Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
+5
Luxor
Teo
трендафил
osa
defo
9 posters
Страна 1 of 3
Страна 1 of 3 • 1, 2, 3
Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Тазе дирекно од фан пејџот на Никола Груевски, неговиот проглас, на само еден ден пред евентуалното формирање влада.
Е сега прашања има многу.....
1.Дали е свесен дека нема да оди во затвор зошто на Заев му се сака, него ќе оди во затвор врз основа на цврсти докази???
2.Дали е свесен дека со првата реченица, всушност повикува на војна???? И тоа на братоубиствена????
Се друго останува на нас, дали ќе си дозволиме да браниме криминалци, и да се убиваме меѓусебно ради нив. Живела Македонија!!!!
Кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани. Не можат само политичарите, особено кога еден дел од нив се борат за заштита, а друг дел се на спротивната страна.
Оваа шанса народот ја имаше на изборите. Во кампањата говорев секој ден за тоа. Погледнете ги моите обраќања во Штип, Велес, Скопје. Дел добро ме разбраа. Некои не веруваа, мислеа дека со тоа само сакаме да добиеме гласови, а СДСМ да ги загуби. Денес се’ помалку има такви, но главниот воз е пропуштен. Сега е последниот воз. Сега е тоа време.
Сите оние кои планираат да седат дома во влечки и да гледаат телевизија верувајќи дека друг ќе им ја заврши работата за заштита на нивната држава, се во заблуда.
Сценаристот смета и има проценка дека народот не е способен и кадарен да ја брани земјата и смета дека ако со својата моќ и подготвено сценарио елиминира дел од политичарите, ја завршил работата. Нивната проценка до пред некој ден беше дека дел од политичката елита е високо мотивирана за одбрана, но дека народот е ниско мотивиран и затоа одат агресивно и бескруполозно. Тие најмногу се плашат од народот, но засега се убедени дека го имаат доволно изманипулирано за да биде мирен и збунет.
Основната причина за целата операција за рушење на власта и носење на Зоран Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците. Тоа е главната и основна причина заради која е започната операцијата за рушење на ВМРО од некои надворешни центри. Овој процес може да донесе и до губење на државата.
Двојазичноста е секундарната цел. По двојазичноста ќе започнат подготовки и за кантонизација како следна цел. Чекор по чекор.
Многу им пречи што во изминатите години низ разни форми и активности се подигна националната свест.
Операцијата е во 4 фази:
1. Создавање криза и дестабилизација,
2. Компромитирање на власта преку специјална психолошка војна и компромитирање на институциите,
3. Избори и смена на власта, нејзино елиминирање и носење на нова и
4. Реализација на целите.
Нашата држава солидно функционираше и одеше напред се додека не беше нападната од надворешни моќни центри.
Во изборната кампања на СДСМ учествуваа странски експерти за специјална психолошка операција и микро таргетирање со цел да допрат до емоциите на многу пасивни гласачи и да ги мотивираат да излезат на избори. Беа потрошени многу странски црни пари во кампањата на СДСМ. Се трошат и сега. Цели тимови се ангажирани да влијаат и да ги доведат во заблуда граѓаните. Имаат под своја контрола многу медиуми, многу поединци платеници во форма на аналитичари, интелектуалци, колумнисти, новинари, платени протестирачи, крупни бизнисмени, судии, едно цело обвинителство, политички партии, НВО и млади заведени и индоктринирани луѓе на кои со години со предавања и со пари им го перат мозокот по разни семинари и сл. и се разбира многу пари.
Ако народот остане рамнодушен, ќе ја превземат државата, комплетно ќе ја редефинираат и ќе управуваат со тој народ.
Преку праќање на мнозинството Македонци во опозиција, сега е моментот кога се тргнува во финалната фаза на овој поход.
Потоа првата жртва е јазикот. Но тој е само првата, само почеток.
Да не испадне не сум кажал и не предупредил.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предолго се осамени во напорите за зачувување на државните интереси во ситуација на многу надворешни влијанија, пари и активности. Многу малку од јавните личности надвор од партијата сериозно ја сфатија ситуацијата. Дури сега некои од нив почнуваат да се будат.
Планот е законот за јазиците да се донесе на сила, со измислено европско знаменце на кое не му е местото на тој закон.
Се што Зоран Заев кажува дека не прифатил е само заради една причина: немање двотретинско мнозинство во Парламентот. За промена на знамето, грбот и химната потребно е двотретинско мнозинство. За издавање команди на друг јазик во АРМ потребна е смена на законот за АРМ каде треба двотретинско мнозинство, кое заради ВМРО го немаат.
Ќе се обидат да го удрат и последниот бастион, ВМРО-ДПМНЕ, и неговото раководство.
Предупредив во кампањата дека без 63 пратеници за ВМРО кризата нема да запре, а таа криза е создадена за урнисување на државата.
Нашиот концепт е мултикултурализам, наспроти нивниот за бинационална држава, која подоцна треба да се претвори во две федерални единки.
Нашиот концепт беше да има унапредување во општините каде над 20 отсто живее различна од Македонската етничка заедница, но не само Албанците, туку и за Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците. Тоа ќе го зајакне граѓанскиот карактер на државата и ќе доведе до едно посилно и стабилно општество.
Зошто сакаат Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците да не добијат ништо? Зошто ги потценуваат и понижуваат. ВМРО и Коалицијата стои и зад нив и ќе се бори за нив.
СДСМ не го прифати само законот за јазици, туку и платформата од Тирана. Србите и Македонските комунисти по 1945 ќе ги гласаат за одговорни за геноцид на Албанците.
Принципот на коалицирање “победник со победник” со овој потег на ДУИ е засекогаш уништен. Никој, па ни ВМРО-ДПНЕ во иднина нема да има таква обврска.
Оваа влада е направена под жесток надворешен притисок кон ДУИ, во кој многумина учевствуваат, а најактивен е еден амбасадор.
Ова е операција во голема мерка подржана од СОРОС. Голем дел од финансиите и логистиката се од него. Но освен тој и некои надворешни моќни центри значајна улога играат домашните соработници, тргнувајки од Зоран Заев па надолу.
Ако народот не биде доволно активен и доволно упорен Република Македонија нема да е Република Македонија и на неколку рати во неколку фази ќе заврши операцијата. Но ако народот биде активен и упорен и ако не потпадне и не се пасивизира под суптилната медиумска пропаганда, нема никаква можност за успех на операцијата. Таа ќе пропадне и ќе биде поразена.
Зоран Заев ги тешел и смирувал на Централниот Комитет неговите со зборовите дека победникот ја пишува историјата. Демек не е важно што ќе сторат, ако формираат влада тие се победникот и така како што ќе ја претстават работата така народот ќе прифати, колку и да направиле злочини. Силно се лаже. Таа изрека е за големите светски војни за големите држави кои се водат еднаш во еден век или поретко. Не е за демократска држава во која на демократски избори партиите се менуваат. Кој ќе ја пишува историјата ако сега Заев состави влада, а по 6 месеци, година или повеќе години изгуби и ВМРО се врати. Во демократски земји партиите се менуваат на власт и никоја не може да пишува историја каква што сака. Таа нејзина историја може максимум да ја чита некој додека не се смени власта.
Ако се изгласа оваа влада, таа ќе биде влада на еден амбасадор. Потоа тој ќе пристапи и судот да биде негов суд. Тој всушност подолго време работи на тоа. Обвинителство веќе си има. Поданици, НВО и платеници во значаен број. Си има и раководства на партии. Но и тој нема да е вечен амбасадор и тој е со ограничен мандат.
Ако некој се огрешил пред законот, но ако навистина се огрешил и има цврсти докази за тоа, треба да одговара. Тоа не треба да се доведе во корелација со ова што го гледаме сега и со одбраната на државата.
Некои од западните земји беа подготвени да реагираат на мешањето на Тирана со платформата. Но ни рекоа дека тоа што дел од македонските партии ја прифаќаат платформата, ним им ги врзува рацете. Не може тие да се по патриоти за Република Македонија од нас. Инаку некои од нив веќе пишуваа реакции до Тирана, но кога видоа дека само ВМРО и коалицијата брани, а СДСМ и сите албански партии прифаќаат се повлекоа.
Ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку се откаже од законот за јазиците, платформата од Тирана и редефинирањето и урнисувањето на државата. Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси. Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда.
И на крај би порачал, во Македонија освен партии има и народ. Чесниот народ, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците не се согласуваат со ваквото сценарио. Јас верувам во мојот народ и на крај ќе победи Македонија!
Е сега прашања има многу.....
1.Дали е свесен дека нема да оди во затвор зошто на Заев му се сака, него ќе оди во затвор врз основа на цврсти докази???
2.Дали е свесен дека со првата реченица, всушност повикува на војна???? И тоа на братоубиствена????
Се друго останува на нас, дали ќе си дозволиме да браниме криминалци, и да се убиваме меѓусебно ради нив. Живела Македонија!!!!
defo- Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
многу јако дефо ...мистериозно ...добри ти се и прашањата ...но мене овој проглас ме збуни ...кого го повикува на крајот ....чесниот народ? од сите заедници ?
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
и против кого треба да се бориме ?ете он го поддржува Заев што значи од иста се ,и сега кој ни е непријателот ?
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Дури и да биде прогласен за виновен за наводна нарачка на шамари на Жерновски, кои не се удрени, дури и за виновен за штетата од неколку десетици евра на оградата и прозорот од општина Центар, тешко дека за тоа Груевски ќе добие затворска казна, како што посакуваат некои кои лидерот на најголемата македонска партија сакаат да го елиминираат во стил на најцрните периоди од македонската историја. Смешно е кога симпатизери на аболициран криминалец повикуваат на почитување на правото, под ѓто подразбираат апсење на сите нивни политички противници, со или без докази. Да потсетам дека Груевски го искористи законското право да побара и добие поништување на аболицијата, а Заев не побара укинување на аболицијата за Глобал.
На секој што не е будала или не му е испран мозокот му е јасно дека кризата беше вештачка, односно дека немаше фалсификат на изборите во 2014 година, како што лажеше Зоран Заев и беше поддржан од т.н. чадор. Знаеме и дека фалсификуваните пасоши беа дело на СДСМ. ВМРО и на овие избори, и покрај повеќегодишната пропаганда од страна на платениците на Џорџ Сорос го освои истиот број на гласови. А обвинувањето беше дека тие гласови се украдени. Да не зборувам понатаму. Првите две фази за кои зборува Груевски се направени, третата е во фаза на реализација. Во секој случај ќе видиме што ќе прави Заев. Дали како шутрак ќе се обиде да им удоволи на барањата на чадорот и ќе се обиде да го донесе законот за албански јазик или Груевски не ја зборуваше вистината. Може човек да се прави будала, но нели е тешко да се разбере зошто ако Груевски направил криминал СЈО, посебно во времето кога министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски не го обвини и уапси.
Извини Оса, од каде заклучи дека човек што се нуди да биде затворен доколку тоа му причинува задоволство на заболениот ум на црпнатиот од Муртино, само за да ме изигрува поголем Албанец од Албанците на штета на Македонците е ист со тој што за да стане вазал е спремен ако треба и сунет да направи. Не од верски, туку од политички причини.
Да оставиме времето, кое нема да биде многу долго, да покаже дали Заев е спремен да го прифати законот за албански јазик, дали во него е на пример предложена драконска казна од 5 илјади евра за на пример Македонски шуми во Берово ако имаат само еден службеник што знае албански и тој е на боледување или годишен одмор и колкава е казната ако некој во Шипковица не знае македонски. И во која унитарна држава имаме два официјални јазика. Во тој случај имаме право како Македонци на револуција со сите дозволени средства. Против ЗОран Заев и сите негови поддржувачи.
И за крај нормално е сите криминалци да си одговараат за своите дела. Груевски, ако тој е навистина виновен да го плати прозорецот на општина Центар и прекршочна казна за истото, а Заев да одлежи за Глобал колку ќе му пресуди судот. И предметот Пуч да го води нормално обвинителство.

Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Trendafile ne e celta Grujikio da zavrshi po sekoja cena vo zatvor tuku da mu se odzemat ukradenite pari i da se vratat na narodot...A za krazhbite i ostanatite kriminali...Kje si lezhi...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Не знам за кои пари зборуваш. Навистина не знам за кое дело што наводно му донело имотна корист е обвинет Груевски. Заев колку што ми е познато е обвинет за 8 милиони евра. За ова дело Заев е аболициран. Груевски нема таква заштита, а нема никакво обвинение, па не знам за што бладаш.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Tie shto gi ukrade od narodot i gi sokri vo Belize...A obvinenijata za krazhbata na narodni pari doprva sledat...Vednash shtom novata vlast go prodolzhi mandatot na SJO...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Ако имаше нешто СЈО ќе подигнеше обвинение и во овие 15 месеци. Не ќе му требаше дополнителен рок. Иначе и јас би сакал да добивам по 3.500 евра продолжено како што сака Катица Јанева. Иначе не разбирам која е потребата од СЈО ако ДУИ и СДСМ дојдат на власт. Нели тогаш и уставното обвинителство ќе работи без наводен притисок. Јас повторно ќе те прашам дали си нормален. Почни да размислуваш нормално. Што ќе ви СЈО ако сте на власт. Ќе ја вратите Катица со тимот во стандардното обвинителство и ќе продолжи да го гони Груевски ако е сомнителен. Само тогаш тоа ќе го прави за нормална плата. Да не се разбереме погрешно. Јас сум за тоа секој криминалец да одговара за тоа што го направил. Без селекција. И Груевски за дело за кое до сега не знам и Заев за Глобал и Аљи за 2001 година. Нешто не сум видел до сега дека ти или некој друг од платениците на Сорос на форумов побарал казна за црпнатиот од Муртино. За Аљи баравте казна додека не помина на ваша страна.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Pa kje podigne...Imate tolku mnogu kriminali napraveni za ovie deset godini pa seto toa kje odi pobavno...Za da sme sigurni deka kje odgovarate za se...I deka kje vratite do posleden denar od ona shto go ukradovte...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Многу широко пишуваш, Знам дека ти е желба Груевски да отиде во затвор. Пак ти забегала логиката. Бадијала те плаќаат. Не треба доколку има обвиненија сите да бидат подигнати наеднаш, туку едно по едно, како ќе се соберат доказите. И зошто еднаш не напишеш дека Зев треба исто така да побара укинување на аболицијата и да се појави на суд за случајот Глобал. Јас пак ќе напишам дека Груевски доколку има вина треба да одговара. Но ако нема такво нешто треба да одговараат за клевета тие што го обвинуваат. Вклучувајќи те и тебе. Посебно затоа што за тоа те плаќаат.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Ne bre...Zhelba mi e da dobie pravedno sudenje...Ne sme nie dpmne-ofci pa da mestime sudski procesi kako shto vie pravevte...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Пак да те прашам за што треба да биде суден. До сега нема обвинение ниту од уставното ниту од временото специјално обвинителство. Кое за три месеца треба да се врати во рамки на уставното. АКо вие во Сорос или СДСМ сте одржале некое судење што треба да го презентирате понатаму, тоа е друга работа. Јас зборувам за легалното и специјалното обвинителство.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Za krimonalot od bombite za koi toj sam prizna deka se vistiniti...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Батали ги бомбите за кои Груевски рече дека во нив има вистини, полувистини и лаги. На пример точно е дека се зборува за 5%, но не е точно дека се зборува за провизија, туку за попуст на цената. Во секој случај што е вистина, а што лага треба да утврди СЈО за 15 месеци од неговото формирање, а после тоа уставното обвинителство. До сега ни едното ни другото немаат некое посериозно обвинение против Груевски. Најсериозно обвинение има против градоначалникот на Битола, но и тоа не е со некоја милионска вредност. Ниту е докажано на суд.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Мислам дека тоа што го нарекуваш уставно обвинителство после извлекувањето од канџите на фамилијата ќе ви направи големи главоболки.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Батали го куј знае на шо дроги е......али добра му е дрогата....го прави да се осеќа дека живее во Германија.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Никогаш не сум рекол дека Груевски или било кој друг треба да биде амнестиран за било каков криминал. За разлика од вас што поддржувате амнестиран криминалец. Кога ќе напишете дека и Заев треба да одговара доколку направил нешто ќе разговараме на оваа тема. Јас не знам дали СЈО е збир на дибеци, доколку сте вие во право за наводен криминал на лидерот на најголемата македонска партија, па не може тоа да го докаже. Не ми е јасно зошто тогаш поддржувате дибеци (СЈО) и барате продолжување на дибечки мандат. Но во секој случај не знам на што дрога сте па поврзувате евентуален криминал со двојазичност, амнестија на убијци како тие од Диво Насеље кои не ги убива полицајците со збор (наводно дошле да одржат конференција за печат,. туку со оружје. Подржувате и наводен геноцид врз Албанците, а не барате осуда за геноцид врз Македонците. Во Арачиново или Матејче на пример.
Реално, не верувам дека Заев позитивно ќе одговори на понудата од Груевски. Пред се затоа што којзнае кави негови разговори се снимени кога се договарал со чадорот, па може парите што ги добил од црните пари што ЦИА ги добива од препродажбата на дрога може да му излезат низ дебелото црево. Жал ми е што изгледа многу наскоро наместо на форуми ќе треба да се судриме на почеток со стапови, а понатаму ќе видиме.
Јас не се чувствувам како да сум во Германија, но не гледам дека во Струмица се живее подобро отколку во Карпош или Аеродром. Ниту кај мене во Чаир кај што ДУИ е на власт. А сум живеел и ви времето на СДСМ. Кога сте вие на власт секогаш се зголемува невработеноста, цените, нема покачување на пензии, ништо не се гради, а буџетот се троши ...
Реално, не верувам дека Заев позитивно ќе одговори на понудата од Груевски. Пред се затоа што којзнае кави негови разговори се снимени кога се договарал со чадорот, па може парите што ги добил од црните пари што ЦИА ги добива од препродажбата на дрога може да му излезат низ дебелото црево. Жал ми е што изгледа многу наскоро наместо на форуми ќе треба да се судриме на почеток со стапови, а понатаму ќе видиме.
Јас не се чувствувам како да сум во Германија, но не гледам дека во Струмица се живее подобро отколку во Карпош или Аеродром. Ниту кај мене во Чаир кај што ДУИ е на власт. А сум живеел и ви времето на СДСМ. Кога сте вие на власт секогаш се зголемува невработеноста, цените, нема покачување на пензии, ништо не се гради, а буџетот се троши ...
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Ostaj bre Trendo...Ti poddrzhuvash mafijash shto sam javno go priznava toa...I nikigash nemoj da zaboravish...Vie gi amnestiravte ubijcite na branitelite...Eden od niv duri i minister za odbrana go stavivte...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
„Комитите“ на четвртиот Илинден, дудлачот Бетмен велит алијас Богдан Илиевски, Александар Дамоски, осомничен во шпиун, договорен дека ќе обработува за мафијата, тргнат на страна, сега одработува за нив.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Za chetvrt burek ne gi biduva kamoli za vostanie...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Uf za malku da pogresham...Gi biduvalo za sendvichi novoilindencite...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
mnogu tnko toa dronot nechini ,slabo faka u guzhva
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Nema patrioti, uste ne im javila Solza za koga da kupat karti.
Dino- Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
За волја на вистината вчера немаше сендвичи, па фотомантажава е само засдоволување на твојот продаден или генетски модифициран најверојатно со помош на Твитер ум.Teo напиша:Uf za malku da pogresham...Gi biduvalo za sendvichi novoilindencite...
Интересно е што добар дел од протестантите, барем што јас ги познавам, беа луѓе што гласаа за СДСМ на последните избори. Што да очекуваме понатаму. Веројатно активирање на СЈО со намера да се замајат луѓето и да се намали угледот на ВМРО-ДПМНЕ. Но тоа ќе биде безуспешно. Вчера на протестите имаше и луѓе што не го сакаат ВМРО-ДПМНЕ, но ја сакаат Македонија.
Дали би прифатил референдум за двојазичност доколку мислиш дека мнозинството стои зад Заев како ТИРАНИН, односно предводник на платформата од Тирана. Да потсетам дека црпнатиот од Муртино има понуда да добие поддршка од ВМРО за да состави влада со кого сака. И само со министри од неговата партија. При што би се гласале сите закони освен тие што го разнебитуваат македонскиот идентитет. Ме изненадува и зошто никој од вас на форумов до сега не ни пропагираше двојазичност. Напротив безочно лажевте дека Заев нема намера да направи нешто такво.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Прогласот на Груески, ќе одам и во затвор, ако треба само да ја зачувам Македонија.
Трендо знаев дека ти ќе бидеш таму, ама брате дека без сендвичи дека ќе ве остават.....Тажно. Од друга страна добро направиле што не ви ги дале сендвичите вчера. Инаку ти немаше да имаш елан и волја да лажеш дека на протестот имало луѓе кои гласале за СДСМ. Вака ќе се трудиш повеќе за наредниот пат сигурно да заработш ако не сендвич со посебна и растителен кашкавал тогаш барем газоза.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Страна 1 of 3 • 1, 2, 3
Similar topics
» До каде е Македонија, и како да ја направиме Македонија подобро место за живеење???
» ТАКА ТРЕБА ..
» 211 години затвор пресуди реѓимскиот северен суд
» ОН И САМО ОН
» БОЛЕН УМ И СТРАВ ОД ЗАТВОР МОЖЕ ДА СМИСЛИ ВАКВИ ГЛУПОСТИ
» ТАКА ТРЕБА ..
» 211 години затвор пресуди реѓимскиот северен суд
» ОН И САМО ОН
» БОЛЕН УМ И СТРАВ ОД ЗАТВОР МОЖЕ ДА СМИСЛИ ВАКВИ ГЛУПОСТИ
Страна 1 of 3
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот