Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 16 of 42 Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 29 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Апр 24 2016, 10:16

Само верувам дека демократија е кога народот избира власт на избори, а не кога странци наметнуваат свои вазали. релно мислам дека криминалци има и во власта и во опозицијата и дека е најдобро СЈО, обвинителството на странците и социјалдемократите според мене, да ги гони криминалците од ВМРО, а легалното јавно обвинителство, ВМРОвско според вас, да ги гони криминалците од СДСМ. Во таков случај подржувам и укинување на сите амнестии, вклучувајќи ја и таа од 2001 година и таа за Глобал. Во спротивен случај, ако само странците и нивните вазали обвинуваат поддржувам амнестија во моментов, а по изборите како ќе одлучи мнозинството.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 10:27

Голема глупост си тропнал Трендо. Значи ако СЈО, кое само според тебе е СДСМ-овско ги гони криминалците ти поддржуваш амнестија, затоа што тие криминалци се од твојата партија. Дури бараш ваше партиско обвинителство да монтира процеси против опозиционерите. Па ете токму затоа што вашето дпмне-учк-овско обвинителство го обвини Заев во монтиран случај, јас ја поддржувам аболицијата од Црвенковски. А дека СЈО е партиско е вашата најнова лага, што ја пласирате кога видовте дека тие обвинители не се на продажба. За разлика од вашето сваровски судство и обвинителство, за кое сите чувме како се поставени на тие места. Баџанаци и ергени од ромски балови. Знаеш што е чудно Трендо? Вашиот безмерен страв. Дури и со сваровски судството на ваша страна, вие се плашите. Чист доказ за вашата вина. И нечиста совест.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Апр 25 2016, 00:24

Не барам никој да монтира процеси за никого. Напротив, да не се монтираат процеси за никого. Но бидејќи СЈО им прогледува низ прсти на криминалците од СДСМ, Верушевски на пример, а вложува над човечки напори да се обиде да притвори некого од ВМРО дури и кога нема докази. Иако божем вие од СДСМ и вашите газди од АМерика божем бевте против притвори. Се разбира ако не се работи за Едмонд Темелко или стотиците притвореници во концентрациониот логор Гвантенамо. Вие пак сметате дека уставното јавно обвинителство ве гони вас, а не и криминалците од ВМРО, па предлагам секое обвинителство да ја работи работата што сака да ја работи. Иначе нормално е во оваа ситуација, кога САД сакаат да воведат дикатура во Македонија секој да се плаши. некој се плаши од избори, некој од бегалска криза, некој од наметнување на украинско, либијско, египетско, косовско, ирачко и да не ги набројувам земјите во кои вашите газди направија срање. За да не се плаши некој во иднина од македонско сценарио.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 00:33

Trendafile, opozicijata i narodot nemaat gazdi, za razlika od vas i vashiot pastir...na koi poodamna se obiduvate da im go prodadete imeto Makedonija i idninata na makedonskiot narod...Toa shto ne uspeavte e zasluga na makedoncite a ne na dpmne-uchk-ovcite kako shto ti sakash da predstavish...Toa shto sega vashite nezadovolni gazdi se svrtea protiv vas ne e grizha na maledonskiot narod zad koj se obiduvate da se skriete...Vreme e da platite za parite koi gi zedovte za da gi predadete Makedonija i makedoncite...Dokazi ima polno, no eve kje izdvojam eden od shitelite i kuririte...Mediumi koi mislat za vas...

Груевски: Иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Вто Апр 26 2016, 16:11

Trendafile, bidejki omileni ti se kolumnite od pijanata baba, vo znak na solidarnost, eve i jas da postiram neshto od nea...

Интервјуа и колумни - Page 16 K9ugar

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Вто Апр 26 2016, 22:04

Грујо, ако си маж, ајде на избори на 5 јуни, без СДСМ и без ДУИ и ДПА!

Откако Али Ахмети ќе донесе одлука да не учествува на изборите на 5 јуни и тоа јавно, јасно и гласно ќе го соопшти, јас уште три дена нема да верувам и ќе ве прашувам – вие да не се шегувате со мене?

Ете, толку му верувам на Ахмети. Помалку од Нонковиќ, на пример. Кој е убеден дека ДУИ и ДПА „ќе бидат активирани“ да ги бојкотираат јунските избори, кои потоа ќе станат невозможни. На детето брисељациве очигледно му го испрале мозокот, а Мирка и Миленко го испуштиле од рака, па тоа сега им дели ум и ги убедува дека дејствувањето од типот „корења ќе јадеме, ама не се даваме“ било утопистичко.

Па добро, мајку му стара, зарем да дојдовме до корења? Покрај козите субвенционирани Миленкови? Покрај кравите на Никола со зголемена лактација? Покрај милионите евра во Белизе, во Панама и во другите даночни раеви?

Јас му верувам само на Никола Груевски. Додуша, во последно време комшијата нешто слабо остварува, ама рачунам дека сè уште е човек од збор. Ако е маж, мора да оди на избори на 5 јуни, без СДСМ и здружената опозиција и без ДУИ и ДПА!

Не бој се, Грујо. Подржаќе те Стевчо Муња и Тони Шанац. А мецана ќе ти захвалити и поручити – време је да сазнаш колико стварно значи ГДОМ курцу твом!

Во спротивно, сопартијците ќе го прашаат Груевски – пастире наш, рече избори на 24 април па нема, рече на 5 јуни и пак нема, па каква шајшутка си бил ти?

Освен тоа, СДСМ, здружената опозиција и соросидите, нели, не се народ. Тие се предавници и странски платеници. И Албанците не се народ, туку индијанско племе. Затоа за Македонија е најдобро Никола Груевски токму на изборите на 5 јуни, на кои нема да учествуваат опозициските и албанските партии, да ни покаже колкав е тој народ што го обожува.

Па да видиме кој е во заблуда.

http://plusinfo.mk/mislenje/1481/grujo-ako-si-maz-ajde-na-izbori-na-5-juni-bez-sdsm-i-bez-dui-i-dpa

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Вто Апр 26 2016, 22:41

Teo напиша:Trendafile, bidejki omileni ti se kolumnite od pijanata baba, vo znak na solidarnost, eve i jas da postiram neshto od nea...

Интервјуа и колумни - Page 16 K9ugar

kaj e kolumnava da se prochita ..

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Апр 27 2016, 12:01

Граѓаните се исплашени власта да не им ги земе парите

Моментната состојба со повлекување на парите е поради паника која е предизвикана од институциите, од здробената недоверба и од стравот дека власта која краде и која може да посегне и по нивните пари. Банкарскиот систем е стабилен, но штедачите ќе престанат да се плашат кога ќе се „реши политичката загатка“. Во меѓувреме, ако продолжи да се шири недовербата, последиците ќе бидат несогледливи, а штетата ќе ја платат штедачите.

(1)Банките се веројатно најздравиот дел од економијата. Поседуваат висока капитализираност. Капиталот во однос на пондерираната актива со години е двојно поголем од законскиот минимум. Располагаат со висока ликвидност. И коефициентите на ликвидност на банките се прилично над истите во соседството и во развиените земји. Во краток рок можат да одговорат на големи барања на штедачите. Односно, можат да исплатат повлекувања на големи износи на депозити, без да бидат клекнати на колена. Во овој момент тие сé уште се сигурно место за заштедите на граѓаните. Ширењето на оваа недоверба кон банките е крајно опасна. Ако продолжи, штетите може да бидат несогледливи, но извесно е дека највисоката цена повторно ќе ја платат штедачите и посиромашните слоеви на населението. Ако недовербата се развие до вистинска банкарска паника, економијата дебело ќе настрада. Губењето на илјадници работни места ќе стане неминовност.

(2)Реакцијата на штедачите повеќе е недоверба кон институциите што ги раководи власта отколку кон банките и тоа, претпоставувам, секому му е јасно, освен на Злосторничкото здружение. Злосторниците не разбираат дека не се управува со лаги и криминал, дека не можат „цело време сите да ги лажат“ и дека сметката ќе стигне за наплата. Таа, десет години се однесува ирационално, лудачки (да го употребам нивниот термин), креира ирационален политички и економски амбиент и сега не треба да се чуди на реакциите од ниту еден сегмент во општеството. Не треба да се чуди ако некој сегмент на општеството реагира дури и ирационално. Имено, ниту едно општество не може да функционира продуктивно, ако е здробена довербата помеѓу државата (институциите) и членовите на тоа општество. Луѓето гледаат дека политичкиот систем не се распаѓа, туку дека е распаднат. Тие разбраа дека власта планетарно лажела и крадела. Тие мислат - ако власта на разбојнички начин ги краде нивните пари од даноците, ако на ист начин ги присвојува државните парцели земјиште (во градовите, полињата, или на планините), ако разбојнички, со разни притисоци, присвојува и приватно титулирани сопствености (земја и компании), ако големи пари изнела надвор од земјата - дека таквата власт може да ги украде и нивните штедни влогови, независно од тоа што парите ги дале на чување кај приватни институции и независно од тоа дали тие приватни институции работат одговорно и водат сметка за ризиците кога ги пласираат штедните влогови во разни видови портфолио. Посебно, ако дополнително на тоа ја повикуваат својата меморија за настаните од почетокот на деведесеттите години.

3)Особено во последно време, каде и да се придвижам, добивам многу прашања од граѓани: „Дали да ги повлечеме парите од банките и дали ќе има девалвација?“. Понекои од нив, мислат на девалвација, изговараат инфлација. Независно од моите одговори и објаснувања дека банкарскиот сетор, за среќа, е здрав, дека Народната банка располага со пристоен износ на девизни резерви за одбрана на курсот, сомничавоста на загрижените останува. Од последните настани гледаме дека почнува да се шири како пожар. Затоа, потребен е брз одговор на оваа состојба, пред да се струполиме во амбисот и пред лелеците од Река до Галичник да ги попримат најтажните завивања. Меѓутоа одговорот не е од арсеналот на економските мерки. Тој е од доменот на политичкиот систем. Бидејќи власта ги плаши штедачите, (како и сите економски агенти во земјата) единствениот одговор за одбегнување на можната катастрофа е власта да ги напушти позициите на кои се наоѓа. Таа не може да повика на смирување. Не може да каже имајте доверба во системот. За се што науми, го излажа својот народ. Стигна до точката кога веќе никој не и верува. Решението за одбегнување на стравувањата да не ни се повторат почетните години од деведесеттите го носи насловот: ’решавање на политичката загатка’ - политички договор за излез од кризата на систем, политичка и кривична одговорност за креаторите на кризата. Првиот ден потоа, штедачите ќе престанат да се плашат.

http://plusinfo.mk/mislenje/1480/gragjanite-se-isplasheni-vlasta-da-ne-im-gi-zeme-parite-

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Апр 30 2016, 19:48

Чадорот на Верушевски се отворал од Виена

Интервјуа и колумни - Page 16 197722299B01A849BA66AD3A3ABF721C

Kога извесно време по објавувањето на првите бомби на Зоран Заев во јавноста беше објавена декриптираната скајп-комуникација на кртовите во ДБK, Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, Македонците останаа стаписани и згрозени. Освен типови како Гордан Kалајџиев, „граѓански активист“ и огнен борец против законот со кој полицијата за потребите во борбата против организираниот, финансискиот криминал, имаше право да презема специјални мерки во кои спаѓаше следење на комуникацијата на осомничените, кој, како што гледаме од неговото учество во украинската револуција во Скопје, нема ништо против ако неговите партиски пајташи и странски спонзори го прават тоа против македонската држава и демократијата.

Kолку за освежување на паметењето, еве дел од таа комуникација за да ги обелодениме налогодавците на прислушувањето, односно шефовите на мрежата на „Оркестар 11“, нам познат како Зоран Верушевски. Да напомнам дека се работи за упатства на Верушевски до партнерот „кока-кола“ Лазаревски во период од 29 јануари до 4 март 2014 година:

– Бидете уверени дека оваа мака нема да дозволам да ни биде бадијала.
– Би било навистина тешко да ја загубиме оваа позиција која добива неверојатно на квалитет.
– Стануваме потребни и да не бидам скромен, претставуваме навистина нешто што тешко може да се замисли.
– Познавајќи го чадорот, не верувам дека ќе останеме заборавени. Напротив.
– Имаме големи перспективи.
– Ова ќе зоврие.
– Можно е да излезе од контрола.
– Навидум овој мир може да ескалира.
– Ние сме навикнати друг да страда, ние сме благонадежни.

Бетмен и Робин

Што нè интересира нас овие речиси две години откога стартуваше фингерајката, односно операцијата ,,Пуч“, како што е заведена во МВР? Нè интересира идентитетот на чадорот, односно странските служби, кои, според нашата симболика за поимот чадор, ги штитат домашните превратници, односно шпиони во МВР и во политиката.

Односно, оние за кои говори Верушевски со својот колега. Е, па, еве ги:

Антони Леополд Kолие од Велика Британија, инаку, дел од ненаследната британска аристократија, кои со кралски указ стануваат новопечени лордови. Kако таков типов има титула лорд Монктон. Инаку, бил шеф на базата на МИ 6 во Виена и база на нашиве несреќници изнајмени како егзекутори на пучот, чиј водач е Зоран Заев. Заштитникот на Верушевски, Заев, но и нивната банда, работел со лажен идентитет на советник при британската амбасада во Австрија од 2011 до 2015 година по што е пензиониран ,,дипломат“, ама нормално не и како специјалец, задолжен за операции на Балканот и во Северна Африка. Зошто ни се битни датите кога почнува комуникацијата на Верушевски со помошниците, односно со Зоран Заев, кој по неколку иницијални најави за бомбите неколкупати го одлагаше нападот со објаснување дека СДСМ ќе одлучел кога е вистинското време. Шипинки! Се чекала командата од лордот.

А тој, ,,дипломатот“ Антони Леополд, темелно го подготвувал теренот во Македонија за да ја почне операцијава. Уште од 2014 година. Согласно со мапата на настани во Македонија во 2014, поврзани со акциите на МВР и ДБK, изгледа дека доста бил загрижен од неколкуте ултрауспешни акции на македонските специјалци кои му го нарушувале планот за изведба. За увид во теренот одблизу човеков доаѓа во посета на Скопје и Приштина на 20 јануари 2014 година. Ова совршено се вклопува во времето на комуникацијата на нашите домашни шпиони и укажува на насоките за работа што ги добиле. Лордот Монктон е интересна фаца со уште позгодна биографија. Тој заедно со својот американски колега од ЦИА, чија регионална база исто така е во Виена, учествува во уште три познати операции на Балканот и во Либија. Тандем „динамична двојка“. Бетмен и Робин за изведување преврати и револуции.

Младичот од ЦИА се вика Дејвид Блејк и е шеф на одделот на ЦИА за Југоисточна Европа, односно Балканот. Но тој својата официјална позиција ја крие зад звањето директор на УСАИД за Балканот.

Атентат на Kоштуница

Еве ги имињата на нивните досегашни потфати за „демократизација“, слобода и правна држава, кои ни се длабоко вкоренети во сеќавањето.

Лордот Монктон бил во Белград на 5 октомври кога револуционерите од „демократски“ отпор, предводени од подоцна ликвидираниот Зоран Ѓинѓиќ, изведуваа пуч врз Слободан Милошевиќ. Случајно Британецот бил исклучително близок со Влаимир Поповиќ – Беба, инаку задолжен за безбедноста на Ѓинѓиќ.

Во тој период, во тандемот американско-британски специјалци, наместо Блејк, главен за Балканот бил Џон Нејбор. Нејбор по убиството на Ѓинѓиќ бидува уапсен, односно провален, па на негово место за шеф на ЦИА за регионот доаѓа Блејк. Обајцата и денес имаат контрола врз разузнавачките служби на Србија: ДБ, ДБK и ВБ.

Оваа двојка, но под раководство на британскиот тим за специјални операции, односно под раководство на лордот Монктон, ја изведува операцијата ,,Бандит“ под чие кодно име се крие атентатот врз Воислав Kоштуница, претседател на СРЈ, кој, за среќа, заврши неуспешно на 15 јули 2002 година во Сараево. Атентатот бил испланиран како убиство со снајпер.

За на содржината на овој текст да му дадеме и малку сочност, односно да ги обоиме црнилата што ни ги изведуваат вакви специјални убијци со помош на регрутирани домашни предавници и купени активистички, експертски и медиумски „спонзоруши“, еве и дел од комуникацијата на двојкава – чадорот од Виена, снимена на 7 август во 2002 година, веднаш по неуспехот на атентатот.

Монктон: Не разбирам зошто не успеа операцијата. Беа избрани најдоверливите луѓе.

Блејк: Изгледа потфрли логистиката. Едноставно, на муслиманите не може да им се верува.

Монктон: Kој од сараевските оперативци беше инволвиран?

Блејк: Нашите доверливи луѓе.

Монктон: Беше ли одреден само еден снајперист или имаше и тим за покривање?

Блејк: Еден беше. Но нашиот тим од Загреб треба да го покрие за секој случај. Не знам каде згрешија.

Монктон: Kој ја обезбедуваше целта?

Блејк: БИА досега го чува претседателот Kоштуница. Но Kрга и Томиќ беа под постојана присмотра. Пред Педи Ешдаун да се сретне со Стипе Месиќ, Kоштуница и претседателството на БиХ, под присмотра ги ставивме и авторитетите на БИА…

Ете сега знаете како се одвиваат валканите работи на државите што извезуваат демократија во државите што сакаат да ги претворат во свои колонии.

Kолку за потсетување, овие две братски служби тесно соработуваа во сите медитеранските држави, на Блискиот и на Средниот исток, во Латинска Америка, каде што дојде до промена на властите преку револуции, преврати и граѓански војни.

А конкретно МИ 6, САС и останатите специјални служби ексклузивно ги работат балканските држави, Ирак, Пакистан и Либија. Шеф на службата е сер Ричард Диерлав. И на крајот едно предупредување: Во ненадејна посета (како во Турција кога почна Таксим-револуцијата како еколошки протест) во Сараево пристигна шефот на ЦИА, Џон Бренен. Што метеоролошки кажано означува почеток на балканското торнадо.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Нед Мај 01 2016, 01:43

трендафил напиша:
Чадорот на Верушевски се отворал од Виена

Интервјуа и колумни - Page 16 197722299B01A849BA66AD3A3ABF721C

Kога извесно време по објавувањето на првите бомби на Зоран Заев во јавноста беше објавена декриптираната скајп-комуникација на кртовите во ДБK, Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, Македонците останаа стаписани и згрозени. Освен типови како Гордан Kалајџиев, „граѓански активист“ и огнен борец против законот со кој полицијата за потребите во борбата против организираниот, финансискиот криминал, имаше право да презема специјални мерки во кои спаѓаше следење на комуникацијата на осомничените, кој, како што гледаме од неговото учество во украинската револуција во Скопје, нема ништо против ако неговите партиски пајташи и странски спонзори го прават тоа против македонската држава и демократијата.

Kолку за освежување на паметењето, еве дел од таа комуникација за да ги обелодениме налогодавците на прислушувањето, односно шефовите на мрежата на „Оркестар 11“, нам познат како Зоран Верушевски. Да напомнам дека се работи за упатства на Верушевски до партнерот „кока-кола“ Лазаревски во период од 29 јануари до 4 март 2014 година:

– Бидете уверени дека оваа мака нема да дозволам да ни биде бадијала.
– Би било навистина тешко да ја загубиме оваа позиција која добива неверојатно на квалитет.
– Стануваме потребни и да не бидам скромен, претставуваме навистина нешто што тешко може да се замисли.
– Познавајќи го чадорот, не верувам дека ќе останеме заборавени. Напротив.
– Имаме големи перспективи.
– Ова ќе зоврие.
– Можно е да излезе од контрола.
– Навидум овој мир може да ескалира.
– Ние сме навикнати друг да страда, ние сме благонадежни.

Бетмен и Робин

Што нè интересира нас овие речиси две години откога стартуваше фингерајката, односно операцијата ,,Пуч“, како што е заведена во МВР? Нè интересира идентитетот на чадорот, односно странските служби, кои, според нашата симболика за поимот чадор, ги штитат домашните превратници, односно шпиони во МВР и во политиката.

Односно, оние за кои говори Верушевски со својот колега. Е, па, еве ги:

Антони Леополд Kолие од Велика Британија, инаку, дел од ненаследната британска аристократија, кои со кралски указ стануваат новопечени лордови. Kако таков типов има титула лорд Монктон. Инаку, бил шеф на базата на МИ 6 во Виена и база на нашиве несреќници изнајмени како егзекутори на пучот, чиј водач е Зоран Заев. Заштитникот на Верушевски, Заев, но и нивната банда, работел со лажен идентитет на советник при британската амбасада во Австрија од 2011 до 2015 година по што е пензиониран ,,дипломат“, ама нормално не и како специјалец, задолжен за операции на Балканот и во Северна Африка. Зошто ни се битни датите кога почнува комуникацијата на Верушевски со помошниците, односно со Зоран Заев, кој по неколку иницијални најави за бомбите неколкупати го одлагаше нападот со објаснување дека СДСМ ќе одлучел кога е вистинското време. Шипинки! Се чекала командата од лордот.

А тој, ,,дипломатот“ Антони Леополд, темелно го подготвувал теренот во Македонија за да ја почне операцијава. Уште од 2014 година. Согласно со мапата на настани во Македонија во 2014, поврзани со акциите на МВР и ДБK, изгледа дека доста бил загрижен од неколкуте ултрауспешни акции на македонските специјалци кои му го нарушувале планот за изведба. За увид во теренот одблизу човеков доаѓа во посета на Скопје и Приштина на 20 јануари 2014 година. Ова совршено се вклопува во времето на комуникацијата на нашите домашни шпиони и укажува на насоките за работа што ги добиле. Лордот Монктон е интересна фаца со уште позгодна биографија. Тој заедно со својот американски колега од ЦИА, чија регионална база исто така е во Виена, учествува во уште три познати операции на Балканот и во Либија. Тандем „динамична двојка“. Бетмен и Робин за изведување преврати и револуции.

Младичот од ЦИА се вика Дејвид Блејк и е шеф на одделот на ЦИА за Југоисточна Европа, односно Балканот. Но тој својата официјална позиција ја крие зад звањето директор на УСАИД за Балканот.

Атентат на Kоштуница

Еве ги имињата на нивните досегашни потфати за „демократизација“, слобода и правна држава, кои ни се длабоко вкоренети во сеќавањето.

Лордот Монктон бил во Белград на 5 октомври кога револуционерите од „демократски“ отпор, предводени од подоцна ликвидираниот Зоран Ѓинѓиќ, изведуваа пуч врз Слободан Милошевиќ. Случајно Британецот бил исклучително близок со Влаимир Поповиќ – Беба, инаку задолжен за безбедноста на Ѓинѓиќ.

Во тој период, во тандемот американско-британски специјалци, наместо Блејк, главен за Балканот бил Џон Нејбор. Нејбор по убиството на Ѓинѓиќ бидува уапсен, односно провален, па на негово место за шеф на ЦИА за регионот доаѓа Блејк. Обајцата и денес имаат контрола врз разузнавачките служби на Србија: ДБ, ДБK и ВБ.

Оваа двојка, но под раководство на британскиот тим за специјални операции, односно под раководство на лордот Монктон, ја изведува операцијата ,,Бандит“ под чие кодно име се крие атентатот врз Воислав Kоштуница, претседател на СРЈ, кој, за среќа, заврши неуспешно на 15 јули 2002 година во Сараево. Атентатот бил испланиран како убиство со снајпер.

За на содржината на овој текст да му дадеме и малку сочност, односно да ги обоиме црнилата што ни ги изведуваат вакви специјални убијци со помош на регрутирани домашни предавници и купени активистички, експертски и медиумски „спонзоруши“, еве и дел од комуникацијата на двојкава – чадорот од Виена, снимена на 7 август во 2002 година, веднаш по неуспехот на атентатот.

Монктон: Не разбирам зошто не успеа операцијата. Беа избрани најдоверливите луѓе.

Блејк: Изгледа потфрли логистиката. Едноставно, на муслиманите не може да им се верува.

Монктон: Kој од сараевските оперативци беше инволвиран?

Блејк: Нашите доверливи луѓе.

Монктон: Беше ли одреден само еден снајперист или имаше и тим за покривање?

Блејк: Еден беше. Но нашиот тим од Загреб треба да го покрие за секој случај. Не знам каде згрешија.

Монктон: Kој ја обезбедуваше целта?

Блејк: БИА досега го чува претседателот Kоштуница. Но Kрга и Томиќ беа под постојана присмотра. Пред Педи Ешдаун да се сретне со Стипе Месиќ, Kоштуница и претседателството на БиХ, под присмотра ги ставивме и авторитетите на БИА…

Ете сега знаете како се одвиваат валканите работи на државите што извезуваат демократија во државите што сакаат да ги претворат во свои колонии.

Kолку за потсетување, овие две братски служби тесно соработуваа во сите медитеранските држави, на Блискиот и на Средниот исток, во Латинска Америка, каде што дојде до промена на властите преку револуции, преврати и граѓански војни.

А конкретно МИ 6, САС и останатите специјални служби ексклузивно ги работат балканските држави, Ирак, Пакистан и Либија. Шеф на службата е сер Ричард Диерлав. И на крајот едно предупредување: Во ненадејна посета (како во Турција кога почна Таксим-револуцијата како еколошки протест) во Сараево пристигна шефот на ЦИА, Џон Бренен. Што метеоролошки кажано означува почеток на балканското торнадо.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

vidi i ova e losha bolest shto te fatila trendafile ...pa na velika sabota ti ni kazuvash kolku "vredi pijanata baba mirka" ?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Нед Мај 01 2016, 01:44

moj sovet trendafile pochni da chitash shto pishuvaat stranskite novinari ,a ne ovaa shto pishuva po principot ko da vishe "rakije "

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Kalinda Нед Мај 01 2016, 20:03

Гледам сте ја оправиле!
Не ми е чудно !
Зошто?
Па додека ние ја
браневме 2001гдржавата ,
вие и тогаш си отидовте
на годишен одмор во Грчка!
Разликата е само во годината ,
во ништо друго .
Секогаш ние ке ја чуваме ,
како што ја создадовме !
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Kalinda Нед Мај 01 2016, 20:08

osa напиша:moj sovet trendafile pochni da chitash shto pishuvaat stranskite novinari ,a ne ovaa shto pishuva po principot ko da vishe "rakije "

Не е убаво само
да даваш совет !
Некогаш треба и
да примаш .
Ајде заврти се и
погледни !
Остана сама ,
другите празнуваат .
Па ти види.
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Мај 01 2016, 21:21

Ви овозможив да ја прочитате колумната на Мирка тогаш кога ја видов. Што се однесува до советот дека треба да се информирам од новинарите и медиумите што тврдеа на пример дека Садам Хусеин имал средства за масовно уништување што и по 13 години од окупацијата на Ирак не се докажа. Или од тие што тврдеа дека Арапската пролет е демократизација на арапскиот свет, а не ИСИЛизација со милиони бегалци. Бегалци што ги немаше во време на „диктатурата“. Па сега треба од исти извори да се информирам и за „демократизацијата“ на Македонија што сакаат да ја воспостават истите тајни служби и тоа откако првата фаза, пропаганда и ангажирање на домашни предавници и странски платеници се покажа неуспешна, па веројатно размислуваат за втора фаза, испраќање на војници од ИСИЛ (веројатно од Косово) или нивна директна воена интервенција треба ли да дозволам да ми го исперат мозокот со нивна пропаганда и доброволно да прифатам нивна окупација и формирање на нивна квислиншка влада. Во тоа веројатно ги спречува само Русија која за наша среќа е зајакната и воено и економски во последната деценија, па тие што се самонарекоа меѓународна заедница не можат повеќе да прават што ќе посакаат. иако за жал, засерувањето на Северна Африка и Блискиот Исток го направија, па сега сакаат тоа да го повторат и во Македонија. Би ве замолил во иднина наместо да ми делите совети или да ме напаѓате мене или кога некого цитирам тој што тоа го напишал, да дискутирате во врска со тоа што е напишано. Знам дека сите што не мислат како вас ги сметате за набањати, идиоти, пијаници и слично.
Ги познавате ли од вашите протести господава од фотографиите.
Интервјуа и колумни - Page 16 Dalibor.b640
Интервјуа и колумни - Page 16 Tomas-h640-640x360
Тоа се професионалци за насилни протести од Чешка. Да не кажам од злосторничкото здружение на кое му припаѓаат новинарите што ми ги препорачувате за читање. Истите се казнети и протерани од Македонија со забрана за влез во нашата татковина.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Мај 01 2016, 21:29

Еве и нешто за С(дсм)ЈО, кое на сликава руча на наша сметка.
Интервјуа и колумни - Page 16 SJO-Rucek
Надлежниот Јавен обвинител ќе ги повикува одговорните од тимот на Катица Јанева кои го работеле предметот на Крпач

Зошто СЈО наредиле претрес во домот на Коста Крпач? Дали тоа морало да се случува пред очите на неговото дете, сопругата, соседите? Што нашле за време на претресот? Зошто доколку СЈО немал намера да го гони Коста Крпач би им пречело прекинувањето на постапката од страна на Претседателот Ѓорге Иванов? Ова се суштинските прашања кои за жал се уште немаат одговор.

Од конфузното и контрадикторно соопштение на СЈО, јавноста само беше информирана дека тој доброволно се јавил за сведок и дека имале беспрекорна соработка. Навистина чудно кај ваков соработник да побарате наредба и да му влезете дома и да го малтретирате пред сопственото семејство.

Подеднакво се чудни и сомнителни информациите од соопштението на Катица Јанева во кои велат дека имале докази за притисоци. Ниту министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ниту Јанева не кажаа кога се пријавени овие притисоци, кој ги вршел и што било преземено. Затоа и овој дел од соопштението наликува на уште една лага поголема од претходната.

Според информациите до кои дојдовме, надлежниот јавен обвинител деновиве ќе ги повика одговорните од СЈО за да ги образложат своите постапки и сомнежите за притисоци врз Крпач. Надлежниот ЈО веќе прибавил исказ од неговата сопруга, како и од други лица кои биле во контакт со Крпач.

Коста Крпач не е првиот за кого се говорело дека е жртва на тортура и малтретирање од страна на СЈО. Според досега потврдените информации досега се поднесени над 20- тина кривични пријави за малтретирање во служба против обвинители и истражители од тимот на Катица Јанева.

Како најбрутални беа споменувани Лиле Стефанова, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи. Дали некој од оваа тројка го водел и случајот на Коста Крпач, засега се крие во СЈО. Според пријавите кои тогаш граѓани ги поднесоа се тврдеше дека обвинителите и истражителите преку закани, па дури и со покажување на оружје се обидувале да изнудат невистинити изјави од повиканите.

Најмаркантен случај беше кога на лице, кое подоцна беше осомничено, му било нудено да биде сведок на СЈО и за тоа му се предлагал поткуп од 100.000 колку што чинела лажната изјава. Овој кривичен предмет е веќе во суд.

Исто така , маркантен случај беше кога судија од Управен суд до судскиот совет и советот на обвинители пријави дека од обвинител од тимот на Катица Јанева бил повикан во Угостителски објект каде што му биле упатувани закани.

Журнал.нет

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Мај 01 2016, 22:12

Еве и една странска, само со коментар. http://mk.voanews.com/content/article/3308698.html

Целосната истрага во врска со скандалот со прислушување е важна, смета Роберт Диц, професор на Универзитетот на Џорџ Мејсон, и поранешен правен советник во неколку американски разузнавачки агенции:

„Класичен пример за тоа е администрацијата на Ричард Никсон. Секогаш кога се обидувате да прикриете или негирате нешто, тоа покренува повеќе прашања. Најдобар начин да се разреши скандалот е владата да ги изнесе сите факти, брзо и чесно, зашто само така  може да се врати довербата кај граѓаните.“

Иако и по времето на Никсон, американското општество беше соочено со уште еден сличен скандал – со Националната агенција за разузнавање, Диц  смета дека аналогијата со Македонија тука не може да се примени, од две причини:

„Прво, ние имаме слобода на печатот и информациите за некои програми дојдоа до медиумите. Владата не можеше да го запре објавувањето на тие информации. Потоа, тоа стаса до Сенатот и Конгресот кои одржаа распити. На крајот, некои беа за продолжување на програмите, а некои не. Фактите излегоа и се дебатираше отворено. За мене тоа е владеење на правото. Тоа не е значи дека владата работи совршено, туку дека владата е ограничена со законите, традицијата и така натаму. Денес, тоа е веќе стара вест. Никој повеќе не е не е загрижен. По скандалот е постапено.“

Во Македонија очигледно има уште многу да се работи на надминување на кризата во која се наоѓа државата. Запрашан за тоа колку меѓународната заедница може да помогне во процесот, професорот Диц одговори:

„САД немаат толкава моќ во односите со Македонија како ЕУ. Но, Македонија сака да се приклучи на групата на легитимни влади кои се почитувани од целиот свет, кои имаат чесно судство и владеење на правото. Мислам дека Македонија сака да биде дел од тоа.“

Од тие причини, тој смета дека иако ЕУ и САД можат да ускратат некои бенефиции за Македонија како инструменти за притисок со цел да се почитува принципот на владеење на правото, сепак самата Македонија треба да изнајде начин за надминување на кризата.
Манипулацијата се состои во повеќе сегменти. Републиканецот Никсон не беше нападнат од кандидат на конкурентската Демократска партија, туку аферата ја објавија неутралци, новинари. Во неа не се мешаа странски разузнувачки служби или странски амбасадори. И кај нас имаше распит пред комисија на Собранието, но кога за распит на ред дојде Зоран Заев, претседателот на комисијата, Шилегов, повеќе не свика седница. Наместо за овој идиотски потег да биде обвинета опозицијата, кај нас се обвинува владата. Во која, има и членови на опозицијата, а се обвинува само ВМРО-ДПМНЕ како да е само тоа власт. Ниту аферата на Никсон не беше предизвикана со цел САД да си го сменат името и Американците да не се нарекуваат повеќе со тоа име. Иако САД е на помал процент од територијата на Америка, отколку Република Македонија од географската територија на Македонија. Која на француските и англиски карти пред Букурешкиот договор се води како етничка карта на Македонија. Американците не формираа С(дсм)ЈО. Диц не се потрудил да се информира објективно за тоа што го коментира или не се работи за коментар туку за пропаганда. Која им дава сила на вандалите да опогануваат со кондоми споменици на великани и настани од македонската историја во намера да воспостават диктатура во Македонија, односно откако по пораз на изборите влегоа во власта сега без избори да останат во неа. Дали Роберт Диц е идиот на кого не му е јасно дека ВМРО има предност од сега веќе скоро 3 пати во однос на СДСМ од гласачите и дека тоа што Сител, Канал 5 и Алфа се најгледани телевизии е затоа што не ги пренесуваат лагите создадени во заболените умови на соросоидите и советниците во некои амбасади. Алфа и Канал 5 немаа таква гледаност кога беа дел од пропагандната машинерија на непријателите на Македонија од странство и нивните домашни слуги.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Нед Мај 01 2016, 22:20

dobro bre trendo shto slushash ti koga se emituvaat bombite na mediumite ????...ti staviv i video od nekolku bombi ,i ti sega mi vezesh ama stranci vaka taka ...oni ne vikaat u endek deka treba da zavrshi celo semejstvo ???? stranci ne vikaat deka chovechinjata glasaat i gi nosite za ushi ???? ...i da ne brojam ...gledam badijala ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Мај 02 2016, 12:10

osa напиша:dobro bre trendo shto slushash ti koga se emituvaat bombite na mediumite ????...ti staviv i video od nekolku bombi ,i ti sega mi vezesh ama stranci vaka taka ...oni ne vikaat u endek deka treba da zavrshi celo semejstvo ???? stranci ne vikaat deka chovechinjata glasaat i gi nosite za ushi ???? ...i da ne brojam ...gledam badijala ....
Само ќе потсетам дека објавените бомби го зголемија рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај гласачите. Дополнително и т.н. обоена револуција. Па не знам што имам да дискутирам повеќе за тие материјали. Јасно е дека режисерот и монтажерот на тие претстави имал намера да прикаже дека власта била лоша. Но без навлегување во тоа дали дел од објавеното е вистина (што веројатно е затоа што нема безгрешен човек, па со самото тоа и безгрешна власт) веднаш се поставува прашањето колку криминал имавме кога други беа на власт. Затоа што ги потрошија парите од буџетите, а скоро ништо не оставија зад себе. Па и доколку има дури и повеќе причини ВМРО-ДПМНЕ да си замине од власта, нема ниту една причина СДСМ да дојде на власт.
Еве ви и една колумна на која веројатно сте горди па ме чуди што не ја ставивте на форумов.
„Скопје 2014“ треба да се урне и изнесе од градот како градежен шут!



Живо се сеќавам како есента 1963 и целата следна година зградите што ги оштети земјотресот осамнуваа видно обележани со црвена, зелена и жолта боја. Бидејќи една од најважните работи на постземјотресната обнова на Скопје беше согледувањето на штетата и утврдувањето на степенот на оштетеноста на градбите, експертски комисии ги прегледуваа сите објекти и „пресудите“ ги обележуваа на фасадите, и тоа со обоени хоризонтални повлаки. Боите го означуваа степенот на оштетеноста на градбата и решението со кое се одредуваше нејзината судбина, односно дали таа ќе се поправа или руши. Така, една црвена линија означуваше непоправлива штета и рушење на зградата, две жолти означуваа тешко оштетување што ќе бара сериозна реконструкција на објектот, а со три зелени беа обележани лесно оштетените градби што бараа само санација. Се сеќавам, возрасните редум траорно реагираа на црвената линија што претставуваше смртна пресуда за нивните домови – многумина дури беа подготвени да го преземат ризикот и да живеат во полуразрушените градби, но ние децата наскоро се фалевме со обемот на оштетеноста на нашите домови, а за „јунаци“ се сметаа само оние што земјотресот им ги сруши или темелно им ги оштети куќите.
Како и да е, боењето на фасади по преживеаната катастрофа, уште од детство ми остана како позитивен знак на подготвеноста на општеството да се ослободи од несреќата што го втасала, знак на обновата што следува, дури не само како знак, туку како првиот сигурен методски чекор кон новото, подобро и навистина преродено време!

Исто како и првиот пат пред пет децении, и денешното обележување на спомениците на Злото со балони наполнети со боја и песок, се непогрешниот симбол на волјата на народот што го населува ова парче балканска релјефна збрчканица да ја превозмогне историската несреќа што го притиска веќе десет предолги години. Овој пат, таа несреќа не е предизвикана од колизиите на подземните тектонски сили, туку од сродните хтонски сили на злото и глупоста отелотворени во злосторничкиот режим на ВМРО-ДПМНЕ. И повторно, боите фрлени - овој пат - на израстоците на Злото, ја симболизираат волјата на луѓето да ја превозмогнат неволјата што ги снашла, да ги расчистат урнатините од својата разнебитена татковина, за повторно да почнат да ја градат. Но, овој пат, силите на Злото не го истурија својот бес врз библиската земја во неколку разорни – слепи и неселективни - тектонски секунди, туку се отелотворија во една државно-криминална диктатура со клептократско фашистичка идеолошка подлошка што намерила да владее „два турски мандати“! Очигледниот крах на лоповската идеја со лажирани избори да се владее неограничено долго во режим во кој злосторствата на владејачката партија се новата „нормалност“, ги доведе криминалните власти во очајна позиција со целокупниот државен апарат за прогон и казнување да ги бранат дивите израстоци на нивното владеење, симболите на македонскиот лоповски фашизам, спомениците на Злото од таканаречениот проект „Скопје 2014“. И така домашната и светската јавност созна за тажниот и подол, малоумен и кретенски факт дека плодовите на режимската умоболност и клептократија, спомениците и зградите од спомнатиот „проект“ се заштитени како споменици на културата. Хахахаха! Мрак!

Тие диви меса израснати на кожата на градот, на јавните градски простори, ах, тие тумори на историското ткиво на градот, всушност, гнасни екскременти на глупоста и злото, тие градежни исероци на една криминална диктатура се заштитени со закон како споменици на културата?! Ах-хахаха! Па, тоа да ти имало една повисока смисла: конечно, како подруго една криминална власт ќе го заштити од нападите на Правдата и Доброто своето лоповско „наследство“, отколку со незаконски акт дивата градба во форма на културно-естетички испрдок да ја прогласат за споменик на културата? Не еднаш напишав дека вистинската глупост – онаа тапата и злобна, навистина малигна глупост – е отпорна на пародирање и сатира, зашто таа самата е похиперболична од секоја пародија и поразорна од секој сарказам. И, кога човек ќе ги протрие очите за да се отрезни од шокот дека една криминална власт со фалсификуван акт и злоупотреба, диви градби со уметничка вредност на коњско гомно прогласила за Споменик на Културата на Македоња Вечна, во оваа перверзија ќе ја согледа вселенската вистинитост и „искреност“ на овој криминален чин. Конечно, какви други градби – освен грдиве и одвратни субхумани излачини од „проектот Скопје 2014“, би биле соодветните споменици на примитивната и клептократска, криминална и фашистичка власт на ВМРО-ДПМНЕ?


Што треба да направи едно слободарско народно движење, како одговор на партиско-мафијашките репресии, апсења, информативни разговори и други закани, со кои режимот преку своите чавковидни платеници сака да ги задуши спонтаните граѓански антирежимски протести? Мој предлог: треба да се повикаат сите политичари од опозицијата, сите видни активисти од невладините организации, потоа јавните личности од углед и интегритет, интелектуалци и трудбеници, конечно, сите граѓани со зачувана виделина и достоинство, да и се придружат на „шарената револуција“ во боењето на Спомениците на Злото.

Манифестацијата ќе се одвива достоинствено, со поредок како што му прилега на полагањето на венци по повод националните комеморации, во кој редови од слободарите ќе фрлаат балони со бои на Објектите на Срамот што партиската мафија на ВМРО-ДПМНЕ ги заштитила како споменици на нивната клептократско-фашистичка култура. Оваа манифестација на граѓанскиот непомир против узурпацијата на македонската демократија и култура ќе има и практичен аспект: шареното обележување на објектите на Злото ќе послужи – исто како и во времето на постземјотресната обнова – како прв чекор во расчистувањето на разрушената македонска цивилизација, како ориентир за булдожерите на слободата што ќе го расчисти Злото од девастираната земја на библиските талкања на свети Павле. Зашто, ослободувањето од мафијашката диктатура на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема да ѝ се случи на библиската земја, доколку одвратните споменици и згради од „Скопје 2014“ не се урнат како активни алатки на Злото и изнесат од градот како градежен шут! И, тоа тивко, со роса измиено утро, кога од македонската престолнина ќе замине последниот камион со пометените прашини од градежните и симболичките остатоци од Диктатурата на Глупоста, дури тогаш ќе изгрее долгоочекуваното сонце на слободата!
 

Колумната е преземена од „Слободен печат“

Ајде малку да коментирам. Во тоа време не ми беше јасно зошто некои идиоти ги урнаа Офицерскиот дом (чија обнова е при крај), Театарот (кој е целосно обновен), зградата на Народната банка, која за жал не може да се обнови затоа што на тоа место е изградена сегашната зграда на Македонски Телеком исто како и зградата на хотел Македонија бидејќи и таму е изграден друг објект. Пишувам само за згради во центарот на Скопје, но ги маше многи низ градот. Сега ми изгледа дека намерата за промена на нашиот идентитет и беше причина за несебичната помош на западните земји што му ја дадоа на Скопје со цел наместо овие објекти да се изградат нови зданиа претежно со сивилото на натур бетон, односно обидот да бидеме претставени како нова нација без корен. Но никој до сега не бил будала па бетонското сивило да го фарба со кондоми полни со боја, како што има лудаци кои тоа го направија со споменици на видни луѓе и настани од македонската историја. Претпоставувам дека вие сте горди на Грчев, пред се затоа што го избриша македонскиот симбол од знамето и како плагијат јапонското воено морнаричко знаме го воведе како државно знаме на Република Македонија. Ќе го запаметиме и по објектот кој веројатно за него не е тумор, односно зградата со продавници пред зградата на ЕВН на плоштадот Македонија. Ајде ве молам да ме запознаете со некое друго дело освен проектот Скопје 2014 кој е направен според идејно решение токму на самиот Грчев кој за ова ја доби втората награда на конкурсот на градот Скопје (прва награда не е доделена).

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Пон Мај 02 2016, 14:06

ohoooo trendo SRBINOT ....ti nedostiga oficerski dom ???? a za teatarot samo ke te potsetam shto se napishav na eden drug forum no i na ovoj - TOJ ,TEATAROT E GOLEMA PERALNICA NA PARI ...zoshto ..eve samo edna prichina pola od sedishtata se NEUPOTREBLIVI ZATOA SHTO KOGA KE SEDNESH NEMOZE DA JA GLEDASH BINATA ...SAMO ЖМРО MOZE DA IZGRADI VAKOV TEATAR ....PA DOBRO BRE TRENDO U TEATAR NE SE ODI DA GI GLEDASH ZIDOVITE KOLKU SE NAPRAVENI OD FIGURI OD STIROPOR VO TEATAR SEKOJ ODI ZA DA GLEDA SHTO KE SE PRIKAZHUVA NA BINATA AMA TOLKU VI E KAPACITETOT
P.S.PRASHAJ GO ONOJ OD GDOM KAKO BESHE PRIKAZNATA ZA KUMANOVSKATA POGOVORKA "ako e kusko ,neka e novko "

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Мај 02 2016, 15:21

Офицерскиот дом е типичен пример за македонската мултикултура. Проектиран е од Рус со германско име, Вилијам Баумгартен, граден е во време на српската окупација но со пари на Македонците. И во Македонија. Будалаштината дека треба да се срушат објектите од српско, отоманско, старосрпско, римско или некоја друга окупација е филозофија на примитивците од ИСИЛ, слугите на САД, која изгледа дека и вас ве зафатила.
Наводното перење на пари во проектот Скопје 2014 изгледа дека постои само во болната мечта на некои политички заболени глави. Такво нешто се обидуваше да докаже Жерновски, кој е градоначалник на општина Центар повеѓе од три години и толку време во општината се партизирани сите институции, но веќе и не зборува за тоа. Што значи дека фала му на Бога престанал да лаже. Ниту С(дсм)ЈО нема такво наговестување. Да напишам и дека покрај повеќето десетици милиони евра што ги даде Сорос, УСАИД и некои странски амбасади за поткуп на новинари да пишуваат или говорат против проектот Скопје 2014 огромно мнозинство го поддржува. Најмногу што постигнавте е дел од луѓето кои ја почитуваат целата македонска историја, а не само таа од појавата на социјалистичките идеи на овие простори, да мислат дека не беше време за овој проект во времето бна светската и европска криза. Која да потсетам, Македонија ја помина многу полесно од било која друга земја. Ваљда затоа што Црвенковски и Заев беа опозиција, а не дека Груевски беше премиер. Ова по вашето мислење.
Моја препорака е да престанете со објавување на бомбите, затоа што со секоја наводна бомба рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски е поголем. Не ги потсетувајте луѓето на тоа дека сте дел од играта на странски непријатели на Македонија како нивни домашни слуги.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Пон Мај 02 2016, 17:54

C c c, nema nishto sveto za dpmne-uchk-ovcite, pa i na najgolemiot hristijanski praznik, Voskresenieto Hristovo, lazhat, manipuliraat i klevetat...

Jas nema da napravam nishto od toa...Samo kje postiram nekoi dokumenti od shtavbovite na dpmne-uchk...Od koi jasno se gleda kako se partizirala drzhavata...

Интервјуа и колумни - Page 16 ChdPvOmU0AEIilK
Интервјуа и колумни - Page 16 ChdMzJtWIAEcM6m

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Мај 02 2016, 20:12

Нешто ми изгледа дека текстот Потпретседател Владимир Бахчовановски и Скопје е хоризонтален, а основниот текст одлево во десно се подига нагоре. Патем никој не признава неоригинални документи како доказ. Со ваков материјал Никола Младенов, Бог да го прости, ја плати најголемата отштета за клевета во македонската историја на Бранко Црвенковски и Хари Костов. Патем не знам каква врска имаат овие материјали со темата интервјуа и колумни, па јас ќе се вратам на темата прифаќајќи го советот на оса да го читам тоа што го пишуваат странците. Овде ќе го најдете ОРИГИНАЛОТ. А еве го и преводот од текстот на Лука Волонте.


Балканскиот полуостров игра клучна улога со своите планини. Може да се претставува природна бариера, или точка за проверки. На цел Запад му е од полза Јужна Европа да остане безбедна, стабилна и да соработува за да може да се справи со огромниот мигрантски бран. За жал, тие земји никогаш не биле во добри односи, на пример, Грција и Македонија.

Македонија се носи со неверојатен товар. Таа не е голема држава, има околу 2,1 милиони жители население, но во 2015 успеа да „згрижи“ 750.000 мигранти. Тоа значи дека бројот на мигранти кои се регистрирале во Македонија е пропорционален на 10 милиони луѓе во САД.

Западот, заедно со САД, а најнапред ЕУ, не треба да чека оваа криза, и сите протести во Скопје да ги спречат политичките и парламентарните избори. Не можат да си дозволат да ја претворат Македонија во слободна зона, во една „црна дупка“ за миграцијата и сите оние кои ја поддржуваат.

Во Македонија се води домашна политичка битка, која западните медиуми почнаа да ја следат и да ја сметаат за „Шарена револуција“ индиректно спонзорирана од ЕУ и САД.

Но резултатот од оваа „шарена револуција“, со поддршка од САД, левичарските невладини организации и богатите профитери, не секогаш претставува демократија и почит кон човековите права, како што беше случајот со Арапската пролет. Ако дозволиме нова револуција на Балканот за време на мигрантската криза, ќе настане катастрофа, но и неправда која не ќе може да се образложи. Никој, од кои и да е геополитички причини, не смее да дозволи да се случи трајна нестабилност во една држава во ЕУ, како што се случи во Украина.

Многу левичарски активисти и анархистички движења кои учествуваа на протестите на 13 април минатата година, директно или индиректно се финансирани од Отвореното Општество на Џорџ Сорос. Познато е дека Сорос има спонзорирано миграции во Европа, со години и без контрола, а скоро и беше обвинет за истите активности од српскиот режисер Емир Кустурица во интервју за Еuronews.

Еден од водачите на протестите на движењата на Сорос, е Здравко Савески, марксистички активист, кој работи за движењето „Левица“. Еден од медиумите на Сорос, Радио Слободна Европа/Радио Слобода, се залага за промоција на организацијата на Савески; тој е често поканет како единствениот репортер на домашните политички случувања во Македонија.


Потоа, македонските демонстранти удрија врз канцелариите на претседателот Иванов, за време на протестите во април, а Савески се фалеше дека бил дел од нив и дури и го објави тоа на својот Фејсбук профил: „Учествував во демолирањето на претседателската канцеларија, и горд сум на тоа.“

Бранимир Јовановиќ е уште еден од левичарските активисти од оваа група. Тој е еден од главните гости, и репортер во за многу програми на веб страната „Призма“, еден од медиумите на Сорос во Македониа, и беше и еден од дванаесетте уапсени од полицијата. Јордан Шишовски исто така е демонстрант. Работи во Институтот за општествени и хуманистички науки, и добива огромни суми на пари од Сорос и УСАИД.

Еден од најголемите поддржувачи на протестите е Цивилната опозиција. Нивната главна цел би требало да биде транспарентноста на изборите, и да работи како заштитник, но всушност работи за партиски интереси. Тие признаа дека ја поддржуваат опозицијата за да се избегнат изборите во јуни во Македонија. Ова е резултат на поразот на претходните избори на Социјал-Демократскиот Сојуз и лидерот Зоран Заев, па така тие не се многу популарни во земјата.
Наместо да се соочат со гласачите, тие започнаа „шарена револуција“ со улични протести и насилство.



По протестите и насилството во 2015, ЕУ интервенираше како медијатор помеѓу политичките партии и тие потпишаа договор кој требаше да ги однесе кон изборите на 24 април, 2016. Под притисокот на Заев, овој датум беше одложен за 5 јуни. Но намерите на Заев и понатаму се кон тоа да се одложат и овие избори, па така тој ги поддржува уличните протести.

Најпопуларен лидер во земјата е поранешниот, и можеби иден, премиер, Никола Груевски. За време на неговото владеење, земјата покажа неверојатен економски пораст од 3,7 проценти, највисок на Балканот. Секој општествен, здравствен и образовен елемент, воочливо е подобрен: податоците од Светска Банка се чисти.[b][/b]

Партијата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ (Демохристијанска) е популарна, и таа има историска основа уште од времето пред комунизмот. Резултатите од сите анкети во врска со изборите покажуваат дека оваа партија е на врвот, далеку од опозициските партии. Албанските партии исто така ги поддржуваат изборите. Ова е клучен момент за етничкиот мир помеѓу православните христијани и албанското муслиманско малцинство во Македонија.

Владата беше обвинета за корупција и за прикривање корупција. Сѐ уште има многу што може да се стори за да се спречи корупцијата, но бројките на невладината организација за борба против корупција „Транспаренси интернешенл“ покажуваат дека Македонија е меѓу најдобрите во својата околина; Бугарија, Турција, Албанија и Косово, се покажале како многу полоши.

Како што напиша Ариел Коен во неговата статија за „World Post“ на 20 април: „потребно е време да се имплементираат реформите, а нетрпеливоста е лоша, опасна и самоуништувачка. Занемарувањето е исто за САД и за ЕУ, земајќи ги предвид внатрешните и надворешните проблеми на Македонија. Вашингтон и Брисел треба да заземат поинаков став и да ги потврдат изборите на 5 јуни. Западот не смее да дозволи ситуации како „гром од ведро небо“, посебно не на Балканот.



Справувањето со мигрантскиот бран е должност на ЕУ, токму примањето бегалци, и покажувањето европски вредности со конкретни дела. Ова не е време за дестабилизирачки револуции и за задавање опасни анти-демократски државни удари. ЕУ мора да ја почитува и да ѝ помогне на Македонија, ова е нејзина водечка позиција која не смее да западне во хаос или да се претвори во место за тестирање од геополитички и финансиски причини.

Демократските избори мора да се одржат на закажаниот датум во јуни, левичарските партии не може да бидат ослободени само затоа што ќе изгубат. Македонската стабилност не е на коцка, туку првото правило на демократијата и на европската веродостојност. Доналд Туск, претседателот на Европскиот Совет, ја разбра оваа ситуација и во интервју за „Гардијан“ нагласи колку е важен Балканот. Тој рече дека дури и да има проблеми во овој регион, „во наредните месеци на овие земји ќе им треба многу поддршка бидејќи соработката со Балканот и со Македонија не е лесна. Актуелната власт е подготвена да донесе тешки одлуки за да се избори со непријателските ставови на јавноста.“

Се надеваме дека владата на Обама ќе биде во тек со ЕУ. Македонската влада и народ бараат само почит кон демократијата, волјата на народот, и европскиот сон.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Пон Мај 02 2016, 21:39

Dokumentite se original Trendafile...I se razbira, bidejki ste fateni so spushteni gakji, nema shto drugo da kazhete osven ona slavnoto, secheni, lepeni, montirani...No dovolno vistiniti da go naterayte fikusot da ve pomiluva...

PS. Kolku go plativte moronot da trese zeleni koi nemaat vrska so realnosta???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Вто Мај 03 2016, 10:46

ПИСМА - ЗОШТО КОГА ВИ ГО ОШТЕТУВААТ „СКОПЈЕ 2014“ НЕ Е ВАНДАЛИЗАМ

Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, претседател на Асоцијацијата на архитекти

Затоа што не сакавте да слушате. Затоа што архитектурата е фактор на идентификација и бара голема одговорност, но оваа архитектура е ваша идентификација, ваша неодговорност, ваш примитивизам и незнаење и ваша лага.

Се излажавте. И историјата и стручноста и квалитетот и парите и урбанизмот и обликувањето и функцијата и имињата на објектите и референдумот за ГТЦ. Затоа направивте мермер што не е мермер, прозорци што не се прозорци, златото што не е злато, гроб што не е гробница, бродови што не пловат, мостови што не водат никаде, плажи без бањање, катни гаражи што се супермаркети, балустради што се маски за климатизери, коњи како магариња, Воин што е Александар (ама ви е страв да кажете), Триумфална порта без триумф, споменици и на предавници и на шпиони.

Затоа што вандализам е она што вие го направивте. Но, вандализмот е полесниот дел, тој може да се сопре. Направивте уште пострашно. На пиедестал ги ставивте примитивизмот, провинцијализмот, неукоста, немањето дух, непочитувањето, немањето слух да се послуша и храброст да се признаат грешките. Ве опоменувавме безброј пати. Со најдобра намера. Како единствени компетенти да ви посочиме дека многу грешите, дека грешките во архитектурата тешко се поправаат, а во урбанизмот се непоправливи. Е тоа е тоа што не може да се сопре. Ние знаевме дека ова ќе се случи. Се случи побрзо одошто очекувавме. Архитектурата не трпи импровизација и лага, и тоа ви кажавме. Ви кажавме и дека архитектонското творештво мора да се негува и авторското право да се почитува. Се' ви кажавме, а вие се правевте дека не постоиме. Не' доведовте во ситуација да ни се смеат, да се срамиме дека сме архитекти и со прст да покажуваат на нас. Да не' прашуваат, а ние немаме одговор. Да изгледаме како лудаци кои одат по улица и си зборуваат сами со себе. Тоа архитектите никогаш нема да ви го простат.

Бесконечно менувавте Закон за градење и Правилник за урбанистичко планирање како што ќе ви текне. На советници во општини и во градот им дадовте за право и тоа загарантирано со закон, да одлучуваат за архитектонското обликување доколку ви текне дека објектот е од значење за градот или општината. Изработувавте ГУП и ДУП гледајќи го просторот наместо како ресурс само како квадратни метри површина за продавање. Затоа граѓаните имаат уплав кога ќе им се спомне измена на ДУП во нивната населба. Знаат веќе што ги чека, не ви веруваат и кога можеби тоа и нешто добро ќе донесе.

Ние ве опоменувавме, се трудевме да бидеме коректни, да се издигнеме над политиката и да покажеме дека знаеме да почитуваме. Една од најзначајните награди што ја доделува ААМ е Годишната награда под покровителство на претседателот на РМ. Се водеа дискусии со архитектите да се откажеме од покровителството на претседателот на наградата затоа што не покажа доблест и разбирање за архитектурата. Секако дека постоеше голема дилема. Одлучивме да покажеме мудрост и зрелост, дека сме подобри од вас (иако свесни дека и тоа немате капацитет да го разберете) и дека ја почитуваме институцијата Претседател. Некои луѓе се примитивни, а некои пак се правдољубиви, образувани, воспитани, градски. Во постапките секој трга од себе. Затоа умееме да почитуваме и покрај се'. Можеби погрешивме, почитувањето треба да биде обострано. Но, ние знаеме дека секој е заменлив и никој не е вечен.

Ние знаеме дека архитектурата уште од нејзиното постоење е една од омилените алатки во рацете на политичарите за импресионирање народ и дека е моќна. Ви кажавме дека тоа и не е страшно кога ќе се искористи и направи на правилен начин и квалитетно. Така прават паметни политичари. И ова не сакавте да го слушнете, а и вас ви одеше во прилог.

Ние се радуваме кога се гради, нам тоа ни е работа, но не барем да се гради. Не' обвинивте дека не ги почитуваме колегите што вредно работат. Тоа не е точно. Ние не ги почитуваме оние кои не работат професионално и стручно, онака како што не' учи архитектонската наука. Ни се смеевте в лице дека не помина референдумот за ГТЦ. Кој денес уште може да верува на избирачкиот список? Можеби дејствувавме наивно, но ние сакавме да веруваме бидејќи сме чесни во она што го работиме и во тоа нема ништо лошо, а се обидувавте да покажете дека не сме во право. Стручноста во работата е единствениот начин, другиот порано или подоцна завршува кобно, и тоа за сите. Морам да признам дека чувството по референдумот остави горчлив вкус. Не верував. Не можев (и уште не можам) со ништо да си објаснам дека и покрај се' (да го тргнеме избирачкиот список настрана) не излезе доволно народ. За нешто што беше само чиста архитектура и ништо друго. Се прашував каде живееле овие луѓе, каде растеле, каде си играле, каде излегувале, со што ги ранеле, каде учеле, каде бркале девојки, како стекнале пријатели, кој филм го гледале, која книга ја прочитале, кого познаваат, на која песна плачат. Не ми е јасно, како да ги спуштиле од друга планета.

Ги замолчивте сите институции од прва до последна. Од Комора на инженери, Министерство за транспорт, факултети. Никој, ама баш никој како институција не излезе со став. Сите молчеа. Чест на поедини професори што индивидуално го искажуваа револтот. Но, каде беа институциите, што мислеа? Ја штитеа институцијата, вработените, колегите, фамилиите, студентите, себе, професорот што работи СК104? Па сите имаме нешто што го сакаме и мора да го заштитиме. Со такво однесување невозможно е да се заштити. Па бар да излезеа со некој став ко мис на избор на универзум. Луѓето очекуваа, прашуваа, чекаа и не дочекаа. Е сега да, полесно е, ама не се важи.

Во секое лошо има и нешто добро. Добро е што претставата заврши, завесата падна и светлата се запалија. Се препознавме кои сме, знаеме кој од што е скроен, точно знаеме кој ја разбира архитектурата, а кој не, на кој му е сеедно, кој евтино се продава, кој се плаши. Животот е понекогаш многу долг, а во годините потоа ќе треба да одговараат, но и да одговорат и на сопствените деца кога ќе ги прашаат, каде бевте, што правевте. И ова ви го кажавме „сите архитектонски вредности се и човечки вредности, во спротивно не се вредни“ (Ф.Л. Рајт), ама не ви беше грижа.

И сега му фрлаат боја на „Скопје 2014“, па му фрлаат. И биле хулигани и биле од некои мистериозни надворешни сили организирани и финансирани, а да, и предавници се. Па надворешните сили ни ја финансираа државата, ние ни паста за заби не можеме да произведеме. А другите биле мирни, добри и патриоти. Па, нели е срамно да се злоупотребува сиромаштија, беда, необразованост. Па, токму тоа го правите. Дека политичарите се корумпирани не е вест, ние тоа го знаеме. Но, уште пострашно е кога државна политика ќе стане корумпирање на сопствениот народ, и тоа за ситно. И многу е страшно кога ќе му подметнеш на народ наместо Леонардо да Винчи гоблен „Тајна вечера“, наместо Партенон, шампита. Кој ќе го плати? Па, и во кафеана не плаќа оној што најмногу има, плаќа оној што е навикнат да плаќа. Истиот оној народ што плаќаше досега. Овој пат е подготвен да плати.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 16 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 16 of 42 Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 29 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот