ХРАНА
2 posters
Страна 9 of 12
Страна 9 of 12 • 1, 2, 3 ... 8, 9, 10, 11, 12
Re: ХРАНА
Првата вградена кујна, позната како „франкфуртска кујна“, ја проектирала во 1926 година архитектката на Баухаус, Грете Лихотски. Кујната била наменета за малите станови во една социјална населба во Франкфурт. Кујната со денес вообичаените споени елементи и висечки орманчиња ја дизајнирала по урнек на кујните во патничките возови и во бродовите.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Кажимир Функ го создал концептот за витамини и го измислил самиот збор „витамин“.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Ахилио Гагиа го осмислил современиот апарат за еспресо кој се користи со висок притисок.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Жан Антелм Брија-Саварен
На еден љубител на пиењето за десерт му понудиле грозје. ‒Благодарам ‒ рекол господинот и ја одбил чинијата. ‒ Немам обичај вино да консумирам во пилули.
На еден љубител на пиењето за десерт му понудиле грозје. ‒Благодарам ‒ рекол господинот и ја одбил чинијата. ‒ Немам обичај вино да консумирам во пилули.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Жан Антелм Брија-Саварен е еден од најславните готвачи во историјата. Автор е на веројатно највлијателната кулинарска книга на сите времиња, Физиологија на вкусот (1826). Ова дело, своевидни медитации и афоризми, делумно под влијание на стилот на Монтењ, на супериорен начин расправа за задоволствата на трпезата, кои Саварин ги смета за наука. Неговите писателски узори биле стилистите од „стариот режим“: Волтер, Русо, Фенелон, Бифон, Кошен, Дагесо... Освен латинскиот, Саварен зборувал и пет современи јазици, и не се стегал тоа да го покаже во соодветни прилики. Не се двоумел да позајми збор, како на пример англискиот sip (мала голтка) кога францускиот не можел да му послужи во дадената ситуација. Саварин бил следбеник на филозофијата на Епикур; го задоволувало и наједноставното јадење, но само ако било создадено со творечки дух: „Оние кои бутаат неограничено, или кои претеруваат во пиењето, тие се наполно неуки за вистинските начела на исхраната“.
Гостин- Гостин
Re: ХРАНА
Саварин зад себе оставил некои бесмртни кулинарски согледувања:
Откритието на ново јадење за човечката раса е поважно од откритието на нова ѕвезда.
Откритието на ново јадење за човечката раса е поважно од откритието на нова ѕвезда.
Гостин- Гостин
Страна 9 of 12 • 1, 2, 3 ... 8, 9, 10, 11, 12
Страна 9 of 12
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот