Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 32 of 42 Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 37 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Aвг 28 2020, 21:29

Спиро и Нефи – охридските Боро и Рамиз

Приказната за Боро и Рамиз, за денешниве генерации изгледа како сцена од “Невозможна мисија“, осмо продолжение, а за оние највозрасните, посебно оние заљубените во поранешната Југославија, во братството и единството и неговите придобивки, кое на крај се претвори во најкрвавата војна во Европа после Втората светска војна, како легенда за вистинско другарство.

Боро и Рамиз, односно Боро Вукмировиќ и Рамиз Садику биле партизани заробени од непријателот кои, според легендата, додека ги воделе на стрелање, толку силно се гушнале што не можеле да ги раздвојат, па ги убиле со само еден куршум. Тоа е приказната за другарството меѓу еден Србин и еден Албанец која завршила на 10 април 1943 година во Призрен, на денот на нивното стрелање.

Денес, овде, во Македонија, поточно во Охрид, се раѓа една нова легенда за нераскинливото другарство – легендата за Спиро и Нефи. Легенда која на некои идни генерации можеби ќе им изгледа како сцена од “Невозможна мисија“, но денес и овде навистина се случува.

Откако Спиро Топаловски, пред очите на сопственото дете беше претепан со удари со револвер по глава од страна на веќе востоличениот охридски насилник Нефи Усеини и, откако покрај во полицискиот извештај и во сите медиуми во државава беше регистриран случајот и, конечно, откако се очекуваше да профункционира правната држава, што ќе беше сосема нормално во секоја нормална држава, се случи чудо и започна легендата.

А, легендата вели вака – некој непознат револвер удирал во главата на Спире се додека не го раскрварил. За негова среќа, тука се нашол Нефи кој храбро влетал во битка со револверот и некако успеал да го оттргне Спире од неговите удари. Потоа, онака другарски, толку силно се прегрнале што, еве, се’ уште не можат да ги разделат, а, ако револверот, не дај Боже испукал еден куршум, најверојатно, како во приказната со Боро и Рамиз, обајцата ќе ги убиел.

И можеби ова до сега напишано е премногу сурово иронично, но, за жал, во држава во која заради доаѓање или останување на власт се ослободуваат од затвор осудени криминалци; во држава во која криминалците градат дивоградби кои, нели, никој не знае чии се и никој (никој, во смисла на државна институција) не смее да ги урне; во држава во која доколку отворено кажеш дека тие криминалци во еден огромен процент се од албанско потекло и токму заради тоа се недопирливи за институциите, законите и правдата, ќе бидеш прогласен за националист, е, во таа држава и иронијата и реалноста се повеќе од сурови.

За жал, еве како веќе половина деценија во Република Македонија, местото на политиката, онаа вистинската, сватена како наука на водење на државата во интерес на сите нејзини граѓани, го зазеде трговијата во својот најнизок облик. Трговија со луѓе и нивното достоинство, како она на Спиро Топаловски; трговија со мафијашките интереси на сопствениците на дивоградби, на Матка, во Охрид, пред Мавровка, сеедно; трговија со гласачи и гласови на изборите; трговија со пратеници и ситни души прикажани како партиски реформатори; трговија со партии, со судови, со обвинителства…; трговија со влијание и државна функција за да си ги спасиш парите од банка што ќе пропаѓа; трговија со сопствената чест и совест за да бидеш во комисија за спречување на корупција и да го оправдаш тој чин и, за жал, она најстрашното, трговија со сигурноста и безбедноста на обичниот граѓанин заради уште малку власт.

Затоа, конечно сите треба да разберат дека во Македонија веќе подолго време не функционира политичкиот систем во кој би егзистирале политички, партиски, идеолошки коалиции, не функционира систем во кој политиката ќе биде вредност, а не средство за богатење и дека единствена коалиција која функционира е онаа на партиските трговци на мало кои презедоа една цела партија и криминалците на големо кои презедоа една цела држава.

Сите треба да разберат дека таквата коалиција која се штити себе си’ со закони донесени по сопствена мерка, мора да биде демонтирана час поскоро. Да биде демонтирана пред таа да ја демонтира целосно државата. Да биде демонтирана со сите средства кои на веќе загрозениот народ му стојат на располагање, на оној народ кој пред себе ја има најтешката есен и зима во последниве педесеттина години, оној народ кој заради коалицијата на ситните политички трговци и крупните криминални интереси, се повеќе ќе осиромашува, ќе останува без работа, без плата, без исплатени земјоделски производи, оној народ, кој без разлика на етничката припадност, е бесрамно прелаган и измамен.

Е, тој народ има право на власт од политичари посветени на неговите, а не на сопствените интереси, има право на подобар живот, има право да си ја планира сопствената иднина, има право да се чувствува безбедно и сигурно.

Тој народ, ќе го парафразирам Томас Џеферсон, има право да ја урне власта и да ја замени со нова доколку не работи во негов интерес. Да ја урне пред легендата за Спиро и Нефи да стане наше секојдневие.

https://denesen.mk/angelovski-spiro-i-nefi-ohridskite-boro-i-ramiz/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC Саб Aвг 29 2020, 13:08

Кој е овој небањат будала што пишувал идиотштини а притоа јавно не му изјавил љубов на пастирот бегалец. Што не се угледал идиотов на Шашо сакамдаимсенапикамугзнанебањатите Тасевски.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Aвг 29 2020, 15:46

luxor напиша:Си одговорил и сега е доволно со спамирање на темата. Секој нареден пост што нема да биде колумна или интервју ќе биде избришан.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Чет Сеп 03 2020, 18:55

Тричковски кон Мицкоски: Ти, всушност, ја признаваш моќта на оваа власт!
2 септември , 2020
Почеток на крајот и крај на почетокот

Ова подолу е напишано, значи, не е изговорено во некаков афект или во лабава кoнцентрација пред некој амбасадор, туку е мислено, мислено и оставено како писмен траг на неписменоста која е самата по себе грандиозна, а особено станува монструозна кога ќе се појави вооружена со амбициозност.
Врзете се, полетуваме:
“Зло како оваа влада не се руши одеднаш, туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. Ова е почеток на крајот на СДСМ!”
Со други зборови: Оваа влада се руши со паѓање на оваа влада на рати!
Каква е оваа конструкција!?
Ах, бе, Мицко.
Ти, всушност, ја признаваш моќта на оваа власт.
Ти го повикуваш членството на саможртва во една долга и исцрпувачка битка.
Па, нели до вчера говореше дека се готови.
Дека народот не може повеќе да ги трпи и дека ќе ги собори, ја во пуч, ја на избори.
Ако е ова почеток на крајот на сдсм, си можел да смислиш некоја пооригинална фигура, ова со почетокот на крајот не само што е излижана од премногу употреба, туку те доведува во ситуација да одговараш на непријатни прашања какви што се: Ако е ова почеток на крајот, што беше она од вчера, од пред изборите, она од пред три години?
Јас дури мислам дека е посоодветно да се каже дека ова е крај на твојот почеток.

ФБ статус на Бранко Тричковски
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC Вто Сеп 08 2020, 19:18

Милошески: Мицко е најдобар доказ дека груевизмот не е состојба на умот, туку дијагноза!
7 септември , 2020
Почесниот претседател му е во бегство од правдата. Комплетното екс партиско раководство му е обвинето за криминал и изборни измами. Актуелниот Генерален секретар е осомничен за набавката на кинеските автобуси, криминал тежок 5 милиони евра. Тој со професорска плата стана газда на 5 хидроцентрали. И сега, ќе организирал протести за да ја зачувал државата и да ги заштител граѓаните.
Мицко е најдобар доказ дека груевизмот не е состојба на умот, туку дијагноза!

ФБ статус на Зоран Милошески

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Сеп 08 2020, 22:12

luxor напиша:Си одговорил и сега е доволно со спамирање на темата. Секој нареден пост што нема да биде колумна или интервју ќе биде избришан.
Важи ли ова само за мене или за сите на форумов?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Сеп 08 2020, 22:23

За сите, како што гледаш освен еднаш, после моето предупредување тематапрестана да се спамира.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Сеп 08 2020, 22:47

Гледам објавен ФБ статус што не е интервју или колумна според мене. Но сигурно грешам.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Сеп 08 2020, 22:56

Клучната поента е што не е коментар на коментарот. Никој не ти брани да постираш мислење кое некој го објавил на фејсбук.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Сеп 09 2020, 16:41

Секој нареден пост што нема да биде колумна или интервју ќе биде избришан.
Ова не се мои, туку твои зборови. Сега ќе излезе дека ФБ статус е колумна, може дури и интервју. Затоа што е усмерено против опозицијата, а не против власта.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Сре Сеп 09 2020, 18:06

Ова е дефиниција за колумна.

Интервјуа и колумни - Page 32 Img_2432

Бидејки ние немаме можност да ставаме колумни одвесник или списание, ставаме од електронските медиуми. Следствено, мислење објавено на фејсбук може да се вклопи во оваа категорија.

А сега слободно можеш да престанеш да ја спамираш темата. Можност за објаснување од модераторите има во потфорум Мелница. И точно затоа што ти е дадена таква можност а ти наместо да ја искористиш ја уништуваш оваа тема секој нареден пост во тој правец ќе биде избришан.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Сеп 09 2020, 21:30

Бидејќи очигледно сакаш твојот збор затоа што си поддржувач на Заев да биде последен, нека ти биде. Продолжувам со колкумна.

КОЛУМНА НА КЕПЕСКА: „Иноваторите“ на посакуваниот „македонски експеримент“

Не постои, денес, човек во Македонија кој не е загрижен за сопствената егзистенција но и за егзистенцијата на македонската држава. Затоа и се јавуваат многу, главно, емотивни изјави, кои се критички но, во исто време, иако не понудуваат надминување на состојбата. Галиматијасот произлегува и поради несоодветната политичка прагма која, јасно, не нуди разрешница за сегашноста. Консеквентно на константниот стереотип на СДСМ да нема релација кон реалноста и на стереотипот на партиите кои во својот предзнак носат албанско обележје со своето инсистирање на бескрајни, спротивно на европската регулатива, и единствено албански етнички барања, од една, и од друга страна, млакоста во политичкото противење на ВМРО ДПМНЕ поради опасноста партијата да биде прогласена како терористичка организација и да биде забранета.

Фактички на дело се две основни тези различно разбрани или, поточно, различно претставени, како за основа на македонското општество што, особено, токму спротивно, го проблематизираат развитокот на општеството, создавајќи дезориентација во политичкото дејствување.

Дотолку повеќе, токму за концептот на нашиот општествен развој е најпотребното спротивставување на ставовите и надминување на разликите.

Првото прашање за кое е потребно да се расправа е претставено во синтагмата „едно општество за сите“. Едни политички субјекти го подразбираат како рамноправност на етносите, другите како рамноправност на сите луѓе но, истовремено на со рамноправноста на етносите. Иако станува збор, исклучително, за правна еднаквост на единките во општеството, подразбирајќи ја единката без никакви други издвоени позиции, на пример, етничката… Секако, со оглед на значењата што ѝ се придаваат, ваквата синтагма е во политичка употреба заради здобивање на политичка наклонетост од определени општествени сегменти. Но, се создаваат и индиции за скриени планови што политичките елити имаат намера за да ги остварат.

Расправата за концептот на „едно општество за сите“ затоа мора да ги расчисти дилемите околу вистинското значење на предочената претпоставка за општествениот развој.

Второто прашање околу кое има недоразбирања е концептот на македонската нација. Од овој концепт произлегува и концептот на македонската култура која е потребно да остане единствена и покрај тоа што ја обезбедува афтентичноста на малцинствата.

Затоа што како да има претензии за нејзиното редефинирање. На тој начин што се претендира мултиетничкото општество да биде искажано како мултиетничка нација иако никаде нацијата не е мултиетнички изразена. Да се потсетиме дека македонската нација е настаната како нација на македонскиот народ и смислата и на денешната македонска нација е истоветна иако се импровизира дека промените мора да се искажат и на ваков начин. Намерно се превидува дека внатрешните односи на народот со малцинските етнички групи се разрешуваат според Конвенциите на ЕУ како патоказ за определување на односите внатре во македонската нација. „Иноваторите“ жонглираат и со термините делови од народи за националните малцинства дури и во Уставот. А деловите од народите се оние кои внесле територии во соответната нација. Па и претензијата да се создаде териоторија со исклучително албанско население се јавува во корелација со редефинирањето на нацијата и државата. Индицираат и неинтонирањето на македонската химна или барањето за инструментално интонирање на химната; непочитувањето на македонското знаме; директното барање за федерализација на државата или за дводомен парламентарен систем; и, најново, создавањето на сепаратистичкото движење. Најпрво и промената на името на државата.

Станува сосема јасно дека додека не ги расчистиме работите околу различните приоѓања кон македонска нација и за концептот „едно општество за сите“ нема да одиме напред. Постојано ќе бидеме ранливи и со предизвици. Постојано „некои идеи“ од политичките партии ќе го брануваат народот волонтаристички. Како што е, досега, кога идеите се оправдуваат со, наизглед, логички, вербални егзебиции, од типот (прашално и индикативно) „зарем Албанец не може да биде премиер?“ А јасно е дека никој не би бил против ако не станува збор за истакнување на прашањето како единствен адут во политичката битка, играјќи, вилибристички, на националистичката карта. А неприфатливо како претпоставка за мериторноста.

Таквата практика е потребно да престане и секојпат да биде осудувана од политичките субјекти. За да биде сосема јасно дека таквите политички барања се недозволени. Бидејќи неминовно ни е потребно единството за националната стратегија.

https://denesen.mk/kolumna-na-kepeska-inovatorite-na-posakuvaniot-makedonski-eksperiment/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by SHARENI Пет Сеп 11 2020, 22:03

Смилков: Мицкоски со протестите покажа колку е слаб и нема внатрешна поддршка
11 септември , 2020
Втор протест на хоштаплерот мицко, втор неуспех.

И тоа протести кои не се против СДСМ, ниту пак тие криминалци ги интересира цената на струјата. Тие 11 години се набалираа за 5 поколенија.

Протестите му беа замислени да покаже сила пред “своите”, оние кои ја бараат неговата глава на послужавник, оние кои сакаат да го симнат од тронот. Да покаже демек членството е со мене, седете мирни. Со протестите(ако можем да ги наречам така поради слабиот одзив на вмровците) само покажа колку е слаб и нема внатрешна поддршка. Тоа ги мотивираше ајкулите кои намирисаа крв и ќе тргнат со сите сили напред.

А јас ќе си фаќам сеир од страна и ќе навивам. Овој пат за мицко. Никогаш нема да најдме друга таква космичка будала за противник, да го “тепаме” кога сакаме на избори

Држи се мицко
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Сеп 12 2020, 15:46

Отвори си друга тема за цената на струјата и однесувањето на регулаторна.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Саб Сеп 12 2020, 19:07

Мерцедесот на Мицкоски
12 септември , 2020
Протестирањето на ВМРО-ДПМНЕ за поскапувањето на струјата некои во јавноста остро го осудија, затоа што била безобразна и дрска пораката да се пишуваат пароли на протестот- дека луѓето немале за леб, но, каков престап тие направиле, внимавајте сега ве молам. Пораките за немањето леб кон кутриот и напатен народ беа залепени на бесни автомобили -Ауди 8 и, застанете сега- станува збор и за црвен спортски кабриолет Мерцедес. Критичариве тврдат дека тоа не било соодветно, ги навредувале сите што навистина немаат за трошка, ги потценувале сиромашните и гладните, понижените и страдните. Е, да, кога навистина би било така.

Внимавајте, говориме за ВМРО-ДПМНЕ, партијата за која со гордост и сета се сеќаваме- низ годините на Груевски беше прогласувана за најбогата во Европа, но каква иронија е во прашање- истовремено, во најсиромашната земја.

Низ таа партија, низ нејзините лавиринти и тајни ходници тутнеа самоуверено и заканувачки сите сегашни и некогашни, драги и бесрамни, дури и денеска некои од нив се пратеници. Парадираше пред очите на мувлосаниот леб сиот раскош и блуд, е, да, тоа беа славни години.

Се нарачуваа слики во нивната природна големина, со заканувачки димензии, спремни да не голтнат и зошто не, да не стопат со воздухот, да не распрснат. Секој фунционер на тие слики имаше уште од колевка смислено поза, со раширени раце за да столчи што повеќе следбеници, со ококорени очи, во исчекување, како што пленот се демне пред да биде соџвакан. Груевски во преден план секогаш, небаре џин и великан на политичката сцена, иако длабоко свесен дека беше игнориран од западните демократии како заканувачко политичко џуџе. Беше исправен и надвиснат над самите слики, небаре сака да не раситни и протресе меѓу прстите, да не потсети за секоја трошка леб, колку зависи од него, колку не се може без него.

Маршираше низ Белата палата партиската војскаткоја во паника и лудило пред неколку години се чуваше со тенкови и борни коли за време на Шарената револуција, го голташе сиот страв од истиот тој народ што тогаш навистина немаше за леб, е, да тоа беа тие времиња, за жал.

Сега Мицкоски се враќа на голема врата, во раскошен стил, на местото на злосторството, со Мерцедес кој е симбол на белег на едно време. Времето на Груевски, кога избега во Будимпешта, за да не се соочи со затворската казна токму за еден друг Мерцедес.

Затоа, нека протестира Мицкоски со тие негови црвени и сјајни коли, нека парадира, нека прегазува се што му стои на патот. Само така може да го потсети Заев како не смее во иднина, да го стресе со сеќавање-кога станува премногу, а треба само малку- да се пречекори тенката линија, како свилен гајтан предупредување, за секој лидер, кој не памти како може се да заврши.

Биљана Секуловска за НОВА ТВ
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Сеп 13 2020, 20:15

И за возниот парк на македонските политичари можеш да си отвориш нова тема.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by TRAJCHE Пон Сеп 14 2020, 11:36

Интервјуа и колумни - Page 32 Img_2228
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Сеп 15 2020, 22:24

Сегашната цена на струјата не е пониска од времето кога СДСМ беше власт,? Гнасна лажна вест. Што се однесува до возилата на другите политичари нема да отворам друга тема. Нека останат забележани на форумов само возилата на учесниците на протестот. Веројатно тоа е политика на форумов и не сакам да се мешам во работата на модераторите. Да се живи и здрави и ментално и физички.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by TRAJCHE Сре Сеп 16 2020, 11:15

Dobar.

Милошески: Имаат право да протестираат кога „ударната тупаница“ Милошоски ќе рече…
14 септември , 2020
Мицкоски и друштвото ќе имаат право да протестираат за Гоце Делчев, тогаш кога нивната „ударна тупаница“, Антонио Милошоски, од собраниската говорница ќе рече:
– Јас сум Македонец!
– Гоце Делчев е Македонец!
– Блаже Конески е џинот од Небрегово!
Се’ освен тоа е евтин популизам и повторно играње на картата на национализмот.
ФБ статус на Зоран Милошески
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Сеп 16 2020, 18:46

Мислев дека Гоце Делчев е почитуван и од тие што ние обичните Македонци ги нарекуваме северџани. Очигледно е дека вљубениците во Заев ако тоа од нив се побара ќе се прогласат за Бугари кои според нив Тито ги претворил во Македонци, а Никола Груевски со сила ги терал тоа да останат. Чудно не се споменуваат како такви и Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски... Ниту многу Македонци што живееле во САД, Австралија или други земји надвор од СФРЈ. Претпоставувам дека т.н. северџани мислат дека тоа со Гоце нема да се случи, исто како што сметаа дека нема да се менува Уставот поради промена на уставното име и дека со меѓудржавен договор ќе се брусат шахти низ Македонија. Будалаштина невидена на светот до сега, што се случи кај нас по наредба на Заев. За жал Бугарија појде во дипломатска офанзива за довршување на унишѕивањето на Македонците о до земјите членки го има поделено меморандумот со кој се обидуваат да го поништат моето право за самоиндентификација. Не оспорувам дека има Македонци кои правото за определување на сопствениот идентитет му го препуштаат на Заев, Борисов или друга битанга што не ги почитува основните човекови права.

Софија до ЕУ- Македонците се проект на Тито, македонскиот јазик е норма на бугарскиот

Два услова и тези за македонскиот идентитет и јазик содржи таканаречениот објаснувачки меморандум кој официјална Софија го пратила до земјите членки на ЕУ, а во кој РСЕ има увид. Во него Бугарија бара поддршка од земјите членки за својата позиција кон напредокот на Македонија во Унијата.

Билатералниот договор меѓу Скопје и Софија и добрите меѓусоседски односи треба да бидат дел од Преговарачка рамка за зачленување на Република Северна Македонија во ЕУ и да бидат дел од поглавјето 35. Ова е дел од „Објаснувачкиот меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на проширување на ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација“ кој Софија го доставила до земјите-членки на Европската Унија и бара поддршка од нив.

Радио Слободна Европа има увид во документот кој има шест страници и во кој, меѓудругото, се наведува:

„Одржувањето на добри меѓусоседски односи и особено, спроведувањето во добра волја на билатералните договори со земјите членки на Европската унија треба да биде составен дел од Преговарачката рамка за прием на Република Северна Македонија во ЕУ и треба да биде набљудувано во поглавјето 35. Проценките дали тие меѓународни обврски се ефикасно исполнети треба да биде на конкретните земји членки“, се наведува во меморандумот.

Поглавјето 35, кое се споменува во бугарскиот документ, инаку вклучува разни прашања што се појавуваат за време на преговорите, a кои не се опфатени во ниту едно друго поглавје и вообичаено се отвора на крајот на процесот на преговарање. Инаку, во меморандумот официјална Софија бара исполнување на уште еден услов за напредокот на Македонија во ЕУ- малцинствата.

Источниот сосед објаснува дека тие се членка на најголемата регионална и меѓународна организација за човекови права и се фокусирани на спроведување на највисоките меѓународни стандарди во оваа област, но во согласност со бугарскиот Устав. Тој, пак, како што пишува, предвидува дека тоа право може да се оствари во согласност со „кумулативното исполнување на субјективното (постоење на слободна волја да припаѓа на одредена религиозна, етничка, јазична малцинска група или заедница) и објективните критериуми( постoење на реални разлики кои објективно докажуваат постоење на етничка припадност, религија, јазик значително различен од оние на мнозинството)“.

„Според тоа тврдењата за малцинства поттикнати од странство се неприфатливи. Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни своите заложби, да ги суспендира гореспоменатите политики навремено да го усогласи своите позиции и активности во меѓународните организации со членот 11 од Договорот и да ја прекине својата практика на инструментализирање на мултилатерални формати и механизми за следење, за да се изврши непотребен притисок врз Бугарија. Ова ќе биде предуслов за добивање на согласност од Бугарија за кој било понатамошен чекор во процесот на интеграцијата“, се наведува во меморандумот на Софија.

Софија не дозволува „платформа за македонизам“

Позицијата на официјална Софија во однос на преговарачката рамка за процесот на зачленување на земјава во ЕУ, стана актуелна повторно деновиве додека во Брисел амбасадорите на земјите членки разговараат за тоа. Од дипломатски извори во Брисел, РСЕ дознава дека бугарската страна на земјите членки им ја пренела позицијата дека „Бугарија не може да дозволи, влезот на Северна Македонија во ЕУ да биде користен како платформа за македонизам базиран на антибугарска идеологија“.

Софија со закана за македонските европски интеграции
Состаноците на кои треба да се усвои преговарачката рамка продолжуваат и се очекува да завршат до шести октомври. Германија, која што во моментов претседава со ротирачкото претседателство во ЕУ, сака првата меѓувладина конференција, со која ќе се означи стартот на преговорите за зачленување да се одржи до крајот на годинава, за време на нивното претседавање, но дотогаш мора да биде утврдена преговарачката рамка.

„Во моментов имаме тешкотии со една земја-членка, но и таа е врзана за зборот „Да“ од март оваа година. И не само тоа. Целиот процес на придвижување кон ЕУ на целиот регион е во интерес и на таа земја-членка која отсекогаш била голем поддржувач на тој процес “ , рече деновиве германската амбасадорка во Скопје Анке Холштајн во интервју за порталот СДК.

Според меморандумот, Белград имал неуспешен проект за нов јужносрпски идентитет

И во дел од бугарскиот меморандум, официјална Софија споменува дека го подржува процесот на напредокот на Скопје кон ЕУ, но во него, во голем дел има и тврдења за развојот на македонската нација. Бугарија пишува дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до втори август 1944 година.

Во меморандумот се наведува и дека формирањето на македонската нација е проект на Белград меѓу двете светски војни за поткопување на бугарскиот идентитет и создавање на нов „јужносрпски“ кој бил неуспешен, но потоа, пишува во бугарскиот документ, комунистичкиот лидер Јосип Броз Тито по Втората светска војна, форсирал друг нов идентитет, овој пат македонски.

„Македонскиот јазик или етничка група не постоеле до 02.08.1944. Нивното создавање е дел од целосната изградба на одделен небугарски идентитет чија цел била да се прекинат врските меѓу населението на тогашната Социјалистичка Република Македонија и Бугарија. Бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации), три од нив се основаат на дијалекти и три на бугарскиот литературен јазик. Создавањето на македонскиот јазик во 1944 година во екс Југославија беше акт на второстепена кодификација основана врз бугарскиот литературен јазик, дополнително збогатен со форми до домашниот говорен јазик, така симулирајќи природен процес основан на дијалекти. Основите на кои е извршена кодификацијата и начинот на кој е спроведена сведочат дека официјалниот јазик кој се користи во Северна Македонија денес може да се смета само за пишана регионална норма на бугарскиот јазик“, пишува во меморандумот.

Во делот историски позадина, пак, во меморандумот пишува дека политиката на коминтерната во краток период била пресликана во тоталитарниот комунистички режим во Бугарија под диктат на Сталин и дека тоа довело до масовна репресија и прогонување на Бугарите, во двата погранични региони, во Бугарија и во Социјалистичка Република Македонија.

„Во архивите има докази за егзекуција помеѓу 1944 и 1946 година на повеќе од 20 000 луѓе кои се идентификувале како Бугари и ја преставувале политичката и интелектуалната елита во Социјалистичка Република Македонија. Повеќе од 100 000 Бугари биле убиени, затворени, пратени во егзил или во концентрациони кампови“, се наведува во меморандумот.

Софија ги обвинува македонските историчари за блокада

Во меѓувреме од затворените простории во кои историчарите од Македонија и Бугарија дебатираа за историските теми на досега девет средби, нивната работа се префрли прво како тема на политички препукувања, па сега стигна и во Брисел преку меморандумот. Во него се наведува дека имало првичен ограничен напредок, но дека сега има блокада поради претставниците на Република Северна Македонија. „Претставниците на Република Северна Македонија го оспоруваат заедничкиот концепт за заедничка историја обидувајќи се да го заменат со алтернативни поими како „споделена“ или „испреплетена историја““, се наведува во меморандумот.


Историчарите од македонскиот тим на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања лани во ноември поради најавените избори во земјава, а со цел, како што објаснија, нивната работа да не се користи во предизборни цели, побараа комисијата запре со работа. Од тогаш одржаа онлајн средба во јуни годинава и на неа, според информациите од македонскиот тим, со колегите од Бугарија се договориле да имаат средба во септември. Инаку, нејзиното формирање и работа произглегува од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји кој на први август 2017 година го потпишаа премиерите на Македонија и Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов.

Но во меѓувреме, особено за прашањето за револуционерот Гоце Делчев, се појавија во јавноста информации за несогласувања меѓу двете страни, а ВМРО-ДПМНЕ вчера организираше и протест за ова прашање наведувајќи дека Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B5%D1%83-%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/30841808.html

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Сеп 18 2020, 16:05

Еве ја последната колумна на Љубчо Палевски-Палчо, што може да и помогне (или одмогне) на истрагата да ги пронајде неговите напаѓачи.

Koлyмнa на Љyпчo Пaлeвckи: Makeдoнckи kpвoпии

Последниве 5 години се случува информативно насилие врз Македонецот, класичен НеоЛиберален проект, експеримент, во држава во која 3.500 Американци имаат регулиран престој, а уште толку со други туѓи пасоши.
Доколку кажам напишам дека во Македонија престојуваат 10-тина психолози и психијатри од САД, кои катадневно мерат, пишат и запишуваат, не ги рачунам другите стручњаци кои овој политичко социјален експеримент со самоУКИНУВАЊЕ на еден народ мораат да го разработат до детал, затоа што тоа е новото оружје на иднината, тоа е денес совремната војна.
Во моментов, најголемиот етнос, народ, Македонскиот е оставен на бришан простор на една 30 годишна структура, ФејкЕЛИТА, формално образувани, но МОРАЛНИ креатури, не апдејтовани, анахрони и глупави, но она што е кај нив употребливо во овој душмански проект, е нивната алчност и бруталност.
Па така, јас веќе не го употребувам КУРТОиМУРТО затоа што тоа е голема замка токму на Атлантистиве, затоа што претставува парола која го демилитаризира Македонецот жртвата. СДС е брутална интересна заедница составена од СОРОС, МУРТО, а ДПМНЕ е збунета, идеолошки измешана, не дефинирана и на последниве избори покажа неспособност да се справи со бруталниот фалс, да одбрани кутии. Таквото ДПМНЕ е КУРТО, но токму тука е замката на Атлантистите, затоа што со таа парола, Македонецот мисли дека се освестил, дека се знае, дека ја завршил работата, готово е, ќе ги фатиме на кондиција, сами ќе пропаднеле, се пасивизираме, на рати умираме. Таквата сентенца е подводлива во моментов еден дел, збунети, не искусни , а забегани дечишта да тераат иницијатива за смена на Мицковски, а во исто време не се ни членови на ДПМНЕ, нооо бесот и незадоволството се артикулираат во погрешен напад, не затоа што е критика, туку затоа што метата е без везе, не полезна за нашава Македонска работа. Токму затоа, потребно е да се свртиме кон себе си, кон Македонецот, на кого му недостасува национална, етно политика за да ги заштити етно интересите, а најголемиот е Македонецот повторно да биде суверен во своја територија, со своја управа, Македонска. Во моментов се створени услови за раѓање на некаква АлтернативнаЕЛИТА, Македонска, политичка пред се, за креирање на неопходното, за суштинското, за новиот МАкедонски НАЦИОНАЛИЗАМ. Но за жал малкумина тоа го гледаат, ја чувствуваат потребата за реакција и акција, малкумина се конструктивни, мнозинството ресурси, потенцијали се надвор од СИСТЕМОТ душмански децава млади се суетни, не реализирани, не искусни, не артикулирани.
Како пример и доказ за неспособноста, не знаењето, но пред се стравот за нагажман, активитет е токму случајот со ЕуроСтандард банката. Купишта професори, стручњаци за финансии, и кај Курто и кај Мурто па и надвор од тој систем, као се борат опозициски, не само што не споделуваат знаење и инфо со својот народ, туку и почнаа да манипулираат, како што е Гошев….и неколку од старата гарда кои многу добро се запознаени со овој ЛИХВАРСКИ, ПИРАТСКИ систем кој се нарекува МОНЕТАРЕН.
Кај мене на пејџот на ТРЕТА политика го објаснив дивото, криминално манипулирање со фиктивни кредити, со позајмени идентитети на физички и правни лица, помеѓу Комерцијална и ЕСБ, но денес, со ова писание накратко ќе ви опишан како и секој залак од устата ви го зимаат, овие исти проклети банкари, Македонски душмани.
Имено, секој ден кога плаќате вода, струја, секое плаво или црвено чекче кои на благајна го потпишувате до лани чинеше 30 денари провизија, а од оваа 2020 додека бев во затвор провизијата ја поскапеле на 40 денари, ако вадите готовина на благајна провизијата е 50 денари.

Минатата година кога ТРЕТА ја спремаше анализата и решението за платниот промет во Македонија, како конечно, НАРОДНО решение, собравме ИНФО, податоци и дојдов да страшни, загрижувачки податоци.
Во РМ, од секои 30 денари провизија за секоја трансакција, буквално секоја трансакција, за банката која го врши плаќањето со системот за плаќање МИПС до 1 милион денари задржува само 5 денари, а остатокот заминува во НБРМ, без никаков податок за тој приход и било каква транспарентна отчетност за тие 25 денари тогаш, денес претпоставувам 35.
Од тие 5 денари се делат плати, се плаќаат сите трошоци на функционирање на објектите на банките, а КРЕДИТИТЕ и профитите на банките се чист башибозук и крадење, сите биланси на сите банки се фалс, до последна.
Секоја година околу 200 милиони евра се сливаат во НБРМ, секоја година ги читам извештаите на НБРМ, стуткани, увртени…замаскирани, но никогаш ја нема цифрата за приходи од провизиите на МИПСОТ кој е 88% од сите трансакции, малите плаќања до милион денари, над тоа има посебен систем КИБС го викаат, плус уште еден систем, засебен за ВИЗА и Мастерс картичките.


Интервјуа и колумни - Page 32 Image1


Од картичките наплатените провизии се околу 70 милиони евра, а остатокот до преку 200 милиони евра се провизии од МИПС-от и нешто ситно од КИБС-от.
Е сега, да привршувам, во моментов Пензискиот фонд со кого повеќе од една деценија раководи ДУИ, е во дупка, минус од 420 милиони евра, па така не само што никој ниту прашува, ниту анализира, ниту истражува зошто е во минус и каде се парите, се спремаат за ново задолжување за да остане државава колку толку ликвидна. Многу е страшно да знаеш дека сопственик на денарот е државата, каде спаѓа и пензискиот фонд, да знаеш дека само за 2 години можеш рупата да ја затвориш од провизиите кои се сопственост на држвата не од делот на комерцијалните банки, па по куртонскиве медиуми да прочиташ тек тук некого од двете големи партии како се грижи за пензиите на нашите родители и дедовци, па ќе сме се задолжувале, ќе ги товариме, нас, внуците. Ваков грабеж душмански трае со децении, неколку милијарди евра се наплатени од банкарски провизии,, но никој, апсолутно никој не смее да праша, а што е нај жално не знаат што да прашаат. Како пример, погледнете го писаниено на ЛЕВИЦА и Апасиев, ќе предложеле АнтиЛихва закон, токму тоа писание покажува дека ЛЕВИЦА е фејк проект за една употреба, тотално политичко незнаење, на еден пандур на чело и наивни деца кои во политикава за потребите на СЕВЕРНИОВ проект улетаа. Но нејсе, еве им проект на кратко, за да разберат, слободно нека препише Димче, нормално е тоа за него со фејк се стави во функција на СОРОС, со Фејк влезе у парламент, со ФЕЈК ќе заврши, скоро не за долго, но еве му како тоа се прави се работи, од нас НАЦИОНАЛИСТИТЕ, а не левичари на батерии, ни тоа не се.
За таксите по катастар, по министерствата, милиони денари кои исто така се трошат по разноразни набавки, како бадемине на Рада Шеќеринска во друга прилика, но Македонците треба да знаат, дека иднина имаме, иднината е поткрепена со знаење, прашањето и маката Македонска е кога ќе почнеме меѓусебно да се почитуваме и како Македонски НАЦИОНАЛИСТИ да се организираме, конкретно, со знаење и сила, да победиме, а таа победа е спас, да постоиме.
Доста е со навивање, доаѓа време како на нашиот Јордан Пиперката, да се бориме, да платиме долг од 30 години вересија, глупаво и наивно живеење, сега веќе треба многу многу податоци, искуство и знаење за ДипШит да го победиме.
#Палчо

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Сеп 28 2020, 21:05

Ми фали дебатата за Скопје 2014: Времето кога разговаравме за што се изградило, а не за неостварени ветувања

И додека три години и се смеевме на Владата и на Заев за сите гафови, лапсузи, грешки, пранкери и останати глупости не можам, а да го занемарам чувството дека во Македонија нешто недостасува. Можам да си земам за слобода и да кажам слободно дека три години ја нема Македонија, а народот кој што живее на оваа „територија“ нема држава гледајќи од административна перспектива. Поточно со Македонија никој не администрира.

Зошто? Па ние се занимававме со двојазичност, име, презиме, Бугари, Срби, Грци и Албанци, а во ниту еден момент со самите себе. За 3 години никој не се позанимава со нашава државичка, никој не се потруди да направи нешто повеќе, па ни помалку. Што ќе запаметите како крупен проект од изминативе години владеење на СДСМ? Лубриканти и кондоми? Државата и Владата можеме слободно да ја прогласиме за „умрено“.

Пред повеќе од 3 години јавноста беше шокирана, за прв во Македонија се дебатираше за реализираната програма на една Влада, дали чинела или нечинела, дали било барок или рококо, дали авопатот бил крив или прав, имало доволно или немало доволно приклучоци. Се отварале фабрики ама биле странски инвестиции па тоа било неоколонијализам, робовладетелство „АМА ЕЈ“ во Македонија се отварале фабрики!

Каде е сега тоа време? Што се отвори или направи изминативе 3 години?

Да останатите 20 од 30 години минус последното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, уста им фати пена и на граѓаните и на опозицијата која и да таа била за неостварените ветувања, за влошувањето на стандардот на граѓаните, зголемувањето на невработеноста, војни, глупости, ама Груевски не чинел…

И се некако ме потсеќа на онаа анегдота или виц наполитичарите и мостот…

Се фалат градоначалниците од ЊуЈорк, Москва и од Скопје, кој колку успеал да украде.

Прв градоналалникот од ЊуЈорк ги носи на мостот ГолденГејт и му вели: Го гледате мостов?

Го гледаме велат.


Има 200 столба,а требаше да има 210; Значи 500.000е ги ставив в џеб.

Втор Градоначалникот на Москва ги носи на мост на река Москва и му вели: Го гледате мостон?

Го гледаме велат.

Широк е 10м а требаше да биде 12м,

Значи 700.000е в џеб.

И трет македонскиот градоначаник ги носи во Скопје – и им вели: Го гледате мостов?

Овие двајца зачудени велат: Абе нема мост !!!

Е требаше да има, значи 1.000.000е во џеб.

За крај ми фали дебатата за Скопје 2014-та…

Пишува: Милош Милошевски

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Flora Пет Окт 02 2020, 15:54


Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Окт 02 2020, 16:22

Ќе им досади ли веќе еднаш на говедата од стадото на Заев да ги малтретираат сите граѓани на Македонија со Мицкоски во време на економска и здравствена катастрофа во која се наоѓа Македонија и во време кога власта на сила сака да не направи Бугари. Секој нормален човек и да има нешто против лидерот на опозицијата ќе почне да го поддржува кога ќе види кој го напаѓа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пет Окт 02 2020, 16:58

Shtom eden vanchemihajlovist gubi nervi i pochnuva da zbesnuva Slobodanka ja pogodila celta. Beskorisni ste kako korektor na vlasta, nesposobni ste duri i da odberete vistinska prichina za protest, glupi ste do tolku shto Apasiev na slednite izbori kje ve ostavi i bez chlenstvo i bez pratenici. Shto e dobro, vreme e naslednicite na Vanche da ischeznat od politichkata scena a radikalna levica sekogash e podobra od izgubena vo prostor i vreme desnica koja prodava kvazipatriotizam.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 32 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 32 of 42 Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 37 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот