Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

+8
misterija
TRAJCHE
PRVOBOREC
SHARENI
трендафил
OPOZICIONER
Kalinda
osa
12 posters

Страна 7 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by SHARENI Сре Сеп 19 2018, 11:17

Se javi pretsedatelot sto ne prizna pod ustavno ime. povikuva da glasame ZA.

„Ги повикувам сите граѓани на Македонија да учествуваат во носењето на оваа историска одлука и да гласаат на националниот референдум на крајот од овој месец. После една деценија на пречки, сега ја имате моќта да напишете една нова и понадежна приказна за вас, за вашите деца, за вашите соседи и за вашата земја “, вели Буш во писмото, потенцирајќи дека со нетрпение го очекува денот кога САД гордо ќе и посакаат добредојде на Република Северна Македонија како најнов сојузник и 30-та членка на НАТО, вели поранешниот претседател на САД Буш во писмото до граѓаните на Република Македонија.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/glasajte-na-referendumot-donesete-ja-istoriskata-odluka-da-napishete-edna-nova-prikazna-veli-poraneshniot-pretsedatel-na-sad-dhordh-bush/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by OPOZICIONER Сре Сеп 19 2018, 11:37

Bravo za Bus, golem prijatel na Makedonija.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by TRAJCHE Сре Сеп 19 2018, 12:11

Referendumot ke se odrzi Ustaven ja otfrli inicijativata da go zapre.

Мнозинството уставни судии не се согласуваат дека одлуката за референдум е неуставна

Мнозинството од судиите не се согласуваат со предлогот на судијката Елена Гошева, Уставниот суд да поведе постапка и да изрече времена мерка за стопирање на активностите за референдумот.

Според уставниот судија Дарко Костадиновски, прашањето не е двосмислено и нејасно.

„Предлагачот, односно Собранието, сака да ги консултира граѓаните. Трите прашања срочени во едно имаат причинско-последични врски. Тоа не ги доведува во заблуда граѓаните. А дали бил надлежен Димитров, не е тема на денешната иницијатива и расправа“, рече Костадиновски.

Со сличен став е и судијата Осман Кадриу, кој оцени дека ниту една одредба од Уставот не е повредена со одлуката за референдум и најави дека ќе гласа против предлогот на Гошева.

Судијата Сали Мурати направи споредба со референдумот од ’91 кога истo така, како што рече, имало повеќе прашања во едно и за него не треба да се проблематизира од уставен аспект.

Судиите Влатко Стојановски, Вангелина Маркудова и Насер Ајдари во дискусијата исто така наведоа дека не треба да се поведе постапка.

https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BE%D0%B3%D0%BB/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил Чет Сеп 20 2018, 20:16

Не ми одговоривте дали свети Димитрија Тесалонички (сега Солунски)или света Злата Алмописка (Мегленска) е на македонски јазик од словенската група на јазици. Јас проверував и не видов дека во некој словенски јазик за Солун се користи грчки термин, затоа што поради светите браќа Кирил и Методиј ова име го користат многу пред насилната промена на името на сите населени места во Македонија од македонски и од Чемерија од албански во грчки.
Треба ли да користам израз Александар Велики Северномакедонски во иднина. Кога го спомнувам кога не е поврзан со хеленизмот, односно кога Грција не била под македонска окупација или се работи за нешто надвор од територијата на Грција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Luxor Чет Сеп 20 2018, 20:40

Зошто би ти одговориле на бесмислено прашање? Како што ти порача твојот нов фирер ХидроЖмицкоТакис, следи го срцето.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил Чет Сеп 20 2018, 21:17

Прашањето е најобично што може да биде. Во кој словенски јазик за Солун се користи називот што го имаат наметнато Грците - Тесалоники. Бесмислено е што во договорот пишува наша изјава во член 7 точка 4 „Втората страна изјавува дека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата на јужнословенски јазици. Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна.“ Вие што ќе излезете на референдумот и ќе гласате ЗА ќе потврдите лажна изјава дека во јужнословенските јазици Солун се вика Тесалоники како што е предвидено со член 8 точка, што е ноторна лага.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Luxor Чет Сеп 20 2018, 21:53

И одговорот е најобичен. ХидроЖмицкоТакис не ти рече дека во употреба ќе бидат и словенските топоними?
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by osa Чет Сеп 20 2018, 22:09

ovoj pak NAJJASNO kaza shto dokolku bojkotirate....shto ke zachuvate ako ne glasate ....vnimatelno slushajte

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил Пет Сеп 21 2018, 08:10

Не знам од кој ги најдоа овие двојца изветвени политичари. Ваљда ги извадија од нафталин. Во секој случај можеби рекле нешто паметно, но во која минута е поентата. Дали Љубчо Георгиевски ќе се врати во Македонија ако си го смениме името и идентитетот или ќе бара и Бугарите за Солун да викаат Тесалоники ако пошол по стапките на Зоран Заев.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Teo Пет Сеп 21 2018, 10:39

Pak zeleni...Ljubcho E vo Makedonija...Istgo i negovite biznisi...Za razlika od nekoi vashi dpne-ofski funkcioneri koi ne go davaat imeto za da prodolzhat da kradat a parite da gi vlozhuvaat vo biznisi vo Bugaruja...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил Саб Сеп 22 2018, 17:11

Еве список на тие што се мешаа во референдумот, се Руси.

James Mad Dog Mattis – Russian
Mike Pence – Russian
Wes Mitchell – Russian
Theresa May – Russian
Jean-Claude Juncker – Russian, Drunk (Dual citizen)
Johannes Hahn – Russian
Federica Mogherini – Russian
Jess Baily – Prime Minister of Macedonia – Russian
Samuel Zbogar – Russian
Jens Stoltenberg – Russian
Hashim Thaci – Russian
Sebastian Kurz – Russian
Donald Tusk – Russian
Ank Bijleveld – Russian
Emmanuel Macron - Russian

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Luxor Саб Сеп 22 2018, 17:45

Глуп ви е сарказмот, не ви оди. Подобро ви одат заканите, тие се максимално моронски.

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Dnrwrw10
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by misterija Саб Сеп 22 2018, 17:48

Доброооооооооооооооооооооооооооооооооо ..хаххахаххахаххаха....уф што сакам да опнам една паљба со митралезчево Twisted Evil Twisted Evil

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Luxor Саб Сеп 22 2018, 17:52

Па што чекаш, нарами еден и во влада, само не заборавај дека Митко Чавков не е веќе златна команда. После како Трендо ќе пишуваш на форумот само кога ќе имаш слободен ден од судење. Ако воопшто ти дозволат да се браниш од слобода.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by misterija Саб Сеп 22 2018, 17:55

Нема правда, знам..затоа само ќе ми остане пуста желба  Sad

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by SHARENI Саб Сеп 22 2018, 18:23

UBK potvrdi, ima rusko vlijanie na referendumot i se vodi istraga.

Николовски: Се истражува влијанието на Русија врз референдумот 22 СЕПТЕМВРИ 2018 / 17:19
Русија има влијание врз референдумот и за тоа постои актуелна истрага. Ова го соопшти првиот човек на УБК Горан Николовски во едно телевизиско интервју, но притоа не откривајќи повеќе детали за начинот на кој се организира делувањето против успех на претстојниот референдум.

Гледаме организиран настап на социјалните мрежи. Организиран настап кој оди во правец на намалување на излезноста на референдумот, неуспех на референдумот нешто што понатаму би повлекло друга низа на настани. Пред сè лажни вести и невистинити. Тоа се пропагандни ама и лажни вести. Да, пред сè лажни вести или би рекол полувистинити“- изјави Горан Николовски, директор на УБК.

Директна закана врз безбедноста на Македонија нема, а пропагандата која се случува е во сферата на геостратешкиТЕ интереси, оценува Николовски. Оваа изјава на директорот на УБК доаѓа во време кога премиерот Заев, пред само пет дена посочи дека нема информации и докази за можни руски влијанија против референдумското изјаснување.

Во врска со можното влијание од соседни земји или од Русија или други земји во регионот, можам да кажам дека ние немаме идентификувано земји кои шират лажни вести, секако севкупната борба против лажните вести останува овде“- рече Зоран Заев ,премиер на Р. Македонија.

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, при вчерашната посета на Бања Лука, негираше дека постои руско мешање во референдумскиот исход. Напротив, рече тој, за разлика од официјална Москва, многубројни европски и американски претставници секој ден одат во Македонија и навиваат за референдумот. А, Алсат М пред една недела објави информации од безбедносните служби за присуство на руски службеници во Македонија кои неофицијално би можеле да агитираат против референдумот. Кога побаравме одговори од Одделот за анализа и истражување при Управата за безбедност и контраразузнавање, кратко соопштија дека сè е под контрола.

Алсат

https://www.alsat-m.tv/mk/%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил Вто Сеп 25 2018, 10:31

А што правиме со тие што го напишаа договорот и притискаат да помине. Мислите ли дека ќе доаѓаат странски државници и по референдумот?
Дали на некој ако му се избрише историјата, односно постарата се предаде на Грците, а поновата на Бугарите, не е ли сменет идентитетот. А што правиме со историјата во време на Римската империја. Зошто Италијанците не се бунат за споменикот на Јустинијан Први. Мојот одговор е дека ја немаат мувата на капата со својата историја и дека не се будали. А вашиот?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Luxor Вто Сеп 25 2018, 10:35

Идентитетот и јазикот се загарантирани со договорите и со Грција и со Бугарија. Како папагали повторувате едно и исто само затоа што немате аргументи.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by SHARENI Сре Сеп 26 2018, 08:39

Pa kako ke odlucat tie sto ke sedat doma.

Заев: Одлучуваат тие што гласаат

За успешноста на референдумот одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, изјави премиерот Зоран Заев.

– За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат. Ако има мнозинство со „против“ макар и еден глас повеќе, тоа значи јас и Парламентот сите го поништуваме договорот. Ако има видливо огромно мнозинство со „за“, тоа значи дека сите без разлика дали се власт или опозиција треба да ја следат насоката што ја дале граѓаните, рече Заев вчера на прес-конференција во Владата на прашањето дали неуспешниот референдум би значел и предвремени парламентарни избори.



Според него, гласот на граѓаните и одлуката на граѓаните е правецот по кој ќе се движат политичките партии, политичарите само треба да го следат тој патоказ.

И министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера од граѓанската трибина „Излези за европска Македонија“ што се одржа во Срумица порача дека само тие што ќе излезат да гласаат учествуваат во одлуката за иднината на земјата.

– Народот зборува кога гласа. Демократијата значи гласање. И ако од 2005 година наваму велиме или велат референдум, референдум, референдум, еве го за неколку дена на 30 септември. Само тие што ќе кажат за или против ќе учествуваат во одлуката за иднината на Македонија, рече Димитров.

Во своето обраќање пред присутните граѓани тој ја образложи генезата на спорот за името со Грција и при тоа истакна дека Договорот со нашиот јужен сосед е неминовен, бидејќи, вели, нема начин да ја натерате Грција да ве сака и да потпише договор без кој таа може.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, пак, повтори дека доколку не биде постигнат цензус на референдумот, одлучувањето го презема Собранието.

– Доколку нема цензус, не е крајот на светот за државните институции. Државните институции функционираат врз основа на избори и тие се менуваат преку избори. Значи, Собранието е носител на тој процес, изјави Џафери.

Претседателот на Државниот Збор на Словенија Дејан Жидан, кој се наоѓа во посета на Македонија, по средбата со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери вчера порача дека Македонија во секоја смисла припаѓа на семејството на европските народи и затоа се надева дека граѓаните ќе ја искористат историската можност и ќе одлучат зрело, храбро и одговорно за својата и иднината на следните генерации.

– Македонија историски културно, политички и географски припаѓа на семејството на европските народи, ЕУ и НАТО кои се основни гаранти на безбедноста и стабилноста, како и почитувањето на заедничките вредности на народите. Членството во нив овозможува безброј можности за добар и брз развој на стопанството, и подобри животни услови и развој во секоја област во земјата, истакна Жидан.



Тој смета дека решението што го нуди Преспанскиот договор ги отвара вратите на НАТО и овозможува почеток на преговори за ЕУ, а истовремено го сочувува македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

– Компромисот е тежок, но е нужен и верувам дека е добар. Секој компромис бара отстапки, но, доколку ни го носи она што е најважно тоа е од исклучителна важност за сите, па и за македонските државјани, рече претседателот на словенечкиот Збор.

Штефан Петер, како странски инвеститор и претседател на Советот за странски инвеститори на вчерашната прес-конференција изјави дека сака да ја види Македонија интегрирана во ЕУ, бидејќи со тоа ќе има подобри деловни услови и за бизнисмените и за вработените. Укажа на некои од последиците со кои може да се соочи земјата доколку не влезе во ЕУ, како и на фактот дека граѓаните треба активно да учествуваат во демократијата, оти оној кој не гласал, го губи правото да се жали.



– Секој може да донесе одлука во недела, но не е важно само како ќе гласате. Прво, важно е да излезете на гласање и активно да учествувате во демократијата. Потоа немојте да бидете себични и да разлислувате само за себе, туку размислете и за последиците од вашиот глас за иднината. За да функционира демократијата, мора да бидеме нација која учествува, а не само да набљудуваме. Оној кој не гласал, го губи правото да се жали, порача Петер. (МИА)

https://civilmedia.mk/zaev-odluchuvaat-tie-shto-glasaat/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by TRAJCHE Сре Сеп 26 2018, 16:32

Stecajcite so poddrska na referendumot.

Георгиевска: Здружението на стечајци „УНИТ“ ќе го поддржи референдумот за сите да живеат подобро

Членовите и раководството на здружението на стечајци „УНИТ“, донеле став да излезат на  референдумот и во недела да гласаат „Зa“, информираше на денешната прес конференција, Лилјана Георгиевска од УНИТ.

– Ова не е новина и претходно за избори сме носеле вакви одлуки. Не гласаме за СДСМ, туку сметаме дека сите треба да живеат подобро во државата, а не да ја имаат нашата судбина, талкајќи по улиците, барајќи си ги своите права, рече Георгиевсска.

Воедно, таа денеска ги информираше стечајците кои досега не се опфатени во законот да не се обесхрабруваат, бидејќи поднесени се амандмани со кои ќе бидат опфатени и фирмите кои имаат променети матични броеви.

– Дадовме предлози и има волја од надлежните и се зависи од буџетот, но сметам дека ќе бидат опфатени и оние стечајци кои доаѓаат од овие фирми со променети матични броеви, тука е застојот, но се надевам дека ќе успееме, ако не до 20 октомври, тогаш со ребалансот на буџетот, изјави Георгивеска.

Здружението „Унит“, нагласи, Георгиевска ќе продолжи да бара од надлежните институции, промени, амандмани се додека не биде обештетен и последниот стечаец.

На ниво на Македонија досега, според податоците на здружението, паричен надоместок користат 6.500 стечајци, од Куманово 600, а доколку бидат опфатени и оние фирми со променети матични броеви, се очекува околу 1.600 стечајци на ниво на државата дополнително да бидат опфатени со законот за обештетување на стечајците.

http://www.libertas.mk/georgievska-zdruzhenieto-na-stechajtsi-unit-ke-go-poddrzhi-referendumot-za-site-da-zhiveat-podobro/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил Сре Сеп 26 2018, 20:14

Ајде повторно да ве потсетам дека Албанците ги бојкотираа сите досегашни референдуми, а СДСМ бојкотираше еден, па кога од нивна уста слушаме нешто против бојкот можеме истото да го ставиме во ранг на јасење фекалии. Истото важи и за доскорешните платеници на Сорос, сега платени од буџетот на РМ.
Ако на референдумот одлучуваат само тие што гласале не требаше да постот мојата општина Чаир, Скопје не требаше да биде двојазичен град, ниту Струга и Кичево да бидат со мнозинско албанско население затоа што на референдумот против сегашната територијална поделба гласаа 95,06% од гласачите. Но не беше исполнет цензусот. И во 2004 година странците јадеа фекалии дека ако референдумот не пројде ќе влеземе во НАТО и ЕУ, па иако ги исполнивме условите не не примија поставувајќи ни нов услов. Во меѓувреме дека Грција не го почитува договорот имаме и пресуда од судот во Хаг.
Дали стечајците се поткупени за да учествуваат на референдумот?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил Сре Сеп 26 2018, 20:20

SHARENI напиша:UBK potvrdi, ima rusko vlijanie na referendumot i se vodi istraga.

Николовски: Се истражува влијанието на Русија врз референдумот 22 СЕПТЕМВРИ 2018 / 17:19
Русија има влијание врз референдумот и за тоа постои актуелна истрага. Ова го соопшти првиот човек на УБК Горан Николовски во едно телевизиско интервју, но притоа не откривајќи повеќе детали за начинот на кој се организира делувањето против успех на претстојниот референдум.

Гледаме организиран настап на социјалните мрежи. Организиран настап кој оди во правец на намалување на излезноста на референдумот, неуспех на референдумот нешто што понатаму би повлекло друга низа на настани. Пред сè лажни вести и невистинити. Тоа се пропагандни ама и лажни вести. Да, пред сè лажни вести или би рекол полувистинити“- изјави Горан Николовски, директор на УБК.

Директна закана врз безбедноста на Македонија нема, а пропагандата која се случува е во сферата на геостратешкиТЕ интереси, оценува Николовски. Оваа изјава на директорот на УБК доаѓа во време кога премиерот Заев, пред само пет дена посочи дека нема информации и докази за можни руски влијанија против референдумското изјаснување.

Во врска со можното влијание од соседни земји или од Русија или други земји во регионот, можам да кажам дека ние немаме идентификувано земји кои шират лажни вести, секако севкупната борба против лажните вести останува овде“- рече Зоран Заев ,премиер на Р. Македонија.

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, при вчерашната посета на Бања Лука, негираше дека постои руско мешање во референдумскиот исход. Напротив, рече тој, за разлика од официјална Москва, многубројни европски и американски претставници секој ден одат во Македонија и навиваат за референдумот. А, Алсат М пред една недела објави информации од безбедносните служби за присуство на руски службеници во Македонија кои неофицијално би можеле да агитираат против референдумот. Кога побаравме одговори од Одделот за анализа и истражување при Управата за безбедност и контраразузнавање, кратко соопштија дека сè е под контрола.

Алсат

https://www.alsat-m.tv/mk/%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD/
А има ли истрага дали земјите од меѓународната банда (заедница) се мешаат во референдумот. Или УБК е под нивна контрола?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Luxor Сре Сеп 26 2018, 20:22

Зошто би имало истрага ако нема индиции за такво нешто? Или ти можеби имаш сознанија кои не си ги доставил до надлежните?
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил Сре Сеп 26 2018, 20:37

Како не ви паѓа на ум дека има Македонци што не сакаат да си ја избришат историјата и да воведуваат грчки зборови со политички диктат во македонскиот јазик. Да не забранеше власта политичка пропаганда на званичните телевизиски канали и други медиуми, веројатно не ќе имаше толкав притисок на социјалните мрежи. Да прашам и дали има истрага за учество на странски земји во шарената куртонска револуција?

За разлика од вас јас мислам дека во скоро време во ЕУ ќе дојдат лидери што нема да ги кршат човековите права и што поради непочитување на правото (пресудата на судот во Хаг) времено, до нашето зачленување ќе и го одземат правото на глас на Грција. А зошто и во Грција да не дојдат нормални луѓе на власт изгласани од нормални гласачи Очекував одговор и на претходниот текст, па ќе го повторам.

Ајде повторно да ве потсетам дека Албанците ги бојкотираа сите досегашни референдуми, а СДСМ бојкотираше еден, па кога од нивна уста слушаме нешто против бојкот можеме истото да го ставиме во ранг на јадење фекалии. Истото важи и за доскорешните платеници на Сорос, сега платени од буџетот на РМ.
Ако на референдумот одлучуваат само тие што гласале не требаше да постои мојата општина Чаир, Скопје не требаше да биде двојазичен град, ниту Струга и Кичево да бидат со мнозинско албанско население затоа што на референдумот против сегашната територијална поделба гласаа 95,06% од гласачите. Но не беше исполнет цензусот. И во 2004 година странците јадеа фекалии дека ако референдумот не пројде ќе влеземе во НАТО и ЕУ, па иако ги исполнивме условите не не примија поставувајќи ни нов услов. Во меѓувреме дека Грција не го почитува договорот имаме и пресуда од судот во Хаг.
Дали стечајците се поткупени за да учествуваат на референдумот?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Luxor Сре Сеп 26 2018, 20:40

Мислиш има една шака антички кои би сакале да ги држат во заложништво останатите граѓани на Македонија за да можат да ги спасат лидерите криминалци од затвор и да се вратат на власт за да продолжат со крадењето.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА  - Page 7 Empty Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 7 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот