Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

3 posters

Страна 4 of 4 Previous  1, 2, 3, 4

Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Вто Окт 29 2024, 01:32


Мени на Facebook
Брз пристап
Приватност · Услови · Рекламирање · Избор на реклами · Колачиња · · Meta © 2024
Почетна
Создај објава
Приказни
Објави од Новости
Branko Trickovski
Омилени · 7h ·
Принципи
Комисијата за помилување не призна грешка, како што тврди Мицкоски, туку дека се држи до принципи, напиша на Фејсбук професорот Гордан Калајџиев.
Добро, Гордан, какви се тоа принципи?
Мора да стоиш зад своето решение, по секоја цена, тоа е еден начин на демонстрација на принципите, во тој случај, или остануваш или чекаш да те разрешат, а вториот е да кажеш кој и како ти извршил неиздржлив притисок да работиш против сопствените принципи што, во крајна линија, те натерало да се повлечеш, оставајки ги да висат своите принципи при одлучувањето за помилувањето. Значи, остваката може да биде принципиелна само ако комисијата или, еве, еден член, Калајџиев, на пример, каже како и зошто оставката е принципиелна колку и одлуката која ја предизвикала. Само така може оставката да се претвори во демонстрација на принципи.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Вто Окт 29 2024, 01:45

Branko Trickovski
Омилени · 8h ·
Черечње
Поставувањето на идиоти на чело на важни државни институции, не е грешка или просто партиска обврска кон членовите и симпатизерите, туку систем за рзорување на институционалната структура на државата преку исмејување на струката, моралниот интегритет, кариерниот момент, елитните аспекти кај луѓето без што и без кои држава не бидува. Тоа е еден елегантен начин за совршено убиство на Македонија. Сите колку/толку здрави и нормални мора да се кренеме против оваа черечење на Македонија како кокошка
во некој вуду транс на камитлако

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Ное 01 2024, 20:02

Branko Trickovski
Омилени · 1d ·
Бардаци
Мајлер сакал неговните текстови да ја променат свеста на неговото време.
И Д.Х. Лоренс пишувал со таква намера.
Јас не би можел да напишам три реда без идејата за промена на свеста на Македонецот. Која го хендикепира и тековно и историски. И прави да се однесува како туѓо тело во организмот на Историјата и на сегашноста. Како дете кое вморонскиот старател го носи во школото за оглупавување. Макар што мислам дека после овој триесетгодишен дрил поглуп не можат да го направат ниту кај Јулија или кај Симпл д бест.
И, што да ви кажам, свеста на Македонецот се менува, но не поради мене, туку поради некои други писатели.
И се менува спротивно на моите интенции. Станува уште повеќе замаглена, фиксирана, како око кое не се движи и не трепка и го спушта родот на пониско скалило, мене ме турка кон работ на масата за ручек, секој момент ќе паднам како некоја ронка за мачките.
Ме теши верувањето дека мачката што ќе ме изеде ќе се претвори во Македонец кој ќе ги растера Македонците на масата ко Обеликс Римјаните во долината пред галското село. Па ќе ги прибере оние што ќе се освестат од ударот во дебелите газови.
Златен народ од кој буицата на вмро направи тоа што страшните поплави направија со луѓето и нивните имоти во Венеција.
Не ја сакале Европа, многу ги обезличила лепотаните, замислете, си го сакале султанот.
Па,еве ви го султанот, утре претпладне ќе ви даде по 2.500 денари, а попладне ќе ви земе по 5.000. Следниот месец не знам што ќе ви даде, многу е веројатно дека во понудата ќе биде и султанскиот курац, а ќе ви земе се. Не за да ве опљачка, макар што и тоа е важно, туку за да може полесно да ве тури на своето грнчарско колце и да ве обликува во убави шарени бардачиња.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Ное 01 2024, 23:07

Branko Trickovski
Омилени · 1h ·
Чекам до три
И вечерва ќе чекам да ме соберат.
До три.
После одам на спиење.
И не ебам никого.
Ама, дошол Мицко- ме боли курот!
Еден пријател ми вика Тричко што се плашиш дека ќе те уапсат кога знаеш дека си невин,
Па, јас знам, ама дали тие знаат…
Така му реков.
Како во вицот за човекот кој мислел дека е зрно пченка и се плашел да не го изедат. Кога го излечиле и му помогнале да верува дека не е зрно пченка тој се вратил во болницата и рекол: јас знам дека не сум пченка ама дали знаат кокошките.
Хахаха!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Ное 01 2024, 23:12

Branko Trickovski
Омилени · 13h ·
Земја во која освен криминал нема ништо друго
Секој ден
Во кој не си уапсен
Е добар ден
Во ова бескрајно загадување на просторот.
И на животот ненормално, не.
Со криминал кој се прави, за кој се расправа и од време-навреме се гони.
Македонија во видувањата и праксите на вмро не е земја во која има криминал туку земја во која нема ништо друго.
Владата е Пинкертон агенција за лов на Џеси Џејмс и Кол Јангер кои тие ги викаат Зоран Заев и Димитар Ковачаевски.
Бранко го откачија.
Или тој им се закачи, не знам.
Со своите банди.
И Пинкертон е бандит.
На кој Јангер и Џеси му го поштедиле животот.
И на целата Агенција.
Која е изградена од пљачка на државни и приватни имоти.
Штабквартирата е место на кое туристите уживаат во културното наследство на патриотскиот криминал на оваа симпатично племе.
Судиите тука полагаат Пиринско право како најважен дел на правосудниот испит.
Сите членови на Агенцијата се бандити.
Со евидентирана и декларирана бандитска заштеда во пари и имот.
Агенцијата е Македонија и Македонија е Агенцијата.
Тука се регистрираат нивородените и умрените, тука децата учат да бидат глуперди, студентите доктори по курац фини, тука се полага за возачка дозвола.
Патишта се градат за да се крадат.
Од патот Скопје-Охрид, Никола лапна 15 проценти, сега останува да видиме колку за истиот пат ќе лапнат новите градители.
Хахаха!
Сите имаат документи за криминалите на сите други.
Криминалот како реалност, а уште повеќе како интерпретација на вмро, за Македонците станува тоа што е водата за рибите.
Животен амбиент во кој бандитизмите се како алгите за охридските крапови.
Малите мозоци на Македонците немаат слободни бајти за други содржини.
Тие го сакаат криминалот затоа што тој им ја прави смислата на животите кои се ослободени од сите други содржини.
Можат да го напаѓаат, да бараат казни, да бараат помилувања, да се жалат дека има чесни луѓе кои се третираат како криминалци.
Криминалот како незаконска активност во државата се издигнува, не случајно, на нивото на државата како незаконска категорија.
Тоа се вика генерална компромитација до која се доведува во прашање оправданоста на нејзиното постоење. Или макар на општеството со македонската нација како вертикала.
Лепота.
Ај да видиме чие злодело денеска ќе биде на менито на нацијата.
Можеби сарма а ла Кол и Џеси!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пон Ное 11 2024, 23:56

Branko Trickovski
Омилени · 7h ·
Подобро во владата, отколку во преамбулата
Да сум Бугарин, јас би се чувствувал комотно во владата на Христијан.
И во власта на вмро
Порано се залагав за уставните промени, но сега гледам дека е подобро Бугарите да се внесат во владата и власта отколку во преамбулата.
Кој курац е преамбулата?
Нема потреба од рамката, од преговорите, од кластери и клистери, од протоколите, од клубовите, од палежите…
Само треба да си најдеме адвокати кои ќе знаат да кажат каква е нашата самосвест.
Кога ќе не прашаат.
Вмро го обожавам.
Не се заебавам.
Повеќе од Исус
И Доналд Трамп
Од Богородица
И Ќулафкова Катица

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Ное 15 2024, 17:02

Branko Trickovski
Омилени · 7h ·
Веш машина
Виолинистот Стефан Миленковиќ изјавил дека животот во Њујорк бил како живот во веш машина. Ако е тоа метафора за животот на високи вртежи во друштво со усрани гаќи и смрдливи чорапи, тогаш скопјани можат да се пофалат дека живеат како њујорчани во веш машина која работи на течен гас за дератизација и дезинсекција, а вмро ги суши со фенови на револуционерната борба против слободата.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Сре Ное 20 2024, 00:21

Branko Trickovski
Омилени · 2h ·
Ебете се!
Просто кажано Тој им порача на студентит: Ебете се!
Не за кеиф.
Ебете се за Тагковината.
Практикувајте размножувачки, патриотски секс.
Ебете се дома.
На работа.
На горниот кат на градскиот автобус.
Во тоалетот на кафето.
На ескалаторите во Сити мол.
Во кино.
На ракомет во “Јане Сандански”
На гробишта.
Во болница.
На тезгите на Зеленото пазарче.
На митинзите за спас од бугаризација и европеизација.
Фак ју евривеа.
Тој ја спомна потребата од поголем наталитет, апелирајќи дека мора сите да се бориме „а полна држава со млади луѓе, за многу деца во градинките, за многу деца во училиштата, за многу млади луѓе на универзитетите“.
-Тоа значи брачна заедница помеѓу сопруг маж и сопруга жена. Тоа значи дека само така можеме да бидеме држава и општество кое ќе се развива. Не бегајте од таа обврска која во суштина претставува се во вашите животи, зашто формирањето семејство, многудетно семејство значи патриотски чин, истакна Мицкоски
А јас порачувам: Тоа е, почитувани студенти, а вие како сакате.
Ви зборев ли јас дека љубовта со вмро мора да заврши со патриотска ебачина без заштита.
Со мрестење на Македонците.
Како шарани.
Сексот како борба за државата.
И нацијата.
Орбан потроши 10 милијарди евра за таа работа и не доби ништо, а нашиот изумител сака да се ебете за џабе, ако не ја сметаме љубовта кон тагковината.
Хахаха!
Децата ќе бидат на ваша сметка како и ризикот на пет години да побудалат ако случајно го вклучат телевизорот

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Нед Ное 24 2024, 20:21

Branko Trickovski
Омилени · 6 ч. ·
Во пресрет на Третата светска војна, најголема надеж ми пружа министерот за одбрана, сите ме уверуваат дека Мисајловски е феноменален стратег. Велат дека има тоефел од Вест Поинт.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пон Ное 25 2024, 00:12

Branko Trickovski
Омилени · 3 ч. ·
Ги гледам како пијат, па си мислам може ли да се случи под дејство на алкохолот во кампањата за смени и затворања на министри и началници, одговорни за смртта на 15 луѓе под урнатата настрешница на Железничката станица во Нови сад, Вучиќ да ја разреши и нашата несреќа. Сакам да верувам дека во дуплите алкохолни слики, не е невозможно нашиот лепотан да му се види како втор Весиќ или Тома Мона.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Ное 29 2024, 21:15

Branko Trickovski
Омилени · 6 ч. ·
Знамето во пламен
Не знам зошто толкава возбуда поради палењето на еден чаршав.
Но, секогаш кога ќе се потрудам да ги разберам тие чувства, ми се јавува обврската да кажам дека знамето како и државата ги палат разни извршители, но главен автор на тие злодела е вмро.
Партијата произведува атмосфера во која луѓето одбираат да се греат и на знаменски оган. Концентрирајте се малку, чукнете си ја главата од гусениот радијатор или од лавабото во бадрумот и пред очите ќе ви се појави сета приказна за знамето, раката, ќибритот, фосфорот, планот и зборот.
И актот.
Интересна работа, и црвената и жолтата боја на знамето, даваат иста боја на пламенот.
На некој добар полициски цртач можам да му помогнам да го нацрта лицето на вистинскиот извршител, па нека ги ловат!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Чет Дек 05 2024, 02:27

Branko Trickovski
Омилени · 12 ч. ·
Јужна Кореа и Северна Македонија
Додека Парламентот на Јужна Кореа се спрема да го разреши претседателот на државата, Парламентот на Северна Македонија се подготвува да го чуе првото обраќање на претседателката, со видлива непријатност и страв од очекуваната тортура од квазипрофесорското лигавење и неподносливиот солзотворен патос со кој од таканаречените национални интереси, првата жена ќе направи поплава во пленарната сала. Претседателката на Нашата земја нема потреба да прогласува вонредна состојба бидејки ние веќе сме во вонредна состојаба, но мачнината што ја предизвкува самата помисла на нејзиното обраќање, останува. Мало опуштање предизвикува љубопотството чива креација ќе носи. Но сите знаат дека тоа ќе биде возбудливо визуелно доживување. За секој случај, обезбедувањето веќе почна да дели голф обувки со шајки и моторџиски кациги, како минимум безбедносен стандард за пратениците во историската драма што ги очекува. Најсигурно, се разбира, е Силјановска да се следи на екраните во околните кафулиња или на обесените транзистори над тезгите на земјоделците на Зеленото пазарче.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 4 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 4 Previous  1, 2, 3, 4

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот