Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ZORAN ZAEV

Страна 16 of 43 Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 29 ... 43  Next

Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Сре Окт 31, 2018 7:14 pm

Нормално дека ќе имаме најзагаден воздух, градевте и кај треба и не треба, без план и компас. Ги осиромашивте луѓето па сега се греат кој на што стигне. Исто беше и кога вие бевте на власт ама тогаш вашите куртон медиуми не смееја да ги пренесуваат тие информации.
luxor
luxor

Број на мислења : 5582
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Пон Ное 12, 2018 5:20 pm

Интересно беше на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна. Во Париз беше повикан „изолираниот“ Ѓорѓе Иванов, а Заев го следеше настанот на телевизија дома. Ципрас беше таму. Не грчкиот претседател Павлопулос.

http://expres.mk/prozapadniot-zaev-doma-izoliraniot-antievropeec-ivanov-vo-pariz-so-svetskite-lideri/



_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Пон Ное 12, 2018 6:59 pm

Formalno prisuten...Takov e protokolot...Od april narednata godina se nadevam deka kje imame pretsedatel a ne kako dosega fikus...
Teo
Teo

Број на мислења : 4944
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Пон Ное 12, 2018 9:33 pm

Зошто формално не го викнаа Заев како што беа викнати многу премиери. Ципрас, Меркел, Нетанјаху ...
Да не случајно Заев добие крила (или полета со помош на клоца) веднаш по добивањето на покана до идната земја Северна Македонија за прием во НАТО.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Пон Ное 12, 2018 9:38 pm

Ima povazhni raboti od gubenje vreme na proslavi za sluchki od pred sto godini...Na primer raskurcuvanje na dpne koja nikako da raschisti so kriminalcite vo nivnite redovi...Fikusot e idealen za takvo dengubenje bidejki za drugo se pokazha totalno nesposoben...
Teo
Teo

Број на мислења : 4944
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Пон Ное 12, 2018 10:00 pm

Ако добро те разбирам мислиш дека Заев бил повикан но одбил да оди во Париз или да испрати некој од министрите, Не знам што да коментирам. Ти пожелувам Господ здравје да ти даде.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Пон Ное 12, 2018 10:06 pm

Ne me razbirash voopshto ama toa vekje ne e moj problem...
Teo
Teo

Број на мислења : 4944
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Пет Ное 16, 2018 3:14 pm

Не го разбирам ни сомнежот дека Унгарците го киднапирале Груевски. По него на социјалните мрежи е поделено мислењето дали премиерот е лоботомиран или на некоја лоша дрога.


_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Ное 24, 2018 1:33 pm



Има ли Заев муда да го урне споменикот на Џемо Хаса, еден од многу ретките споменици на фашист од Втората светска војна во светот. Дали со новата историја што ја пишуваат заевистите кои се мнозинство и на нашиов форум можеби фашизмот ќе се смета за позитивно нешто? Дали ДУИ која го подигна споменикот е фашистичка партија?

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by OPOZICIONER on Саб Ное 24, 2018 4:40 pm

Sega laete a koga bevte na vlast dui ne vi bea fasisti i spomenikot ne vi precese.

Бошњаковски: Никој 12 години не споменал дека споменикот во село Симница е спорен

Македонија е правна држава во која законите важат подеднакво за сите. Ако некоја институција увиди прекршување на одредено законско решение, тоа треба прво да биде утврдено, а потоа и соодветно да се реши, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со споменикот во гостиварското село  Симница.

Бошњаковски напомена дека овој споменик е изграден во 2006 година, што значи дека 12 години ова прашање не го покренал никој како спорно.

– Допрва треба да се провери на кој начин е поставен споменикот. Тоа што е важно е дека две децении на територијата на цела Македонија се поставувани разни видови споменици за кои не е преземено ништо надвор од кои било законски решенија. Во центарот на Скопје од минатата влада имавме споменици по осум метри кои беа надвор од законските прописи – подвлече портпаролот.

Владата, како што напомена, секогаш и во иднина ќе постапува согласно Уставот и законите.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/%D0%B1%D0%BE%D1%88%D1%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%98-12-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%BB/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 813
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Дек 08, 2018 7:37 pm

Заевизмот како највисок стадиум на Груевизмот!

Македонските граѓани, како никогаш досега во историјата, ја имаат најлошата Влада досега. Системски коруптивна Влада направена од лузери на парламентарни избори, не може да продуцира ништо друго освен пораз. Пораз до пораз на секој чекор. Први сме само по загадување, класна раслоеност и сиромаштија! Нашиве домашни властодршци одбиваат дури и да им се спомене некакво праведно државно уредување или добро владеење, со закони кои ќе важат подеднакво за сите „од колибата до престолот“ – а коешто Платон го означуваше со терминот изономија. Оти, ситни и неслободни души кои, заслепени од своите профити, не познаваат ништо што е добро и праведно за иднината или за сегашноста, милуваат да се грабаат до таква незаслужена добивка или јавна функција, притоа станувајќи алчни и груби.
Еден народ станува славен и ценет тогаш кога Законот, а не премиерот, ќе стане главен владетел над луѓето! Баналните владини начини на комуникација со јавноста, особено кога станува збор за јавниот интерес, дека „сè е согласно Уставот и законите“, извршија еден истоштувачки кружен тек низ сите пропагандни машинерии и портпаролски кокодакања кај старо-новава владејачка гарнитура (бидејќи со ДУИ + Амди и компанија + Началникот + пребеганите вмровски пратеници и други пониски ешалонски пацови, легитимно станува прашањето дали е ова нова или стара клапа на властодршци зачинета со конвертити)!?
Кафезот на социјал-демократскиот шаблонизиран начин на механицистичко мислење ни вели дека тие донеле „историски договор“, алудирајќи на илегалниот и квислиншки т.н. Преспански договор меѓу Република Грција и „Втората страна“, со која сакаат – за вјек и вјеков – да го забранат името Македонија, но само во Република Северна Македонија (а не и во Грција)!? Овие испервертирани умови, кои после испорачаниот резултат за прекрстување, веќе си имаат обезбедено угледни интернационални службенички кариери низ разно-разните меѓународни организиции по белиов свет – а за кои ви тврдам дека, по некоја година, ќе ги бараме со потерници за сторениот антидржавен криминалитет од најсериозни размери – никако да сфатат дека „историјата“ на која тие алудираат не е некоја апартна персона која се служи со Човекот како со средство за да ги оствари своите повисоки (натовски/европски) цели, туку дека Историјата не е ништо друго освен човекова активна дејност што стреми кон своите прогресивни цели. А нема ништо прогресивно во самоукинувањето! Напротив. Тоа е највисок облик на регресија.

Уште од Антиката до денес – Сократ, Платон, Аристотел и другите мудреци, го дефинирале обликот на политичко владеење кое не ферма ни устав, ни закони, ни процедури, ни морал, ни етика, ни обичаи – само со еден единствен збор: Т и р а н и ј а!!! Значи, таа е таков изопачен и дегенеративен облик на државно уредување којшто многумина антички и средновековни автори, како и плејада познати философи, правници и политиколози го сметале за најлош облик на владеење. Не ни требаат научни методи да забележиме дека нашиве властодршци немаат никаква мерка во раскалашеноста, подмитливоста и тендерашењето, па овие скандал-мајстори повеќе ги перцепираме како вљубеници во парите, фејк-гламурот и страстите, отколку во доблестите.
А политиката, драги мои, е вештина на можното! Тиранијата, како политичка форма, во целокупната човекова историја од дедо Ное до денес, ги има следниве четири универзални одлики – кои се апликативни и за последново двегодишно владеење на СДС(С)М. Притоа, сите политолошки сличности наведени подолу не се воопшто случајни, туку застрашувачки и истите можат да имаат драматично отрезнувачки ефект по „граџанството“:
1) доминација на приватните и бизнис-интереси – тиранинот управува исклучиво за свој профит и според личната волја, ќеиф и табиет, а не според општиот интерес на заедницата или пошироките државни интереси. Тој владее спротивно на народната волја (пр. форсирање на противправни уставни измени и покрај неуспешен референдум без остварен цензус); или владее тотално „надвор од законите“ – непочитувајќи ги ниту пишаните, ниту непишаните правила на цивилизирано однесување при постапувањето на јавните власти. Ова отсуство на секаква контрола и баланс во владеењето, кога-тогаш, неминовно резултира со негово карактерно расипување и склоност кон организиран криминал и енормно висока корупција која, пак, доведува до прекумерно богатење, ирационално луксузирање и неказнивост на неговата расипана олигархиска свита, и тоа во ситуации кога мнозинството од народот тоне во беда, апатичност и сиромаштија.
2) арбитрарност и стаховлада – тиранијата е владеење без согласност на владеаните, односно тиранинот владее „спротивно на волјата на потчинетите“, најчесто применувајќи отворена физичка сила или прикриено структурно насилство (инспекции/полиција/апсење/притвори/судења/затвори/тајни служби /конц-логори и сл.) врз своите политички противници и опоненти. Ова придонесува за постоење на една општа клима на страв и правна несигурност на граѓаните, дека било кој од нив може да биде следниот во низата малтретирани неистомисленици. Од една страна, тиранинот е присилен од ден на ден да ја зголемува строгоста на своето владеење – за да опстане што подолго на власт; a, од друга страна, токму со таквото силеџиско владеење само го зголемува револтот и придонесува да расте движењето на Отпорот, правопропорционално со бројот на своите потенцијални политички непријатели, кои би сакале да го видат соборен од власт поради претрпените неправди.
3) напната завереничка атмосфера – тиранинот има параноичен страв од тоа да не ја загуби власта, оти тогаш ќе му се суди за направените злодела, па несекаде измислува внатрешни или надворешни непријатели (странски замешателства, велеиздајници, државни непријатели, агенти, пучисти, руски шпиуни, терористи и сл.). Тој поседува ирационален страв од евентуална насилна смрт – па, плашејќи се од можен атентат или државен удар, во сите и во сè гледа закана и потенцијална опасност или заговор. Поради тоа, тој е опкружен со многубројна вооружена стража, гардисти и телохранители, но за сметка на тоа – кај него нема никаква животна радост и душевна среќа, а неговата внатрешна психолошка состојба хеленскиот автор Ксенофон, во своето дело За тиранинот, ја опишува како мошне „очајна“.
4) некадарна администрација од потемкиновци – тиранинот, конечно, е опкружен со чиновници-подлизурковци (очајна пи-ар служба, неспособни твитерџии-советници, кариеристички контрапленумци, фотељашка ен-џи-о-вштина и сл.). Нивните усти се полни со ласкања, додворувања, лажни пофалби, хвалоспеви и панегирици. Тие секојдневно и без услул го величаат „ликот и делото“ на владетелот, а најстрашното е тоа што и тој самиот знае дека она што му го благоглаголат овие недоквакани бирократи, едноставно не е точно и нема допирни точки со реалноста – што, пак, го прави уште понепресметлив во своите идни политички потези, кои не ретко ја шокираат јавноста.
***
После вака дадената политиколошка кроки-скица на сите тирании во светот, меѓу кои ја вбројуваме и нашата, со жалење мораме да констатираме дека идеалите на испарената Шарена револуција, во која надежно скандиравме #НемаПравдаНемаМир, беа реална општествена промена, а не замена на еден Режим со друг, десетпати позабеган од претходниот. Затоа, немојте нам да ни ги продавате овие старудии препакувани во нов целофан! Тој филм веќе го имаме гледано. Репризно, еве веќе трета деценија. И, искрено, веќе ни е пукнат.
Впрочем, перфидноста на заевизмот, како ендемична форма на западно-балканско јенки-вазалство, е тоа што тој е само навидум погалантен и поелегантен од груевизмот – кој беше погруб, посилеџиски и повулгарен – но, позади сцената, е далеку поодмаздољубив и пореваншистички. За разлика од груевизмот, заевизмот – појачан со молкот на купените салонски „интелектуалци“ и провладино „невладините“ сороспии – не ве фаќа за гуша и не ве исфрла од врата, туку порадо ви создава такви животни непријатности, што вие самите, божем доброволно, ќе си излезете низ покажаната капија. Оти, во спротивно, рекетарски ќе треба да ве изнесат низ прозорецот.
Затоа, апологетот на Власта е принуден да ја фалсификува хронологијата на сегашниов живот. Кога тој, улижувајќи му се на Премиерот, вели дека тој „ѝ се предава на државничката политика“, всушност заборава да ни каже дека тој, секогаш одново и одново, ја заробува политиката во својата нова граѓанска религија – натофундаментализмот. Дека Државата, кај него, служи како извршител на општествената милитаризација, за сметка на бавното распаѓање на здравството, школството и социјалата.
Проѕирноста на оваа неолиберална феудална властелинска шема се егзалтира од чудотворната моќ на „перото“ на неколкумина купени уредници, водители, новинари и колумнисти, кои како наводно независни опинион-мејкери – кркајќи си државни парички за божемна иновативност – го убедуваат народот дека заевизмот vis-à-vis груевизмот е, всушност, едно еволутивно скалило понапред, а не поназад во општествениот напредок!? Но, на овој веќе виден и приземен начин, овие медиумски корумпирани ликови си ги штитат сопствените привилегии и го зачувуваат привидот дека политизираат, а во суштина клиентелизираат.
Тие, на еден приземен и подземен сапрофитски начин, само го репродуцираат прочуениот и масовно распространет начин на бандитско преживување во оваа „разбојничка дружина“ (Св. Августин) која глуми дека е држава, а во која владеењето на законите е замнето со владеењето на министрите, генералните секретари и нивните партиски пајташи. Затоа, речено во еден рациновистички дух, ми се чини дека работата насочена кон политичко рушење на овие неподносливи општествено-економски услови е многу попродуктивна, отколку работата под нив. Тоа ми е последниот Резултат!

https://antropol.mk/2018/12/03/zaevizmot-kako-najvisok-stadium-na-gruevizmot/?fbclid=IwAR0H9Cq1Mojy6y6oWrBn3A-ysCFSuuAfIB85mcvnxg67eUwkfTl1SVHUly0

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by PRVOBOREC on Нед Дек 09, 2018 1:21 pm

Злоставуваното клисарче пак плачело по медиумите, не знам зошто кога е тотално неспособно дури ни Жмицко не го игра освен што го фористи како пионче на политичката сцена.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 1289
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Пон Дек 10, 2018 3:31 pm

МАКЕДОНИЈА ИМА САМО ЕДНА ДИЛЕМА!
На крај на оваа бурна година, Македонија се соочува само со една дилема:
Дали Зоран Заев e навистина комплетен шарлатан
или
дали Зоран Заев само глуми политичко шарлатанство?
Низ таа дилема ќе си разјасниме во себе за причините поради кои во рок од една недела, Зоран Заев успеа да се скара со три земји членки на НАТО (поради тоа што не сакале да го сработат она што тој како Премиер не смеел или не сакал да го направи и го уапси Груевски) за потоа да добие жестоки клоци од двете други соседни земји членки на НАТО со кои има своерачно напишано и потпишано Договори. Сума сумарум, помирителот прозападњачки од Муртино успеа да за недела дена се скара со комплетното јужно-крило на НАТО (да, вклучете ја тука и Турција), и тоа без никаква помош од страна. Па дури и без ниедна "aло мајсторе, кочи" од неговите прозападњаци во Бихаќка и Илинденска - со посебен акцент врз Пендаровски, Рамадани, Ружин и останатите нато-чирлидери кои останаа замолкнати пред авантурите на нивниот им вожд. За на крај, оваа епизода на минхаузенство на Заев биде заокружена со евидентниот факт дека имиџот на Заев како лидер со лежерен однос кон вистината не е веќе само домашен феномен. Како што Црногорскиот лидер ни даде шанса да разбереме дека тој имиџ на Заев "истинољубецот со опаш" е веќе раширен и надвор од Македонија.
Ако и успееме да го разбереме поривот на Заев за скар со сите земји членки на НАТО во регионот, останува втората непознаница за правецот во кој се има упатено слаколикиот палавко од Муртино.Кој, од ништо, никој и ничиму изазван најде за сходно да на самиот крај на сообранијската дебата за Договорот, непосредно пред посетата на Ципрас на Москва, нјавата на Москва за дебата во ООН и сребата на НАТО во Брисел излезе со изјава дека македонскиот јазик ќе биде изучуван во Грција. Останува на секој од нас да по свое убедување процени дали Заев навистина не знаел каков ќе бидде ефектот на неговата изјава во Грција или пак сосема добро знаел и каков ќе биде ефектот на изјавата и кому му е толку потребна за да има аргументирана причина и кауза за иницирање на дискусија во рамките на ООН. Како и да е, редоследот е тој и не може да биде изменете - изјавата на Заев претходеше на реакцијата на Ципрас за ООН, посетата на Москва, реакциите на Захариева и Каракачанов. Можеби се е случајност. А можеби е затоа што за Премиер го имаме Зоран Заев. Кој ќе ја знае?
Кој, навистина, ќе ја знае? Има ли кој?
Во овој даден момент, би рекол дека има некој кој знае нешто повеќе од нас.
Зборот ми е за Министерот за Надворешни Работи во Сенка Влатко Ѓорчев кој саглам клизи по Вашингтонски конгресни ходници небаре да се родил во кабинетот на Линдон Џонсон. Го гледам на средби со јуниор Конгресмени, но и со сениори како Линдзи. Но не го гледам во Стејт Департмент. За разика од нашите владини МНР и дипломати кои ги нема ни во Конгрес, ни во Стејт ни во Бела Куќа. Затоа, да си го кажеме очигледното - во овој час интересите на Македонија во САД се бранат од Ѓорчев, додека пак се рушат од страна на Заев, Димитров и Иванов кои не сакаат да испратат амбасадор во највлијателната земја во светот. Уште една случајност? Нека биде така, под услов да однапред си разбере дека по заслуга на Заев, Димитров и Иванов следниот амбасадор на Македонија во Вашингтон ќе биде некој партијски месенџер а не дипломатски претставник на земјата. И доколку Заев, Димитров и Иванов до католичкиот Божиќ не испратат и достават до Вашингтон p r o n t o креденциали за новиот Амбасадор на Македонија, тие ќе бидат виновни за настаните кои ќе се одвиваат од следната пролет. И тоа не е случајност, туку смислена и координирана игранка на Заев, Димитров и Иванов за која едниствениот кој не сноси вина е Христијан Мицковски.
Кој, патем, полека и сигурно делува во правец на пополнување на една празнина на политичката сцена со што ја потикнува и омразата и гневот и стравот на естаблишментот. Пред да кажам која е празнинатат, да укажам на еден друг аспект на делувањето на Мицковски.
Во овој чај, Мицковски е ликот кој го руши Груевизмот. Додека пак Заев и Шеќеринска го надградуваат Груевизмот превземајќи ги неговите духовни клонови и соработници како и методите на делување. Со тој потег, ВМРО како и ДУИ широкоградо го толерираат и поттикнуваат процесот на интерно чистење преку префрлање на сопствениот отпад во скутот на Бихаќка. Во случајот на ДУИ тоа се одвиваше низ истовар на исламистите од Чаир, Гостивар и Куманово во прегратката на Зооран Заев во кој исламистите препознаа ново тело за презимување. Во случајот на ВМРО, тоа се одвива преку големата селидба на ВМРО-Краљевачко-Ваљевска во седиштето на СДСМ каде се широкогорадоо пречекани од Зоран Ражњатовиќ па до поглавиците на тнр. реканска македонштина како идеолози на југословенскиот македонизам според формулата: македонез си ако мрзиш албанци, презираш бугари и си покорен пред супериоризмот на Владичин Хан. Во таа поделба на улогите лежи и мотивот на омразата кон Мицковски која ексалира со поголем и позабрзан интензитет од оној кон Груевски. Апропо, сте чуле некогаш да СДСМ ваистини го мрази Мијалков?
На крај, за празнината исполнувана од Мицковски која ги вади од кожа и Бихачка и Илиндеска. Станува збор за празнина наследена со (физичкото) отсаство на Бранко Црвенковски и (духовниот) вакум во персонифицирање на новиот модел на фило-Македонство. Како дух на љубов кон сопствениот род, неоптоварен и неинфициран од омразата кон останатите. Тоа е моментот поради кој Мицковски е така срдечно, емоционално и рационално омразен од тнр. рекански Македонци како заоставштина на идеолошкото, загар-џандар утилитарно македонство од време на Краљ Петар.
Растеретен од ВМРО-ваљевска и неоптеретен од потребата да биде допадлив кон реканското македонстбо, Мицковски се заканува да се истргне од прегратките на манипулацијата на естаблишментот. И ја потврди де факто и де јуре и без задршка про-западната ориентација на пост-УДБ ВМРО-ДПМНЕ, растеретена од Груевизмот, Мијалковизмот. Но побитно од тоа, Мицковски има можност да ја реставрира смислата на бивање македонец како етнофилија, а не како кариера, монетаристика или пиштолизација кон останатите.
Имам причини да верувам дека Мицковски е на добар пат да ја рестварира споната на македонство и западна ориентација, онака како што беше замислено пред стотина години, и обесмислено низ лепливите прсти на Љубчо. Никола и останатите ју-вмровци.
Исто како што имам причини да верувам дека на пола метар пред успехот, Мицковски ќе се определи за Али Ахмети и самиот си ја сруши сопствената пирадмида на добри намери. А со неа и секоја можност за нормализација на земјата.


Арсим Зеколи

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Пет Дек 21, 2018 9:13 am

Малку окулу номинацијата на Заев за Нобелова награда, што го форсира Сорос. Хитлер и Мусолини биле кандидати за наградата во 1939 година. Сталин е номиниран два пати. Во 1945 година и во 1948. Ова колку да знаете што не очекува по кандидатурата.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Пет Дек 21, 2018 5:59 pm

Fascinira koi se ti se idoli i kolku dobro gi poznavas biografiite na tvoite omileni diktatori. Sepak moram da te razocaram, za razlika od likovite sto si gi nabroil i cij obozavatel si, mnogupocituvaniot gospodin Zoran Zaev, premier i fakel na slobodata i demokratijata vo Makedonija sigurno ke ja dobie Nobelovata nagrada. Vie od dpne-predavnicka treba da se zasramite sto ne se raduvate na ovoj uspeh na premierot koj ja oslobodi drzavata i narodot, vklucuvajki ve i vas od diktaturata na osudeniot kriminalec vo begstvo Grujosesku.
Teo
Teo

Број на мислења : 4944
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Пет Дек 21, 2018 10:07 pm

Се согласувам дека Заев треба да се спореди со Квислинг, а не со неговиот газда Хитлер. Само сакав да дадам пример дека ако некој биде номиниран за Нобелова награда не значи дека и го заслужува тоа, па наведов неколку екстремни примери од минатото.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Пет Дек 21, 2018 11:09 pm

Kvisling dobil Nobelova nagrada? Ili ti od zavist treses zeleni nadevajki se deka ke go ocrnis mnogupocituvaniot premier i nobelovec gospodinot Zoran Zaev? Covekot sto ja donese po cena na svojata sopstvena bezbednost i zivot slobodata i demokratijata vo Makedonija. Koja sega tvojot zmicko-crnila-armadila ja zloupotrebuva za seenje magla i lagi.
Teo
Teo

Број на мислења : 4944
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Kalinda on Саб Дек 22, 2018 12:33 pm

Се изнасмеав !
Од далеку може
да се види кому
му верува народот
и кого го почитува.
Тој што го нарекуваш
жмицко собира повеке
народ пред себе од
овој што го нарекуваш
многупочитуваниот .
Затоа престанете со сила
да величате губитник .
Крајот му се гледа
на Заев.
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 486
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by nino on Саб Дек 22, 2018 1:59 pm

Kalinda напиша:Се изнасмеав !
Од далеку може
да се види кому
му верува народот
и кого го почитува.
Тој што го нарекуваш
жмицко собира повеке
народ пред себе од
овој што го нарекуваш
многупочитуваниот .
Затоа престанете со сила
да величате губитник .
Крајот му се гледа
на Заев.
абе дај не не смеј
Дури и вие знаете дека Мицко ваш е комедија. Ама сте слепо лојални на партијата. Утре Кловнот Бозо да ви го стават за лидер вие пак ќе го величите. НЕ размислувате со своја глава туку како ќе ви кажат од партија.
Нели гледате дека се е исповрзано. Нема сдсм нема дпмне, сето тоа е една иста банда кој го краде народот.

nino

Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Нед Дек 23, 2018 8:27 pm

Teo напиша:Kvisling dobil Nobelova nagrada? Ili ti od zavist treses zeleni nadevajki se deka ke go ocrnis mnogupocituvaniot premier i nobelovec gospodinot Zoran Zaev? Covekot sto ja donese po cena na svojata sopstvena bezbednost i zivot slobodata i demokratijata vo Makedonija. Koja sega tvojot zmicko-crnila-armadila ja zloupotrebuva za seenje magla i lagi.
Не ми е познато дека до сега Нобелова награда за мир добил некој што изјавил дека ќе јаде живи луѓе.


_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by nino on Нед Дек 23, 2018 11:40 pm

трендафил напиша:
Teo напиша:Kvisling dobil Nobelova nagrada? Ili ti od zavist treses zeleni nadevajki se deka ke go ocrnis mnogupocituvaniot premier i nobelovec gospodinot Zoran Zaev? Covekot sto ja donese po cena na svojata sopstvena bezbednost i zivot slobodata i demokratijata vo Makedonija. Koja sega tvojot zmicko-crnila-armadila ja zloupotrebuva za seenje magla i lagi.
Не ми е познато дека до сега Нобелова награда за мир добил некој што изјавил дека ќе јаде живи луѓе.

заев е најголемиот идиот на светот. толку просто глупо човече не постои на друго место на земјата

nino

Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Пон Дек 24, 2018 9:58 am

ZORAN ZAEV - Page 16 250266-roska-predupreduva

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Dino on Пон Дек 24, 2018 1:11 pm

Posteni politicari nov velijabl in jur kantri. Apasi i lazlivci ima na lager. A glup narod sto gu glasa i ednite i drugite kolku sakas.

Dino

Број на мислења : 547
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Пон Дек 24, 2018 2:47 pm

Мене не ми е јасно Трендо, како навредите кон сопругата на Заев и нивното ширење на интернет од докажани психопати бидејки нормални луѓе не го прават тоа, докажува било што освен дека дпмне-офците се болни.
luxor
luxor

Број на мислења : 5582
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Вто Дек 25, 2018 3:47 pm

За разлика од тебе, не знам од која партија е коментаторот на социјалните мрежи. Не знам ни што сакал да направи вашиот пастир со отворањето на темата за неговата средношколска љубов која наводно трае и по потпишувањето на т.н.
преспански договор.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6680
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 16 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 16 of 43 Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 29 ... 43  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот