Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 37 of 42 Previous  1 ... 20 ... 36, 37, 38 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Апр 17 2022, 14:16

Дали Бугарија има расчистено со наци-фашизмот?

На 16 април оваа година бугарските медиуми јавија дека Кирил Петков, премиер на Бугарија и Илијана Јотова, потпретседателка на државата „на покана на Културниот центар ‘Иван Михајлов’“ ќе го отворат новиот „клуб на ова здружение во Битола…“. Меѓу две „нормални“ и соседни држави ништо чудно. Може да помине само како информација во средствата за јавно информирање и да биде акт за меѓусебно почитување и зголемување на довербата и како мост за зближување. Но во нашиот случај не е така.

Што во суштина требаше да покаже овој чин?! Чин на добрососедство, чин на пријателство, чин на престанок на говорот на омраза, чин на почитување на различностите? Или спротивното чин на недобрососедство, чин на непријателство, чин на говор на омраза, чин на непочитување на различностите? Јас го доживеав како промоција на јавна сцена, во туѓа држава на промоција на наци-фашисти и убијци. И тоа не било од кого туку од бугарскиот политички врв, премиерот Петков, потпретседателката Јотова, членот на парламентот Захариева и другата свита, која ги придружуваше. Сите до еден „докажани“ борци за европски вредности и стандарди. И сите тие во името на европските стандарди и вредности во Битола политички амнестираат и рехабилитираат човек кој го носи името на културниот центар Иван Ванчо Михајлов со 7 смртни пресуди и 1 доживотен затвор. 6 му се изречени од воениот суд во Софија, 1 од окружниот суд во Горна Џумаја и 1 доживотен затвор од воениот суд во Софија. Човек кој никако не може да се стави во рамките на обединувач меѓу Бугарија и Македонија, напротив тоа е човек за кој постојат „говеда македонски“, а не Македонци со македонски јазик, историја и култура. Сигурно дека Петков знае дека за Иван Михајлов, Македонците не постојат, како и за него самиот. Па како може Културен центар со такво име да обединува. Тој може само да дели. Зар немаа попогодна личност од асли бугарската историја да стават име на културниот центар, а не да ги користат македонските историски личности и тоа одродените?! Сигурно дека ништо не е случајно.

Дали Петков и Јотова беа свесни што промовираат во Битола при отворањето на новиот клуб на културниот центар „Иван Михајлов“? Ако не знаат, да им кажеме. Говор на омраза и тоа од најдолен вид, недобрососедство, несоработка, непочитување на различностите. Дојдоа со цела политичка свита, за да ни промовираат пропаганда, повторно да нѐ потсетат на бугаризацијата, србизацијата и еленизацијата. Нешто што ние Македонците го влечеме до денес преку меѓусебните поделби. Наполно му дадоа легитимитет на наци-фашизмот, убиствата и тоталната негација на еден свој сосед во 21 век и сето тоа повикувајќи се на европските вредности. Во овој случај Петков и политичката свита, која дојде со него во Македонија, амнестираа и рехабилитираа еден етнички однароден Македонец, со туѓа национална свест кој не признава македонска нација, јазик и култура и се борел за бугаризација на Македонците. Наместо осуда за она што го направил Иван Михајлов, соработка со наци-фашистичките држави и личности, наредбодавач на многу братоубиства меѓу Македонците, гледаме дека денешниот политички врв на Бугарија го амнестира и му дава легитимитет. Малку е чудно што во триесеттите години на 20 век во тогашното Царство Бугарија постоеле судови кои санкционирале одредени појави надвор од законот кои биле насочени против тогашниот систем, а тоа го покажуваат казните кои му биле изречени на Михајлов, во отсуство, за сторените дела.
Сигурно дека овој потег на бугарскиот политички врв не води кон добрососедство, пријателство и кон соработка. Напротив, како што можевме да видиме во Битола, тоа предизвика гнев од страна на Македонците кон гостите од Бугарија. И сосема во право. Промовирањето на клубови со задни намери, а за реализирање на свои политички, ниски, цели, сѐ со краток век.

Прашањето е зошто македонскиот политички врв не презеде реципрочна мерка и не отиде во Пиринска Македонија и да отвори некој клуб на Македонците кои живеат таму?! Вака испаѓа дека Македонија е „село без кучиња“ и секој може да прави што сака. Политичкиот врв молчи. „Не биле поканети“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Па кој ја контролира државата?! Македонци или Бугари!! Тие можат да се шетаат како сакаат и кога сакаат. По оваа логика државата е без контрола. Политички врв на туѓа држава ви влегува во државата, а вие имате по сѐ изгледа само информација од амбасадата на дотичната држава и тие отвораат, затвораат клубови без да се има увид во тоа за што во суштина се работи. Каде е македонски врв да реагира и се произнесе за овие активности. Нема оправдување „не биле поканети“. Молчењето е знак на одобрување.

Ова не е говор на омраза, ова е говор на разум и како историчар ме интересира и би сакал да знам дали може некој клуб во Македонија да се именува „Адолф Хитлер“, „Менгеле“, Ајхман“ и дали државните органи кои се одговорни за тоа, тоа ќе го дозволат? Имаме некои такви примери во Македонија преку кои молкум се поминува. Но тоа го дозволува државата за мир во куќа. Што потоа се враќа како бумеранг.

Многу ме интересира дали и Иван Михајлов, по бугарската логика, ќе стане жртва на комунизмот и ќе го добие своето место во бугарскиот Пантеон на жртвите на фашизмот?

Тодор Чепреганов

https://plusinfo.mk/dali-bugari-a-ima-raschisteno-so-naci-fashizmot/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Апр 22 2022, 18:48

„Ванчо Михајлов“ е заедничка амбасада на САД, ЕУ и НАТО

Култура е убава работа. Сеедно што Гебелс се фаќал за пиштол кога ќе го слушнел тој збор. Може еден ден некој ќе отвори културен клуб со неговото име. Моментално тој е икона на западната пропаганда. Неговиот стил на работа го гледаме секојдневно. И јас сакав да отворам културен клуб „Македонија“. Ама нордистанските власти не дозволуваат да се користи тоа име. Ми се гледа малку гебелсовски, ама, па, модерно е.
Затоа одлучив да отворам културен клуб во Бугарија. Си реков, земја-членка на ЕУ, таму има демократија и европски вредности. Ама какво име да му дадам на клубот? Глупо е клуб „Македонија“ среде Бугарија. Различни држави. Кочо Рацин? Не, Рацин не бил некој културен фраер. Имал пасија да смислува азбука. Тоа многу ќе ги изнервира Бугарите. И ми текна! Василиј Втори! Познат како Македонецот. Ама има уште еден прекар. Василиј Втори Бугаро… Бугаро… Василиј Втори Бугароадминистратор. Па, одлично ги администрирал Бугарите. Ете го името на мојот клуб во Бугарија… културен клуб „Василиј Бугароадминистратор“.
Добро, се отвори бугарски културен клуб „Ванчо Михајлов“ среде Битола. Оти, Ванчо, нели, ептен бил по културата. Се истопори цел државен врв на Бугарија. Дојде и оној интелектуалец Каракачанов. Претседател на клубот е некој опскурен битолчанец што не се родил како Бугарин, туку читал, читал и едно сабајле… што? И едно сабајле се разбудил како Бугарин. Добро е што не го читал Достоевски. Можел да се разбуди како идиот.
Добро, бе, што им е на Бугариве? Ама запнале да нè обединат. А убаво си се поделивме на Македонци и нордистанци. Ете што си помислив откако ги видов реакциите по отворањето на клубот. Но реалноста брзо ме демантира. Нема обединување со нордистанци. Никако со нивната интелектуална бижутерија. Зошто? Па, им го чув идиотското релативизирање. Не бил проблем клубот „Ванчо Михајлов“, затоа што вмровците веќе ставиле негова восочна фигура во музеј. Нивната плиткост е гротескна. Тие… убави, дотерани, бањати, нашетани, а бе граѓани на светот, наеднаш заборавија на „Мадам Тисо“. Еве, јас ќе отворам клуб „Мусолини“ спроти некој геј-клуб и кога овие ќе залелекаат дека фашистите многу „милувале“ геј-популација, ќе им срочам в лице да не мрчат, оти веќе има негова восочна фигура во музеј, па нека одат да се расправаат со управа, градски власти. Патем, има ликови што тврдат дека оние што кренале глас против бугарскиот клуб шират руска пропаганда. Демек, путинисти, под влијание на Кремљ. Безумно, но во духот на западната расистичка антируска хистерија.

А сега, Ванчо Михајлов. Најпрво сакам да им се заблагодарам на прогресивните комуњари. Ем се посипаа со измет, ем го направија она што вмровците не го ни сонуваа. Ги срушија сите табуа за Ванчо. Е па, штом може клуб, може и серија. А јас одамна сакам да ја напишам. Ќе се вика „Организацијата“. Приказната почнува од крајот – 1934 година, атентатот на крал Александар и згаснувањето на ВМРО. Тоа е исклучително важен момент, оти како што рекол и самиот Михајлов, „се забрза календарот на Втората светска војна“. Преку последната година од животот на Организацијата ќе се открива нејзината славна историја. Значи, еден од главните ликови ќе биде токму Михајлов, затоа што негативците секогаш будат инспирација.
А сега малку за ликот и делото на Ванчо. Фашист, антимакедонист, бугараш… многу епитети му накачија. Јас не сум убеден дека тоа го правел од идеолошки причини. Ванчо Михајлов бил сето тоа, ама по потреба. Во зависност од личната корист. Да му затребало, и Марсовец ќе се кажел. Вистина е дека го негирал постењето на македонскиот народ, но ако имало моќ што инсистира на создавање македонска држава, а Михајлов видел корист во тоа, верувајте ми, ќе бил прв македонист.
Истражувајќи, дојдов до едноставен заклучок. Доаѓајќи на врвот во ВМРО, тој ја трансформира од револуционерна организација во мафија. По сите правила на Коза ностра. Ванчо Михајлов не е ништо друго туку типичен мафијаш по сицилијански терк. Затоа секогаш заштита му била Италија. До ваков заклучок дојдов сам. А потоа ги прочитав писмата на Кирил Прличев. Тој го пишува истото тоа. Михајлов е мафијаш, организацијата во негови раце стана мафија. И ЦИА исто така заклучила само тие го нарекуваат гангстер, кој го користи ВМРО само за лични цели. Без да знаеме едни за други, јас, Кирил Прличев и ЦИА сме дошле до ист заклучок.

Ванчо Михајлов нема идеологија. Тој е гангстер и како таков е близок со бугарскиот двор, Мусолини, нацистите, Британската Империја, масонските ложи, Коза ностра. За лична корист, секако. Тоа го прави нивни соработник. И како човек без идеали, најмногу личи на денешнава нордистанска октроирана власт. Тие не се никакви наследници на антифашизмот. Напротив, многу нивни предци биле вазали на фашисти. Откако ги истребија вистинските комунисти и станаа црвена буржоазија, преку своите удбашки џелати ја карактеризираа секоја идеја за независна Македонија како ванчомихајловистичка, што е апсурд само по себе, ама ним апсурдот им прилега. По независноста продолжија со ист наратив, но сега ВМРО-ДПМНЕ станаа ванчомихајловисти. Чудни се патиштата господови, чудесна е божјата промисла. Еве ги сега, како марионети на САД, ЕУ и НАТО ја запеаја својата ванчомихајловистичка песна, посипувајќи се самите себеси со изметот на ироничната судбина.

Најсмешни се оние што ги прашуваат САД, ЕУ и НАТО дали во 21 век ќе дозволат величење на лик што бил во пријателски односи со Мусолини, Гестапо, Химлер и СС. Демек требало да се згрозат од еден нацифашистички соработник. Што ве гледам смешни. Лисабонската декларација на ЕУ со која се забранува постоење на држава со име Македонија е расистичка. Преспанскиот договор напишан во САД, а туркан од НАТО, за чие потпишување Македонците беа изложени на неколкудецениски терор, е нацистички, затоа што е софистициран идентитетски холокауст. Барањата и уцените на Бугарија спрема Македонија се чистокрвен фашизам, а ЕУ го поддржува тоа. И некој тука бара од нив реакција. Па, САД, ЕУ и НАТО отворено влегоа во фаза на фашизација и нацификација поради расистичката омраза што ја имаат спрема Русија. Ако го сведочите духот на времето во кое живееме, тогаш клубот „Ванчо Михајлов“ му доаѓа нешто како заедничка културна амбасада на САД, ЕУ и НАТО во Македонија.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/vancho-mihajlov-e-zaednichka-ambasada-na-sad-eu-i-nato/?fbclid=IwAR1CSwuEb9a2dywPkElxXozSQ1ar52Ubr5XXilWJZ2UzXzASvs2KjnhRaQw

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by alienmk Сре Апр 27 2022, 20:06

Грдото лице на Западот
Од НМ -09:30 27.04.2022715

Автор: Трајче Стојанов

Во минатата колумна разгледавме неколку сценарија од исходот на војната, релевантни за Русија, во оваа – исходите релевантни за САД и Западот, но и за целокупниот неолиберален поредок. Не дека досега не го знаевме, но со овој конфликт многукратно се потенцира грдото лице на Западот, на англосаксонската цивилизација и, конкретно, на САД и НАТО. По оваа војна, лузните од неа врз лицето на Западот и САД никогаш нема да избледат. Ништо нема да биде исто по оваа војна, и за Западот, Европа и САД, но и за целиот т.н. неолиберален поредок. Од неколку клучни аспекти.
Прво, конфликтот се случува во Европа, а не како досегашните – главно во арапскиот свет. Интервенциите што до ега во арапскиот свет ги правеа ексклузивно САД и сојузниците, со својата пропагандна машинерија успеаја да ги „нормализираат“, да ги направат „стандард“ и да ги „прифатиме“ како нужност. И тоа не само да ги прифатиме туку и да ги перципираме во рамките на наративот наметнат од западниот супериорен пропаганден наратив, дека „тој свет“ каде што се војува, во најдобар случај, е свет на неподнослива автократија, а во најлош случај дека се работи за свет на „диви племиња“ и дека тоа што се „бијат“ е нивна „нормалност“, а САД со сојузниците само понекогаш се вклучуваат колку „да ги смират“, да им воведат „ред и поредок“ и да ги „демократизираат“ овие „племиња“ и дека нивните интервенции не се резултат на американските империјални интереси, туку резултат на „природната состојба“ на нештата во еден „неразвиен племенски свет“. Да не губиме простор овде, проверете сами каква е состојбата во Либија за време на Гадафи и по
„демократизирањето“ од страна на САД. А такви интервенции САД имаат над 30 по Втората светска војна!
Но во оваа „вонредна состојба“, сиот тој наратив е доведен под сериозен предизвик! И не само овој очигледниот за неоправданоста на интервенциите на САД во арапскиот свет (и не само таму) туку и многу поширокиот наратив – севкупниот неолиберален идеолошки наратив на западната цивилизација е доведен во криза. Но прво уште малку за овој очигледниот. Имено, по повод овој конфликт дебатите се водат, како никогаш претходно, со она што денес популарно се нарекува „вотабаутизам“ (што во случајов значи: „и тие -Американците го правеа тоа“), како логичка грешка во аргументацијата.
Дозволете ми мала дигресија патем: логиката како наука има соодветни старогрчки и латински поими за логичките грешки, наместо овие англиски „јутуб-варијанти“ на новопечени интелектуалци, што говори не само за површниот третман на науката денес воопшто (за што меѓу другoто на еден очигледен начин говореше и филмот „Don’t look up“) туку и за доминацијата или американизацијата на научната култура и културата воопшто, за што ќе говориме подолу; па, така, овој денес популарен назив „вотабаутизам“ (whataboutism), всушност, е специфичен вид ad hominem логичка грешка, дефинирана одамна во логиката како Tu quoque. Но да се вратиме на тоа како се користи овој аргумент – „и вие правевте така“ – при секој обид да се оправда руската интервенција. Имено, иако е точно дека „вотабаутизмот“ е логичка грешка во аргументацијата, тој сепак значи нешто во случајов. Нешто друго, но сепак значи нешто – имено значи за првпат толку голем, дури огромен интерес за „она што правевте вие“, т.е. што правеа тие – Американците! Сега како одеднаш да станавме свесни или барем дополнително свесни за она – „а навистина, што правевте вие“!? Иако, рековме, тоа не е аргумент, т.е. тоа е логичка грешка во аргументацијата и не може да послужи како оправдување за тоа што сега го прават Русите, но самиот факт за интензивирање на употребата на „вотабаутизмот“ говори за тоа друго „нешто“, говори за отворање „пукнатина“ во досега доминантниот западен наратив, кој одеднаш е под лупа! И иако во овој момент тој аргумент го употребуваат првенствено „русофилите“ или оние што се на „руската страна“ од конфликтот, сепак тој ќе остави трајна лузна во доминантниот западен наратив и во иднина. Секако, рековме, самиот факт на свртување на вниманието кон „она што го правевте вие“ не го оправдува „она што го правиме ние сега“, но веќе значи сигнал дека се изострува, се сензибилизира јавноста, се насочува фокусот на тоа „што сите го правеле“, а немале право да го прават! По ова, во светло на ова што го правеа Русите, ќе немаат никакво право да го прават и оние што до вчера го правеа и мислеа дека имаат право да го прават!
Ова сензибилизирање на јавноста е евидентно по неколку основи. Прво, евидентно од „шокираноста“ кај западните медиуми дека „војната е
реалност“. Да, замислете, тие се шокирани дека војната е реалност во XXI век, и тоа во Европа!? Се разбира, Балканот и овдешниве војни не ги сметаат, Балканот сепак не е Европа, или барем тој е „другото“ на Европа, нејзиното „потсвесно“. Вистинската Европа е на друго место, а само војната во таа „вистинска Европа“ е војна, не и тие во арапскиот свет, оти, рековме, таму веќе е норма. Овие зборови на шокираност од војна во Европа, изговорени безброј пати од западни медиуми, се доволен индикатор за супремационизмот, елитизмот и западоцентризмот, кој толку лесно го прифаќаме, а кој по ова нема толку лесно да го прифаќаме, или дури и нема толку лесно да го прифаќаат дури и во таа „нормалната“, „вистинската“ Европа.
Второ, сензибилизирањето е видливо и од други знаци. Имено, лесно можете да најдете на интернет дузина европски и американски новинари од најзначајните медиуми како се шокирани дека бегалците се „нормални, бели луѓе, како нас“! Да, да, имаше таква изјава на Си-ен-ен! А тоа нашата бела, западоцентрична и христоцентрична супремација не може да го поднесе, затоа што тоа директно го подрива доминантниот наратив што тие го нормираа – кафеавите, црните и „нецивилизираните“ муслимани може да гинат, но не и белите и „цивилизираните“ католици и протестанти (и православни, може). Но сега, по гинењето на „нормалните“, „белите“ Европејци во Украина, тешко ќе помине која било интервенција над „ненормалните“, „кафеавите“ и „нецивилизирани“ Арапи и муслимани. По шокот од оваа војна, доминантниот наратив на белата, цивилизирана, католичка и протестантска Европа е предизвикан засекогаш. Трето, кога сме кај бегалците, дали забележавте како одеднаш „белите, христијански, европски“ бегалци од Украина не се истите оние од муслиманскиот, арапски свет, кои беа „проблем“ за Европа, кои се давеа по морињата, кои умираа по грчките и турските острови и кои служеа како средство за пазарење и плашење на Европа (Грција и Турција ги „пуштаа“ или „запираа“ небаре се стадо овци)? Овие не се „тие“ бегалци! Со овие бегалци немаме проблем!
И конечно и можеби најважно, со оваа војна дефинитивно се предизвика неолибералниот идеолошки наратив, кој по ова мора да се преобмисли себеси, ако сака да продолжи да владее. Имено, досега жилавоста на американскиот капитализам и неолиберализам се покажуваше просто неверојатна, фасцинантна! Западната неолиберална идеологија, особено во САД, се оформи во своевиден „метанаратив“, кој успешно ја интегрираше секоја критика. Една од најголемите предности на неолибералната капиталистичка идеологија беше токму таа неверојатна способност да ги интегрира во себе сите противречни гласови, дури и (само)критиката да ја вметне во официјалниот мејнстрим-наратив и со тоа да ја направи безопасна по системот, та на тој начин дури и да ја претвори во предност! Од антивоените протести за Виетнам и хипи-движењето (кога мислам дека беше измислен и имплементиран рецептот) до денес, тој метанаратив што ги голташе сите спротивставени наративи беше најважната суптилна пропагандистичка алатка. Таа фасцинантна жилавост на американската култура сета контракултура и супкултура да ја трансформира во мејнстрим-култура беше суштинска за нејзината зачудувачка способност за петрификација на постојниот социјално-политички и економски поредок. Благодарение на таа способност, може да се каже, во Марксов манир, во САД беа одземени сите потенцијални услови за револуција. Сѐ до денес!

Деновиве, тој систем по првпат се соочува со неможноста за таква целосна интеграција на противречните гласови и па првпат во ваква експлицитна форма посегнува кон примена по класична цензура од „источен тип“. Деновиве, за првпат, во таква брутална форма сведочиме на цензура од класичен „источен“ тип! Западот денес има веројатно затворено повеќе руски медиуми, отколку Русија – западни. Како никогаш порано, светот посегна по алтернативни, руски извори на информирање и интернет-платформи (Телеграм, Вконтакте…)! Западниот наратив е сериозно фатен во „офсајт“! Како сега протестирачите, новинарите-противници на интервенцијата и преостанатата опозиција на Путин се херои, а Асанж и Сноуден не се!? Но она што е уште поважно, војнава и кризата предизвикана од неа покажаа дека најважното оружје на САД, покрај воената, е таа мека моќ што ја доминира културата – имено, покрај бруталното затворање медиуми, во цензурата се приклучија и сите американски социјални мрежи и медиуми. Што стана одеднаш со laissez-faire? Што стана со капиталот независен од политиката и државата? Каде отиде „невидливата рака“ на пазарот? Како одеднаш Фејсбук, Твитер и другите доминантни американски мрежи (кои не се медиуми, туку само платформи и не би требало да имаат уредувачка политика, а сепак гледаме како „уредуваат“), покрај Трамп, сега ги исфрлија и Путин и Русија? Види иронија, до вчера овие мрежи на секој руски или кинески пост пишуваа: „state-affiliated media“, а од денес на секоја од овие мрежи веројатно веројатно треба да стои: „private, but nevertheless state-affiliated“! Ох, иронијо, забавувачке! Како тоа американскиот капитал, независен од политиката и државата, под команда се повлече од рускиот пазар? Како „меко“ и квазилиберално се користи оваа мека моќ на САД, говори и фактот што Белата куќа ги собра на „обука“ сите „инфлуенсери“ од Инстаграм и Тикток да им даде инструкции како да ја водат „кампањата“ на социјалните мрежи! А ако ми кажете дека голем дел од нив тоа го прави доброволно и непринудено (за разлика, демек, од Русија), тогаш уште полошо и за нив и за државата, затоа што суптилноста и перфидноста на пропагандата се само уште посилна илустрација на злоба. Да ми простат маркетинг и пиар-специјалистите, но оваа суптилност на пропагандата, во суштина не е ништо друго освен манипулација, а тоа е зло! Да зборуваме ли за тоа што оваа криза фрли дополнително светло на она што ни беше и онака јасно: дека целата светска инфраструктура е направена, контролирана и е во исклучива функција на САД. Од интернет, економската, финансиската, безбедносната и политичката инфраструктура, па до културната и спортската, целиот свет е инфраструктурно построен како една голема играчка на САД. Се исклучуваат спортисти од натпревари, се принудуваат да играат без национално знаме и име на земјата од која доаѓаат, се отпуштаат музичари, сликари, уметници по светот, само затоа што се Руси!? Се забрануваат руски композитори, писатели, уметници… Тотална екскомуникација, дури и прогон, кој многу потсетува на прогонот на Евреите. Злите времиња, драги мои, се тест – и за поединецот и за општеството. Зловреме ги вади и најдоброто и најлошото – и од човекот и од заедницата. Во случајов, малку требаше да му се измести тлото под нозете на неолибералниот комфор за да го покаже своето грдо лице. Хм, можеби навистина е точно – гребнете под површината на неолиберализмот и ќе се појават боите на фашизмот! А Путин можеби имаше нешто повеќе на ум со „денацификацијата“!?

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/grdoto-lice-na-zapadot/

alienmk

Број на мислења : 418
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Мај 09 2022, 16:53

Деветти мај: Ден на победата на(д) фашизмот?!

Од Билјана Ванковска

На интернет-страницата на Владата сѐ уште стои написот со наслов „Премиерот Спасовски на одбележувањето на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа: Со членството во НАТО и ЕУ, обезбедуваме безбеден европски дом и иднина за нашите млади, денеска, тоа е нашиот патриотизам.“ Датумот е, се разбира, 9 мај, ама 2020 година. Свртувањето на секоја страница наназад го покажува истото тоа, или донекаде истото тоа: сите постари генерации се сеќаваат на 9 Мај како празник на кој се одбележуваше победата над фашизмот! Потоа дувнаа други ветришта, па и ние тргнавме да се „европеизираме“ и сѐ почесто го славевме Денот на Европа, а сѐ помалку НОВ и антифашизмот. Денот како „празник“ е измислен од ЕУ (во 1985 година, уште во време кога не се ни викаше Европска Унија), кога шефовите на држави и влади одлучија дека им е потребен Ден на Европа. Тој се врза за поднесувањето на т.н. Шуманова декларација за создавање на првата Европска заедница за јаглен и челик.
На ЕУ ѝ премина во навика лажно да се претставува како (цела и единствена) Европа; ние тоа најдобро го чувствуваме, ем поканети, ем недобредојдени – недоволно Европејци (или Бугари). Во периодот на федералистички занес (додека нѐ треснаа наземи по неуспешниот Устав во 2005 година), ЕУ се претставуваше како супердржава, наддржава (како што западниот човек е божем натчовек), со химна, знаме и свој „ден“. Химната е Бетовеновата „Ода на радоста“, за која малкумина знаат дека била изведувана во конц-логорите на смртта, од страна на логорашите, по повод роденденот на Хитлер. Не е Бетовен виновен за тоа, одата е прекрасна, како и Шилеровата поетска ода за братството на човечкиот род (инспирацијата на Бетовен). Поентата е дека дури и таа си има (темна) политичка историја – буквално сѐ може да се изврти и злоупотреби. Синото знаме со 12-те ѕвезди е, исто така, измислен симбол (некои погрешно мислат дека знамето датира од времето кога ЕУ имала 12 членки претставени како ѕвезди). Бројот 12 не е случајно избран: тој се смета за израз на совршенство, па се поврзува со 12-те месеци во годината, 12-те бога на Олимп, 12-те апостоли, но и 12-те ѕвезди во ореолот на Богородица (претставена во католицизмот).
Накратко, 9 Мај стана датум на разграничување на некогашните сојузници во битката против фашизмот и нацизмот: Западните Европејци решија да свртат нов лист и да се концентрираат на иднината, наместо да се сеќаваат на минатото; Русија ја продолжи политиката на сеќавање на најголемото страдање и најголемата победа (на поранешниот СССР) со традиционалните воени паради на Црвениот плоштад во Москва. Секој славеше не само нешто друго туку и инаква верзија на минатото.

Всушност, 75-годишниот јубилеј (во 2020) ги покажа сите расцепи во идеалот за „братството на човечкиот род“, а бившите сојузници ги постави како (идни) непријатели. Историските факти стануваа непријатни, па мораше „по малку“ да се поттурнуваат настрана. Незгодно е да се каже дека „Европа“ немаше да го победи фашизмот без Црвената армија и 27-те милиони советски жртви. Уште понепријатно е да се признае дека тезата за крајот на Втората светска војна 9 мај 1945 година е европоцентрична и погрешна. Војната (како светски судир) заврши на деветтиот ден од месецот август, со втората атомска бомба фрлена врз Нагасаки (по првата од 6 август). Со експериментот и увидот во најмоќното оружје со кое располагаа САД, со неверојатни 140 илјади цивилни жртви и со покосувањето на Јапонија, Втората светска војна заврши – неславно! Навестувајќи го трајниот страв од третата…
И сега сме тука некаде ни на небо ни на земја. Ниту во „колективниот Запад“ ниту надвор од него. Откако неговата партија го прослави огромниот споменик во Слупчане, Бујар Османи ни порача дека Владата донела препорака (до општините?) да не учествуваат на настаните по повод 9 Мај. Ова (наводно) се однесува на настани што се планираат од Руската амбасада. Медиумите пренесоа (токму на денот кога го чествувавме Гоце): „Владата ги посоветувала општините, затоа што не можела да ги задолжи, изјави Османи, посочувајќи дека нема сиви зони по ова прашање, или сте со демократскиот свет или сте со Русија, Белорусија и Северна Кореја“. Но Бујар ни кажа и нешто друго: нашиот Запад е уште позападно од ЕУ и Брисел и дека Владата одлучила да го развива стратегиското сојузништво со САД (се сеќавате на оној договор потпишан по фијаското од Букурешкиот самит на НАТО во 2008-та?). Тоа е барање закрила и положување верност пред Хегемонот – затоа што дури и на лекар-дипломат му е јасно дека со Европа е готово. Туку, да се вратам на 9 Мај! Ајде да разбереме дека е неприлично да се слави 9 Мај со држава што е во војна; и воената парада во Москва денес има первертирано значење. Но нашата мака е инаква: дали државата ќе се осмели да го одбележи Денот на победата над фашизмот (и неговите колаборатори и администратори)? Дали нашата влада и нашите општини планираат одбележување на симболичниот празник? Или ќе молчат како, како, како – риби, онака како што ги премолчеа и Гоце и Слупчане (каков контраст, нели)?

Власта се фокусира на патот за Вашингтон. А во Вашингтон „воскреснал“ Орвел: не само што желно го чекаат Асанж за да го казнат што ги обелодени нивните злосторства врз цивили во изминатите 30 години туку е воспоставено и тазе Министерство на вистината! Во рамките на секторот на внатрешна безбедност (она чудо воспоставено по нападите од 11 септември), т.н. Homeland Security, со неограничени овластувања за упад во приватноста, следење комуникации, Гвантанамо итн., сега една млада дама (која лично го задолжи Бајден во аферата со лаптопот на неговиот син и сите замешателства во Украина – од сите земји на светот, баш Украина, види чудо) ќе биде врховен цензор. Ќе одлучуваат што е вистина, а што не; ќе цензурираат, ќе казнуваат! Всушност, ова е стара вест, само сега добива институционален израз и лик на една приглупа исклештена млада дама. Слободните новинари се под отворена закана на она што тие го нарекуваат „корпоративен фашизам“ – покрај цензурата, затворањето на медиумите, сега ги гонат низ сите електронски платформи и не дозволуваат да преживеат финансиски. Дури и Елон Маск (знаете тој е оној за кого една млада професорка на Правен факултет го даде името и ја гушна Преспа, а и Преспа ја гушна неа ставајќи ја во „грчката“ историска комисија) е мета на „слободните либерали“.
Пред две години, колумната за овој ист ден сум ја завршила со овие зборови: „Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, две во едно, чинат само обичен оксиморон, особено денес, кога елементи на фашизација виреат и во членките на ЕУ, но и во бриселскиот естаблишмент, а кои мижат пред отворен културен геноцид на еден мал народ. Кога велам мал, не мислам на бројноста, туку на елиминацијата на чувство на достоинство, самопочит и смелост да каже НЕ. Барем еднаш, громко и силно… Најжално од сѐ е што Македонците се слепи за да го видат епитафот на ЕУ и глуви за да ги чујат звуците на Бетовеновата Петта симфонија што ја потиснаа ‘Одата на радоста’“.

Оттогаш, што се однесува до Македонија, ама баш ништо не е сменето – ниту од наша страна, ниту од европска/западна. Покрај сето зло што го донесе војната во Украина, таа ги разоткрива не само слабостите и застранувањата на западните демократии туку и тивката ама систематска толеранција спрема видливата нацизација на нивните сојузници. Западот никогаш не бил гадлив спрема нацисти што биле корисни во битката против Истокот; впрочем, некои од соработниците и научниците на Хитлер веднаш по 9 мај биле сместени на безбедно во САД, а потоа и во структурите на НАТО.
Сега, пред очи ни се одвива (небаре е филм) тек на настани, ликови, симболи што вирееле, а кои не сме ги ни забележувале. Тие биле/се ребрендирани и толерирани од Брисел и Вашингтон, сѐ до денешната глорификација во полубогови и Спартанци („300“). На денешниот ЕУ-репертоар, Денот на Европа е претворен во ден на Украина: на церемонијата посветена на Шуман ќе се веат заедно европското и украинското знаме, по говорите ќе се постави голем банер на кој пишува „StandWithUkraine“ и ќе се одржи добротворен концерт на Украинскиот квартет. Најциничната работа е што на крајот ќе бидат пуштени 12 гулаби на мирот, во време кога Урсула фон дер Луген (како што ја завикаа), како и оној нејзин Борел, бараат апсолутна воена победа на Украина, до последен Украинец. Сите се во исчекување да видат што денес ќе порача Путин, а западните медиуми пишуваат „за оние што не ја познаваат Русија добро, треба да се почне со објаснувањето дека во таа земја 9 Мај е подигнат на ниво на религиска екстраваганција, нешто како Велигден и Божиќ заедно“. Вие просудете која „религија“ е „вистинската“. Она што застрашува е молкот на глобалното мировно движење, кое дозволува гулаби на мирот да пуштаат јастреби, волци во јагнешка кожа. Путин е лошиот во приказната, ама каде се добрите?
Ја чув новата верзија на „Бела чао“ на Игор Џамбазов: „Ние сме партиџано, вие сте тие другите.“ Искрено, со Бујар и Таче на чело, јас веќе не сум сигурна дека препораките се трајни и во насока да не бидеме баш толку партиџано. Можеме да бидеме УЧК, можеме натовци, можеме дури и азовци, ама партизани – ај чао! Од друга страна, баш нешто и не се покажуваме како потомци на партизаните, кога виткаме ‘рбет пред администраторите и се туткаме во скутот на хегемоните. Како и да е, ова е многу мрачен 9 Мај, кој пека за победа на едните над другите, како во манихејска битка. Во која ќе нема победници на крајот.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/devetti-maj-den-na-pobedata-nad-fashizmot/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Мај 14 2022, 18:05

Охридска архиевровизија

Од Александар Русјаков


Охридската архиепископија укината од политички причини.
Охридската архиепископија вратена од политички причини.
Меѓу овие две точки во времето, многу лицемерен фарисејски квас.
Велат, црквата треба да се одвои од државата, од политиката. Во ред е тоа. Исус е доктор, Евангелието е совршена терапија за душата, нема тука место за политички игри, оти тие се валкани, а тоа е болест за срцето. Проблем е што државата, односно политиката, упорно се меша во црквата. Тоа очигледно им одговара на многу црковни водачи, оти удобен им е престолот на моќта, ама тоа не е Божји престол, туку нокширот на лукавиот. Фарисејскиот квас никогаш нема да ја победи Благата вест, ама со сите сили се труди својот гнасен ерес да го напика меѓу редови и така да ги соблазни оние што во верата се колебливи.
Етнофилетизам, односно ставање на националното пред духовното, на земното пред небесното царство е последната ерес преку која сатаната го напаѓа Христовото учење. Осудена е на Цариградскиот собор на 10 септември 1872 година. Но тоа е единствената ерес што, и покрај фрлената анатема, упорно живее и ровари низ Божјата црква. До ден-денес. „Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен, нема машко-женско, зашто сите вие сте едно во Христос Исус“, пишува апостол Павле во своето послание до Галатјаните. Па така, кога денес зборуваме за Руска, Српска, Грчка, Бугарска или Македонска православна црква, ние зборуваме и веруваме во едно еретичко учење исто како ересите на Ариј, Несториј и други.
Оттука, за мене, ниту е катастрофа можното исчезнување на терминот Македонска православна црква, ниту пак ме фаќа радосна еуфорија од враќањето на Охридската архиепископија. И едното и другото се политичко еретички повраќаници, сосе византиските игри на цијашот Вартоломеј. Сѐ додека пред светлината на Христовото учење има национален предзнак, за мене тоа е ерес. Сѐ додека сите цркви (иако не смеат) имаат национален предзнак, а само на Македонците не им е дозволено тоа, за мене е политичка гомнарија. Ме разбирате? Како и да ја завртите, работава не чини, а тоа е така затоа што сме сите еретици.

Преку ноќта Павле имаше видение, стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни“. Така ви пишува во делата апостолски. Така во Македонија, преку Павле, стигна Христовата блага вест (Евангелието) до нашите предци. Преку нив стигна и до нас. Во меѓувреме, низ вековите, политичките нацисатанисти направија сè за да ги збришат Македонците сосе Македонија од мапата на светските народи. Многу од тоа им успеа дури денес, преку домашните квислинзи и мрзливиот конформистички, а демоноподобен (оти ни жежок, ни студен, ами млак) македонски народ. Дозволивме да нè нема, да станеме три коси црти, пифтиеста, безидентитетска маса без суштина, ама сега, еве, демек сме многу погодени што ќе ни го тргнеле националниот предзнак од храмот на Бога, во кого баш и не веруваме. Кога треба да сме жестоки, млаки сме, а кога треба да ја укинеме сопствената волја и да ја прифатиме Божјата, националисти сме. Сè правиме погрешно, наопаку, дали се разбираме?
Искрено да ви кажам, на сите овие политички национални предавства што ги дозволивме, црковниве муабети ми се како фрлањето на македонското знаме од страна на Андреа среде евровизискиот котел полн кич и политичко лицемерство. Ете, толку ми е небитно. Народ сведен на три коси црти може да добие и Охридска архиевровизија како „црква“ каде што ќе ги „пее“ своите гревови. Политички и духовни. Кај нас изгледа Павле го посеал семето на каменита почва. Тоа се оние срца што со радост го слушаат и примаат Словото, ама дојдат ли неволји, веднаш се откажуваат. Така чувствувам јас, грешниот, бедниот и погнасниот од сите вас.
Ние сме политичка гротеска. Се откажавме од себе за да влеземе во налудничав воен сојуз и да се напикаме во елитен клуб на изопачени вредности. Духовно пак гледано, сите ние, Македонци, Срби, Грци, Бугари, Руси и други, демек православни, сосе браќата ни по небесни промашувања, римокатолици, сме еретици. А кога душата е во ерес, кога е болна, раѓа изопачени концепти како комунизам, фашизам, нацизам. Последниов на голема врата се враќа среде западната разгалена и самобендисана цивилизација.

Осло, Норвешка. Ресторан „Мекдоналдс“. Пред него поставена реклама. На неа прикажан новиот продукт. Сендвич Бандера. Од ресторанот вреска музика, песна за Степан Бандера. Таква снимка видов. Степан Бандера е украински нацистички соработник. Нешто слично како Ванчо Михајлов, ама не толку мафијашка фигура. Норвежаните му направија бургер на Бандера, ние на Ванчота му отворивме културен клуб. Што е следно? Библиотека „Гебелс“? Правен факултет „Анте Павелиќ“? Детска градинка „Треблинка“? Автопат „Цветковиќ-Мачек“, како парафраза на „Братство-единство“? Студентски пленум „Мане Мачков“? ЛГБТИКјуН? Н за нацизам. Нацијунген како граѓанство луѓенца? Ова е моја свастика, апелираат од феминистичкото здружение „Ева Браун“? А? Што е следно?
Светот станува сѐ поизопачен. Се претвора во неподносливо место за живеење. Нацизмот го слави своето ново раѓање. Не дека беше погребан. САД прибраа едночудо нацисти по Втората светска војна. Ама беше онака изолиран и контролиран. Сега полека станува државна политика на Западот. Во морбидно модифицирана форма, но тука е, триумфира. САД и Украина одбија да гласаат во ОН резолуција против величење на нацизмот. Европските држави (сосе нас), како политички слуги на изопачената моќ, глумеа воздржани. Европската Унија му се посра на Денот на победата, преземајќи го 9 Мај за свој празник без смисла и суштина.

Онаа кутра марионета Зеленски вади азовски нацисимболи токму на тој ист 9 Мај. И не заборавајте, ама па и јас ќе си повторувам дури не ми спроведат цивилизиран погром! Лисабонската декларација на ЕУ во која пишува дека не смее да има држава со име Македонија, резолуцијата на СБ при ОН со која името Македонија станува безбедносен проблем, по што следуваа цијашката Тиранска платформа и Преспански договор, а во очекување сме и на оној бугарскиот, сето тоа е чист нацизам за идентитетски холокауст врз цел еден народ… македонскиот. А што правиме ние? Ние сме оригинални, од зомби-нацизам родивме мутант, па, така, веќе три децении ние спроведуваме себенацизам.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/ohridska-arhievrovizija/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Мај 21 2022, 18:57

Вистината е фејкњуз

Од Александар Русјаков

Сонцето изгрева на запад. Иако некои малоумници тоа го нарекуваат исток. На запад започна човештвото. Мајмунот стана човек. И на други места на планетата мајмунот стана човек, ама тие беа глупите. Им требаа децении да откријат оган. За тркало ич муабет да не правиме. На запад, мајмунот што стана човек веднаш измисли жижица и хулахоп. Затоа од запад тргна цивилизацијата. А не од Индија, Кина, Иранската Висорамнина, Египет или Балканот, како што тврдат некои ширачи на лажни вести. Тоа е исток, а таму, и тогаш и денес живеат нецивилизирани дивјаци.

Така е, цивилизацијата започна на запад. Оттука тргнаа европските вредности. Гилгамеш е Швеѓанец. Буда, предокот на Дипак Чопра, роден е во Сохо. Грците ја измислија азбуката. Холанѓаните ги создадоа арапските броеви. Уметноста тргна од Париз. Убавината ќе го спаси светот, рече прапрапрабабата на Грета Тумберг.
Да, убавината дојде од запад. И таа навистина ќе го спаси светот. Сеедно што грдотијата постојано става сопки. А грдотијата, тоа се сите оние што не се меѓународна заедница. Оние што не се Европа и Северна Америка. Односно четири петтини од планетата. Значи малцинството. Најгрди се Словените. А кај нив најгрди се Русите.

Грдотијата ќе ја силува убавината што сака да го спаси светот. Ова го изјавил рускиот милитант, господар на грдотијата и антизападен идеолог Достоевски. Оттогаш тие ги следат неговите грди пророштва. Русите ја создадоа шпанската инквизиција. Ги истребија домородците од американскиот континент и воведоа робовладетелство. Создадоа муџахедини и талибани. Започнаа Втора светска војна. Спроведоа холокауст врз Евреите. И така ги присилија мирољубивите германски нацисти да тргнат во офанзива на Русија. Адолф Хитлер и неговите нацисти успешно ја завршија мисијата. По таа успешно завршена мисија, Хитлер, Гебелс, Химлер, Геринг и другите беа евакуирани на оној свет каде што не можат да ги дофатат Русите.
Тоа е историја. А сите знаеме дека историјата се повторува како реприза на сапунска серија. И покрај сите порази, Русите уште прават гадости. Не се откажуваат од изопачените идеали на Достоевски. Русија ја нападна Украина. Цивилизираниот запад, освен наука, култура и уметност, ја создаде и Украина како западна вредност. Во неа кренаа биолаборатории за борба против кинеските и руските вируси. Дојдоа и НАТО-инструктори за да обучуваат војници по теркот на Хитлеровите херои. Ама Русите нападнаа. Украинците херојски се борат против руските кукавици. Им ги убија сите генерали. Русите си го потрошија оружјето. Главната битка беше околу фабриката „Азовстал“. Русите беа фатени во тесно околу фабриката. Украинските нацихерои од баталјонот Азов беа внатре во фабриката и ги држеа во тесно кукавиците надвор. И така цел месец додека Русите не ја изгубија битката. Украинските војници успешно ја извршија мисијата. Потоа беа евакуирани, па испратени на тајна мисија во руски затвори.

Многумина скептици се прашуваа зошто битката толку трае. Сега веќе сите ја знаеме причината. Тоа беше скриена тактика на Западот. Украинците мораа да ги држат руските окупатори затворени надвор од фабриката. Затоа што тоа беа руски специјалци со посебна задача. Тие не требаше да бидат во „Азовстал“, туку во Торино. Наредба дадена директно од Путин. Напад на „Евровизија“. Путин сакал да ја спречи победата на Украина. Ама азовските херои ги поматија руските антицивилизациски планови.

И денес сонцето изгреа на запад. А таму, среде моќниот запад се наоѓа север. Земјата од југот. Источно од крајот. Среде Западен Балкан. Во југоисточна Европа. Моќниот Нордистан. Држава со богата историја. Славни личности. Како Александар Нордистански. Тој е Грк. Или браќата Кирил и Методиј. Славните грчки Бугари. Тука е и Гоце Делчев, бугарскиот Грк, кој сиот свој живот се борел за независен НАТО Нордистан како дел од Бугарија.
Нордистан е земја на благосостојба, радост и чуда. Времето се мери според европски календар. Нордистанците живеат од датум до датум за пристапни преговори. Тоа е комплексна временска операција како календарот на Маите. Но нордистанците се комплексен народ што ужива во својата благосостојба. На граѓаните на Нордистан сметките им ги плаќа името на државата. Затоа течат мед и млеко. Омилен пијалак е западна нафта, никако руски гас. Секој нордистанец пие нафта трипати на ден. Главна религија е евроатлантството. Нордистанците секоја година на Брисел и на Вашингтон, новиот модерен Олимп, им жртвуваат по неколку руски дипломати.

Добро, има и ситни проблеми. Ги прават Македонците. Како што за цивилизираниот Запад проблем се Русите, така за Нордистан се Македонците. Измислен народ. Тито ги измисли, инаку познат изумител. Македонците им прават проблем на нордистанците. Сеедно што се бедно малцинство. Тоа се покажа на референдум по кој Нордистан стана членка на ЕУ и на НАТО. По пребројување на ливчињата се виде дека Македонците се нешто помалку од бедни седумдесет проценти од жителите на Нордистан, за разлика од огромните триесет и кусур проценти на страната на нордистанците. Ама малцинствово цело време нешто мрчи. Веројатно затоа што оној Тито ги измисли во Русија. Но, како и да е, Македонците се мал и безначаен проблем, кој ќе биде удавен во океанот убавина на граѓанството луѓенца и интелектуалната бижутерија, инаку водечките касти во нордистанската општествена хиерархија.

Сонцето и утре ќе изгрее на запад. Цивилизираниот западен свет кому му припаѓа и Нордистан ќе продолжи да се буди и заспива во прегратките на слободата, демократијата и европските вредности што ни доаѓаат од Америка. Патем ќе се соочува, бори и ќе победува ситни проблеми. Но и најголемиот проблем. Мајката на сите проблеми. Не, не е тоа Русија. Русите се ситна боранија. Најголем проблем, смртен непријател на западната цивилизација, американската демократија и европските вредности е вистината. Нема ништо поодвратно од вистина, таа декадентна појава што не можеш едноставно да ја бомбардираш како Авганистан, Ирак, Сирија или Либија, ама мораш по секоја цена да ја уништиш, оти ако само еднаш ти влезе во срцето, ќе почнеш да ја бараш правдата. А нема правда, нема мир, вели прогресивната догма што значи дека нема правда и мир за оние што одбиваат да имаат право само на нивно мислење. Среќа, Американците тргнаа отворено во војна со вистината. За почеток отворија нешто како Орвеловото министерство за вистина. Тие ќе ја ловат и ќе ја стават таму кајшто ѝ е место. Во графата лажни вести. Затоа што вистината е фејкњуз.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/vistinata-e-fejknjuz/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Пон Мај 23 2022, 09:52



Ерол Ризаов, убаво да се чуе зошто е на мета на ДПМНЕ-оидите. Му се спротиставил на „големиот везир“ алијас бегалка. Васко Ефтов иако до ден денес имаме спротивставени ставови околу Шарената револуција,мислам дека ова му е добро интервју.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Мај 25 2022, 15:43

Интересно пишување за односите на Македонија и Бугарија од Бугарин.


Бугарски политолог: Нашата „позиција“ за македонското прашање е тумор што нè убива нас, не Македонците


Евгениј Дајнов, професор по политички науки на Новиот бугарски универзитет, во колумна за бугарскиот весник „Дневник“ образложува зошто е погрешен ставот на Бугарија за т.н. македонско прашање.

Поради драстичната разлика со позицијата на официјална Софија, написот го пренесуваме во целост:

„Кога бев мал, често слушав од возрасните околу мене ‘неразбирлива како темна Индија’ и ‘заплеткана како македонското прашање’. Оттогаш помина многу време и се покажа дека Индија не е толку тешко да се разбере. Другото прашање останува комплицирано, иако одамна не сум го слушнал изразот ‘македонско прашање’.

Можеби не сум го слушнал скоро овој израз, бидејќи прашањето од извесно време е чисто бугарско. Срамното вето (и последователната ‘рамковна позиција на Парламентот) наметната од ГЕРБ-ВМРО на Северна Македонија е отров за бугарското општество и државност. Внесовме нова капсула новичок во јавното тело, која продолжува да се распаѓа и да прска со својот отров во сите нас.

Не знам зошто мнозинството бугарски политичари се жалат дека ЕУ не го разбрала ‘бугарскиот став’ за македонското прашање. Политичариве или не разбираат ништо од политика или лажат. Вистината е дека ЕУ целосно разбира сè – од првата секунда кога ветото падна како гром од ведро небо, откако само две години претходно Бугарија се прогласи за гарант за влез на Западен Балкан во ЕУ.

Нема ништо што во ЕУ не го разбрале. И токму затоа што сè разбраа, земјите-членки на ЕУ не ја поддржуваат – и никогаш нема да ја поддржат – бугарската ‘позиција’. Ниту една земја никогаш нема да го стори тоа. И нема да го поддржи, бидејќи со разбирањето доаѓа и ужасот дека е можно дури и една земја-членка на ЕУ да има таква ‘позиција’.

На луѓето им се крева косата од нас поради тоа што нашето однесување е на диви балкански субјекти од почетокот на 20. век.

Сакам да ве потсетам што се случи и зошто:

Пред две години, откако се наближуваа изборите и ВМРО-БНД виде дека им се заканува опасност да испаднат од Парламентот, решија да поттикнат максимална омраза кон некој надворешен непријател така што Бугарите да гласаат за свитата на Каракачанов. И за цел не ја избраа Турција (со која би имале навистина сериозни проблеми), туку нашите македонски соседи, чии два милиона луѓе се распоредени на територија со големина на софиската област плус Перник. ГЕРБ помогна да се стави вето, а Народното собрание го поддржа со ‘рамковната позиција’.

Што навистина сакаат Бугарите од Македонците? Што е тоа што ЕУ не го ‘разбра’ веќе три години?

Според ‘рамковната позиција’, Бугарите сакаат од Македонците: да ги сменат имињата на неколку стотици улици; да се отстранат спомен-плочите; да признаат дека биле Бугари до 1944 година, кога Македонците биле направени од југословенските комунисти; да спроведат лустрација (која самата Бугарија ја нема спроведено); а во случаите кога во пишаните документи се споменува ‘македонски јазик’, во фуснота да објаснат дека тоа е дијалектна форма на бугарскиот јазик.

Нема земја во светот која официјално прифаќа дека нема народ на нејзината територија, дека нема историја и дека нема ни јазик. Не постои таква држава, бидејќи не може ни да има. Затоа, нема шанси државата Северна Македонија некогаш да се потчини на бугарската ‘рамковна позиција’.

За работите да бидат уште поматни, бугарската позиција постојано се менува. Од Софија кон Скопје постојано се слеваат нови барања, неевидентирани ниту во ‘рамковната позиција’ ниту во бугарско-македонскиот договор од 2017 година. Во последната година од владеењето на ГЕРБ-ВМРО, на пример, бугарскиот министер за надворешни работи бараше Македонците да престанат да го уважуваат Тито. Потоа дојдоа преодните влади, кои поставија уште еден услов: бугарското малцинство да биде вклучено во македонскиот устав.

Кој може да ѝ верува на земја која постојано ги менува своите барања од друга земја? Овде имаме монструозна когнитивна дисонанца: диктаторите, како што е Владимир Путин, ги зголемуваат барањата; Бугарија е демократска држава, членка на ЕУ, но го демонстрира истото однесување.

И тогаш се прашуваме зошто нашите европски партнери гледаат на нас со таков ужас…

За Бугарија нема излез од оваа ситуација – не во рамките на цивилизираните меѓународни односи. Сите бугарски политичари знаат дека нема излез. Но, се прават дека не знаат – едни за да ја хистеризираат ситуацијата и да добијат гласови, а други – за да не се разбудат со лути толпи под нивните прозорци.

Втурнувајќи се во ќорсокак за ‘македонското прашање’, оставени без ниту еден надворешен сојузник, Бугарите станаа нервозни и почнаа да се навредуваат еден со друг. Вака на нас делува отровот што ни беше вбризган во телото со ветото и со ‘рамковната позиција’. Меѓутоа, овој отров има уште една, поважна димензија. Ветото и ‘позицијата’ ја разбрануваа таа смрдлива кал што секој народ ја носи на дното од својата душа. Монструозни мисли и расположенија излегоа од оваа кал. Ветото и ‘позицијата’ се директно одговорни за наглиот раст, во Бугарија, на антиевропските чувства, според кои ЕУ е непријател, бидејќи не ја поддржува за македонското прашање. Но, ако ЕУ е непријател, кој е пријател? Русија, се разбира.

Отровот на ветото продолжува да се шири низ бугарското општество и покрај војната меѓу цивилизацијата и дивјаштвото што беснее недалеку од нас. На страната на руското дивјаштво се редат премногу бугарски граѓани и бугарски државници со души извалкани од вето и ‘позиција’. И ова е веќе ризик за националната безбедност.

Бугарите и никој друг не трпат од бугарската ‘позиција’ за македонското прашање. И тие ќе страдаат сè повеќе и повеќе. За да ги спасиме нашите души, мора да најдеме начин да го отстраниме ова лудо вето. Бидејќи две години никој во ЕУ не го поддржува, значи никогаш нема да го поддржи. Само се отрувме, а сега се обидуваме да ги донесеме и другите 26 земји-членки на ЕУ, Македонците, Американците и кој и да е виновен – освен Путин, се разбира, кој е единствениот што го интересира оваа каша.

Ветото и ‘рамковната позиција’ се тумор кој нè убива нас, а не Македонците. За да преживееме, императив е да си наметнеме радикален третман: да најдеме начин да го укинеме ветото без да извршиме проруски пуч; отфрлање на ‘рамковната позиција’; и долг последователен третман на јавното тело“, пишува Дајнов во својата колумна за бугарски „Дневник“.

https://www.expres.mk/bugarski-politolog-nashata-pozicija-za-makedonskoto-prashanje-e-tumor-shto-ne-ubiva-nas-ne-makedoncite/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Jул 16 2022, 11:39

Датум за достоинство

Колумна на Катерина Блажевска

Лицемерно е што европски функционери сега ја посетуваат македонската престолнина и не убедуваат дека македонскиот јазик и идентитет ќе бидат заштитени во ЕУ. Тие нешта требаше да ги докажат со документите во преговарачкиот пакет. Нам не ни требаат индивидуални функционерски ветувања, туку конзистентен европски однос кој извира од сржта на прокламираната политика и вредностите на ЕУ.

Ако сите земји во Унијата процесот на пристапување го поминале на начин кој во никаква смисла не го тангирал нивниот идентитет, правото на самопределување,  јазик, историја и култура, зошто Македонија би била исклучок од тоа? Европските челници се растрчани да не убедат дека ништо од сето тоа не е, и нема да биде доведено во прашање.

Но ако е така, зошто, на пример, дозволуваат земја членка на ЕУ  со унилатерална изјава да го реферира нејзиниот однос кон нашиот јазик? Тоа е првиот аларм дека ЕУ доволува опасни преседани и инциденти, кои веќе утре би можеле да имаат големи реперкусии врз стабилноста и единството.

Не бараме ништо повеќе, ама и ништо помалку од стартните позиции кои ги имале и други земји кандидати. Вака излегува дека тоа што ЕУ го рекламира во “излогот” не се совпаѓа со она што го нуди во “продавницата” во односот кон нас. Еднаквиот третман треба да биде отсликан и гарантиран со преговарачката рамка, а не со вербални изјави.

Урсула фон дер Лајен денеска е на чело на ЕК, но утре нема биде. Не се облигаторни нејзините зборови, туку процедурите во ЕУ. Иако има и одредени индивидуални специфики во условите за кандидатките што почнуваат пристапни преговори, не може да се најде пример во кој една земја била изложена на еден вид “идентитетски преглед”, како што е тоа во случајот со Македонија. Се разбира, сето тоа е  вербално спакувано со фрази кои треба да ги затскријат таквите намери, лукаво инсталирани од нашиот сосед, а со дозвола на ЕУ.

Почеток на преговори со одложено и условено вето (прво Бугарите во Уставот) после се друго, не само што нема да не доведе до реални преговори, туку ќе ја засили внатрешната фрагментација во земјава, а потенцијалот за подобрување на односите со Бугарија ќе го сведе на нула. И Хрватска е членка на ЕУ,  ама не не условува со впишување на Хрватите во Уставот, бидејќи е јасно дека тоа е чин кој ќе се случи по сила на пријателски односи и соработка, а не по сила на уцени од позиција на моќ. Во тоа е разликата.

Не верувам дека во ЕУ се слепи за овој факт, но впечаток е дека напорите да помине францускиот предлог имаат еден себичен мотив: формално да штиклираат “успех” во ветувањето за проширување. Тоа што успехот ќе биде килав, само им гарантира дека ќе поминат многу, многу години, пред реално проширување со нови членки. Споровите кои се вградени во процесот на преговарање се клучна гаранција дека ние како “нови клинци” ќе имаме неограничен престој во вежбалната на европското преддворје. И волкот сит, и овците на број.

Второ, ЕУ (ин)директно овозможува темата “Македонија” најмалку во следните десет години да биде изборна коска за глодање на сите бугарски елити кои ќе се борат за власт. Трофејот ќе го добиваат оние со најостра реторика и лупа за исполнувањето на бугарските услови. Ќе доведе ли тоа до подобрување на билатералните односи или до уште поголемо деградирање?

Нема да ми биде жал, ако бидеме блокирани, на пример, заради отсуство или несоодветна битка со криминалот и корупцијата, бидејќи тоа е круцијално важно за нашето општество. Но, до тие теми практично нема ни да стигнеме, бидејќи целата енергија и внимание примарно ќе бидат насочени кон алиментирање на бугарски барања – за минатото, а не во исполнување на  критериуми – за европска иднина.

Јасни ми се и мотивите на домашните власти – да стават крај на 17-годишното чмаење со кандидатско пусулче и да го одбележат тоа како историски чин. И навистина ќе биде историски – ама со позитивен или негативен предзнак? Тие 17 години не се наш срам, туку резултат на незаинтересираноста на ЕУ. Следните години, пак, доминантно ќе бидат обоени со бугарски “стандарди” во процесот на европеизација, доколку ние  го прифатиме тоа трчајќи заслепени по безалтернативната ЕУ, која нам не ни овозможи можност за достоен почеток на преговори.

Уште сега од  Бугарија почнаа да фрчат ноти за говор на омраза и поуки до нашите власти како да третираат историски личности, а замислете како би било “потоа” .

“Излажи ме еднаш – срам да ти е. Излажи ме втор пат – срам да ми е”.

Ова е време кога треба да бидеме крајно внимателни. По Договорот од Преспа, Македонија требаше да почне преговори буквално на црвен килим. Се сеќавате ли колкава армија гости дојде за да ни ветат отворена врата за ЕУ, за по 4 години да добиеме нешто налик на бугарски калауз, а не европски клуч. Каде се тие политичари денес?

Меркел во пензија, Могерини и друштвото којзнае каде… А кога ќе дојде првата бугарска “кривина”, и Урсула можеби ќе биде во пензија, а нејзините зборови  “одвеани од виорот”. Само условите во рамката ќе останат, заедно со оние спорните.

Зошто Макрон денес не потсетува на храброста на Заев за Преспанскиот? Затоа што очигледно дека се очекуваат концесии само од наша страна. Да не е малку многу?

И затоа ова навистина е историски чин  – ќе покажеме ли еднаш достоинство и стоп за изживувањето со Македонија или ќе дадеме нова виза за тоа, по цена на еден условен почеток на агониски преговори. Одговорноста и за едната и за другата одлука е голема. Соодветно, и гордоста и срамот.

https://prizma.mk/kolumni/datum-za-dostoinstvo/


Мој коментар. Се надевам дека сега нема и Катерина Блажевска да ја прогласите за антиевропска затоа што не ги подржува Али Ахмети и Димитар Ковачевски, најголемите европјани според вас во Македонија. Од етничките заедници најевропска е албанската, затоа што неподелена го поддржува францускиот предлог и сите други антимакедонски договори.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Jул 16 2022, 15:00

Само затни го носот и проголтај!

Од Александар Русјаков

САД ги тргаат санкциите кон Русија за увоз на пченица. Мора нешто да се јаде. И не само тоа. Во иднина ќе увезуваат ѓубрива, храна, семиња, лекови. За патот на пченицата се договараа Русија, Украина, Турција и Обединетите нации. Европската Унија никој ништо не ја праша. Ама не вознемирувај се, драга ЕУ! Сеедно што ве третираат за крајно небитни. Само затнете нос и проголтајте! Тоа е цивилизирано.

„Рено“ пријави огромни загуби поради санкциите кон Русија. Ништо страшно. Ако нема „рено“, ќе се возат Французите со „убер“. Макрон е тука да помогне. Е сега, велат ова е страшен удар за француската економија, но ќе затнете нос и ќе проголтате. Патем, Германија пријави дефицит. Еврото и доларот речиси се изедначија. Русија има суфицит од седумдесет милијарди евра. Санкциите кон Москва очигледно ѝ одговараат на Русија, а катастрофално влијаат на западната економија. Ама ќе затнете нос, ќе проголтате!
Падна Владата во Италија. Наскоро ќе падне и Владата на Холандија, а големи се шансите тоа да се случи и во Германија и во Франција. Влади поддржани од елитата на ЕУ. Не паничете, сеедно што бродот тоне. Треба само да затнете носевите и да голтате.

Потпишувањето на француско-бугарскиот нацистички предлог од страна на шовинистичката антимакедонска СДСМ и албанските партии ќе биде голем и среќен ден за нас македонистите и евроскептиците. Како прво, овој наципредлог става рамка/јамка околу врат од која Македонија нема да може да мрдне во натамошните евроинтеграции, а тоа значи дека ќе мора да ги прифати сите психопатски барања на бугарската политика заглавена во империјално нацистичко зомби и желбите на нивните нациспонзори од ЕУ. А бидејќи седумдесет проценти од граѓаните на Македонија, пред сè мнозинството Македонци кажаа дека никогаш нема да се согласат со тоа, ниту една следна влада нема да ја прифати кретенската рамка за натамошни евроинтеграции што значи, збогум ЕУ засекогаш! Како второ, по изгласувањето, СДСМ засекогаш заминува на буништето од историјата. Ај што резултатите од следните избори ќе им бидат катастрофални, ама големи се шансите македонското крило во оваа партија да создаде нов политички субјект, кој, секако, дополнително ќе стави камен околу вратот на сегашниве сдсмјани и така ќе им помогне да се удават. При давење, затнете нос и не голтајте вода, ама пак овие од ЕУ ве дресираат да голтате.
Значи потпишувањето на нацистичкиот француско-бугарски предлог, ем ќе го згасне СДСМ ем ќе нè тргне од погрешниот пат кон полураспаднатата лицемерна ЕУ. Тоа, пак, ќе отвори можност за укинување на окупаторскиот субјект Нордистан, враќање на идентитетот Македонија, односно спроведување македонска денацификација по божја промисла. Ќе ни овозможи да се свртиме кон остатокот од светот, односно оние две третини од планетата што досега не ја сметавме за меѓународна заедница. Знам дека ЕУ-фундаменталистите што сега се чувствуваат моќни, оти оние од Брисел ги мавтосуваат со некаква поддршка, многу скоро ќе паднат во хистеричен очај, па затоа и морам да ги утешам со еден цивилизиран совет. Само затнете носот и ќе проголтате.
Никогаш не сум можел да гледам и да слушам како жена прави будала од себе. На маж некако и му доликува. Урсула фон дер Лејен го направи токму тоа. Знам дека не ѝ е гајле, ама мене ме боли, оти ја навредува женственоста, а тогаш поетот во мене страда. Урсула кажа што кажа, па излегоа личности од западната интелектуална елита и в лице ѝ рекоа дека ги лаже Македонците. На тоа се надоврзаа Бугарите. Ѝ порачаа на Урсула дека поим немаат што она дроби во Скопје и кој е тој француски предлог што таа го цитира, оти во нивниот различно пишува. Јас не знам што да ѝ кажам, освен, издржи, драга моја, само затни го носот и голтај!

Во ред, знам дека ќе бидам бележан како путинист што шири руско влијание, рубља-патриот под контрола на Кремљ, чие срце е во Москва и Санкт Петербург (всушност во Ростов е, покрај езерото Неро), ама баш ми е гајле. Варваринот што стана империјалист, а потоа и нацист, секако мисли дека македонизмот е руска заебанција бидејќи му е коска во грло веќе век и половина (велам само век и половина, иако македонизмот е илјадници години стар, оти западнион евроварваризам е практично од вчера), па затоа и се намерачил да го уништи, иако, исто како во 1913 и 1941 година, нема да му успее.

А кога веќе го споменав Путин… јас не го разбирам тој човек. Па добро, како успева секаде да стигне? Ене го, со месеци води војна во Украина, а колку што знам, војна не е играчка. Ќе си рече човек, водиш сериозна војна, со оружје, со војска, со многу мртви и тоа е тоа. Ама не, Вова запнал да прави срања низ Европа. А-ха, ги крена земјоделците во Холандија. Само затоа што холандската „цивилизирана“ влада сака да ги исели од нивните огништа и таму да насели мигранти. Ама злобниот Путин ги крена холандските фармери и тие сега ѕверски ја напаѓаат полицијата, која најнежно пука по нив со боева муниција. И не само нив. Крена на нозе и стотина илјади Италијанци да се бунтуваат против Драги и на човекот му падна владата. Сите тие небањати Холанѓани и Италијанци се пријатели на Путин. Како знаеме? Па Борел ни кажа, а штом тој отвори уста само вистина тече од неа.

Ама Путин не запира. Му смисли оргии среде коронавирус на Борис Џонсон. Неговите дилери подметнаа некаква „дрога за секс“ на журката кај кутриот Шолц. Сега и на Макрон му подметна „убер“ во политичкиот сообраќај. Гаден подметнувач е тој Путин. На Бајден му подметна сенилност, ама најмногу сака да му подметнува на Нордистан.
Најпрво организираше протести, а потоа, како што кажа Стево, уфрли свои луѓе за да ја подметнат онаа дрога за силување во француската еротика. Јас во почеток не верував додека пред некој ден не тргнав на протест. Почувствува како нозете чудно ми се движат. Еј, си реков, го играм „тешкото“. Ама нозете некако брзо ми се мрдаа. Или можеби терам шота, си додадов. Пет минути подоцна ме освести еден сосед. Комшија, зошто играш казачок, ме запраша. Фатив да се бунам, ама веднаш сфатив дека се расфрлам со падежи… руски падежи. Одма ми се припи вотка. На протестот веќе се чувствував како Алексеј Каренин, па се фатив себе како трчам накај железничката станица дерејќи се „Ана… немој Ана, не се фрлај под воз, драга! Тој воз оди за Москва, ако веќе се фрлаш, џитни се под возот за ЕУ. Ана, љубов моја, знам дека животот без ЕУ е срање, ама само треба да затнеш носот и да проголташ.“

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/samo-zatni-go-nosot-i-progoltaj/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Jул 21 2022, 21:39

Камиказа: Татко ми од Егејска Македонија на 95 години ми рече да ви ги поставам овие прашања

Петар Георгиевски – Камиказа сподели неколку прашања од неговиот 95-годишен татко од Егејска Македонија:

1. На кој јазик е напишан абецедарот ???
2. Ако во Лерин, Воден, Кукуш 1925 година живееле Бугари, зошто Грците би се мачеле да пишуваат нов буквар и латинска абецеда, кога 1925 година веќе имало имало готови испечатени бугарски буквари со кодифицирана азбука и јазик.
З. Зошто во Абецедарот буквите иако пишани на латиница се скоро исти како денешната македонска кирилица, а многу поразлични од бугарската кирилица ???
4. Ако тамошното население зборува различен јазик од бугарскиот, КАКО СЕ ВИКА ТОЈ ЈАЗИК, бидејќи македонскиот нели го измисли Тито 1944 година, односно 20 години покасно од букварот.
5. Ако населението во Вардарска Македонија, комунистите и Коминтерната го натераа да не се чуствуваат Бугари, зошто моите дедовци и баби кои никогаш не живеа во Југославија, туку во Грција, СССР, Канада, Австралија, САД, Германија, Шведска, дури и во Софија, секогаш велеа дека се македонци и зборуваат македонски. КОЈ НИВ ГИ ИЗЛАЖА ???
6. Ако и покрај се и ние МАКЕДОНЦИТЕ од Егејска Македонија сепак сме Бугари, зошто не побарате од Вашите грчки сојузници во ЕУ. Да ни ги вратат имотите, а на тие кои се уште живеат таму да им се признае правото на малцинство и училишта на мајчин јазик ????
7. Зошто во текот на граѓанската војна во Грција не им помогнавте на моите баби и дедовци и сите борци на ДАГ, како на сонародници кои се бореа за Македонија.
8. Зошто најголем дел од децата бегалци од Егејска Македонија, иако беа раселени низ Полска, Чехословакија, Романија, Унгарија, СССР, решија да се вратат во Република Македонија, а не во мајка Б’лгарија.
A!!!

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Jул 22 2022, 20:10

Колемишевски: „Протоколот ќе доведе до сталинистичка диктатура и пробугарски прогон на бранителите на македонштината!

„Текстот на бугарскиот протокол е бугарски ултиматум да им се затвори устата на Македонците. Да не може ништо да кажат за Бугарија и бугарските власти без оглед колку тие ќе бидат упорни, некултурни и дрски во непризнавањето на идентитетот, историјата, јазикот и писмото на македонскиот народ.“ – вели новинарот Панде Колемишевски во својата колумна со наслов „Македонските козји уши“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Покрај другото, Колемишевски пишува: „На виделина излегоа сите преговарани тајни и сите дотогашни лаги дека не се преговара за идентитетот, историјата и јазикот. Тоа била главната оска околу што се вртел нерешениот спор. Сите објавени документи го покажуваат тој факт. Загрижува и фактот, што македонските власти прифатиле такви ултимативни обврски и дале ветување дека ќе се претворат во стражари на зборот.“

„Во согласност со протоколот, еден дел од Министерството за надворешни работи ќе се трансформира во доушничка организација што ќе ги лови поекстремните евроскептици и бранители на македонизмот и ќе ги пријавува до надлежните органи, односно до полицијата и до судовите. Таквите слики не се европски, нив сме ги читале во книгите и гледале во филмовите за Сталин и сталинизмот.“

„Во таква ситуација постои опасност секој што ќе каже лош збор за нашиот напредок во ЕУ или за Бугарија да биде ставан на столбот на срамот, да плаќа глоби или да лежи затвор, во најтежок случај. Избран е пат, што води кон цензура, која е забранета според Уставот на ‘северна’. Следствено, цензурата води кон диктатура. Може да стане реалност во државата да дојдат тешки денови за бранителите на македонштината.“

„Не е далеку денот кога на многу угледни Македонци (само Македонци и Македонки, не други) ќе им се уриваат научниот авторитет и професионален и личен дигнитет, ќе се уриваат цели институции, кои ќе имаат различни гледишта од Министерството за надворешни работи или од некој друг самоповикан и законски неовластен орган.
Тој процес е почнат преку критики упатени на името и пишувањата на претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, и преку други личности. Процесот е почнат, сите сигнали укажуваат дека ќе се шири и ќе станува се пожесток.“

„Специјални тајни комисии, надвор од Устав и закони, пикнати во некои темни и зачадени простории, ќе следат весници, радија, телевизии, портали, театри, издавачки куќи и ќе бележат од А до Ш што е изговорено и што е напишано. Ќе читаат и одобруваат, или ќе забрануваат магистерски и докторски трудови, учебници, алманаси, дури и маркетинг-летоци. Врз основа на искуството, претпоставувам дека голем број лица, не по партиска линија, ќе бидат прислушувани, следени и ставани во затвор за наводен или злоупотребен говор на омраза.“

https://www.expres.mk/kolemishevski-protokolot-kje-dovede-do-diktatura-kako-vo-stalinizmot-i-probugarski-progon-na-branitelite-na-makedonshtinata/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Jул 23 2022, 18:20

Не диши, сине, Русите подметнуваат влијание во воздухот!

Од Александар Русјаков


СДСМ и ДУИ одржаа меѓувладина конференција со Европската Унија.
СДСМ и ДУИ ги започнаа пристапните преговори со Европската Унија.
СДСМ и ДУИ станаа членки на Европската Унија… ќе станат членки во 2030 година. Фак! Фак! Фак! И со големи букви ФАК!
Мора ли, побогу, да биде 2030? Дај бе, ЕУ, не заебавај! Направи мала отстапка. Прими ги СДСМ и ДУИ во својата прегратка. Интегрирај ги! Нека се дезинтегрираат од Македонија. Засекогаш. Па не бараме многу. Зарем СДСМ и ДУИ не го заслужуваат тоа? И нивните поддржувачи, секако. Не бараме цела Македонија да ја интегрирате. Само СДСМ, ДУИ, нивната интелектуална бижутерија, фактчекерите, оние што пукаа од стоковната куќа „Мост“, дечкине од „Нема правда, ИМА грант“ и стотина други. Земете ги кај себе! Имаат европски вредности, редовно се бањаат, идентитетот им е бетон, Нордистан им ги плаќа сметките, ако треба, знаат да затнат нос и да голтаат. Ајде, бе, ЕУ, прими ги веднаш кај себе, биди права сексапил лејди, а не како што велат небањативе, вавилонска блудница. Колку само добро ќе звучи! Бујар и Таче, како Цветковиќ и Мачек, станаа полноправни членови на ЕУ.
Навистина, Европската Унија веднаш треба да ги прими СДСМ и ДУИ, нивните поддржувачи и интелектуалци. Па ако Украина онака детериторијализирана започнува преговори, може и нордистанциве без територија да бидат примени во ЕУ. И онака сè ќе прифатат. Дека Македонија е грчка, а Македонците се Бугари. Дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, а ние тука зборуваме нордистански јазик што потекнува од кивањето на Аспарух, ама кодифициран е од Милка Планинц. Дека македонската нација е измислена, од ракав ја извади Тито, едно утро, уште мамурен, дури јадеше салата „Маседуан“ со Софија Лорен и Елизабет Тејлор, па да се направи важен ги праша „Сакате да ви измислам нација?“
Патем, Европската Унија не е свесна какви нестварни придобивки ќе има ако ги прими кај себе нашиве нордистанци. Само треба да ги интегрираат на власт низ Европа и веќе никогаш нема да имаат проблеми. На пример, веднаш ќе добијат 100.000 километри најмодерни патишта низ Европа, а градежните компании со прст нема да мрднат. Доколку ЕУ се соочи со тешка криза, да речеме, снема пченица или некој лек, тука се нашиве. Веднаш ќе им се јават на британските тајни служби. Ако тие не помогнат, тука е Вучиќ.

Нордистанциве можат да бидат и коректори на ЕУ. Каде што бирократијата ќе згреши, нашиве ќе исправаат. Како сега што се случи. ЕУ извади различни документи. За Албанија пишува дека започнала пристапни преговори, ама за Нордистан не го пишува истото. Нордистан не почнал никакви преговори. Тоа пишува. Е не може така, другари брисељаци! Рекоа ли Ковачевски, Османи и Маричиќ дека Нордистан започнал пристапни преговори со ЕУ? Рекоа. Си направија ли „селфи“ во авион? Си направија. Е па, што трескаат овие од ЕУ? Ако нашиве рекле сме почнале преговори, па уште се фотнале во авион, тоа е тоа.
Или дијалектичкиот хаос што владее низ Европа. Нашиве се експерти и за такви проблеми. Сигурно многумина се прашуваат, чиј дијалект е исландскиот јазик? Дали е севернодански или западеншведски? Да ги интегрира ЕУ кај себе СДСМ и ДУИ, нема да има вакви недоумници. За миг нашиве ќе пресечат: исландскиот јазик е севернојужен лапонски дијалект, а своите корени ги влече од ескимскобугарскиот јазик на прапингвините. Наука е наука, посебно географската дијалектика, која е во подем кај нас.
Ама Русјаков, Исланд не е во ЕУ.
И нема да биде додека не се соочат со вистината дека Бјорк е бугарска револуционерка.
Не ви е смешно? И мене не ми е, ама не можам да си ја најдам нервозата по дома, не знам кај сум ја затурил, а баш би сакал онака прописно да се изнервирам поради злосторствата што ни се случуваат. Ама веќе не можам да ги пофатам идиотштиниве и велепредавствата. Искрено да ви кажам, глупо ми е да се нервирам, оти нема логика. Ова околу нас, во режија на ЕУ и нашава октроирана власт, ај што е апсурдно, ама и за психијатриско набљудување е. Ги гледам, демек сериозни луѓе, големи политичари што си играат висока политика, фатиле да ми кројат дијалектичка мапа на македонскиот јазик, па уште ми објаснуваат, Мисирков вака, границите онака, до тука е мој јазик, а отаде границата… а бе дечки, вие сериозно не сте арни во главите. Нема спас! Па уште се топорат новинари, да ги дообјаснат. Не сте салам сите заедно, тоа е вистината. Ми продавате нацистички срања во 21 век и залудно правите умствени и јазични акробации и манипулации за да го објасните она што не се објаснува. Сите заедно сте нацисти и можете да се носите во три дијалектички мате… Мате Парлов е познат бугарски боксер, кој во левото кроше носеше европски вредности, а со својот аперкат знаеше да ја исцрта дијалектичката мапа на истранските говори, чиј корен Илирите го зеле од севернобугарските…

Ете, си ја најдов нервозата. Сум ја заборавил на закачалка зад врата. Фаќа прашина и руско влијание. А-ха, јас веќе со недели не отворам прозорци. Русите прскаат со влијание. Не може човек чист прозападен воздух да се надише. И да сакаш да затнеш нос и да голташ, гарант некоја подметната руска честичка ќе проголташ. Не диши, сине, Русите подметнуваат влијание во воздухот!
Не бе, ич не сте досадни со муабетите за руско влијание. Јас секое сабајле станувам и правам поздрав на сонц… на Путин.
Пак оној безобразен Путин. Ми се меша меѓу редови. Двојникот на Путин, секако, оти вистинскиот умре, така кажаа Британците. Нормално дека ќе умре кога прочитав еден тон наслови во кои пишува како држава по држава, од оние што го поддржуваа, му забиваат нож во грб. На толку ножеви во грб нормално е човек да искрвави. И сега двојник. Ама и овој двојников изолиран. Може да се шета само низ сто триесет и кусур држави. И тоа држави како Кина, Индија, Иран, цела Африка и Јужна Америка. Па добро, тоа држави ли се? Растат ли таму европски вредности? Ама ЕУ е милостива. Знае дека Путин умре, патем ја губи војната во Украина, народот му страда и гладува поради онолкав суфицит и затоа решија да тргнат дел од санкциите кон Русија. Е па, не е фер да ги остават Русите без гас, нафта, пченица, лекови. Не се они виновни што се Руси. Путин е виновен. И мртвиот и двојникот. Затоа Ердоган го остави да чека 40 секунди. И потоа му заби нож во грб. Па реши да не воведува санкции кон Русија и уште да оди во сојуз со неа. Затоа што е милостив. Како ЕУ. Каде што СДСМ и ДУИ започнаа пристапни преговори. Нека му ја мисли сега Путин!

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/ne-dishi-sine-rusite-podmetnuvaat-vlijanie-vo-vozduhot/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Jул 30 2022, 22:00

Џокси до покојната мајка: Можам да се кажам Македонец интерно, не смеам да кажам Македонија без северна, Егејска ја изгубивме

Потресно писмо на авторот на најизведуваната македонска песна ,,На Велигден сум се заљубил” до својата покојна мајка.

Во писмото до мајка му која починала пред 36 години Џина Папас Џокси алијас Ѓорѓе Васиќ зборува за животните вредности на генерацијата не неговите родители и сегашните вредности.

Потресното писмо до покојните и живите во продолжение

Здраво мамо.

Одамна не сме си напраиле муабет, а како што стојат работиве, многу нешта сум пропуштил да ти кажам. Не е како порано, ама баш, НЕ Е! На секое поле. Ако со тогашните пари си можела да израснеш и школуваш два сина, сега тоа е тешко изводливо. Парите им отидоa во купување оценки и дипломи. Денеска не ни смееш да се пофалиш дека си завршил некоја школа со добра оценка и без врски. Одма те ставаат вo група на луди и недоквакани. Кога ќе ми теткне колку солзи ронев тато да ми поправи единица.

Ние имавме среќа со Ева. Виде девојчето колку е саат и сама си го најде чарето. Сега е на уште повисоко место. Не ти кажувам кое, ќе ти шепнам во сон, ама нам ни ги отвори очите. Ете, секој на свој препознатлив начин вложува во своите деца и тука нема љутиш ако некој се снајде подобро.

Лелеееее, за Македонија да ти кажам. Бадијала приказните за борбата, комитите, партизаните, за Македонија во која ќе се живее слободно и среќно за сите наши поколенија. Дојдовме до тоа дереџе да не смеам да кажам Македонија, туку морам пред тоа Северна. Кажи ѝ на баба на Вардарска се мисли, нашата корија, нашата Егејска ја изгубивме од истиве глумци. Леле лажењеееее. Те гледа во очи и ти вика “ти си глуп народе“, а ти потврдно климаш со главата, “да, да“, само војна да нема. А па за што загинаа толку луѓе за Маекдонија? Е па загинаа најхрабрите, останаа лигушите. Сега можам да се кажам Македонец интерно, онака со Вики, во влез, излезам ли на улица, тешко мене. Ќути-трај. Ако падне нешто од повратен ДДВ, добро, ако не, убоо е, сполај му на Бога.

Ми текна на баба кога барала во Војводина да донесат даскал да ви предава на македонски јазик, па откако поминало цело полугодие, а тој не дошол, со другарка ѝ со камења сол ја направиле милициската станица и побарале да ве вратат во Македонија. Не ми е јасно зошто не побарале во Бугарија?!

Мамо, да не ти бидам досаден, знам дека сакаш повеќе да дознаеш за сите нас, но да оставиме за друг пат и сега би те замолил, да не им кажуваш на баба и дедо да не се превртат, ќе се најде некој јунак, ќе ја опраи работата.

Поздрави го тато, со него не сум направил муабет поодамна. Како и да е, мислам на вас. Ве сакам!

Гина Попова 15.11.1934 – 29.07.1986

https://www.expres.mk/dzhoksi-do-pokojnata-majka-sega-mozham-da-se-kazham-makedonec-interno-ne-smeam-da-kazham-makedonija-bez-severna-za-vardarska-se-misli-egejska-ja-izgubivme/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Jул 30 2022, 22:05

Најдобриот на УКИМ до политичката елита: Не сме заложници на вашата неспособност ние имаме право на наши договори

Најдобриот студент на универзитетот Свети Кирил и Методиј Радован Спиридонов во колумна за Радиото Слободна Европа со став за ситауцијата во Македонија и договорите што во последните 20 години ги потпишува македонската политика елита.

Како скорешено дипломиран политиколог би сакал да ви порачам: Ние не сме заложници на вашите неспособности! Ние сме нова генерација која има право на свои договори, во духот на европското заедништво…

Автор на колумната – Радован Спиридонов, политиколог

Разбирајќи ја Македонија како земја која претставува спој на сите луѓе, култури и вредности кои делуваат во неа, потпирајќи се на идејно-политичката основа на ВМРО, и нагласувајќи ги заложбите за слободарска Република установена на АСНОМ, како млад политиколог би ги предал своите предци и наследници доколку не проговорам за опасниот национализам затскиен зад европско знаме.

Никој нема право да го менува и оспорува правото на граѓаните на личен и заеднички идентитет – темел на европската култура. Наша задача е да ги откриме и развиваме сите можности за развој на македонската држава. Нашата политичка стратегија мора да биде изградена на принципите – човечност и праведност.

Расправата за природата на балканските националистички политики е неопходен првичен чекор кон нашето разбирање зошто всушност горенапишаното е невозможно да се оствари, барем не‘ од сегашната политичка елита. Германскиот академик Холм Зундхаузен напоменува дека само „заедничката игра на манипулација од елитите и несигурноста на масата му ја дава на национализмот неговата лудост и експлозивна моќ“. Најпосле ќе заклучи дека „политичарите, интелектуалците и новинарите се неговите вистински протагонисти“.

Ваквото научно согледување на национализмот во ХХ век го наведува филозофот Карл Попер да заклучи дека оваа идеологија е ,,побуна против разумот и отвореното општество. Национализмот се обраќа на нашите племенски пориви, се обраќа на страстите и предрасудите, на нашата носталгична желба да се ослободиме од тежината на личната одговорност и да ја замениме со групна одговорност“.

Следствено на тоа, со право можеме да ги опишеме како погубни и назадни чинители во општеството, доколку сакаме да останеме верни на определбата за демократизација на балканските држави и нивна интеграција во семејството на европските народи.

Сиот овој занос го имаше својот завшен чин во серијата шовинистички политики насочени кон македонската самобитност и нејзината определба за слободна република. Секако, ваквите сентименти влечат корени во богатото, но сложено минато на нашиот простор.

Доколку прашате било кој туристички водич од балканските земји тој или таа ќе ви кажат дека секогаш се принудени да кратат и кратат од приказната која се продава. Едноставно на Балканот има премногу историја, па и културна заоставштина за да се свари. Искрено ги разбирам странците добронамерници.

И ние самите биваме впрегнати во бескрајниот шир на илјадагодишна цивилизација која е под нашите нозе. Кога европскиот Запад или Исток граделе нови-класични градби во 19 век, ние сме ги откривале нашите од пред илјадници години. Секако богато и вредно наследсво. Но, исто така и тежи. Тежи на плеќите на секое поколение.

И покрај сето ова богатство, нашите предци не беа доволно умешни во создавање на култура на отворени општества и размена на идеи.

Што е исходот?

Денес, како и речиси секогаш во минатото Македонија е во вителот на бурата предизвикана од неразбирање на сложеноста на нашето споделено минато. Кусогледи политичари, недоучени општественици, сомнителни професори софистички пропагираа потпишување на договори со соседите кои не решаваат ништо туку само дополнително ја засилуваат напнатоста.

Првин, не втурнаа во проблематичкиот Охридски договор кој по својата природа ни намена сегрегација и поделност меѓу Македонците и Албанците. Граѓанската држава заедно со идеалите на отвореното општеството беа џитнати на дното на езерото. Ги замени трибализмот на партиските главатари. Богатата историја на соживот со меѓусебно уважување во Македонија дава основа и право тоа да се сочува и надгради. Потребно е силна одважност и презир кон сите кои ги злоупотребуваат разликите, на тој начин затскривајќи ја сопствената немоќ да понудат успешни решенија за заедничка и прогресивна иднина. Надградба на духот на Крушевскиот манифест, како граѓански повик за заедништво и борба за остварување на подобро општество, е новиот македонски манифест за просперитетна Македонија дел од прогресивниот свет.
Потем, огромната служувалка на македонско-грчките односи беше речиси прекуноќ протуркана на соседното Преспанско езеро. Уште еден скандалозен договор кој не реши ништо, освен што дополнително не подели како држава и за долги години ја оштети довербата и пријателството со блискиот народ на Хелада. За жал, последните години се забележува значително намалување на поддршката за евро-интеграцијата кај македонските граѓани, како плод на ваквите практики на домашните политичари. Наша визија се и добрососедските односи базирани на взаемно почитување и соработка, како и еднаквост во правата и обврските.

Најпосле, како врв на кусогледоста потклекнавме пред шовинистички условувања на грст софиски политичари. Македонија е така добро покритие за вашите коруптивни дејанија. Искрено и вие би играле на таа финта. Признајте? Задача и цел на државата е максимално да ги вложи своите институционални капацитети и алатки во функција на поттикнување, помагање, унапредување и развивање на семакедонски анти-шовиниситички фронт кој ќе се спротивстави на анахрони бугарски политики.

Нашиот политички врв е должен ги застапува и штити македонските државни и национални интереси, негувајќи ги европските и универзалните хуманистички вредности. Ваквиот идентетски нихилизам не е само македонски проблем, туку опасен преседан за целиот континтент.

Авторот на колумната, Методија Стојчески, Младински сојуз Крушево
ВИДЕТЕ И ОВА:
Дали навистина со младинска соработка може да се надминат билатералните спорови?
Како скоршено дипломиран политиколог би сакал да ви порачам: Ние не сме заложници на вашите неспоособности! Ние сме нова генерација која има право на свои договори, во духот на европското заедништво. Новата генерација општественици од сите овие земји не ви должи ништо. Нашиот долг е пред се‘ кон слободарските вредности зас кои застанаа нашите предци после Втората светска војна, денес отелотворени во идеите на Европската унија.

И да, знајте дека кога ќе дојде нашето време ќе дојде и до смена на сите овие примитивни и шовинистички договори. Бидејќи никому… освен на олигархиските клики… не се од корист. Најпосле, ни бирократски Брисел не ни е потребен за аминување. Неретко и нивните властодржци застрануваат од идеалите на кои се заколнале.

Ние во преден план мораме да го поставиме човекот т.е индивидуата односно граѓанинот како носител на суверенитетот. Со тоа ќе ги срушиме бариерите помеѓу нас кои нѐ држат во состојба да живееме едни покрај други наместо едни со други.

Можеби ви звучи како фантазија, но ве поттикнувам да размислите во следнава насока. Новата генерација македонски, грчки, бугарски општественици има должност да ги исправи вашите грешки. Во духот на европските слободарски идеи и посветеноста кон отвоени општества можни се многу многу подобри договори. Можно е подобро соседство. Можен е европски Балкан. Сите ние имаме премали разлики споредено со работите кои нѐ обединуваат. Убавината на заедничкиот европски патриотизам е работите кои нѐ раздвојуваат да ги оставиме на страна, а да размислуваме за тоа што нѐ обединува – тоа е напредокот на секој еден човек!
Да! Можете доколку имате храброст да дејствувате.

https://www.expres.mk/najdobriot-na-ukim-do-politichkata-elita-ne-sme-zalozhnici-na-vashata-nesposobnost-nie-imame-pravo-na-nashi-dogovori/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Пет Aвг 05 2022, 13:08

Просјачка сага

Мојот став према него стои.Ама бе другар нели беше министер за здравство дел од влада колку години таму незнам. Оти не потегнна заштравување на некои работи, пример во министерството за труд и социјала и центрите за социјални работи, кои се претворени во дувло
за вработување на партиски пацови. Пример е вработена особа со туристички менаџмент, во центар за социјални работи. Да не е жално ќе е смешно.

На темата....се што пишавте сме на иста должина.
Трето, да се оформат заеднички мобилни екипи на центрите за социјална грижа и полицијата кои секој ден, буквално секој ден, ќе отидат на секој еден семафор, ќе ги земат со нив питачите, ќе ги однесат во специјален центар за питачи во кои би требало да има народна кујна за да се нахранат, да се искапат, да бидат прегледани од доктор, а потоа децата да бидат привремено одземени од родителите и да бидат доверени во специјални установи за деца без родителска грижа сѐ додека родителите не бидат целосно социјализирани, едуцирани и оспособени за работа.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Aвг 14 2022, 11:09

Уапсен психопат што отвори културен клуб „Борис Пастернак“

Морам да споделам. Знам дека многумина од вас го прочитале, ама има и такви што првпат ќе го чујат. А и посилно е од мене. Еве го вицот! Германија, разговараат татко и син. „Тато, зошто толку многу студи?“ „Војна е, сине“. „Некој нè нападнал, тато?“ „Не, сине, Русија ја нападна Украина“. „Па, зошто тогаш студи, тато?“ „Затоа што ние ѝ воведовме санкции на Русија“. „А зошто ѝ воведовме санкции?“, прашува детето. „За да им биде неубаво на Русите“, одговара мудро родителот. Детето неколку мига размислува. „Тато, ние сме Русите?“, го затвора малиот овој, сега засега, симболичен разговор.
Се извинувам, читателе, ако вицот не те расположи. Му се извинувам и на Министерството за култура. Станува збор за црн хумор, а тоа многумина ги фрла во мрачни расположенија и јас сум спремен да понесам одговорност. Се согласувам дека уметноста треба да ја расположи рајата. Да бега од затворот на историјата и да се занимава со иднината, ама никако со дистописка или сајберпанк-иднина, која може да ги вознемири, ем креаторите на секојдневјето, ем народот. Затоа се надевам дека оваа колумна ќе ги испочитува препораките на министерката за култура, која ни дозволи слободно да твориме, ама да внимаваме што пишуваме, снимаме, сликаме.
Досадно е. Нема за што да се пишува. Нема глупости. Владата е на одмор. Нема кој да нè расположи нас, заглавените во Нордистан. Одвреме-навреме нè гаѓаат со некои статистики и тоа е тоа. Како онаа дека нордистанците се најгневен народ во Европа. Има и зошто да се гневат. И јас се гневам. Разни мрсници со нездрав ментален код постојано нешто мрчат. На гадовите им пречи што се отвораат културни клубови. Што сакаат да се отвора, јавни куќи? Така е тоа со неостварени ликови на кои никој не им отворил евроатлантски чакри. И сега им пречи културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Се јавија и Евреите. И нив им пречело. Овој цар да ти бил нацистички соработник. Се молат Евреите да не прават македонски срања, туку да се однесуваат како Европејци и да сфатат дека тоа тогаш биле администратори, а не психопати, монструми и окупатори. Сопствениците на клубот веднаш објаснија дека кај нив нема антисемитизам. Па нормално дека нема, демек јас ако отворам културен клуб „Адолф Хитлер“, веднаш сум антисемит, тоа ли? Глупости! Е, што да отвориме, бе? Културен клуб „Борис Пастернак“? Ненормална работа. Веќе го гледам и насловот. Уапсен рубља-патриот, психопат што помисли да отвори културен клуб „Борис Пастернак“! Доста ни е веќе од фрикови што велат дека културните, чисти, цивилизирани есесовци и гестаповци, кои ширеле европски вредности, се негативната и грда страна на историјата. Не, вие што се палите на Пастернак, Достоевски и слични на нив руски гадови, живеете во затворот на историјата.

И како човек да не биде гневен?
Ама не запираат да мрчат. И за културниот клуб „Цар Фердинанд“ јадат гомна. Што сакате, бе? Да ви ги донесат „Франц Фердинанд“? Не, некои ликови се непоправливи и за нив, што побрзо треба да се отворат малку поинакви културни клубови наречени концлогори. Оти не запираат. Еве, оној гад Русјаков тврди дека отворањето на културниот клуб „Цар Борис“ се коси со препораките на министерката за култура да не се враќаме во затворот на историјата. Демек, цар Борис е историја и тој лик кај некои луѓе, како Евреите на пример, буди мрачно, наместо весело расположение. Прво, препораките на министерката се за оние непрогресивни уметници што сакаат од вирусот македонизам да рашират пандемија, а тоа е говор на омраза спрема цивилизирана Европа. Второ, цар Борис можеби е лик од минатото, ама преку неговите светогледи денес се исцртува блескавата иднина на чистата нордистанска раса, која, за разлика од гнасниот македонизам, не е измислена на некакви меѓународни средби, преку договори и протоколи.

Има многу причини за гнев. Деновиве се спомна оданочување на хонорарците, а такви, вообичаено се уметниците. И веднаш, оние небањати уметници што одбиваат да го расположат народот, фатија да шират манипулации тврдејќи дека даночнава мерка е иста како онаа на Груевски. Е па, да им нацртам. Груевски беше диктатор и неговиот закон нормално е да биде диктаторски. Затоа бунтовниот уметник отворено му се спротивстави и Груевски го повлече законот, а половина од тие уметници ги вработи по театри. Во меѓувреме се смени власта, диктатурата со волшебното стапче на западните амбасадори се претвори во врвна демократија, а уметниците станаа нордистанци. Гледаа како нивни колеги, уметници што не знаат да го расположат народот, а живеат во затворот на историјата, одбиваат да бидат нордистанци, па како терористи завршуваат во притвори. И тоа беше добро, зашто со своето страдање во затвор, тие уметници конечно орасположија некого… своите колеги, уметници нордистанци. И, еве, сега, правдољубивата влада одлучи да ги оданочи хонорарците. Исто како некогаш Груевски, инаетливо ќе рече небањатиот уметник. Како, бе, исто, кретену? Беше ли тогаш диктатура? Беше. Сега е демократија, глуп! Беше ли тогаш Нордистан во НАТО? Не беше. Е па, сега е во НАТО, а тоа значи, ем си нестварно богат, ем си креативен како генерал на високи женски потпетици. Дали тогаш цените рипнаа до небо? Нормално дека не рипнаа, оти тоа беше Македонија, бедна и сиромашна држава во која името не ти ги плаќа сметките, а сега, откако сме нордистанци со бугарско сидро околу врат што нè влече напред кон ЕУ, цените ни станаа како норвешките. Тоа, пак, што Нордистан има цени како Норвешка кажува дека реалноста ни е скандинавска. Значи многу сме богати и убави. И нормално е демократската влада да зема данок од уметници.

Правдољубивиот нордистанец со право се разгневи и на оние злонамерници што го нападнаа Ескобар. Не, не е Пабло, кој на цијашите им беше конкуренција во трговијата со шеќер во прав. Ниту е Андреас, убиениот фудбалски гениј. Не, овој Ескобар е битна фаца во американската влада. Нè нарече северномакедонци. Некои испрдоци кренаа џева. На тоа веднаш реагираа мудреците од филозофската школа „Што тука не е јасно?“ Објаснија дека Ескобар мислел на граѓаните на Нордистан. Тие се северномакедонци. Јас се согласувам со објаснувањето на „што тука не е јасно“ филозофите. Граѓаните на Нордистан се северномакедонци. Посебно оние со здрав ментален код. Се разбира, ова со здравиот ментален код не е мој изум, туку откритие на нашиот научен гениј, граѓанинот на Нордистан, северномакедонецот Мерсел Биљали, човекот што научно докажа постоење на здрава и чиста рас… се извинувам, на здрав и чист ментален код, декодирајќи ги болните метастази на анти ЕУ македонистите.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/uapsen-psihopat-shto-otvori-kulturen-klub-boris-pasternak/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 15 2022, 21:07

Ајдееее кутри Мицко, Оливер Андонов вака да те закопа.

Андонов до Мицкоски: Најголем проблем си ти Христијан, и твоето полтронско опкружување
15:11, август 15, 2022

https://centar.mk/blog/2022/08/15/andonov-do-mitskoski-najgolem-problem-si-ti-hristijan-i-tvoeto-poltronsko-opkruzhuvane/

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Сеп 10 2022, 11:21

Друшво на мртвите политичари

Златко Теодосиевски

Секоја година, веќе со децении, е исто: славиме нешто – не знаеме што: ни сме самостојни, ниту независни, најмалку сме суверени! Сите наши славја се пирови славја, сите наши „победи“ исто така. И секоја година, со ред, говори ни држат истите од Друштвото на мртвите политичари, само во нови костуми, во поинаков амбиент, со други ликови околу нив. Граѓани, или народ, како сакате, сѐ помалку доаѓа на нивните прослави зашто знаат дека овие се одамна мртви, тукашни се но покојни, сегашни се но минати. Само тие не го знаат тоа! Само тие мислат дека нешто важно ни кажуваат, само тие мислат дека ние ги слушаме. Немаме што да чуеме, одамна. Нивното Акционерско друштво „Друштво на мртви политичари“сѐ уште мисли дека господари со нас. Можеби, но не и со иднината, не и со историјата. Тие одамна ги имаат упокоено и – погребано. Маргините на историјата се полни со ликови како нив. Ни биле, ниту можат да бидат. Некој, некогаш, можеби и ќе се сети на нив, но со празно срце, или полно со омраза.

Кај нас, во овие три децении, анонимуси и аутсајдери, уличари и кецароши остареа во Парламентот и сите можни влади и министерства, се испоженија и оформија семејства, и нив ги згрижија а можеби и нивните поколенија…, само државата остана иста. И мртва, како нив. Иако некои велат дека и неа одамна веќе ја нема и дека целата власт е всушност во рацете на Акционерското друштво. Што е најверојатно точно бидејќи вештачки ја оживуваат само за празници како овој. И уште по некој. Или кога доаѓа странски гостин. Тогаш ги развиоруваат на искривени стапови избледените од сонце државни знамиња и ги пеат осакатените химни, секогаш вадејќи по една „неподобна“ строфа. Иако и пеењето им е онака, колку да помине редот. Знаат дека и тие белези се мртви, непотребни, неценети.Кому му требаат државни обележја ако државата – ја нема?! Ако таа е заменета со некакво партократско акционерско друштво викано „Друштво на мртви политичари“, ако секоја будала од тоа Друштво смета дека има право на празници да ни се обраќа како на малоумни мрсулави деца иако токму неговата малоумност просто „штрчи“ на сите страни од говорницата? Едниот се фали дека бил „експерт за продажба“? Па што сега ќе продава, рестловите од државава? Кому, и по која цена? А нас, ќе нѐ купи ли некој или ние да си бараме нова држава?

Друг ни тртља за некаков „голем натпревар“ меѓу државите од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Па со што ние влеговме/влегуваме во тој натпреварт? Со вас, мртвите политичари кои тоа сѐ уште не го знаат, со криминалот и корупцијата што ги инсталиравте во општеството како клучни „политички“ механизми, со непотизмот, неписменоста, партократијата…, со што? Имаат ли претстава овие прегазени од времето политиканти каква беше оваа држава пред триесет години, каква беше оваа култура, каков беше Универзитетот, каква беше Државна болница…? И какви се сега? Тоа што преостана ли го прославуваа(т) вчера, денес, утре? Трет припадник на Друштвото веќе со години – а сега повторно, празнично – нѐ убедува дека суверенитетот е всушност анахронизам, дека сите наши национални понижувања биле – наши победи! Можеби, но тоа е прашање на перцепција кој колку шамари може да истрпи, и до кога? Некои се така „скроени“ што можат да ги плукаат цел живот. Затоа и се во тоа Друштво.

На вакви „празници“ всушност го гледате вистинското Друштво на мртви политичари во нивниот елемент, во акција. Но гледате и нешто друго: дека ние освен Илинден и АСНОМ немаме што да му покажеме на светот. Што ѝ покажаа пред некој ден на претседателката на Словачка? И што денес ќе му покажат на претседателот на Италија? Само еден мртов херој кого по којзнае кој пат го предаваат/препродаваат. Тој ѐ за пример и чествување, но не со нив околу него! На Друштвото на мртвите политичари треба да им се забрани пристапот до неговиот гроб.

Од АСНОМ пак не остана ништо, не смеат ни да го спомнат. Ниту пак нешто сврзано со него. Како онаа табла во Прохор Пчински, го вадат само кога ќе им притреба и повторно го враќаат во подрумот. Мртвите политичари ангажираат мртви историчари кои и малкуте вистински победи ќе ги замаглат, ќе ги препишат и допишат, а нивните споменици ќе ги преправат. Не знаеме кога процесот ќе почне, но ќе почне, сигурно. Тоа ни го навести уште оној член на Друштвото кој уште живее во убедувањето дека со пенкало урнал режим. И сѐ уште го четаат на наша сметка. Малку му беше, сака уште. Ваквите „празници“ и растрчаните членови на Друштвото на мртви политичари се само уште една добра прилика да се потсетиме на зборовите што недостасуваат во Нашата земја. Зборовите што нема да ги чуете од устите на членовите на Друштвото и нивните следбеници: чест, образ, морал, вистина, култура… Тоа се зборови што никогаш нема да ги слушнете во нивните празни празнични говори, тоа се зборовите што недостасуваа(т) сега и тука, вчера и денес, и само низ нивната призма светот ги цени цивилизираните луѓе, па и политичари. Но не политиканти, не мртви политичари прегазени не само од времето туку и од културата, од цивилизацијата, од доброто домашно воспитување, од современиот вокабулар. Во нивните секојдневни политикантски кокодакања не може да се најде современиот, културниот, образованиот поединец. Само мафиите и нивните абоненти и ракоплескачи. Уште помалку може некој нормален денес да има верба во нив. Нивните зборови веќе не се ни црни ниту сиви, тие се тотално безлични, безчесни, безобразни, како и нивните дела. Иако, ни срамот не е нивна силна страна, не кон себеси или семејството, пријателите, сопартијците, туку од она што останало од државата, ако останало нешто, од она што останало од македонската култура, ако и од неа нешто останало!

https://plusinfo.mk/drushvo-na-mrtvite-politichari/
П.С.: Златко Теодосиевски беше државен секретар во министерство во времето кога СДСМ не беше бугарофилска (антимакедонска) партија. Кога немаше деформирана (свиткана) кичма.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Zhane Саб Сеп 10 2022, 11:31

Zatoa sega pisuva protiv SDSM, ne go uhlebilo novoto rakovodstvo.

Zhane

Број на мислења : 177
Join date : 2019-05-26

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Сеп 10 2022, 15:29

Мислиш дека сите откако Заев дојде на чело на СДСМ станаа бугарофили. Весна Бендевска е „ухлебена“ па присуствуваше на протестите на Македонците против бугаризацијата и менување на историјата под политички диктат.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Сеп 17 2022, 09:56

Писателот и сценарист Божидар Божиновски жестоко реагира за најавените вработувања во јавната администрација и на Албанци од дијаспората според вкупниот број на населението, а не според бројот на резиденти во Македонија.

„И ќе вработуваме рамковна дијаспора, која нема ни да знае кај ѝ е работното место дури во земјата има 500.000 што живеат со под 100 денари на ден, ќе толерираме неплаќање на данок и струја, ќе никнуваат фашистички клубови во секој град, ќе нѐ продаваат со јазик, историја, идентитет ко стока само за да останат на власт подолго, да докраде што остана баграта на Заев. Единствени полоши од нив се гнидите кои ги поддржуваат за хонорар, работно место, за некое ветување.

Во криза не се вработуваат уште, секој ден партиска цревна флора, не се прават разни фестивали и не се шетаат 100 души за кои никој не знае ни зошто биле, ни кои се по саеми. Истото го видовме и во кризата со короната, дури народот врзуваше крај со крај, многу фирми затворија, луѓе останаа без работа, а тие купуваа луксузни службени возила за 3,6 милиони евра, Маричиќ гнетеше колку за една фамилија месечно. А околу 90 проценти од тендерите, според Антикорупциска, се сомнителни. Што би рекле гнидиве – срце планина имаше некој. Сега ќе е и полошо, основаат фирми за тендери за јаглен, за трговија со струја, нит ќе се знае кој колку краде нит ќе се види нешто. Откако се 5 години на власт, три години сме во кризна состојба – состојба која им нуди полесно крадење затоа што можат да се заобиколат стандардните процедури.

Сѐ на сѐ, кој е паметен избега пред 20 години. Кому му дојде умот, сега вади документи“, резигнирано констатира битолчанецот познат по духовити коментари на Фејсбук.

https://www.expres.mk/bozhinovski-kje-vrabotuvame-ramkovna-dijaspora-samo-za-da-ostane-na-vlast-i-da-dokrade-bagrata-na-zaev/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Окт 23 2022, 18:54

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Чиј е Со­лун во кој е основано ВМРО: грч­ки или бу­гар­ски?

Де­нес, ве­ро­јат­но нај­го­ле­ми­от број Ма­ке­дон­ци зна­ат зо­што 23 октом­ври е не­ра­бо­тен ден. Но, исто та­ка, ве­ро­јат­но нај­го­ле­ми­от дел од Ма­ке­дон­ци­те не зна­ат ни збор по­ве­ќе за на­ста­нот од праз­ни­кот. Ос­но­ва­чи на ВМРО? Мо­же­би не­кој чул за Хри­сто Та­тар­чев, посебно ресенчани, но веројатно тука завршува приказната. Иван Ха­џи Ни­ко­лов? Кој е тоа? Мо­же­би кни­жа­рот, со ко­го всуш­ност ни поч­ну­ва­ат проб­ле­ми­те око­лу ос­но­ва­ње­то на ВМРО. За­што не­го­ва­та кни­жар­ни­ца, во ко­ја е ос­но­ва­на ор­га­ни­за­ци­ја­та, се на­о­ѓа­ла во Со­лун. По ѓа­во­ли­те, а ка­ква е таа тај­на ма­ке­дон­ска ор­га­ни­за­ци­ја што се ос­но­ва во овој град, кој, не­ли, отсе­ко­гаш бил грч­ки?. А за тоа, еве не мо­ра да се пра­ша во Ати­на, мо­же и во Бри­сел, Лон­дон и Ва­шин­гтон.

Патем сега, по Преспанскиот, потпишан од оној исушениот кој застанувал на пешачки и велел „повелете“ на пешачите, крај вториот збор од името на организацијата, кој гласи „македонска“, можеби треба да ставиме табла дека и припаѓа на хеленистичката култура и историско наследство. ВМРО не е античка организација, но и Грците ја имаат поговорката: Ѓаволот ни ора ни копа!, па таблата би била за секој случај. Така доаѓаме до тоа дека по потписот на исушениот, ВМРО не е пробугарска организација како што со години обвинуваше СДС, туку прогрчка.

Оттука, денес веројатно треба да се потсмеваме на не­до­вет­но­ста на ос­но­ва­чи­те на ВМРО, кои на­ме­сто во Скоп­је, ор­га­ни­за­ци­ја­та ја ос­но­ва­ле во еден град што не е ма­ке­дон­ски. Од­нос­но е ма­ке­дон­ски, ама грч­ки, со тоа што то­гаш, во 1893-та, во гра­дот во кој пред ре­чи­си 30-тина го­ди­ни бе­ше одр­жан ми­ли­он­ски­от ан­ти­ма­ке­дон­ски ми­тинг, Гр­ци­те би­ле мал­цинс­тво. Збу­ну­вач­ки, зар не? Ка­ко е мож­но тоа? Осо­бе­но што Гр­ци­те не се не­ко­ја на­ци­ја што мо­же да се по­фа­ли де­ка осво­ју­ва­ла те­ри­то­рии и про­сто­ри со ви­сок на­та­ли­тет, како што тоа го правеа Албанците .

Од дру­га стра­на, за Бу­га­ри­ја, Со­лун во кој е ос­но­ва­но ВМРО (или по­точ­но ка­жа­но ТМОРО) е град во Ма­ке­до­ни­ја, а Македонија, како што слушаме од нив е бу­гар­ска. Та­ка ба­рем ве­ли се­ко­ја из­ја­ва што во оваа смис­ла до­а­ѓа од на­ши­от исток. Или мо­же­би Бу­га­ри­те за бу­гар­ска ја мис­лат са­мо Вар­дар­ска Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја пред 110 го­ди­ни, во Пр­ва­та бал­кан­ска вој­на, би­ла оку­пи­ра­на од Ср­би­те.

За де­неш­на грч­ка Ма­ке­до­ни­ја, во ко­ја се на­о­ѓа и Со­лун, ка­де што е до­не­се­на од­лу­ка­та за во­ста­ни­е­то во 1903 го­ди­на, ка­де што, па­тем, се слу­чи­ле и со­лун­ски­те атен­та­ти, ка­де што се одр­жа­ла пос­лед­на­та сред­ба на Го­це Дел­чев и Да­ме Гру­ев пред овој пр­ви­от да за­ми­не во смрт­та (со децении малите Македончиња учат за тоа како тогаш Гоце влегол во Солун со корпа велигденски јајца), не сме ги чу­ле Бугарите да ка­жат де­ка е бу­гар­ска. Молчат како „котката“ да им ги изела убавите јазичиња.

Та­ка, гле­да­но од овој ас­пект, има­ме Ма­ке­до­ни­ја што од Та­ба­нов­це до Ге­вге­ли­ја е бу­гар­ска, но вед­наш по­тоа, на не­кој чу­ден на­чин, 51 от­сто од таа Ма­ке­до­ни­ја за која се бореле ос­но­ва­чи­те на ВМРО ста­ну­ва­ат грч­ки (Бугарите го кријат како змија нозете потсетувањето на Нејскиот договор кога, како последни парталковци за парче леб, потпишаа дека се откажуваат од мнозинскиот дел од територијата на Македонија, па не е јасно што денес се петелчат и кукурикаат).

Ина­ку, ве­ро­јат­но де­ка тие до­се­га би ги об­ви­ни­ле Гр­ци­те за краж­ба на исто­ри­ја­та, од­нос­но на оној дел од нив­на­та исто­ри­ја што е оз­на­чен ка­ко нај­ро­ман­ти­чен, до­де­ка Гр­ци­те, по иста­та ло­ги­ка, би ги об­ви­ни­ле Бу­га­ри­те де­ка ја кра­дат нив­на­та исто­ри­ја. Оти ако Ма­ке­до­ни­ја е грч­ка, таа по де­фи­ни­ци­ја не са­мо што не мо­же да би­де ма­ке­дон­ска, ту­ку не мо­же да би­де ни бу­гар­ска. Та­ка си­гур­но мис­лат Грците. Но, со тоа се­ка­ко не би требало да се сог­ла­су­ва­ат бу­гар­ски­от пре­тсе­да­тел Радев и бу­гар­ски­от пре­ми­ер, а за бу­гар­ски­те евро­пра­те­ници Ковачев, Џамбаски и дру­ги­те од тој ред и да не збо­ру­ва­ме. Впрочем тие само не збунуваат, за­што, ко­га збо­ру­ва­ат за бу­гар­ска Ма­ке­до­ни­ја, се­ка­ко не мис­лат на Ку­ма­но­во и Ста­ро На­го­ри­ча­не, ту­ку мис­лат на онаа од Сан Сте­фа­но (3 Март им е државен празник), ко­ја стиг­ну­ва­ла до Ко­стур­ско Езе­ро. Дру­го по­и­ма­ње, нема смис­ла.

Освен, ако не се впрегнати (платени) во проект за исчезнување на Македонија, односно Македонците, што ги прави класични проститутки. Имено, веќе десетина години пишувам дека целта на Бугарите е да ја добијат историјата на овој дел од Македонија, за да може да се избрише секаков траг од Македонците и, Република Македонија да се подели на бугарски и албански дел. Бугарите од тоа нема да имаат никаква полза, но нив и онака никој не ги прашува туку само им наложува да извршуваат задача која е историски и стратегиски од клучно значење за Грција и Голема Албанија. И тука завршува нивната приказна. Приказна на обични потрчковци кои се обидуваат да ја искористат хендикепираноста на Заев и наследникот на Заев, на гардата од СДС и нејзините новинарските потрчковци кои го поддржуваа доаѓањето на Заев на власт и потпишувањето на Договорот со Бугарија во 2017 година (денес дел од овие последниве ги гледаме како станаа небањати вмровци и миленици на ВМРО-ДПМНЕ и вмровските протагонисти на јавната сцена), а кои сите заедно немаат доволно интелектуален капацитет за да се спротивстават на бришењето на Македонците.

Од друга страна, ако Бугарите веќе потпишале дека се откажуваат од Илинденска Македонија која е под власт на Грција од 1912 година и никогаш пред тоа во историјата, во која спаѓал и Солун кој бил срцето на таа Македонија, додека Скопје бил само периферен град со 30 000 турски војници, навистина не можат да се објаснат нивните денешни егзебиции со „Северна“ освен како лечење на историските фрустрации и рани. Проблем е што сето тоа го направија откако во Македонија на власт беше инсталирана една хендикепирана апашка гарнитура, па целиот процес наличува на блудничење врз немоќно лице. Но, поинаку веројатно не беше ни можно.

Како и да е, Солун во кој е основано ВМРО, гледано од историски аспект, навистина е проблем. Тој е грчко-македонски, бугарски или македонско-македонски?

Всуш­ност, ние има­ме ед­на су­штес­тве­на ди­ле­ма од ко­ја не мо­же­ме да нај­де­ме из­лез са­мо со му­дро че­шка­ње на гла­ва­та: ко­га на 23 октом­ври го кра­де­ме Со­лун, чи­ја исто­ри­ја при­сво­ју­ва­ме? Грч­ка или бу­гар­ска? Или, сепак, си имаме наша, изворно македонско-македонска!

https://denesen.mk/kolumna-na-janevski-chij-e-so-lun-vo-koj-e-osnovano-vmro-grch-ki-ili-bu-gar-ski/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Ное 13 2022, 13:19

Една добра и многу лоши вести

Додека ние тука се занимаваме со тоа како ДУИ, по Хамлет, откри дека нешто е гнило во државата Данска, дали е подобро Таче да меша сендвич со мортадела и сок од боровинка или да им тверка на Бугарите, кои, патем, тука имале некој културен соработник на Гебелс, кој се дере по телевизии и секогаш се фаќа за пиштол кога ќе слушне за македонска нација, додека нашата новинарска ресавска школа којзнае по кој пат откри дека Русија ја губи војната, а мене ме мрзи да ги потсетувам како излегоа смешни изигрувајќи Мерлинки по нападот врз Кримскиот мост, додека некој лик ни објави дека тетовирал иницијали З.З. на срцето, па ние сега мора да си ја маваме главата дали мислел на Зинедин Зидан или Зона Замфирова, во светот се случуваат небитни работи.
Обединети нации. Русија поднесе резолуција за борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и други практики што придонесуваат за ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција. ЗА резолуцијата гласаа 105 држави. ПРОТИВ се изјаснија 52, а 15 кажаа дека се ВОЗДРЖАНИ. Оттука, имам една добра и многу лоши вести.
Обединетите нации ја усвоија резолуцијата на Русија. Тоа ги обврзува државите да преземат мерки против сите појави на нацизам и неговите изопачени форми. Нормално, ако зборот на ОН нешто тежи. Ние знаеме дека не е така. Никој веќе, како што вели баба ми, не ги става на газот. За тоа сами се виновни. Оти и самите понекогаш глорифицираат нацизам. Како нацизмот на Европската Унија изразен преку Лисабонската декларација. Сепак, ова гласање покажа дека две третини од планетата Земја се антинацисти. Тоа е добрата вест.
Одиме со лоши вести. Третина од планетата нема проблем да глорифицира нацизам. Тој дел од светот е познат како родител на колонијализам, империјализам, робовладетелството, расизам, шовинизам, нацизам, фашизам и комунизам. Името му е Запад, факинг Запад. По форма, вообразен и самобендисан во својот елитизам, ама во суштина, геноциден, расистички и, во последно време, доста нацистички расположен. Сеедно што глуми отвореност, цивилизираност и се расфрла со вредности.
Западни вредности. Музеи полни грабежи. Граници отворени за мигранти зашто треба евтина работна сила. Човекови права како совршена пералница за пари. Лицемерна промоција на антирасизам преку клечење на стадиони за да се прикрие изопачената алчност спроведена низ африканскиот континент, затоа што дијамантите се вечни. Убиство на милиони Ирачани, Либијци, Сиријци и Авганистанци за да им се украдат нафта и опиум. Ќе се наречеше геноцид ако го спроведеа Руси или Кинези.
Западот е геноциден. За сè се виновни велосипедистите и Евреите. Зошто велосипедистите? Позната анегдота од времето на германскиот нацизам. Наместо Евреи, ставете Руси и нацизмот останува нацизам, а на Запад ништо ново. Германските нацисти го забранија Ремарк. Денес, Полјаците, како дел од западната антируска расистичка хистерија, го забранија Роцер Вотерс. Украина бара да се забранат делата на Достоевски, Толстој, Гогољ. Која е разликата? Некогаш Евреите, Словените и Ромите низ Европа беа транспортирани во конц-логори и завршуваа во гасни комори. Денес западната изопачена моќ спроведува идентитетски геноцид врз македонскиот народ. Ни се забрануваат идентитет, јазик, историја. Не сме тргнати накај гасни комори, ама и Германците прво почнаа со забрани.
Русјаков, твојава политичка некоректност ќе заврши како мелено месо во нашата кансел-култура.

Западот измисли политичка коректност и кансел-култура, алатки преку кои ти порачуваат дека имаш право само на нивно мислење. Птицата е слободна, напиша Елон Маск откако го купи „Твитер“, ама некојси таму бирократски шраф од Брисел, не се ни потрудив да му го запомнам името, врати дека птицата во ЕУ ќе лета само по нивните правила. Не ме интересира тепачката меѓу елитите, ама не слушав вакви коментари кога „Твитер“ и „Фејсбук“ го цензурираа Доналд Трамп. Ете ви ги западните тоталитарни умови и нивната лицемерна смрдеа за која пишуваа Земјатин, Хаксли и Орвел.
Русјаков, а бе, доста јадеш гомна против западните вредности, што не кажеш нешто за диктаторите Путин и Си Џинпинг?
Чудно, ама Едвард Сноуден побегна во Русија, а Џулијан Асанж скапува во затвор среде Британија. Јас ниту живеам во Русија, ниту творам во Кина. Околу мене е новиот западен тоталитаризам, зачинет со глорификација на нацизмот и неговите изопачени форми. Оние што се гадат од моиве ставови и секако би ми забраниле да пишувам или би ме пикнале в затвор, таму некаде во својата плиткост (не можам да кажам, длабоко во себе) се обични мали нацисти, кои залудно се доживуваат како цивилизирани величини.
Ама мора да пишувам. Уметник сум, чувствувам одговорност. Македонија, сега окупирана, е мој дом. Тука, среде Запад, а не во Русија или Кина, ми го одзедоа правото да бидам Македонец, насила го сменија името на мојата татковина во Нордистан и, патем, под диктат на Рајхстагот во Брисел, мора да ги прифатам сите нацистички барања на Грција и Бугарија како услов за да им се напикам во тоа забеганиот елитистички клуб. Уште ми доаѓа онаа фројлан од ЕУ, на која Путин изгледа ѝ го украл демократскиот чип од главата, па ми прави генетски инженеринг среде собрание. Додуша ѝ се може, додека тукашни чипирани послушници паѓаат во несвест по западни бирократи, макар тие ширеле нацизам и варваризам.


Овој Нордистан, а некогаш Македонија (од Лисабонската декларација наваму, силувана од западната наци-елита, политичките квислинзи тука и нивната интелектуалната бижутерија), исто така, гласаше против резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот. Не се зачудив.
Нордистан е зомбифициран наци-камп. Во него се слават цар Борис Трети и Џемо Хаса. Зоки и Таче се Цветковиќ и Мачек. На Македонците им е забрането основното човеково право на самоидентификација. Преку историски комисии Нордистан цензурира историски вистини. Забранува книги, филмови, серии. Апси уметници. По затвори скапуваат невини луѓе осудени на драконски казни во монтирани политички процеси. Власта и опозицијата шират антируска хистерија, русофобијата полека добива расистичка димензија. Нордистан е совршен пример за глорификација на нацизмот. Затоа така и гласаше. А нордистанските медиуми се толку слободоумни што ниту еден не ја пренесе оваа вест.

Александар Русјаков

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/edna-dobra-i-mnogu-loshi-vesti/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Ное 14 2022, 12:21

Забеганата удбашка (б)аналност на Таче и СДСМ

Предраг Димитровски

Последните партиски трибини за подигнување на моралот на владејачкиот СДСМ се претвораат во вистински празници. Што би рекле нашите постари, „со црвено запишани“. Да му ја исполнат, едноствно, душата на човека.

За жал, повеќе со глупости, кои во целост ги отсликуваат менталниот склоп и забеганата удбашка (б)аналност на намесникот и на партиската, и на премиерската позиција, Димитар Ковачевски и на целиот СДСМ, кои немаат мрднато ни милиметар напред ни од далечната 1945, ни од култниот „Среќна нова 49“ во режија на Столе Попов.

За неверување и чудење е речиси 80 години подоцна една од главните мантри на владејачкиот СДСМ и натаму да е градењето култ на личноста!!! И ни помалку, ни повеќе, туку од екс-премиерот Зоран Заев!!! Во главата се уште ми одзвонува пораката на онаа непозната (б)анална клиентелистичка струмичка несреќа.

„Градот што го даде градоначалникот, премиерот, хуманистот, миротворецот…знаете за кого зборувам, еве го овде со нас, оти душа не му дава да биде на друго место. Ама во срцево ги носам иницијалите ЗЗ, оти тоа мое срце чука во ритамот на напредната социјалдемократија…“.

Абе, чиниш, човек го слуша македонскиот евергрин на Зоран Милосављевиќ. „Во срцето носам една роза сина, но помина некој, розата ја скина“, пееше на времето тој, иако песната немаше никаква врска ни со партијата, ни со ребрендираната сина во црвена роза.

Да градиш култ на личност од ЗЗ мора да шмелцуваш во главата, да го правиш хуманист и миротворец мора да ти биде избиен бушон, во срцето да ги носиш неговите иницијали мора да ти е прегорен моторот! А, да зборуваш за напредна социјалдемократија, кога од неа нема ни „с“ од социјал, ни „д“ од демократија, веќе мора да бараш помош.

На истите социјалдемократи, малку поодамна им се случи нешто слично. Можеби се сеќавате, можеби не, но на поранешниот лидер, премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски, во Охрид, една исто така клиентелистичка несреќа тргна да му ја бакнува раката, по што му остана прекарот „папата“.

Во СДСМ се е исто, само нив ги нема, иако меѓу двајцата постои разлика како меѓу Бог и шеширџија, барем во однос на заштитата на националните интереси. Додека едниот знаеше да ги почитува и штити, другиот ги распродаде како обичен џамбаз. А, од неговиот пат очигледно не скршнува ни Димитар Ковачевски. И по Тито, Тито, и по Заев, Заев!

На партиските струмички глупости Таче се смееше и ракоплескаше. Да не знае човек дали да го жали или да му се смее. Кутриот намесник. Ни знае каде се наоѓа, ни што прави, ни што му се случува.

Што би рекле неговите кумановци „у бандеру ќе удари“. Лебди изгубен некаде во вселената. Ама проценката на „структурите“ очигледно потврдува дека како таков им е потребен таму каде што е за да ја доврши започнатата домашна задача за бугаризација на Македонците и создавање од Република Македонија втора бугарска држава.

И кој за што, курва за чесност, а СДСМ и Таче за македонскиот идентитет, за партискиот континуитет, за Иван Ванчо Михајлов, за послушници и за ЕУ, во чија основа лежат отсуство на елементарна логика, непознавање на сопствената историја, злоупотребата на политичката моќ и ново сеење страв и раздор во македонското национално ткиво. За оние поупатените и кои знаат, веројатно ни прв, ни последен пат. Напротив.

Според добро подготвено удбашко сценарио од најмрачното поблиско и подалечно македонско минато, што партиските и медиумски пропагандисти го имаат проучено речиси до совршеност, Таче и СДСМ почнуваат кампања за нова пресметка со опозицијата, што ќе биде и основна матрица за парламентарните избори, кога и да се одржат тие, било предвремени, било редовни.

Притоа, компир гледаат, а месо вадат. Ја напаѓаат Левица, иако целта им е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, а обете ги обвинуваат за „деструктивност“. А, во суштина, поголеми „лажови“ и деструктивци од нив ниту имало, ниту ќе има, зашто дете од мајка и пари од црковен олтар крадат.

Тоа е кога политиката ја водат обични џамбази и се сфаќа како средство за трговија со моќ, влијание, криминал, корупција, клиентелизам, непотизам… И за ова не е важно дали како основа ќе се земат говорите на Ковачевски, партиските соопштенија или настапите на партиските портпароли. Сите се исти како јајце на јајце и може, евентуално, да доаѓаат со еден ден задоцнување. Зашто, чисто гебелсовски, една лага повторена илјада пати од обичниот човек треба да биде прифатена како вистина.

Од што да почне човек? Како и секогаш, од основата. А, основата за пресметката со опозицијата следува по утврдениот факт дека владејачкото мнозинство го нема потребното мнозинство за уставните промени, со кои т.н. македонски Бугари треба да бидат внесни во Уставот како конститутивен елемент на државата, што, пак, е основен услов за конечно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. И кој го презема ова ветување, власта или опозицијата? Власта, и тоа извршната, иако тоа не спаѓа во нејзина надлежност.

Кој велеше дека т.н. македонски Бугари треба да влезат во Уставот, но пред самиот влез на Република Македонија во ЕУ? Власта, односно екс-премиерот ЗЗ, или опозицијата? Повторно власта, а не опозицијата. Што е најтрагично, власта на СДСМ и на ДУИ во преговорите со Бугарија и ЕУ не успеа да се избори ниту за ова прашање, туку дозволи да биде основен чекор за отпочнување на преговорите.

Замислете, Димитар Ковачевски вели дека „Левица ќе го земе Мицкоски како нивен заложник, затоа што Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски“.

Намесникот Ковачевски, кој е гола копија на ЗЗ и без избори седна во премиерската фотелја го обвинува Мицкоски дека бил обичен послушник на неговиот партиски претходник Груевски! Зини земјо, голтни ме!

Леле мајко колку е Ковачевски силен, со вештачки напумпани мускули, невиден бодибилдер, кој само заради абдоменални проблеми морал да ја избегне регрутацијата од редовите на АРМ! Згора на тоа, секој ден се жали како јатрва на селска чешма дека кога го прифаќал бугарско-францускиот предлог чувствувал како некој со нож да му го сече стомакот.

Уф, цела среќа, што тој некој не згрешил за микрон или милимикрон. Инаку, којзнае што можело да се случи, скраја да е. За визијата и ставовите на Таче ич и да не говориме. Тие се јасни како ден и исти на тие на ЗЗ-создавање нови „северномакедонци“, историски инженеринг со кој македонскиот јазик и историја почнуваат од 1944 година, исто како и досегашните Македонци, кои треба да исчезнат од земјината топка како коминтерновска творба и грешка на природата!

Ако не е така, еве нека се обиде самиот да извади било каков личен документ во кој ќе му стои дека е Македонец. Ама нема да успее, зашто најголемиот „идентитетски дострел“, и негов, и на неговиот претходник, како и на слепите партиски послушници се трите коси црти и ништо повеќе од тоа!

И сега со овие три коси црти Таче и компанија го плашат народот дека ако дошла опозицијата на власт „повторно ќе го доведуваат во прашање македонскиот идентитет“! Па, може ли, логично, повторно да се изгуби нешто, што е веќе изгубено? Може само во главите на овие шупелки, што за жал се именуваат како власт.

Ако не е така, ајде Таче на избори, а не целото идентитетско разнебитување на Македонците да го завршите без елементарна проверка на довербата и согласност на граѓаните.

Јасно и гласно кажете им на Македонците дека се согласувате дека постојат од 1944 година, дека нивните претци биле „обикновни“ Бугари, дека се коминтерновска творба, која нема своја територијална, етничка и јазична етногенеза, и поради тоа треба беспоговорно да прифатат дека Република Македонија мора да биде само втора бугарска држава и ништо ни помалку, ни повеќе од тоа. Во најлош случај може само да се подели меѓу Албанија и Бугарија. Ајде Таче собери храброст и крени ја главата, доста ја криеш во својот долен веш!

А, за да можат граѓаните да добијат што поверодостојна слика за вистината, патем можеш и да ги отвориш за јавноста стенограмите од затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика на која се дискутираше за Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

За да видат кој за што се залагал, односно кој предупредувал на штетноста на бугарските барања и асиметричноста во него, а кој се залетал со грло во јагоди, верувајќи во слаткоречивоста на Бојко Борисов, па како најпаметен меѓу македонските политичари ставил потпис на него, а сега цената за се треба се уште да ја плаќаат само и само етничките Македонци и никој друг. Како аморфна маса без елементарно човечко достоинство.

И на крајот за Иван Ванчо Михајлов, статутот и континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ, една типично удбашка (б)анална мантра, што е стара, па и постара и од државата Република Македонија, и од самата партија.

ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена постои повеќе од 30 години и до сега никој не го поставил прашањето за нејзиниот статут, во кој се презема континуитетот на историското ВМРО, што значи дека меѓу плејадата историски револуционерни имиња се наоѓа и името на Иван Ванчо Михајлов, па и на Тодор Александров.

Љупчо Георгиевски, првиот лидер на партијата, неодамна даде свое објаснување дека, парафразирано, Михајлов го прифатиле заради неговата борба против србизацијата на Вардарска Македонија. Тоа е негово објаснување, што очигледно не го задоволува СДСМ, кој се обидува Ванчо Михајлов да го претвори во жежок костен за ВМРО-ДПМНЕ, (не)свесен дека со тоа сече уште една историска гранка на државата.

Очигледно, СДСМ историјата ја сфаќа на два начина. Прво, како драгстор од кој може да се земат само подобните ликови и второ, како таа да може да биде само бела или само црна. Но, притоа го заборава основното правило дека во историјата ниту ангелите се толку бели, ниту ѓаволот е толку црн и секогаш постојат нијанси, што соодветствуваат во даден простор и време.

Само за илустрација, „архивата на Ванчо не смее да заврши во бугарски раце“ е изјава произлезена од уста на член на ВМРО-ДПМНЕ или од устата на некогашниот прв човек на УДБ-а, што ќе рече од редовите на СДСМ, Добри Величковски?

Црните страници на УДБ-а велат дека тие се изречени од Величковски, а не од било кој член на ВМРО-ДПМНЕ. Ако Михајлов важи за најголем фашист и негатор на македонскиот народ, зошто УДБ-а настојувала да дојде до неговата архива? За да сади цвеќиња со неа или да може да продолжи со конструкциите за создавање внатрешни непријатели на државата?!

Архивата на Ванчо, благодарние на Вида Боева, неговата доживотна секретарка, сепак заврши во бугарски раце. И ајде СДСМ нека наведе еден, само еден пример за научно истражување на истата таа архива од страна на македонски историчар, што го финансира било кое министерство, кое има допирни точки со науката. Нема такво нешто, ниту пак ќе има.

А, континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со историското ВМРО е истовремено и континуитет со македонската револуционерна организација и со Илинденското востание. Било какво раскинување на тој континуитет ќе значи и прекинување на континуитетот на Илинденското востание со антифашистичката борба од Втората светска војна, што нели е основата на македонската државност.

Тоа ли го сака СДСМ?! И тоа во време кога историското ВМРО треба да биде тема задничката македонско-бугарска комисија за историски и за прашања за учебниците!

Удбашката конструкција за некаква поврзаност на современата ВМРО-ДПМНЕ со фашизмот на Михајлов е само обична магла зад која треба да се затскријат новите планирани отстапки на владејачкиот СДСМ кон Бугарија. Зашто, илузорно е ВМРО-ДПМНЕ да се обвинува за бугарските клубови „Иван Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“. Виза за нивното отворање даде власта на СДСМ, исто како што власта го потпиша антимакедонскиот Договор за добрососедство, соработка и пријателство.

И од овие факти нема бегање ни од македонскиот народ, ни од судот на историјата. Да биде иронијата поголема, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го отвори предметот за клубот во Битола по интервенција на битолските борци од НОБ, на чиј континуитет се повикува владјачкиот СДСМ!

Притоа, ништо не помага фразата, што во последно време многу често ја користи премиерот Ковачевски дека Република Македонија била Европа во мало. Не, Република Македонија не е Европа во мало, туку европски дел на Отоманската империја, а таква ја направи никој друг, туку власта на СДСМ.

https://republika.mk/kolumni/zabeganata-udbashka-b-analnost-na-tache-i-sdsm/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 37 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 37 of 42 Previous  1 ... 20 ... 36, 37, 38 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот