Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 18 of 42
Страна 18 of 42 • 1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 30 ... 42
Re: Интервјуа и колумни
Што е со заканиве, не ми е јасно. Кого ќе затворите, сите нас..затворете не...во ПП ќе ти пишам име и презиме и ставиме на список за апсење......Секој еден што ќе биде уапсен денес, треба да е горд, бидејќи со тоа има официјална потврда дека не е ист ко вас „подржувачите“ на Грујо и ДПМНЕ врхушката. Пошто веројатно мислиш дека ќе имате можност да апсите за оштетување на „историското и културното наследство“ (чешни ме за јацава да се насмејам), би те прашал едноставно прашање, знаеш дека животот на едно девојче од Велес кошташе колку 1/10 од бикот???? Знаеш дека во Македонија еден доктор со покритие на министерот Тодоров, оперира бебиња меѓу 6-12 месеци од срце, и дека сите бебиња досега се неуспешни, т.е починуваат на 2-5 дена по операција???? Па добро бе што срце имаш ова да го подржуваш?????? Како може купот камења, малтер, стиропор да ти е повреден од детски животи бе монструму еден малоумен????? До кога ќе го браниш Тодоров, кој очигледно со неговите успеси успеа само да им ја зголеми работата на погребалните претпријатија????трендафил напиша:но не би сакал да бидам во ваша кожа кога странците ќе си заминат. Не верувам дека ќе има амнестија.
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
Само се приклучувам на вообичаениот начин на комуникација на форумов од страна на некои учесници кои на секое мое пишување ми се закануваат дека ако САД и ЕУ успеат да ве донесат на власт без избори ќе бидам уапсен. Извини што токму на твое пишување одговорив, но тоа е затоа што другите нешто ги нема на форумов. Знам дека и сега има поедини случаи на смртност, но сега за секој случај се пишува. За жал секаде во светот се умира, па и кај нас. Веројатно понекогаш има и лекарска грешка, но тоа не е правило, како што сакате да претставите. Не знам за случај на некој доктор да му починале сите пациенти, па те молам да го именуваш и докторот и болницата во која работи, Прво не мислам дека платениците на панамскиот Сорос би премолчале такво нешто. Ниту новинарите сите до еден ниту тоа би поминало без протести. Што се однесува до културното наследство треба да се откачите од фашистичкиот начин на размислување и да разберете дека не сте сами во Македонија туку дека тука живеат и други луѓе. На кои не им пречи патолошки, туку напротив имаат почит и кон античкиот дел од историјата на Македонија, на кои не им пречи обновување на градби срушени во земјотресот во 1963 година и слични градби на нив во центарот на Скопје. Не знам дали тоа ви е на вас чудно, но во Скопје пред земјотресот имаше градби како овие што се прават денес. Се разбира не се користеше стиропор за изолација, затоа што за енергетската ефикасност тогаш не се водеше сметка затоа што енергијата беше ефтина.
Гледам дека вчера протестиравте со парола дека не сакате еднопартијски избори. Изборите се со една коалиција не поради власта, туку затоа што САД и ЕУ ви забранија на нив да учествувате вие од СДСМ, ДУИ и ДПА. Поради проценката дека сите заедно ќе имате помалку пратеници од коалицијата предводена од ВМРО. Не е ли тоа странска диктатура, односно политичка окупација или колонијален однос ако сакате кон Македонија, кога се крши демокртаската волја на гласачите и некој друг наметнува решение. Оправдување може да се најде секогаш. Народот е иначе информиран за се. И за Пржинскиот договор и за аболицијата и за медиумите и за содржината на бомбите, па сепак повеќе го сака ВМРО отколку СДСМ со коалицијата во која ја ставам и Беса, ДУИ и ДПА заедно. И колку повеќе странците притискаат толку повеќе поддршка ќе има за ВМРО со коалицијата како единствена сила што се спротивставува, односно се бори за слобода.

_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Интервју со Ленин Јованоски, основач и председател на Ноќни Волци во Македонија, човек кој беше ревносен подржувач на Ж, дури и се појавуваше во спотови за потребите на изборна кампања на ДПМНЕ. Лани го подржа протестот на ДПМНЕ на 18 мај. Сега покушава да биде и девојка и змија......
Ленин Јовановски, основач и претседател на мотоклубот „Ноќни волци“ во Македонија, претседател на Мотоциклистичката федерација на РМ и еден вид икона на моторџиите во земјава, за „Фокус“ ги сподели своите ставови и размислувања за политичките случувања, аболицијата на политичарите осомничени за криминал, Шарената револуција, објавувањето на бомбите, обвинувањата дека во неговиот клуб се врши дискриминација на одредени групи граѓани, пријателството со рускиот лидер Владимир Путин… Тврди дека политичарите не може и не смеат да бидат привилегирани по однос на прекршување на законите во однос на кој било друг човек, кој случајно или намерно не е политичар, останува на ставот дека во нивниот клуб секогаш ќе важи правилото дека нема место за криминалци, па дури и тоа да се политичари, а околу бомбите вели дека се сомнева во вмешаност на странски фактор. Иако е познат како голем патриот, сепак не би се појавил на протестите на Шарената револуција да ги поддржи граѓаните што протестираат, бидејќи за него терминот револуција, без оглед на тоа дали е шарена или во која било боја, претставува братоубиствена војна.
разговара Вики Клинчарова
Фокус: Колку долго постои клубот „Ноќни волци“, колку членови брои и која е целта на неговото постоење?
Ленин: „Ноќни волци“ постојат од 31 мај 1989 година, кога клубот официјално се формира во Москва. Одделението на „Ноќни волци“ во Македонија се основа на 26 март 2006. Ние создаваме нова и поинаква мотокултура во нашата држава. Нашето членство е огромно и не се пребројува, наши одделенија има во Русија, Белорусија, Украина, Латвија, Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Р. Српска, Црна Гора, Чеченија, Словачка, иницијативи за отворање нови одделенија има речиси во секоја европска држава, а наши поддржувачи веќе има секаде низ светот. Клубот се стекна со светски углед, како голем, силен и независен клуб со сопствен изглед и традиција. Моторот ни е симбол на слободата, а нашиот амблем е симбол на сеќавања, верност и чест.
Сите нас нѐ поврзуваат моторите, нашата љубов и пасија, но ние не сме класичен мотоклуб, ние сме големо братство, кое постои за да ја промовираме и браниме слободата, традицијата, верноста, честа, хуманоста и семејните вредности. Нашиот клуб во себе го носи борбениот дух на непобедливоста и патриотизмот, како одлика на сите луѓе во него. Преку нашето несебично братство ја гледаме можноста за обединување на словенското општество. Нашата крајна цел е обединување на словенските народи, на православието и сите што го поддржуваат тоа. Ние сме патриоти за кои животот нема вредност ако ја немаш слободата, нацијата, верата, браќата и семејството. Спремни сме да ги жртвуваме своите животи, своето богатство и привилегии во одбрана на нашите интереси, државата, семејството и достоинството, исто како што правеле нашите предци низ историјата на нашето постоење. Собираме генерации на млади луѓе за да бидат пример на цврстина, отпор и национална гордост. Ние сме братство кое во своите редови има луѓе со различен општествен статус, образование, материјален статус, работа, религија, различни и умствени и физички способности. Секој од нас во братството придонесува со тоа што најдобро го може, умее и знае. Не се мешаме во непознати области за нас, не се занимаваме со туѓи работи, живееме во сопствен и за нас драгоцен живот и не сакаме во него да им дозволиме пристап на тие што не ги гледаме како наши браќа или пријатели. Ние сме еден организам, еден човек – со раце, глава и срце. Во тоа е нашата сила.
Ние ги отфрламе сите пишани и непишани човечки закони, насочени кон лишување на човекот од нему својствените исконски слободи, но се трудиме да живееме по законите и заповедите, кои ни се оставени од нашите мудри предци. Дали ќе успееме или не – не можеме да судиме ниту ние, ниту кој било друг може да ни суди. „Ноќни волци“ се пронаоѓаат себеси како браќа и пријатели, а луѓето што ги имаат истите гледишта, сами нѐ пронаоѓаат нас. Сѐ е во суштина многу едноставно, нас не ни е потребен квантитет, ние сме во потрага по квалитетот кој го пронаоѓаме и покрај пречките, кои се испречуваат на нашиот пат како демони.
Ние не се сомневаме дека нашето уникатно братство, кое сами го создадовме и ќе постои и тогаш кога на овој свет ќе нѐ нема нас – денешните „Ноќни волци“. Ние воспитуваме потомство, во чии способни раце ќе го предадеме целото наше акумулирано и тешко стекнато искуство.
Фокус: Дали сте се вклучиле во некои хуманитарни акции, сте помогнале ли и на кој начин?
Ленин: Хуманоста е дел од нашето постоење, тоа е наша обврска и како клуб и како поединци. Поддржуваме хумани настани, организации, активности на поединци на разни начини, и во зависност од можностите и во договор со тие што го организираат тоа, или со тие на кои тоа им е потребно. Сепак, за ова повеќе претпочитаме да зборуваат другите, а не ние. Јавноста преку нив е запозната со нашето учество во хумани активности за децата со аутистичен начин на однесување, дијабетичарите, како и поплави, лекувања… Исто така, ќе нѐ сретнете како поддршка на историски, патриотски, национални, спортски, забавни и други настани за кои сметаме дека се на нашиот пат, филозофија и размислување.
Фокус: Вашето пријателство со Путин беше топ тема во многу медиуми, некој збор повеќе за тоа, кога и како се запознавте, каков е тој приватно, дали со него разговаравте околу тоа како се живее во Македонија?
Ленин: Моето прво запознавање со Путин беше во Севастопол на Крим, кога Крим беше во состав на Украина за време на одржување на големиот интернационален мотособир на „Ноќни волци“, кога заедно со другите браќа од клубот возевме мотор, а потоа следеше средбата во Белград каде што заедно го гледавме фудбалскиот натпревар Црвена звезда – Зенит и последната наша средба беше во Новорусиск (Русија), каде што заедно со воените ветерани проследивме еден спектакл организиран, исто така, од клубот „Ноќни волци“. Значи тие наши заеднички средби и контакти не се на лична, туку на клупска основа, јас едноставно бев задолжен од мојот претседател Хирург да бидам во непосредна близина на Путин кога тој јавно се појавуваше со „Ноќните волци“.
Инаку јас имав чест да доживеам лично запознавање со една исклучително голема личност, од една страна најмоќниот човек во светот, а од друга страна толку обичен и едноставен во комуникацијата, која остава впечаток како да сме блиски и да се знаеме со години. На него воопшто не може да се забележи супериорност заради моќта што ја поседува, кај него не постои ароганција, суета и други ниски страсти, туку добрина, искреност, интелект и неверојатна сестраност. Претседателот Путин го сака, познава и го почитува македонскиот народ и нашата историја, што мене лично ми импонира и ме восхитува. Имаме зборувано за можноста да ни се оствари заедничката желба, да дојде во Македонија како пријател на македонскиот народ, со што би ни дал, пред сѐ, морална поддршка. Од рускиот претседател има што да се слушне, види и научи, харизматичен и шармантен кога му се обраќа на народот, принципиелен и непоколеблив кога им се обраќа на државниците и на политичарите. Сите тие негови атрибути и православието се вредностите што нѐ спојуваат, затоа и „Ноќните волци“ се негов избор!
Фокус: Околу политичките настани по најавата за аболиција на политичари осомничени за криминал, кој е вашиот став, дали се согласувате или, пак, се противите на помилувањето?
Ленин: Најнапред сакам да е совршено јасно дека јас, како и секој друг нормален граѓанин, не би можел да се согласам со тоа дека политичарите не треба да одговараат за криминалот што го сториле или за кое било друго нешто казниво со закон. Тие никако не може и не би смееле да бидат привилегирани по однос на прекршување на законите во однос на кој било друг човек што случајно или намерно не е политичар. Се наоѓаме во една за мене исклучително чудна и нелогична ситуација, од една страна имаме одлука на претседателот со која се аболира одредена група политичари, а од друга страна аболираните тоа не го сакаат колнејќи се во нивната невиност, па дури и протестираат против тоа.
Од тие (политичарите) и не сум толку изненаден кога прават глупости и нелогични постапки, зашто тоа ми е веќе видено, доживеано и слушнато, но, сепак, еден ваков гест на претседателот не може никако да се смета за случаен или наивен, сепак претседателот е највисоката државна институција, која располага со разузнавачки информации, факти и контакти, кои се далеку од доменот на обичниот граѓанин, па дури и од оние политичари на пониско ниво во политиката. Познавајќи го претседателот Ѓорге Иванов, верувам дека во случајов не се носел од некакви лични емоции и не донел рефлексна и индивидуална одлука. Факт е дека таа одлука резултираше со протести и гнев, што според мене е оправдано, но можеби во наредниот период ќе имаме повеќе сознанија за појасно согледување на целата вистина околу целиот овој мошне сериозен и комплициран случај. Никако не го поддржувам хулиганството, омаловажувањето, навредите и исмејувањето на претседателот, исто онолку колку што го поддржувам и оправдувам револтот на чесните граѓани што се противат на ваквата одлука.
Фокус: Познато е дека за да се стане член во вашиот мотоклуб постојат неколку услови, меѓу кои потенцијалните членови да немаат криминално досие, да не се алкохоличари и наркомани, да не се дел од ЛГБТ заедницата. Зошто токму хомосексуалците не се добредојдени, во време кога низ целиот свет се води борба против нивната дискриминација?
Ленин: Ние отворено ги декларираме своите принципи, па и во однос на луѓето што не може да бидат „Ноќни волци“. Списокот е краток: криминалец, наркоман, наркодилер, хомосексуалец и човек кој во себе ги има идеите на злото и сатанизмот. Тие едноставно не се за нашиот пат. Ние не им судиме, не ги дискриминираме, тоа го оставаме на пишаните и непишани закони и на Господ.
Во нашиот клуб, по правило, не можат да членуваат ниту жени, поради тоа што сме братство. Значи ли тоа дека тие се дискриминирани? Секако НЕ. Жените се високо почитувани од нас, како најважен сегмент на едно традиционално семејство. Жената е мајка, сопруга, ќерка.
Еве јас имам три ќерки и сопруга, имам сестра и мајка и еден куп другарки и пријателки. До нас не се приоѓа од материјална корист, првенствено поради тоа што тоа кај нас и го нема, ние единствено имаме совест и долг кон своето Братство и кон својот мотоклуб. Нашата предност е во нашиот начин на живеење. Никогаш и никому „Ноќните волци“ не му го наметнале својот начин на живеење, своите цели и вредности. Самите ние сме различни меѓу себе, по возраст, по образование, по материјален и социјален статус, во физичкиот изглед, но секој Волк од нашиот Чопор пронаоѓа примена на своите способности, било да е талентиран работник или вешт менаџер.
Фокус: Има ли политичари што се членови во вашиот клуб?
Ленин: Во македонското одделение нема, но не е забрането или исклучок, како на пример претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е член на „Ноќни волци“.
Фокус: Доколу некој од аболираните сака да се зачлени, дали тоа ќе му биде дозволено, со оглед на тоа што сте голем противник на криминалот и се борите за правдата, а се работи за лица осомничени за криминал?
Ленин: Јасен и јавен е нашиот став дека во нашиот клуб нема место за криминалци, исто толку колку што е јасно дека осомничен за криминал не значи дека си криминалец. Во нашиот клуб имаме член (Бобан Утковски), кој една година беше притворен во истражниот затвор „Шутка“ како осомничен во познатиот случај „Раштански лозја“, за во судската постапка да се докаже дека нема никаква вина и беше ослободен од сите обвиненија. Ние не би ги примиле ниту тие што учествуваа во таа хајка, а, ете, за жал, тие до ден денес не се осудени за своите криминални постапки обидувајќи се да уништат еден човечки живот, а за нив државата од народните пари плаќа за сторената штета врз нашиот член.
Фокус: Што мислите за разговорите што ги слушнавме во бомбите, вашиот клуб е на некој начин познат и како патриотско здружение, не само како мотоклуб, дали на луѓето чии разговори ги слушна нацијата може да им се верува и да им се дозволи да ја водат државата?
Ленин: Уште пред објавувањето на т.н. бомби, јас во моја изјава за медиумите прв ја спомнав вмешаноста на странскиот фактор и кажав дека е можен развој на украинското сценарио при што посочив и конкретни примери од искуствата и доживувањата на нашите членови во таквото сценарио. Уште тогаш кажав за да се поштеди народот од туркање во меѓусебна омраза и не дај боже физички пресметки, нашите политичари, од кои патем речено ништо не зависи, треба да седнат и да се договорат како да ги одбегнат црните претпоставки што може да се случат. За жал, очигледно сценаристот е многу силен, а нашите политичари многу слаби, при што се остава впечаток дека сѐ е поважно отколку народот и државата, поважна е власта, функцијата, моќта…
Сѐ повеќе имам чувство дека се губат виталните национални интереси на нас како Македонци, а политички се покажавме многу слаби играчи, упорно трчајќи во прегратките на тие кои сето ова ни го создадоа. Што се однесува до разговорите што ги слушнавме, јас лично не гледам ништо чудно, невообичаено, неочекувано или спектакуларно. Во целата таа приказна воопшто не ми се допаѓаше воведот интерпретиран пред да се пуштат разговорите, кој го наведува слушателот да има претстава за што се зборува, иако во суштина може (велам може) да се зборува за нешто сосема трето. Сепак, ете, сите тие (политичарите) се договориле и сами си избраа да постои СЈО, кое индициите што произлегуваат од тие разговори треба изворно да го провери и докаже со факти. Со оглед дека јас не располагам, ниту имам увид на сето тоа, нормално е да се воздржам од секакви други претпоставки, а доказите и времето ќе покажат и докажат сѐ. Времето е најдобар показател и судија за сѐ. Секаде во демократските државни уредувања, нормална и вообичаена постапка на еден политичар, чиј авторитет, чесност и доверба се нарушени во јавноста, пред сѐ, како морален чин е поднесување оставка.
Ние ете видовме дека такви оставки се случија и кај нас, а дали некому повторно ќе му биде укажана доверба, и покрај сѐ и понатаму ја води државата, ќе се види на изборите кога народот и секој со своето неприкосновеното право на глас, сам ќе одлучи заокружувајќи позади параванот, кога никој не може на ниту еден начин да влијае против неговата волја. Во моментов, најважно од сѐ е тоа, како граѓани на оваа држава да ни се дозволи гласање.
Фокус: Околу Шарената револуција, дали ги поддржувате масите, бидејќи, сепак, не се работи за партиски протести, туку народни протести во кои што учествуваат незадоволни граѓани од кои повеќето дури и не се партиски определени?
Ленин: Секое демократско општество се соочува со протести и тоа е сосем нормално, но терминот „револуција“, па била шарена, розова, црвена или портокалова, сеедно, подразбира граѓанска, братоубиствена војна и насилно преземање на власта. Јас не гледам апсолутно никаква причина за „револуција“ кај нас, во услови кога имаме олкав политички надзор и вмешаност на странскиот фактор, кога политичките партии седат на преговарачка маса и кога никој не го укина правото на граѓаните на глас и избори.
Во вакви околности апсолутно нема оправданост за никакви револуции. Протестите се друга работа, тоа е демократско право на секоја незадоволна група граѓани, која заради одредена постапка на институција или политичар ќе ги исцрпи можностите институционално да го совлада проблемот, тогаш врши притисок со протести, бара поширока општествена поддршка и на тој начин ја покажува сериозноста или опасноста на проблемот што постои и во таа насока секако ние го почитуваме тоа право на граѓански протести. На овие протести има луѓе што се наши пријатели, соседи и луѓе што ги почитуваме и го разбираме нивниот револт. Меѓу нив има политички неопределени, има и од оние кои се борат за својата политичка опција,но, за жал, има финансирани и оние што имаат некоја друга идеја, која сакаат да ја протуркаат искористувајќи ги овие протести.
Фокус: Би излегле ли вие и вашите членови на протест бидејќи во земјава сте еден вид икона на моторџиите и ве почитуваат голем број луѓе од сите партии и религии?
Ленин: Токму поради тој факт поради кој внимаваме како „Ноќни волци“ да не си го изгубиме угледот пред тие што нѐ почитуваат, не сме на ниту едни протести, ова е така поради девалвирањето на протестите со луѓе (иако во помал број) што ги познаваме, ги читаме нивните изјави и како такви ги сметаме за општествено штетни, антимакедонци, хомосексуалци, наркомани, алкохоличари, такви кои повикуваат на линч само заради политичката различност, такви кои дрско повикуваат на рушење и омраза кон сѐ што не им се допаѓа нив лично или не мислат како нив, кои газат и се исмеваат на македонската историја, на македонските жртви, оние кои ги сквернават нашите национални симболи, оние кои нас како патриотски клуб нѐ мразат исто како и сѐ што е македонско…
Затоа е подобро да се воздржиме од нашето присуство таму и на тоа исто место, бидејќи тоа воопшто не би било добро за нив, но, од друга страна, и една таква ситуација би довела до сосема друг тек на состојбите. На таквите штетници, демократијата и правдата им се познати само во еден правец, правдата, правилата и законите не важат за нив, а екстремно ги бараат за секој друг. Нашите пари ги доживуваат само како свои. Омразата и желбата за рушење на изграденото го сметаат за единствен правилен став, наспроти оние на кои тоа им се допаѓа и кои учествувале со исто онолку наши пари колку и тие.
Не сме на протестите, иако се декларираат како народни (а секогаш сакаме да сме со народот) зашто овие протести се премногу шарени, исшарани со луѓе со кои не треба да сме на исто место. Во такви околности, нашето присуство таму ќе значи идеолошки, ментален и физички судир на две дијаметрално спротивни опции, а со тоа може само да наштетиме на она мнозинството на тие протести кои се заради својот личен и оправдан револт, кои се без ниту една лоша мисла кога е во прашање интересот на Македонија, а ние на нив не сакаме да им правиме никаква штета.
Тие нека ја бијат својата битка на начинот на кој тие се одлучиле, а ние ќе ја биеме битката на начин и во време кога за тоа ние ќе одлучиме.
„Општото е пред личното, иднината е поважна од сегашноста, правдата е над законот“ – завршува Ленин.
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
колку што гледам Ленин Јовановски размислува слично на мене, односно дека сите криминалци треба да одговараат за делата што ги сториле. Практично дека не треба да важи ни аболицијата на Заев за Глобал, а не само за случаите што се во надлежност на трибуналот на Катица, формиран на исти основи како хашкиот, според кој излезе дека најголем воен злосторник во 2001 година во Македонија бил Јохан Тарчуловски, кој пази Бога ти имал командна одговорност за убиени во Љуботен иако не бемаше никаква командантска функција во МВР или АРМ, а Али Ахмети нема командна одговорност. Не знам колку Македонци освен професионалните протестанти од платниот список на Џорџ Сорос имаат доверба во СЈО, но тој број е значително помал од тие што немаат доверба во македонскиот регуларен судски систем. Може ли нормален човек да има доверба во обвинителство што врши претрес во стан на сведок кој нели доброволно, без тортура, се пријавил да сведочи, а да не изврши претрес во куќата на Заев и во седиштето на партијата чиј црпнат пастир е во моментов, кога според неговите изјави сега крие уште околу половина милион криминално снимени разговори, а во еден период криеше најмалку двојно повеќе.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
ПО ДИВА НАСЕЛБА СПРЕЧЕНО ОТЦЕПУВАЊЕ НА ЛИПКОВСКО-КУМАНОВСКИОТ РЕГИОН
Kоментарот на шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека пропагандниот штаб на СДСМ го напаѓал нечесно со пропагандни валканици оти не можел да го победи на честит и рицарски начин во фер борба со утврдени важечки правила, е пример за наивност на идеалист и романтичар во бруталната политика. Од многу теренска работа изгледа не успева да ги следи светските текови на политиката. На пример, дека САД се во војна со Русија и Kина. Дека администрацијата на Обама го урниса меѓународниот утврден поредок и сега прави што сака, каде сака, кога сака и кому и колку сака. Притоа, нема правила во играта за прераспределба на моќта. Последен пример е промената на правилата на три дена пред почетокот на тривијалната Евровизија. Победи Украина за да не победи Русија и со тоа таа да добие моќност да го организира следниот, божем, музички спектакл. Оваа воена операција во тековната нестандардна светска војна беше кеширана со 24 милиони долари за кои се знае и со икс пари кои ќе бидат доволни за да се забошоти бесчестието. Во тек е и уште валканата кампања за ширење страв од рускиот монструм со кој Дејвид Kамерон ги плаши Британците со Путин ако гласаат за излез од ЕУ и поради што еден пензиониран американски генерал со свој тазе роман најавува дека в година ќе почне атомска војна. Се знае, Русија е агресорот, а Европа пленот што ќе биде спасен од добрата Америка. Во овој проект на политичко-пропагандниот Холивуд (алтернативно Пентагон продукција) во пресрет на НАТО-самитот во Варшава на 5 јули, влета и Kина. Стандардно. Kако кинески монструм кој традиционално, преку трговијата, организира масовни убиства на човештвото со отрови со кои ги шприца своите производи, со секакви животински вируси со кои го заразува месото за извоз и последново со експорт на човечко месо. Ферски? Ма ајде ви се молам! Западот кој кризира на сите нивоа и по сите параметри заради очебијни причини (декодирани се нивните вредносни парадигми, дегенерирале до таа мерка што целиот систем на управување и контрола врз светов стана целосно неверодостоен, па затоа и неупотреблив) веќе не може да го држи на кратко јаже човештвото. Просто. Падна парадигмата за ексепционализам, за еден свет – еден господар, крај е на догмата еден е изборот и нема алтернативи.
Македонците како робови по свој избор
Жртви на безалтернативноста се политичките штребери што ја запишуваа во своите политички програми како ,,единствен избор“, а со тоа и како врвен национален приоритет. Тие тешко пливаат во новата реалност. Не сакам да кажам дека Никола Поповски македонскиот шеф на дипломатијата е таков збунет политичар, ама читајќи го неговото последно интервју за порталот „МKД. мк“ се гледаат последиците од оваа болест. Се обидува човеков дипломатски да го амнестира замешателството на ексепционализмот во македонските државни работи како нешто што самите сме го избрале со тоа што сме сакале да се зачлениме во клубот на посебните, односно во нивните организации, а тие тоа го сфатиле сериозно, па н` третираат, гмечат, газат, кројат, шијат, параат, сечат за да стокмат. Демек, ако сакаме да бидеме во друштво на робовладетели, треба да станеме робови без име, без имот, неми, глуви и слепи извршители на волјата на господарот.
Kинисани бевме за натаму. За малку, за влакно, куртуливме овој пат. Со еден нестандарден и неочекуван непопуларен потег на Ѓорге Иванов, испланираната игра се урна како кула од карти. Се растури испланираниот тајминг, се демистифицираа играчите, се скина платното на чадорот, се разголеа жиците на кои стоеше оптегачено, се разголе рачката и зариба копчето. Само така можам да си го објаснам молскавичното тумбање на оркестрираниот ,,став“ и ,,оценки“ на Стејт департментот, ЕУ, Могерини, Маја Kоцијанчич, холандскиот шеф на МНР, неговиот британски и германски колега, генсекот на НАТО за македонската длабока и опасна криза заради Избирачкиот список, заробените медиуми и запрените реформи. По жестокиот пресинг со доаѓањето на Хојт Ли и специјалниот булдожер на Ангела Меркел и оргијашењето со македонската политико-партиска четворка плус Иванов, плус нашата мадам Ришеље, Радмила Шекеринска, осамнавме со дијаметрално различен нов, разбира се, оркестриран став од истите адреси. Овој пат симфонискиот оркестар на ,,меџународната“ фалшираше видливо во неговата јавна презентација. Министерот на Холандија онеме. Столтенберг, оглуве. Хојт Ли ни ја прочита наредбата за денес, ама нешто како да запна со фуснотата за интерна употреба на теренскиот координатор Џес Бејли во која стои ,,маскирај се, притаи се и повлечи се малку“. Специјалниот од Германија си отиде како што си дојде. Поважно му било да оцени дали Македонија ќе продолжи да биде Термопилски теснец што ќе ја брани Европа со триста романтичари спремни да изгинат за нејзината корпоративно–фашистичка иднина или ќе го отвораат патот за мигрантско стампедо с` до Берлин.
По оваа сесија, следеше фасцинантото резиме на ,,меџународниот фактор“ кое го испетелчи Иво Вајгел. Тој инаку нема говорна мана. Овој пат само му беше тешко да го следи нотниот материјал и да свири по него. Истиот проблем беше видлив и во НВО-медиумска мрежа. Се куражат дека ќе продолжеле со револуцијата, фрлаат полни куртони, примаат и натаму редовни дози кешовина, ама револуцијава кризира токму во мигот кога чадорот уживаше во крешендото.
Закочете малку, испопаѓавме
Значи, што се случи за да се прекине офанзивата за кратко?
Едноставно. Беа провалени инсталациите и мрежите во Македонија. Станаа општо добро. Жешки вести. Сега сите разбравме дека македонската петта колона е реалност. Ги знаеме и нејзините перјаници и логистичари и контрактори и поручници и каплари и прашинари. Се до еден елита или кандидат за елитист. И сите со единствена ,,идеологија“ – Македонија да стане американски протекторат без идентифицирано население. Ама поважно од ова е што по третпат во овие две ,,револуционерни“ години, во средината на овој месец, успешно е спречен обид за нов организиран терористички напад врз Македонија. По податоците до кои дојде ,,Дневник“ се работи за слична операција како во 2001 година со блицкриг во Танушевци, Тетово и Липково, односно со масовен напад и заземање делови од македонската територија од страна на ,,борци“ од Kосово. Kако и во кумановската Дива Населба, и во овој напад, целта била североисточна Македонија или липковско-кумановскиот регион. И пак, во критичен момент, Македонија покажа дека има и сила и капацитет и кадри што умеат да ~ зададат удар на хибридната солдатеска. Сега, непријателот ја утврдува штетата во своите редови. Затоа им треба пауза. Затоа Македонија осамна со старата политичка влада што ,,факториве“ ја признаа.
Немало правда, ќе немало мир? Kој вика? Вика Ѓакуш Kабаши. Тој е новиот Артан Груби во Амбасадата на Холандија. Демек, нов дел од локалното ,,особље“ на Амбасадата маскирани како кафекуварска прислуга, а всушност агенти со специјални повеќезначни работни задачи. Kонкретниов Kабаши е и колумнист за електронските изданија на Метаморфозис, влијателен твитераш, одговорен за смислување на слогани за ,,револуционериве“ на СОРОС и координатор за изведба на мирни и немирни протести, но најважно е дека тој ги распределува парите од странските филантропско хуманистички непознати извори. Овие задачи во претходниот кризен период ги извршуваше Артан Груби кого го менаџираа екссоветникот во Амбасадата на Холандија, Мартин Лукастен и главниот и одговорен за провокации Дејвид Бургер. Артан својата вистинска функција ја маскираше со задачата да го гледаме како мангуп, бандит и тепач со малку памет, а многу адреналин. Всушност, Артан Груби, советникот на Али Ахмети е вмрежен агент со име Оливер. Тој, барабар со Радмила ,,мадам Ришеље“ како што претходно беше и синот на Атанас Вангелов во македонската канцеларија на Меѓународната кризна група (со која раководеше Едвард Џозеф, агент на ЦИА) или локалниот мултитаскинг стаф при канцеларијата на ЕУ, односно ОБСЕ, УНХЦР, ОДИХР и ИОМ, се задолжени да даваат ,,сервисно-техничка“ и ,,оперативно-аналитичка“ помош на шефот на мисијата. Тоа меѓу другото значи и да подготвуваат и пишуваат извештаи кои потоа ние ги добиваме како кредибилни и објективни оцени за нашата реалност. За разлика од мадам Радмила, сер Оливер веќе вознапреднал, па е директна врска со Стејт департментот, кој преку него му ги дава наредбите на Али Ахмети. Оливер дава директива, а Ахмети исполнува беспоговорно. Шекеринска, пак, е пониско ниво, работи во одделот ,,кој ја е.е ЕУ“. Што се гледа и од текот на дејствата на куртон револуцијата, организацијата и доминацијата со протестите на орелот над тупанката и розата.
Во оваа услужна локална пирамидално – организациона мрежа трето шрафче е Филип Стојановски со агентско име ,,РАЗВИГОР“. Тој ги регистрирал Метаморфозис и Протестирам на еден сервер. Преку него течат и се распоредуваат фамозните грантови за шикишааната, револуционерната медиумска пешадија. Негов партнер е Слаѓана Србиновска, која го ,,држи“ УСАИД, а нивни офицер за информации од теренот е Владимир Петровски. Но каква би била таа мрежа ако во неа Стејт департментот не испланирал како УСАИД да организира збир од контрактори кои работат со медиумите. На пример, сега 3,2 милиони евра оваа организација за развој на демократијата и независното новинарство, предвидува да подари на „Телма“, Радио „Kанал 77“ и „Порталб“. Оти како ќе се одржи во вегетативна состојба инаку мртвата опозиција во Македонија.
Шарена УЈП
Ако пасионирано ги следите битките на шарените за бојосување на државата, мора да ви паднала во очи една мала енигма поврзана со изборот на целта за боење. Имено, иако е крајно тешко, сепак може да се види зошто во одредена вечер се напаѓа точно зададена институција, споменик, фонтана (ова последново како римејк на библиската секвенца за боењето на Нил со крв). Зошто се почнува од СЈО (креирање симбол на револуцијата која нема идеологија, туку е шарена, а има недвосмислена цел да избрише, помоча с` што е симбол на идентитет и државност), а завршува шаблонски како неинтелигентна фушерска интервенција врз фасадите во урбаниот простор. Но со ваков дневен ред, пред извесно време цел на напад со шарени куртони одеднаш стана УЈП и пазарната инспекција. Зашто добога? Мисли, мисли и оп, влетува невин податок дека дента пред нападот, Борјан Јовановски угледен член во петтоколонашката мрежа добил известување од УЈП дека не платил данок во 2012 година од некои 2.000 евра. Што е банална работа што им се случува на илјадници Македонци, особено скопјани заради што врие од метеж по шалтерите. За Јовановски секако не се проблем двете илјади евра што ги должи. Плус човекот сака правда и правна држава. Така вели. Во исто време со ,,притисоков“ врз неговата ,,независност“ се случува и ,,упад“ на пазарната инспекција во кафеаната ,,Излет“ во која заседава на работен доручек, поручек, соросовото друштво на „Нова ТВ“ на Јовановски и дел од ,,стафот“ на шарените. Kреативниот ум ова го гледа како подарок провокација и гради случај за притисок врз револуцијата, па паѓа команда за напад на дотичните институции како револуционерен одговор.
Веројатно затоа финансиската полиција и органите за борба против шверцот со пари, не се осмелува да го истресе од гаќи лидерот на „Мост“ кој е фатен во таква операција. Се плашат да не настрадаат при боен напад од поголеми димензии.
Од Илирида и атентатот на Глигоров до Пржино
Во последниве 25 години, независна Република Македонија, без некој видлив повод кризира на секои три-четири години. Сега, со ова искуство и акумулирани податоци, може да се види кој ги планира и организира овие фингерајки и со која цел. Во 1993/94 година ја одживеавме ,,Илирида“ и нејзината паравојска. Во 1995 година се случи атентат врз Kиро Глигоров. Настанот беше институционално забошотен, ама последицата беше американската привремена спогодба со Грција и промената на првиот национален и државен симбол – знамето. Актерите Фрчковски и Верушевски пројдоа мазно и неказнето. Во 2001 година се случи ,,Големото уво“ повторно во организација на странскиот западен фактор (чадорот) со асистенција на локалецот контрактор, вмрежениот Верушевски. Последицата од операцијата промена на Уставот преку вграден механизам за федерализација. Во 2004 година преку мрежата на НВО и фиктивното признавање на името на земјата од страна на официјална Америка и Верушевски како шеф на УБK, се изведе фалсификување на референдумот против територијална поделба. По самитот на НАТО во Букурешт, 2009-2010 година мрежата на Верушевски и НВО на Сорос и УСАИД се вклучени во акцијата за промена на името во Северна Македонија. Во 2011 година се случија предвремените избори со активирање на мрежата за протести и немири преку „А1“ и НВО комплотот на Милчин. Во 2012 година тргна востанието на СДСМ преку ,,црниот понеделник“ односно преку нападот врз Собранието на РМ. Оваа криза донесе уште едни предвремени избори во 2014 година. И нормално, испроектирана беше уште една институционално-безбедносно политичка. Во 2015 година следеше бран пленумски, шаторски и други револуции кои кулминираа со договорот од Пржино, а чие финале е шарената ,,специјална“ куртон офанзива. Следи продолжение откако ќе се сумираат штетите кај завојуваните страни.
Сопруги на платен список на странците
Во Македонија подолго време егзистираат две потенцијално опасни терористичко интервенционистички мрежи. Едната логично е инфилтрирана во државните институции што се покажува во ситуации на општа безбедносна и институционална криза во кои политичарите се најобични пиони, а втората е фамилијарната мрежа на локална послуга при канцелариите на странскиот фактор со седиште во Скопје. Имено, сосема случајно, безбедњаците со двојна и тројна шпионска припадност, имаат сопруги што работат во странски мисии, но и се на платен список како истакнати цивилни активисти. Во оваа мрежа ќе ги најдете, Споменка Лазаревска, чиј сопруг, ,,другар“ де, е Ѓорѓи Лазаревски, лева рака на Верушевски во аферата ,,Пуч“. Сопругата на Сашо Ордановски, Бјанка, локално ,,особље“ во германската амбасада, а тој оперативец на ЦИА уште од раните 90-ти кој службуваше кај Ворен Цимерман, тогашен амбасадор на САД за СФРЈ и американска врска за Kосово. Верушевски и сопругата му Соња, која е задолжен офицер за врски со Обединетото Kралство и превод на извештаите, белешките и информациите од теренот, па сопругите на Горан Митевски и Златко Арсов.
Мирка Велиновска
Дневник

Значи примети кој очај, едно пишува во наслов, а друго разглаба во „текстот“. Остави друго па уште го закачиле на насловна, како ударна вест. Значи дневник од ден на ден се повеќе и повеќе пропаѓа.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
Дали сакаш да кажеш дека е лага дека кодното (шпионско) име на Радмила Шеќеринска не е Мадам Ришеље. На таа Шеќеринска што го пишуваше извештајот на Приде. Или дека Ѓакуш Кабаши не е послуга во холандската амбасада, а истовремено распоредувач на холандските и германски пари за непријателите на Македонија и човек кој добива панамски пари од Џорџ Сорос за невладините организации кои се антивладини кога СДСМ не е на власт од 1990 година наваму. Знаеш ли дека денеска требаше да има средба на невладини организации од кои 39 требаше да бидат платеници на Сорос, а само еден од ГДОМ, Александар Пандов. Господата сакале едноумен собир, на кој пази бога ти, би требало да има судир на мислења на луѓе што се платени да мислат исто. Се заканувале со протести, па ЕУ, за да не ја офарбате и нивната зграда од безбедносни причини го откажа собирот. На плиткоумните од таборот на Сорос изгледа дека им било страв од слична средба на која како единствен представник на македонските патриоти беше Мирка Велиновска која во симултанка ги има матирано и патосирано сите до еден. Многу е тешко да се брани соросоидното велепрадавство и фашизам, односно виткањето на кичма, како демократија. Очигледно и соросоидите како некои на нашиов форум сакаат политичко самозадоволување, што би рекле странски за да ме разберете, политичка онанија, односно сите што не мислат како нив да бидат по резервати како Индијанците (американски начин) или во концентрациони логори како Евреите (европски начин) , или на Голи Оток (СДСМовски начин) на решавање на проблемот што НАТО и ЕУ го имаат со нашето име. Во име на демократијата според која власт бираат амбасадори во име на народот.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Еве како еден странец гледа на обоената платеничка револуција во Македонија.
Корибко: Груевски не дозволува уцени од Западот – ВМРО-ДПМНЕ генијално се справува со Обоената револуција
Корибко оценува дека ВМРО-ДПМНЕ генијално се справува со Обоената револуција против земјата, а достоен за пофалба е и народот кој што покажа исклучителна воздржаност пред опозициските провокации, со што не падна во замката на однапред планираното сценарио на Западот за предизвикување крвави судири во Македонија.
Уништувањето на зградите и спомениците во Скопје претставува напад врз македонскиот идентитет, како подготовка за понатамошното посакувано менување на името и федерализација, вели во интервју за Нетпрес рускиот новинар и експерт Андреј Корибко.
Во разговор со дописникот на Нетпрес од Атина, Корибко вели дека идејата на нарачателите на овие криминални вандализирања е бришење на античкиот и христијански карактер на Македонија. Тој оценува дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ генијално се справува со Обоената револуција против земјата, а достоен за пофалба е и народот кој што покажа исклучителна воздржаност пред опозициските провокации, со што не падна во замката на однапред планираното сценарио на Западот за предизвикување крвави судири во Македонија.
1.Според некои информации како во македонските, така и во српските медиуми, руските разузнавачки служби предупредуваат за намерите на Западот на предизвика Балканска војна, со спирала од насилство во Скопје, Белград и Бања Лука. Идејата е да се покаже дека владите во Македонија, Србија и Република Српска се “слаби” и дека им е потребна странска “помош” или интервенција или како и да ги нарекуваат нивните дрски обиди за манипулација и контрола на други земји и нации. Дали може да споделите повеќе информации со нашите читатели во однос на оваа тема ?
– Би сакал да почнам со едно потсетување за геополитичката конструкција на централен Балкан, која што ја образложив минатата година и во која што сугерирав дека на Република Српска, Србија и Македонија им е наменето да делат иста стратешка судбина во годините што претстојат. Тоа е затоа што ниту една од овие држави не е во ЕУ и во НАТО и исто така затоа што две од нив, Србија и Македонија, планираат да бидат домаќини на руските и кинеските мултиполарни врзувачки инфраструктурни проекти, гасоводната мрежа и високо брзинската железница. Нивното успешно заокружување на мултиполарните големи сили ќе им го даде потенцијалот да се приклучат директно во срцето на Европа и ќе помогнат ЕУ да се придвижи поблизу кон новонастанатиот ред во светот, а да се оддалечи од моменталниот кој што е предводен од САД. Попрецизно, токму ова глобално трансформирање е причина поради која што централниот Балкан, според моето аналитичко сфаќање, е сам по себе најважниот регион во Европа денес и едно од најклучните места во светот.
САД спроведуваат двојна политика кон централен Балкан, обидувајќи се да добијат контрола врз трите таргетирани држави додека паралелно работат и на нивно целосно дестабилизирање. Можеби звучи шизофренично истовремено да се работи на две навидум контрадикторни цели, но ова всушност има голема смисла доколку добро се анализира. Вашингтон сака да биде во можност да ја преземе контролата врз овие Влади за потоа да може да врши индиректно влијание врз предложениот руски проект за гасоводот “Балкански тек”, како и за кинеската високо брзинска железница “Балкански пат на свилата” или пак целосно да ги откаже, но доколку ова не го заврши со успех, тогаш нема да имаат никаков проблем да ги втурнат овие земји во хаос, со цел да ги опструираат овие проекти. Во оваа смисла, САД се обидуваат да постигнат “вин вин” политика, во чии рамки или ќе ги контролираат балканските мега проекти или ќе ги уништат, и во секој случај тоа ќе оди во насока на големи униполарни стратегиски придобивки на Вашингтон. Сета оваа моментална дестабилизација и неизвесност за централен Балкан е поврзана со овој стратешки императив на САД што активно напредува во регионот. Освен применувањата на регуларните техники за хибридна војна, како информациона и економска дестабилизација, САД посегнуваат и по нерегуларните техники, како транс-регионалната мигрантска криза и повеќе специфични мерки во секоја од таргетираните држави.
Република Македонија, најклучната земја што го претставува тесното гро на Балканот, во моментов е нападната со повеќе заговори во рамките на Хибридната војна, некои од нив веќе созреани, а некои сеуште латентно се развиваат и негуваат за понатамошна употреба. Во многу од моите претходни написи и интервјуа за Македонија, беше истакната и заканата дека Обоената револуција го создава покритието за голема Албанија и тоа е тоа што всушност се одигрува пред нашите очи во моментов. Неодамна имаше извесни брборења кои што доаѓаа од албанската заедница и меѓународните медиуми под влијание на САД и невладините организации, за потенцијална федерализација на Македонија, што всушност би придонело кон внатрешната поделба пред онаа формалната, меѓународна. Ништо од ова не се случува случајно, со оглед на тоа што нападите врз културно-историските знаменитости на земјата покажуваат дека постои конкретна војна која што се води против идентитетот на Македонија, со намера да се посеат поделби и етнички проблеми пред предлогот за претходно испланираното решение за “идентитетски федерализам” предложен од Западот.
Во моментов опозицијата контролирана од САД е во тајм аут, со оглед на тоа што тие се борат да се репозиционираат по изненадувачкиот владин потег да ги одложат изборите на 5 јуни и повторно да го свикаат Парламентот предводен од ВМРО, но веднаш откако тие и нивните странски газди ќе се приспособат на новата реалност, се очекува дека ќе продолжат да притискаат со дестабилизација и да го спојат движењето од Обоената револуција со она националистичкото за голема Албанија. Заедно, овие две групи најверојатно потоа ќе предложат федерализација, како дел од нивната заедничка платформа, суптилно сугерирајќи дека ако Владата не капитулира пред нивните барања ( кои што очигледно во еден момент ќе вклучуваат и промена на уставното име на Република Македонија со ново кое што ќе го рефлектира федерализираниот ентитет ), тогаш ситуацијата за кусо време може да стане насилна и да доведе до уште една појава на албански тероризам.
Тоа е таа закана што САД и нивните сојузници на теренот ја подготвуваа против македонските власти, но тогаш претседателот Иванов и Владата брилијантно ја сменија целата парадигма и го пореметија спојувањето на Обоените револуционери и албанското националистичко движење преку нивните последни одлуки.
Како одговор на состојбата, тие успеа да купат важно стратешко време додека овие две анти владини сили беа присилени да се адаптираат на променетата политичка ситуација и да ги сменат своите однапред прецизно планирани стратегии. Со наглото менување на политичката состојба, особено на еден таков паметен начин како што беше повторното свикување на парламентот предводен од ВМРО, беше разбиена непосредната ескалација во движењето за менување на власта и она што ќе беше непосредна еволуција од Обоена револуција кон Неконвенционална војна.
2.Сега е и повеќе од јасно дека на поголемиот дел од западните невладини организации во Македонија, но и било каде на друго место, им е доделена улогата за учество во соборувањето на “непослушните“ влади кои што не сакаат да ги свиткаат кичмите и да се потчинат на желбите на Вашингтон и Брисел, одејќи при тоа против националните интереси. Истовремено, западните амбасадори во земјата се обидуваат да се мешаат во секој аспект од внатрешните работи , додека западните власти јасно дадоа до знаење дека не поддржуваат избори, што значи дека сакаат да продолжат да ја игнорираат волјата на мнозинството македонски народ. Како го коментирате начинот на кој што Македонија се справува со оваа, втора рунда од Обоената револуција ?
– Првата работа што треба да ја кажам е дека Македонскиот народ покажа извонредна воздржаност во однос на многуте опозициски провокации. Не можам ни да замислам колку просечниот човек мора да е бесен откако видоа како нивните сакани историски знаменитости беа сквернавени и вандализирани, онака како што тоа се правеше изминатиот месец. Сигурен сум дека ова задира во срцето на секој Македонец, но сите патриотски граѓани треба да знаат дека и секој цивилизиран човек во светот е исто така згрозен од она што го гледа. Воопшто не се сомневам дека граѓаните на многу други земји би одговориле со насилство на овие провокации, со што би го нахраниле токму она што опозицијата и нивните странски поддржувачи го сакаат, па затоа имам голема почит кон Македонскиот народ за одбивањето на падне на оваа примамлива мамка.
Друга работа што би сакал да ја искоментирам се активностите на Граѓанското движење за одбрана Македонија ГДОМ, кое што направи неверојатна работа во демонстрирањето на обратната технологија за Обоена револуција. Неодамна објавив ексклузивна анализа на The Saker за тоа како дисциплинираната и селективна употреба на некои аспекти од стратегијата за Обоена револуција би можеле да бидат употребени како за пресретнување на оваа техника ( како во Македонија ) така и за мирен притисок врз владите кои што ќе станат непријатно блиски со Западот ( како во Србија, а особено во Црна Горе ). ГДОМ успешно покажа дека плановите на САД за промена на власта може умно да се пресретнат со движења за патриотско засилување на власта кои што ја комплицираат праксата на обоените револуционери и дополнително го отежнуваат обидот на непријателските надворешни елементи да го поделат општеството. ГДОМ ги мобилизираше заедниците ширум земјата и силно и во корен ја покажа разликата меѓу големите групи провладини поддржувачи низ целата земја и расфрлената колекција на антивладини “опозициски” демонстранти базирани во Скопје.
Ако пак погледнеме за момент кон Владата, и тие се секако достојни за пофалба за примената на слично ниво на трпеливо воздржување во справувањето со вандализирачката “опозиција”. Иако некои ја критикуваа за тоа што не пристапила со поцврст одговор за криминалците, овие гласови можеби и не се свесни дека обоените револуционери и нивните поддржувачи ја примамуваат владата да го стори токму тоа, со цел манипулаторски да се додаде масло во огинот на интензивниот анти-владин отпор ( без разлика дали е вистински, замислен или претеран ). Секогаш кога владите кои што се цел на Обоена револуција силно и енергично реагирале на демонстрантите ( без разлика дали тоа е оправдано, а во најголемите случаи е), тие ризикуваат ненамерно да паднат на замката, во која што нивните тактики и други слични одговори ќе бидат фотографирани, снимани и широко распространети низ социјалните медиуми на погрешен начин и извадени од контекст. Многу често тие се претворуваат во настани од вестите кои што имаат за цел да го прикажат “неиспровоцираното владино/полициско насилство против невините и невооружени демонстранти”, иако постојат големи шанси ова воопшто да не е точно. Целата поената на оваа парада е да се предизвика анти-владино чувство меѓу таргетираната популација и меѓународната западна заедница , со цел да ја забрза хибридната војна против земјата и да ја постави лажната фондација за наметнување на режим на санкции против непослушните власти.
Конечно, го имаме и владиниот политички одговор на Обоената револуција, кој што беше генијален. Додека објавата за одложување на изборите на 5 јуни можеби многумина ги затекна неподготвени и во прво време изгледаше како капитулација пред опозицијата, тоа воопшто не е така, со оглед на тоа што подетален преглед на сето што беше објавено открива дека оригиналниот Парламент предводен од ВМРО е вратен. Ова ја остави опозицијата без стратегија, со оглед на тоа што тие воопшто не очекуваа такви потези на претседателот Иванов и на Владата. Иако изгледаше дека ги исполниле нивните барања со тоа што ги одложија изборите, се измамија, затоа што тие потоа ја вратија претходната Влада. Сега повеќе немаат моќ, што иронично, ќе беше исто и во случај да се случеа изборите, особено гледајќи го фактот дека ВМРО водеше со 3 спрема 1 во однос на СДСМ во предизборните анкети. Силното патриотско граѓанско движење што се собираше за поддршка на Владата беше инструмент во нивните одлуки да го вратат Парламентот како што беше порано, но помогна и за убедување на властите дека ја имаат поддршката на народот за да го сторат ова, што е сушината на самата демократија.
На тактичко ниво, потезите на Владата и на претседателот Иванов дојдоа во совршено време и го спречија движењето за Обоена револуција да се искомбинира со она на албанските националисти, придвижувајќи ја земјата поблиску до насилна хибридна војна. Во овој момент, и обоените револуционери и албанските националистички сили се оставени без конкретна стратегија со оглед на тоа што нивните претходни планови за заговор сега целосно потонаа. Затоа треба да чекаат на следните наредби од САД, кои што франатично бараат да импровизираат привремена стратегија како одговор на владиниот вешт маневар. Гледајќи ја реакцијата на амбасадата на САД за ова прашање, може да се предвиди дека Вашингтон би можел да се обиде да продолжи со порано споменатите планови за федерализација за кои што зборував, иако можеби не веднаш и само откако ќе формулираат појасен пристап кон ова прашање. Причината поради која што може да се направи ова предвидување е поради вклучувањето на една високо симболична фраза како “тешки реформи кои што мораат да се направат и да се инкорпорираат перспективите на опозициските партии и граѓанското општество.”
Важно да се нагласи е дека всушност не постои објективна причина зошто некои Албанци би сакале да се федерализира/ внатрешно да се раздели ) земјата, освен нивната погрешна националистичка потрага за повторување на несреќното сценарио од Косово и конструкција на голема Албанија. Ниту едно малцинство на светот нема подобри уставно загарантирани права од Албанците кои што живеат во Република Македонија. Единственото најверојатно објаснување за тоа зошто некои членови на оваа демографска група би сакале да агитираат за дури и подобри привилегии од тие што ги имаат и да ризикуваат да ја втурнат земјата во хаос и да ги поништат сите досегашни придобивки, е поради влијанието на надворешни актери кои што не се грижат искрено за нивното добро, како на пример националистите од Албанија и албанската, турската и американската Влада. Овие ентитети не ја признаваат вистината дека Македонските Албанци имаат подобар квалитет на животот и повеќе уставно загрантирани права од која било друга категорија на Албанци каде и да е во светот, а наместо тоа се обдуваат да ги наведат на погрешно размислување дека тие го доживуваат токму спротивното и дека се жртви на репресија на системот.
Да заклучиме, македонската Влада со целосна поддршка на патриотските маси, привремено ги неутрализираа и Обоената револуција и нејзината перспектива за голема Албанија и федерализација, лишувајќи ги од изговорот да излезат на улица, одземајќи им го секој “разумен легитимитет” што лажно мислеа дека го имаат во очите на меѓународните набљудувачи. Не треба да се каже дека било која од овие закани е трајно решена, тие сеуште се овде и најверојатно наскоро ќе се вратат за одмазда, но засега се маргинализирани што несомнено претставува неверојатна победа на македонската Влада во справувањето со однапред испланираната ескалација за хибридна војна од страна на САД.
3.Овој период гледаме дека целата западна пропагандна медиумска машинерија агресивно ја напаѓа Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека нивна главна мета се чини дека е лидерот на партијата Никола Груевски. Ова демонизирање на Груевски се прави на многу сличен начин како она насочено против рускиот претседател Владимир Путин, кое што трае со години. На пример, тие го нарекуваат Груевски диктатор, иако неговиот рејтинг е шест пати поголем од оној на опозицискиот лидер Зоран Заев. Кои се заедничките карактеристики што од Путин и Груевски направија толку големи “непријатели” на Западот?
– Најважната одлика што поранешниот премиер Груевски и претседателот Путин ја имаат е тоа што се конзервативни патриоти, што значи дека тие ги нагласуваат традиционалните вредности, националната историја и промоцијата на државниот суверенитет. Обајцата лидери се исто така мултиполарни во својата глобална перспектива и успеваат да ги балансираат странските партнерства. Груевски работи и со Западот ( САД и ЕУ ) и со Истокот ( Русија и Кина ), додека Путин прави нешто многу слично ( и покрај анти-руските санкции на ЕУ контролирани од САД ). Понатаму, и двајцата се многу горди и во никој случај не се покоруваат на волјата на било кој друг освен на онаа на колективната популација која што ја претставуваат. Ни Груевски, а ни Путин не може да бидат поткупени како Вучиќ или да бидат уценувани како Меркел и ова ги иритира САД како ништо друго.
Западната информациона војна против поранешниот македонски премиер и рускиот претседател не е ништо повеќе од залуден обид за нивно лично оцрнување со цел да се дискредитираат политички. САД мислат дека серијата на неосновани напади против двајцата лидери евентуално ќе доведе до зголемување на делот од населението кое што ќе ги прифати како вистина, а потоа и до одрекување од мултиполарните и патриотски идеали кои што овие двајца ги претставуваат. Но, тие се далеку од успех, бидејќи како што сите може да видат, Груевски и Путин ја претставуваат популарната волја на нивниот народ и како резултат на тоа, беа демократски избрани. Кога САД и нивните сојузнички меѓународни органи напаѓаат било кој од овие двајца лидери, тие во суштина ги напаѓаат граѓаните на овие земји и нивните држави и цивилизациите на нивните држави, што пак го поттикнува народот да се дигне и да ги одбрани на начин кој што е тотално стран и неразбирлив за било кој постмодернистички западњак кој што го има отфрлено својот национален идентитет и цивилизациски патриотизам.
4.Да позборуваме малку и за профилот на поддржувачите на т.н “опозиција”. Во Македонија гледаме протести на кои што опозицијата ги вандализира и уништува не само спомениците, скулптурите и зградите со најзначајните македонски симболи, почнувајќи од античка Македонија, но тие истовремено напаѓаат и христијански симболи, како крстови и ангели. Земајќи во превид дека нивните чекори се оркестрирани и диктирани од странство, која е точната порака што нивните газди ни ја праќаат преку уништувањето на македонските и на христијанските симболи ?
– Сите овие напади се оркестрирани со единствена намера а тоа е да се поведе војна против македонскиот идентитет како подготовка за понатамошно менување на името на земјата и внатрешна поделба преку федерализација. Она што сите овие акти на криминален вандализам го имаат заедничко е дека се дизајнирани да ја уништат идејата дека Македонија е античка и христијанска цивилизација, што се основните столбови на нејзиниот идентитет кој што ја прави она што е денес. Ако некој ја одземе милениумската историја на Македонија, нејзиното христијанско наследство и нејзините цивилизациски атрибути, тогаш во суштина ќе остане еден неразбирлив аморфен политички ентитет што може да биде ремоделиран во било што друго што влијателните меѓународни сили ќе сакаат да биде, слично како она што во голема мера денеска го претставуваат стереотипните источно европски земји. Во моменталниот контекст, движењето за промена на власта поддржано од странство сака да го смени уставното име на земјата, но тие никогаш нема да успеат или да се извлечат со тоа, бидејќи Македонците се сеуште свесни за нивниот уникатен идентитет и остануваат особено горди на него. Во моментов не постои начин една клика од пучисти да го изведат ова, без да предизвикаат граѓански отпор против себе, каков што не е виден од времето на отоманската или фашистичка окупација, но ако луѓето се заблудени во нивните смисли за патриотизам и повеќе не се грижат за Македонија или за тоа дека се Македонци, тогаш би било значително полесно да се “легитимизира” оваа изведба и евентуално да се спроведе и референдум за ова да биде “оправдано” еден ден.
Не мислам дека оваа и воопшто некогаш ќе успее, но она што го велам е дека зад неа стои американскиот начин на размислување, без разлика дали има реални основи. Искрено кажано, ова е една од нај контрапродуктивните техники за Обоена револуција што било кога ја имам проучувано, затоа што ненамерно ( но очекувано ) ја зајакна патриотската реакција против провокаторите од движењето за промена на власта поддржано од странство. Нечуено за балканските народи е да си го уништуваат сопственото наследство, а такви насилни напади против историски објекти се случуваа само кога една група ќе тргне против друга, како кога Албанците дивееја и уништуваа цркви, гробишта и што и да било што е поврзано со Србите во окупираното Косово ( и тоа сеуште го прават и денес ). Но и покрај тоа, Албанците не направија од ова нивна официјално признаена политика, иако тоа го правеа во пракса. Единствената група која што во последно време јавно го објавуваше уништувањето на историските споменици како основен дел на нивните политички платформи се Даеш и украинските нацисти, така што на сите им е јасно од каде овие обоени револуционери ја црпат својата “инспирација”, како и тоа кој им ги дава директивите за сето ова.
Како и да е, неприродно е за секој човек, а особено за Балканците со илјадници години наследство какво што имаат Македонците, да ги уништуваат нивните културни и историски споменици само поради вештачки создаден политички проблем, но доколку се разбере дека тие добиваат наредби ова да го прават во рамките на големите геостратешки планови на странските сили, тогаш сево ова има поголема смисла.
Сите треба да се свесни дека САД намерно им наредува на своите сателити да ги обезличат и уништат историските и религиозни згради, објекти и симболи со цел да го заплашат мнозинството Македонци Христијани за да ја прифатат планираната федерализација на нивната земја, со што ќе се намали нивната улога за националните работи за корист на таа на албанското муслиманско малцинство.
Сите граѓани на Републиката, Македонци и Албанци, мора да бидат предупредени за оваа закана, за да не западнат во замката на вештачки создадениот “цивилизациски судир” што САД им ја подготвуваат. Исто така, сите идентитети во Македонија треба да се обединат и да му помогнат на градот да го расчисти нередот што вандалите го прават, бидејќи ова ќе има силна симболика и долгорочно ќе помогне во разбивањето на било која тензија меѓу заедниците што САД сакаат да ја предизвикаат.

Platenikot na Putin ve lazhe bre...Eve go negoviot shef vo tatkovinata na grchkiot cigan a vo Butel ne doagja...Dzabe pesnite shto mu gi peete...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Нема сигурно Путин да доаѓа во земја во која ќе го пречека Бејли или ќе треба да се состанува со четири лидери посебно. Од кои еден има поголем рејтинг самиот отколку другите тројца заедно.
Не знам за кој грчки циган зборуваш. Дали за Заев за кого се зборува дека покрај имотот во Грција има и грчко државјанство?
Не знам за кој грчки циган зборуваш. Дали за Заев за кого се зборува дека покрај имотот во Грција има и грчко државјанство?
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Ajde de...A shto ubavo go povikuvate vie dpmne-ovcite...No, izgleda nitu Putin ne gi saka predavnicite na sopstveniot narod i drzhava kakvi shto ste vie...
PS. Ako mislish deka kje uspeesh da izlazhesh za nekakvo grchko drzhavjanstvo na Zaev, si pogreshil...Mnogu dobro znaesh koj e grchkiot cigan, chij dedo Nikos Grujos hrabro zagina kako grchki vojnik, pod grchko zname, borejki se za interesite na Grcija...Verojatno si sakal da kazhesh deka grcite od blagodarnost mu dale drzhavjanstvo na negoviot vnuk i tvoj pastir Grujoshesku...

За време на војна и финансиска криза не дозволив економски колапс на земјава, не па сега кога 2.000 дебело платени луѓе замислуваат дека креваат револиција, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во последното продолжение на интервјуто за Телеграф.
-Една третина од оние што секој ден протестираат се платени од организаторите, главно НВО. И тие се најголем дел од агресивните. Тоа се луѓе кои не само што се платени туку и живеат од тоа плаќање. Останатите се партиски активисти од СДСМ кои доаѓаат по партиска задача на секој можен протест против нас. Има т.н. хејтери или мразачи, кои се на секој протест и го мразат секого што е на власт, бидејќи причините за своите лични неуспеси ги бараат кај власта, а не кај себе и во своите грешки и такви има во секое општество. Има и луѓе што наивно веруваат дека набрзо ќе дојде на власт СДСМ, па мислат да фатат некаков приклучок, да ги видат, заради остварување на некој нивен личен интерес. Има и неуспешни поранешни функционери кои во секој проект на Владата ја препознаваат својата неуспешност и безидејност, па вака си лекуваат лични фрустрации и се надеваат пак на функција ако победи СДСМ. Секако дел се реално незадоволни граѓани заради некои грешки и пропусти на власта – вели Груевски.
Интересна дефиниција за тоа кој се протестира..Очекувано од страна на Груески.....За она што го имам обележано со црвено, условно себе си се ставам во таа „категорија“, протестирам против се што е власт. Е сега што се подразбира под зборот протестирам.......јас лично под тој збор подразбирам неспогодување, недоразбирање, непоклопување на некои размислувања. Некои поинакви визии за некои работи, искажување на различни ставови. И тоа нема врска со личен неуспех, уставри и тоа сака да го покаже Грујо дека сите луѓе кои размислуваат со сопствена глава се неуспешни во општествоти, во сопствениот успех. Дека успешен е само онај кој слепо ќе се покори под неговите ставови. И најнормално за да биде успешен, ќе добие тендерче од некое министерство, локална самоуправа.........
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
Претпоставувам дека си недораснат пубертетлија израснат во самостојна Македонија па не знаеш и што е најлошо не сакаш да научиш дека многу твои предци ја немале таа среќа па морале да служат странска војска. Јас го имам доживеано и едното и другото, односно редовниот воен рок го имам одслужено во ЈНА, но како резервист сум бил и против истата таа ЈНА. За среќа тогаш немаше пукање како со војниците што ни ги испрати НАТО од Косово во 2001 година. Не велам дека немало и предавници меѓу Македонците во Грција, но тие и денес живеат таму и се поголеми Грци од Грците. тие што се протерани во геноцидот што го имаат врз нашите сонародници извршено Грција, САД, Велика Британија и некои други земји се сите до еден противници на грчкиот и воопшто чадорскиот фашизам. Груевски е потомок на протераните. Тој е роден во Скопје. За разлика од Зоран Заев кој е роден во Струмица, а опоганува споменици во мојот роден град.Teo напиша:Ajde de...A shto ubavo go povikuvate vie dpmne-ovcite...No, izgleda nitu Putin ne gi saka predavnicite na sopstveniot narod i drzhava kakvi shto ste vie...
PS. Ako mislish deka kje uspeesh da izlazhesh za nekakvo grchko drzhavjanstvo na Zaev, si pogreshil...Mnogu dobro znaesh koj e grchkiot cigan, chij dedo Nikos Grujos hrabro zagina kako grchki vojnik, pod grchko zname, borejki se za interesite na Grcija...Verojatno si sakal da kazhesh deka grcite od blagodarnost mu dale drzhavjanstvo na negoviot vnuk i tvoj pastir Grujoshesku...
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Grujoshesku potomok na proteranite?!?!?! Si zabegal totalnno Trendafile...Predcite na Grujokio, t.e. dedo mu Nikos Grujos ne samo shto ne e proteran tuku i spomenik ima vo Grcija...Samo totalno zabegana lichnost mozhe da tvrdi deka zaginatiot grchki heroj Nikos Grujos e proteran...Taka da, tvojot pastir nikako ne mozhe da bide potomok na proteranite...Toj e potomok na grchki slugi...Koga podobro kje razmislam, nishto chudno, pastirot tvoj da e namerno ufrlen trojanski konj, so cel da i pomogne na svojata vistinska tatkovina grcija, za koja negovite predci ginele, da gi unishti makedonskiot narod i makedonskata drzhava...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Бродот тоне, се бара место повеќе во чамецот за спасување. Или барем каков таков функционален појас. Најверојатно давениците од дпмне би се согласиле и на сламка.
„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ Груевски не сака да биде премиер, бара амнестија за себе и за Мијалков?!
Добро упатени извори велат дека Груевски бара амнестија, а за возврат нуди повлекување од политиката, пишува утрешен „Слободен печат“.
Добро упатени извори велат дека Груевски имал најмалку две директни средби со Зоран Заев, со посредство на странски дипломати. На тие средби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ барал само едно - амнестија, но само за себе и за братучед му Сашо Мијалков. Аболицијата веќе не му е сигурна опција.
За возврат, Груевски нудел повлекување од политиката. Според изворите, неговата понуда, барем, засега, се отфрла со индигнација, пишува утрешен „Слободен печат“.
Наспроти изјавите кои сведочат за тешката емотивна состојба во која се наоѓа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, клучната поента, а веројатно и главната причина за неговото интервју за порталот Телеграф, е неговата изјава дека не му било „приоритет“ да биде премиер. Претходно, Груевски „храбро“ ќе изјави дека бил подготвен дури и да биде елиминиран.
Утрешен „Слободен печат“ ја открива позадината на овие чудни изјави.
http://plusinfo.mk/vest/72575/sloboden-pecat-gruevski-ne-saka-da-bide-premier-bara-amnestija-za-sebe-i-za-mijalkov
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
vredi da se procita,
ВАШИНГТОН—
Договорот од Пржино во основа остана лист хартија, вели Димитров. Најновите случувања, од една страна го избегнаа најлошото - Македонија со една коалиција на избори, но со формирањето на старата коалициона влада и можноста на претседателот Ѓорге Иванов за селективни помилувања, земјата се врати два чекора наназад, изјави поранешниот амбасадор на Македонија во САД во интервју за Гласот на Америка на македонски.
„Сега имаме уште полоша ситуација бидејќи во Владата и нема други фактори, фактори се тие што ја создадоа кризата којашто се откри со бомбите на опозицијата, потоа потврдени со низа извештаи, Прибе, Европската Комисија, отворањето на истрагите на СЈО итн. Не може ако претходно имаше кочници и големи доцнења на клучните чекори од Пржино, сега и најнаивните не можат веќе да се надеваат дека било што ќе биде спроведено во насока на одговорност, владеење на правото и создавање на услови за кредибилни избори“.
Наместо да застане со граѓанството и да инсистира на создавање специјално судско одделение за случаите на СЈО, претседателот Ѓорге Иванов со правно спорната аболиција, застана директно на страната на кризата, оневозможувајќи истраги и одговорност, а прогласувајќи неказнивост”, истакна тој. Селективната правда е неправда, рече Димитров, по најновата одлука на македонскиот претседател. Вели, непоимливо е можни извршители и соучесници да бидат над законот, а нивната недопирливост да биде во државен интерес.
„Ова е веројатно најсрамниот потег од историјата на независна Македонија, наваму. Во услови на најголем скандал, кога имате сериозни индиции за огромна корупција, изборни измами, злоупотреби на службените овластувања, и кога во сето тоа, се создаде потреба од формирање на ново независно СЈО што ќе ја истражува оваа планина од криминал, Иванов со цел памет, најде за сходно да ја прогласи Македонија за земја на неодговорност, за во основа да ја заштити политичката класа од одговорност. Како ова може да има врска со интересите на граѓаните? - Тоа самиот Иванов знае“.
Решението од оваа, како што ја нарече, морална и институционална криза, го гледа во темелна истрага на сомнежите преку СЈО, но и независно судство. Димитров му даде поддршка, на, како што го нарече, автентичниот граѓански протест, повикувајќи на поголем ангажман на меѓународната заедница, бидејќи, како што кажа, ризикот да се остави Македонија да тлее, е огромен.
„Мислам дека ќе треба поголема координација, можеби ќе треба и на повисоко ниво да почнат да се занимаваат со Македонија, бидејќи тука е и бегалската криза, балканската рута во моментов е затворена со договорот Турција - ЕУ, не знаеме тоа како ќе функционира, дали ќе се имплементира, дали ќе опстане тој договор? Македонија е најекспонираната држава во моментов на Балканот, кога станува збор за проблем, но многу држави од Балканот имаат слични проблеми. Ако Европа и Америка ја изгубат Македонија, најверојатно ќе го изгубат целиот регион, владеење ќе се сведе на модели коишто се многу близу до авторитарни или целосно авторитарни. Дали може Европа или Америка да си го дозволи тоа? Македонија беше пример за превентивна дипломатија. Најголемиот успех на капацитетот на Европа за решавање на кризи беше кризата во 2001-та година токму во Македонија.
Оттука и паралелата со спорот со Грција околу името. Повикувајќи се на изјавата на посредникот Нимиц, тој кажа дека процесот е замрзнат додека нема Влада избрана на слободни и демократски избори. Сепак, кризата во голем дел е создадена во контекст на резултатот од прашањето за името и грчката блокада. Оваа мера на партизација немаше да се случи, ако ни’ беа отворени вратите кон НАТО и ЕУ, рече Димитров.
Во меѓувреме, тој нагласи дека ситуацијата на статус-кво во Македонија e неодржлива, а можноста за, како што ја нарече, колективна амнезија, неостварлива.
„Кризата ќе заврши само со одговорност и прашање е само на време и прашање е колкава цена ќе плати и Македонија и граѓаните додека не дојдеме до таа одговорност. Одговорност на крајот мора да има или ќе има криза“.
http://mk.voanews.com/content/ambassador-nikola-dimitrov-macedonia-politics/3352160.html
Поранешниот амбасадор на Република Македонија во САД, Никола Димитров говори за актуелната криза и најновата одлука на претседателот Иванов за аболицијаДимитров: Селективната правда е неправда напиша:

====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
ГОЛЕМИТЕ СЛИКИ ЗА МАЛИОТ ДИКТАТОР
Она што е заедничко за вледетелите автократи е гневот како израз на длабока фрустрација. Таа нужно не може да се врзе ниту со тешко детство, ниту за дисфункционално семејство бидејќи биографиите на диктаторите бележат многу различни животни истории. Но, она што им е заедничко е јазот меѓу реалното и „идеалното јас“.
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
„Многу години по ред, тој ѝ ја наметнуваше на историјата својата верзија. Бесрамно ги преиначи настаните, избриша или ликвидира многу ликови за да воздигне во историјата само еден единствен лик – својот сопствен“, напиша Бленди Февзиу во биографијата за Енвер Хоџа. Биографскиот преглед на Февзиу за албанскиот диктатор е прв документ напишан врз основа на документи од личната архива на Хоџа и сведоштва на оние што го познавале.
Оттука, соц-реалистичките „уметнички“ слики во кои Хоџа е претставен во различни ситуации од животот и со кои се велича неговиот лик и дело, не е случајна сличност со актуелните слики што се поставуваат во седиштето на ДПМНЕ. Таквото поведение е својствено за диктаторите, а ваквата „уметност“ во основа нема уметност, туку е само инструмент за јакнење на нечие его.
Оттука, сегашното подбивање со сликите како нов облик на себевеличање со „кулминација на забеганоста“, „дијагноза“ и слично, ќе треба да го замени една посеопфатна анализа за тоа што ни се случи изминатава деценија и како го дозволивме груевизмот.
Ова е важно, бидејќи не се работи за акт на еден човек опседнат со себе, туку на „дијагноза“ на цел еден народ, кој во определен општествено-политички контекст му овозможил на овој лик да се востоличи како своевиден „крал“, лечејќи си ги фрустрациите на товар на граѓаните, воспоставувајќи го криминалот како
„легитимна“ алатка за владеење и уривање на цел еден демократски систем (прашање останува колку бил демократски), понижувајќи ги и обезличувајќи ги институциите врз кои тој треба да се потпира.
АГОНИЈА НА ПАДОТ
Пред ова суштинско прашање да добие на значење, засега остануваат неодговорени две прашања: Како ќе си замине Груевски од власт и колкави ќе бидат првичните проценки на штетите и трошоците за санација од децениското силување на државата.
Во однос на првото прашање, нема дилема дека тој ќе си замине, бидејќи невозможно е да опстои политички изолиран, да владее во мала и увозно зависна земја во која 60 отсто од трговската размена се случува со ЕУ, а меѓународната заедница јасно покажува дека Груевски со сѐ уште недокажаното криминално владеење за кое слушавме во бомбите, би бил срамен партнер во цивилизираниот свет.
Но, сега е битно „како“ ќе си замине бидејќи очигледно е дека тоа не се случи брзо и според очекувањата кои вградуваа некаква нереална претстава за морал кај него (дека тој ќе поднесе оставка посрамен од она што го обелоденија бомбите), туку ќе биде тоа процес на продолжена агонија во кој не се знае каков „арсенал“ за борба тој до крај ќе употреби и колку албанскиот партнер ДУИ ќе го одржува во живот. За да може евентуално да се градат пореални очекувања, корисно е да се извлече паралела на однесувањето со неговите „колеги“ низ историјата.
Она што е заедничко за вледетелите автократи е гневот како израз на длабока фрустрација. Таа нужно не може да се врзе ниту со тешко детство, ниту за дисфункционално семејство бидејќи биографиите на диктаторите бележат многу различни животни истории. Но, она што им е заедничко е јазот меѓу реалното и „идеалното јас“.
ПРОСЕЧНИ ЛУЃЕ СО НАДРЕАЛНИ АМБИЦИИ
Што е поголема хармонијата меѓу егото и „идеалното јас“, тоа е една личност поздрава и со поголем интегритет. Колку што е поголем јазот меѓу вистинското и „идеалното јас“, толку е поголема патологијата и активирање на одбранбените механизми со кои личноста сака да ја измени реалноста „во корист“ на „идеалното јас“.
Ова инвестирање во себевеличање е типично за осведочените диктатори кои сакаат да се уверат и себеси и светот дека сето она што посакуваат да бидат (обично се тоа грандиозни идеи за себе како величини, градители, патрони на уметноста итн).
Сите елементи што го оспоруваат тоа „идеално јас“, диктаторите се обидуваат да ги елиминираат (етикетирање на предавници и нивно „исклучување од системот“, нарачани пресуди).
На пример, една личност може да поседува просечни вештини и да ги прилагоди очекувањата на таквата реалност. Но, кога просечноста ќе се судри со силни амбиции кои ги надминуваат можностите на природниот потенцијал, тогаш настанува конфликт во личноста и растечка фрустрација, често со активирање на механизмот на проекција (не е до мене, другите се виновни што не ги постигнувам посакуваните резултати).
На пример, реченицата со која во маратонското интервју Груевски ги опишува дел од учесниците во Шарената револуција како хејтери или мразачи е дека „тие се на секој протест и го мразат секого што е на власт, бидејќи причините за своите лични неуспеси ги бараат кај власта, а не кај себе и во своите грешки и такви има во секое општество“. Ова може да се анализира типично фројдовски преку механизмот на проекција (тој себе си самиот се доживува како „жртва“ на комунизмот поради кој не можел да дојде „до израз“ поради супресивни методи кон неговата фамилија која „се борела за македонштината, а не и поради личните лимити“).
Интересна е паралелата на образовниот процес од биографиите на Хитлер и Хоџа.
Во историските сведоштва наставниците за Хитлер се изјаснувале дека „не се истакнувал во ништо“. Тој имал лоши оценки и таквите резултати ги објаснувал со пркос кон татко му, но и по татковата смрт, тој не го подобрил својот успех, ниту завршил високо образование. Сакал да студира уметност, но бил одбиен како неталентиран и тоа му останало како фрустрација. Слични се записите и за Хоџа.
„За време на тригодишното школување на францускиот Лицеј во Корча не покажал никаков посебен талент, ниту во спортот, ниту во книжевноста, ниту во останатите области. Луѓето што го познаваат од тоа време, подвлекуваат дека тој бил еден вид „медиокритетска личност“, без никаков талент и вештина. Ниту врсниците што го познавале не можат да издвојат нешто особено кај него, освен неговиот ангажман во театарот и епизодната улога што ја играл во претставата „Беса“ од Сами Фрашери,“, пишува во биографијата за Хоџа напишана од Февзиу.
Интересен факт е дека иако имал просечни постигнувања, фамилијарните врски на семејството на Хоџа со влијателен човек во елитата, му овозможува тој да добие стипендија за студирање во Париз. По три години поминати во Париз и само неколку положени испити со кои ниту прва година не можел да ја комплетира, министерот за образование му ја укинува стипендијата.
Откако се качува на премиерската позиција, Хоџа го викнал во неговиот кабинет и во разговор му пререкол дека тој во минатото му ја укинал стипендијата, на што министерот одговорил дека тоа сигурно било заслужено. Потоа тој влегува на долгата листа на егзекутирани од режимот. Исто така, егзекутирани се најголем број од школските другари на Хоџа кои се истакнувале во времето кога учел со нив.
Така, тој самиот во своите спомени за школувањето во Корча пишува за извесна Сабиха Касамати, која се истакнувала со своите вештини, била популарна и многу момци ѝ се додворувале. Според сведоштва на соучениците, Сабиха му се потсмевала на Хоџа. Таа се школувала на Западот и станала една од врвните научници во Албанија. Била егзекутирана во монтиран случај иако не била политички ангажирана. Интересно е дека Хоџа ги памтел имињата на сите тие соученици и на 70 години, повеќето од нив ликвидирани.
ПОБЕДАТА НАД СТРАВОТ, НАЈГОЛЕМ „ТРОФЕЈ“ НА ШАРЕНИТЕ
Генерално, исклучителните личности се трн во окото на диктаторите. Автократите од дно на душа ја мразат „интелигенцијата“ и луѓето со интегритет, а ги поддржуваат просечните.
За нашиот мал диктатор не се создадоа историски услови во кои би можел да пројави толку монструозни карактеристики како Хоџа на пример, а не можеше да развие ниту диктатура каква што актуелно постои во земјите на тлото на поранешниот Советски сојуз, поради трговската и географската поврзаност со ЕУ, поточно цивилизираниот свет.
Тајната на „успехот“ на Груевски беше во два метода: злоупотреба на институциите во пресметка со неистомислениците, сеење страв и супресија и вториот, пропаганда која го велича и лажно претставува невидени успеси во која дел од граѓаните веруваат. Само за „Скопје 2014“ се потрошија над 200 милиони евра, пари кои можеа да се искористат за болници, автопати, хидроцентрали. Останатиот дел пари на граѓаните главно се употребуваа за корумпирање на „војската“, која го одржува Груевски на власт.
Ако се земе предвид висината на буџетите од 2006 до сега, близу 30 милијарди се потрошени, а најголем дел од нив, во востоличување на ликот и делото на Груевски, корупција на разни целни групи и поединци, вработувања, давање бизнис на фирми „пријатели“ на режимот, но и на такви за кои може да се докаже дека се всушност нивни.
Но, освен градење на сликата за „идеалното јас“, не помал фактор во владеењето на диктаторите е крадењето. Да не заборавиме колку милијарди му се ставија на „товар“ на Милошевиќ на сметка на осиромашена Србија. Проблемот е што диктаторите мислат дека парите на граѓаните нужно им припаѓаат.
Груевски, по се она што видовме, презел принципи на владеење од мафијашките здруженија. Се води сметка секој член кој ја поддржува „мафијата“ да биде финансиски или на друг начин опскрбен за да остане лојален. Во книгата „Гомора“ на Роберто Савијано, каде што е опишано дејствувањето на италијанската мафија Камора, пишува: „Тоа што некои го гледале како на идеологија на Камора, за Камора било само економско и воено дејствување на група деловни луѓе“.
Затоа сега, на самракот на груевизмот, не треба да има очекувања дека некој од таа групација која наликува на мафијашка, особено во првите ешалони, ќе се одметнат. Не, тие ќе останат верни слуги бранејќи ги сопствените интереси и незаслужени придобивки, но и страв од одмазда.
Можно е одметнување на „војската“ од вторите и третите ешалони кога не се „дебело“ наградени и на охрабрување на се поголем број луѓе кои досега се плашеле да проговорат. Бидејќи победата над стравот е практично една од најголемите извојувани победи на Шарената револуција, а исмевањето му задава голем удар на егото на Груевски. Стравот сега може да е најголем само кај „членовите на мафијата“, со оглед на тоа колку може „босовите“ да ги чини напуштањето на „бандата“.
Преостанатата важна алатка за владеење, но и која во последната година служи како „мелем“ на потребите на егото на Груевски е пропагандата. Затоа, инсистирањето да нема реформи во медиумите е многу важно за него, за презервирање на неговата душевна состојба бидејќи ако не гледа на телевизија колку е тој „голем“ и битен, а со тоа и сакан, тоа за него може да биде казна, тешка колку и затворската.
Но, без оглед на неговите желби и потреби, сега е многу важно да се опстои на сите елементи потребни за нормализирање на амбиентот (инсистирањето на медиумските реформи во пакет со укинување на амнестијата и креирање веродостоен избирачки список) како нужен терен за одржување веродостојни избори. Потоа, семејниот портрет со димензии четири на осум метри во партиското седиште, може и слободно да остане, да сведочи за големите фрустрации на малиот диктатор.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
vauuuuu ...bravo ida mnogu ubavo sublimirano .....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Меѓународна потерница по гатачката што ја уништи Македонија!
Jас би ги стокмил снимките со Клео на едно стикче, па би отишол кај психијатрите на Камчев по потврда за влијанието на гатачката врз моите одлуки како премиер. Па, од кабинетот на првиот ебач во режимот на моите чипоси, би скокнал до Јанева по потврда дека нема да бидам гонет, имено, како човек со индуцирана непресметливост!
Може ли некој да смисли подобра одбрана за еден идиот?!
Паралелно со тоа би побарал од Маркота и од Чавков да распишат меѓународна потерница по гатачката, а од Протуѓер и од Илчота да ја насликаат жената како бескрупулозно створење што работи на диво, без дозвола и лиценца, којзнае под чие влијание и директиви, можеби на комуњарите, соросоидите или на британците и американците во рамките на нивната антимакедонска мисија која не престанува, еве, има повеќе од 2.300 години, уште од времето на Алехандрота Трети!
Македонија, драги мои, е жртва на Клеопатра или како веќе се вика нашата пророчица односно пророчицата на бившиот премиер!
Феноменално!
Мртвиот Груевски станува и самиот на себе си си дава вештачко дишење! И електрошокови, исто така.
Хахаха!
Не знам дали забележавте, почитувани пријатели, но во последните изјави Тој ја потенцира дистанцата меѓу себе и стварноста и меѓу себе и оперативниот дел на својот режим. Нападно се труди да се одлепи како инстанца која нема непосредни врски со тоа што се случува во животот на луѓето и на општеството, и настојува да го обезбеди своето влијание врз процесите како што сонцето го остварува врз фотосинтезата кај растенијата.
“Известен сум дека се е спремно за реформите….!”
Тоа е таа формулација на новата себедефинираност.
Тој не вели, како што велеше до скоро: “посветено работиме на реформите..”, туку “известен сум…” Тоа е ниво кое го трансферира во нова димензија во која неограничената моќ не ја црпи од непосредните зафати што ги формулира и со кои раководи и ги спроведува, од парите и материјалните ресурси, од можноста да вработува и отпушта, да назначува и разрешува, туку од себе си како неприкосновена инстанца.
Тоа е обид за себеобоготворување, се разбира!
Луд, смешен, инфантилен, трагичен обид, но тоа е тоа!
Тоа е, односно може да биде, второто ниво на одбраната, за почеток е доволно ако се обезбеди да не случајно некој се сети да праша: а за кој кур ти си ја спојувал државата со партијата ако сега сакаш да го послушаш Прибе и да ја раздвојуваш. И нема ли да ти текне утре пак да ја спојуваш. Стоко!
Телевизиската кампања во која министрите се однесуваат кон него како второстепената аристократија на Версај кон Луј Четиринаесети е дел од таа програма за извлекување на вмровскиот богочовек од земските дребулии и лансирање на месијата во сферата на неприкосновеноста и супериорноста пред сите земски закони. Во сферата во која безбедноста и недопирлвоста му ја гарантира неговиот статус, во која тој е гарант на самиот на себе си, со својата непогрешливост си е гаранција и во таа смисла не му се потребни никакви аболиции од еден обичен смртник каков што е Хорхе. Се разбира, во таа одлепеност тој се проектира или го проектираат и како гарант на Злосторничкото здружување вмро-дпмне.
Украинските слики се важен дел од таа иницијација во надфирерската, повеќе, би рекол, во фараонската божествена инстанца. Тие зафати се во функција на неговото извлекување од политичкото и од правното, на некој начин и од човечкото.
Од аспект на минимум пристојниот и нормален човек се се ова крајно сериозни симптоми и манифестации на најтешките форми на шизофренија и психопатство, можно е и на некоја нова болест која се уште не е опишана во учебниците по медицина. Но, и како болест тие активности и ориентации на чипираните идиоти не се помалку политични. Независно од нивните намери или токму пради нив, тие имаат страшно влијание врз сите нас и затоа е умесно да се запрашаме: зошто ни се случува тоа што ни се случува и како да го пресечеме овој катастрофален развој на настаните односно развојот на катастрофалните настани.
Не се без основа тврдењата дека овие неверојатни зафати се можеби последниот преостанат обид да се парира на драматичната ситуација во која се наоѓаат и лидерот и партијата, обид да се предизвика нова фасцинација кај простата маса, кај спонтаните бабички и тетки, стриковци и бачовци и врз таа фасцинација да се гради одбраната пред разбудената јавност и пред меѓународниот притисок. Тоа е зафат за ново потиснување на рациото, нова игра со емоциите, нов бран на своевидното заглупавување и моронизирање на големи слоеви од општеството, работа што во првите обиди требаше да ја завршат предвремените избори и еуфоријата што околу нив требаше да се роди.
Не се без основа и тврдењата дека станува збор за манифестации што се нормални во терминалната фаза на болеста, кога лудаците скокаат преку линија исцртана на бетонски ѕид или кога скокаат од авион затоа што мислат дека се птици итн.
Снимките со гатачката покажуваат дека Тој не е од вчера во тој филм во кој паралелно одат неколку стории, едната за паранојата, втората за несигурноста во себе, третата за страста да се овоплотат соништата не како резултат на своите способности и работа, туку како резултат на распоредот на ѕвездите, на магијата, на господ, на штогоде што може да помогне, четвртата би била следењето на тие магиски инструкции и во најжестоките судири со нормалноста, како што се случуваше и се уште се случува со Скопје 2014 или, еве, сега со сликите од Украина.
На моменти ми личи на Како Џим Кери во филмот во кој Морган Фриман во улогата на Господ го обдарува со неограничена моќ, а овој ја користи таа моќ за да и ја приближи Месечината на љубената и со тоа предизвикува океански цунами со катаклизмични димензии!
Но, јас имам едно друго објаснување.
Тој е испрограмиран и работи како да е на почетокот на изградбата на илјадугодишниот рајх ( Ѓорѓи Наумов), на неоалександриската империја во времето на златниот подем, на нешто што нема крај, погледнете го седиштето на партијата и Скопје 2014 и се ќе ви биде јасно, а стварноста е време во кое неговите илјада години само што не се завршени во налетот на разбудената јавност и на разочараниот свет. Оттука доаѓаат неговите активности или отсуството на активности кои нормалниот свет не може да ги разбере, оправдано не може да ги сфати затоа што не се од овој свет, тие се полуди отколку што тоа може да го дијагностицира најстручниот конзилиум психолози и психијатри.
Нашата драма ја засилуваат обидите да се рационализира и лудоста и односот кон лудоста во името на жртвите што не смеат да паднат. Тоа е пак, лудост од другата страна. Тоа се проекции во соработка или под патронат на меѓународниот фактор. Во таа шема Заев работи на тоа во октомври да има избори на кои неговата партија ќе победи, а Груевски ќе отиде во опозиција, не во затвор, во опозиција, а Груевски работи на извештајот на Прибе во мерка во која власта ќе може да му биде откупнина за слободата! Јас го сметам тој пристап за ново убиство на мртвата Македонија и за самоубиство на СДСМ. Се разбира, ВМРО-ДПМНЕ е мртво во сите варијанти.
Капиталната грешка на Социјалдемократскиот сојуз во овие историски превирања е во тоа што и кога е најрадикален во критиката на ситуацијата, тој се јавува како чувар на системот, а не како сила која што ја предводи битката за промена на тој систем, на битката за трансфер на Македонија во нова историска димензија. СДСМ се плаши дека промената на системот ќе го оддува и него од историската и политичка сцена, што, всушност и ќе се случи ако продолжи да го брани. Во таа смисла СДСМ е под нивото на историската одговорност во однос на онаа што пред 26 години ја презеде Сојузот на комунистите воведувајки ја државата во времето на плурализмот и пазарното стопанство, на парламентаризмот и човековите права. Ова е такво време, ова е крај на вмровскиот комунизам, со тоа што ниту вмро, ниту сдсм не ги разбираат магнитудите на новиот историски земјотрес.
Да повториме, почитувани читатели, некои работи:
Македонија не се бори само за смена на власта туку за смена на системот.
Одвојувањето на државата и партијата во вмровскиот формат е егзистенцијален минимум за Македонија кој не може да се оствари на избори и по некакви избори ( Заев) туку во бескомпромисни правни и (или) револуционерни настапи на разбуденото општество.
Треба да се престане со апелите да се овозможи непречена работа на Специјалното обвинителство и таа непреченост да се фундира преку конституцијата на специјален суд.
Експертска влада со мандат од две години.
Меѓународната заедница се плаши од радикалните промени кои за Македонија се услов без кој не се може и во таа смисла светскиот фактор мора да се доведе во ситуација тоа да го сфати, да се принуди тоа да го сфати.
Опозицијата, посебно Социјалдемократскиот сојуз мораат да баратаат и со проекции во кои ќе ги нема, во кои наместо нив ќе има нови форми и субјекти, нови нарации, нови теми и страсти, во кои дури и нацијата и партијата и името и сите други тралалајлизирани теми ќе се доведат во прашање и ќе добијат нови значења!

Шарената револуција го победи стравот
Шарената револуција покажа дека власта треба да се плаши од критичката мисла на народот, а не обратно. А тоа е нешто што Македонија ја носи многу чекори напред во развојот на демократијата.
Шарената револуција покажа дека власта треба да се плаши од критичката мисла на народот, а не обратно. А тоа е нешто што Македонија ја носи многу чекори напред во развојот на демократијата.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Машината за партиски кадри ја сомле „докторката“ без диплома
Интересна колумна поврзана со аферата „докторка“. Во здравството се е тргнато надолу а монструмот Тодоров никако да побесе одговорност.
Интересна колумна поврзана со аферата „докторка“. Во здравството се е тргнато надолу а монструмот Тодоров никако да побесе одговорност.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
Прецизна дијагноза на претседателот
Во обраќањето до јавноста, по повод обидот за негов импичмент во Собранието, Иванов точно ги лоцира причините за кризата, која ги тресе темелите на државата. Иако тој се осврнува само на тековните настани, со мали исклучоци, оценките важат за сите години на независна Македонија.
Прво, и основно, претседателот е апсолутно во право кога констатира дека Македонија е жртва на специјална војна. Истата започна уште пред распадот на федерацијата кога, во август 1988 година, тогашниот премиер, Андреас Папандреу, со декрет, го вклучи во официјална употреба во Грција до тогаш забранетото име – “Македонија“. Така, регионот “Северни територии и Тракија“ доби име – “Македонија и Тракија“ а три дистрикти беа прекрстени во “Западна Македонија“, “Централна Македонија“ и “Источна Македонија и Тракија“. Тоа беше најава на политиката со која ќе се бара монопол на ова име преку оспорување на нашето.
Второ, специјалната војна продолжува и се интензивира по 1991-та година: долго сме не признаени како независна држава; нелегално и насилнички ни е суспендирано уставно име во ООН; преку привремена спогодба натерани сме да преговараме за сопственото име; следува американска агресија од Косово, во 2001-та, во албанска изведба; присилени сме да потпишеме Охридски рамковен договор, со кој плански се рушат политичките темели на државата; подметната ни е нова административна поделба со која трајно се албанизираат делови од земјата; надвор од сите процедури и принципи, во Букурешт (2008), НАТО ни ги блокира евро-атлантските перспективи со уцена и ултиматум – прво името (прекрстување), потоа членство… Ако сето ова не се делови од специјална војна, тогаш што се?
Сегашнава криза е само финале на истите обиди и напори да се урниса македонскиот народ.
Трето, неспорен факт е дека Иванов, со аболицијата, спречи државен удар и реална опасност од граѓанска војна. Сценариото на Вашингтон беше стопирано и затоа следеше нивниот бес. Пред повлекувањето на аболицијата, Иванов најверојатно добил некакви гаранции дека државен удар, со апсења на државниот врв, врз основа на нелегални индикатори а без докази – нема да има.
Сепак, најважно од се’ е што, за прв пат, иако со задоцнување и не до крај, претседателот го впери прстот во странскиот фактор како креатор на нашите голготи. Овој пат тој ни остана должен за кого точно се работи ама да се надеваме дека набргу и таа бариера ќе биде надмината. Народот заслужува да знае дека од другата страна на барикадата се САД и дека тоа е причината за нашата воздржаност да се откријат картите. Залажувањата дека Грција ги блокира нашите интеграции се неодржливи и, во основата – смешни. Нормален човек не може да верува дека САД сакаат да влеземе во НАТО а Грција не дозволува.
Четврто, Иванов е целосно во право кога оценува дека “олеснувачите“ извршија притисок врз некои партии да се откажат од веќе закажаните избори. Меѓутоа, нивната улога е многу поширока. Тие се и менаџери на оваа криза, поточно главниот меѓу нив – САД. Силен е впечатокот дека “олеснувачите“ немаа никакви намери да се одржат закажаните избори туку само тактизираа со датумите за да добијат додатни концесии од власта, на сметка на фундаменталните интереси на државата.
Петто, во врска со СЈО, Иванов само го потврдува тоа што веќе сите, кои и мислиме добро на оваа држава – го критикуваме. Јанева и нејзините друшки водат политика а не се ангажирани во борба против криминалот. Така е барем засега и тоа мора да се осуди. Нам ни треба таква институција бидејќи криминалот и корупцијата се навистина на високо ниво, ама не ваква. Меѓутоа, да не се залажуваме – СЈО не работи по инструкции на опозицијата туку на – американскиот амбасадор, во комбинација со британскиот, тој од ЕУ и можеби уште некој друг, а сите тие се негови послушници. Опозицијата, пак, профитира од политичките потези на СЈО бидејќи безпоговорно ги исполнува барањата на Вашингтон, а моменталните интереси им се поклопуваат – рушење на легално избраната влада. Смешни се оценките дека опозицијата го раководи СЈО.
Шесто, целосно може да му се верува на Иванов дека протестите кои следеа божем како реакција на аболицијата се претходно планирани. Тие, секако, беа дел од мозаикот за рушење на власта и државата и неизбежно ќе се случеа како – План Б, В… според потребите на странските силеџии кои бескрупулозно ни ја кројат капата веќе четврт век.
Седмо, претседателот е премногу внимателен во третирањето на невладините организации (НВО). А, сите знаеме за деструктивната улогата на 100-тината НВО, финансирани главно од Сорос и УСАИД. Иванов мораше поодлучно прстот да го впери и во нив. Сигурно не било лесно, заради реакциите кои ќе следеа од Вашингтон и Брисел, ама функционирањето на соросоидите, кои отворено играат улога на политичка партија, требаше одамна да биде забрането. Сега се плаќа цената на таквата нерешителност.
Осмо, добро е што претседателот јавно проговори дека е недозволиво и секаде се санкционира хулиганство, вандализам и уништување на имот. За жал, кај нас тоа се толерира и тоа во континуитет. Јавниот поредок се крши а надлежните за тоа како да не се тука. Политички функционери повикуваат на безредие и пак никому ништо. Веќе подолго време, некои го игнорираат уставниот поредок и повторно никој не реагира. Тоа не носи добро и мора да се санкционира. Без одлагање.
Деветто, дискутабилна е констатацијата на претседателот дека жештените глави веќе биле оладени. Тие можеби се откажале од државниот удар ама само – привремено! Во целина, не се и уште долго нема да бидат студени. Дури ни по изборите кои секако ќе дојдат на ред. Основно е што најжешки се главите на странците кои ценат дека сега е моментот да не сотрат. Нашата опозиција, и хулиганите кои уништуваат, со далечинско се контролирани од нив и (ќе) прават што им се каже. Секако дека само со избори може да тргнеме во позитивна насока ама, да не се замајуваме – тие нема да решат се’. Тој што ќе ги изгуби, нема лесно да се помири со поразот. Сликата од последниве две години, многу лесно може да ни се повтори. САД, кои се креатор на сите наши 25 годишни голготи, ако сега не успеат да не кутнат, да ја прекрстат државата и разнебитат народот, и по изборите ќе продолжат со истата политика. Исто како и по 2001-та. Пржино е продолжение на ОРД. А нивните странски и домашни вазали и платеници, ќе ги следат. Се’ заедно, далеку сме од надминување на кризата а опасностите се реални и мултидимензионални.
Десетто, Иванов спречи ескалација и несакани последици ама одговорот за спомнатата – “туѓа наметната игра што има за цел дестабилизација на Македонија“ – не можеме да го очекуваме преку судска разрешница на предметот “Пуч“. Судот може да ги осуди нашите вазали, платеници и предавници додека улогата на странскиот фактор во нашиве страдања е политичко прашање и задача е на политичарите да ја раскринкаат. Тоа не е работа на судот.
Единаесетто, апелот на Иванов до ЕУ и НАТО да не’ деблокираат може да биде само најава за наша енергична ангажираност на тој план, што до сега недостасуваше, и ништо повеќе. Тие работи не се решаваат со апели а претседателот има ингеренции на тој план и би можел да биде носител на будењето на нашата дипломатија.
Ристо Никовски
Јуни, 2016
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
ва со СЈО, златни рипки на Заев, да бидам искрен ме насмеа ама и ме збуни. Кутриот наш Луј, почна и по странство да цимоли. Пастирот, пардон, нашиот Луј (не му личи пастир, во заблуда сме биле оти колку знам пастирот оди гол и бос со прачка, овој нашиов и со автомобил и со цвикери Мајбах), отишол да клевети во Брисел, а нели тоа беше пројекат на плачливата опозиција. Сирот, се среќавал со пријатели и им ја објаснувал штетата од политичката криза што, ете така, клетата опозиција и, како што ги вика ордите на Сорос „ничим изазвани“ и ја правеле на државата.Златни кленови на Луј ХХI напиша:
Ок, така е, стаорец фатен во стапица рипа и се треска во факот за да најде дупка да излезе. Туку ни МИА ни Београдска Политика не ни кажаа, им се доверил ли нашиов на странските пријатели дека политичкава криза ептен му е погодена за апашаана до даска. Да, да, додека не замајава со тргни застани преговори, „пречесниот“ топтан со фамилијата, се разбира, реализира врло веома (Бетке фала, генијално е) пројекат со работен наслов ДОКРАДИ СЕ што останало па ако дојде ред да се зема сепак многу и да им остане.
Уф, колку искрено им се изжали на пријателите од Београд за клетите Ката, Фатиме и Ленче кои, види вака, во неговиот пашалук се дрзнале да станат златни рипки на „криминалецот“ Заев. Тоа дека СЈО е и негов избор и со негов потпис го рипна. Не ги рчна ни странците ни чадорот де, како што им вика да ја викаат Америка неговите медиумски перјаници. Пројектот е изгледа он ко роден лицемер да глуми финоча со нив а да им ги згне тој пројекат да го туркаат по дома изветвените медиумски пит-бултериери а по амбасадите лутиот и храбар бре. брате Хорхе.
Но чинам дека тие финти му се прочитани, предлого ги прави, цела деценија, ееееј. Да не беше, ете интервјуто тажалка за „Политика“, нема да знаевме дека домашните непријатели му предизвикувале душевна болка оти му ширеле дека се ближел денот кога ќе побегнел од Македонија. Брееј, а он пак ќе победел и пак ќе ја препородувал земјата, само да ги решел златните рипки од СЈО. Е сега, ако пројектот ПОБЕДА зариба, ако ја здувне, тоа не се важи.
Што да не, Москва е убава, велат од вилите за побегуљи во луксузната московска елитна населба Барвиха чинам се вика, имало и наши што им продал Путин за недај боже ако им притреба. Да, да, таа била населба која е за рангот на такви како нашиов Луј, и се разбира, лепша половина. Па што да не, таму е Марко, синот на Милошевиќ, таму е оној Кариќ и кој знае уште колку побегуљи пуни ко брод. Ем ќе си вртат бизниси со украдените милијарди, ем жените и мамите ќе си пијат кафе и ќе си раскажуваат како веома поштено се обогатиле а хуманиот Путин ги засолнил.
Но да не им кобам, не знам гатачката Кети најдобро ќе знае кога ѕвездите ќе бидат наместени за ТУТАЊ оти на ВМРО раката видовме, долга е да, ама иде време и за раката на рипката Ката. Ние топтан, чинам, сите во државава една деценија сме ЗЛАТНИ КЛЕНОВИ за Луј и фамилијата, лапнавме се што ни сместил и ни мести. Го разбирам и што оди до крај. И на неговите, колку и да се фанатици и колку и да ќариле од тоа шо им потфрлале, јасно им е дека, што би рекол Ставревски, ЛУДАЦИ СМЕ, забегано е до даска.
Ете така, кога го читав тажалката интервју за Политика, нашиов Луј фактички се жали што можеби веома скоро ќе не може повеќе да дупчи и соголува 1 и пол и нешто кленови кои цела деценија му беа негови и златни.
Да, да, јас сум оптимист, тоа време е на истек, се помалку ќе има кленови а повеќе ќе има рипки, а во таква бара ЛУЈ и братијата тешко ќе плива. Колку и да скока, јас сум некако уверен дека и самиот знае дека гатачката Кети или специјалката Ката ќе му каже дека од него пак ВОДАЧ не бидува. Е сега, дали ќе му остане се што успеал да „заработи“ сработувајќи не нас дека живее во стан на мама, ќе видиме од раката на Ката.
И така, ние ќе си се пребројуваме колку сме Кленови, кои станале сомови од дружбата со фамилијата и се разбира, ќе си живееме во сиромаштијата на која навикнавме, оти на крај толку и не бивало да се избориме со нив за нас. Белким ќе извлечеме поука оти и претходните, ама пак последниве 10-тина години ЛУЈ и Команданти не веслаа и не одржуваа на сламка за да имаат од кој да цицаат. Моменталново ЛУДИЛО, чинам, и тоа е уште еден веома врло перфиден пројекат на фамилијата кон својот народ. Викај преговараме, правиме реформи, уа шарени и соросови орди, купувај денови и кради до бесвест се што има да се докраде, оти апашите по правило, немаат насит.
Знам, не уморија, многу мои пријатели ме убедуваат дека од овие тешко ќе имало спас, ама на се има крај. Мене, не гатачката Кети, оти не ја познавам, туку мојот инстикт некако ми кажува, тепачката на ЛУЈ и бандата околу него да ги преживее бомбите и златните рипки од СЈО, колку и да не плашат милијардите што ги здрпаа, нема да му успее. Ќе мора да го остави Мерцедесот во гаражата на Илинденска број 2, веројатно ќе му останат Мајбахот цвикери. А другото, е тоа сосе џабалк плацевите на Водно и бог те пита што уште не, редно е да ни ги врати, за да крпиме крај со крај по цунамито што не задеси.
А тажалките интервјуа, не знам СЈО, златни рипки на Заев, чадори странски, соросови орди, се тоа се приказни за мали деца но и за кленови какви што бевме 10 и кусур години. Го разбирам, ем бил глумец во обид, ем боксер, нашол бавча за орање и не изора. Кој сака нека верува, ама тврдам, иде времето на она дека била долга раката на ВМРО, дека за вакви кобајаги вмровци подолга ќе биде раката на Ката. Редно е, и тука не помага ни гатачката Кети, која впрочем, велат ја снемало по појавувањето на снимката како му гата на, како што го вика ПРЕТСЕДАТЕЛЕ. Кутрата, не видела во куглата дека додека таа му гата тој си ја снимал на телефон за да си ја преслушува, и така нејзините претскажувања станаа славни.
Во следното тажење за „Политика“ можеби ќе се одважи да раскаже кој е рецептот да се продаш дека си пастир а да живееш како ЛУЈ. Тоа би било врло интересантно, има претпоставувам многу многу и интересни, пикантни и шокантни работи кои ние кленовите би било добро да ги слушнеме.
Ацо Кабранов
http://www.libertas.mk/zlatni-klenovi-na-luj-hhi/
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
reiter напиша:
ва со СЈО, златни рипки на Заев, да бидам искрен ме насмеа ама и ме збуни. Кутриот наш Луј, почна и по странство да цимоли. Пастирот, пардон, нашиот Луј (не му личи пастир, во заблуда сме биле оти колку знам пастирот оди гол и бос со прачка, овој нашиов и со автомобил и со цвикери Мајбах), отишол да клевети во Брисел, а нели тоа беше пројекат на плачливата опозиција. Сирот, се среќавал со пријатели и им ја објаснувал штетата од политичката криза што, ете така, клетата опозиција и, како што ги вика ордите на Сорос „ничим изазвани“ и ја правеле на државата.
Ок, така е, стаорец фатен во стапица рипа и се треска во факот за да најде дупка да излезе. Туку ни МИА ни Београдска Политика не ни кажаа, им се доверил ли нашиов на странските пријатели дека политичкава криза ептен му е погодена за апашаана до даска. Да, да, додека не замајава со тргни застани преговори, „пречесниот“ топтан со фамилијата, се разбира, реализира врло веома (Бетке фала, генијално е) пројекат со работен наслов ДОКРАДИ СЕ што останало па ако дојде ред да се зема сепак многу и да им остане.
Уф, колку искрено им се изжали на пријателите од Београд за клетите Ката, Фатиме и Ленче кои, види вака, во неговиот пашалук се дрзнале да станат златни рипки на „криминалецот“ Заев. Тоа дека СЈО е и негов избор и со негов потпис го рипна. Не ги рчна ни странците ни чадорот де, како што им вика да ја викаат Америка неговите медиумски перјаници. Пројектот е изгледа он ко роден лицемер да глуми финоча со нив а да им ги згне тој пројекат да го туркаат по дома изветвените медиумски пит-бултериери а по амбасадите лутиот и храбар бре. брате Хорхе.
Но чинам дека тие финти му се прочитани, предлого ги прави, цела деценија, ееееј. Да не беше, ете интервјуто тажалка за „Политика“, нема да знаевме дека домашните непријатели му предизвикувале душевна болка оти му ширеле дека се ближел денот кога ќе побегнел од Македонија. Брееј, а он пак ќе победел и пак ќе ја препородувал земјата, само да ги решел златните рипки од СЈО. Е сега, ако пројектот ПОБЕДА зариба, ако ја здувне, тоа не се важи.
Што да не, Москва е убава, велат од вилите за побегуљи во луксузната московска елитна населба Барвиха чинам се вика, имало и наши што им продал Путин за недај боже ако им притреба. Да, да, таа била населба која е за рангот на такви како нашиов Луј, и се разбира, лепша половина. Па што да не, таму е Марко, синот на Милошевиќ, таму е оној Кариќ и кој знае уште колку побегуљи пуни ко брод. Ем ќе си вртат бизниси со украдените милијарди, ем жените и мамите ќе си пијат кафе и ќе си раскажуваат како веома поштено се обогатиле а хуманиот Путин ги засолнил.
Но да не им кобам, не знам гатачката Кети најдобро ќе знае кога ѕвездите ќе бидат наместени за ТУТАЊ оти на ВМРО раката видовме, долга е да, ама иде време и за раката на рипката Ката. Ние топтан, чинам, сите во државава една деценија сме ЗЛАТНИ КЛЕНОВИ за Луј и фамилијата, лапнавме се што ни сместил и ни мести. Го разбирам и што оди до крај. И на неговите, колку и да се фанатици и колку и да ќариле од тоа шо им потфрлале, јасно им е дека, што би рекол Ставревски, ЛУДАЦИ СМЕ, забегано е до даска.
Ете така, кога го читав тажалката интервју за Политика, нашиов Луј фактички се жали што можеби веома скоро ќе не може повеќе да дупчи и соголува 1 и пол и нешто кленови кои цела деценија му беа негови и златни.
Да, да, јас сум оптимист, тоа време е на истек, се помалку ќе има кленови а повеќе ќе има рипки, а во таква бара ЛУЈ и братијата тешко ќе плива. Колку и да скока, јас сум некако уверен дека и самиот знае дека гатачката Кети или специјалката Ката ќе му каже дека од него пак ВОДАЧ не бидува. Е сега, дали ќе му остане се што успеал да „заработи“ сработувајќи не нас дека живее во стан на мама, ќе видиме од раката на Ката.
И така, ние ќе си се пребројуваме колку сме Кленови, кои станале сомови од дружбата со фамилијата и се разбира, ќе си живееме во сиромаштијата на која навикнавме, оти на крај толку и не бивало да се избориме со нив за нас. Белким ќе извлечеме поука оти и претходните, ама пак последниве 10-тина години ЛУЈ и Команданти не веслаа и не одржуваа на сламка за да имаат од кој да цицаат. Моменталново ЛУДИЛО, чинам, и тоа е уште еден веома врло перфиден пројекат на фамилијата кон својот народ. Викај преговараме, правиме реформи, уа шарени и соросови орди, купувај денови и кради до бесвест се што има да се докраде, оти апашите по правило, немаат насит.
Знам, не уморија, многу мои пријатели ме убедуваат дека од овие тешко ќе имало спас, ама на се има крај. Мене, не гатачката Кети, оти не ја познавам, туку мојот инстикт некако ми кажува, тепачката на ЛУЈ и бандата околу него да ги преживее бомбите и златните рипки од СЈО, колку и да не плашат милијардите што ги здрпаа, нема да му успее. Ќе мора да го остави Мерцедесот во гаражата на Илинденска број 2, веројатно ќе му останат Мајбахот цвикери. А другото, е тоа сосе џабалк плацевите на Водно и бог те пита што уште не, редно е да ни ги врати, за да крпиме крај со крај по цунамито што не задеси.
А тажалките интервјуа, не знам СЈО, златни рипки на Заев, чадори странски, соросови орди, се тоа се приказни за мали деца но и за кленови какви што бевме 10 и кусур години. Го разбирам, ем бил глумец во обид, ем боксер, нашол бавча за орање и не изора. Кој сака нека верува, ама тврдам, иде времето на она дека била долга раката на ВМРО, дека за вакви кобајаги вмровци подолга ќе биде раката на Ката. Редно е, и тука не помага ни гатачката Кети, која впрочем, велат ја снемало по појавувањето на снимката како му гата на, како што го вика ПРЕТСЕДАТЕЛЕ. Кутрата, не видела во куглата дека додека таа му гата тој си ја снимал на телефон за да си ја преслушува, и така нејзините претскажувања станаа славни.
Во следното тажење за „Политика“ можеби ќе се одважи да раскаже кој е рецептот да се продаш дека си пастир а да живееш како ЛУЈ. Тоа би било врло интересантно, има претпоставувам многу многу и интересни, пикантни и шокантни работи кои ние кленовите би било добро да ги слушнеме.
Ацо Кабранов
http://www.libertas.mk/zlatni-klenovi-na-luj-hhi/
dal da se smeesh ili da plachesh ...interesno ...mnogu jaka konstatacija ...ovoj apash nemoze da bide pastir ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
За сите избори
наогате маана !
Тоа значи дека
бегате од избори !
Вие сакате власт
но на нелегитимен начин ?!
Е тоа нема да ви дозволиме !
наогате маана !
Тоа значи дека
бегате од избори !
Вие сакате власт
но на нелегитимен начин ?!
Е тоа нема да ви дозволиме !
Kalinda- Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28
Страна 18 of 42 • 1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 30 ... 42
Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 18 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот