Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БОМБАТА

+16
Фири1
Sotir
Arhimed
osa
reiter
Hamad bim Khalifa
ribar
bratucedot
kiBik
Kalinda
tmoro
Боко
haskov
Фири
меанџија
хан Ацо
20 posters

Страна 5 of 40 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 22 ... 40  Next

Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Вто Фед 10 2015, 18:01

Pa ima zosto da e nervozen, neli...Koga ke doznaes deka se sto si zboruval po telefon, ke bide objaveno...A koj znae sto se Stavrevski razgovaral...Ne samo so Goca...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Вто Фед 10 2015, 18:04

нервозен,само да не изгуби од лепота Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Вто Фед 10 2015, 18:06

Pa sto ke raboti drugo vo Idrizovo osven da odrzava lepota...A kako sto trgnalo patot mu e natamu...Osven ako ne se prijavi na vreme za zastiten svedok...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Вто Фед 10 2015, 18:09

Teo напиша:Pa sto ke raboti drugo vo Idrizovo osven da odrzava lepota...A kako sto trgnalo patot mu e natamu...Osven ako ne se prijavi na vreme za zastiten svedok...
подобро уште сега нека си лакира ноктите Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Вто Фед 10 2015, 18:59

Илија Димовски..што нешто вака 'цурик'..е како анализиравте донесовте па сега нешто брзо брзо пак преанализиравте и...

власта во рок од една недела се одлучи да има измени во овие закони напиша:

Ние како пратеничка група ги анализиравме сите забелешки на законите, ги анализиравме сите укажувања, направивме подлабоки консултации со многу засегнати државни институции, претпријатија и субјекти и цениме дека овој сегашен предлог за измени на законот е во насока на задоволување на некој општествен консензус околу потребата од регулирање на оваа област. напиша:

http://www.makdenes.org/content/article/26840557.html

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Боко Вто Фед 10 2015, 21:17

Добро бре,едно не ми е јасно.Како може да се прислушкува разговор на татко со малолетно дете,нели е долно,абе од општа култура ќе исклучам.Мислам веќе сме на дното,господ нека ни е на помош

Боко

Број на мислења : 66
Join date : 2015-01-27

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Вто Фед 10 2015, 21:31

Pocna interesot na stranskite diplomati za bombata...Najverojatno e nasocen kon prislusuvanite razgovori na diplomatite vo drzavata, kako i na onie koi ja posetile...

Заев пред дипломатите: Објавените снимки се само дел од доказите за криминалот

БОМБАТА - Page 5 Zaev%20Rejcel%203

Објавените снимки за прислушкување на граѓани се само дел од доказите за незаконското и криминалното функционирање на актуелната власт, им предочил лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Ернст Рејчел и на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер, на денешната средба која се оствари попладнево, а на која присуствувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

„Затоа СДСМ и коалициските партнери го почнаа проектот „Вистината за Македонија“ чијашто цел е враќање на слободата на граѓаните и нормализирање на Македонија преку обнувување на напуштените демократски вредности“, им поачал Заев на дипломатите, велат од партијата.

На средбата било разговарано за заштита и остварување на основнините човекови права во Македонија, за слободата и правдата, како и за актуелните состојби.

Заев и Шекеринска го поздравиле децидниот став на Сојузна Република Германија со којшто Германија побара од властите во Македонија функционирање според меѓународните стандарди

http://plusinfo.mk/vest/14522/zaev-pred-diplomatite-objavenite-snimki-se-samo-del-od-dokazite-za-kriminalot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 16:26

Pukna bombata...Samo mal del trebase, za vlasta da pocne da puka po site savovi...Zbuneti, nesigurni, fateni na delo...ne znaat kako da se spasat, od sopstvenite lagi i kriminali...

Како тоа Верушевски почнал да шпионира во 2012, а снимките се од 2011?

БОМБАТА - Page 5 20182golema

Полицијата во своето соопштение од пред две недели тврди дека Зоран Верушевски шпионирал за странска служба од 2012 до денот кога беше уапсен, меѓутоа разговорите на две од снимките коишто во понеделникот ги објави СДСМ потекнуваат од 2011 година.

Затоа се доведува во прашање верзијата на властите дека материјалите ги снимиле Верушески и Заев, а не тајната полиција како што тврди опозицијата.

БОМБАТА - Page 5 Screenshot%202015-02-11%2010.26.46


Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Верушевски се терети за две дела и тоа за шпионажа и за помагање при насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

МВР во соопштението од 31 јануари објави дека Верушевски, во периодот од 2012 година до денот на апсењето, прибавувал тајни податоци поврзани со работењето на надлежни државни органи во Македонија во форма на документи, фотографии, имиња на лица и други податоци со намера да ги соопшти и предаде на странска држава, организација или лице што им служи.

За другите двајца приведени во акцијата „Пуч“, кои полицијата ги уапси пред три дена, МВР не информираше кога тие почнале да соработуваат со првите четворица осомничени, меѓу кои е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Интересно е дека разговорот меѓу министрите Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески поттекнува од 22 декември 2011, додека оној меѓу Радмила Шекеринска и Зоран Заев од 1 јуни истата година.

Министерот за финансии во снимениот разговор дава најточни информации од кои може да се детектира кога бил снимен муабетот. Ставрески најавува дека ден по муабетот има пи-ар настан на кој ќе ја промовира спогодбата со банкарите за проектот „Купи куќа, купи стан“ кој, според медиумите, е одржан на 23 декември 2011.

Тоа значи дека Ставрески и Јанкулоска комуницирале ден претходно, на 22 декември 2011.

Втората снимка на којашто може да се детектира временскиот период кога е снимена е онаа на која разговараат Шекеринска и Заев. Според муабетот може да се заклучи дека двајцата комуницираат вечерта на 1 јуни 2011 година, само четири дена пред изборите на 5 јуни.
Оние што будно ја следеле кампањата за тогашните предвремени парламентарни избори ќе се потсетат дека Шекеринска и Заев зборуваат за инцидентот во кој автомобилот на тогашната кандидатка за премиер на патотот кај Росоман бил гаѓан со пластично шише.

Медиумите известија за тој случај истата вечер, а датумот за НОВА денеска го потврди и Шекеринска.


Ако е точно она што СДМС го говори, дека снимките ги правела Управата за безбедност и контраразузнавање под водство на Сашо Мијалков, во тој случај излегува дека власта ја прислушкувала опозицијата за време на изборната кампања во 2011 година.

Тито Петковски го имаше истиот сомнеж и за случајот со Љубе Бошкоси, кој како лидер на опозициската Обединети за Македонија учествуваше на истите избори по кои веднаш беше уапсен поради нелегално финансирање на партијата.

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, лани во октомври во емисијата „Вин-Вин“ на 24 Вести изјави дека и за време на последните избори бил под посебни истражни мерки, односно дека бил следен и прислушкуван од службите

- Во саботата, на денот пред изборите, обидувајќи се да воспостави комуникација заради менаџмент на изборниот ден го прашувам: Потврди или демантирај! Дали има посебни истражни мерки врз мене како претседател на најголемата опозициска партија? Ми вели: Викенд е, не можам да ти кажам! – изјави тогаш Заев во емисијата на новинарката Оливера Трајковска.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20182

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 16:35

I Alji pocna da bara vmesuvanje na strancite vo bombata...Mozebi se nadeva deka ke go spasat od brodot sto tone...

Али Ахмети: Меѓународниот фактор да се вклучи во случајот прислушкување

БОМБАТА - Page 5 20188golema

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од евроамбасадорот Аиво Орав со кој денеска оствари средба, побара Меѓународната заедница да формира посебна група од експерти, која заедно со домашните институции на системот би го истражувале случајот со прислушкувањето објавено од претседателот на СДСМ Зоран Заев.

На тој начин според Ахмети вистината би излегла на виделина.

- Доколку се вклучи меѓународниот фактор во овој случај, нема да има двоумење од ниту еден граѓанин, дали истражната постапка е со кредибилитет, изјави Ахмети.

- По денешните средби со специјалниот пратеник од министерството за надоврешни работи на Германија, Ернст Рајхел и шефот на канцеларијата на ЕУ, Аиво Орав разговаравме за развојот на настаните во Македонија. Заеднички ја споделивме загриженоста за овие настани и јас го покренав како прашање кај соговорниците да се создаде политичка група од претставници од меѓународната заедница на политичко и на експертско ниво за решавање и менаџирање на состојбата, изјави Ахмети.

Тој побара од Меѓународната заедница да се создаде една политичка и експертска комисија со цел овој процес да добие кредибилност и доверба кај сите граѓани на Македонија и да се отстрани секое двоумење околу третманот на овој процес.

- Сегашната состојба бара рационално и зрело однесување, да покажат сите политички субјекти во земјата за да не се дефокусира нашата агенда за членство во ЕУ и НАТО со унапредување на меѓуетничките односи, економскиот развој на земјата и унапредување на односите со соседните земји. Сите политички сили во земјата треба да го имаат ова како приоритет бидејќи тука е користа за сите граѓани, дополни лидерот на ДУИ.

Според него, политичките сили заедно со експертите од Меѓународната заедница и домашните политичките фактори треба заедно да ја менаџираат оваа состојба.

Ахмети вели дека не се чуствува изигран од ВМРО ДПМНЕ, партија која според претседателот на СДСМ учествувала во прислушкувањето на лидерот на ДУИ.

- ДУИ работи и делува надвор од дневните емоциии и со ладна глава ги анализира сите состојби и делува така што ниедно дејство нема да биде во спротивност со интересите на граѓаните и ниедно дејство нема да биде предизвикано од емоции туку со размислување, разумност и ладнокрвност, изјави Ахмети.

Тој кажа дека против никого нема да поднесува пријави во врска со случајот прислушкување. Според него работата треба на професионално ниво да си ја завршат институциите на системот.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20188

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 16:39

Gerovski, interesna rabota ni otkriva...

Цвај бандитен ин кукурузен

БОМБАТА - Page 5 Milke

Е, драги мои дпмнеовци, драги мои „бранители“ на Македонија! Гледате ли до каде ја дотуркавте? Цел свет се чуди какви луѓе ја водат оваа земја во пропаст.

Погледнете што пишува угледниот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“: „И шефот на Штази, Ерих Милке, би се гордеел со Груевски и со Мијалков!“ Ало дечки, франкфуртер е ова, а не хамбургер!

„Она што го сториле двете најмоќни фигури во балканската држава, која е кандидат за членство во ЕУ, може да се мери само со ’остварувањата’ на тајната служба во поранешната ГДР под раководство на Милке“, пишува весникот.

Ова ти се вика - цвај бандитен ин кукурузен, со курцен килотен!

Знаете ли, тапчовци едни, кој е тој Милке (не Мирке, туку Милке!) што го спомнува ФАЦ? Тој е најомразениот човек во Источна Германија. Го нарекувале „господар на смртта“, човек кого го сметале за полош од шефот на Гестапо.

Е, драги мои дпмнеовци, светот вашите икони ги споредува со ова чудовиште и уште тврди дека тоа би се гордеело со нив! При тоа, ФАЦ потсетува дека „жалното во целата оваа трагикомична претстава во Скопје е што Македонија некогаш беше лидер во регионот во однос на демократските стандарди“.

Еден ден, кога лудаците што наредиле да се прислушуваат 20.000 луѓе ќе завршат таму каде што им местото, ќе им ја дадеме истата привилегија што ја добил Милке пред смртта. Во неговата соба, во санаториумот каде што ги поминал последните пет години од животот, му поставиле црвен телефон, се разбира неповрзан, на кој тој со часови разговарал и издавал наредби до своите непостоечки агенти.


http://plusinfo.mk/vest/14593/cvaj-banditen-in-kukuruzen

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 16:43

Na krajot moram da priznaam deka mnogu se dvoumev dali ova ne spaga vo temata so vicovi...Proveruvav da ne e od Koza Nostra...No sepak odluciv da go stavam ovde...

Horhe se ogalsil....E ne mozev da izdrzam...БОМБАТА - Page 5 Smiley-laughing021

Иванов писмено се огласи за прислушувањата

БОМБАТА - Page 5 Gjorge-ivanov

Претседателот Иванов се обрати до јавноста со писмена изјава во која истакнува дека дава поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдување на постоењето на активностите спротивни на уставот и во санкционирањето на сторителите на кривичните дела.

Во однос на актуелната политичка ситуација, Иванов ги повикува политичките субјекти да се однесуваат разумно и одговорно во согласност со интересите на граѓаните и државата. Мора да покажеме зрелост пред предизвиците што се појавуваат и истите мора да се решаваат по институционален пат, стои во писмената изјава на Иванов, кој бара од медиумите да укажат на сето она што ги нарушува демократските интереси на граѓаните и државата.

http://telma.com.mk/vesti/ivanov-pismeno-se-oglasi-za-prislushuvanjata

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Сре Фед 11 2015, 19:00

Зврле сега е на потег...сиротиот цел е во врелиот казан...горе-високо,доле-длабоко Very Happy

Шилегов: Поднесена е кривична пријава против Груевски и Мијалков за неовластено следење напиша:

Топло му препорачуваме на Марко Зврлевски да почне да слуша и други освен провладините медиуми. Можеби ќе слушне дека нешто се случува во државата. напиша:

http://libertas.mk/%d1%88%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%be%d0%b2-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b5-%d0%ba%d1%80%d0%b8%d0%b2%d0%b8%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b0/

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 19:17


Mnogu ubava karikatura na Zvrle, vo Sloboden pecat na Gero...


БОМБАТА - Page 5 10958828_782461798496924_9019866133227532158_o1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Фири Сре Фед 11 2015, 19:23

Направи една заклjучена тема само со тие петарди, вака тоj кажал оноj кажал и бомбите не може да ги наjде чоек Smile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by хан Ацо Сре Фед 11 2015, 19:23

Ова е добар виц-"Од безбедносни причини Владата се сели во студията на ТВ Сител" Laughing
хан Ацо
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 19:28

Pa tv shitel, e centarot za odbrana na grujokio... Tamu se latas, burekot i slicni individui... No taman so gazda zingo na celo da se postrojat, nema da uspeat da se odbranat.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by хан Ацо Сре Фед 11 2015, 19:36

Teo напиша:Pa tv shitel, e centarot za odbrana na grujokio... Tamu se latas, burekot i  slicni individui... No taman so gazda zingo na celo da se postrojat, nema da uspeat da se odbranat.

Знам,знам Very Happy
хан Ацо
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Сре Фед 11 2015, 22:31

мене повеќе ми стое како касетна бомба...ќе удари точно во целта..


Техничка влада повеќе не е во игра напиша:


http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20199


_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 23:00

Otide sansata na Gujokio...Trebase na vreme da gi prifati uslovite na opozicijata....

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Сре Фед 11 2015, 23:04

Teo напиша:Otide sansata na Gujokio...Trebase na vreme da gi prifati uslovite na opozicijata....
Тео,дали така-вака или незнам како јасно му е дека е крај.9 години се многу за владеење, и мора да се направи грешка.А грешката е лакомоста.А лакомоста е себична и бара многу контрола и жртви,ете гледаме до каде стигна грујо со таков начин на владеење.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Фед 11 2015, 23:12

Gotovo e Reiter...Ova e pocetok na krajot...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Фед 12 2015, 10:46

Зоран Заев во 24 Анализа (11.02.2015)


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Фед 12 2015, 20:18

Ama mnogu go tegnat so ova bombite!?!?!?
Se nadevam i veruvam deka strategijata im e dobro osmislena i ke go postigne efektot. Vo sprotivno neka idat u PLM!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Фед 12 2015, 20:26

Pocnav i jas da se zagrizuvam kalifu...dosega trebase da eksplodiraat barazno bombite...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Фед 12 2015, 20:47

Trebase vcera - denes Shilegov vo 14,30 da se pojavi so slednoto: "Dobar den pocituvani, denes objavuvame del od snimeni razgovori......"
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 5 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 40 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 22 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот