DPNE-kolaps
+19
Nebula
zozoti
Dino
tmoro
Delta
Albatros
SHARENI
Zhane
Kalinda
defo
TRAJCHE
osa
OPOZICIONER
nino
Bosonoga
трендафил
misterija
Luxor
Teo
23 posters
Страна 2 of 40
Страна 2 of 40 • 1, 2, 3 ... 21 ... 40
Re: DPNE-kolaps
Toa e laga objavena na dpmneovski portal. Site televizii i ostanati mediumi go objavija demantot na krivicniot sovet deka ne e postapuvano po pasosot na Mijalkov.
OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Re: DPNE-kolaps
Не сум гледал вчера телевизија, а на интернет не гледам демант. Можеби не можам да најдам. Не е ли малку сомнително попладне да дојде демант од Кривичниот совет кој работи во редовно работно време. Мијалков колку што знам има и чешки пасош. Дали тој воопшто му е одземен?
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: DPNE-kolaps
Ја најдов веста на Фокус со демант од СЈО и самиот Мијалков.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: DPNE-kolaps
трендафил напиша:Ја најдов веста на Фокус со демант од СЈО и самиот Мијалков.
iiiiii .....ke se izvinish na chlenovite na Melnica shto gi maltretirash so lazni vesti ????
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: DPNE-kolaps
Abe na dpmne sekogas nekoj drug mu e kriv. Sega Mijalkov, sto dovcera go vospevaa, im e kriv za neuspehot na nivnata partija
nino- Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05
Re: DPNE-kolaps
Поздрав за небањатиот, заборавил да ја пренесе и оваа вест.
Груевски треба да се јави во затворот во Куманово на 9. ноември!?
22/10/2018
Поранешниот Премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември, дознава ТВ21 од неофицијални извори.
https://tv21.tv/mk/gruevski-treba-da-se-javi-vo-zatvorot-vo-kumanovo-na-9-noemvri/?fbclid=IwAR19CMxl6WQso4dwXx86RRhLu5vjxcVBW7GDNlQKsLA96Nzr3-MDGTwFUxI
Груевски треба да се јави во затворот во Куманово на 9. ноември!?
22/10/2018
Поранешниот Премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември, дознава ТВ21 од неофицијални извори.
https://tv21.tv/mk/gruevski-treba-da-se-javi-vo-zatvorot-vo-kumanovo-na-9-noemvri/?fbclid=IwAR19CMxl6WQso4dwXx86RRhLu5vjxcVBW7GDNlQKsLA96Nzr3-MDGTwFUxI
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: DPNE-kolaps
Ако добијам извинување за веста со која бевме малтретирани дека ВМРО-ДПМНЕ е исклучено од европското здружение за народни партии ќе се извинам и јас со задоволство. Со напомена дека јас ја исправив својата грешка, но морав да ја исправам и таа на МИА што ја пренесовте на форумов. И за други вести но во мементов оваа ми е најсвежа во сеќавањето.osa напиша:трендафил напиша:Ја најдов веста на Фокус со демант од СЈО и самиот Мијалков.
iiiiii .....ke se izvinish na chlenovite na Melnica shto gi maltretirash so lazni vesti ????
Еве една порака од колумнистот и екс амбасадор Артим Зеколи.
-После 30 години глума социал-демократија и патриотизам, граѓански концепт и еквидистанца, невладини организации и слободен печат, академија и интелектуализам, рокери и фолкери, на сцена исплива и се покажа комплетната мрежа на белградската агентура во Скопје, македонска и албанска.
Заслугата за тоа му припаѓа на Мицковски. Времето ќе покаже дали тоа ќе го истера до крај. Но по протерувањето на Мијалков и старата клика, тој е на добар пат да по прв пат во овие три децении ВМРО добие автентично, македонско и македонистичко водство. Огромен предизвик, како поради разгневеното братство на синовите и ќерките на СИД-УДБ- КОС, како и поради немањето албански национален партнер за соработка поради темелната пенетрација на Белград во сите партиски раководства
http://expres.mk/zekoli-mickoski-ja-rasturi-belgradskata-agentura-kje-izdrzhi-li/#comment-6932
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: DPNE-kolaps
Не си свесен колку Зеколи лаже со ова што го напишал. И не затоа да биде во право туку заради неговата големоалбанска исламистичка кауза.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: DPNE-kolaps
Сега ОСА ќе бара и ти да се извиниш затоа што ги малтретираш членовите на Мелница со лажни вести. Јас не мислам дека ти си виновен што некој друг лаже, но секој си има свое мислење.PRVOBOREC напиша:Поздрав за небањатиот, заборавил да ја пренесе и оваа вест.
Груевски треба да се јави во затворот во Куманово на 9. ноември!?
22/10/2018
Поранешниот Премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември, дознава ТВ21 од неофицијални извори.
https://tv21.tv/mk/gruevski-treba-da-se-javi-vo-zatvorot-vo-kumanovo-na-9-noemvri/?fbclid=IwAR19CMxl6WQso4dwXx86RRhLu5vjxcVBW7GDNlQKsLA96Nzr3-MDGTwFUxI
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: DPNE-kolaps
трендафил напиша: Јас не мислам дека ти си виновен што некој друг лаже, но секој си има свое мислење.
Конечно да се согласиме за нешто. Членовите на форумот имаат право да се повикуваат на информации објавени во медиумите, ако тие информации се лажни тоа не е вина на оној што ја пренел на форумот.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: DPNE-kolaps
трендафил напиша:Сега ОСА ќе бара и ти да се извиниш затоа што ги малтретираш членовите на Мелница со лажни вести. Јас не мислам дека ти си виновен што некој друг лаже, но секој си има свое мислење.PRVOBOREC напиша:Поздрав за небањатиот, заборавил да ја пренесе и оваа вест.
Груевски треба да се јави во затворот во Куманово на 9. ноември!?
22/10/2018
Поранешниот Премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември, дознава ТВ21 од неофицијални извори.
https://tv21.tv/mk/gruevski-treba-da-se-javi-vo-zatvorot-vo-kumanovo-na-9-noemvri/?fbclid=IwAR19CMxl6WQso4dwXx86RRhLu5vjxcVBW7GDNlQKsLA96Nzr3-MDGTwFUxI
a zoshto bi imalo iskluchoci ....se razbira deka sekoj shto pogreshil treba da se izvini ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: DPNE-kolaps
Eve sega e sigurno.
Груевски на 8 ноември треба да оди во затвор
Експремиерот Никола Груевски доби упатен акт да се пријави во затворот во Шуто Оризари, каде треба да ја отслужи 2 годишната казна за набавката на лускузниот „мерцедес“.
Според актот, Груевски треба најдоцна до 8 ноември да се јави во затворот. Упатниот акт му беше доставен утринава во Кривичниот суд, каде што Груевски го чекаше продолжението на судскиот процес за „Траекторија“.
https://novatv.mk/gruevski-na-8-noemvri-treba-da-odi-vo-zatvor/
Груевски на 8 ноември треба да оди во затвор
Експремиерот Никола Груевски доби упатен акт да се пријави во затворот во Шуто Оризари, каде треба да ја отслужи 2 годишната казна за набавката на лускузниот „мерцедес“.
Според актот, Груевски треба најдоцна до 8 ноември да се јави во затворот. Упатниот акт му беше доставен утринава во Кривичниот суд, каде што Груевски го чекаше продолжението на судскиот процес за „Траекторија“.
https://novatv.mk/gruevski-na-8-noemvri-treba-da-odi-vo-zatvor/
TRAJCHE- Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20
Re: DPNE-kolaps
да видиме дали сега Грујо ќе испадне јунак и ќе си ја одлежи казната или ке прсне некаде странство да си ги троши милионите на раат
nino- Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05
Re: DPNE-kolaps
Кој ли му направи скали за надолу на ДПМНЕ.
П.С Нема ефект веќе да се збори а нив. Или ќе ги има или не...а со нив и нас. Без здрава опозиција нема ништо.
П.П.С Задниве случувања се според мене само фарса. И она што од дамна го зборував ДПМНЕ беше А.Д со одговорни лица Н.Г и С.М. И дека парите не се на партијата него нивни лични пари, и така ги третираат.
П.С Нема ефект веќе да се збори а нив. Или ќе ги има или не...а со нив и нас. Без здрава опозиција нема ништо.
П.П.С Задниве случувања се според мене само фарса. И она што од дамна го зборував ДПМНЕ беше А.Д со одговорни лица Н.Г и С.М. И дека парите не се на партијата него нивни лични пари, и така ги третираат.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13
Re: DPNE-kolaps
Најдобро е можеби да пропадне ВМРО-ДПМНЕ и да се возобнови движењето со стариот назив - ВМРО. Времињата сега се потешки отколку во 1903 или 1941 година кога Македонците се бореле против странка окупаторска власт отколку сега кога треба да се борат против сегашната власт составена од Македонци што не си ја сакаат историјата и сакаат да ја избришат и македонски државјани од други етнички заедници. што се борат за својата историја, а сакаат да ја избришат нашата.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: DPNE-kolaps
mnogu zaneseni lugje ste vie dpmne-ovcite
koga ne ste na vlast samo na nasilstva povikuvate
i najdobro e skroz da iscezne taa partija zasekogas
koga ne ste na vlast samo na nasilstva povikuvate
i najdobro e skroz da iscezne taa partija zasekogas
nino- Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05
Re: DPNE-kolaps
Не знам дали има некој член на ВМРО-ДПМНЕ на форумов, но гледам дека има повеќе говор на омраза и повик на насилство врз тие што не го сметаат Заев за Бог од страна на неговите верници. Малку ми е чудно што во време на катастрофа во економијата, обид за кршење на човековите права односно обид за бришење на мојот идентитет се очекува да бидам поддржувач на тие што го прават тоа. Меѓународната банда (заедница) и нивните приврзоци во Македонија. Треба да сметам дека немало притисок и купување на пратеници, туку без никаква причина наместо во 14 часот за потреба од уставни измени се гласаше во 22. И дека во меѓувреме немаше силување на македонската демократија.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: DPNE-kolaps
Ајде не се прави на удрен. Па ти си членот на дпмне не форумот, секој пост ти е апологетика на дпмне. Или си бараш сопартијци?
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: DPNE-kolaps
Ja izgubi dpmne vlasta odma pocnaa na kosinja da povikuvaat, upad vo sobranie organiziraa
Lici li toa na politicka partija ili poveke nalikuva na mafija ili nekoja sekta
Lici li toa na politicka partija ili poveke nalikuva na mafija ili nekoja sekta
nino- Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05
Re: DPNE-kolaps
Начинот на кој ја загуби власта во која меѓународната банда што ги принудува понизните земји да ја нарекуваат меѓународна заедница имаше преголема улога во рушењето на старата власт. Изборите беа два пати одлагани додека не успеа изборниот инженеринг со помош на гласови на Албанците, па откако и тоа не успеа до крај со притисок врз ДУИ да с донесе Заев на власт со само една намена. Да се смени името на државата и да се избрише историјата на македонскиот народ, односно да ја свиткаме кичмата и да се напупиме. Во ситуација кога имаме вазалска власт нормално е да има реакција. Повеќе нема да пишувам затоа што без насилство скоро никој не се ослободил, а не сакам да повикувам на такво нешто. Повеќе сум за методите на Ганди во Индија. Во догледно време, додека странските амбасадори не ги тргнат валканите шепи од нашиот изборен процес, не мислам ни да гласам. Што ќе гласам ако Бејли или некој друг ни формира влада или неуспешен референдум прогласува за успешен. Мене ми е полесно затоа што сум противник за членство во НАТО, а за членство во ЕУ немаме шанси во следните 15 години. До тогаш во ЕУ има големи изгледи да дојдат нормални лидери што ќе имаат нормален однос кон Македонија, а ЕУ има механизам да исклучи од гласање земја што не почитува меѓународен договор или пресуда на судот во Хаг.
Со сегашнава постава на амбасадори се знаат резултатите од идните гласања. Собранието ќе го смени Уставот, Заев ќе стане претседател на државата за да добие имунитет за заслугите, а ВМРО ќе дојде на власт за да ја спасува економијата, бидејќи не мислат да не остават да банкротираме и да не можеме да ги исполниме обврските кон НАТО. Зошто би се мачел да излегувам на гласање кога од сега се гледа крајот?
Со сегашнава постава на амбасадори се знаат резултатите од идните гласања. Собранието ќе го смени Уставот, Заев ќе стане претседател на државата за да добие имунитет за заслугите, а ВМРО ќе дојде на власт за да ја спасува економијата, бидејќи не мислат да не остават да банкротираме и да не можеме да ги исполниме обврските кон НАТО. Зошто би се мачел да излегувам на гласање кога од сега се гледа крајот?
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: DPNE-kolaps
трендафил напиша: До тогаш во ЕУ има големи изгледи да дојдат нормални лидери што ќе имаат нормален однос кон Македонија, а ЕУ има механизам да исклучи од гласање земја што не почитува меѓународен договор или пресуда на судот во Хаг.
Над 350 милиони граѓани на 27 земји членки на ЕУ се ненормални и бираат ненормални лидери само вие дпмне-офците сте нормални и ќе им кажете кого треба да изберат да ги води.
трендафил напиша:Собранието ќе го смени Уставот, Заев ќе стане претседател на државата за да добие имунитет за заслугите, а ВМРО ќе дојде на власт за да ја спасува економијата, бидејќи не мислат да не остават да банкротираме и да не можеме да ги исполниме обврските кон НАТО.
Така ли ве лажет сега? Не умри магаре до зелена трева.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: DPNE-kolaps
Имаше убав муабет на твитер, ДПМНЕ, од кога дојде на власт 2006, ниту територијална поделба смени, ниту скина бар нешто од рамковен, така да Трендо, џабе се пени. Утре нека се врати ДПМНЕ, возот е поминат пак ќе си се викаме Северна Македонија. Нема ништо да смените. Само може да го предизвикате гневот на посилните. Сети се зошто беше должничката криза во Грција???
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13
Re: DPNE-kolaps
Пукаат по сите шавови, ќе биде весело. Тужби, обвинувања, откривање на криминалите.
Мијалков преку писмо на Мицкоски му порачува дека одел по погрешен пат
Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, кого актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ го обвини за нелегални активности поврзани со гласањето на уставните измени и го исклучи од партијата, денеска преку отворено писмо се обрати до партискиот претседател Христијан Мицкоски.
Во него тој наведува дека веста за неговото исклучување ја примил со големо неверување и разочарување, а дека за таквиот потег немале ниту еден доказ. Мијалков пишува дека со индигнација ги отфрлал “лажните обвинувања фрлени врз мене од луѓето кои до вчера се потпираа на мојот труд, резултати и авторитет”.
“Наместо кукавички да се подметнуваат лажни обвинувања, покажи ги Христијане доказите дека јас некого со сила сум го терал нешто да прави или сум се обидувал да го поткупам. Ајде!!” пишува Мијалков.
Тој тврди и дека вештачкото и со лажни аргументи се создавала еуфорија против него, презентирано како „Панорама 2“.
“Ако ти и неколкумина твои соработници мислите дека со мое исклучување и јавно оцрнување ќе добиете доверба на граѓаните, сакам исто така јавно да ти кажам дека сте на погрешен пат, како што сте на погрешен пат со многу други политички одлуки и чекори, за кои и самите сте свесни, нешто што го знам од личната комуникација со повеќемина од раководството” пишува Мијалков.
Мијалков, обраќајќи му се на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со Христијан, му упатува и неколку прашања меѓу кои и зошто ако сакал да го одбранил името, не застанал цврсто зад таа кауза, со масовно и секојдневно организирање мирни протести на кои ќе ги поведел илјадниците мотивирани граѓани и членови на партијата.
“Приказната дека некој ќе ги злоупотребел протестите за да те намести и да се повтори „27ми април“ ептен не држи. Тоа е кукавичка приказна на луѓе кои се плашат да се соочат со сопствените вредности и сопствената поддршка.По таа теорија ВМРО не треба веќе никогаш кога е во опозиција да организира протести. Ако некој мисли дека има смисла оваа теорија, нека се запраша зошто митингот од 2-ри јуни или неколкуте т.н маршови во различни градови низ Македонија не се претворија во 27-ми април?” пишува Мијалков.
Во продолжение на писмото тој го повикува Мицкоски да одговорел “ кому како претседател на партијата му се додворувал и кому му имал ветено дека масовни и секојдневни протести за името нема да има и дека ВМРО нема да го блокира процесот за решавање на името, туку само ќе изразува несогласувањe?”
“Кој и како издејствува, ти Христијан кој беше ставен во предистражната постапка за предметот Талир, поврзан со финасирање на партијата во време кога ти беше генерален секретар, да бидеш тргнат од листата? Дали ти не се испазари за самиот себе на грбот не само на другите, туку и на Македонија и на нејзиното уставно име? Зошто веднаш по твојот избор за нов претседател запреа секојдневните протести пред министерството за правда пред затворот Скопје каде беа прiтворени десетици лица со фабрикувано обвинение за тероризам? Зошто? И зошто потоа со месеци не ја отвораа таа тема во јавноста?” прашува Мијалков.
Мијалков понатаму го прашува Мицкоски зошто како што пишува на меѓусебни средби поврзани со решавањето на името говорел едно, а во јавноста друго, се до неодамна, кога пред повеќе недели нагло, како што наведува ја прекинал комуникацијата со него и по трет пат заради “лични интереси го смени курсот во многу полоша насока за државата”.
“Дали е во ред, некои свои соработници пред неколку недели да ги охрабруваш да убедат 8 пратеници да гласаат „за“ со цел да се решело прашањето ама ти да не си бил крив, а плус да глумиш храбар лидер кој бара предвремени избори фалејки се со сомнителни анкети кои ги добиваш од агенција од друга држава?” пишува Мијалков.
На крајот тој го прашува Мицкоски “како тоа како професор со 500 евра плата успеал да дојде до неколку хидроцентрали токму за време на владеењето на ВМРО.
“Колку што јас знам, професори на факултет има многу, но само еден професор во Македонија, кој претходно немал сопствен бизнис, има милионски вредни хидроцентрaли кои носат милионски заработки во евра, а сето тоа без никаков ангажман, само врз основa на добиената концесија доделена од владата на ВМРО?”, пишува Мијалков.
Мијалков најавува и тужба против потпретседателот на партијата.
“Многу жалам заради тоа. Бидејки јас сум во ВМРО уште кога некој од Вас беа во пелени како на пример Александар кој го пуштивте да Ви е гласноговорник, и кој деновиве ќе добие од мене тужба за клевета и навреда, па најпрвин со него ќе се видиме на суд. Нека докаже дека сум го правел тоа за што лажно ме обвини. Барем да имаше храброст ти да го кaжеше тоа, а не да пушташ други”, се наведува во писмото.
Мијалков во долг дел од своето писмо го обвинува Мицкоски дека лажел и како што вели народот го препознавал тоа.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/29568464.html
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: DPNE-kolaps
Pismoto od bate Sashe, integralno...
„Христијан,
Со големо разочарување и неверување ја примив веста за мое формално исклучување од партијата.
Знаејќи дека е невистина обвинувањето заради кое сум исклучен од партијата, одлучив да оставам да поминат неколку дена за сите членови да видат дека раководството нема да извади и да презентира ниту еден, повторувам НИТУ ЕДЕН доказ против мене. Лагите кои ми беа накалемени, беа фабрикувани заради личен интерес. Некој кому не му оди прифаќањето од јавноста, градеше сопствен рејтинг врз мојот „грб“, на сметка на мојата чест, углед и достоинство.
Затоа сега уште еднаш со индигнација ги отфрлам лажните обвинувања фрлени врз мене од луѓето кои до вчера се потпираа на мојот труд, резултати и авторитет.
Oткако поминаа неколку дена без да биде презентиран барем еден доказ пред членството и јавноста за тврдењата против мене, јавно те повикувам за обвинувањата, заради кои бев формално исклучен од партијата, да презентираш докази пред органите на партијата и јавноста.
Наместо кукавички да се подметнуваат лажни обвинувања, покажи ги Христијане доказите дека јас некого со сила сум го терал нешто да прави или сум се обидувал да го поткупам. Ајде!!!
Во спротивно вештачкото и со лажни аргументи создавање еуфорија против мене, презентирано како „Панорама 2“ нема никако поинаку да се разбере отколку како обично, подмолно, егоистично барање виновник и алиби за серија твои грешки и на раководството на партијата. Сами измисливте „Панорама 2“. Без противник. Се боревте против дух, бидејки немаше противник, а противник немаше бидејки таков не постоеше. Самите го лажевте членството преку социјалните мрежи и медиумите блиски до партијата, дека јас сум подготвувал некаков пуч, дека ќе следело „Панорама 2“, и дека или вие или јас ќе сум победел. На почетокот мислев дека сето тоа е некаква шега, но сега гледам дека некои болни умови смислиле план што не би го смислило ни дете од 10 години.
Ако ти и неколкумина твои соработници мислите дека со мое исклучување и јавно оцрнување ќе добиете доверба на граѓаните, сакам исто така јавно да ти кажам дека сте на погрешен пат, како што сте на погрешен пат со многу други политички одлуки и чекори, за кои и самите сте свесни, нешто што го знам од личната комуникација со повеќемина од раководството.
За жал, времето ќе го докаже тоа.
Тој што ви кажал дека со вештачко правење на т.н. „Панорама 2“ , со лажни аргументи, со невешто смислено „филмско сценарио“ за наводен план за пуч и наводно пресретнување на пучот, прикажувајќи некаква измислена победа против измислен противник, креаторот на овој „бурлески план“ мора да е сериозно залутан во политиката.
Без елементарни докази, верувајќи дека така ќе се повтори успехот од 2006-тата, креаторот на овој филм заборавил да ви каже дека за тоа, пред сѐ треба да имате чесен однос меѓу самите себе во раководството на партијата, наместо еден со друг да си се лажете, да си се оговарате, да си правите интриги и да сте неискрени. Потоа потребен е чесен однос кон членството кое го заслужува тоа, и секако чесен однос кон македонскиот народ и граѓаните на Македонија, наместо дволични игри, кои народот ги чуствува и препознава.
Затоа Христијане те повикувам да одговориш на неколку прашања:
1.Зошто ако сакаше да го одбраниш името, не застана цврсто зад таа кауза, со масовно и секојдневно организирање мирни протести на кои ќе ги поведеше илјадниците мотивирани граѓани и членови на партијата?
Приказната дека некој ќе ги злоупотребел протестите за да те намести и да се повтори „27 април“ ептен не држи. Тоа е кукавичка приказна на луѓе кои се плашат да се соочат со сопствените вредности и сопствената поддршка.
По таа теорија ВМРО не треба веќе никогаш кога е во опозиција да организира протести. Ако некој мисли дека има смисла оваа теорија, нека се запраша зошто митингот од 2-ри јуни или неколкуте т.н маршови во различни градови низ Македонија не се претворија во 27-ми април?
Пред јас да почнам да говорам, те повикувам да одговориш, кому ти како претседател на партијата му се додворуваше, и кому му имаше ветено дека масовни и секојдневни протести за името нема да има и дека ВМРО нема да го блокира процесот за решавање на името, туку само ќе изразува несогласувањe?
2. Кога сите знаевме дека убедливо поголем дел од граѓаните на Македонија се против Договорот со Грција, зошто oткако се потпиша договорот, не го повика народот на одлучно гласање „против“ и со тоа да се оствари силна победа над оние што беа „за“?
Со таква победа на народот, ќе се оневозможеше и ќе станеше безсмислен понатамошниот притисок врз пратениците на ВМРО, кој притисок беше предвидлив и ти знаеше дека ќе се случи. Со таква блескава и чиста победа на „против“ над „за“ не СДСМ, туку ВМРО ќе беше во ситуација да бара нови избори наместо да бара виновници за неуспесите и грешките на претседателот на партијата.
3. Ако ти веруваше во тоа, односно знаеше како што тврдиш дека власта ги апси луѓето со политички монтирани обвиненија за 27-ми април и за случаи конструирани од СЈО, со крајна цел да ги уцени пратениците и нивните семејства за двотретинско мнозинство, зошто барем еднаш јавно не побара од претседателот Иванов да ги заштити за да не се предмет на уцена?
Со тоа ќе се овозможеше заштитените пратеници да го одбранат името во Парламентот. Наместо тоа им кажуваше на пратениците и другите под политички прогон дека кога ќе дојде ВМРО на власт тогаш ќе им помогне. Без трошка совест, твоите луѓе од врвот на партијата сите нив ги нарекуваа „инфицираните“.
Зошто раководството медиумски бегаше од темата „политички прогон“ сѐ до неодамна кога и некои членови на актуелното раководство се нападнати со прогонот? Дали се калкулираше со предвидливоста на настаните кои доаѓаа?
Кој и како издејствува, ти Христијан кој беше ставен во предистражната постапка за предметот Талир, поврзан со финасирање на партијата во време кога ти беше генерален секретар, да бидеш тргнат од листата?
Дали ти не се испазари за самиот себе на грбот не само на другите, туку и на Македонија и на нејзиното уставно име?
Зошто веднаш по твојот избор за нов претседател запреа секојдневните протести пред Министерството за правда пред затворот „Скопје“ каде беа притворени десетици лица со фабрикувано обвинение за тероризам? Зошто? И зошто потоа со месеци не ја отвораа таа тема во јавноста?
4. Зошто цели 3 месеци по објавувањето и потпишувањето на договорот со Грција, ти немаше никаков став како ќе се постапи на референдумот, и остави огромен простор други помали партии, групи, поединци и којзнае чии скриени експоненти да го водат членството во бојкот, а однапред СДСМ кажа дека по истиот одлуката ќе ја пренесе на решавање кај пратениците? Еден прилично предвидлив процес.
5. Дали ти интимно посакуваше да се смени името, а притоа вината да се фрли врз прогонетите пратеници а потоа да излезеш „чист“ од целата ситуација, среќен дека друг ти го решил и тргнал проблемот со името и си ја понел вината со себе?
Дали сакаше да дојдеш на власт со веќе решено име, а виновници за тоа да се СДСМ и неколку политички прогонети пратеници на ВМРО, а ти да си „патриотот“? Дали за ова отворено со недели не зборувавте низ канцелариите во ВМРО?
Дали ти играше крајно валкано и нечесно со чувствата на нашето членство, чуствата на македонскиот народ и со судбините на жртвите од СЈО и 27-ми?
6. Зошто Христијане во партијата на меѓусебни средби поврзани со решавањето на името говореше едно, а во јавноста друго, сѐ до неодамна, кога пред повеќе недели нагло ја прекина комуникацијата со мене и по трет пат заради лични интереси го смени курсот во многу полоша насока за државата? За личните мотиви за оваа промена на курсот и катастрофалните последици по Македонија и ВМРО ќе зборуваме дополнително.
Дали е во ред, некои свои соработници пред неколку недели да ги охрабруваш да убедат 8 пратеници да гласаат „за“ со цел да се решело прашањето ама ти да не си бил крив, а плус да глумиш храбар лидер кој бара предвремени избори фалејќи се со сомнителни анкети кои ги добиваш од агенција од друга држава?
7. За крај, бидејки мене ми се префрла дека сум бил свртен кон материјалниот интерес, а не кон партијата и идеологијата, јас кој и пред и по државната функција живеам работејки во приватниот бизнис, сакам да те прашам: Додека јас кој веќе до 2006-тата бев заработил доволно пари за мирен и безгрижен живот, додека јас „ја ставав главата во торба“ во еден куп полициски операции за неутрализирање на терористички и криминални групи кои дејствуваа против безбедноста и теритојалниот интегритет на Македонија и го загрозуваа нејзиниот опстанок, и заради кои операции целиот мој живот ќе го живеам во опасност од лични одмазди, а со кои акции се креваше рејтингот на ВМРО, како тоа ти како професор со 500 евра плата успеа да дојдеш до неколку хидроцентрали токму за време на владеењето на ВМРО?
Колку што јас знам, професори на факултет има многу, но само еден професор во Македонија, кој претходно немал сопствен бизнис, има милионски вредни хидроцентрaли кои носат милионски заработки во евра, а сето тоа без никаков ангажман, само врз основa на добиената концесија доделена од владата на ВМРО?
Зошто имате потреба да лажете за да ме оцрните?
Зошто лажете дека сум се заканувал на Крсто Муковски и на другите пратеници?
Зошто лажете дека сум дал пари на пратениците?
Зошто лажете дека по гласањето во парламентот сум бил на некаква прослава на СДСМ?
Зошто вие како раководство и ти Христијан како претседател ги остави на цедило и Крсто и другите пратеници удобно чекајќи во фотељата за на нивен грб да станеш премиер со лаги и интриги, со ароганција и нечесни валкани игри?
И сега ви треба виновник?
Го лажевте ЦК?
Зошто не ме викнавте и мене таму, па да се соочиме пред тие 150 луѓе, и да ја чуевте вистината?
Да им кажам јас ним, што ти Христијан ми говореше во ноември и декември лани околу решавањето на уставното име, но и во текот на оваа година, па нека оценат кој е предавникот и криминалецот, а кој патриот и чесен кон својот народ. Да слушнат малку за твојата дволичност и двоен морал.
Со лаги и интриги, со местење на други луѓе од партијата да ви се жртви за да вие дојдете на власт, нема да успеете. Така само ќе ја урнисате и партијата и Македонија.
Многу жалам заради тоа. Бидејки јас сум во ВМРО уште кога некој од Вас беа во пелени, како на пример Александар кој го пуштивте да Ви е гласноговорник, и кој деновиве ќе добие од мене тужба за клевета и навреда, па најпрвин со него ќе се видиме на суд. Нека докаже дека сум го правел тоа за што лажно ме обвини. Барем да имаше храброст ти да го кaжеше тоа, а не да пушташ други.
Многу жалам што со ваков карактер и капацитет ќе ја урнисате партијата која многу чесни патриоти макотрпно ја градеа додека некои од Вас беа во ЛДП, а други во ДП на Гошев, и плукаа по нас вмровците дека сме биле необразовани, прости и неизбањати.
Го излажавте и ЦК, и ОК Центар и целата држава и народ.
И не само за ова. Генерално земено нечесно се однесувате и делувате, народот тоа го чуствува. Затоа година и пол со ваков СДСМ, во услови кога го менуваат името и Уставот, ВМРО не може ни да се изедначи на анкетите на јавносто мислење и доверба.
Бидејки и покрај катастрофалните грешки на СДСМ, народот не ти верува Христијан. Ти чита од очите дека многу лажеш. Ако не се промениш, не е проблем што ти нема да станеш премиер, туку што ВМРО и Македонија ќе бидат губитници.
Луѓето кои ти ги постави во партијата се фрапирани од твоето лажење. Како си можел пред полна сала претседатели на комисии, пред неколку месеци да дадеш инструкција да подготвуваат програма, секој во својата област, кажувајќи дека не мора сѐ што ќе се вети да се спроведе, дел може да се вети, а да не се исполни. Тоа никогаш порано го немало во ВМРО. Твоите луѓе ти се чудат. Ако твоите луѓе не ти веруваат, како ќе ти веруваат останатите. Ако нив ги лажеш, што останало за останатите.
Запомни уште еднаш: со лаги и интриги не се освојува доверба на народ.
Засрами се Христијан!!! Засрами се!!! Те гледам, и тебе, и некои други чавчиња од раководството и партијата, и се потсетувам на онаа народната: „секоја чавка сонува да се испогани на главата на орелот кога ќе го види паднат“. Ме видовте силно нападнат од СДСМ, па тргнавте со лаги и интриги против мене да си го поправате нискиот рејтин и доверба.
Периодов што претстои народот и членството ќе го видат твоето лажно лице. Народот и членството ќе видат колку ти си бил засегнат за неменување на името и која е цената што ти би ја платил за одбрана на името. Народот ќе види дали ќе го бојкотираш Собранието и дали ќе повикаш на протести и граѓанска непослушност. Дали ќе организираш филибастеринг (блокирање на Собранието со амандмани) за да спречиш промена на Уставот или ќе дадеш налог да се дискутира неколку денови за да се стигне на време со агендата, а после повторно ќе глумиш патриот и виновни повторно ќе бидат пратениците што недоволно ја бранеле каузата? Дури и Левица има храброст да повика и да излезе на протест, а каде си ти Христијане?
Ти не си патриот каков што сакаш да се преставиш. Добро те запознав. Ти си ЛАЖЕН ПАТРИОТ!!! Времето ќе го докаже ова.
Да живее ВМРО!
Да живее Македонија!“
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: DPNE-kolaps
Se cepkaat na sitni parcinja.
Рангелова се повлекува - Не можам да бидам дел од раководство кое ја изолира ВМРО-ДПМНЕ
Пратеничката Даниела Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, зашто, како што вели, не може да биде дел од раководство кое ја изолира партијата. Таа останува пратеничка.
„Јас не можам да прифатам да бидам дел од ова раководство на ВМРО кое ја однесе партијата во изолација, кое со своите политики базирани на неискреност, сплеткарење и продуцирање на кавги помеѓу нас внатре во партијата, успеа по принципот раздели па владеј, дополнително да го подели македонското национално ткиво и да внесе неприфатливо ниво на омраза помеѓу Македонците, но и помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Рангелова на Фејсбук.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/29572842.html
Рангелова се повлекува - Не можам да бидам дел од раководство кое ја изолира ВМРО-ДПМНЕ
Пратеничката Даниела Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, зашто, како што вели, не може да биде дел од раководство кое ја изолира партијата. Таа останува пратеничка.
„Јас не можам да прифатам да бидам дел од ова раководство на ВМРО кое ја однесе партијата во изолација, кое со своите политики базирани на неискреност, сплеткарење и продуцирање на кавги помеѓу нас внатре во партијата, успеа по принципот раздели па владеј, дополнително да го подели македонското национално ткиво и да внесе неприфатливо ниво на омраза помеѓу Македонците, но и помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Рангелова на Фејсбук.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/29572842.html
OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Страна 2 of 40 • 1, 2, 3 ... 21 ... 40
Страна 2 of 40
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот