Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Корисни совети за подобро здравје

5 posters

Страна 3 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Саб 12 Мар - 19:56

Што се случува со вашето тело во следните 4 часа откако сте изеле 5 ореви?

Ефектот од конзумирање на ореви е толку голем, што многу луѓе имаат здравствени подобрувања за само 4 часа од конзумирањето на истите.

Оревите во тој период го снабдуваат телото со хранливи материи и витамини и на тој начин го снабдуваат телото со гориво до следниот оброк. Оревите се познати и како стабилизатори на стресот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Саб 12 Мар - 19:56

Антиоксидансите во оревите го зајакнуваат срцето и се борат против слободните радикали кои се познати како предизвикувачи на болести на срцето. Омега 3 масните киселини го намалуваат чуството на депресија.

Органите почнуваат да работат поефективно, што значи дека оревите го спречуваат затнувањето на артериите и други негативни ефекти врз здравјето. Ако се конзумираат во умерени количини, оревите нема да предизвикаат дебелеење, туку напротив, ќе го подобрат здравјето, ќе ја регулираат тежината и големината на половината.

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 02-orevi-zdravje

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Пон 14 Мар - 18:44

A orevi so med zgolemuvaat nesto drugo povelke od santimetar. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by osa Пон 14 Мар - 21:24

a toa e ????????

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16598
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 15 Мар - 17:12

ke ti kazam zko pokazes licna karta da vidam dali si polnoletna.za sto nesto mnogu skrzava mi se gledas mozda nemas polno9 18. Laughing

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре 6 Апр - 9:48


Прочистете го најважниот орган во телото: После 30 дена нема да можете да се препознаете


Едноставно секое утро измешајте ги овие две состојки и испијте ги на празен стомак.
Црниот дроб учествува во процесот на регенерацијана крвта, помага за зајакнување на имунитетот и го стимулира варењето на храната. Тој, исто така, ја прочистува крвта и ги елиминира сите токсини од неа.

Значи, со самото тоа е јасно дека здравиот и чист црн дроб е поврзан со доброто здравје, со виталноста, енергијата и доброто расположение.

Најдобриот начин за да спречите појавување на болести и да го одржувате здрав црниот дроб е секојдневно да го прочистувате.

За да го направите тоа, потребно е да измешате една лажица маслиново масло со една лажица лимонов сок секое утро и да ја испиете мешавината на празен стомак. После тоа, можете да појадувате.

Овој напиток можете да го подготвувате секое утро без проблеми бидејќи се состои од две состојки кои речиси секое домаќинство ги има.

После еден месец редовно конзумирање на овој пијалок, ќе почувствувате промена. Вашата кожа ќе изгледа подобро, темните кругови под очите ќе исчезнат, цревата ќе работат одлично и нема да имате проблеми со запек или со варењето на храната. Ќе се чувствувате здраво и полни со енергија.

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 02-crn-drob-zdravje

Маслиновото масло е најдобриот производ за прочистување на црниот дроб и жолчната кеса, а корисните својства на лимонот им се познати на сите – лимонот е одличен извор на витамин Ц, ефикасно ги чисти крвните садови од холестерол и допринесува за здравје на црниот дроб.

http://tocka.com.mk/3/192136/procistete-go-najvazniot-organ-vo-teloto-posle-30-dena-nema-da-mozete-da-se-prepoznaete

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре 20 Апр - 8:45

Четири најлоши отрови за нашето тело

Брзата храна изгледа како супер начин да го задоволите гладот, но што се случува кога започнувате да ја консумирате премногу често? Еден ден без 8 часа сон и не изгледа така страшно, но цела недела?

Модерните „отрови“ тивко го убиваат нашето тело, па кога ќе се свестиме за нив веќе имаме сериозно нарушена здравствена состојба.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре 20 Апр - 8:45

Недостаток од сон

Сонот е неопходен за нашето тело од чиста причина што на организмот му треба одмор за да може непречено да ги извршува процесите на детоксификација. Ако имате проблем со спиењето обидете се да го стабилизирате својот ритам така што секој ден ќе легнувате во исто време. Недостатокот од сон ве прави помалку внимателни, лесно раздразливи, а воедно влијае и врз вашиот имунитет правејќи ве полесно подложни на болести и стрес.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре 20 Апр - 8:45

Готова храна

Купувањето на веќе приготвена храна изгледа како супер идеја. Се враќате од работа, премногу сте уморни да готвите, а инстант решението ви е на дофат на раката. Сепак, во ваквите ситуации заборавате дека овој тип на храна содржи непотребни нутриенти и често е полна со нездрави масти, шеќери и најразлични токсини. Затоа не претерувајте!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре 20 Апр - 8:46

„Неуредно“ минато

Ако долго време сте биле пушач, сте консумирале брза храна или пак сте му се предале на алкохолот тоа најверојатно оставило долгорочни последици врз вашето здравје. Дури и кога успеваме да се ослободиме од тие пороци, телото најчесто памти. Поради ова докторите препорачуваат барем еднаш во годината да направите детоксификација на телото во која ќе ги елиминирате наталожените токсини во телото.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре 20 Апр - 8:46

Производи за чистење

Сакаме домот да ни биде чист и без бактерии, но забораваме на тоа дека секое средство за чистење е своевидна комбинација од хемикалии и иако добро ја исполнува својата цел, влијае негативно врз нашето здравје. За време на чистењето на домот заштитете ги рацете со гумени ракавици. Освен тоа проверете дали производот што го користите е опасен за дишните патишта. Ако е тогаш соодветно заштитете ги устата и носот.

http://www.idividi.com.mk/stil/zdravje/1067056/index.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Пон 25 Апр - 13:21

ЗОШТО Е ПРЕПОРАЧЛИВО ДА СЕ ЈАДЕ ЕДНО ЈАБОЛКО НА ДЕН?

Јаболкото го подобрува работењето на метаболизмот, помага при слабеењето, овозможува мирен сон… Јаболкото е како ковчег со богатство.

Богато е со влакна (целулоза, пектин, лигнин…), го намалува нивото на холестерол и спречува настанување на срцеви заболувања.

Овој плод изобилува со витамини (витамин Ц кој го засилува имунитетот и го забавува стареењето, како и витамините А, Е, К, Б), минерали (калиум, магнезиум, фосфор, железо), киселини (млечна, лимонска и јаболкова) кои помагаат во процесот на варењето.

Благодарејќи на јаглехидратите кои ги содржи (фруктоза, сахароза, гликоза) го снабдува организмот со енергија, спречува замор и го разбиструва умот. Ако пред спиење изедете едно јаболко, ќе имате мирен и пријатен сон.

Секој ден изедете јаболко за да спречите бројни здравствени тегоби. Конзумацијата на јаболкото поттикнува и лачење на серотонин, „хормонот на среќата“.

Лековитите својства на ова овошје биле познати уште во средниот век. За лечење, освен плодовите се користеле и цветовите и листовите и тоа против болести на очите, болки во коските, пупките против главоболки, грчеви и запек.

Бидејќи нема голема енергетска вредност, бидејќи во најголем дел е составено од вода во која се растворени витамините и хранливите и лековити супстанци, јаболкото поминува низ желудникот за 20 минути.

Меѓутоа доколку го јадете после оброк, поради храната која се вари во желудникот и до неколку часа, доаѓа до ферментација и јаболкото ги губи повеќето хранливи и лековити материи.

Јаболкото јадете го со лушпа (освен ако сте купиле такви третирани со пестициди), бидејќи лушпата содржи шест пати повеќе витамини отколку плодот. Лушпата содржи пектин, влакно кое на себе ги врзува токсините и им помага на цревата да ги исфрлат остатоците од веќе сварената храна.

Освен тоа, лушпата содржи урсолична киселина која го контролира нивото на холестерол и шеќер во крвта и ги засилува и штити мускулите.

Убави и здрави заби

Со умерено гризење и жвакање на јаболкото го засилуваме забното месо, а со конзумацијата на едно јаболко можеме да ја исчистиме усната шуплина од дури 90 проценти од бактериите кои предизвикуваат кариес.

Киселината која се наоѓа во јаболката може да придонесе за топење на забниот камен. Бидејќи е богата со флуор, спречува настанување на кариес и ја штити усната шуплина.

http://tvorbis.com.mk/?p=33254

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 3 Мај - 12:01

Со пиво во борба против ракот

Можеби и не е толку лоша идеа почесто да уживаме во чаша ладно пиво, барем гледано од здравствен аспект.
Најновите истражувања спроведени во рамките на Универзитетот во Ајдахо докажуваат дека пивото може да помогне во борбата против многу заболувања како што се акните, гојазноста, хпв вирусот и најопасното заболување на денешницата – ракот.
Состојката која на пивото и ја дава горчината всушност е таа која што содржи две компоненти со исклучително позитивно влијание врз нашето здравје.
Хмељот содржи хумулони кои имаат антивоспалителни и антиканцерогени својства и лупилони кои исто така имаат позитивен ефект врз општото здравје.
Пивото има е вистинска ризница на минерали како што се магнезиум, калциум и селен кои се одлични борци против настинките и останатите вирусни заболувања.
Богатството од антиоксиданси во неговиот состав ќе го зајакнат имунитетот а вие ќе се чувствувате енергично и свежо.

http://mama365.mk/so-pivo-vo-borba-protiv-rakot/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 23 Aвг - 0:55

Еликсир на здравјето: Овој зеленчук треба да го јадете почесто

Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на овој зеленчук го спречува губењето на минералите од коските, го забавува стареењето и ја поттикнува работата на цревата.

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Hitportal-cveklo

Станува збор за цвеклото. Тоа е богато со витамини, минерали и влакна, што го прават вистински „еликсир на здравјето“. Нутриционистите особено го препорачуваат во диеталната исхрана, за прочистување на организмот од токсини и за зајакнување на имунитетот. Овој плод ги содржи речиси сите важни минерали.

Исто така, цвеклото се препорачува и во случаи на грип, бронхитис, воспаление на белите дробови, болести на желудникот и тоа не е сè. Овој лековит зеленчук позитивно влијае и врз работата на мозокот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Саб 27 Aвг - 11:48

ДОМАШЕН БАЛСАМ ЗА МЕКИ УСНИ

Грижата за кожата е секојдневие. Најголемиот човечки орган, бара посебно внимание. За кожата на усните, се сеќаваме почесто во зимските месеци, а таа треба пилинг и длабоко хидрирање и во остатокот од годината.

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 598ab7d0336585fe747188b062fc1896

По карминот, балсамот за усни е другиот најчесто користен козметички производ од дамите. Денес споделуваме еден рецепт за домашен балсам за усни. Состојките во него ги покажаа своите неверојатни квалитети врз кожата.

Потребни состојки:
1 лажица пчелин восок
3 лажици кокосово масло , масло од јојоба или масло од авокадо
2 и ½ лажици масло од шеа
5 капки витамин Е
2 капки масло од рузмарин
3 капки етерично масло од нане
стаклена тегла или метална кутија со капак

Подготовка:

Во сад на водена бања одмрзнете го пчелиниот восок.  Потоа додадете го кон него кокосовото масло, маслото од шеа и добро промешајте.
Кога состојките ќе се поврзат, отстранете го садот од огнот и додајте го остатокот од состојките. Внимателно префрлете ја смесата во кутии и оставете да се излади добро.

Секогаш носете во женската торба една мала кутија од овој балсам.

http://lokalno.mk/domashen-balsam-za-meki-usni/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре 7 Сеп - 22:22

Неколку начини да го избегнете јадењето во доцните часови

Повеќето луѓе имаат навика да јадат доцна навечер, кога седат пред телевизија или пред компјутер. Но, сите знаеме дека јадењето доцна и особено пред спиење е штетно, пред сѐ поради тоа што доведува до зголемување на телесната тежина што е штетна од повеќе аспекти. Доколку и вие сте од оние што имаат навика да јадат што било пред легнување, еве неколку начини кои ќе ви помогнат да го избегнете копнеењето по храна.

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 1-nekolku-nachini-da-go-izbegnete-jadenjeto-vo-docnite-chasovi

1. Препознајте кога сте само стрвни

Наместо да посегнувате по слатки работи секоја вечер, обидете се да сфатите по која храна најчесто копнеете по вечерата и дали ви е само навика.

2. Јадете повеќе протеини

Ноќното посегнување по храна може да биде начин вашето тело да ви каже дека не сте јаделе доволно. Консумирањето екстра протеини со вашиот последен оброк може да ви помогне да го елиминирате чувството на глад подоцна.

3. Пијте чаеви од билки

Ако имате обичај да јадете ужина после вечерата, обидете се да ја замените со чаша чај. Ова е и одлична можност да се опуштите пред спиење и да ги отстраните мислите за храна.

4. Пешачете

Кога ноќта ќе почувствувате глад, избегнете го искушението и отидете на прошетка. Свежиот воздух и лесните вежби ќе ви помогнат да ги тргнете мислите за дополнителна ужина, а и подобро да заспиете.

5. Спијте повеќе

Кога не спиете доволно, вашето тело може да одговори на тој начин што ќе чувствувате глад. Истражувањата покажуваат дека луѓето коишто спијат помалку имаат поголема веројатност да направат полош избор на храна.

6. Но, доколку морате да јадете, нека биде тоа здраво!

Ако морате да јадете нешто, бидете сигурни дека пред себе имате здрав оброк. Ви треба солено? Земете си пуканки. Ако пак имате желба за нешто благо, одберете некое овошје.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 27 Сеп - 18:32

Дали знаете како правилно се јаде лукот?

Во лукот се наоѓаат речиси стотина активни хемиски сооединенија, а меѓу нив и неколку антиоксиданти.

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Luk(3)

Лукот е редовен гостин во нашите менија, но и производ по кој со задоволство посегнуваме кога имаме настинка или грип. Кај народот e познат како природен антибиотик, а дека навистина е лековит, потврдуваат и стручњаците.

Во лукот се наоѓаат речиси стотина активни хемиски сооединенија, а меѓу нив и неколку антиоксиданти - сооединенија кои го намалуваат трошењето и оптоварувањето на клетките.

Сè уште не е сосема јасно како сите составни делови на лукот се однесуваат во телото, но лукот секако има дејство на антибиотици, средства за отзатнување на дишните патишта, антиканцерогено и противвоспалително дејство и ги „убива“ габичките и поедини вируси, истакнуваат нутриционистите.

Лековитото дејство на лукот потекнува од алицинот, сооединение со кое оваа билка се брани од нападите на бактериите и габичките.

За да го искористите на најдобар начин благотворното дејство на лукот, би требало да го консумирате често и правилно.

1. Пред консумирањето задолжително изгмечето го за да ја поттикнете ензимската реакција во текот на која настанува алицинот.

2. Најдобро е да го консумирате во сирова состојба.

3. Ако термички го обработувате, нека тоа биде кратко - не повеќе од 10 минути.

Многумина избегнуваат да консумираат лук поради неговиот интензивен мирис. Важно е да знаете дека тој е последица на материите кои содржат сулфур и кои на овој производ му ги даваат лековитите својства.

Проблемот на непријатниот здив по консумирањето на лук можете да го решите со џвакање на магоднос, зрно кафе или коморач.

http://plusinfo.mk/vest/87456/dali-znaete-kako-pravilno-se-jade-lukot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 27 Сеп - 20:50

lazat lazat nejdobar e so rakija u salata.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Сре 28 Сеп - 10:40

Eve ti eden dobar sovet da si go sochuvash zdravjeto, pa ti vidi...

НАЈМАЛКУ 23 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД ОТРОВНА ВОТКА ВО УКРАИНА

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 93FD101A65A82445A0529365BAC69F4B

Во последните неколку дена најмалку 23 лица починале од отровна вотка во сиромашните, рурални делови на Украина, информираа украинските власти.

Обвинителството во Харков во последните 24 часа пријавило уште пет смртни случаи, додавајќи дека од петокот веќе 13 лица во овој регион умреле од смртоносната вотка.

Во Донецк се пријавени уште пет мртви лица, кои ја пиеле истата вотка, информира полициската управа од Киев.

Полицијата соопшти дека првите смртни случаи беа пријавени претходно од регионот на Харков, каде во моментов 53 лица се лекуваат од труење со нелегално произведена вотка.

Властите наведуваат дека привеле пет осомничени лица, сите сопственици на пиљари во Харков, кои сега се соочуваат со казна од пет до 10 години затвор доколку бидат осудени за незаконско производство на вотка.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 4 Окт - 12:06

10 добри причини да јадеме маслинки

Американскиот нутриционист, херболог и хомеопатски лекар, Џон Самер,кој е советник на многубројни познати личности и спортисти, ги истакнува 10-те здравствени предности на маслинките.

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Mas-1-576x330


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 4 Окт - 12:06

Против кардио-болести
Антиоксидантните хранливи својства во маслинките помагаат во превенција на срчевите болести. Здравите монозаситени масти во маслинките потврдено го смалуваат ризикот од атеросклероза и го зголемуваат нивото на добриот холестерол. Неодамнешните истражувања покажаа дека маслинките и маслиновото масло го намалуваат зголемениот крвен притисок.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 4 Окт - 12:06

За слабеење
Маслинките помагаат и во процесот на слабеење. Имено, ги разградуваат мастите, па со нив полесно може да се ослободиме од наталоженото сало на стомакот. Луѓето кои јадат маслинки и употребуваат маслиново масло – тврди истражувањето – ретко се гојазни. Крвните тестови покажуваат дека луѓето кои секојдневно јадат маслинки имаат зголемени хормони серотонин, таканаречен хормон на ситоста. И самата арома на маслинките предизвикува ситост односно намален внес на калории за 200 на ден.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 4 Окт - 12:06

Превенција од рак
Антиоксидативните својства на маслинките ги прават природни заштитници од рак. Црните маслинки се одличен извор на витамин Е кој ги неутрализира слободните радикали во масното ткиво, со тоа и ги чуваат ДНК клетките. Оштетените днк клетки пак, често знаат да мутираат а со тоа и да доведат до малигни заболувања. Истражувањата покажаа дека прехраната со додаток на маслиново масло доведува до намален ризик од рак на дебело црево.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 4 Окт - 12:06

Ја ублажуваат болката
Маслинките имаат својство на природен ибупрофен. Нивното масло содржи oleocanthal, состојка која делува против воспаленија. Интересно е дека 50 грама маслиново масло содржи oleocanthala онолку колку што можат да делуваат 10 ибупрофени.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин Вто 4 Окт - 12:07

За здрава кожа и коса
Црните маслинки се богати со масни киселини кои ја хранат кожата и косата, а исто така и ја навлажнуваат. Благодарение на витаминот Е, маслинките природно не штитат од сончевите зраци, ракот на кожа и забрзаното стареење.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корисни совети за подобро здравје - Page 3 Empty Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот