Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Здравството во Македонија 2

5 posters

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

Здравството во Македонија 2 - Page 2 Empty Re: Здравството во Македонија 2

Пишување by defo Пет Мај 26 2023, 08:23

ЌЕ ГИ УКИНАМ ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ДИРЕКТОРИ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО
Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме. Еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), значи почетокот на годината, после Новата година, и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува. Значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден Клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа, ќе се договориме. Едвај чекам тоа да се случи, многу транспартено и квалитетно ќе биде понатаму. Нема да имаме загубари, како Заеднички служби, 20 милиони евра, не знаат што работат. Не откривам лично топла вода. Воопшто не ме интересираат политички притисоци“, одговори министерот на новинарско прашање, по презентацијата на апликацијата „Мое здравје“.

Ако остане доследен на кажаново тоа ќе е добро. Па ќе видиме.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија 2 - Page 2 Empty Re: Здравството во Македонија 2

Пишување by трендафил Саб Мај 27 2023, 19:33

Отворена е новата хибридна хируршка сала на кардиологија во Клиничкиот центар во Скопје. Опремата е добиена како милостина од Јапонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија 2 - Page 2 Empty Re: Здравството во Македонија 2

Пишување by трендафил Чет Јун 08 2023, 20:34

Странци од Косово и Албанија со одлука на министерот на здравство кој е од албанска етничка заедница, ќе плаќаат иста цена во македонското јавно здравство како домашните. Иако македонските даночни обврзници ги имаат изградено и опремено здравствените установи и плаќаат за школување на здравствените работници. Не знам ни дали здравството има капацитет кога и ние чекаме со месеци за некои здравствени услуги. Ичигледно е дека се прави здравствена голема Албанија.

https://lider.mk/kosovskite-i-albanskite-gragjani-kje-se-lechat-kako-nashi-pacienti-zdravstveni-uslugi-kje-plakjaat-kako-makedonskite-gragjani/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија 2 - Page 2 Empty Re: Здравството во Македонија 2

Пишување by трендафил Пет Jул 21 2023, 15:52

Денес е закажан протест на дијабетичарите кои веќе седум месеци на добиваат ленти и апаратчиња за контрола на нивото на шеќер во крвта. Актуелниот министер за здравство, Министерот Меџити се вади со тоа дека за доцнењето е виновен неговиот претходник, а тој е министер 5 месеци, а уште не се знае кога пациентите ќе го добијат тоа што им следува. А премиерот Ковачевски е премиер од 16 јануари 2022 година. Неговиот газда Ахмети е на власт 20 години.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија 2 - Page 2 Empty Re: Здравството во Македонија 2

Пишување by трендафил Нед Сеп 03 2023, 17:42

Да го одбележиме и големиот криминал на Онкологија, каде скапите цитостатици се продавале на Косовари (Албанци што живеат во окупираниот дел од Србија), а на македонските пациенти добивале физиолошки раствор, со што се симулирало дека наводно се лечат, а всушност смислено се убивани, односно оставани да умрат без лечење. Кога сме кај политичката одговорност ќе напишам дека со доаѓањето на власт на СДСМ и ДУИ, клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози.

https://www.slobodenpecat.mk/sloboden-pechat-otkriva-klinikata-za-onkologija-vo-2017-godina-go-frlila-vo-podrum-sistemot-za-sledenje-na-citostatici-koj-onevozmozhuva-da-se-kradat-dozi/

Колку луѓе се убиени поради алчноста на медицинари веројатно никогаш нема да се дознае. Луѓе за кои граѓаните на Македонија веќе платиле да се набават лекови, а покрај тоа ги нема за сите, не само за болни од рак, туку и од други болести. Да потсетам и дека во времето ба Груевски се набавени 4 акцелератори, кои исто така се користат за лекување рак, а и по 7 години уште не се пуштени во употреба.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија 2 - Page 2 Empty Re: Здравството во Македонија 2

Пишување by трендафил Пон Сеп 04 2023, 09:53

Чудно се води постапката против големиот криминал (паричен но и во загубени животи). Никој до сега не е во притвор, што им дава шанса на сторителите. На пример тие што имаат државканство и на Косово да заминат таму од кај што нема да бидат вратени во Македонија според досегашното искуство. Сите се уште на своите работни места со што им се дава можност да ги прикријат доказите. Да потсетам и дека порано фатената сестра во кражба на цитостатици по шест месеци суспензија е вратена на работа, дури и не и без да ги врати заработените пари од кражба на лековите. За цитотатици се вртат големи пари. Во првата половина од оваа година 20 милиони евра пари на македонските граѓани што плаќаат здравствено осигурување, а не ги добиваат сите услуги, чекаат со месеци за некои прегледи и мораат да купуваат посовремени (што најчесто значи и поскапи) лекови затоа што листата на лекови што одат на рецепт не е сменета со години.
За криминалот на онкологија се говори во јавноста подолго време. Не треба ли да има веднаш политичка одговорност. Министерот Спасовски е министер вече седма година, на пример. Изгледа дека техничкиот директор, Албанец од мултинационалниот дел на криминалците според премиерот Ковачевски, член на ДУИ според мулти партискиот и муслиман според мултикултурниот, изгледа бил похуман и допишувал пациенти на кои не им треба хемотерапија како да ја добиваат, за да обезбеди одредена количина за продажба, додека други на болните им давале солена вода и со тоа ги испраќале во смрт за да заработат. Не знам дали спороста во постапувањето на истражните органи (во делот на притвори пред се) е затоа што се чека партиските врвови во СДСМ и ДУИ да се договорат на кого да ја префрлат вината, при што не може да се исклучи да биде обвинет и некој што  е е член на нивните партии, но и не учествувал или немал висока позиција во криминалот. Не знам дали некој пратеник од ВМРО има член од семејството вработен на онкологија, па да му се врши притисок да гласа за уставните измени и бугаризација на Македонија, па затоа истрагата започна токму сега?

https://republika.mk/vesti/makedonija/site-nepravilnosti-shto-revizija-ushte-vo-april-gi-objavi-za-onkologija-napraveni-samo-vo-2021-godina/

https://www.expres.mk/najchevska-znachi-chovecheto-nema-pojma-shto-mu-e-rabota/

https://www.expres.mk/kovachevski-znae-koj-pravel-kriminal-na-onkologija-no-gi-krie-od-javnosta/

https://www.expres.mk/mickovski-kriminalot-multi-partiski-narodot-multi-mizeren/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија 2 - Page 2 Empty Re: Здравството во Македонија 2

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот