Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 30 of 42 Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 36 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino Саб Апр 04 2020, 12:25

Citajte covekot e sto posto vo pravo.

Државна администрација (Live)

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

https://m.mkd.mk/kolumni/drzhavna-administracija-live

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by SHARENI Пон Апр 06 2020, 12:20

ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР ИЛИ АНТИДРЖАВЕН ЕЛЕМЕНТ?
05/04/2020 | Авторски, Колумни

Што се однесува, пак, до мерките кои ги предлага опозицијата за помош на граѓаните и фирмите во новонастанатата состојба во државата, како на централно така и на локално ниво, нема што многу да се коментира. Оти, кога со предлозите се бара укинување или ригорозно намалување на основните приходи од кои се финансираат државата и локалните самоуправи, тоа, освен што е најобичен популизам, во случај на усвојување на предлозите би значело тотален крах на државните и локалните институции и, воопшто на државата.

Сепак, во еден случај предлогот на опозицијата може да биде применлив. Имено, Владата може да прогласи мораториум на сите даночни и финансиски обврски на правните и физичките лица за период од една година, а државата повторно да функционира како ништо да не се случило! Како? Едноставно: во арамиското гнездо наречено „бела палата“ да се соберат сите лопужи од ДПМНЕ кои 11 години ја пљачкаа државата, при што „солидарно“ ќе вратат дел од украдените пари, во висина на 3.9 милијарди евра, колку што изнесува државниот буџет за 2020 година. А што пари се тоа за арамиишта од нивен калибар?

Celata kolumna od Zoran Miloseski na linkot.

https://www.publikum.mk/opozicziski-lider-ili-antidrzhaven-element/?fbclid=IwAR0D35J0-8zF-u5yVrmBcWV4x_STnNn-6veTefapJ6q-dG_zPvBBRVrlGl4

SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Апр 12 2020, 19:55

Географска карта на карактерите

Ковид-19 е психопат. Сериски убиец. Најмногу убива стари луѓе. Иако знае да изненади. Сепак, колку што е психопат, толку е генијалец. Нешто како Ханибал Лектор. Проблем е што не знаеме дали е човечко суштество или вештачка интелигенција. Како и да е, кога тој почна да убива, наеднаш ни се покажа кој каков карактер е.
Човекот наречен Обединети Нации е чуден човек. Поточно кажано, изгубен човек. Тука е, ама како да не е. Или тука е, ама сеедно што е тука. Најчесто го нема. Понекогаш ги шета своите пердуви по улици. И никој нема никаква корист од тоа. Мислевме дека Ковид-19 веднаш ќе го убие, ама па сфативме дека одамна е мртов. Жив, а мртов.
Европската Унија е лош човек. Себична жена. Под брендираната гардероба и претераната шминка, лицемерството не може да се скрие. Нешто слично како елитна проститутка што добро плаќа да ја рекламираат за светица. Откако Ковид-19 ја започна својата убиствена мисија, ене ја дреме на Инстаграм, става слики од себе, пишува трактати за својата хуманост и солидарност, која во реалноста не може да се види. Многумина добро знаат дека под скапата брендирана гардероба живее празнотијата.


НАТО е силеџија. Со американски жаргон кажано, обичен були. Набилдана битанга без мозок. Тепа само послаби од себе. Знае со години да ги малтретира додека не полудат. Ама кога ќе дојде нешто посилно, макар тоа бил и невидлив психопат како Ковид-19, НАТО се крие во зајачка дупка. Се крие, ама на социјални мрежи се расфрла со објави. Јас ќе помогнам, сега ќе види Ковид-19, сите ние заедно ќе удриме по него. Тоа се само зборови. Дела нема. Кога ќе заврши ова, НАТО повторно ќе излезе на улица. Да тепа послаби.
Соединетите Американски Држави се силна, ама подвоена личност. Еден вид шизофреничар. Како во еден човек да сте ги затвориле Марк Твен и Чарлс Менсон. Или Џером Селинџер и Хенри Кисинџер. Проблем е што секогаш психопатот го задушува генијот. Додека насилникот го шири своето зло, добриот дух е толку исцрпен што заборава да вложува во сопствениот имунитет.
Русија е слична во својата подвоеност, ама кај овој карактер се судираат духовноста и страста, лудилото и генијалноста. Овој затворен карактер е непредвидлив. Може да покаже крајна незаинтересираност, не е паметно да се доведе во агресивна состојба, ама кога треба, пружа рака, се солидаризира, помага. Со Ковид-19 се тепа одлично, ама истовремено не се расфрла со самобендисаност.
Кина е мистерија. Отсекогаш е мистичен карактер, до кој тешко се допира. Во овој човек живеат митско суштество и совршена машина. Беше прва жртва на Ковид-19. Претрпе силни удари, ама не писна. Се затвори во себе, го активира својот имунитет и го победи психопатот. Сега им помага на други, ама истовремено си прави пат и да завладее со нив. Без насилство. И секогаш така.
Велика Британија е ладнокрвно копиле. Има гадна смисла за хумор. Нема проблем да го пушти убиецот дома. Ладнокрвно прима удари. Дури и паника кога ја фаќа, во неа има цинизам и црн хумор. Сигурно ќе преживее и нема многу да страда. Веќе има скроено план каква корист да извлече од психопатот.
Германија е жива машина. Војнички карактер. Сеедно што низ историјата правела срања пострашни од оние на Ковид-19, нејзиниот имунитет секогаш одново воскреснува, затоа што во машината вистинските шрафови се на вистинско место. Најдобро ќе се справи со агресијата на психопатот, сеедно што овој ќе ја напаѓа силно. Франција, вообичаено, повеќе мисли како да се облече за во болница, отколку какви услови има во болницата. И кога страда, ќе се обиде тоа да го поднесе шармантно. Од тепачката со психопатот ќе излезе осакатена и прво што ќе направи е од раните да создаде моден тренд.
Трите сестри со викиншка крв, Норвешка, Шведска и Данска, поради климатските услови во кои живеат, изградиле суров и силен карактер. Кога над глава ти е облачно, а под нозе газиш снег, не се потресуваш многу околу некаковси психопат. Ќе јадат ќотек, ама нема да врескаат. За разлика од нив, кутрите убавици Италија и Шпанија лошо ќе поминат. Нивната страсна и врела крв нема имунитет. Ќе разберат дека во нормални услови сите им се восхитуваат на убавината, ама во опасност ги забораваат. Така е тоа со убавите луѓе. Додека се ужива во нив, секој ги посакува, кога убавината ќе ја нападне зло, сите вртат глави. Затоа ќе мораат да поработат на својата духовност. Силна духовност го прави и телото здраво.
Што да се каже за Иран? Стар, древен карактер. Старо тело. Психопатот силно го напаѓа, го тепа и сакати. Ама Иран трпи и се бори, не плаче, не лелека.
На клиниката Балкан се згрижени разни карактери. Нема да навлегувам во детали. Словенија отсекогаш била затворен карактер, нежна ама способна да се справи со проблеми. Зашто има план. Хрватска е во слична душевна и телесна состојба. Србија е брлива, па и кога гине, се смее и будали. Босна и Херцеговина уште нема здравствен картон, Црна Гора има имунитет на горштак. И така стигнуваме до Македонија. Пациентка во коматозна состојба. Нема имунитет. Со психопатот се соочува откако помина гетоизација, конц-логор и гасна комора, каде што и ги согореа и имунитетот и идентитетот. Чека да ја закачат на респиратор, ама го бара тоа од себични и силеџиски карактери. Ако преживее, тоа ќе биде само божја волја и промисла. Оти сама нема капацитет да се лекува, а оние што чека да ја спасат, всушност ѝ го убија имунитетот.
За крај една моја приказна. Пред два дена ми беше испратена.
Старецот всушност е средовечен маж. Веќе неколку години, со својата молитва лекува луѓе од секакви болести. Во манастирот доаѓаат многумина за да ги лекува. За разлика од него, Моќниот е бог на материјалното. Тој поседува пари и знаење. Но сета негова моќ и популарност, за еден миг ги сруши непознатата болест што го нападна. Го потроши сето богатство за да се излечи. Не успеа. И бидејќи човек во смртен час се фаќа за сламка, пријателите го убедија да отиде кај Старецот.
Во манастирот не чекаше долго. Старецот излезе со стап во раката. И веднаш почна страшно да мава по Моќниот. Го удираше додека овој не падна во несвест. Старецот го ставија во затвор, а Моќниот го хоспитализираа. Во болницата констатираа дека нема трага од неговата болест. По излегување, Моќниот го употреби своето влијание, па го ослободија Старецот. Сакам да знам како ме излечи, му рече на Старецот кога се сретнаа. Бог те излечи, му рече Старецот, јас само те тепав.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Нед Апр 12 2020, 20:36

Koj predavnik od dpsmne go napishal ova? Spomnal li deka dpsmne ovcite se psihopatot so koj Makedonija se soochuva i deka tochno tie masovno dadoa poddrshka za prikachuvanje na Makedonija na respirator? Potochno deka dpsmne e glavniot psihopat koj ja donel vo taa sostojba.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Апр 27 2020, 20:11

ЈАНЕВСКИ: Дали сте нормални, ненормални едни?

Дарко ЈАНЕВСКИ
Владата, односно Оливер Спасовски, најавија одлука за можно отворање на училиштата и градинките од средината на мај. Супер идеја. Со оглед на тоа што сме шампиони меѓу сите околни држави по бројот на заразени на еден милион луѓе, со оглед на тоа што сме шампиони и по бројот на починати на еден милион жители од вирусот, со оглед на тоа што сме во топ листата на Балканот (ако под Балкан ја подразбираме и Словенија која единствено не „тепа“, ама тука сме негде), со оглед на тоа што „Блескаме“, со оглед на тоа што досега ниту еден пациент не е вратен назад откако е ставен на респиратор, со оглед на тоа што прво воведовме полициски час, а после носење маски, со оглед на тоа што илјадници пензионери ги ставивме еден врз друг пред банки и шалтери, со оглед на тоа што инспектор утврди дека министерот за образование (таму белким анализираат за враќање на децата во клупи, нели?) иезаконски станал доцент (што во Македонија рака на срце е најмал грев, па топло се надевам дека Адеми еден ден според капацитетите ќе биде и декан на Правниот факултет во Скопје, а Катица и Фатиме продекани и ќе го кренат нивото на овој извор на неписменост во Македонија), со оглед на тоа што…, накратко кажано, со оглед на тоа што, еве повторувам, навистина „Блескаме“, секој ден, во секој поглед и на секое поле, последно што остана е да ги вратиме децата на училиште. Со гаранции од „гушни го Филипче“ дека децата нема да се заразуваат. А и да се заразуваат, нели, голема работа, деца се тоа, ќе им помине како на кутриња.
Е сега, тоа што ќе го пренесат вирусот дома на баби, дедовци, на родителите, на браќа, сестри… тоа и не е толку битно, зашто така ќе стекнеме колективен имунитет. За тоа не се зборува, ама тоа се прави. Пссст, да не не чујат… Ќе го стекнат сите, освен тие кои нема да го стекнат. И ќе умрат. Главно стари и хронично болни. И дебели и по некој млад. Кој бил здрав, ама криел дека не е здрав. Но, ако може една Шведска да жртвува 2 000 Швеѓани, а Швеѓаните се фин народ, културен, не се сељачишта, тогаш можеме и ние да умреме неколку стотини стари и хронични, кои и онака само им прават проблем на „Гушни го…“ и на оној вмровецот од Австралија кој сега ни го води Фондот за здравствено. А, таман добро им тргни – тендерчиња, Диамед, директори… Муртинска идила. Седиш, гледаш во зелено, пиеш кафе, азното само си иде. И по некое полче за шарените демирхисарци. На кои фала Богу, еве гледаме и пола вмровчишта, што бивши, што сегашни, да ми ти биле нивни ортаци.
Патем, со оглед на тоа што за овој вирус не се знае многу, не се знае ни за неговите мутации, не дај Боже, може да отиде „курбан“ и некое дете, ама сето тоа сфатете го како инвестиција во знаењето. Зашто знаењето е сила, знаењето е моќ. Едно време, за децата се носеа компјутери. Ама тие беа кинески, но ете и вирусот е кинески, така што му доаѓа на исто. Плус, ќе се заштеди. За компјутерите се плаќаа пари, се правеа бизниси, разни шутрци Грујо ги напрви милионери, а вирусот е бесплатен. Не чини ништо. Ја приметувате разликата?
Плус, можеби наставата ќе биде скратена, па децата бргу ќе одат на распуст. Но затоа е тука први септември, после доаѓа октомври, а тогаш децата и онака се разболуваат од обичниот грип, па што ќе фали ако малку имаме и корона. Впрочем, еве епидемиолозите велат дека секој од нас има по некоја корона. А еден научник од Холандија вели дека ако земете примерок од секој мртов, кај 45 отсто од нив исто ќе најдете корона. Така што, за бадијала ли сега да правиме врева?
Патем, кога може Шведска да го шири вирусот, можеме и ние. Нема да чини ништо ако почнеме да го раснеме и во саксија. Не дека великите од ЕУ – Италија, Шпанија, Франција, Холандија… убаво поминуваат, ама и да не е така – децата има да одат на училиште. Штом во ЕУ ќе се отвораат училиштата, мора и ние. Оти ЕУ е тоа, не е играчка. Исто како и Белорусија. Вирусот се воведува и укинува со декрет. Плус, нема да им биде ништо од малку „спартанска школа“. До есен, рана или доцна сеедно, ќе увеземе и нови респиратори, а дотогаш можеби ќе имаме среќа и некој пациент ставен на респиратор да вратиме во живот, така што се ќе биде како што треба.
Плус, не е нормално да не почнеме школска година (да не ги заборавам и градинките) со нови учебници на кои на секоја насловна ќе стои дека се учи на „мајчинот“ јазик, па со тоа ќе трчаме кај Жбогар да се пофалиме. И да му кажеме дека после доброто чистење на ќебињата од вошки, со чешлиња купени на Бит Пазар, ама на дистанца од продавачот, сега успешно ја минуваме и втората лекција. Или поглавје.
Се разбира, нема да си играме мајтап со препораките: децата секако ќе седат на два метра раздалеченост. и тие од градинките ќе си играат на два метри раздалеченост. Манчевски кој ја намали администрацијата во овие три години, ќе вработи по уште еден во секоја училница кој ќе мери дали двата метра се два и или некој сантиметар помалку, а може ќе се најде работа и за Макрадули со некој апарат од Вухан да ја мери загаденост по училниците, оти и тој го реши проблемот со загадувањето… Плус по еден кој ќе ги носи децата по тоалетите, кои по училиштатата во кои се учи на мајчин јазик не мирисаат, туку корнат. Ама и тоа е во рамки на стекнување навика. Кога ќе се научиш на корнењето, после тоа не ти корне. Па уште по еден кој ќе ги носи децата на јадење, со метрото во раце, разбира се. Тука се и сапуните кои како родители сами си ги купуваме, а рака на срце така било отсекогаш, зашто за политичарите од земјата во која се учи на мајчин јазик, миењето раце секогаш било луксуз и, нормално, мерачите на миење раце во време не помалку од 30 секунди. И откако сите 30 деца кои се на два метри раздвоеност ќе ги измијат рацете, секое по 30 секунди, ќе го чуете првиот глас: Наставничке, јас го допрев носот на…!
Нормално, сега некој ќе мрчи, што би рекол Чекичот, и за средства за дезинфекција, ама ние тоа можеме да го решиме и со ефтината солна киселина и со варакина. купена поефтино од КАМ. Не мора сега кај нас се да биде скапо.
Се разбира, не треба сега да се претерува и да се бара една стратегија за школството до септември, друга за од септември, трета за…, која би се базирала на појдовната точка дека според сите податоци, во Македонија 80 отсто од семејствата живеат во заедница на стари и млади. И дека, еве дури и да употребиме купонче од Нина Групер (патем, таа ни е министер за финансии, да не заборавиме, како што Мила Царовска ни е вицепремиер за економски прашња), па удриме со попуст, пак ќе дојдеме до тоа дека барем половина од семејствата се со три генерации во ист дом. Посебно надвор од Скопје. Добро, сега, некои се родени со Гучи и Луј Витон, други со Фонд за иновации, трети со амбасади, четврти со фабрика украдени од татковците им во времето на Бранко бурето од Слатино, ама другата сељачана главно живее така.
Но, како што рековме, со тие луѓе, старите и хроничните, и онака имаме проблем: сакаат пензии, сакаат лекови, одат по болници, па лежат, прават гужви по аптеки со оние државните рецепти, па финото и културно граџанство имуно на Ковид 19 и на неговите мутации мора да чека… Да не зборувам дека фаќаат пневмонија и од обичниот грип, па ќе треба плус тестови да се за да се разграничи што е што…Е, сега проблем е малку што тестови ги „зајеба“ Максо, „курва проклета“, па „час је бил позитиван, час негативан“, наместо да гледа на Јутуб оние видеа кои велат дека стално треба да си „позитиван“, ама да не „заборивимо“ дека тестови ги „Заева“ уште онаа жената која два пати им беше негативна, па откако умре кутрата, најдоа дека е позитивна, па беше оној лекар од Битола, кој во една недела беше негативен, па позитивен, па негативен, или така некако… ама тогаш уште бевме во фаза на штампање на стикери со „Филипче Супермен“ и насловни со Филипче кој стана свети Ѓоргија, па ја убива короната.
Ама пак, од друга страна, ние не приметивме на време дека имаме 37 000 грипосани оваа година, за разлика до 20 000 лани, па сега за идната есен ќе бараме разлика меѓу грип и корона… Ајт ви се молам. Кој ќе му ја мисли сега на тоа кога во меѓувреме, уште не сме ги потрошиле лубрикантите за милион евра, што само по себе е мака плус.
Така што ич да си немате гајле. Вратете ги децата во клупи, а од мај тие што ќе умираат не мора да ги водите дека се од корона. Пиши нешто друго. И немој да мислите за тоа што ќе правиме од есен, оти да знаевте да мислите за нешто друго освен за тендери, е тогаш тоа другото навистина друго ќе беше. И не заборавајте со време да ги впрегнете загарите, медиумски да ви подготват терен. Заедно со троловите што ги имате по фејсбук и твитер. Се што треба да се направи е да се каже дека веќе нема вирус. Људи умирев и без њума.

https://denesen.mk/janevski-dali-ste-normalni-nenormalni-edni/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пон Апр 27 2020, 20:46

Shto si go postiral ovoj, gledash deka saka da te drzhi vo karantin do smrt.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пон Апр 27 2020, 21:24

Интервју на бугарскиот премиер Бојко Борисов за Сител.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Апр 28 2020, 08:37

Еве два одговора, еден од Македонија, еден од пријателска Хрватска на интервјуто со поддршка на политиката на Ванчо Михајлов, претставувана од Зоран Заев за Македонија без Македонци.

https://expres.mk/dzhambazov-so-urnebesna-imitacija-na-borisov-pet-neshta-koito-obicham-od-makedonija-video/
https://expres.mk/kalogjera-me-razveseluva-bugarija-so-nebulozite-za-makedonskiot-jazik-malcinstvoto-i-istorijata/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Апр 28 2020, 08:48

Teo напиша:Shto si go postiral ovoj, gledash deka saka da te drzhi vo karantin do smrt.
Ајде да не остане неодговорено. Карантин додека не станеме спремни за однесување со присутен вирус или додека не се пронајде лек или вакцина. Може да се разговара и преку маска и на растојание од два метри, но за жал тоа во Македонија не го применуваат ни возрасните. Дали може 30 деца да потрошат по 30 секунди за да ги измијат рацете во едно училиште и во време на голем одмор. И сега учениците сами купуваат течен сапун наместо да го има во училиштата и градинките. Што да кажам за момчето што сите го бранеа кога беше уапсено кога со куче наводно се враќало од кај другар во време на полициски час, што зевчера беше уапсено во правење на истиот прекршок без куче и во време кога не дозволено ни шетање на миленикот. Поради такви последици има и за нормалните граѓани. Инаку да се сите нормални нема да има потреба од полициски час, освен можеби во жаришта какво што беше Дебар и Центар Жупа. За жал не се.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Сре Апр 29 2020, 10:28

C c c, shto ubavo si ja odbranil glupokjata na Janevski glupo prefrlajki ja vinata vrz narodot. No vie vanchemihajlovistite ste ekspserti za lazhenje i manipulacii pa voopshto ne sum iznenaden, duri ni od toa shto vasheto vanchemihajlovistichko deluvanje se obiduvash da mu go pripishesh na SDSM i Zoran Zaev.

SDSM ne otvori kulturen klub narechen po vashiot najslaven lider Ivan Mihajlov, klubot go otvori vsmro dpsmne.

Zoran Zaev ne se gushka so osnovachite na klubot Ivan Mihajlov, Mickoski se gushka.

Интервјуа и колумни - Page 30 Img_2213

Zoran Zaev ne go stavi na lista na pratenici prviot drugar na osnovachite na klubot Ivan Mihajlov, Mickoski go napravi toa.

Интервјуа и колумни - Page 30 Img_2214

Koga kje gi iskluchite Mickoski, Miloshoski i nivnite drugarchinja osnovachi na klubot Ivan Mihajlov kade redovno gostuva Karakachanov da ve osvestuva shto bile makedonskite revolucioneri i shto ste vie vsmro dpsne ovcite?
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Nebula Сре Апр 29 2020, 23:29

Koga ke vidis vakvi blesavi sto si skokaat vo grlo i te praat budala krivo ti e za vremeto sto si go potrosil da gi citas bljuvotinite. Spored Dzaferi svikuvanjeto na sobranieto bi bilo puc ama za blesaviot pisatel puc bilo potpisuvanje peticija za svikuvanje na parlamentot. Utre ako nekomu mu tekna da sobira potpisi za menuvanje na ustavnoto ureduvanje od republika vo monarhija blesaviov toa bi go proglasil za rusenje na ustavniot poredok vo obid.

Интервјуа и колумни - Page 30 Img_2069

Интервјуа и колумни - Page 30 Img_2070

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Albatros Чет Апр 30 2020, 09:08

Avtorot citirajki go digitalniot recnik na makedonskiot jazi svesno ja promenil definicijata za puc. Ottamu celokupnoto negovo pisanie se temeli na nevistina.

Интервјуа и колумни - Page 30 Img_2059

Albatros

Број на мислења : 851
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Апр 30 2020, 09:44

Кај нас многу лесно се потегнува по некои зборови. Ниту имаше обид за пуч на 27 април 2017 година, затоа што никој не се обиде на било кој начин да формира нешто во врска со власта. Од историска дистанца народот што протестираше беше во право затоа што делата промена на името и идентитетот со договорите со Грција и Бугарија и Тиранската платформа подоцна се спроведоа од страна на власта што избра претседател на Собрание со помалку од 61 глас. Да не се разбереме погрешно. Не реков дека Македонците што ја сакаат северна наместо Македонија без додавка и подржуваат двојазичност имаа нешто против во најголем дел и сега актуелната власт иако имаме техничка влада, туку за тие што протестираа. Но не се обидоа да формираат ново Собрание или нова влада, па да може да зборуваме за пуч.
Што се однесува до Собранието тоа е распуштено. Ништо чудно во Македонија како земја на чудата да му текне на некој поранешен состав на Собранието да побара свое политичко воскресение. На пример претходниот состав да се обрати до Трајко Вељановски и да побара свикување на седница. Распуштено Собрание е распуштено, без разлика дали тоа се случило пред неколку месеци или неколку години. Овој состав и така е чуден и не ја спроведува волјата на гласачите. Никој не гласаше за Крсто Мукоски за да овој потоа го продаде името и идентитетот со своето гласање. Всушност ниту една партија, ниту антимакедонската СДССМ не понуди во својата изборна програма промена на уставното име и еден куп други работи. Останува да ја трпиме власта ваква каква што е додека не помине короната, па да избереме нова. Не знам дали ќе останат пратеничките листи од изборите што требаше да се одржат во април. Би посакал поголем избор со јасно изразени ставови по најважните национални прашања, обидите за бугаризација и албанизација на државата. Економија и така повеќе немаме. И тоа нешто што го имавме СДСМ со помош на короната успеа да го урне.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Мај 04 2020, 08:34

КОЛУМНА НА АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ: Гоце е Бугар, колку што Ангела Меркел е внука на Aдoлф Xитлep

Се помалку и помалку луѓе веруваат на зборовите на западните владини претставници, и за тоа никој друг освен самите тие не може да биде виновен. Прво, поради тоа што самите тие го збунуваат нивниот аудиториум со пораки кои се неконзистентни, а се дисеминираат од час во час. Пораките кои претставниците на западните „демократии“ ги испраќаат во врска со КОВИД-19 се толку различни бидејќи токму овие светски политички актери ја потценија интелегенцијата на нивните граѓани, што пак се покажа како кардинална грешка. Притоа, тие претпоставуваат дека публиката која ги слуша ваквите пораки автоматски ќе заборави за одговорноста во врска со дезинформирањето на популацијата, ако нивните грешки се обидат да ги покријат со се погласното обвинување на Кина за ширењето на коронавриусот.
Европкиот Сервис за надворешни работи, поточно дивизијата за стратешки комуникации, неодамна објави извештај во кој се обвинува Кинеската влада за агресивно ширење на дезинформации во врска со КОВИД-19 преку социјалните мрежи. Портпаролот на Кинескиот министер за надворешни работи Генг Шуанг пак, во целост ги отфрли ваквите обвинувања, додавајќи дека „Кина се спротивставува на креирањето и ширењето на дезинформации од било кој индивидуалец или организација. Кина е жртва на дезинформациите, не иницијатор“.
И овој пример со Кина го портретирам не затоа што нашата иднина или судбина зависи од тоа како ќе ја перцепираме оваа далекоисточна земја на мудроста, туку затоа што на бранот на „дезинформации“ и „лажни вести“, Европската Унија веќе трета година замижува пред се почестите прекршувања на човековите права и слободи и во Македонија.
Само во Македонија, објавување на документ кој обелоденува криминал на премиер на држава за можна вмешаност во криминална рекетарска шема може да биде казниво дело. Секаде во Европа, тоа е акт на херојство. Но, и покрај документот заверен од обвинителот, Европската Унија и нејзиниот претставник во Македонија ја прифатија приказната на Заевци за „лажни вести“.
Лажни вести беа дури и предупредувањата на медиумите како „Инфомакс“ но и политичките претставници кои предупредуваа дека Македонија ќе стане двојазична земја, со променето име, а македонскиот народ на пат да биде избришан од картата на нации засекогаш. Сега, гледаме дека тие „лажни вести“ биле всушност вистинити. Но, во името на Европската Унија, ние мораме да молчиме и да не кажуваме дека Јоханес Хан, Ван Хојте, Жбгоар и останата багра всушност биле лажговците.
Еве, кажете ми, како ја примивте веста дека Венко Филипче сакал да инкасира милион евра од набавка на респиратори? Како лажна вест? Како предурпедување дека вонредната состојба се користи за криминал? Како? Се лажете ли самите себеси дека гарнитурата која си ја одбравте не е толку криминална како што кажуваат критичките медиуми?
Или на пример, проверивте дали шлепери со жито се изнесуваат од државните резерви и се продаваат на Косово во услови кога со владина одлука е забранет извоз на овие добра?
Лажни вести, другари од Европа се приказните дека Гоце Делчев е Бугарин, или дека Крсте Петков Мисирков ги пишувал „Македонските работи“ како бугарски филозоф. Тоа се дезинформациите кои вие, лажговци од Брисел се обидувате да ги протнете кај Македонскиот народ, притоа, обвинувајќи го за „национализам“ и „шовинизам“. Демек, ние ги мразиме Бугарите и Албанците и затоа не признаваме дека Гоце е Бугар. Не лажговци, ние сме жртвата во овој случај, нам ни ги одземаат нашите државотворни икони.
Вака да ви предочам, како би изгледала оваа ситуација но аплицирана врз историјата на ЕУ.
На пример, ајде да ја прифатиме историската теорија дека Европската Унија е креација на Адлоф Хитлер. Да, токму тој, Хитлер. Човекот кој масакрираше милиони Евреи, Роми, Руси, Македонци, Срби….Може да прифатиме дека ЕУ е всушност Четвртиот Рајх во кој Ангела Меркел е новиот фирер?
Или на пример, да се лажеме дека Бугарите не биле фашисти? Или пак дека вие ги браните Бугарите во спорот со Македонија бидејќи тие заедно со оската биле дел од вашата историска нацифашистичка афилијација?
Затоа, кога вие ќе прифатите дека сте Четвриот Рајх, односно, дека сте наследници на фирерот Адолф Хитлер и дека сте под контрола на новиот фирер во ликот на неговата внука Ангела Меркел, тогаш и ние ќе прифатиме дека Гоце е Бугарин. До тогаш, „Бела Чао“ фашисти.

https://infomax.mk/wp/колумна-на-александар-митовски-гоце-е/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пон Мај 04 2020, 10:21

Predavnikot od nimfomaks neshto mnogu se raspishuval protiv Hitler. Verojatno dpsmne mu dale nalog da go opravda nivniot istoriski lider i ideolog Vanche Mihajlov.

Интервјуа и колумни - Page 30 Zombod24
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Мај 05 2020, 22:08

Немало тогаш Македонци од типот на Крсте Мукоски. Ниту Михајлов изгледа не бил како Зоран Заев.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Вто Мај 05 2020, 22:35

Normalno deka ne bil, Zaev e patriot koj ja vodi Makedonija napred a tvojot Vanche e predavnik koj od makedoncite so sila sakal da napravi bugari ubivajki gi pri toa site borci za makedonskata nacionalna kauza koi mozhel da gi ubie.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Мај 27 2020, 15:59

Маж од Штип хоспитализиран на нервно откако се обидел да ги сфати зборовите на Заев

Маж од Штип вчера бил хоспитализиран на клиниката за невропсихијатрија во Скопје откако се обидел да сфати што зборува екс-премиерот Зоран Заев.
Лицето според сведоштвото на неговиот најверен пријател решило внимателно да го слуша Заев, да ги запишува зборовите кои ги кажува, внимателно, еден по еден, а потоа и да ги повтори за да сфати што всушност сака да каже поранешниот струмички градоначалник. Но наместо големо откритие, штипјанецот завршил во болница.
Сакаше на некој начин да се обиде да го дешифрира Заев. Мислеше дека се работи можеби за несфатен гениј, за скриен суперинтелект, а не за човек кој има проблем да врзе една реченица без да направи грешка, па таа своја интелектуална инфериорност ја компензира злоупотребувајќи ја моќта за која би сторил се. Се сум видел во својот живот, ама ваков пациент нема никаде на свет!, ни изјави Богоја, кучето на хоспитализираниот маж, инаку од расата шнауцер, старо 11 години. Тоа низ резигнација ја раскажува голготата низ која поминал неговиот стопан.

Во суштина е доста едноставно. Ваквите профили на луѓе би сториле се за моќ, бидејќи без моќта остануваат она што навистина се – празни лејки. И за тоа не треба да си научник, не мора ниту да си човек за да сфатиш. Доволна е една лесна вежна: замислете дека Заев никогаш не бил ниту премиер ниту градоначалник на Струмица. Дали би разговарале воопшто на било која тема со него? Би сакале ли да ви е пријател? Кум? Бизнис партнер? Да му се доверите за нешто? Да му дадете пари на заем? Да купите половен автомобил од него? Не, нели? Мислам, треба да си луд за тоа. Епа, мојот газда, сега пациент, упорно сакаше да открие некоја силна мудрост кај Заев и ете како заврши, продолжува да раскажува шнауцерот Богоја.
Според Богоја, тука се крие и причината, самиот корен на многу нешта кои се случија во нашата држава во изминатите 5-6 години.
Ако сте таков м%$U| (цензурирано од редакцијата) како Заев и знаете дека без моќ сте никој и ништо во дуалистичка анализа на личноста преку аспектите на интелектуална и фискална реализација и доколку имате предиспозиции за психопатологија и сте криминоген, веројатно и вие би биле во потесниот круг на одбрани кои треба да делуваат без мозок за националните прашања, со меморија на златна рипка за своите зборови, без апсолутно никаков срам ни одговорност за стореното – односно да сте навистина редок, редок човек, забележува шнауцерот Богоја.
Тој вели дека токму поради ваквите согледувања „откако слегнала маглата“ неговиот сопственик не можел никако да се помири со фактот дека бил изманипулиран од еден, како што вели Богоја, „беден манипулатор и вистински идиот св#5@^*%&@m (цензурирано од редакцијата)“, и упорно барал некоја длабока смисла на зборовите на Заев, некое тајно значење, скриена мудрост, голема философија која би го оправдала сето тоа што се случило и би била покритие на тоа зошто едно разумно човечко суштество би положило доверба во човек како Заев. Но, наместо тоа, завршил на нервното одделение.
За мене е апсолутно неприфатлива идејата дека еден егземплар на хомо сапиенс како вас може да потпре макар еден промил од својата доверба кон хомо еректус со аустралопитекусна когнитивна способност како оној г(#%@& (цензурирано од редакцијата) за кој гласаше мојот мил и тажен газда. Но впрочем, што знам јас? Јас сум само едно обично куче и… веројатно не ни постојам. Освен во твојата глава, вели шнауцерот Богоја.
Од психијатриската клиника не сакаа да ги коментираат наводите на кучето, само кратко одговорија: „Очигледно е дека кучето е против ЕУ, НАТО, продажбата на мерцедесот, гугл и фејсбук во Македонија и 500 (или 600) евра плата. Не му верувајте што ви вели, таков човек не постои“.
Од владата изјавија дека мажот кој не постои е во стабилна состојба. Обвинителство најави кривична против кучето по службена должност.

https://republika.mk/dvogled/maz-od-shtip-hospitaliziran-na-nervno-otkako-se-obidel-da-gi-sfati-zborovite-na-zaev/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC Сре Мај 27 2020, 16:30

Одличен доказ дека вие небањатите имате само две мозочни клетки па и тие не ви функционираат. Мозочниот капацитет ви е помал од тој на амеба.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Чет Мај 28 2020, 16:30

Двете лица на ВМРО-ДПМНЕ, на кое да му се верува?!

На кое лице на ВМРО-ДПМНЕ да му верува еден обичен граѓанин кој секојдневно ги следи прес-конференциите и изјавите на челните лица на најголемата опозициска партија? Конфузни во изјавите, конфузни во ставовите и со таквата безидејност ја држат во неизвесност иднината на целата држава. Како е можно ваков крупен политички ентитет да функционира без никаква стратегија, програма, каква било насока која би ги одвела до целта? А, целта нели е да се вратат на власт?! Наспроти тоа што би било очекувано и нормално, односно ВМРО-ДПМНЕ со сите сили да се бори да се дистанцира од претходната груевистичка ера и со нови, свежи идеи да го придобие електоратот, ВМРО-ДПМНЕ изгледа свесни какви им се прогнозите на следниве избори, секој свој следен потег го базираат на чекорот на нивниот најголем политички опонент, односно се водат исклучиво по тоа секогаш да се ПРОТИВ сè во државата, па макар и на сопствена штета.

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ најавува можност да ги бојкотира истите избори што ги бараше и ги доби;
ВМРО-ДПМНЕ се грижи исклучиво за здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во услови на пандемија вели ќе одат на избори само ако има митинзи, не сакале Фејсбук кампања;
ВМРО-ДПМНЕ се противи на вонредна состојба, ВМРО-ДПМНЕ е за продолжување на вонредна состојба;
ВМРО-ДПМНЕ воведените рестриктивни мерки ги смета за дискриминирачки и антидемократски, на ВМРО-ДПМНЕ не му е јасно зошто се укинати мерките;
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека антикризните мерки се поткуп, партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ делат пакети со симболи на партијата;
ВМРО-ДПМНЕ е за почитување на мерките за спречување на ширење на коронавирус, функционери на ВМРО-ДПМНЕ први ги кршат мерките и не се залагаат за санкционирање на прекршителите на овие мерки;
ВМРО-ДПМНЕ чинот на гласање го смета за опасен, а ВМРО-ДПМНЕ не објасни како гласањето е поопасно од разноразните настани, манифестации, групни прослави и собирања кои ниту ги осудија, ниту ги санкционираа.
Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да не се одржат избори бидејќи на потесното раководство веќе му е јасно дека тоа сценарио може да избрише од политичката сцена некои чудно амбициозни политички кариери. Па, на кое ВМРО-ДПМНЕ да му веруваат оние што утре треба да излезат да гласаат? Кое гласачко тело може да ги следи сите дијаметрално спротивни промени во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се менуваат од ден во ден, зависно од тоа што е најповолно за раководството на партијата во дадениот момент. ВМРО-ДПМНЕ не е само раководството, ама отсуството на политички талент кај некои клучни луѓе во партијата во моментот не им дозволува да погледнат подалеку од одаите на Белата палата.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Мај 28 2020, 18:06

И СДСМ бараше избори во 2016 година, ги доби, па ги бојкотираше. За среќа демократскиот капацитет на ВМРО е поголем од тој на СДСМ па го прифати одлагањето. Тогаш немаше пандемија, болни, мртви секој ден, туку само на лидерот на СДСМ му се беше утувило во глава дека изборниот список не е прочистен што се покажа како гнасна лага и непотребно брукање на Македонија пред светот.
Тогаш изборите се одложија половина година. Сега се работи за неколку недели.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Саб Мај 30 2020, 18:53

Интервјуа и колумни - Page 30 Img_2369
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino Чет Јун 04 2020, 11:09

Bas taka.

Интервјуа и колумни - Page 30 Eznp8710

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Јун 04 2020, 12:18

Инцидентот на Боемска улица покажа дека со полицијата раководи и СДСМ. Мицковски не можеше поевтино (за неколку стотина евра казна) да докаже дека е следен од државните или партиските разузнувачки структури на власта која има доволно и полициски сили, дури кога сака непотребно употребува и преголема сила (специјалци) за обичен прекршок. Тоа не се прави во Чаир, Сарај, Липково и други места на кои има кластери на короната.
Владата ги почитуваше предлозите на комисијата за заразни болести за Велигден. Но полицискиот час е меч со две острици. За ифтар имаше целовечерен престој од зајдисонце до изгрејсонце кај свои роднини, што е уште полошо од дружење само за вечера. Исто и полициските викенди и празници, барем во Скопје, носат голем број на скопјани во местата на раѓање во кои во најголем дел моментално нема или епидемијата е занемарлива и го шетаат вирусот. За жал кај нас омразата кон власта што ни ја наметнаа со пропаганда контрачетниците на Сорос (сите се лоши, па треба да не раководат странци, демек тие се подобри) создава омраза и кон државата и општеството, а пошто општество сме сите ние излегува дека на крај се мразиме и самите себе си. И така ќе биде се додека еднаш сите заедно со различни политички ставови, различна вера, националност и се останато, не се обединиме и не избркаме на клоци некоја власт што работи обратно од желбите на народот. Во моментов сме разединети на сите полиња. И во порба со епидемијата. На пример кога ВМРО предлагаше маски според искуството од Кина, СДСМ беше против по препораките на СЗО и Трамп.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Јун 04 2020, 16:27

Пендаровски прогласи воена состојба во Дебар Маало, еснафот од Арачиново со поддршка

По информациите на многу објективни медиуми дека единиците на ЕБР интервенирале во локал во Дебар Маало со цел да проверат дали има гости во ентериерот на одреден угостителски објект, претседателот Стево Пендаровски реши да прогласи воена состојба на територијата на Дебар Маало.
Ваквата одлука на Пендаровски доаѓа откако во храбра акција на Единиците за брзо распоредување (ЕБР) против тројца келнери од угостителски објект раководителите со акцијата Примислав Димовски од Алфа единицата и директорот на БЈБ Сашо Тасевски пријавиле дека им треба дополнителна поддршка во оваа акција бидејќи се работи за акција од национален интерес, а самите не може да ги совладаат тројцата келнери.
Според информации директно од терен командантот на Алфите Примислав Димовски не можел сам да ги совлада келнерите бидејќи биле вооружени со тефтер и пенкало, а според Димовски со пенкало еднаш се урнал режим па веднаш помислил дека и во овој случај се работи за антидржавни сили кои се наоѓаат пред угостителскиот објект, по што побарал дополнителна помош.
Во тие моменти, по навика, првиот човек на БЈБ Тасевски веднаш посегнал по својот пиштол и предложил да пука доколку тројцата келнери не се предадат и мирно да им ја отстапат кафаната на силите на државата кои жестоко и храбро се впуштија во оваа голема операција од национален интерес.
Очевидци сведочат дека додека специјалните сили работеле на совладување на тројцата келнери, од страна стоеле дилерите на дрога и оружје од Арачиново и Грчец кои се восхитувале на храброста на Димовски, Тасевски и нивниот врховен командант Заев.
Со посебен фејсбук статус за оваа акција честитки упатија и сите бандити кои во знак на солидарност одлучиле додека трае акцијата да не го пљачкаат народот, бидејќи биле трогнати од храброста, посветеноста и одлучноста на силите на власта.
Но, главната поддршка на оваа акција доаѓа од вилата Водно. Имено, дознаваме дека претседателот Пендаровски решил да се вклучи директно во оваа голема операција за воспоставување на редот во татковината и за таа цел ја подготвува војската која ќе излезе на улиците на Дебар Маало со цел да го воспостави редот и мирот кои се неопходни за сузбивање на корона вирусот во кластерот СДСМ.
Нашите извори велат дека поради одлучноста на силите на ЕБР еден келнер по долго размислување сепак се предал, но преостанатите двајца остануваат преголем залак за силите на Примислав и Тасевски, па било неопходно да интервернира и војската.
Се очекува вечерва Пендаровски да побара и одржување на Совет за безбедност на Обединети нации по повод оваа состојба во Дебар Маало.
Според информации од неговиот кабинет, во кој случајно се затекнал градоначалникот Шилегов, „нема кафана која ќе остане неосвоена“ кога се работи за безбедноста на државата.
Нашите репортери од терен сведочат дека граѓаните на Арачиново и Грчец се силно вознемирени и нема да спијат мирно се додека не знаат дека државата со сета своја сила се посветила да влезе со полиција и војска во угостителски објект во Дебар Маало во кој наводно едно сомнително лице извршило дејство „терористичко загрозување на чинија со салата“.

https://republika.mk/dvogled/pendarovski-proglasi-voena-sostojba-vo-debar-maalo-esnafot-od-arachinovo-so-poddrshka/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 30 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 30 of 42 Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 36 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот