Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Od EU i NATO

+22
alienmk
zozoti
Nebula
misterija
Albatros
Dino
EVITA
Zhane
Bosonoga
SHARENI
Luxor
трендафил
TRAJCHE
Teo
OPOZICIONER
PRVOBOREC
defo
osa
Словен
Естир
Hamad bim Khalifa
reiter
26 posters

Страна 36 of 40 Previous  1 ... 19 ... 35, 36, 37, 38, 39, 40  Next

Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Пон Jул 25 2022, 08:30

Изгледа дека желбата на евроатлантската меѓународна банда и домашните предавници за тотално уништување односно бугаризација на Македонија ќе го има ефектот посакала шута рогови, останала без уши. Ова ќе доведе и до рушење на претходниот срамен капитулантски договор - Преспанскиот. На протестите повеќе е застапено етничкото македонско знаме со ѕвездата од Кутлеш отколку новокомпонираното државно знаме донесено под диктат. Иако немам ништо против новото знаме затоа што со него се боревме против терористите на Али Ахмети, Талат Џафери и други од актуелната власт. Кога западните земји не ставија под ембарго за оружје за да бидеме принудени да го потпишеме француско-американскиот Охридски договор. (нели го диктираа Франсоа Леотар од Франција и Џејмс Пердју од САД).

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Luxor Пон Jул 25 2022, 21:22

Кои протести? Тие што завршија со фијаско на дпне и леванка?
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Пон Jул 25 2022, 21:55

Во Македонија немало поголемо собирање на граѓани откако станавме хобриден режим по оценка на релевантни организации за чивекови права. Во секој случај за најповеќе две години ќе знаеме кој е резултатот од Протестите. На изборите од кои СДСМ се плаши како ѓавол од крст.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Чет Jул 28 2022, 13:40

Евроатлантската меѓународна банда и домашните предавници сакаат од Македонија да направат орвелова животинска фарма. И тоа бугарска животинска фарма.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Нед Jул 31 2022, 21:04

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, ГИР, денеска порача:
„Секако, тоа е суверена одлука за Северна Македонија да го смени Уставот, иако веќе имате добар учинок во меѓуетничките односи и ова понатаму само ќе го дефинира тоа. Но, што ќе се случи ако не оди напред. Мислам дека најверојатното сценарио ќе биде преговарачкиот процес да запре таму. Ќе го завршите скринингот, но одржувањето на меѓувладината конференција и следните чекори ќе го чекаат решавањето на ова прашање. Не бидејќи трета земја дошла и ставила вето, туку бидејќи оваа земја решила да се повлече од обврската која е направена билатерално со Бугарија – вели Гир.

Прашан да го искоментира најавениот референдум, вели дека „за одржување на евентуален референдум јас повторно ќе кажам дека ова е суверена одлука за оваа земја да ја направи затоа нема конкретно да коментирам за тоа“.

Ќе коментирам само дека не се работи за одлука на земјата туку на владата која нема поддршка од народот и која прифати обврска што не може да ја исполни затоа што нема 2/3 мнозинство во Собранието. Излез од оваа ситуација може да биде оло референдум или предвремени избори, па власта да се обиде да освои 2/3 мнозинство. Има и диктаорско решение, власта да се обиде со уцени и корупција да добие некој глас како што се случи со Преспанскиот договор и промената на уставното име и други обврски за Македонија иако со Грција се преговараше само за името за меѓународна употреба.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Саб Aвг 27 2022, 09:41

По мое мислење тоа што го бараше НАТО од Македонија и Македонците, а сега надградено го бара ЕУ може да го бараат само многу ненормални луѓе, а уште поненормални може да го прифатат. Јас лично не сакам да сум во друштво со ненормални. За жал тие дома, во Македонија морам да ги трпам, но не и нивните газди од евроатлантската меѓународна банда. Дури мислам дека ако се тргнат, оптимистички гледано кога ќе ги тргнеме шепите на ненормалните странци од нас, нашите веднаш ќе оздрават.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Luxor Нед Aвг 28 2022, 00:58

Кажи им на Мицко и останатата врхушка на дпне оФците дека се ненормални, и тие тврдат дека сакаат во ЕУ и дека за ЕУ нема алтернатива па според тебе и тие се дел од тие што ти ги нарекуваш ненормални.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Нед Aвг 28 2022, 09:46

Не мислам дека вечно со НАТО и ЕУ ќе управува евроатлантската меѓународна банда. За жал дали една организација е нормална или не не зависи од организацијата, туку од луѓето што раководат со неа. Односот на ЕУ кон Македонија е надвор од сите принципи на оваа органиизација, но кога тогаш со неа ќе раководат нормални луѓе. Како што со доаѓањето на ново раководство во СПЦ дојде до брзо признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Што ќе беше ако во архиерејскиот синод на МПЦ беа предавници како Заев. Не ќе се ни зборуваше за автокефалност. Потребна е и стрпливост кога се решаваат важни прашања, а не само да се гледа можноста за крадење од европските фондови додека некои поединци се на власт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Пон Сеп 05 2022, 19:28

Мислев дека некој од бугарофилите на форумов (или тие што сметаат дека ако Македонците станат Бугари ќе станеме членка на ЕУ. ќе напише дека владата очекува членство во ЕУ до 2050 година. За 8 години од кои две ќе поминеме во скрининг. Лично не верувам дека тоа ќе се случи, а не верувам ниту дека ЕУ за деценија-две ќе биде посакувана дестинација.
Денес ме изненади и тоа што организација и земји кои имаат воведено санкции кон Русија се изненадени кога оваа земја им враќа со намалување и укинување на испораките на гас. Не можат да разберат дека веројатно Русија си пронајде алтернативни пазари за тоа што се бара. Не може ниту секој пријател на евроатлантската меѓународна банда да прави што ќе посака. Украина на пример да се однесува кон Русите во земјата како Бугарија, Грција и македонската бугарофилска власт кон Македонците во Бугарија и Грција, односно како да не постојат..

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Саб Сеп 24 2022, 14:14

Прв пат по диолго време во Македонија доаѓаат европретставници (европарламентарци) кои признаваат дека е загрозен македонскиот идентитет и спремни се да ни се придружат во борбата за човекови права. За жал се работи за претставници на зелените кои се опозиција во ЕУ.

https://plusinfo.mk/chesna-poddrshka-od-zelenite-za-makedoni-a/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Вто Окт 11 2022, 10:09

Дали власта на Бугарија ќе има доблест да го честита денешниот празник 11 октомври или се поистоветуваат со бугарските фашисти. Идеите во однос на Македонија им се исти. И сојузниците им се горе долу исти. Сега дополнително и САД и Обединетото кралство се во антимакедонската коалиција. Либералите очигледно ги прифаќаат фашистичките идеи.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Luxor Вто Окт 11 2022, 11:09

трендафил напиша: Сега дополнително и САД и Обединетото кралство се во антимакедонската коалиција.

Ц ц ц, предавници.

Od EU i NATO - Page 36 Img_2617
Od EU i NATO - Page 36 Img_2618
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Вто Окт 11 2022, 15:22

Обидите на странците да им се прикаже и македонската страна, наместо таа на северна Македонија што ја прикажува коалицијата на бугарофилите и балистите се вика дипломатија. Веројатно ја подсетиле британската амбасадорка дека Обединетото кралство вио Втората светска војна имала посебна воена мисија во главниот штаб на македонските партизани (покрај таа во штработ на Тито), а дека во Бугарија немале каде да испратат мисија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Нед Ное 20 2022, 13:03

Откако ЕУ разбра дека со санкциите против Русија наметнати од САД губат повеќе од Русите, повторно со доцнење се освестија дека се изиграни и со планот за климатски промени.

https://www.expres.mk/bajden-gi-izigra-evropajcite/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by alienmk Саб Ное 26 2022, 09:44


alienmk

Број на мислења : 414
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Нед Ное 27 2022, 10:44

Евроатлантската меѓународна банда долго време веруваше во сопствените лаги дека Русија ја нападна Украина затоа што сака проширување на својата територија. АКо Украина го почитуваше договорот од Минс за признавање на човековите права на Русите штио како малцинство живеат таму и ја задржеше неутралноста наместо да стане слуга на НАТО, не ќе имаше војна. Инаку грозно е кога земји како САД, Франција и други ја напаѓаат Русија, кога истото тоа (без заштита на човековите права  на свои граѓани затоа што гоправат во земји кај што нема такви.
АЛександар Русјаков во својата колумна за светското првенство во фудбал пишува:
Патем, само на Русите им беше забрането да стигнат до Катар. Русија започна воени операции во Украина и затоа беше исфрлена од квалификациите. Израел постојано има воени интервенции низ Палестина. Саудиска Арабија интервенира во Јемен, Турција во Сирија, Франција низ своите африкански колонии, само што медиумите не јавуваат и никој не ги исфрла од спортските терени. На минатиот Мундијал, САД воено интервенираа во Авганистан, Сирија и Либија и никому ништо. Сигурно интервенирале и во Африка, оти тоа често го прават, ама медиумите не јавуваат, затоа што црните животи за белите прогресивци не се битни, освен ако не станува збор за Афроамериканци, и тоа само кога републиканци се на власт. Америка и нејзините западни сојузници убија милион Ирачани поради хемиско оружје кое се докажа дека не постои, ама никој не им забрани на овие држави да се натпреваруваат. Значи имаме русофобија, што е вид на расизам, и никој не вреска. Лицемери!

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/brkaj-rabota-i-ostavi-me-da-si-ja-brkam-topkata/

Во време кога либералите (демократската партија) е на власт нормално е да се убиваат афроамериканците во САД. А цело време е нормално да се убиваат Руси во Украина, Срби на Косово, Македонци во Македонија (во 2001 година пред се). Македонците треба да бидат мазохисти и да уживаат во садистичкото изживување на евроатлантската меѓународна банда. Кој не е мазохист е против ЕУ и НАТО.
Европските земји со санкциите против Украина губат многу економски, а САД заработуваат. Сите земји (и САД) имаат проблем со тоа што во Украина имаат испратено многу муниција и им требаат повеќе години за да го произведат и надоместат потрошеното.
Русија си најде алтернативни пазари и покрај попустот што го дава на пријателските земји за иста количина гас заработива повеќе отколку порано. Што се однесува до страдањата на цивилите во Украина, ако од една електрична централа или трансформатор се напојува макар една воена инсталација станува легитимна цел. А никаде во светот војската нема посебно електрично напојување, освен за исклучителни ситуации.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Чет Дек 08 2022, 15:16

Денешниот празник посветен на свети Климент Охридски најдобро покажува дека најголеми пропагатори на Путин во Македонија се евроатлантската меѓународна банда и од нив поставената марионетска власт. Ако се исклучи вчерашното положување на цвеќе од Албанец и Бугарин на споменикот на свети Климент, нема никаква прослава од тие што се изјаснуваат како Македонци (не знаеме дали од 1944 година или од порано) во власта. Од друга страна од Русија ја добивме следната честитка:
НА БРАТСКИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД МУ ГО ЧЕСТИТАМЕ ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК – ДЕНОТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, ГОЛЕМИОТ ПРОСВЕТИТЕЛ, ПРВИОТ СЛОВЕНСКИ ЕПИСКОП, ЕДЕН ОД ОСНОВОПОЛОЖНИЦИТЕ НА КИРИЛСКОТО ПИСМО КОЕ ГИ ПОВРЗУВА СОВРЕМЕНИТЕ РУСКИ И МАКЕДОНСКИ ЈАЗИЦИ! PIC.TWITTER.COM/JB3DOVZ6RX
Од друга страна во архивите на ЕУ има документ даден од најголемиот непријател на Македонија во миоментов, Бугарија, дека македонски јазик не постои. Правилата што важат специјално за Македонија овозможуваат озживување на Бугарија при отворањето на поглавјата за евентуално членство. Не се виновни само западните земји туку и нашите политичари, најповеќе од сегашната гарнитура на власт кои пред евроатлантската меѓународна банда не претставуваат како мазохости што уживаат во нивното садистичко изживување врз Македонија и Македонците.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Luxor Чет Дек 08 2022, 18:43

Шпицниот две во едно Мицкоски не организираше нешто во Ташмаруништа?
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Саб Дек 10 2022, 19:43

Свети Климент е дел од историјата на македонската црква и нормално Мицкоски беше на литургија во црква. Во Ташмаруништа се одвивала една од најтешките битки во Илинденското востание и тоа се одбележува од 1948 година. Не знам зошто поранешните комунисто го игнорираа овој настан по трансформацијата во социјалдемиократи, но ВМРО не го заборави. Од 140 вистаници загинале 27, борејќи се против десеткратно побројниот непријател.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Саб Дек 24 2022, 20:24

Треба да не освести изјавата на Ангела Меркел дека кога е потпишан меѓународниот договое од Минсј помеѓу Украина и Русија под патронат на евроатлантската меѓународна банда ни на крај на умот не им било истиот да го почитуваат. Сакале само да добијат во време да ја спремат Украина за војна. Истата личност лажеше во Скопје дека по потпишување на Преспанскиот договор Македонија ќе се префрли на брз колосек кон ЕУ. Преспанскиот помина на криминален начин со уцени и корупција на пратеници по неуспешниот референдум, а уште немаме датум за преговори и нема да го добиеме ако под уцени не го смениме Уставот, по што треба да се бугаризираме затоа што како Македонци не не сакаат во ЕУ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Нед Дек 25 2022, 20:17

Дополнителен проблем на бугарофилите во Македонија. Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово Касами изјави дека неговата партија нема да гласа за уставни промени ако нема предвремени избори. А на сите им е јасно дека по изборите бугарофилите ќе бидат опозиција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Нед Дек 25 2022, 20:50


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Сре Дек 28 2022, 19:45

Го слушам министерот Маричиќ и се чудам. Се однесува како дете кога се работи за членство во ЕУ. Дете кога ќе види нешто, играќка на пример, што сака да ја земе, не гледа дали меѓу него и играчката има некаква препрека или опасност. Така и Маричиќ запазилдека на анкетите мнозинството сака членство во ЕУ, но не видел дека мнозинството граѓани не го сака тоа под актуелните услови, односно садистичкото изживување на ЕУ и уцените за да добиеме датум за преговори, без гаранции дека ако ги исполниме и новите услови ќе станеме членка или ќе измискат некој нов услов за да продолжи садистичкото изживување. Не забележал ни дека на анкетата само 1% од анкетираните позитивно ја оцениле неговата работа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Вто Јан 03 2023, 13:36

Не знам врз основа на што власта тврди де4ка мнозинството граѓани на Македонија сакаат да станеме дел од ЕУ со понижувачките услови ѓто ги прифати владата. По сите анкети мнозинството граѓани на Македонија не се спремни да станат Бугари поради членство во унијата. Исклучок за жал е само едно малцинство што си замислува дека е народ, себично малцинство што мисли само на себе, но не и на другите и нивните човекови права.
Во пропагандата за ЕУ се провлекуваат повеќе лаги. Иселувањето од сиромашните земји членки се зголеми. Пример се Бугарија и Романија, со правилото колку една земја е посиромашна толку има повеќе иселување и него не го намалува малиот процент за кој се станати побогати граѓаните откако се дел од ЕУ. Нас не лажеа и дека НАТО ќе ни донесе инвестиции и пари, но за жал по влегувањето во НАТО доживеавме и здравствена и финансиска катастрофа. Имаме власт што се фали дека минатата година потрошила најповеќе пари за капитални инвестиции, а никој не може да види што е направено, а знаеме што направиле други влади со двојно помал буџет. Украдените пари не се капитална инвестиција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Вто Јан 03 2023, 17:39

Кого лаже францускиот амбасадор?

Ристо Никовски

Во интервју за Радио Слободна Европа, пренесен во Нова Македонија, од 21/12/2022, францускиот амбасадор во Скопје изгледа како да води партиска и политичка кампања што, едноставно – запрепастува. Сосема е неспорно дека, кога се работи за интеграцијата во ЕУ, нашата власт намерно и неконтролирано го лаже народот. Свесна дека мнозинството сака во Унијата, со нереална надеж дека така ќе му се решат проблемите, таа е спремна на сѐ, со цел да ја задржи позицијата која ја има. И, во недостаток на испорачани дела и вредности, шири измислици за да ги контролира масите. Но, со кое право, во нашите внатрешни работи се меша амбасадорот на Франција, и дури го лаже народот?

Францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер, не е прв од европските политичари коишто, очигледно, доаѓаат во земјава со цел да нѐ заведат, за да ги реализираат нивните нелегални и нецивилизациски европски интереси во однос на Македонија и Македонците. Не е спорно дека за ЕУ и нејзините членки, особено главните, е исклучително важно Македонија да си го смени Уставот и да ја забрза бугаризацијата на македонскиот народ.

Тоа е нивна политика, диктирана од САД, којашто ни ја наметнаа на крајно безобразен и бескрупулозен начин. Претходно, во однос на Македонија, тие се изрезилија и во случајот со Грција, и сега им се повторува истото сценарио. Заради безумните и нелегални блокади на Македонија, ЕУ се посрамоти како неефикасна и нефункционална. Затоа, сите тие, на чело со германскиот претседател, при неодамнешната посета на Македонија, обидувајќи се да го спасат угледот на Брисел, се прават наивни и зборуваат работи коишто немаат врска со вистината, и се тешко потценување на Македонците.

Францускиот амбасадор, за да не остане покус, во интервјуто вели – „Франција не се откажува од францускиот предлог и доколку… македонскиот Устав не биде ревидиран, тоа ќе значи дека процесот на европска интеграција моментално ќе биде запрен“!

Всушност, тоа е чиста и подла закана и уцена, подметната од нив. И, продолжува – „Првата етапа сега, реално кажано, е дека вашата земја веќе ги почна преговорите за членство. Нема никаков сомнеж во Европа дека вие веќе ги отворивте преговорите и … Македонија денес се наоѓа во иста состојба како Албанија во однос на евроинтегративниот процес“.

Сирил, МАКЕДОНИЈА НЕ ГИ ИМА ЗАПОЧНАТО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ! Тебе ти е јасно што има одлучено Брисел, ама ни тврдиш поинаку, со јасна намера да не доведеш во забуна.

Ова се тешки лаги, извадени од лев ракав! Прво, во основата, францускиот предлог е – бугарски, со којшто, пак, се согласиле нашите предавници. Франција е само злоупотребена за тие кукавички јајца, и нема место за гордост, Сирил.

Второ, Македонија не ги има започнато преговорите. Отворен е само процесот за нивно отворање и завршена е само првата фаза. Втората фаза е срамната и понижувачка промена на Уставот, којашто ни е наметната на силеџиски начин. Ако оваа држава и малку држи до своето достоинство, Уставот нема да го менува под надворешен притисок. Трето, Македонија воопшто не е во иста состојба со Албанија. Тирана ги започна преговорите и нема никакви нови пречки пред неа.

Впрочем, да не измислуваме. Еве што стои во документите на Брисел во врска со преговорите на Македонија:

По првата меѓу владина конференција меѓу Македонија и ЕУ, Фон дер Лејен, информираше – „За завршување на ПРВАТА ФАЗА на отворање на пристапни преговори меѓу вашата (нашата, де) земја со ЕУ“. Најпросто кажано, ако е завршена само првата фаза, тоа значи дека има и втора, поточно – дека ПРЕГОВОРИТЕ НЕ СЕ ОТВОРЕНИ. Тоа е неспорно за секој чесен набљудувач.

Во член 6 од Предлог – заклучоци на Советот, се вели – „Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на преговорите за пристапување, Советот одлучува да свика друга меѓувладина конференција, со цел да ја претстави Преговарачката рамка и тековната состојба на подготвителните работи… веднаш штом Македонија ќе ја спроведе СВОЈАТА ЗАЛОЖБА за уставните измени…“!?

Прва фаза е готова, драг Сирил, а за да почнат преговорите, Македонија, монструозно натерана од ЕУ, предводена од твојата Франција, мора да го смени Уставот. Ти се гордееш со тоа, што покажува дека работите ги разбираш. И, замисли, бирократските идиоти и кретени од Брисел тврдат дека ЗАЛОЖБАТА за промена на Уставот била – наша! Не се тие виновни. Нашле овци, и ќе ги стрижат под кожа.

Сѐ е јасно: на втората меѓувладина конференција за Македонија, ќе биде усвоена преговарачката рамка, и ќе можат да почнат преговорите. До тогаш, ПРЕГОВОРИ – НЕМА!

Мил Сирил, мала поука: ако си некаде само во прва фаза, со таков услов како нашиот, шансите да нема втора се – огромни. Ако не те известиле за сето тоа еве, јас ти кажувам. За Албанија нема втора фаза и Преговарачката рамка со неа е веќе договорена. За Македонија – не е. Срамно е и недостојно да се лаже, дека двете земји се во иста позиција. Не се. Тоа особено важи кога фактите се јавно познати. На амбасадорите не им личи да изигруваат селски кловнови.

Драг Сирил, сепак, голема благодарност за опомената дека ако не го ревидираме Уставот, за нас – нема ЕУ. Ако е точна информацијата дека твојата сопруга е – Бугарка, тој податок е важен и за тебе лично – заради мир во семејството. Бугарскиот национал-шовинизам, во никој случај не смее да се остави изневерен и на цедило, и на фамилијарен план.

Но, Сирил, еве и знак на добра волја. Заканата ја примивме. Арно ама, што ќе правиме ако Македонија, сепак, не го промени Уставот? Ти се фалиш дека е тоа француски марифет. Дали ќе треба на Франција да фрламе дрвја и камења, ако не успееме да ги отвориме преговорите? Тоа е крајно нелегално, грозоморно и безумно барање од Македонија. Нормална земја, никогаш не би прифатила таква дискриминација. Одговорна и демократска држава, пак, каква што би требало да биде Франција, никогаш и не би поставила таков услов.

Ако ти, Сирил, навистина беше претставник на некаква демократска држава, по логиката на нештата, барем ќе прашаше – а, зошто Македонија да менува Устав за 3.504 измислени Бугари, а стотици илјади Македонци во Бугарија да немаат никакви права? Или, барем, зошто Софија не почитува 17 пресуди на Судот за човекови права од Стразбур, во врска со Македонците? Не е возможно тоа да не се знае и, зарем, за тоа треба некој да те потсетува? Та, не сте вие селска задруга, туку водечка европска земја и дипломатија. Или, кога доминира силата, а вие сте моќни, други критериуми – нема? Познато е дека дипломатите се чесни луѓе што лажат во корист на сопствените држави, ама да се лаже за други држави, тоа е навистина надвор од умот.

Сепак, да не бидеме премногу остри кон Сирил. Тој не спроведува свои политики, туку директиви од Вашингтон, претходно усогласени со Париз, Берлин и Брисел. Не е тој виновен што се тие бесмислени, а нашите генијални политичари, претходно, понизно – ги прифатиле. Тој мора да е свесен дека со неговото интервју ќе изгледа смешен, ама само кај тие што ги разбираат работите. Неговите пораки се за масите и партиските војници, коишто треба да ги завршат гнасните задачи, испорачани од светските центри на моќ.

Се сеќавате што ни се случи со комесарчето, наречено Хан, кога ни порачуваше Уставот за Нивици да го промениме со балкански методи, што значи на криминален начин? И тоа беше политика на ЕУ, а не негова „генијалност“. Сега, само се повторува истиот европски срамотилак.

Сѐ ова ќе беше смешно, ако не беше трагично. Вината е, сепак – наша. Самите се доведовме во ваква катастрофа. Ако народот и понатака ги толерира политичарите коишто не доведоа до ова дереџе, ништо подобро и не заслужува.

https://plusinfo.mk/kogo-lazhe-francuskiot-ambasador/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO - Page 36 Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 36 of 40 Previous  1 ... 19 ... 35, 36, 37, 38, 39, 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот