више без да спомнувате избирачки список сакате да нема избори, а вие да бидете на власт. Очекувате откако САД и ЕУ ни го одземаа правото сами да си ја именуваме државата и сами да си го определиме идентитетот дека ќе ни го одземат и демократското право со гласање да си избереме власт, а дека странци ќе ја окупираат Македонија и вас ќе ве постават за вазали.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by трендафил Пон Мај 09 2016, 09:05

Веќе е петти ден откако Дневник му постави прашање на министерот за надворешни работи на Холандија и моментален ротирачки претседавач со ЕУ што е тоа што не е добро со избирачкиот список кај нас но уште нема одговор. Ова по неговото писмо до лидерите на четирите партии во кои ги ЛАЖЕ дека избирачкиот список не е чист. Ајде да го напиша писмото до некој на Марс, во Брисел или во Вашингтон, ама таква будалаштина да се напише до лидери на партии кои со свои представници учествуваа во проверката на избирачкиот список е чудна и може да ја напише само тотален абдал. Па треба да размислуваме дали председавачот со ЕУ е ментално здрав, дали толку долго се лажел самиот себе си што уште не може да поверува во вистината или можеби тој е излажан од амбасадорот на Холандија во Македонија.
Моја порака до соросоидите и следбениците на СДСМ. Не се радувајте многу кога ве брани Холанѓанец. Тие ги бранеа и Муслиманите во Сребреница, Бог да ги прости.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by defo Сре Мај 18 2016, 22:42

Бетон попушти, под влијание на уставниот суд, избори на 5 јуни нема да има. На собраниска седница експресно беа прифатени оставките на Спасов, Ременска и заменските министри. Со 96 пратеници, вклучително и оние на СДСМ кои беа присутни било гласано за одложување на изборите. После ова останува прашањето што понатаму, на каде ќе плови бродот.......Дали Груески ќе се врати за премиер??? Дали ќе биде повлечена аболицијата??? Дали Чавков ќе асистира на СЈО, кога од него ќе биде побарана тоа???? Дали Чавков повторно ќе фо активира МВРО???

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by трендафил Чет Мај 19 2016, 09:49

Многу работи што требаше да ги заврши СДСМ, на пример поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, во добивањето доверба во списокот од сите, тука пред се мислам на тие што лажно обвинуваа за фантомски гласачи односно СДСМ, САД и ЕУ, само се одовлекуваа и не се завршуваа поради катастрофално лошиот рејтинг на СДСМ. Изгледа помина времето на самоволие на СДСМ, па сега реформите сама ќе ги спроведе демократски избраната власт. Координаторите на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, вчера поднеоса во процедура измени и дополнувања на шест закони. Според информациите на Нетпрес, со поднесената процедура опфатени се Законот за општа и управна постапка, Законот за управни спорови, Законот за помилување, Законот за заштита на приватноста, потоа Законот за изменување на изборниот законик, како и Законот за заштита на личните податоци.
Првите два закони се поврзани со подобрување на работата и зголемување на ефикасноста во управните постапки на Државната изборна комисија, третиот е закон кој претходно беше најавен и од ДУИ и од ВМРО ДПМНЕ, а со него на Претседателот на државата му се дава можност да изврши поништување на одредено помилување. Четвриот е всушност одложување на примената на Законот за заштита на приватноста, попознат како за бомбите. Поточно се одложува неговата примена до први јули 2017 година, а дотогаш оваа проблематика ќе биде опфатена во рамки на Кривичниот законик.
Последните два, пак, се поврзани со работата на Државната изборна комисија, поточно со проблемите со кои се соочи ДИК при објавување на личните податоци на граѓаните при прочистување на избирачкиот список.
Кога сме кај помилувањата јас сум за тоа да може да се поништи било кое помилување кај што нема апсолутна застареност на делото за гонење и кај што е опфатен актуелен политичар. Вклучувајќи ги тука и помилувањата од минатото, на пример за терористите, за Глобал и други криминали. Не само за последните помилувања. Се надевам дека по спроведувањето на овие реформи ќе завладее демократијата, па пратениците сами, без притисоци најмалку од странци самите ќе одлучат дали ќе одат на предвремени избори.
Очекувам од власта прво да ги запре вандалите и истите да ја надополнат штетата што ја имаат направено врз спомениците и зградите на институциите. Политичките дебати да се одвиваат во Собранието, а не на лидерски четворки, на улица, по амбасади, по кенефи или други слични места.
Не знам дали ви помина за некое време меракот за власт откако успеавте насилно да влезете во владата на неколку месеци.
Што се однесува до враќањето на Груевски, мислам дека сега нема да се врати на премиерското место сега, туку по изборите. Дури и ако не бидат предвремени.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Одложување на изборите пак Empty Re: Одложување на изборите пак

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот