Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Корисни совети за подобро здравје

5 posters

Страна 1 of 7 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Корисни совети за подобро здравје

Пишување by osa Чет Јан 15 2015, 05:28

почитувани ве поканувам да земете учество на оваа тема ,и низ вашите примери кои ке ги посочите и искажете тука им помогнеме на сите оние кои имаат некој здравсвен проблем .Со здравјето секако е убаво да позборуваме и за убавината на здравото живеење ....се надевам ке споделите некој рецепт од традиционалната медицина ,попознато кај народот "бабин лек ",и со тоа ке помогнеме на некој на кого му е потребен лек од народната аптека ....ве очекуваме ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by osa Чет Јан 15 2015, 05:34

recept za nastinka i kashlanje : chetiri glavici kromid ,se lupat ,i sec rendaat na rende ,se posoluvaat malku so sol ,niz prsti ,potoa se ostava da otstoi ,se stiska sokot od kromidot ,vo dobieniot sok od kromid dodavate tri supeni lazici med i promeshuvate da se rastopi medot ,ja sobirate technosta od kromid i med vo shishence ,se pie po edna supena lazichka tri pati na den od lekot ,se chuva vo frizider .....
se nadevam na mnogumina ke im pomogne ovoj moj recept

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто Јан 20 2015, 21:39

Mala pomos od mene,eftin a efikasen domasen lek...

Како да се лекуваме со ракија

Корисни совети за подобро здравје Rakiq-rakija-slivi-102579-500x334-300x200


Освен како традиционален алкохолен пијалок задолжителен за македонската трпеза , ракијата може да ви послужи и како одличен лек од домашната аптека . Погледнете што може да лекувате со ракија .

За здравствените придобивки на ракијата

Ракијата има антисептично , антивирусно и антибактериско дејство , што ја прави одличен природен лек . Таа се користи најчесто при заболувања на дишните патишта како бронхитис , при воспалени крајници , болно грло и акутна кашлица . Ракијата помага и при ангина , бидејќи го загрева грлото и ја смирува кашлицата .

При температура се прават облоги на болниот , за да може тој да се испоти и да ги исфрли токсините од организмот. Ракијата се користи и за триење при ревматизам , столпчиња и болки во зглобовите. Според бабините рецепти натопено шамивче со ракија се става во носот за лекување на настинка и затнат нос. Некои го користат пијалокот и за стоматолошки проблеми како потечени вилици и забоболка , бидејќи ја намалува непријатноста .

Пиењето 50мл ракија дневно исто така има корисно дејство за организмот. Умерената консумација на пијалокот го подобрува крвниот притисок , ги зацврстува ѕидовите на крвните садови и се бори со лошиот холестерол .

Рецепти за лекување со ракија

Кај болни крајници : Во 250мл домашна ракија се додава 125г мед.. Смесата се загрева додека медот не се раствори , и се прави гаргара 3 пати дневно .

При настинка : Во 250мл силна ракија се раствораат 15г камфор и пред спиење се прави масажа на болниот со смесата . Потоа треба да испие една чаша топол чај и да се замота со дебели ќебиња , за да се испоти .

Компресија со ракија и бибер : Марама се наводнува внимателно со ракија и посипува со црн пипер . Се обвива околу грлото и се покрива врвот со волнен шал . Дозволете така да отстои преку ноќ.

Компресија со ракија не се препорачуваат на бремените жени, доенчиња и мали деца . Освен тоа ако правите компресија со ракија на градите , никогаш не ја ставајте врз срцето .

При столпчиња : Во 500м ракија се впиваат 4 големи костени. Лекот се чува 20 дена на темно и ладно . Потоа се користи за масажа на болните делови.

При болки во зглобовите : Во 500м ракија се ставаат 30 глуварчиња и се оставаат на сонце за околу 10 дена . Потоа смесата се цеди и тинктурата се користи за масажа на болните зглобови.

http://lokalno.mk/kako-da-se-lekuvame-so-rakija/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Фири Вто Јан 20 2015, 22:14

Таа тема е за мене -ем здрав ем убавSmile Инаку тие цигари се многу лесни за откажуванjе, веке ги откажувам барем 10 пати ама да се пофалим единиот пат не пушив цели 4 години! И на една журка како почнав пак и изпушив една кутиjа сеедно никогаш не сум ги ни спирал!

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Фири Вто Јан 20 2015, 22:17

Инаку 50 милилитра ракиja со салатка вечер и сите проблеми со стомахот како киселини и т.н. се заборават докле не сопреш ракиjata:)

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто Фед 10 2015, 21:55

Ароматерапија - лекување со мирис

Ароматерапија e древна вештина на примена на етерични масла на различни начини за релаксација, превенција и лекување. Датира од најстарите цивилизации и се користи за лекување на многу болести.

Корисни совети за подобро здравје Aromaterapija-br

Таа помага при лекување или спречување на болестити со користење на етерични масла. Се применува и при ублажување на болки и вознемиреност, зголемување на енергијата, подобрување на меморијата, за опуштање, спречува опаѓање на косата и ги намалува егземите кои предизвикуваат чешање.

Ароматична купка - е наменета за болки во зглобови, замор, несоница, стрес, депресија. Наполнете ја кадата со вода и внатре капнете 10-тина капки од етеричното масло. Освен преку кожата, полезното дејство на маслото ќе го осетите и преку респираторниот систем.

Ароматични облоги - газата натопете ја со ладна (доколку имате отоци) или топла вода (за болки во мускулите и коските) во која претходно ќе капнете 10 капки од маслото. Бидете трпеливи и оставете ги облогите да делуваат барем 1 час.

Ароматични инхалации - Тие се применуваат во лекувањето на повеќе болести, а најмногу за подобрување на расположението. Доволно е само да го отворите шишето и да вдишете од мирисот, или пак да го ставите во распрскувач со вода и да ја освежите просторијата.

Ароматична масажа - масажата е можеби најефикасниот начин за искористување на полезното дејство на етеричните масла. При масажата доаѓа до делумно продирање на маслото во крвотокот, а со тоа и до побрзо дејство врз болните точки.

http://grid.mk/read/news/509652137/9618034/aromaterapija-lekuvanje-so-miris

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Нед Фед 22 2015, 16:48

Неколку совети за пушачите: Како со помош на исхраната да ги прочистите вашите бели дробови?

Доколку воведете одредени промени во вашата исхрана, сигурно барем малку ќе си ги прочистите белите дробови. Можеби нема да успеете целосно, но барем до одреден степен ќе можете да се ослободите од штетните токсини.

Ако сè уште не сте подготвени да се откажете од пушењето, без разлика на фактот што знаете за штетата која тие ви ја причинуваат, тогаш барем обидете се да ги намалите шансите за развивање одредени болести како ракот. Со помош на овие видови храна вие можете малку да ги исчистите белите дробови од катранот и да го намалите ризикот од појавата на инфекции…

Слатката пченка содржи бета-криптоксантин за кој се верува дека ги штити белите дробови од карцином и претставува силен антиоксиданс. Од друга страна пак, не заборавајте дека на полиците во маркетите изобилуваат производи кои се ГМО, па токму затоа консумирајте ги само оние за чие потекло сте 100% сигурни.

Селенот е моќен антиоксиданс, а бразилските ореви се најдобар извор на селен кој можете да го најдете во природна форма.

Лукот исто така е одличен чистач на белите дробови. Покрај лукот, и кромидот исто така е одличен за борбата против канцерот. Тие спречуваат многу видови болести, меѓу кои се и инфекциите и ракот на белите дробови. Интересно е и тоа што дури и кај оние кои се заболени од рак, тие имаат силен ефект при намалување на неговото ширење.

Ѓумбирот е природен лек кој ќе ви помогне да се заштитите од голем број тешки заболувања. Тој е уште едно силно средство за исфрлање токсини од белите дробови. Можете да го пиете како чај кој го олеснува дишењето, но можете и да го консумирате преку оброците.

Портокалите исто така содржат криптоксантин кој делува превентивно против ракот на белите дробови.

Копривата е многу корисна и како средство за дезинфекција на белите дробови и како борец против ракот. Чајот од коприва традиционално се користи за плакнење на устата и грлото, но може да биде и ваш добар сојузник против ракот на белите дробови.

http://www.kafepauza.mk/zivot/nekolku-soveti-za-pushachite-kako-so-pomosh-na-ishranata-da-gi-prochistite-vashite-beli-drobovi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Фед 22 2015, 16:56

Ne pusham..... lol!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Нед Фед 22 2015, 16:57

Pa imash srekja shto ne si zhensko...Inaku otide brakot...Корисни совети за подобро здравје Smiley-laughing021

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Фед 22 2015, 17:15

[img]Корисни совети за подобро здравје Gun[/img]

p.s. Onoj Rejteron ..... ke donese nekoja zivotinka vecer, ili pak so sliki ne podlazue ?
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Нед Фед 22 2015, 17:19

Koj da go znae...Verojatno pak bil so pushka vo planina...Ama ne znam da ne naletal na mechkata...Корисни совети за подобро здравје Happy-smiley17

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Фед 22 2015, 17:22

Kaj i da e treba da e vraten, pa da podnese raport!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Нед Фед 22 2015, 17:25

Ene go u meana...Prashuva za rezultatite od loto...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Фед 22 2015, 17:28

Da be go vidov...precizen e ko shvajcarac ! Smile
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Пет Мар 13 2015, 23:48

Шест чекори до понизок крвен притисок

Високиот крвен притисок или хипертензија предизвикува мозочен удар, срцев удар и болести на срцето и е најголем предизвикувач на инвалидност и на прерана смрт во светот. Ова е подмолна болест која тешко се открива и која со години не мора да покажува никакви знаци.

Што е, всушност, крвниот притисок? Тоа е притисок на крвта на ѕидовите на крвните садови (артерии) во секој дел од телото. Притисокот е променлив, се менува во текот на денот и ноќта и е подложен на многу надворешни и внатрешни влијанија. Нормалната вредност на крвниот притисок, кој овозможува живот, а не го оштетува системот на крвните садови, е во просек 120/80 (mmHg), додека за зголемен се смета оној над 140/90 mmHg.

Ако вашиот притисок е премногу висок, тоа дополнително ги оптоварува срцето и крвните садови. Со тек на време, тоа дополнително оптоварување може да ги оштети органите на телото и да предизвика здравствени проблеми. Ако имате висок крвен притисок и не го контролирате, тоа го зголемува ризикот од срцев и од мозочен удар. Високиот крвен притисок може, исто така, да предизвика срцеви болести и болести на бубрезите, а се поврзува и со некои облици на деменција.

Што предизвикува висок крвен притисок?

Кај повеќето луѓе не постои само една причина за висок крвен притисок. Не е познато што точно предизикува висок крвен притисок. Но, познато е дека начинот на живот може значајно да влијае на појавувањето на високиот крвен притисок. Поголем ризик е доколку: не консумирате доволно овошје и зеленчук, јадете премногу солена храна, не се занимавате со физичка активност или ако консумирате премногу алкохолни пијалаци.

Некои луѓе можат да имаат висок крвен притисок кој е поврзан со некоја друга болест, на пример, болест на бубрезите. Излекувањето на одредена болест може кај тие луѓе да го намали крвниот притисок на нормална вредност.

Уште некои причини кои влијаат на висок крвен притисок

Возраст: колку што сте постари последиците од нездрав начин на живот можат да се наталожат и крвниот притисок може да се зголеми. Етничко потекло: луѓето од африканско-карипско и јужноазиско потекло се изложени на поголем ризик од висок притисок од другите луѓе. Семејно потекло: постои поголема веројатност од заболување ако членовите на вашето семејство имаат или имале висок крвен притисок.

Симптоми на висок притисок

Повеќето луѓе кои имаат зголемени вредности на крвниот притисок не се ни свесни за тоа, бидејќи немаат никакви тегоби ни симптоми. Повремено, кога притисокот е исклучително висок, може да почувствуваат болка и притисок во главата. Уште некој од можните симптоми е црвенило на лицето, кое е последица од зголемено ширење на крвните садови на кожата поради зголемен доток на крв и крвавење од малите капилари во носот. Тоа се случува поради чувствителноста на капиларите кои не успеваат да го издржат внатрешниот притисок и затоа пукаат.

Понекогаш болниот забележува дека полесно се заморува, отежнато вршење на секојдневните работи и слабост при концентрирањето. Вознемиреноста, забрзаното работење на срцето и/или неправилното работење на срцето знаат индиректно да предупредат на зголемен притисок. Наброените знаци вообичаено може да бидат присутни во раната фаза на болеста. Од наведеното јасно е дека најчесто зголемениот притисок се открива случајно, со мерење притисок на преглед.

Здравиот начин на живеење го намалува притисокот

Ако ви е дијагностициран висок притисок, едно од решенијата се лековите кои ќе ви ги препише лекарот, а како второ е да почнете да живеете здраво и така да го намалите притисокот. Следните промени во вашата исхрана и активност може да влијаат на вашиот крвен притисок.

1. Консумирајте храна со помалку сол

Премногу сол го зголемува крвниот притисок, па мора да го намалите внесувањето сол. Повеќето сол што ќе ја изедете не е онаа сол со која ја посолувате храната, туку во готовата храна како леб, житни снегулки и готови јадења. Немојте да додавате сол кога готвите или дополнително да ја солите храната. Кога купувате храна, проверете ги натписите на пакувањето и изберете храна со низок процент на сол.

2. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук

Консумација на овошје и зеленчук го намалува крвниот притисок . Возрасните секојдневно треба да земаат по пет оброци овошје и зеленчук. Еден оброк изнесува 80 грама, што е околу една ваша дланка. Јадете разни видови овошје и зеленчук. Тоа може да биде сушено, смрзнато или конзервирано овошје и зеленчук, но внимавајте на дополнителната сол, шеќер или маснотии. Лук, кромид или цвекло се одлични продукти за намалување на крвниот притисок.

3. Намалете ја консумацијата на алкохол

Ако пиете премногу алкохолни пијалаци, тоа ќе го зголеми вашиот крвен притисок со тек на времето. Препорачана вредност за мажи е 21 единица алкохол неделно, а 14 единици алкохол за жени. Единица е 300 милилитри пиво, мала чаша вино или чашка жесток алкохолен пијалак. Ако се придржувате на препорачаните ограничувања, тоа би требало поволно да влијае на нискиот крвен притисок.

4. Одржувајте нормална тежина

Ако е потребно, ослабете. Тоа ќе го намали вашиот крвен притисок и ќе го намали ризикот од срцеви заболувања. Најдобар начин да ослабете е да изберете немасна и нискокалорична храна и да ја зголемите физичката активност. Не треба да држите диета за да ослабете. Поставете си реални цели. Направете мали измени во својата исхрана и во физичката активност така што истите ќе можете да ги практикувате целиот живот.

5. Движете се

Триесет минути умерено вежбање, пет пати неделно, го одржува вашето срце здраво и може да го намали крвниот притисок. Ако не можете да најдете 30 минути за вежбање во текот на денот, ќе си помогнете ако и минимално ја зголемите активноста. Размислете како би можеле физички да се активирате во текот на денот. Идеална е секоја активност која ќе ве испоти и при која ќе останете без малку здив.

6. Научете да се справувате со стресот

Докажано е дека медитацијата значително го намалува крвниот притисок. Ако верувате во алтернативните начини на лекување, пробајте со акупунктура.

http://plusinfo.mk/vest/18227/-shest-cekori-do-ponizok-krven-pritisok

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре Мар 18 2015, 18:37

Утрински лек за чистење на цревата

Наталожените токсини во цревата можат да предизвикаат низа пречки во варењето како запек, дебелеење, промени на кожата, подуеност, тврда столица...

Редовното чистење на цревата помага во отстранувањето на отровите пред да се појават здравствените проблеми.

Лек за чистење на цревата:

Чаша топла вода со малку свежо исцеден лимон наутро ги чисти цревата и ја отстранува нечистотијата која се наталожила во нив претходниот ден. Го поттикнува работењето на дигестивниот систем и работењето на цревата, па на тој начин овозможува отстранување на наталожените токсини, пишува Kimberysnyder.

За чистење на цревата одличен е и чајот од коприва бидејќи го поттикнува метаболизмот и излачувањето на водата, и ги намалува проблемите во варењето.

http://plusinfo.mk/vest/18526/utrinski-lek-za-cistenje-na-crevata

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Саб Мар 28 2015, 08:00

Пијалок - прва помош во борба против вирус, грип и настинка

Со овој пијалок се кренав на нозе за 24 часа, а бев тежок крш. Се користат овошја богати со витамин Ц, бидејки содата бикарбона помага витаминот подобро да се искористи.

Сокот од три лимони ставете го во поголема чаша или тегла и додадете ја содата. Ќе почне многу да пени. Пената со лажица сркајте ја, а со сокот направете гаргара (ако ве боли грло) и испијте го.
Истото ова се прави и со три пасирани киви, што имате по дома или што ви е повкусно. Јас немав лимони кога настинав, ама кивито ми спаси живот Smile (главна фотографија)

Ова се повторува по три пати на ден. Значи, вкупно 9 лимони или киви.
Се пие додека имате потреба.


http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%BA-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%88-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%B2%D0%B8%D1%80/#ixzz3Vf41Ol5l

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Саб Апр 11 2015, 22:29

Руски рецепт за чистење на цревата

Овој руски рецепт е направен од Викторија Семјонова, стручњак кој се бави со природно лечење. Рецептот е направен од состојки кои со богати со витамини и антиоксиданси и кои многу поволно влијаат на цревата. Пијте од овој напиток три пати на ден пред секој оброк по 100-150 милилитри во текот на еден месец и цревата ќе ви бидат драстично почисти.

Потребни состојки:

500 грама моркови
500 грама свежо цвекло
една шака суви кајсии
една шака суво грозје
една лажица мед
Начин на подготовка:

Исечкајте ги морковите и цвеклото на ситни парчиња и ставете ги во тенџере. Потоа додајте вода така што таа ќе биде два прста над исечканиот зеленчук. Додајте ги и сувите кајсии и сувото грозје и ставете го тенџерето на оган. Извадете го штом почне водата да врие, па кога малку ќе се излади додајте една лажица мед. Поклопете го тенџерето со капак и оставете го да отстои 12 часа на ладно и суво место. Потоа течноста треба да е добро изладена и време е да ја процедите. На крај ќе добиете напиток доволен за два дена.

http://www.kafepauza.mk/zivot/dreven-ruski-recept-za-chistenje-na-crevata/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто Апр 14 2015, 21:22

Пролетното сонце го зајакнува имунитетот

Долгите пролетни денови и сонцето му годат на нашиот организам, но некои други промени како што е цветањето на дрвјата и тревата, им создаваат проблем на алергичните луѓе. Докторите советуваат дека сончевата светлина делува многу позитивно на имунитетот и го зајакнуваат.

Иако календарски пролетта започна на 21 март, тоа не значи дека веднаш треба а ги соблечеме капутите и јакните, туку како што советуваат медицинските лица тоа треба да се прави постепено у умерено. Тие потенцираат дека треба да се облекуваме во склад со температурата и со времето. Бидејќи иако сончевите зраци може да ве излажат да се расоблечете сепак треба да бидете внимантелни бидејќи овој преден период е поволен за настинки.

Со цел да го зајакнете имунитетот во овие денови е да го збогатите менито со квалитетно и разновидно овошје и зеленчук.

- Од мрсната зимска храна, сармите, гравот, подварокот треба да прејдеме на свежи салати, чорби и сезонско овошје. Често сме гладни бидејќи зеленчукот за разлика од тешката храна не е толку богато со енергија. Затоа понекогаш е корисно да јадеме и по пет пати на ден - советува српската докторка Нада Мацура.

Пролетта е годишно време во кое има најмногу временски промени, и не само што се менуваат сонцето и дождот, температурите над и по просекот, туку има колебање и во воздушниот притисок што ги загрозува хроничните болни.

За пролетниот замор многу се зборува и многумина го чувствуваат.

- Пролетниот замор постои бидејќи од зимата во која слабо сме се движеле влегуваме во подолги денови кога поминуваме повеќе време надвор. Не треба да се бега од тоа и во текот на денот треба да се прилегне и одмори ако има потреба за тоа - вели докторката Мацура.

http://plusinfo.mk/vest/21905/proletnoto-sonce-go-zajaknuva-imunitetot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре Апр 15 2015, 17:45

Народни лекови при неплодност

Неплодноста е многу вознемирувачко и чувствително прашање, особено за жените.
Со векови народната медицина го докажува своето благотворно дејство врз овој проблем. Ако неплодноста на жената не е предизвикана од сериозна болест, можете сами да си подготвите напивка од следниве билки за кои се смета дека се особено корисни при женска неплодност:
1. Тегавец – претставува повеќегодишно тревно растение, кое што се среќава најчесто по сувите тревни региони и пасишта. Од него се користат како лисјата, така и семето. Во случај на неплодност се прави запарка од семето, која е погодна како за жени, така и за лекување на неплодноста кај мажите. Оваа билка е ценета дури и во азиската народна медицина.
2. Градинарски чај – Оваа билка е позната и како салвија. Пред да расцвета и се собираат листовите и врвовите кои се сушат. Од нив се прави запарка која делува добро кај неплодноста на жените. Во древниот Египет по водењето на исцрпувачки војни, кои зеле мнзогу жртви, жените имале обврска да пијат напивка од жалфија. Може да биде најдена во дивината или да си ја купите од аптека.
3. Ортилија – Од оваа билка исто така се прави запарка што треба да се пие 3 месеци. Прифаќањето се прекинува за време на менструацијата.
4. Женска билка – Претставува повеќегодишно тревно растение, распространето најмногу во Северна Бугарија. Од него во народната медицина се користат корените и подземните разгранувања. Тие се вадат во пролет или есен и по миењето се лупат и се сушат на сенка. Од овој зачин се става 1 лажичка во 500 мл вода, која се става да се вари околу 10 минути и се оие половина час пред оброк 4 пати на ден.
5. Цветови од роза – Не е важно каква боја има розата, најважно е дека таа е многу богат извор на витамин Е, за кој се знае дека е потребен при лекување на неплодност. Цветовите се собираат, се сушат и од нив се прави запарка, така што на 10-тина цветни ливчиња се ставаат околу 200 мл вода. Овој начин на лекување на неплодност како кај жените така и кај мажите, е распространет во народната медицина на повеќето земји во светот.

http://faktor.mk/2015/04/14/narodni-lekovi-pri-neplodnost/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Пет Jул 10 2015, 09:33

Домашна маска со мед и зачини за отстранување на митесерите и акните

Колку ве нервираат оние ситни, црвени акни и митесери кои се појавуваат на лицето? Веројатно многу, посебно во летните денови кога дополнително се потите и кожата ви е помасна.

Корисни совети за подобро здравје Domasna-maska-so-med-i-zacini-za-otstranuvanje-na-miteserite-i-aknite-01

За брзо и ефикасно да се решите од нив, испробајте ја оваа маска од мед и зачини.

Потребни состојки:

1 лажица мед
1 лажица цимет
1 лажица мелено мускатно оревче
Сите состојки измешајте ги во мал сад додека не добиете темна, еднолична смеса.

Добиената смеса ставете ја на цело лице и оставете да делува половина час. Отстранете ја со мокар пешкир.

По првиот пат ќе забележите каков свиленкаст сјај ќе добиете. Затоа ви препорачуваме да ја правите еднаш неделно.

http://www.crnobelo.com/zivot/ubavina/32796-domasna-maska-so-med-i-zacini-za-otstranuvanje-na-miteserite-i-aknite

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Пет Јан 22 2016, 11:12

ПРОВЕРЕНИ РЕЦЕПТИ ЗА СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ

Корисни совети за подобро здравје Glog6

Срцевата невроза претставува состојба во која не се откриваат физички оштетувања на срцето, а постојат поплаки од страна на пациентот. Причина за срцева невроза се сите фактори кои ја предизвикуваат и нормалната невроза.

Најголема фреквенција на случаи на оваа болест се забележува за време на пубертетот, климакс, бременоста, кај болести на хипофизата и тироидната жлезда. Веројатни фактори се и пушењето, злоупотреба на алкохол и лекови, интоксикација, неухранетост, ментална преумореност.

Растенијата кои можат да помогнат при оваа дијагноза, се дилјанка, мента, глог, мелиса и мајчина душица. Еве неколку докажани растителни рецепти, од кои можете да изберете за лекување на невроза:

100 г цвет со лист од глог 30 г дилјанка 40 г нане. 1 лажица од смесата се става во 250 мл врела вода. Кисне 1 час и се цеди. Се пие 3 пати на ден по 1 чашка од кафе пред јадење.

500 г мед, 500 г кора од лимони, 200 г бадемови јатки. Тие се мешаат и 1 лажица од направената мешавина се зема 3 пати на ден.

30 г дилјанка, 30 г глог, 30 г мелиса, 30 г маштерка. Растенијата се мешаат и 1 лажица од нив се става во 500 мл врела вода. Кисне 1 час и се цеди. Се пие по 1 чашка, 4 пати на ден пред јадење.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Пон Јан 25 2016, 10:16

Можеби овој рецепт и не е баш лек за рак, но е „бомба“ што вреди да се проба!

Корисни совети за подобро здравје Lek(2)

На интернет деновиве е популарен рецептот за кој рускиот научник Христо Мермерски тврди дека може да излечи рак. Станува збор за храна за лечење на комплетниот организам, која ги содржи сите неопходни витамини, минерали, биоактивни супстанци, протеини, јаглени хидрати и растителни масти.

Се разбира, ние сме скептични во поглед на приказната дека овој рецепт лечи канцер, но ни се чини дека би можел да биде корисен за подобрување на општата состојба на организмот. Состојките се идеални за подигање на општиот имунитет на организамот, за чистење на крвните садови, за подобрување на работата на мозокот и на другите органи во човековиот организам. Затоа и го споделуваме со вас.

Состојки: 15 свежи лимони, по можност од органско потекло. 12 главици бел лук. 1 килограм домашен мед. 400 грама изртена млада пченица. 400 грама свежи ореви.

Подготовка на пченицата: 400 грама пченица се проварува кратко во стаклен сад. Се долева вода и со остава да отстои во текот на целата ноќ. После 10 до 12 часа, пченицата се мие и се процедува низ чиста газа. Така исцедената пченица се остава во садот да отстои уште 24 часа. Така се добива пченица со никулци од 1 до 2 милиметри.

Подготовка на лекот: Се мелат заедно изртената пченица, оревите и исчистените главици бел лук. Се мелат 5 лимони сосе кората и потоа двете смеси се мешаат. Од останатите 10 лимони се цеди само сокот и се става во смесата, која се меша додека не стане хомогена. На крајот се додава и медот и смесата се меша со дрвена лажица. Лекот се става во стаклени садови, кои треба да отстојат три дена во фрижидер, па дури потоа се конзумира.

Примена: Лекот се зема 30 минути пред појадок, пред ручек, пред вечера и пред спиење, по една лажица. Ако се користи за лечење на рак, дозата се зема на секои два часа.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Нед Фед 14 2016, 22:08

Eve dobar sovet, kolku poveker pari tolku poveke zdravje ili podobro bidi bogat i zdrav otkolku siromav i bolen.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Нед Фед 14 2016, 22:28

delta напиша:podobro bidi bogat i zdrav otkolku siromav i bolen.

Shto ti nikogash nema da bidesh bidejki si stechaec...Корисни совети за подобро здравје Smiley-laughing014

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 7 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот