Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 36 of 42 Previous  1 ... 19 ... 35, 36, 37 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Nebula Вто Дек 28 2021, 14:16

Zhane напиша:„нему поважна му е целта, од начинот на кој ќе ја оствари, вклучувајќи ги и луѓето што ќе му го попречат патот"

Grujo 2 ?! 🤔

Ke poddrzam ako celta e normalizacija na opstestvoto. Veting za carinata, policijata, obvinitelite i sudiite. Sveduvanje na administracijata vo normalni granici so cistenje na nestrucnite, nesposobnite i korumpiranite kadri. Nosenje zakoni za podobruvanje na zdravstvoto, biznis klimata i poednostavuvanje na administrativnite proceduri. Nosenje zakon za urbanizam i gradeznistvo vo sklad so interesite na graganite a ne na gradeznata mafija. Zgolemuvanje na vlijanieto na graganite vrz politikata so promena na izbornite zakoni kako i pogolema decentralizacija a vo isto vreme i ovozmozuvanje na otpovikuvanje na izbrani funkcioneri na lokalno i drzavno nivo so referendum. Ima uste no cuda se slucuvaat samo vo bajkite.

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Дек 28 2021, 16:39

За жал денешниот потег на Ковачевски, откако од партијата беше и формално избран за мандатар да се сретне со амбасадорката на САД не ми се допаѓа, пред се поради улогата на САД во насилната промена на име и лагите дека Преспанскиот договор е последното понижување на Македонија и Македонците. Да потсетам дека САД ја убедија Бугарија да се откаже од гасоводот Јужерн поток, а сега наводно не можат да влијаат на Бугарија. Инаку не гледам дека во Македонија се гради едно општество за сите. Според најавите за следната влада поделбата е поартијска. Најповеќе општеството е за Алтернатива, па за ДУИ, па за СДСМ, а најмалку за ВМРО. Во едно општество за сите, што почитува човекови права, не треба да биде важно од која партија, етничка припадност, пол или било што друго некој е на некое место, туку само од неговите способности за конкретната работа. Вака имаме формална еднаквост, а всушност дискриминација на способните.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Сре Дек 29 2021, 08:45

Интервјуа и колумни - Page 36 A12

Трендо, шо сега да ја подржуваш и Глас за Македонија. Ист став ко Солзево имаш. Извини другар кај да отидеше во Руска а?

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Дек 29 2021, 20:49

Пред македонските граѓани, на избори. Престолонаследникот на Заев никогаш не излегол на избори, ниту индивидуално ниту на чело на својата партија. Инаку сигурно е дека не сме само јас и Грчева против лижење на амбасадорски газови. Посебно кога се работи за амбасадори на земји кои не убедуваа дека Преспанскиот договор е последното понижување на Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Дек 31 2021, 18:54

Среќна нова 1984-та

Од
 Александар Русјаков
 -
10:15 31.12.2021
543


Знаеш како битолчани го викаат возот што патува до Битола?
Не, како?
Датумот.
Зошто датумот?
Па, не стига бе, брат!
Во новата година посакувам сите два воза што го крстосуваат блескавиот и моќен Нордистан, да стигаат навреме. Или барем со половина ден задоцнување. НАТО-членка сме или заостаната транссибирска железница? Тоа што таму возовите се патувачки хотели што стигаат навреме, а практично возат преку половина планета, сигурно е руска пропаганда. Мора да се тоа Потемкинови села, оти Русија не е НАТО и не може да блеска. А кога веќе ја споменав Русија, нели таму се во паничен страв, оти Нордистан кажа дека е спремен да тргне заедно со Алијансата на источниот фронт? Нели е малку глупо, Русите во паника пред моќниот Нордистан, а ваму еден воз патува цел ден од Скопје до Битола? Добро сега, знам јас дека ова со возот е врвен воен маневар. Ги местиме Русите да се опуштат мислејќи дека сме катастрофа. Ма, овие сигурно ќе задоцнат со нападот, така ќе си речат. И ќе се фатат за вотка. Е, тогаш ние напаѓаме и ждрагадау рапарапу, блицкрик, фиуууууууу… бабабау.
Уште збор-два за Русија, оти Нордистан заедно со НАТО-членките ќе маршира на Москва, ако Кремљ одлучи да ја нападне Украина како што вели Западот, иако Русите постојано тврдат дека не планираат да го сторат тоа. Ама, па, и што знаат тие, штом Бајден, Џонсон, Столтенберг и Си-ен-ен велат дека ќе нападнат, сигурно е така, зашто они секогаш знаеле дали во Ирак има хемиско оружје, што е полезно за Авганистанците и како Либија подобро ќе функционира како држава ако направат да не биде држава. Па така, кога веќе маршираме на Москва, добро е моќната нордистанска војска одблизу да го запознае својот непријател.

Затоа во новата година посакувам војската да добие моќна обука преку воени маневри на Криволак, каде што војниците ќе бидат распоредени во формација седи-читај-мисли или тактика позната како „фул метал џекет Достоевски“. И така едно недела дена да маневрираат, копаат ровови и газат преку мински полиња меѓу редовите на генерал Фјодор Михајлович за да научат дека историјата оставила записи од подземјето каде што се споменуваат некои бедни луѓе опседнати од демони, кои почнале да се однесуваат како идиоти, па тргнале на Русија, ама за секое злосторство си добиле и казна, по што свиткале опаши и понижени и навредени се вратиле во своите мртви домови.
Во новата година исто така посакувам сите пожарни да добијат телефони. Не дека Нордистан има проблем да се справи со пожари. Сме изгасиле ние едно чудо огнови. Ете, го изгаснавме пламенот на македонизмот. Тоа зло што одбиваше да ни ги плати сметките. Затоа и го изгасивме, прав и пепел го сторивме. Ама затоа сега, кога го имплементиравме европските вредности, тие ни ги плаќаат сметките. Добро сега, во некои пожарни стварно нема телефони, па селаните мора да трчаат за да кажат дека во плевната им избил пожар. Има тоа своја позитивна логика. Луѓето премногу се опуштија. НАТО им донесе мир. Европеизмот им донесе огромно богатство. Мирот и богатството опуштаат. Граѓаните на Нордистан омлитавеа, се здебелија. Затоа е океј малку да се растрчаат во случај на пожар како дел од реформата на државата за здраво тело, во здрав дух.
Во 2022 година посакувам Нордистан да добие повеќе датуми од ЕУ за разлика од годинава што заминува. Прогресијата мора да продолжи. Треба да ни стане традиција. Како на Евреите холокаустот. Како сексапилноста на Европската Унија. Оти прво добивме два датума. Еден во авион и еден на Телма. Потоа Зоќи од парламентарна говорница ги потврди и рече да си пукнеме од мака. Европската Унија увиде дека станува збор за врвен политичар за каков само може да сонува дека ќе има во своите редови, па следната година му ги удвостручи датумите.



Интервјуа и колумни - Page 36 Lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=410&loc=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fmislenja%2Fkolumni%2Fsrekjna-nova-1984-ta%2F&referer=https%3A%2F%2Frepublika

Сите мислевме тоа е тоа. Но Унијата нè изненади. Изминатава година го преплави Нордистан со датуми. Ги имаше многу, ама неколку силно се издвоија. Како оние пред прв и втор круг локални избори. Датуми што ги обединија прогресивните сили против небањатото зло. Сепак, најблескав од сите беше последниот. Датумот што ЕУ го испрати за да го спаси стабилното владино мнозинство. Датум за кој лично Американците ургираа. Макрон ја крена цела дипломатија за да го осигури. Дури и на Кастриот му соопштија дека е договорено. А летечкиот Холанѓанец Руте лично го донесе. Затоа посакувам следната година датумите да се дуплираат. Тоа е доказ дека сме успешни и моќни.
Во новата година посакувам веќе да нема неисправни продолжни кабли. Да нема непримерни патници што не проверуваат дали автобусите имаат дозвола за патување. Тоа многу ги вознемирува нашите нежни министри. А такво нешто не смее да се случи. Да се вознемируваат владетелите. Оти они ни се сè што имаме. Не смее да се вознемирени или не дај боже, да ни се налутат. Тоа може да биде страшно, зашто нашите владетели се многу добри другарчиња со своите господари, американски амбасадори и ЕУ-бирократи. Ако ни се налутат може веќе да не добиваме датуми и потоа кој ќе ни плаќа сметките?

Имам уште многу да посакам во новата година, ама немам веќе редови. На новинарите, особено новинарките, им посакувам уште многу селфија, фотосесии и оклештени лица со моќта и нејзините преставници. Тие што мрчат дека не носеле маски и не држеле дистанца се обични злобници. Не ја разбираат длабоката симболика на чинот. Прво, фотосесии со моќта ја покажува медиумската транспарентност. Неносењето маски значи дека паднаа маските што ги носеа кога се сликаа со режимот. Недржењето дистанца симболизира дека медиумите ѝ дишат во врат на власта. На новоизбраниот капетан на титаникот наречен Нордистан, му посакувам уште подлабоко да го фрли сидрото за лаѓата поквалитетно да плови. Ако неговиот претходник со фрлено сидро ни ја отвори економската морска шир, на новиот капетан му посакувам успешна пловидба во духовните длабочини. На судската власт ѝ посакувам уште повеќе независност од правдата и зависност од власта, оти правдата е слепа, а власта прогресивно просветлува и добро е да продолжат со политички прогон врз неистомисленици, бидејќи таквата реформа е во симбиоза со книжевноста. Што повеќе кафкијански процеси толку повеќе идни Солженицини и колку повеќе храбри нови судии и обвинители, толку поблиску до Орвеловата среќна нова 1984 година.




Среќна нова 1984-та - Нова Македонија (novamakedonija.com.mk)

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Јан 14 2022, 13:38

Преговори Запад-Русија: Путин бара нова Јалта
Путин како да сака да ги врати стрелките на часовникот и да го промени текот на историјата. Пишува Ивор Мицковски


Изминатата недела беше набиена со серија преговори, почнувајќи од билатералниот Дијалог околу стратешка стабилност помеѓу САД и Русија, потоаСоветот НАТО-Русијаво Брисел и конечно, Самитот на ОБСЕ во Виена. Сите овие средби и целиот дијалог помина како дијалог меѓу глуви, секој држејќи се до своите позиции и ставови, но барем никој оваа недела не ја тресна вратата зад себе. Што значи дека дијалогот ќе продолжи иако не постои никаков прецизен распоред.
Со настаните одоваа недела Путин всушност го постигна и својот прв успех - го доби целосното внимание на Џо Бајден. Шест месеци по првата средба лице в лице во Женева и еден месец по виртуелниот самит, двајцата лидери разговараа и на 30 декември, што доведе до оваа серија на средби. Путин реално е заинтересиран само за билатералниот дијалог со САД, свесен дека НАТО зависи единствено од Вашингтон, додека преширокиот форум на ОБСЕ му нема никаква смисла. Конечно, на тој начин Русија преговара со Вашингтон на ниво на геополитички играч од ист ранг, и тоа во време и ситуација кога Америка е фокусирана на подемот на Кина.
Како и да е, стратегијата на Путин се покажа како исплатлива, употребувајќи серија на класични иструменти во надворешната политика. Од една страна, воена закана со преку 100 илјади војници на границата со Украина. Потоа, понуда за преговарачки пакет или двоен договор и со САД и со НАТО.
Зошто Москва излегува со неразумни и невозможни предлози?
На 17 декември Путин ќе ја обзнани својата понуда до Западот. Двата документи, што по содржината, што по тонот како се напишани, повеќе наликуваат на ултиматум, отколку на основа за преговори. Првото се состои од експлицитно барање: „САД ќе направат чекори да спречат понатамошна експанзија на НАТО на исток и да го одбијат барањето за влез во Алијансата на поранешните екс-советски републики.“ Воедно, се бара да нема никаква воена соработка меѓу САД и екс-советските републики кои не се дел од НАТО. Тука Путин пред сѐ мисли наУкраина и на Грузија, чија врата за влез во НАТО се отвори во таа кобна по нас 2008 година во Букурешт.
Понатаму, се бара НАТО да престане со стационирање на воени контингенти во екс-советските републики кои денес се членки на НАТО и дека нема да поставува ракетни системи кои се во состојба да ја погодат Москва. Воедно, од САД и НАТО се бара да не му даваат никаква воена помош на Киев и да престанат со воени вежби во екс-советските држави.
Сега прашањето е: Зошто Москва излегува со вакви неразумни и невозможни предлози? Од гледна точка на САД и НАТО, прифаќањето на овие барања би значело капитулација пред Москва, нешто што политички е неприфатливо. Воедно, ниту САД ниту НАТО, па дури ни Европејците кои имаат 27 позиции кон Москва, не гледаат никаква причина зошто би се согласиле да го растурат европскиот безбедносен систем од пост-Студената војна.

Путин како да сака да ги врати стрелките на часовникот и да го промени текот на историјата. Отворено бара на Русија да ѝ признаат сфери или зони на влијание, еден вид на Јалта 2, со што Москва би си го олеснила или подисправила поразот од Студената војна. Јасно му е на Путин дека враќањето во минатото е невозможно, како што е невозможно да го промени актуелниот безбедносен статус-кво и да ја промени рамнотежата на силите, но претендира нови гаранции околу своите граници. Тоа го бара не толку поради страв од надворешен напад, колку што стравува од внатрешната демократизација и распадот кој го чека и неговата застарена и советска владејачка номенклатура, процес кој веќе се случи во Украина и Грузија, а сега почнува да се случува и во Белорусија и Казахстан.
Како и да е Москва отвора нова партија шах со Западот која евентуално крие две сценарија. Едното е дека свесно излегува со максималистички барања, за колку-толку нешто да добие: помирување со САД и нов дијалог околу разоружување, или во најдобар случај подзаборавање на ветувањата за Киев и Тбилиси дека во некое догледно време ќе влезат во НАТО.
Втората опција е дека ваквите два предлози се намерно направени да не бидат прифатени и во случај на отворено отфрлање да бидат искористени како изговор за воена агресија врз Украина.
Преголем залак и за „рускиот цар“
Искрено мислам дека Русија нема да го добие ни едното ни другото. Перцепцијата на Москва е дека сега е вистинскиот момент за договор со Америка, особено затоа што е преокупирана со Кина. Договор со Москва би му дозволил на Вашингтон да се посвети на Индо-пацификот и да ја оттргне Русија од шепите на Пекинг. Притоа, Москва е убедена дека Бајден ќе има само еден мандат и тоа ќе ја направи неговата администрација отворена за компромиси.
Можеби некаков договор околу разоружување и би се постигнал, или би се нашол компромис околу ракетните системи во источна Европа, но овој билатерален дијалог особено околу „стратешката стабилност“ Бајден повеќе го дозволува од желба односите со Русија да не еродираат и дегенерираат уште повеќе од актуелниот историски минимум, отколку што навистина постои желба за некаков прогрес. Времињата на потрага по ресетирање на односите со Москва се одамна поминати.
Што се однесува до воените аспирации, воената ескалација во Украина не делува дека е врвен приоритет за Москва, која за тоа би платила огромна политичка и економска цена, додека во моментов се соочува со кризата во Казахстан, која одвлекува енергии и воени ресурси во мошне деликатен момент. Отварање на фронт од Украина, Белорусија, па сѐ до огромниот Казахстан, може да се покаже како преголем залак и за „рускиот цар“. Во тој поглед Западот треба да внимава да не го прецени противникот.
Оттука, да се дојде до некаков договор меѓу САД, НАТО и Русија во скоро време или да се очекува некакво решавање на украинската криза делува многу тешко и неверојатно. САД и Европа би требале да се откажат од своите демократски принципи, да се откажат од правото на земјите сами да ги бираат своите сојузи и партнери, да се прифати еден вид на „брежњевски ограничен суверенитет“ за Украина и Грузија, додека во исто време би се прифатиле руските безбедносни логики за Европа на еден систем кој реално пропадна пред 30 години. Сѐ тоа делува мошне тешко. Единствен излез е можеби некое решение као потсетува на Договорот од Хелсинки, како што предлага поранешниот американскиот амбасадор во НАТО, Иво Далдер. Тоа значи еден зајакнат дијалог околу европската безбедност, кој би се базирал на принципи, правила, градење мерки од доверба, заедно со зајакната контрола на вооружувањето и воено задржување на Москва на актуелните позиции.

ЕУ отсутна во Европа
Но, и за еден Хелсинки 2 потребна е координирана и енергична реакција од страна на Европа. Од овие билатерални средби европските институции се комплетно исклучени. Ниту пак се гледа или насетува силно учество на некој од поголемите европски актери. Америка гарантира дека никаква одлука нема да се донесе без Европа, но ЕУ-сојузниците веќе се изгореа од американските унилатерални одлуки да се повлечат од Авганистан или од бизнисот АУКУС. Европејците се доволно уплашени што Америка ѝ ја дозволува придобивката на Русија да разговаат директно и ја третира како еднаква на себе. Не случајно, Балтичките земји веќе најавија разговори за зголемување на НАТО-присуството, додека Данска веќе го дуплира контингентот од Алијансата. Франција и Германија пак го обновија дијалогот со Москва и Киев во форматот Нормандија, но тоа е само една бескорисна сценографија.

Како што американската преговарачка Шерман им кажа на Русите околу НАТО: „Ние сме 30, ама во суштина сме како еден“. Тој еден е Америка и таа ги претставува и Европејците. Со други зборови, на територија на Европа не може да постои друга сфера на влијание од онаа која ѝ припаѓа на Америка. Сите за еден-еден за сите.
Во меѓувреме ЕУ сѐ уште нема заедничка позиција и не знае да каже што и намерата да прави. Европа отсуствува од разговорите и одлуките кои се однесуваат на рамнотежата на силите во Европа.


Линк: Преговори Запад-Русија: Путин бара нова Јалта | Свет | DW | 14.01.2022


Во колумната има интересни работи. Дали се обвинува САД дека се однесува кон Европа како кон колонија? Може ли Македонија да ја искористи ситуацијата со тоа што ќе става вето за прием на нови членки во НАТО се додека не престане изживувањето на земјите членки на оваа организација кон нас со поддршка на малоумите барања на нашите соседи, прво Грција, сега Бугарија? Дали некоја друга членка не би ставила вето во замена за помала цена на рускиот гас? Дали Русија и Кина не се приближуваат со воената сила кон НАТО? И ред други прашања, од кое најважното е каква полза или штета може да има Македонија од судирот (за сега дипломатски) помеѓу Русија и САД. Според досегашното искуство Македонија има само обврски и се однесува како слуга. Затоа што таков е менталитетот на нашите лидери. Сакаме членство без да видиме дали добиваме или губиме.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Пон Јан 17 2022, 09:04

Рибарски приказни за неуловените дебели политички сомови

Добра анализа на Ордановски, секој понормален човек ова го знае, ама Орданоски мора уше еднаш да ни го напомне.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Јан 17 2022, 16:08

Лично би бил задоволен ако Ковачевски исполни 2/3 од работите што ги наведува во експозето. Но како да верувам дека ќе се исполнат ветувањата од економијата, на пример, кога ја задржа тројката од владата на Заев, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши. Тешко ми е да поверувам и дека Али Ахмети е добрата вила во македонската политика и дека затоа е скоро две децении на власт. Дека Тетово може без ДУИ, а Македонија не може никако.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Вто Јан 18 2022, 09:15

А 9 години ДУИ со ДПМНЕ беше ок, пошо беше ДПМНЕ во прашање?
Седи 1.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Јан 19 2022, 14:48

Во времето на ВМРО никогаш односот на министри во владата не бил 11:10 и не се случило да нема ниту еден министер од помалите етнички заедници. На празници како денешниот, Богојавление, премиерот, претседателот, претседателот на Собрание и најголем дел од министрите не се плашеа од народот и присуствуваа на осветувањето на водите. Или можеби ја бојкотираат црквата затоа што ги критикува најгилемите предавства на антимакедонската власт. Која го утепа (загина) македонското име. Правата на Македонците во Македонија ги сведе на ниво на правата на Македонците во Бугарија и Грција. Очигледен пример за тоа е брусењето на македонскиот симбол и од шахтите (не знам дека некаде е направена таква будалаштина па веројатно тие што го наредија тоа се мноооогу ненормални, а не најумни на светот). Ниедна земја не бара дозвола од странци пред да објави некој учебник. Изгледа дека и Косово не престигнува на економските табели и стануваме најсиромашна земја во Европа. Ниедна земја на која во Уставот и е запишано дека нема територијални претензии (читај нема да ги ослободува окупираните територии) не и се бара да поднесе нота во ОН за истото. Никој не се откажува од правата на своето малцинство, а нормалните луѓе се борат за правата на било кој без разлика кој е и што е.  Посебно таква работа не бараат воено посилни нации. Во секој случај ни за милиметар не сме поблиску до ЕУ после овие понижувања што ни ги приреди СДСМ во овие еден и пол мандат. Петков очигледно подобро глуми од Борисов за евроатлантската публика, а останува непријател на Македонија и Македонците. И во Бугарија и во Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Јан 19 2022, 15:09

Се извинувам, но дури сега во 15 часот наидов на вест дека премиерот Ковачевски бил на манифестацијата во Скопје. Бил дочекан традиционално со „никогаш северна, само Македонија“. Само еден ден откако нашата влада успеа да го убеди бугарскиот премиер да го користи ова наметнато име.

Линк

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Јан 23 2022, 12:38

Стојков: Дел од македонската политичка елита е државоОТРОВЕН, а не државотворен - ResPublica


За жал, и новиот премиер на Бугарија е во коалиција со луѓе што сакаат да го реализираат сонот на Тодор Живков македонската нација да биде редефинирана на пробугарска основа и да се погребе прашањето за македонското малцинство во Бугарија. Нивната девиза е сега или никогаш. Македонскиот народ е државотворен, но дел од неговата политичка елита е далеку од тоа, па дури е и државоотровен, вели во интервјуто за МКД.мк и Республика Стојко Стојков, копретседателот на ОМО Илинден Пирин, нерегистрираната партија на Македонците во Бугарија.
Тој е чест гостин на македонските медиуми, но не и кај колегите во Бугарија. Од 2008 година, вели Стојков, никој од бугарските медиуми не го побарал за изјава, коментар, мислење...
Што има ново во бугарската политика кон Македонија со новата влада на Бугарија?
- Новиот премиер по моја проценка се обидува да најде излез од ќор-сокакот во кој Бугарија ја внесоа претходните влади. Тоа го прави преку дефокусирање од историските и идентитетски прашања и насочување на фокусот кон прашањата за инфраструктура и културна соработка, што е за поздравување.
За жал, тој е во коалиција со луѓе што многу силно држат до досегашниот формат. Тоа се луѓето што сакаат да го реализираат сонот на Тодор Живков македонската нација да биде редефинирана на пробугарска основа и да се погребе прашањето за македонското малцинство во Бугарија. Нивната девиза е сега или никогаш. И навистина, тие никогаш нема да имаат друга шанса во таа насока. Затоа, пред да дојде премиерот во Македонија, беше „испеглан“ во Комитетот за национална безбедност и „ставен во пранги“ за да не може многу да маневрира, па дури мораше да ја повтори лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство.
Мислите дека новиот бугарски премиер Кирил Петков не е дел од тоа?
- Веќе е – ја положи заклетвата кажувајќи дека македонско малцинство нема. Но тоа уште не значи дека нема да се обиде некако да ја деблокира Македонија, затоа што Бугарија исто така трпи многу сериозни последици. Едноставно, македонското малцинство нема да биде дел од што и да се договори за македонската евроинтеграција. Барем не во позитивна смисла.
И Вие го оценивте Договорот за добрососедство и пријателство како нерамноправен договор. Може ли таа оценка да се даде и за целокупната политика на Бугарија кон Македонија?
- Апсолутно. Бугарија се обидува да ѝ наметне на Македонија подреден, вазален статус. Бугарија сака таа да биде суверенот на Македонија, наместо македонскиот народ. Граѓаните на Македонија имаат усвоено Устав, кој ги задолжува македонските влади да се грижат за македонските малцинства надвор од македонската држава, а Бугарија сака да ѝ наметне на Македонија не само таа волја на македонскиот народ де факто да се поништи, туку дури и Македонија да ѝ се приклучи на Бугарија во негирањето на самото постоење на македонското малцинство.
Како го доживувате прифаќањето на тој пристап од страна на дел од македонските политичари?
- Како недозреаност, и полошо. Како дел од психологијата на навикнатиот да биде маргинализиран, патронизиран, па дури и понижуван. Како неодговорност кон луѓето што ги претставуваш. Македонскиот народ е државотворен, но дел од неговата политичка елита е далеку од тоа, па дури е и државоотровен.
Интервјуа и колумни - Page 36 Stojkov-Del-od-makedonskata-politicka-elita-e-drzavoOTROVEN-a-ne-drzavotvoren-2
Како, според Вас, треба да одговори македонското раководство на сите овие, би рекол, провокации од бугарска страна - Радев може да ги прима Бугарите од Македонија, а за Софија потегот на Пендаровски да разговара со вас е провокација, Бугарија бара бугарско малцинство во Албанија, а не го признава македонското кај себе, бара Бугарите да станат дел од македонскиот Устав, а не сака ни да разговара Македонците да бидат дел од нивниот Устав...
- Многу добро го формулиравте двојниот стандард што Бугарија сака да ѝ го наметне на Македонија. Македонија има обврски спрема Бугарија – Бугарија има само права спрема Македонија. Говорот на омраза против Македонија во Софија едноставно е нормален чин и вистина, а несогласноста во Македонија со тоа е – антибугарска пропаганда. Истото се гледа и од супериорната позиција од која се зборува за Македонија и македонскиот народ во Бугарија – тие се објект на перманентно исмејување и понижување.
Начинот на кој си дозволуваат да зборуваат бугарските државници за Македонија, за нејзиниот народ и за нејзините лидери е згрозувачки и надвор од секое пристојно воспитување. И очекуваат Македонија да се навикне и да го прифати ова како нормален однос. За таа цел се применува фашистичкиот систем на колективна вина и одговорност – ако еден Македонец изрази став против Бугарија (што, меѓу другото, е негово право), па дури и да е тоа анонимен корисник на интернет – тоа се интерпретира како говор на омраза, за што е одговорно целото македонско општество и целото ќе биде казнето со блокада на евроинтеграцијата. Секое мислење што не ѝ се допаѓа на Софија спаѓа во таа категорија. Па така ниту научниците во Македонија не би имале научна слобода, ниту Македонците не ќе можат да мислат и зборуваат за себе на начин што не ѝ се допаѓа на Софија. Македонските државници исто треба да се дресираат да не смеат да зборуваат за својата држава и за својот народ на начин што не ѝ се допаѓа на Бугарија.
Спомнете си како дури и некои невини изјави на Заев кон Македонците во врска со некои празници беа примени како провокација и скандал во Бугарија и придружени со повици да се казни Македонија. До таму оди апсурдот. Тоа едноставно не смее да се прифати и треба јасно да им се укаже на бугарските политичари. Ако Македонија дозволи да ѝ се наметне таков однос, таа докажува дека нема право, или барем капацитет, да биде држава. Треба да почне да ги поддржува Македонците насекаде по светот и да одржува и да поттикнува комуникација со нив во рамките на меѓународните правила и стандарди без да се сообразува со мислењето на Софија. Наскоро и Софија ќе почне да учи да не реагира како меански силеџија, туку да се однесува коректно и воспитано.
Како ги коментирате изјавите на македонските министри и премиери дека тие немаат право да се мешаат во внатрешните работи на Бугарија кога се зборува за почитувањето на основните човекови права?
- Тоа е изговор без реална содржина. Човековите права не се внатрешно прашање на државите.
Еве ја реалноста, на експертскиот состанок на ОБСЕ за правата на малцинствата одржан во Женева во 1991 беше формулирано правилото што се цитира како класично по тоа прашање: „Прашањата поврзани со националните малцинства, како и придржувањето кон меѓународните обврски и ангажмани за правата на националните малцинства, се прашања од легитимен меѓународен интерес и грижа и следствено не претставуваат исклучиво внатрешна работа на државите!“
Видете го и членот 1 од Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства: „Заштитата на националните малцинства и на правата и слободите на припадниците на тие малцинства е интегрален дел на меѓународната заштита на човековите права и, како таква, претставува област на меѓународната соработка.“ Македонија има основа да го прави тоа, дури има и уставна обврска да го прави. Тоа е нормална практика меѓу државите – видете што прави Бугарија. И на крај, договорот од 2017 година реално и не го забранува тоа. Македонија има право да ги штити своите државјани во Бугарија. А не е мал бројот на Македонците овде што имаат македонски државјанства. Како јас, на пример. Каде е тогаш проблемот? Македонската влада се плаши.
Интервјуа и колумни - Page 36 Stojkov-Del-od-makedonskata-politicka-elita-e-drzavoOTROVEN-a-ne-drzavotvoren-3
Кои се вашите наредни потези по добиените 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права во корист на Македонците од Бугарија и неспроведувањето на овие решенија од страна на бугарските власти?
- Ние продолжуваме да се бориме низ сите канали за заштита од дискриминација, за заштита на правата на човекот и малцинствата и во Бугарија и во Европа. Врз Бугарија има засилен мониторинг во Советот на Европа. Нашите пријатели од Европската слободна алијанса во Европскиот парламент исто така силно работат за правата на Македонците. Го шириме фронтот. Очекуваме во скора иднина да падне бугарската блокада пред регистрирањето на македонските организации, што ќе ја внесе борбата на Македонците во друга етапа и на друго ниво.
За какви европски вредности зборуваме тука?
Од бугарска страна? Никакви. Тоа се вредностите на ерата на Тодор Живков: македонската нација да се редефинира на пробугарска основа. Од наша страна – тоа е вредносниот систем што е во основата на ООН, европскиот систем за човекови права, современите цивилизациски вредности. Ние не бараме ништо повеќе од Бугарија освен да се однесува како цивилизирана европска земја.
Која е улогата на меѓународната заедница во однос на ваквото толерирање на очигледната дискриминација и асимилација на македонското малцинство во две земји-членки на ЕУ - Бугарија и Грција?
Од една страна – таа е клучна. Сите позитивни промени се случија под нејзино влијание. Како, на пример, тоа што бугарските власти запреа да ги растураат со сила нашите мирни собири, како што правеа до 2007 година. Од друга страна, за жал, меѓународната заедница не е особено заинтересирана да се меша во такви прашања. Многу пати ни било кажано во очи дека се работи по принципот „има конфликт – има проблем“. А ние не сакаме конфликт и затоа нашите проблеми се запоставуваат. Но без разлика на тоа, нашето упорно дејствување година по година веќе дава резултат и постепено бугарското негирање се претвора во проблем што ги надминува границите на Бугарија. Тоа не е и никогаш повеќе нема да биде само „внатрешно прашање“ за Бугарија.
Кој е Вашиот коментар за посетата на бугарскиот премиер Петков на Македонија?
- Таа почна лошо, со изјава дека во Бугарија нема македонско малцинство и дека за тоа не може ни да се зборува, а потоа со најава дека Петков доаѓа да бара Бугарите да бидат ставени во Уставот на Македонија.
Потоа дојдоа контроверзиите околу интонирањето на македонската химна за да не се налути бугарскиот премиер, што ако е точно, е понижување без преседан. Разбравме и дека Македонија направила отстапка, без да добие ништо за возврат, а тоа се обидоа да ни го продадат како добра волја од страна на Бугарија.
Сето ова се лоши знаци. Добрите се дека сепак се избегнаа некои од срамните прашања и се демонстрираше позитивна енергија, што е нешто, но не е многу. Веројатно единственото што може да се види како генерално позитивно беа изјавите на претседателот Пендаровски дека има македонско малцинство во Бугарија и дека барањето да се стават Бугарите во Уставот на Македонија е мешање во внатрешните работи на Македонија. Единственото нешто со што не се согласувам е прашањето дека правата на малцинствата се внатрешни работи на државите, но барањето една земја да си го менува Уставот секако е мешање во внатрешните работи, а токму тоа го прави Бугарија со Македонија.
 
Новинар: Александар Дамовски
Интервјуто го изработи информативниот портал www.mkd.mk во соработка со онлајн платформата www.respublica.edu.mk на Институтот за комуникациски студиикако дел од проектот Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество што го финансира Британската амбасада во Скопје.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Фед 25 2022, 22:34

Антимакедонскиот говор на омраза
Од Панде Колемишевски

Меѓу синтагмите што заземаат сѐ поголем простор во политиката и медиумите е и изразот „говор на омраза“. Во македонскиот јазик зборот омраза се толкува како силно чувство на непријателство, одбивност спрема некого или нешто. Со слично значење е и зборот „мрази“. Изведенки од зборот „мрази“ се и зборовите омрази, намрази, омразит. Омразит се нарекува оној што предизвикува омраза. Само зборот „замрази“ има двојно значење. Според првото, зборот замрази значи некого да замразиш, а според второто е фаќање мраз, заледување на вода, на снег. Омразата е блиска до зборовите одбивност и злоба, а е спротивна од зборот љубов.
Во обичниот и во Толковниот речник нема да најдете некои поголеми објаснувања што е, всушност, говорот на омраза. Дали е омраза ако некого го погледнеш накриво или ако му ги опцуеш мајката и сестрата? Дали е омраза ако за некој вистински идиот речеш или напишеш дека е идиот? Или ако за некој политичар тврдиш дека е неписмен, а стварно е неписмен, такви се множат на ангро.
Сега да видиме што е говорот на омраза опишано од експертите на нашиот идол – Европската Унија. Ајде најпрвин една модернистичка теорија, една тафтологија.
Значи не само во македонскиот јазик туку и во европска регулаторна рамка за оваа тема не постои универзална дефиниција што значи „говор на омраза“. Значењето на терминот има долга историја во правните системи на различни земји-членки на Советот на Европа и на Европската Унија. Бидејќи никому не му стиска што, всушност, значи и како таа појава да се третира, Советот има креирано различни дефиниции зависно од контекстот. Иако нема чисти дефиниции, Советот им препорачува на владите на земјите-членки да ги преземат чекорите за борба против говорот на омраза утврдени во документот. Ова особено се однесува на говорот на омраза што се шири преку медиумите. Она што се однесува за земјите-членки важи и за земјите-нечленки, како што е Република Македонија, Северна од времето на Заев и дружината.
Во Препораката се прави обид за дефинирање на следниот начин: Терминот „говор на омраза“ ќе се сфаќа како термин што ги покрива сите форми на изразување што шират, поттикнуваат, промовираат или оправдуваат расна омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на омраза базирани на нетрпеливост, вклучувајќи: нетрпеливост изразена преку агресивен национализам и етноцентризам, дискриминација и непријателство против малцинствата, мигрантите и луѓето од имигрантско потекло.

Понатаму, Препораката особено ги повикува владите на земјите-членки да одредат јавните власти и јавните институции на национално, регионално и локално ниво, како и нивните службеници да имаат посебна одговорност за воздржување од изјави, особено пред медиумите, кои разумно може да се сфатат како говор на омраза, или како говор што би можел да создаде ефект на озаконување, ширење или промовирање расна омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на дискриминација или омраза базирани на нетрпеливост. Таквите изјави треба да бидат забранети и јавно отфрлени секогаш кога ќе се појават.
Има уште едно толкување што го фокусираат невладините организации: Говорот на омраза е пристрасен, непријателски, злонамерен говор насочен кон еден човек или група луѓе поради некои карактеристики, кои ги имаат или кои им се припишуваат дека ги имаат. Говорот на омраза претставува дискриминирачко, заканувачко, антагонистичко однесување, кое многу често се потпира на предрасуди кон луѓето поради нивниот пол, сексуална ориентација, раса, религија, етничка припадност, боја на кожата, националното потекло, некој вид попреченост (ментална, интелектуална или физичка). Говорот на омраза има намера да повреди, да го претстави некого како помалку човек од другите, да вознемири, да понижи, омаловажи, деградира и да поттикне нечувствителност и бруталност кон одредени групи луѓе поради нивните карактеристики.
Како што може да забележи читателот, во овие толкувања нема објаснување за политичката и меѓудржавната омраза, за омразата на една држава спрема друга, како што е, на пример, омразата на бугарската држава спрема македонската. Дали е или не омраза некој да ти тврди дека тоа што си ти не си ти, ниту биле твоите дедовци и татковци? Дали не е омраза на државно ниво ако највисокото политичко тело од другата, соседна или далечна држава ти ги негира историјата, идентитетот, јазикот, писмото, културата, народните традиции? Дали не е омраза некој секојдневно да ти повторува и да ти налага дека треба да си го поплукаш лицето, да си го избришеш минатото, да си ја понижиш мајката што те родила? Дали не е омраза, тешка омраза, некој твојот народ и твојата држава да ги нарекува вештачка творба, божем создадена со вештачко оплодување? Зар не е омраза кога некој сака да те направи лажго, фалсификатор, подметнувач, крадец, а всушност тој е тоа?

Во Република Македонија, сега Северна, говорот на омраза е главно насочен кон Македонците како народ, кон македонизмот, кон неговите историски национални и културни достигнувања. Тој говор на омраза кон Македонија го шират и фактори надвор и елементи дома. Под превезот на барањата за некаква ревизија на минатото се крие омразата кон него, кон светлите години на развој што овој народ ги доживеа. Цел на тој говор на омраза се македонската државна самостојност и обидите да си ги зачува сувереноста, дигнитетот и авторитетот. Раширени на повеќе страни се антимакедонски пропагандисти, тие цутат во политичките партии, во медиумите, во цивилните друштва и во таканаречени невладини организации.
Во силна офанзива се наследниците на оние што беа на страна на нацизмот и фашизмот, разни ретроградни сили од кои Македонија никогаш не била оставена на мир. Во тие борбени редови за постепено уривање на Македонија преку ширење говор на омраза кон Македонија и Македонците се наредени личности со промашени кариери, инородни политичари и новинари, корисници на странски донации и гратис пари, еден куп анационални типови, кои бесрамно го користат говорот на омраза да го сотрат македонското големо дело.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/antimakedonskiot-govor-na-omraza/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Мар 01 2022, 15:49

НАШАТА ДРЖАВА НАЈЕКЛАТАНТЕН СВЕТСКИ ПРИМЕР ЗА НЕКОНЗИСТЕНТНОСТА
ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО


Конфликтот во Украина предизвика бурна реакција низ светот со оцена од повеќето страни дека е прекршено меѓународното право. Но се чини дека токму Македонија во овие три децении е најдобриот пример за нефункционирањето на меѓународното право и негово бројно прекршување и злоупотреба токму од страна на истата таа меѓународна заедница, која сега толку гласно се повикува на него.
Од самостојноста до денес, Македонија е еклатантен светски пример за тешки злоупотреби и прекршувања на меѓународното право од страна на меѓународната заедница врз наша кожа и по сите основи. И за тоа никој не понесе ниту трошка одговорност, а уште помалку се потруди да почне да го применува правото секогаш и без исклучоци, водејќи се според заеднички утврдените правни принципи, а не врз индивидуално толкување на правото онака како што им одговара на поголемите и помоќни држави.

Девалвирање на меѓународното право во континуитет

Со суровоста на нефункционирањето на правото во меѓународни рамки, Македонија се соочи уште на почетокот по прогласувањето на независноста од поранешната СФРЈ, кога тогашната Европска економска заедница (ЕЕЗ), сегашна Европска Унија (ЕУ), формираше Арбитражна комисија што требаше да процени кои од тогашните југословенски републики ги исполнуваат условите да бидат меѓународно признаени. На чело на оваа комисија беше поставен францускиот правен експерт Роберт Бадинтер, кој тогаш процени дека единствено Македонија и Словенија ги исполнуваат условите да бидат меѓународно признаени. Без оглед на препораката на Арбитражната комисија, ЕЕЗ ги погази правните принципи и препораките на своите меѓународни правни експерти и одолжуваше со признавањето на земјава, ставајќи ја во дополнителен ризик од дестабилизација.
Втор момент на најдрско прекршување на меѓународното право е приемот на Македонија во Обединетите нации (ОН), кога поради противењето на Грција, земјава стана членка на ОН под привремена референца, што е спротивно на самата повелба на Светската организација, односно правото на народите слободно да го одредуваат името на својата држава. Истото се случи и со државното знаме, кое беше во употреба од 1992 до 1995 година, кога повторно поради противењето на Грција беше прекршено меѓународното право на еден народ слободно да ги одредува своите национални симболи, односно името на државата, знамето, јазикот итн. И тогаш Македонија беше принудена да попушти и да го смени своето знаме.
Во 1994 година, Грција уште еднаш флагрантно го прекрши меѓународното право и без никаква основа еднострано воведе целосно трговско ембарго кон Македонија. Трговската блокада беше во сила 18 месеци, а штетата што ја претрпи Република Македонија од грчкото ембарго, според процените на економските експерти, изнесуваше околу две милијарди долари. Ниту за ова правно насилство немаше реакција од меѓународната заедница, без оглед што европската јавност застана на страна на Македонија и ја посочи Атина како насилник врз една мала држава. Грчката блокада заврши со потпишувањето на Привремената спогодба, која повторно беше меѓународноправен преседан во кој потписниците беа именувани само како прва и втора страна. Уште повеќе што оваа спогодба никогаш не беше ратификувана во грчкиот парламент, така што не требаше да имплицира ниту меѓународни правни обврски за земјите потписнички, но меѓународната заедница инсистираше на неа.
Грција продолжи да го прекршува меѓународното право дури и по потпишувањето на Привремената спогодба, па започна да го опструира приемот на земјата во НАТО, ЕУ и други меѓународни тела, без оглед што Македонија ги исполнуваше сите критериуми за започнување пристапни преговори. Тоа несомнено предизвика сериозни последици за земјава, а кулминира со грчкото вето на самитот во Букурешт за приемот на Македонија во НАТО. Тоа резултира со македонска тужба пред Меѓународниот суд на правдата, кој пресуди дека земјава е неправедно блокирана од Грција. Но Грција, ЕУ и меѓународната заедница целосно ја игнорираа пресудата на судот, која требаше да биде чувар на меѓународното право. Опструкциите и притисоците врз Македонија продолжија и понатаму со несмалено темпо.
Конечно, најдобриот пример за тоа како не се почитува меѓународното право е притисокот кон земјава да го промени своето уставно име ако сака да се зачлени во НАТО и во ЕУ. Најтрагично е што ЕУ и Обединетите нации дозволија таков правен преседан, иако знаеја дека е издејствуван нелегално и под притисок, целосно погазувајќи ги сопствената повелба и сопствените принципи.
Сега ново силување на меѓународното право прави Бугарија, која без оглед на потпишаниот Договор за пријателство и добрососедство еднострано го толкува и наметнува уцени кон Македонија, кои слободно можат да се оквалификуваат како етноцидни бидејќи допираат во правото на самоопределување на еден народ. Дополнително, Софија не ги спроведува ниту пресудите на Судот за човекови права, што е нејзина меѓународноправна обврска како земја-членка на Советот на Европа. На ова молчи ЕУ, молчат и ОН, иако станува збор за школски пример на прекршено меѓународно право.

Македонија како експериментално глувче

Експертите по меѓународно право со кои се консултира нашиот весник немаат никакви резерви дека токму врз Македонија најдобро може да се забележи нефункционирањето на меѓународното право, на кое сега одеднаш сите инсистираат.
– Во овие 30 години во однос на Македонија, меѓународната заедница ја прекрши Повелбата на ООН, пред сè во членот 1 (самоопределување), членот 2 (ставови за сувереност т.е. суверена и правна еднаквост, политичка независност и територијален интегритет, како и немешање во внатрешните работи) и на крајот ОН го прекршија членот 4 во став 1, кој се однесува на правото за прием откако сите општи услови за прием се исполнети – вели Игор Јанев, универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград.
Тој лоцира повеќе аспекти во кои било прекршено меѓународното право врз грбот на Македонија, почнувајќи од приемот на земјава во ООН.
– Во случајот на Македонија, таа беше примена во ООН како безимена држава, со двата дискриминаторни дополнителни услови од кои настанаа нелегални обврски. Потоа дојде до нелегалното преговарање со Грција, придружено со нелегалната референца, која правно е нелегална деноминација. На крајот, по очигледната дискриминација во членството на ООН, која не е дозволена со Виенската конвенција меѓу членките и организациите од универзален карактер (1975), имено, кршење на членот 83 од конвенцијата, дојде до политичка ситуација во која Македонија, како условена страна, беше принудена да го смени својот државно-правен идентитет, односно националното име (со кои се повредени членот 1 (самоопределување), членот 2 (самоопределување и немешање во внатрешните работи), како и одредбите поврзани со заштита на културен и национален идентитет, како основни културни колективни права – истакнува професорот Јанев.
За него најеклатантни примери за непочитување на меѓународните правни норми се Преспанската спогодба и Договорот со Бугарија, притоа прецизно наведувајќи ги членовите што се прекршени.
– Со овие документи се повредени универзални демократски права и принципи, меѓу кои правото на самоопределување и самоидентификација на народот и нацијата, (Повелбата на ОН, чл. 1 и чл. 55), вклучувајќи и недискриминација, по која било основа, потоа правото на поседување и самоопределување сопствен државно-правен идентитет или правото на самоопределување на државата (Повелбата на ОН, чл. 1 и јус когенс), правото на суверена еднаквост и правна еднаквост на државата во ООН и надвор од ООН (Повелбата на ОН, чл. 2 став 1), правото на политичката независност и правото државата да не биде ставена во зависност од друга држава или меѓународна организација (Повелбата на ОН, чл. 2 став 4), како и државно право на немешање од страна во строгата внатрешна јурисдикција на државата (Повелбата на ОН, чл. 2 став 7) – објаснува Јанев.
Понатаму, тој уште прекршувањето на меѓународното право во случајот со Македонија го наоѓа и во правото на недискриминација во членството на ООН и системот на ООН (Виенската конвенција од 1975), правото на еднаква суверена култура и неприкосновеност на културните и народните идентитети (Мексико, УНЕСКО, Декларација од 1982), правото на рамноправност во културната заемна соработка (УНЕСКО, Декларација од 1966), принципот на неректроактивно уредување на минатото (јус когенс), како и правото на недискриминација при зачленување во ООН (Сов. мислење на МСП од 1948, и Рез. на ГС од 1948).
Професорот Јанев, кога станува збор за Македонија, наоѓа и дека се прекршени и правото на самостоен избор на државното име и знаме во ООН и промена на истите тие (Внатрешните правила на ООН, основни права на членките), правото на недерогирана правна личност и субјективитет виз а виз ООН, како независен меѓународноправен субјект (Конвенцијата за привилегии и имунитети на ОН), правото на недопирливост на основните симболи кај земјите-членки во: името, знамето, грбот и химната, правото на независност и еднакви права во Повелбата на ООН, каде што покрај членките на ООН се појавува и самата ООН како договорна страна во Повелбата на ООН, како и инхерентното и уригинарно вродено право на независен избор на сопствената самоидентификација на народот, како примарно право (јус когенс).

Чуварите на меѓународното право замижуваат на неговото кршење


Гарант на сите овие права е ООН и оваа организација треба да реагира дури и кога е прекршена и една точка од нејзината повелба, но во случајот со Македонија токму ООН е таа што ги погази сопствените принципи барем по 15 основи и тоа прекршување се одвива во континуитет од самостојноста на земјата, па до денешен ден.
Она што своевремено го започна Грција сега го спроведува Бугарија, со уште поголема жестина и со уште поголемо омаловажување на меѓународното право. Ако двете земји претходно потпишале меѓународно потврден Договор за пријателство и соработка, во кој бугарската страна се обврзала дека ќе ѝ помага на земјава на евроинтегративниот пат, ставањето вето на пристапните преговори е прекршување меѓународен договор. Многу позагрижувачки е што истата таа Бугарија спроведува етноцидна политика на уцени, во која бара промена на идентитетот и јазикот на еден суверен народ, што е во целосна спротивност на меѓународното право и на Повелбата на ООН.
Токму меѓународната заедница е директен виновник за она што се случува во Украина бидејќи дозволи со години да се девалвира меѓународното право и секој да го моделира онака како што нему му одговара, особено големите и моќни земји. Тоа молчење сега доведе до воени дејства во Украина, но и во многу други земји низ светот, кои потпирајќи се само врз почитувањето на меѓународното право останаа сами во својата борба, целосно уништени и осиромашени.
Македонија не е под никаква воена закана, но тридецениското силување на меѓународното право врз нејзин грб и толерирањето на таквите практики од страна на меѓународната заедница ќе доведат една мала држава и нејзиниот народ да бидат збришани од светската карта и без истрелан куршум. Тоа ќе биде само уште една потврда дека меѓународното право е мртво, а единствениот норматив по кој ќе се уредува светот ќе биде силата. Тоа никако не смее да се дозволи.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Пет Мар 04 2022, 10:27



Дури и онај кој мислев дека дома има икона од Св.Путин, оладил. Значи останаа Бачевци, Апасиевци и Црна Русија (Србија). Значи од ден на ден се посам и посам останува.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Мар 04 2022, 22:07

Неспорно е дека евроатлантската меѓународна банда има информатичка предност затоа што корумпира новинари со децении. Не велам дека сега Русија е во право, но факт е дека кога украинските либерали (порано фашисти) вршеа злосторства врз руското малцинство тоа не беше вест за медиумите. Очигледно е дека Путин не е Заев или некој друг евроатлантски бројлер. Дека бројлери се одгледуваат за да бидат заклани јасно се гледа и во Украина. Нема ништо од ветената воена помош во луѓе. Бадијала е да ти дадат оружје што не знаеш да го користиш.
Кај нас лесно потпаѓаме под туѓо влијание. Така вчера гужвите што ги направија на бензинските станици во Бугарија младинците на братот на Заев или љубави на Пендаровски, ГЕРБ на Бојко Борисов брзо се пренесоа и кај нас.

https://www.expres.mk/petkov-ja-obvini-opozicijata-za-panikata-na-benziskite-pumpi/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Мар 05 2022, 14:07

Што ќе ми е светот ако нема Македонија?
Од Александар Русјаков


Европската Унија сака по брза постапка да ја прими Украина, затоа што е нападната од Русија, а нам ни порача да ги прифатиме бугарските нацибарања, што значи ликвидација на последните идентитетски обележја. Добро утро, евролицемери, добре дојдовте во мојата страшна колумна што ќе сакате да ја забраните.
Хасан, пет години, убиен по воздушен напад на Американците. Сакав да ставам слика од него, ама нема, на светските мејнстрим-медиуми баш им е гајле за неговата смрт и другите пола милион ирачки деца за кои Медлин Олбрајт рече дека се исплатлива жртва, за потомците на коњокрадците да можат да крадат нафта. „Ако не успееш како писател, може да станеш новинар. Неуспешните писатели стануваат новинари.“, му вели вујкото (Афлек) на својот внук (Шеридан), во новиот филм на Џорџ Клуни „Тендер бар“. Деновиве медиумите со сите сили се трудат да станат писатели. Достоевски да им позавиди. Оној Достоевски, од малоумници забранет во Италија. Ако медиумите сакаат да бидат писатели, тогаш писателите стануваат пророци.

Не треба човек да биде пророк за да ги согледа нештата. Лазански, Кисинџер, Чомски и многу други бистри луѓе, а не хистерици, предупредуваа уште во 2014 година дека е насилство на Русија да ѝ се топори во двор нуклеарно оружје, додека во делови на Украина се врши геноцид врз руско население, а Западот, премолчувајќи, го поддржува тоа. Како што мене ми беше јасно што ќе се случи истата таа 2014 година, кога официјално започна хибридната војна на САД, ЕУ и НАТО против Македонија, предводена од, симболично, нивните „азов“ баталјони, Грција и Бугарија.
Деновиве во нордистанските медиуми пред името на Путин се користат зборовите лудак, психопат, монструм, „вампирот од Кремљ“. И не видов реакција на медиумски здруженија и совети за етика. Јас како поборник на нелицемерна слобода на говор, ќе се борам за нивното право да се искажат, сеедно дали е тоа Путин, Бајден или Русјаков, но молкот на медиумските организации и совети за етика, ми дава за право и мене да користам такви етикети.
Премиер-лигата секој натпревар го почнува со осуда на Русија. Спортските организации ги исфрлаат руските репрезентации и тимови од сите натпреварувања. Сметам дека спортот треба да обединува, да пропагира љубов и пацифизам. Ама имам гаден проблем со лицемерството. Јас не се сеќавам дека Премиер-лигата го осуди нивниот „вампир од Даунинг стрит“, кога заедно со оној „лудак од Белата куќа“ лажеа дека Ирак има хемиско оружје, па за да крадат нафта масакрираа цела нација. Не се сеќавам дека спортските организации казнуваа американски спортисти затоа што Олбрајт прифаќа касапење деца низ ирачките пустини или фрлање осиромашен ураниум низ балканските предели. Исто така се чуди и англискиот спортски новинар Бен Рамзби од „Дејли телеграф“. Патем, злосторства не се прават само преку војни. Постојат и софистицирани холокаусти. Како оној врз Македонците. Сите светски институции и сојузи го погазија основното човеково право на самоидентификација. Не видов спортски организации да цвичат хистерично, како денес, за политичкиот терор врз Македонците.
Аман бе, Русјаков, Обединетите нации ја осудија Русија, а ти си тераш свои будалаштини за Македонија.

Тоалетната хартија е покорисна од Обединетите нации. Тие се обединетото лицемерство на светот. Ги погазија сопствените начела, правила и вредности за да ѝ удоволат на изопачената моќ. Со нив почна теророт врз Македонија, кај нив заврши софистицираниот идентитетски геноцид. Ме заболе соработникот за нивните резолуции, одлуки и осуди. Нека исчезнат во кенефот на историјата.
Ама, тебе треба да ти се забрани да пишуваш.
Ќе ме забранат. Веќе забрануваат. Западот е буре полно измет и лицемерство, а Диоген е во затвор заедно со Џулијан Асанж. Фејсбук дозволи да се воспеваат нацисти ако тие се борат против Русија. Во исто време укинуваат сè што е руско, дури и кога нема врска со политика. Луѓе се чудат зарем е можно ваква медиумска диктатура? Па, тие Доналд Трамп, сопствениот претседател си го забранија на социјалните мрежи. Војната во Украина ќе заврши, ама допрва ни следува војна со креаторите на новата диктатура. Кај неолибералите, хистеричните прогресивци и нивните лицемерни колеги десничари, само гебелштината е западна, сè друго во нив е сталинизам.
Значи нема да го осудиш „вампирот од Кремљ“ како што го стори тоа сиот цивилизиран свет.
Ме заболе за сиот „цивилизиран“ запад и „нецивилизиран“ исток. Слободно може да одат по ѓаволите. Што ќе ми е светот ако нема Македонија? Може Путин да ја нападне Месечината и Си Џинпинг да го освои црвениот Марс, сеедно ми е дали Кореите ќе се распукаат, може Африканците на свој терен да ги запалат корпорациите на белите робовладетели, за мене ќе остане непријател западната политика предводена од ОН, САД, ЕУ и НАТО, затоа што тие ми ја осакатија душата политички окупирајќи ја Македонија, тие врз моето срце го фрлија сето свое насилство, лицемерство, изопачена моќ, само за да ме присилат да се откажам од македонизмот, тие и денес продолжуваат со својот терор врз мојата татковина. Не им заборавам. О, не ликувам јас, ниту се радувам, не запаѓам во хистерија и не сочувствувам, туку само ја гледам божјата промисла во која тие не веруваат. А им напишав стопати, не чепкајте го името Македонија.

Ја гледам западната моќ влезена во хистерија, чекор по чекор, ја укинува демократијата. Вреска и се храбри самата себе, ама среде беснилото во кое запаѓа чувствува страв и немоќ од нешто силно и страшно што ѝ се спротивставува. Нивните граѓани треперат пред можноста за светска војна што ќе им ја уништи комоцијата. Така и ние Македонците се чувствуваме, немоќно, нападнато и окупирано, додека врз нас Западот ги врши своите манијачки експерименти. Ја гледам и другата, руската страна. Изолирана, демонизирана, санкционирана. Дали Русите знаеја дека и ние Македонците така се чувствувавме сиве овие години додека Запад ни го бришеше битието? Знаеја, ама ништо не сторија во однос на меѓународното право, а можеа да го блокираат идентитетскиот холокауст врз нас среде Советот за безбедност. Затоа сега, гајле ми е и за едните и за другите.
И да завршам со теорија на заговор. Ја парчосаа Македонија во 1913 година, па им се сруши врз глава Првата светска војна. Потоа беа глуви и слепи за време на егзодусот и асимилацијата на Македонците. Си велеа, готово е со нив, завршена приказна. Ама нивниот лудак одлучи и тој да го прави истото тоа со Евреите, па се случи и Втората светска војна. И денес светските варвари не застануваат. Ми ја силуваат татковината на сите можни начини. Праќаат силеџии да се изживуваат врз нас. Ни ја срушија државата, ставија марионетска „пиноче“ влада, затворите ни се полни политички затвореници како да сме гулаг, ни се посраа на референдумот и продолжуваат со истото тоа за административно да исчезнеме… Е па, еве им, третата светска војна и економски колапс се на вратата. А само сакавме да нè оставите раат да бидеме она што со векови сме биле.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/shto-kje-mi-e-svetot-ako-nema-makedonija/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Мар 08 2022, 09:15

Кисинџер, 6 март 2014 година: Како завршува украинската криза

Вашингтон пост, 6 март 2014 година

Јавната дискусија за Украина е за конфронтација. Но, дали знаеме каде одиме? Во мојот живот видов четири војни кои започнаа со голем ентузијазам и поддршка од јавноста, од кои сите не знаевме како да излеземе и да ги завршиме, а од три се повлековме еднострано.

Тестот на политиката е како завршува, а не како започнува.

Премногу често украинското прашање се поставува како пресметка: дали Украина ќе се приклучи на Истокот или на Западот.

Но, ако Украина сака да преживее и да напредува, таа не смее да биде бастион на ниту една страна против другата – таа треба да функционира како мост меѓу нив.

Русија мора да прифати дека обидот да ја натера Украина во статус на сателит и со тоа повторно да ги помести руските граници, ќе ја осуди Москва да ја повтори својата историја на самоисполнување на циклуси на реципрочни притисоци со Европа и Соединетите држави.

Западот мора да разбере дека за Русија Украина никогаш не може да биде само странска земја.

Руската историја започна во она што се нарекуваше Киевска-Русија.

Оттаму се рашири руската религија.

Украина со векови е дел од Русија, а нивните истории биле испреплетени пред тоа.

Некои од најважните битки за руската слобода, почнувајќи со битката кај Полтава во 1709 година, се воделе на украинска почва.

Црноморската флота – средството на Русија за проектирање на моќта во Медитеранот – е засновано со долготраен закуп во Севастопол, на Крим.

Дури и таквите познати дисиденти како Александар Солженицин и Џозеф Бродски инсистираа дека Украина е составен дел од руската историја и, навистина, од Русија.

Европската унија мора да признае дека нејзината бирократска дилаторност и потчинетоста на стратешкиот елемент на внатрешната политика во преговарањето за односот на Украина со Европа придонесе преговорите да се претворат во криза.

Надворешната политика е уметност на утврдување приоритети.

Украинците се одлучувачки елемент.

Тие живеат во земја со сложена историја и полиглотски состав.

Западниот дел беше инкорпориран во Советскиот Сојуз во 1939 година, кога Сталин и Хитлер го поделија пленот.

Крим, чие население е 60 отсто Руси, стана дел од Украина дури во 1954 година, кога Никита Хрушчов, Украинец по потекло, го додели како дел од 300-годишнината од прославата на рускиот договор со Козаците.

Западот е главно католички; на исток главно руски православни.

Западот зборува украински; на исток најмногу зборуваат руски.

Секој обид на едното крило на Украина да доминира со другото – како што беше шемата – на крајот ќе доведе до граѓанска војна или распад.

Да се ​​третира Украина како дел од конфронтацијата Исток-Запад со децении ќе ја поништи секоја можност да ги доведе Русија и Западот – особено Русија и Европа – во меѓународен систем за соработка.

Украина е независна само 23 години; претходно беше под некаква странска власт од 14 век.

Не е изненадувачки што нејзините водачи не ја научиле уметноста на компромисот, а уште помалку историската перспектива.

Политиката на Украина по независноста јасно покажува дека коренот на проблемот лежи во напорите на украинските политичари да ја наметнат својата волја на непослушните делови од земјата, прво од едната, потоа од другата фракција.

Тоа е суштината на конфликтот меѓу Виктор Јанукович и неговата главна политичка ривалка, Јулија Тимошенко.

Тие ги претставуваат двете крила на Украина и не беа подготвени да ја споделат власта.

Мудрата политика на САД кон Украина ќе бара начин двата дела на земјата да соработуваат едни со други.

Треба да бараме помирување, а не доминација на фракција.

Русија и Западот, а најмалку различните фракции во Украина, не постапија по овој принцип.

Секој од нив ја влоши ситуацијата.

Русија не би можела да наметне воено решение без да се изолира себеси во време кога многу од нејзините граници се веќе несигурни.

За Западот, демонизацијата на Владимир Путин не е политика; тоа е алиби за отсуство на политика.

Путин треба да сфати дека, без оглед на неговите поплаки, политиката на воени наметнувања ќе предизвика нова Студена војна.

Од своја страна, Соединетите Американски Држави треба да избегнуваат да ја третираат Русија како аберрант (отпадник) за трпеливо да ги научи правилата на однесување што ги воспостави Вашингтон.

Путин е сериозен стратег – во рамките на руската историја.

Разбирањето на вредностите и психологијата на САД не се негови силни одличја.

Ниту разбирањето на руската историја и психологија не е силна страна на креаторите на политиката на САД.

Лидерите на сите страни треба да се вратат на испитувањето на резултатите, а не да се натпреваруваат во држењето.

Еве го мојот поим за исход компатибилен со вредностите и безбедносните интереси на сите страни:

1. Украина треба да има право слободно да ги избира своите економски и политички здруженија, вклучително и со Европа.

2. Украина не треба да влезе во НАТО, позиција што ја зазедов пред седум години, кога последен пат се појави.

3. Украина треба да биде слободна да создаде каква било влада компатибилна со изразената волја на нејзиниот народ. Мудрите украински лидери тогаш би се одлучиле за политика на помирување меѓу различните делови на нивната земја. На меѓународно ниво, тие треба да држат позиција споредлива со онаа на Финска. Таа нација не остава сомнеж за својата жестока независност и соработува со Западот на повеќето полиња, но внимателно избегнува институционално непријателство кон Русија.

4. Некомпатибилно е со правилата на постоечкиот светски поредок Русија да го анектира Крим. Но, би требало да биде возможно односите на Крим со Украина да се стават на помалку напорна основа. За таа цел, Русија ќе го признае суверенитетот на Украина над Крим. Украина треба да ја зајакне автономијата на Крим на изборите одржани во присуство на меѓународни набљудувачи. Процесот би вклучувал отстранување на сите нејаснотии за статусот на Црноморската флота во Севастопол.

Тоа се принципи, а не рецепти.

Луѓето кои се запознаени со регионот ќе знаат дека нема сите да бидат пријатни за сите страни.

Тестот не е апсолутно задоволство, туку избалансирано незадоволство.

Ако не се постигне некакво решение засновано на овие или споредливи елементи, наносот кон конфронтација ќе се забрза.

Времето за тоа ќе дојде доволно брзо.

Хенри А. Кисинџер беше државен секретар на САД од 1973 до 1977 година.

The Washington Post
March 6, 2014

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Мар 08 2022, 09:19

ПО АМЕРИКАНСКАТА “ИНВАЗИЈА“ НА УКРАИНА МОРА ДА СЕ ПРЕИСПИТА И УЛОГАТА НА НАТО

(Текстот е објавен во 2014 година, по насилната промена на власта во Киев)

По “епизодата“ со Украина, НАТО не може да ја гарантира безбедноста на Европа бидејќи ја турка во судир со Русија. Во Киев беше извршен класичен државен удар, отворено помогнат од Запад. Сендвичите на Нуланд (САД) и Вестервеле (МНР на Германија) само го симболизираа сето што, очигледно, претходно било подготвено под жито. Според некои – дури пет милијарди долари биле вложени во овој проект. Целта е јасна – на власт да дојдат антируски сили, наклонети кон Запад. Случајно, или не, меѓу реализаторите, водечки беа фашистите од Десен сектор. Формално, ЕУ беше поводот за кризата во Украина, со уцената – или со нас, или со Русија. Логично прашање постави шефот на опозицијата во Германија, Грегор Гизи – а, зошто или, или а не и ЕУ, и Русија? Познато е дека Украина е длабоко поделена земја и дека е потребна максимална внимателност во вакви прилики. Меѓутоа, воопшто не е спорно дека носител на целиот проект е – Вашингтон. Тој доминира со “Западот“ а симболот на неговата моќ е – НАТО, кој се користи и како главна алатка во необјавената војна против Русија.

Улогата на НАТО, која ја играше по исчезнувањето на СССР и Вашавскиот пакт, некаде беше потребна и корисна, во други прилики чист – тероризам. Такви беа: Косово и бомбардирањето на Белград, Македонија во 2001-та, насилното рушење на Гадафи во Либија и на Садам Хусеин во Ирак, дестабилизацијата на Сирија… Кисинџер оцени дека – “интервенцијата во Либија беше – катастрофа“!

Со дестабилизирањето во Украина, НАТО за прв пат директно ги загрозува мирот и безбедноста на Европа. Војните кои ги водеше на Косово (1999) и во Македонија (2001), беа од локален или регионален карактер. Сега, имаме нов квалитет: во прашање е директна конфронтација на САД и Русија, на тлото од Европа. При тоа, од крајно неразбирливи причини, Европа игра епизодна, ама крајно негативна улога, со несогледиви последици по сопствената иднина.

Веднаш да бидеме јасни и прецизни: нема стабилна и безбедна Европа – без Русија! Нејзиното обединување не може да биде од Португалија до Норвешка и од Финска до Грција, одејќи по, или блиску до, границите на Русија. Обединета Европа мора да биде од Урал од Атлантикот. Така било тоа и замислено, пред многу години. Обидити за изолација и втурнување на Москва во судир со Киев, му одговараат само на Вашингтон. Краткорочно, заради заживување на негативните економски токови и стимулирање на воено-индустриските комплекси. Долгорочно, за спречување на Русија да се врати како втора супер сила. САД се свесни дека главните предизвици и доаѓаат од Русија и Кина ама им е јасно дека Пекинг се’ уште нема воени и политички капацитети како Москва која, покрај оружјето, располага и со избилство од стратегиски природни богатства. И, токму затоа, главен приоритет е да не се дозволи таа да се врати со полн капацитет на светската сцена, како што тоа се случуваше последниве неколку години, и да се преокупира со своите соседи (Грузија, Украина…).

Од друга страна, уште долго (веројатно – никогаш!) ЕУ нема да изгради своја единствена надворешна и безбедносна политика и затоа ќе талка зад Вашингтон и ќе биде негов слуга. Тоа е голем хендикеп за Унијата а поразот е веќе тука: Украина. Засега, во американската конфронтација со Русија, ЕУ е на погрешната страна. Тоа е целосно спротивно на фундаменталните интереси на голем број нејзини членки, пред се’ за Германија, Франција, Велика Британија, Италија… Меѓутоа, отстапница тешко се наоѓа. Се фатија во орото… Санкциите против Русија се обична глупост. А, што, ако Москва ги затвори вентилите за гас зимоска?

Познато е дека НАТО е продолжена рака на – САД. Убаво и точно, алијансата некој ја опишал како – “Снежана и 27 џуџуња“. Сегашното пропагандно сатанизирање на Русија, како агресор, додека брутално се освојува Украина, е целосен пресврт во досегашната политика на САД, а со тоа и на НАТО, на европскиот континент. Европа веќе никогаш нема да биде тоа што до скоро беше и долго ќе биде заложник бидејќи на нејзина територија се конфронтирани двата светски џина. Имаме нова безбедносна и гео-стратегиска ситуација која присилува на преиспитување на сите ставови и политики кон алијансата. И кај нас, и пошироко. Москва, под палката на Путин, веќе не смее да се потценува. Ризиците се огромни.

Неспорно е дека во НАТО, покрај САД, има и други земји кои се антируски настроени (Полска, Балтикот…), што е резултат на историската меморија на овие народи. Тоа мора да се почитува како реалност меѓутоа мора да се аргументира дека, по распадот на СССР, поновата руска надворешна политика во основата – не е агресивна. Својата улога и влијание, Москва сега ги несочува во извозот на енергенти и градење на нафтоводи и гасоводи, што е од поширок интерес. Во настаните околу Грузија, и сега во Украина, Русија немаше избор. Мораше така да реагира.

Дека Русија има право да ги брани своите граници и да не дозволува инсталирање на НАТО блиску до нив, најдобро зборува искуството од 1962-рата. Тогаш, на Куба, беа инсталирани советски ракети и кога тоа се откри – за малку не дојде до нуклерана војна! За Вашингтон беше не-при-фат-ли-во руско воено присуство на американските граници! За среќа, Хрушчов и Кенеди се договорија истите да се повлечат со американски гаранции за безбедноста на Куба. Токму тоа што тогаш му го оспоруваа на СССР, САД сега го сакаат на другата страна!

Во дадените услови и Македонија мора сериозно да ги преиспита своите амбиции за членство во НАТО. Анализи мора да се направат во рамките на новата европска гео-политика бидејќи кризата во и околу Украина долго ќе трае. Студената војна започна и носи големи неизвесности за сите а нагласено – за помалите. Со влегувањето во алијансата, Македонија ќе мора да зазема страна во судирот, што може да биде во диспаритет со долгорочните интереси на земјата. На крајот, лесно можеме да бидеме колатерална штета на големите. Логично, и Москва го промени ставот: до скоро, немаше забелешки на нашето членство. Сега, смета дека тоа би било грешка та дури и провокација за нив. Воените секири меѓу Вашингтон и Москва се ископани и ѕвечат и нема веќе место за тактизирање. Тоа може да го забрза приемот на Македонија во НАТО, за да се пресретнат намерите на Русија. Меѓутоа, мора да ни биде јасно дека како дел од алијансата ние ќе бидеме приморани да превземаме мерки против Москва кои, во најголем дел, нема да бидат ниту легални, ниту принципиелни а најмалку од наш интерес. Москва ќе мора да тактизира со големите играчи а Македонија може веднаш да биде избришана од мапата.

Мора да ни биде јасно дека Запад, предводен од САД, не не прифаќа како народ а, имплицитно, ниту како држава. Ако го снема македонскиот народ, а него сакаат по секоја цена да го прекрстат и разнебитат, тогаш оваа држава не е потребна. Нели, по 2001-та, во Уставот ни уфрлија (сами го сторивме тоа, ама под жесток диктат од надвор) дека овде живеат делови од соседните народи! И, чим ќе снема Македонци, ширум се отвора патот за распад на државата и враќање на “деловите“ во сопственото јато. Пораките кои ги имаме од Вашингтон и Брисел се јасни – за нас нема перспективи се’ додека не се прекрстиме!

Ова во никој случај не е апел да се свртиме кон Исток место кон Запад. Таква опција – нема. Во прашање е прагматично прилагодување на нашата надворешна политика – според фундаменталните интереси на државата и народот. Ние не треба воопшто да ги прекинуваме нашите врски и амбиции за ЕУ туку само да поставиме некаков мораториум на нашето членство во алијансата. Паралелно, треба сосема јасно да им кажеме на Вашингтон и Брисел дека: а) досегашната нивна политика кон Македонија беше нелегална, непринципиелна и базирана на двојни стандарди. Скоро 25 години, таа беше крајно деструктивна за земјата, и и нанесе немерливи материјални и политички штети; б) блокадата, уцената и ултиматумот – прво (промена на) името, потоа членство, е неприфатлива понижувачка и нелегитимна политика, базирана врз нецивилизациски цели, и в) разнебитувањето на македонскиот народ, кое е неизбежно со прекрстување на државата, трајно ќе го дестабилизира регионот. Така, одлучно, мора да им се стави на знаење на НАТО и ЕУ дека нивните срамни политики ги надминаа сите граници на толеранција и дека Македонија повеќе не е спремна да го трпи тоа. Реафирмирајќи го интересот за ЕУ треба да се инсистира на нивна коректност кон земјата.

Македонија може и 100 години да опстои и успешно да се развива и без НАТО, и без ЕУ. Во Европа има повеќе држави кои не се во едната или другата, или во двете, и ништо не им фали (Швајцарија, Норвешка, Шведска…). Таква политика треба да следиме, се’ додека Вашингтон и Брисел не ги преспитаат своите, досега, недолични политики кон Македонија. При евентуална промена на нивните уцени и блокади, и ние ќе треба да преиспитаме кај сме, и за што сме.

Албанскиот фактор во земјава, кој е сепак малцински, и покрај повремените улоги на Тројански коњ, ќе мора да ги прифати овие неспорни факти и аргументи. Ако не успееме тоа да го постигнеме, и не заслужуваме сопствена држава. Поточно – веќе сме ја загубиле.

​Ристо Никовски
Скопје, ноември 2014

https://infomax.mk/%d0%bf%d0%be-%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d0%b2%d0%b0%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%ba%d1%80%d0%b0/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Nebula Чет Мар 10 2022, 08:32


Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Мар 15 2022, 15:46

Никовски за Лидер: Тоа што се случува во Брисел околу Македонија е нешто многу пострашно и од војната во Украина!

Посетата на високот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел во Скопје донесе само уште едно ново разочарување на надворешната политичка сцена. “Волјата“ на Борел е само уште една “шлаканица“ која ја добивме од Брисел.
За поранешниот амбасадор, Ристо Никовски, ова што го прави Европа со Македонија е срамно. Вели , однесувањето на Софија врз Скопје е многу посташно до сите воени конфликти, а целта е да ги уништат македонците.
Се додека ние како држава дозволуваме да не газат, да не плукаат и понижуваат, ќе биде вака и уште пострашно! Се додека ние се правиме дека не разбираме што се случува, се додека ние не сакаме да кажаме дека има македонци во Бугарија, се додека ги игнорираме пресудите на Европскиот суд за човекови права, Европа ќе не третира само како туристичка дестинација.

Лидер: Ваш став, до кога ќе доаѓаат евро-претставници во нашата земја, буквално да се “прошетаат“ и да не потсетат дека постоиме и сме само територијално на картата на Европа? Не можам да ветам датум, ама можам да ветам волја за брз старт на преговорите, рече Борел. Што значи оваа порака која ни ја испраќа Европската Унија?

-Прво немојте да бидете против туристичките доаѓања на европските великодостојници, бидејќи не заборавајте , ние имаме туристички амбиции како земја. Според тоа, ова нека биде еден вид на развој на нашето стопанство.
Второ, неговите зборови дека ние треба да се договориме со Бугарија за еден проблем кој е негде во 18 и ли можеби во 17 век е во најмала рака безобразлук. Дури и Фукујама рече дека тоа што ни го прави нас Бугарија е истото што го прави Русија на Украина. Јас велам не! Тоа што го прави Бугарија е многу полошо, бидејќи тие сакаат да сотрат еден народ. За сите, војната која русите ја започнаа во Украина е нешто неприфатливо. Меѓутоа таму има жртви што е навистина страшно, трагично, има и разрушувања, нема да се вратат, но ќе се поправат сите штети и украинците ќе преживеат. Овие сакаат да ги уништат македонците! Тоа е сепак многу, многу полошо.
И сега се поставува главното прашање. Ако веќе во ореолот и сите како него слични на жесток начин ја критикуваат Русија и ставија невидени санкции а Бугарија уште да ја пофалат и да и дадат некоја награда. Така да тоа што се случува во Брисел околу Македонија е нешто многу пострашно и од војната во Украина и од сите нивни досегашни двојни стандарди кои се работ на тероризмот. Според тоа, ова што го прави Европа со Македонија е нешто што е навистина за жал срамно. Но знаете зошто тие не ја осудуваат Бугарија а ја осудуваат Украина? Затоа што укринците се борат.
А македнците кои се нападнати жестоко од една невидена агресија од Софија и се додворуваат. Тие не се борат, туку уште малку да ја фалат Бугарија. Од разни аспект го опишав овие случувања кои се навистина трагични и во Македонија и во Украина, ама нашите се потрагични.

Лидер: До кога Европа вака иронично ќе се оденсува кон нас?

-Се додека ние се правиме дека не разбираме што се случува, се додека ние не сакаме да кажаме дека има македонци во Бугарија, се додека ги игнорираме пресудите на Европскиот суд за човекови права, така ќе не третираат.
Но не заборавајте ние сме сега членка на НАТО, нели и сите бевме уверени (така барем ми кажуваа) дека НАТО ќе им донесе странски инвестиции, ќе им донесе безбедност, ќе им донесе развој.
А што ни донесе?
-Војна !
И замислете, доколку се оствареше намерата на нашата талентирана министерка за одбрана да испратиме војници во Украина, јас мислам дека тие ќе го променеа развојот на настаните таму. Замислете тие да стигнеа до Владивосток, тоа е повеќе од 10 000 километри од нас, па толку далку не отиде ниту Александар Македонски во својот славен поход на Исток. Така да тоа се ситуации со кои ние треба да се гордееме. Се додека така се однесуваме а тие не газат, не плукаат, не понижуваат, ќе биде вака и уште пострашно!-додава Никовски.

https://lider.mk/nikovski-za-lider-toa-shto-se-sluchuva-vo-brisel-okolu-makedonija-e-neshto-mnogu-postrashno-i-od-vojnata-vo-ukraina/


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Мар 17 2022, 19:16

Бој не бие срцето на јунакот, туку…?

– СИЛАТА! Силата – Неправдата, брат Ж. Борел, која ја практикувате сите вие од ЕУ, ОН, НАТО… што е најстрашно – во името на меѓународното право што е мртво; ОН, кои газејќи ја сопствената повелба и сопствените принципи, станаа пропадната творба исто како на времето Друштвото на народите; НАТО, дежурниот миротворец, кој за да ја прими Македонија под неговиот безбедносен чадор, затоа што сме му потребни како територија, нѐ натера да се обезличиме со насилна промена на името!!! – Аферим, пријатели!
Таа ваша сила не е куршумот! Таа е збир од софистицирани и подмолни криминални чинидби, кои се казниви во секој кривичен закон на вистинска демократска држава, бидејќи се базираат на брутално непочитување на основните и вечни човекови права дарувани од Бога, како фундамент, како порив, кој ја прикажува и одржува смислата на човековото постоење, а тоа се – слободата и правото на самоопределување. Тоа духовно богатството, кое со раѓањето го поседува секој човек, никој нема право да му го одземе.
Без правичност во вашето службено однесување, со намера нѐ лишивте од нив, применувајќи врз нас комбинирана психичка тортура од присилба, измама, уценување, заплашување, подметнување и премолчување на однесувања на кои сте повикани да реагирате… Или сѐ заедно: наликувате на модерна организирана групација од најниски побуди – богатење и власт, со што, во свои раце го држите камшикот на современото модерно ропство, кое без синџири на рацете и нозете, во потчинетост држи цели генерации на сегашни и идни Македонци, на кои им се одземаат сегашноста и иднината, исто како што им е со засек во опстанокот одземено минатото.
Брат Борел, ни напишавте и испративте цел ферман од поетски пораки, за да нѐ окуражите, во кој нѐ нарекувате „наши пријатели од Западен Балкан“ со кои, наводно, „заедно стоиме на вистинската страна на историјата…“ и дека поради тоа, „големото мнозинство сакаат да се приклучат на ЕУ, најуспешниот мировен проект во историјата на човештвото“, па, „среќни сме (заш’ да не сте?) што гледаме и високо цениме тоа што партнерите од Западниот Балкан, исто така го прават (одработуваат, м.з.) својот дел…“. Сиротите ние!

Велите дека ве плаши безбедноста на Европа и на целиот меѓународен мировен поредок заснован врз основа на системот на ОН и меѓународното право поради враќањето на „законот на џунглата“, каде што силата ја одменува правдата со прекршување на меѓународното право и на основните принципи на човековиот соживот… Ја осудувате и агресијата што ја уништува желбата на луѓето да живеат во мир… Сето тоа е многу убаво за слушање, но дозволете да ве прашам:
– Од кога тоа, така… како да не било до сега, како прв пат да слушате… зборувате за сила што ја одменала правдата…?! Значи ли тоа дека се уплашивте самите од себе и сопствените досегашни некоректни однесувања?
Не можев да се изначудам кога на крајот од вашиот пев од модерна поезија, другарски нѐ повикавте со комунистичка паролата: „Здружени да ја градиме нашата иднина, на основа на доверба, правда и слобода, бидејќи во 21 век нема место за силата и принудата!“, демек, – „Да си силен не значи дека си во право! Никогаш не значело, нема ни да значи!“ -?! О, ооо! Престанете! Сум пораснала, сум се оформила како личност во комунизмот… Сум ги слушала, пеела и носела тие пароли високо кренати на транспаренти, со гордост и верба, ама, во едно друго време!
Ќе ве допрашам: – На која доверба и правда мислите и на кој вид слобода повикувате? На таа што вие ја практикувате? – Да имате право со сила да ја одземате, како нас што ни ја одзедовте? Зошто толку нѐ потценувате кога вака отворено, в лице нѐ лажете со отрцани надежи, па уште се осмелувате да се пожалите дека Путин „лаже во лице“? Вие дан’ сте поарни, брат Борел? Не! Засрамете се! – Вие сте поперфидни и побезобѕирни лажговци, токму и поради тоа што без „намуз“ се обидувате да се ослободите од сопственото непринципиелно однесување, налепувајќи му го на друг, за да ја избегнете вистината дека вие сте виновниците за сето ова што токму сега се случува во Европа.
Вака ви се обраќам, без извинување или некакво заобиколување, со бликнат јад, бидејќи манипулациите за кои вие зборувате дека некој друг ги практикува, сум ги почувствувала на свој грб, како единка и човек, како Македонка, која од раѓањето до денес, страда поради дволичноста, алчноста, насилството, принудата, индиферентноста… на сите вас погоренаведени, кои без престан и денеска непречено и по ваш терк ги практикувате лично врз мене и мојот народ, исто како што пред век ги практикувавте врз моите предци, кога безмилосно нѐ поделивте и нѐ распарчивте како народ и земја. Зошто тогаш не сакавте да го слушнете повикот на родољубивите Македонци, кои поради вашата нечесност, страдајќи по затворите, во песните ве нарекуваа: „курвата Европа…“?

Нема да ви простам бидејќи не е за простување и тоа што нас – бегалците од Егејска Македонија, не нѐ заштитивте (со збор) од напалм-бомбите на Англичаните, кои осојузени со Грците и Американците нѐ истераа од нашата сопствена и вековна македонска земја… Зошто, како Европа, останавте глуви и на плачот на мајките и илјадниците голи и боси истерани деца, кои сами, како бездомни кучиња, беа праќани по туѓи земји? Зошто го премолчевте тој геноцид извршен по Втората светска војна, врз мојот недолжен народ?
Зошто денес истото тоа го практикувате врз македонската земја и Македонците, како поддршка на новиот вид модерен геноцид, кој продолжувате да го одобрувате со подметнување кукавичини јајца, со ваши платеници како водачи на народот и државата, која поради таквата заедничка криминална игра е доведена до самиот раб на сопствениот амбис – државата и мојот народ да бидеме збришани од светската карта, без истрелан куршум?
Вие, вие, со принуда ни го одзедовте правото слободно да ги избираме и со гордост да ги носиме нашите идентитетски симболи – името на државата и знамето. Сега јазикот и историјата се на ред…? – Малку ли беше што преку намесниците е потпишан капитулантскиот договор со Грција, со етноцидни политики на уцена и фашизоидни ултиматуми? Сега треба и со Бугарија…? Молчевте и молчите, а знаете да кажете дека со закон, некаде, е забранет неофашизмот, кој процвета како нов цвет од старо стебло, токму во вашиот Европски парламент, со фашизоидни закани врз нас Македонците, кои вие со молк ги одобривте, исто како и фашистичкиот поздрав, кој вам ви беше упатен.
Критикувате и пишувате за некои други, а лично не чувствувате одговорност и намера да се коригирате и да престанете да се девалвирате самите себе, така што – правото, секогаш, без исклучок, ќе го применувате според заеднички утврдени принципи, а не врз индивидуално наметнување и моделирање на тоа што некои мислат и сакаат да е право, по нивно, а тоа се поголемите и помоќни држави.

Мој брат Борел и наши високи раководители на ЕУ: – Пишете ни и друг пат, и, како и досега, доаѓајте ни на религиозни визити за да нѐ испочатите… Но израдувајте нѐ дека сте ја отвориле стапицата од каде што сте се ослободиле самите себе, откажувајќи се од силувањата што ги вршите врз нас, сметајќи нѐ за недоветни… и недораснати… На жалост, такви испаднавме. Се разбира – поради сопствена вина… – Сѐ што нѐ пеевте, го прифаќавме како упатство по кое се однесувавме на вашите тренинзи, за „скокање со мотка“, која вие самите не сте кадри да ја поставите на сопственото рамниште, а не камоли да ја прескокнете, не дај боже, ако ве збрка некој… што може и вам, на еден подруг начин од нас, да ви се случи.
Несреќата ваша и наша е заедничка; затоа причувајте се самите себе вие, кога нам не ни успева тоа. И вашата и нашата несреќа е во тоа што недораснати личности, (со мали исклучоци) на кои пред да ги избереме не сме им го провериле видот во очите, дозволивме и дозволуваме да нѐ водат…! Каде? И самите не знаат… и затоа светов е на ова дереџе, какво што е!
Освен слепци што нѐ водат, си земаат за право да нѐ превоспитуваат како недораснати деца… и да нѐ плашат со „бубата ќе ве папа ако не слушате“…! О, ооо! Па ние од што бевме послушни, ни дојде бубата и сега нѐ јаде. Мореее, ќе нѐ изеде, бидејќи ништо друго не знаеме да сториме, сем да се чешаме како шугави, таму кај што нѐ боли, па и да ве трпиме и вас и нашите подлизурковци, и сега, кога со отворени очи нѐ водите кон губилиштето.
Вие, брат Борел и другите, какви-такви, ама од Европа, ве молам, престанете да ни пеете приспивни песни. Нека се и покровителски… Сите ваши певови ги ислушавме и сега сме во фаза кога се морниме од нив. Не спиеме веќе. Се разбудивме, ама и од тоа како да немаме фајде. Сепак, време е да престанеме да ви коленичиме. Сфативме дека нема фајде и од тоа. А, кога имало?
Наместо како досега со лажење да нѐ омаловажувате, навредувате и да го прифаќате сечието изживување врз нас Македонците, отворено кажете ни – што барате од нас? Ние знаеме, но чесно е да ги отвориме картите… за да расчистиме: – Вие, во вашиот моментално осарник, сте наумиле да нѐ примите како недефинирана маса? Трупец, над кој секој може да седне за да нѐ испогани? Од мене – Благодарам! Ќе чекам да ве заболи и да ви се искриви устата, од вековното џвакање на жилата што сте ја лапнале наместо касај леб, која не можете да ја изџвакате, за да ја голтнете, ама, ни да ја исплукате… Не е лошо да ви се помогне…

Како нагледно четиво ми послужи интервјуто на господин Ж. Борел, висок функционер во ЕУ, од 1 март 2022, објавено во весникот „Нова Македонија“.

М-р Јагнула Паскал Куновска

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/boj-ne-bie-srceto-na-junakot-tuku/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Мар 20 2022, 18:01

И јас сум Челзи

Откако прогласи крај на историјата, Фукујама најави крај на Русија. Путин нема да го преживее рускиот пораз, па ќе умре од мака како цар Самуил кога ги видел ослепените војници. Ама Самуил е историја, а таа нели, заврши. Си го замислив Фукујама на телевизија, чека јавување на гледач за да му предвиди дека наскоро ќе запознае висока светла жена со зелени очи, ама ќе биде од другата страна на улицата и нема да има пешачки премин, но таа улица означува пат што треба да се изоди за да се стигне до мол каде што ќе сретне руски териер, така вели Фуки, а тоа значи вознемиреност, оти господине Русјаков, вас нешто многу ве измачува, зарем не?
Ме измачува една фотографија. На неа обична просторија. Околу маса седнати четворица мажи. Пред нив мапа. Витезите на тркалезната маса. Артур, Мерлин, Ланселот и… и Гвиневер, бидејќи еден од тие мажи може да се чувствува како Гвиневер. Модерно е тоа. И тие гледаат во мапата. Ќе го бараат светиот грал. Уф, не требаше да го читам насловот. Премиерите на Чешка, Полска и на Словачка се сретнаа во Киев со Зеленски! Колку сум глуп! Нормално дека е Киев, а не Камелот. Тоа веднаш се гледа од фотографијата. Таква просторија не може да има никаде на светот освен во Киев. Како знам? Па Зеленски е во неа. А тој вели дека е во Киев. Штом така вели, тогаш е вистина. Оти и западните медиуми го кажаа истото. Добро сега, западните медиуми кажуваат дека Киев е немилосрдно бомбардиран од Русите. Дека се водат жестоки герилски борби. И како тројцава стигнаа кај Зеленски? Па нели еден од нив е Мерлин? Не, Мерлин Монро, туку Мерлин, волшебникот на Артур, иако секој волшебник има право да се чувствува како Мерлин Монро. Тројцата премиери, со помош на Мерлин, долетаа среде бомбардираниот Киев, незабележани како советски дрон што игра казачок низ небото на НАТО, за да се сретнат со дечкото чиј пенис е Рахмани… не, тој е Русин… чиј пенис свири пијано како Рахманинов, ако не беше Русин. И што дознавме од оваа травестија? Она што го знаевме. Дека Зеленски не е во Киев, веројатно не е ниту во Украина, а ЕУ и лидерите на нејзините членки се обична петпарачка гротеска. Затоа дајте спорт!

Редииии фор рааамбл!!! Илон Маск го кани Путин на тепачка. Русите, преку Пушкин, му одговорија дека е мало дете. Маск врати дека ќе го тепа Путин со лева рака. За жал, до тепачка не дојде. А ќе беше смешно да се види расплаканиот Илончо како објаснува: „Не е ферски, тој дедото… ме мавна со џудо по вакцина… и по бустер… “
А можеше само да го покани на партија шах. Или не. Младиот шахист Алиреза Фируџа, побегна од Иран во Франција зашто иранските власти не му дозволија да игра шах против Евреин. Сега Франција му забрани да игра против руски шахист. Путине, активирај тоа нуклеарките, по што и Бајден ќе мора да го стори истото, нека оди планетава бестрага, оти сме бедна и лицемерна приказна што мора да заврши за да не ја потруеме вселената.
Остануваме со спортски вести! Британија побара од Данил Медведев да се откаже од Путин ако сака да игра на Вимблдон. Британските власти држат до својот континуитет. На Олимписките игри во 1938 година, англиските фудбалери го поздравија фирерот на трибините. Десет години подоцна фрлаа напалм врз Македонците за да ја спасат монархофашистичка Грција. Еве сега, го протераа Роман Абрамович од Англија. Крајно глуп потег. Абрамович своите милијарди ги врти во Англија, не во Русија, па не е јасно кому стварно му наштетуваат. Јас половина живот навивам за Ливерпул. Сакам кога Челзи страда на „Енфилд“ или на „Стенфорд бриџ“. Но денес и јас сум Челзи. Лудаците не го протераа само Абрамович, тие му забранија на Челзи да продава билети, да купува нови играчи. Тимот нема веќе буџет да патува, па Тухел ќе мора да ги вози играчите во својот автомобил. Еј, ќе уништат тим постар од семејното стебло на Борис Џонсон. Ќе го уништат само затоа што имал руски сопственик. Каква гебелсовско-ждановска перверзија. Да живее Челзи!
Вести за вестите! Западните мејнстрим-медиуми и клон-политичари одлепија по руската новинарка што упадна среде емисија протестирајќи против војната. Лигавење се растече низ ТВ-екрани, портали и гримаси на политичари. Западот западна во транс. Прекуноќ таа стана хероина, нова руска царица, жртва и маченичка. Новинарката е осудена на 300 долари парична казна. А Џулијан Асанж? А лицемери? Сте слушнале за него? Ќе добие 170 години затвор или смртна казна затоа што ги обелодени злосторствата на вашата посрана западна цивилизација. Дволичноста нема срам, инаку не би постоела. Да живее Џулијан Асанж!

Фала на Бога, на Запад сѐ повеќе гледам политичари и новинари, но и воени лица, кои креваат глас против хитлеровско-сталинистичката зомби-пропаганда на своите власти и мејнстрим-медиуми, па зборуваат и пишуваат за вистината, за нацизмот во Украина, за американските биолаборатории, за односот на Русите кон цивилното население. Ако во меѓувреме глобалистиве не отворат концлогори за неистомисленици, а на чекор се до тоа, вистината ќе победи.
Вистината… за волја на вистината… како глупо звучи тоа. Вистината гласи, тие имаат волја. Од уши им тече волја, која ни кажува колку многу сакаат да нè земат кај нив. Е, ама не можат. Едноставно не можат да прифатат во своја банда да примат некои таму Македонци од Македонија што инсистираат да имаат своја историја. Па уште мајчин, македонски јазик. Ха, мајчин јазик. А што ако јазикот се чувствува како татко? Можеби е трансјазик. Патем, Македонија им припаѓа на Грците.

Македонците, пак, се Бугари. Значи ако Македонија е грчка, а Македонците се Бугари, ако секој Грк има право да се чувствува како Македонка, тогаш станува јасно дека Грците се Бугари, па јазикот, кој не смее да биде обременет со онаа полова дискриминација, не може да биде мајчин македонски јазик. Ама треба да се има волја за да се разбере овој комплициран процес за евроинтеграција.
Патем што ќе ни се јазик и историја? Плаќаат сметки? Ете, станавме Нордистан и веднаш почнаа да течат мед и млеко, ЕУ ни даде датум… неколку датуми… ни ги отвори болниците за бесплатно да се лекуваме, но што е најважно, ни отвори трето око што ќе си го носиме гордо меѓу рогови. Но откако ЕУ ни даде датуми, богатство, моќ, убавина, ум и сексапилност, како мудра вавилонска курв… дама со курвоазије во раката, сфати дека ни недостига уште нешто за да бидеме целосно оформени како крете… како креативни битија, а тоа е волја. Затоа ЕУ има волја за давање, која ние лакомо ќе ја голтаме како што досега пиевме нафта, ама таа поскапе поради лошите Руси.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/i-jas-sum-chelzi/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Мар 26 2022, 15:11

Украина е искористена за повисоки американски цели – ЕУ не планира проширување, а ние игнорираме историска шанса за реципроцитет

Украина е во голема мерка виновна за тоа што и се случува, исто како што сме и ние за дереџето во кое сме доведени. Носители на двете трагедии се нашите мили „западни партнери“, коишто толку многу не сакаат и почитуваат, што не знаат како побргу да не сотрат. И нас, и Украинците. Киев мораше да биде свесен дека антируската политика, на којашто безмилосно го тераа Вашингтон и Брисел, ќе му донесе само зијан. Државниот удар на ЦИА, во 2014 година, и настаните потоа, неизбежно водеа во ваков расплет. Назад веќе нема. Москва секако ќе оди до крај во реализација на своите цели. Ако не беа цврсто решени да успеат, немаше да тргнат во ваква незамислива акција.



Сега, главното прашање е колку ќе трае војната? Што поскоро таа да заврши, мора да биде клучен интерес на Украина. Со секој нов ден, се убиваат нејзини граѓани и се руши тоа што го создавале со децении и векови. Земјата е вратена 30 или 50 години назад, што е невидена казна за нејзините жители. За побрз крај на војната е секако заинтересирана и Русија и тоа е основата врз која треба засилено да се работи. Клучен проблем е фактот што иницијаторот, САД, се заинтересирани војната што подолго да трае. Само така ќе се истошти Русија и ќе се создаде максимален отпор против нејзината воена интервенција во Украина. Затоа, преговорите тешко ќе одат.

Се сеќавате на НАТО бомбардирањето на Србија и Белград во 1999? Не беше така одамна. Милошевиќ „издржа“ 77 дена, пред да потпише капитулација. Зошто тоа не го направи 10, 20, 30… дена порано? Мртвите и штетите ќе беа многу помали. Иако истата размисла мора да биде апсолутно актуелна и денес во Украина, мора да се потсети дека и воените дејствија имаат своја логика и „оптимален“ момент кога можат да се прекинат, а тој е секогаш различен за инволвираните страни. Целта е на бојното поле да се добие што подобра позиција во преговорите, коишто секогаш следуваат. Во конкретниов случај, колку подолго трае војната – толку поголема е цената не само за инволвираните туку и за целиот свет. Ова е поука од Србија бидејќи и Украина не може да победи во наметнатата војна.

Катастрофата во Украина е неспорна и тоа од секој аспект и судирот затоа мора што поскоро да продолжи со преговори. Како и обично, послабиот и жртвата одлучува до каде ќе оди. Со светот се’ уште владее силата и така ќе биде барем уште 50-тина години. Сите приказни за демократија, човекови права, меѓународен правен поредок… се за мали деца. Дека е токму така, не одете подалеку – погледнете што и се случува на нашата Македонија од  почетокот на 1990-тите, до денес, и се’ ќе ви биде јасно.

Можно ли беше да се соочиме со десетици суштински нелегални постапки, без да диригира некој главен светски фактор – долго да не ни се признава државата; да ни се суспендира и на крај промени името; да ни се наметне референца, а потоа и поразителна „привремена спогодба“; две години да ни се блокира границата; да се организира агресија од Косово; да ни се постават блокада, уцена и ултиматум за НАТО и ЕУ: прво името, потоа членство; Бугарија да бара да се откажеме од самите себе и од својот јазик; Албанците да донесат „Тиранска платформа“; да мораме да ги „избришеме“ Македонците во Грција и Бугарија…

Нема ниту теоретска можност тоа да се своеволија, каприци или фантазмагории, ниту на Атина, ниту на Софија а уште помалку на Тирана. За тие што ги следат работите, тоа може да биде само американско сценарио, што е класично силеџиско однесување, пострашно од агресијата врз Украина.

Како што можеше и да се очекува, и НАТО, и ЕУ, ја оставија Украина во бездната, во која безмилосно ја фрлија. Ја оставија сама во нерамноправната војна. И врвни западни експерти сега јавно потврдуваат дека одамна било јасно дека Москва никогаш нема да дозволи Киев да е дел од НАТО, во која насока беше безумно втурнат. Меѓу нив е и сегашниот шеф на ЦИА, кој пред десетина години бил амбасадор во Москва. И за него било неспорно дека е тоа руската црвена линија. И кога ја вртеа Украина против Русија, таквите оценки биле секако познати во Вашингтон, исто како и во Брисел.

Овој факт е клучен бидејќи потврдува дека Украина е свесно жртвувана за повисоки американски интереси: по секоја цена, Русија морало да се натера воено да интервенира во Украина! И, ќе следува нејзина масовна сатанизација, нејзина конфронтација со западниот свет и особено со Европа, и присилување да се занимава со своето соседство, без позначајна меѓународна улога. Засега, САД максимално ги исполнуваат сите свои замисли, а милионите коишто ги напуштаат своите огништа, нека ја колнат Русија.

Како последна членка на НАТО, и Македонија има аргументи да се чувствува измамена. Исто како и Украина. Зарем не не’ убедуваа дека членството во алијансата ќе ни донесе безбедност, странски инвестиции, развој… И, што добивме? Војна! Но, да не бидеме нескромни. И Украина ни нуди незамисливи прилики. Талентираната министерка за одбрана веднаш стана свесна за тоа и веќе беше спремна да испрати наши војници на бојното поле! Голема штета е што другите членки на алијансата не дозволија нејзината воинственост да дојде до целосен израз. Замислете, да беше прифатена нејзината мудра идеја и нашите војници да заминеа на фронтот! Нивното присуство сигурно ќе влијаеше и на текот на војната и можеше да се случи тие да стигнат дури до Владивосток, на крајниот исток на Русија. Ќе ја ослободеа земјата од режимот на Путин! До таму има преку 10.000 километри!? Секако ќе беше проблем како да ги вратиме, ама ќе останеше податокот дека дури и Александар Македонски, во неговиот славен поход, беше поблиску до татковината, отколку што би биле тие. Ќе имавме шанса да го надминеме!

Но, шегата настрана. Ова што се случува во Украина ќе има огромни последици по целиот свет. Ништо веќе нема да биде како што беше. Започна ново рекомпонирање на светот коешто во никој случај нема да заврши според желбите на иницијаторите на оваа невидена трагедија. Постепено ќе мора да се менува светскиот поредок, којшто е целосно во интерес на мал број на западни земји. Свесни за таквата опасност, САД и сојузниците ќе продолжат формално да ја поддржуваат Украина со оружје и хуманитарна помоќ, без сериозни обиди војната што поскоро да заврши. Инаку, ќе имавме нивна нагласена иницијатива, предводена од ЕУ, за неутралност на Украина, како начин за завршување на војната. Париз и Берлин интензивно разговараат со Москва ама очигледно немаат мандат за било како договор. Интересите на Европа и САД се дијаметрално спротивни во случајот и стариот континент најверојатно ќе биде најголемиот губитник на долгорочна основа. Војна мораше да има, заради Русија, и затоа неутралноста треба да дојде што подоцна.

Мора да нагласиме дека се утопии идеите  дека – „Украина ќе и ги отвори очите на Унијата да ги отвори вратите“. Така барем најавува МНР, Османи. А сосема е јасно дека ќе има поитни проблеми, коишто ги допираат сите и проширувањето на ЕУ ќе биде „оправдано“ одложено бидејќи целото светско внимание ќе биде посветено на оваа долгогодишна криза. Османи и МНР, пак, се активно ангажирани во докажување кој е во право во Украина (иако со непознавање на основните дипломатски правила – праќаат non paper место меморандум!), а во агресијата којашто ја трпиме од Бугарија, и покрај сите аргументи, не се осмелуваат да кажат јавно ниту збор во наша корист. Ги избришаа дури и Македонците во Бугарија, а ќе ставаат Бугари во нашиот Устав иако такви – нема!

Имаме историска шанса за реципроцитет која, како најголеми будалетинки – ја игнорираме. Османи не уверува дека – „нашата позиција е јасна и прифатена од 26 членки на Унијата и се обидуваме да ја убедиме и Бугарија дека…“ („Нова Македонија“, од 9/3/2022). Просто да не веруваш. Човекот или не е од тука или не знае што зборува. Ниту една членка на ЕУ не ја поддржа јавно Македонија. Сите не упатуваат да се договориме со Софија или, поточно, да капитулираме. Така е бидејќи тоа е интересот на САД, што значи и на ЕУ. И, место Македонија да бара помош од Русија, за нивната академија, РАН, да излезе со аргументирани научни податоци за автентичноста на македонскиот јазик и народ, за потеклото на Кирил и Методи и други за нас клучни историски личности и податоци, кои не се спорни за Москва, ние им поставуваме санкции, ќе испраќаме војници во Украина, протеруваме нивни дипломати а им дозволуваме на милите „западни партнери“ да не уништуваат како народ. Зарем до толку сме забегани?

Бидејќи се појавија разногласија, во коишто се вмеша дури и ЕУ (амбасадорот, Ѓир) да нагласиме дека тоа што ни го прави Бугарија нам е многу пострашно од воената операција на Русија во Украина. Москва бара легитимни политички и безбедносни гаранции додека Софија сака да сотре еден народ. Иако не е прифатливо со војна да се решава кој било проблем, Русија има и оправдувања бидејќи НАТО се шири на  нејзините граници. За разлика, Бугарија има национал -шовинистички и фашистички пориви, намери и планови.

И сега важи правилото дека тестот на политиката е како таа завршува, а не како почнува.

                                                                            Ристо Никовски


https://infomax.mk/%d1%83%d0%ba%d1%80%d0%b0%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b5-%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%81%d0%be%d0%ba%d0%b8-%d0%b0%d0%bc%d0%b5/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Апр 02 2022, 20:30

Империја на лагите

Денешната западна цивилизација е империја на лагите. Шон Пен ќе ги стопи сите свои статуетки ако Зеленски не се обрати на „Оскарите“. Крис Рок ѝ фрли црн хумор в лице на Џада Пинкет Смит. Стана Вил, нејзиниот сопруг, и му ја влепи една. Не знам со што му го переле мозокот на Шон Пен, ама добра работа завршиле. Но јас не сум прогресивен хистерик, па веднаш да го намразам зашто не се согласувам со неговата политичка агенда. За мене Шон Пен секогаш ќе биде генијален актер и маестрален режисер. Ако сака, нека си истетовира стилизиран СС-симбол на челото, како оној на полкот „Азов“. Јас од мали нозе сум соочен со исмевање на мојот физички недостаток (албинизам), но и сам уживам да се смеам на сопствена сметка. Затоа можам со сигурност да ви кажам дека гебелсовската политичка коректност ќе го убие хуморот. Дензел Вашингтон убаво му кажа на Вил. Ѓаволот секогаш доаѓа во твоите најсреќни моменти. Би можел да го потсети и Шон на една своја дамнешна мудрост. Порано, вели Дензел, кога немаше интернет, бевме неинформирани, а со него сме дезинформирани. Империјата на магијата стана империја на лагите.
Попис… Ме заболе соработникот за пописните бројки во Нордистан. Не ми е јасно зошто се нервирате, расправате меѓу себе, обвинувате. Нордистан и бројки, како смешно звучи тоа. Приказната за Нордистан започна со 59 кренати раце што беа претставени како 61. Без записник, надвор од процедура. Така избраа спикер. Сè понатаму им се лаги претставени со бројки. Невини луѓе ќе скапуваат во затвори по 10-15 години поради лажен удбашки судски процес среде нордистанскиот гулаг. Триесет проценти излезени на референдум ги прогласија за мнозинство. Падот на економијата и растот на корупцијата докажана со бројки ги претставија како наша перцепција, а не нивна реалност. Суд, СЈО, ОЈО, во нивни раце станаа математички операции, пресметување на кој обвинет колку милиони да му се земат. Секаде лаги и манипулации преку бројки. И вие ми се пенавите за бројки од пописот. Кога со нив манипулираат господарите на лаги изразени во бројки. Ако си слуга на империјата на лаги, и самиот си лага.

Единствена вистина преточена во бројки е бројката на луѓе што бегаат од зомбито наречено Нордистан. Без разлика на етничка, верска или сексуална определба. Но империјата на лаги на која припаѓа и Нордистан не може да блесне со сета своја светлина ако не се споменат Русите. До пред некој ден, Русија беше таа што преку Бугарија го попречува влезот на Нордистан во ЕУ. Сега, кога бројот на Бугари во протекторатов излезе приближно како бројот на Јеховини сведоци, Бугарите рипнаа да кажат дека руски агенти го штелувале пописот. Заклучок: Русија е во конфликт со руските агенти. Затоа сега очекувам да го протераат рускиот амбасадор.
Ах, амбасадори… Имаме партија што не сака да ги налути. Читај, западни амбасадори, оти во Нордистан меѓународна заедница е една петтина од светот, оној западниот, каде што изгрева сонцето, ако ги слушате медиумските перјаници во империјата на лагите и нивната европска провинција, како и балканското буниште на провинцијата на империјата. Во нордистанскава травестија очигледно е дека партиите си го црпат политичкиот легитимитет од западните амбасадори. Затоа сите се политички црпки. И немојте да ме плашите со федерализација, оти стварно ми е гајле што ќе биде со Нордистан. Кога требаше да ја спречите катастрофата во Преспа, со која почна укинувањето на Македонија, сите вие, и едни и други, славевте дека сте станале членка на НАТО. Е па, нели НАТО и амбасадорите ви ги гарантираат безбедноста и неделивоста на Нордистан? Зошто една блескава членка на моќното НАТО да се плаши за својата територија? Или НАТО е моќно само во пропагандата на империјата на лаги? Ајде, ајде, наскоро амбасадорите ќе ве фатат за уши и ќе ви кажат дека сега само уште треба Бугари да станете и ете кај е ЕУ да ве храни и да ви набавува енергенти.
Фудбал… „Македонија, само Македонија! Без северна! Една, единствена, голема и прекрасна!“, рече српскиот водител во отвореното студио на Спорт клуб. Благодарам, господине! За мене вие сте единствениот амбасадор на вистината. Значи Македонија! Изгубивме од Португалија. Сеедно. Јас сум восхитен од репрезентацијата. Восхитен сум од сето она што го приредија. Момци, вие веќе изигравте светско првенство. Да играш со Германија, Италија и Португалија, два од овие гиганти да победиш, за мене е исто како да сте донеле титула.

ФИФА казнува земји каде што политиката се мешала во фудбалот. ФИФА ма, дај малку намали со лицемерство! Ако е тоа проблемот, ти самата треба да се камшикуваш. Нормални сте? Па, кој ако не ФИФА и УЕФА се изживува врз руската репрезентација и руските клубови од политички причини? Изгледа сите светски организации очигледно се водени од изопачени глобалистички марионети на новокомпонираниот прогресивен нацизам среде западната империја на лаги.
Империја на лаги… Сензационална вест: од извори блиски на земните длабочини дознаваме дека рускиот гас ќе смени пол. Северен тек ќе стане западен крек. Русија веќе нема гас, затоа што гасот одлучи да стане американски. Сега Кремљ ја моли Белата куќа. Индија ја отпиша Русија, отсега ќе се реинкарнираат само западните слободољубиви граѓани. Борис Џонсон активира смртоносно оружје и сега Путин трепери во Кремљ. Трепетот се слушна до Владивосток? Дали наскоро ќе има референдум за влез на Владивосток, Камчатка и Калининград во ЕУ? Руските војници немаат муниција, пукаат со балони од гуми за џвакање, откако Кина наместо куршуми почна да им испорачува чунга-лунга. Кинезите им забија нож во грб на Русите, Шојгу се самоуби, па сега Москва го шета неговиот двојник на пресови. Проговори двојникот на Шојгу, Путин на коленици го молел Зеленски да не презема инвазија на Русија. Володомир му покажа среден прст на Владимир, му ја ќари женската и сега со неговата јахта крстосува по Днепар. Руските војници немаат вода, си го пијат антифризот од тенковите. Тенковите ‘рѓосуваат, Русите бегаат, па полкот „Азов“ во нив отвора хуманитарни камови. Русите гладуваат. Пискотници се слушаат пред затворените врати на „Мекдоналдс“. Верници тргаат икони од цркви и на нивно место ставаат фотографии од Бајден, Џонсон и Зеленски. Бајден пукна со прсти, дали тоа значи дека ќе пукне како балон лажната сила на руската мечка? Бајден е ревенант, мечката ќе го јаде. И така натаму. Вака известуваат медиумите во империјата на лаги. Од Алјаска до Нордистан. На човек не му останува ништо друго освен да им фрла в лице цинизам и црн хумор за да не полуди. И покрај фактот што навредената суета на империјата на лаги може да ти удри тупаница, оти во светот на западната пропагандна инквизиција, слобода на говор е само правото на нивно мислење.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/imperija-na-lagite/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 36 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 36 of 42 Previous  1 ... 19 ... 35, 36, 37 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот