Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ZORAN ZAEV

+11
TRAJCHE
osa
SHARENI
Zhane
Nebula
Albatros
Luxor
OPOZICIONER
Teo
трендафил
PRVOBOREC
15 posters

Страна 6 of 19 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 12 ... 19  Next

Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by defo Сре Ное 25 2020, 19:10

ZORAN ZAEV - Page 6 Enq0L_bXIAAr9mI?format=png&name=small

_________________
Се има свој почеток и крај. Крајот зависи од тоа измеѓу.
defo
defo

Број на мислења : 3108
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Сре Ное 25 2020, 20:19

Треба ли ова да значи дека во Ваташа зад убиството на 12 младинци не стојат бугарските фашисти, туку бугарската администрација, или уште полошо бугарскиот народ. Не мислиш ли дека моите човекови права како Македонец со одреден идентитет различен и подалеку во историјата од тој на членовите и симпатизерите на сојузот Сакам Да Садам Марихуана (или скратено СДСМ) не се позагрозени од правата на Албанците во 2001 година? Со многу постапки, не само во кршењето на човекови права на етничка основа, туку и кога се работи за корупцијата, безмилосно посегање по народните пари, несправувањето со пандемијата (уште нема протоколи за тоа што треба да прават матичните лекари, кога некој мора да биде примен во болница , што во болницата туку се импровизира врз основа на лични врски и политичка определба) и друго, па не треба посерување на таблата туку ударање со таблата по глава, прво за освестување, а понатаму како борба за човекови права. Напишаново можеби имало значење во 2012 година кога меѓународната заедница уште немаше најдено предавник од типот на Заев и не знаеше како да ги реши на нормален начин проблемите што со Македонија тогаш ги имаше Грција. Сега се зголемија апетититите и кај Бугарите. Тешко дека вака ќе се однесуваа ако на наша страна лидер беше нормален човек. Не велам ни дека Борисов е нормален, но ненормалноста ја покажува само кон Македонија. Не кон својата земја како Заев.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Сре Ное 25 2020, 20:37

Ве молам некој нека го прибери овој глупак! Овој е толку неписмен, шо не смее да му се дава право да кажи ништо поќе од добар ден и пријатно. Ако толку си го сакате како лидер в партија, чувајте си го, ама, како премиер на држава е штетен и мора да се заќути!!

Сме чуле многу примери за ревизија на историјата, ама најчесто тие се прават во сопствен интерес, овој подлизурко, од шо е глуп и од шо го заболе за нас и за нашата историја, тоа го прави на наша штета!

Се помоча на сите кои го загубиле животот од бугарските фашисти и на нивните семејства кои сега слушаат како овој глупак ја обезвреднува и брише анти-фашистичката историја!

Ова е мислење на Билјана Гинова, внука на Мирка Гинова.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukata-na-mirka-ginova-do-zaev-se-pomocha-na-site-koi-go-zagubile-zivotot-od-bugarskite-fashisti/

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%B0_%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by defo Сре Ное 25 2020, 21:04

defo напиша:ZORAN ZAEV - Page 6 Enq0L_bXIAAr9mI?format=png&name=small
Трендо, ај уше еднаш.......
defo
defo

Број на мислења : 3108
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Чет Ное 26 2020, 06:22

Мислиш ли дека напишаното не важи и за самиот Љубиша, односно и за северната трибина на македонскиот стадион.


Заев, после ваков кикс се поднесува оставка!

Таблите и спомениците кои сведочат за антифашистичката борба и жртвите на бугарскиот фашистички окупатор, не се спомениците на Груевски, па да ги ликвидираш со некаков договор. И ако нешто заслужува да биде прогласено за светско историско и културно наследство, тогаш тоа се овие споменици за кои Заев се фали дека ги елиминирал.

Кој ти го дал тоа право, како и правото да ја негираш и ревидираш, релативизираш нашата најголема историска борба, жртвите и спомените на нашите предци, отпорот кој ја создаде македонската држава во рамките на Југославија, по што го кодифициравме нашиот јазик и ги институционализиравме сите наши национални, културни и обичајни карактеристики?

Се е погрешно во менталниот склоп на Заев, ова е доказ до каде на еден политикант му тежи историјата и националниот континуитет.

После ваков кикс, се поднесува оставка, се пакуваш, си заминуваш, пошто не може политичар со памет на пазараџија, кој вака ја издава историски исправната позиција на својот народ и држава, да продолжи да ја води земјата.

https://plusinfo.mk/zaev-posle-vakov-kiks-se-podnesuva-ostavka/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Чет Ное 26 2020, 06:24

Јоска, партизанот што Заев го стори терорист против бугарска администрација

Морам да признаам дека не сум чепкала многу по семејните корени, но, денешниот настап на премиерот Заев, за првпат ме испровоцира до ниво на бес.

Ова е Јоска Јорданоски (1921-1942), брат на мојот дедо Борка Јорданоски.
Јоска (чие име го носи татко ми) е еден од седумте први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 год., во месноста “Бидимаш” на Селечка планина, ја формираат првата партизанска чета.

Била составена од борците: Илија Игески-Цветан, Трајко Бошкоски-Тарцан-Илинденски, Борка Велески -Горанов, Лазо Филипоски-Лавски, Ѓорe Секулов Велкоски–Стрелката и Киро Крстески-Платник.

На 17 октомври 1941 год. учествува во формирањето на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“.

На 22 април 1942 год. учествува во формирањето на битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај 1942 год. одредот во близина на Битолското село Орехово бил опколен од многубројна БУГАРСКА војска и полиција.

Во повеќечасовната нерамна борба Јоска загинал погоден од непријателски куршум во главата. Закопан е заедно со неговата соборка Елпида Караманди.

И никаков Заев не може да го порекне тоа. Никогаш.

Мери Јордановска
Новинар

https://expres.mk/joska-partizanot-shto-zaev-go-stori-terorist-protiv-bugarska-administracija/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by defo Чет Ное 26 2020, 11:04

Искрено не го читав и слушав интервјуто на Заев, ама не верува дека и Трендафил и останатите ботови на двете страни го прочитале.
Е сега има една друга работа, татко ми вика, во време на Југославија а нешто не чинеше, за замајување народ го палеа Косово, епа сега е истото, само коската за залажување сме ние. И да жалосно е.

_________________
Се има свој почеток и крај. Крајот зависи од тоа измеѓу.
defo
defo

Број на мислења : 3108
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by defo Чет Ное 26 2020, 15:15

Види богати па оваа будала......ZORAN ZAEV - Page 6 Slika_13


https://plusinfo.mk/avno-obra-a-e-na-branko-crvenkovski-do-sdsm-soparti-ci-ogradete-se-od-stavovite-na-zoran-zaev/
Нормално на Plusinfo, кај ќе се јави на друго место.......

_________________
Се има свој почеток и крај. Крајот зависи од тоа измеѓу.
defo
defo

Број на мислења : 3108
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by zozoti Чет Ное 26 2020, 15:20

Sekerinska vo odbrana na Zaev, izgleda rakovodstvoto ne misli kako Branko.

https://info.mk/makedonija/шекеринска-темните-страници-од-балка/

zozoti

Број на мислења : 322
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by defo Чет Ное 26 2020, 15:46

ZORAN ZAEV - Page 6 Enwauo10

_________________
Се има свој почеток и крај. Крајот зависи од тоа измеѓу.
defo
defo

Број на мислења : 3108
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by defo Чет Ное 26 2020, 15:51

https://nezavisen.mk/tvoja-partija-prashuva-vo-chije-ime-zboruva-zaev/
Оваа будала заедно со некој твитер ботови, Нјачевска и Милчин, му го креваат его-то на Бране, демк народ те сака, мораш да му се вратиш. не бе Бране никој не те сака.

_________________
Се има свој почеток и крај. Крајот зависи од тоа измеѓу.
defo
defo

Број на мислења : 3108
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Чет Ное 26 2020, 16:07

Шеќеринска е да простите што не можам да најдам посоодветен израз, исто говно како Заев. На СДСМ треба да му е јасно дека ако тоа како партија го очисти Заев, тогаш народот ќе го очисти СДСМ со Заев и Шеќеринска и останатотото друштво во комплет.
Дефо вчера ставив линк на кој го има интервјуто на Заев и како текст и како видео. Веројатно не си обратил внимание на тоа бидејќи е на претходната страна на форумов. И мене тоа ми се случува. Еве го линкот повторно.

https://plusinfo.mk/zaev-za-bgnes-dogovorot-e-bide-zakon-e-kaznuvam-omraza-dlabokata-drzhava-e-vo-opozici-a-video/

Тешка ќе биде борбата во самиот СДСМ затоа што Заев има поставено свои полтрони во раководството на партијата. Не е така само во СДСМ, да не се мачите да пишувате дека така е и во другите партии.
Ние како жртви на бугарските фашисти ги сметаме само убиените и малтретирани во времето на Втората светска војна, кога Бугарија била дел од т.н. Троен пакт, односно соработник на Хитлер и Мусолини. Не ги сметаме Бугарите за фашисти ни пред ни после тоа. Иако за размислување е дали сегашната бугарска влада е фашистичка. За жал.
Иначе преку таквото ми е од обвинувањата дека ако се борам за своите човекови права сум против НАТО и против ЕУ. Иако и тоа е легитимно право и го има кај поединци во сите земји членки на овие организации од различни причини.
Кога станува збор за Бранко важно е дали може да откине некој пратеник од актуелниот состав на СДСМ или не. Не верувам дека може да има влијание во Централниот одбор поставен од Заев. Во една мафија, а кај нас партиите работат на мафијашка основа, стариот капо може и да настрада ако се закачи со новиот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Nebula Чет Ное 26 2020, 16:10

Ako Sekerinska go brani togas intervjuto ne e slucaen izlet na Zaev tuku e osmisleno i odobreno od rakovodstvoto. Koja e celta ke vidime vo skoro vreme. Ivanov e vo pravo ama ne sum ubeden deka vistinskata namera e resenieto na otvorenoto prasanje so Bugarija i pocetok na pregovori.

Nebula

Број на мислења : 912
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Чет Ное 26 2020, 16:17

За разлика од Заев и Шеќеринска и ботовите на СДСМ на овој форум и социјалните мрежи, јас не сметам дека сите во Бугарија (претходно и Грција) и во ЕУ о НАТО се луди и дека нема шанси да дојде нормален човек во блиска иднина што ќе се однесува нормално кон Македонија наместо да се изживува со нас. Невиден говор на омраза кон сопствениот народ (се извинувам на премиерот ако во меѓувреме се смета за Бугарин, официјално се изјаснува како Македонец).
Јас со месеци прашувам на форумов дали почитуваните поддржувачи на Заев ќе се сметаат за Бугари до 1944 или 1990 година, ако така договори говедарот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by alienmk Чет Ное 26 2020, 17:22

Nebula напиша:Ako Sekerinska go brani togas intervjuto ne e slucaen izlet na Zaev tuku e osmisleno i odobreno od rakovodstvoto. Koja e celta ke vidime vo skoro vreme. Ivanov e vo pravo ama ne sum ubeden deka vistinskata namera e resenieto na otvorenoto prasanje so Bugarija i pocetok na pregovori.

Po se izgleda ne e slucajno, eve i Pendarovski so umerenost no sepak na stranata na Zaev i Sekerinska.

ДВ: После сѐ, како ги коментирате ставовите што ги изнесе премиерот Заев во интервјуто за бугарската агенција Бгнес...
-Го погледав интервјуто на премиерот и ги прочитав реакциите во македонската јавност и во дел од коментарите, за жал, беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање. За решавање на спорови со стратешка тежина се потребни два предуслови: да постои политичка волја што понекогаш подразбира и политичка храброст да дојдете до консензус кој никогаш не ви го зголемува рејтингот и второ, да се држите до историските факти кои се меѓународно верификувани и до политичката реалност која е очигледна. Во првиот дел, нашата јавност знае дека јас сум првиот македонски политичар во историјата кој јавно понуди поширок политички дискурс во однос на еден од најголемите апостоли на македонското револуционерно движење. Меѓутоа, не отидов понатаму затоа што тоа е работа на Комисијата составена од историчари, најмалку работа на политичарите. Со премиерот Заев во многу наврати сме разговарале на оваа тема и никогаш не сме имале спор дека некои личности и настани можат да бидат чествувани и од двете страни, но, дека македонскиот народ има своја засебна историја, како што бугарскиот народ има своја. Истовремено, во сите мои јавни настапи јасно кажувам дека антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите. Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница. И на секој од нив јасно му кажувам дека македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам заснован не врз факти,туку врз политички конструкции.

https://m.dw.com/mk/пендаровски-за-дв-историјата-не-се-повторува-дури-ни-како-фарса/a-55738723?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

alienmk

Број на мислења : 329
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Чет Ное 26 2020, 18:19

Јасно е дека ако диктаторот одлучил нешто дека ќе се обиде така и да направи. Со јадење говна по социјалните мрежи неговата одлука не може да се измени. Потребна е револуција. Ако македонскиот народ не го направи тоа, ќе бидеме првиот народ на светот што самиот се укинал и се трансформирал во нешто друго.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by zozoti Чет Ное 26 2020, 19:06


zozoti

Број на мислења : 322
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Чет Ное 26 2020, 21:41

По капитулацијата на Бугарија комунистите почнуваат да соработуваат со Црвената армија, Се работи за истата војска која ставила петокраки на капите и шлемовите, но од нејзе биле одстранети фашистичките команданти. Лесковац и Ниш не се во Македонија, а во тоа што си го цитирал се гледа дека бугарската војска учествувала во пресекувањето на одстапувањето на германките војски помеѓу Куманово (не во Куманово) и Приштина. Куманово е оддалечено 8 км од Табановце, што би рекле од границата помеѓу Македонија и Србија. Заев не е историчар иако како секој диктатор мисли дека е како Господ и знае се.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Luxor Пет Ное 27 2020, 17:08

Ц ц ц.

ZORAN ZAEV - Page 6 En1zwe10
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6358
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by alienmk Пет Ное 27 2020, 18:39

Ne e daleku od vistinata.

ZORAN ZAEV - Page 6 Img_2037

alienmk

Број на мислења : 329
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Luxor Пет Ное 27 2020, 18:49

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6358
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Пет Ное 27 2020, 19:37

Никој не оспорува дека по капитулацијата на бугарските фашисти откако ја загубиле војната со Црвената армија одредени бугарски единици соработувале со партизаните. Тито имал одлична соработка со бугарските комунисти ( со бугарскиот Татковински фронт) се до резолуцијата на Информбирото. Бугарските комунисти цело време биле антифашисти, но власта на царството Бугарија била фашистичка, Никој не вели дека сите Бугари биле фашисти, исто како што и сите Германци, Унгарци, Албанци и други не биле исто така. Ајде повторно ќе напишам дека не знам од каде им е мувата на капата на Бугарите и македонските бугарофили дека во Македонија владее мислење дека сите Бугари се фашисти. Власта им била фашистичка во времето на Втората светска војна. По последните настани не сум сигурен и за актуелните власти во Бугарија, но и во Македонија дали се фашистички, но сигурно не се демократски.
Во времето на Тодор Живков пак, бугарската војска соработувала и во ослободувањето на Унгарија во 1956 година и Чехословачка во 1968 година од волјата на народот и наметнување на волјата на лидерите на СССР.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by defo Нед Ное 29 2020, 08:12

ZORAN ZAEV - Page 6 Zoki10


Трендо на апарати.......

_________________
Се има свој почеток и крај. Крајот зависи од тоа измеѓу.
defo
defo

Број на мислења : 3108
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Нед Ное 29 2020, 13:18

Мое право е со што ќе се индентификувам, па јас и Заев не сме исти Македонци. Има огромна разлика во тоа што јас сум со идентитет на се во Македонија. И опсерваторијата Кокино, на пример, и џамиите иако сум православен христијанин, а не муслиман. Заев не се изјаснува од кога е тој Македонец и дали смета дека дедо му и татко му биле Македонци. Јас знам дека дедо ми роден во 19 век и татко ми роден пред еден век беа Македонци затоа што живеев со нив. А знам Македонци од дијаспората што не знаат македонски јазик, а се Македонци. Идентитетот е многу чудна работа. За тоа не може да има преговори или во преговорите треба да учествуваат сите граѓани од двете страни. А не е ист идентитетот на некој што смета дека му е наметнат насилно од Тито, што е обична гнасна лага што во Македонија се обидувале да ја наметнат бугарските фашисти со помош на контрачетниците, а сега Борисов и Заев. Такво нешто не ми е на крај на умот. Чуден е условот што го имавме и за НАТО и го имаме сега за ЕУ, да лажеме дека на пример нема македонско малцинство во Бугарија и Грција, а го има во Норвешка и во многу други земји. Нормални луѓе не поставуваат такви услови. Ако има и трошка демократија во нив.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 9828
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 6 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 19 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 12 ... 19  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот