РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
+8
misterija
TRAJCHE
PRVOBOREC
SHARENI
трендафил
OPOZICIONER
Kalinda
osa
12 posters
Страна 8 of 8
Страна 8 of 8 • 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Каква врска има зборот Флорина (наместо Воден) со антиката кога е наметнат пред еден век кога во Грција е донесен закон за преименување на сите населени места во Македонија кои имале македонски имиња. Не знам за кои криминалци зборуваш, дали само за тие што не се во СДСМ и ДУИ или за сите. Јас секогаш сум бил за тоа сите криминалци да одат во затвор. Не само тие што и пречат на меѓународната банда (заедница). Патем, мислиш ли дека ако пројде, не дај Боже референдумот. некој од силните странски политичари ќе ја посети Македонија. Ќе ми наведеш ли име на барем еден македонски историчар кој вели дека немаме врска со античката Македонија. Знаеш ли колку народи го сметаат Карло Велики за свој, па нема проблеми затоа што нема будали како Грците таму. Зошто од според тебе „шака антички“ страв дека референдумот нема да успее во случај на нивен бојкот. Да не се работи за големо шакиште.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Добро зи забележал, нема будали како грците таму. Проблемот е што вие се спуштате на грчко ниво. И каде виде страв дека референдумот нема да успее? Консултативен референдум не е задолжителен. Што значи дека процесите ќе течат и понатаму, доволно е мнозинството што ќе излезе да гласа за.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Првите пратеници на независна Македонија повикаа да се излезе на референдум и да се гласа ЗА
Пратениците на првиот парламентарен состав на независна Република Македонија денеска одржаа прес конференција во Собранието на која ги повикаа граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат ЗА. Тие порачаа дека Договорот со Грција не го загрозува идентитетот, туку дека зацврстува. Поранешните пратеници сметаат дека ЕУ и НАТО се единствен алтернатива за Македонија и дека земјата не смее да ја пропушти оваа шанса.
-Ние имавме историска можност во ваше име да ги удриме темелите на нашата независност. Ние мислиме дека имаме прво да ве повикаме заедно да направиме вистински чекор во вистинско време. Вие со право можете СДСМ и Зоран Заев да ги почитувате или не, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ги почитувате или не, ДУИ и Али Ахмети да ги почитувате или не, но Македонја мора да ја сакате. Вашите ставови кон политичките партии и лидери искажете ги на избори. Ова е референдум ние веруваме дека вистинската одлука на 30 септември е да се излезе на референдум и да се гласа ЗА – рече поранешниот пратеник Алил Џаферовски.
На новинарско прашање за Договорот тој одговори:
-Македонската нација оста македонска, македонскиот јазик останува македонски, Македонија останува Македонија без оглед на географската одредница, која не ја детерминира националноста. Наш став е дека со зокружување на ЗА, со позитивно изјаснување на референдумот ја заокружуваме државата и ги зацврстуваме темелите на иднината на оваа држава – рече тој.
https://fokus.mk/prvite-pratenitsi-na-nezavisna-makedonija-povikaa-da-se-izleze-na-referendum-i-da-se-glasa-za/

TRAJCHE- Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
За разлика од вас и понекој пратеник од првиот состав на парламентот на Република Македонија не мислам дека ниту Грците ниту лидерите на земјите од ЕУ и НАТО вечно ќе останат идиоти во однос на Македонија, па прашање на време е кога непонижени ќе влеземе во ЕУ, за НАТО лично не сум многу заинтересиран. Се разбира ако не избираме лидери на кои им треба странски камшик за да го направат тоа што е добро за нашата држава.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
So umot na dpne-ofcite nikogash nema da vlezeme vo EU...I da, tie sekogash kje bidat na stranata na Grcija...Zatoa ili bidete mazhi i izlezete so konkretni planovi za idninata na Makedonija ili prestanete da kvichite...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Nad 700 nabluduvaci ke ima na referendumot.
Референдумот ќе го следат околу 700 набљудувачи
Околу 700 набљудувачи ќе го следат процесот на гласање на денот на референдумот, закажан за 30 септември годинава. Најголем дел набљудувачи ќе бидат од земјава, или 383 набљудувачи, од неколку невладини организации. Од странство, пак, референдумскиот ден ќе го следат 286 набљудувачи, од кои најголем дел се од Мисијата за набљудување избори – ОБСЕ/ОДИХР.
https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%83-700-%D0%BD%D0%B0%D0%B1%D1%99/

SHARENI- Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Ke slikale, ke se osvetuvale, ke prakale Kjosinja, ama nisto od toa ke sedat mirni skrieni vo gluvceska dupka.
Над 6.000 полицајци ангажирани за референдумот
Безбедносните служби засега немаат индиции дека неделниот ден ќе биде нагрден со инциденти. Се очекува мирно референдумско изјаснување, а за секој случај на терен ќе бидат присутни над 6.000 полициски сили.
Доколку ситуацијата тргне на лошо, на готовс ќе бидат и специјалните единици на Министерството за внатрешни работи. Надлежните уверуваат оти полицијата ќе биде на висина на задачата за да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните.
Според досегашните сознанија, безбедносната состојба на денот на одржувањето на референдумот ќе биде стабилна. Немаме информации што јавуваат за можна дестабилизација или нарушување на изборниот процес. Настрана политичките препукувања и обвинувања, очекуваме мирна недела“, велат извори од безбедносните служби за „Независен“.
Тие информираат дека на избирачките места во просек ќе има по двајца припадници на МВР, но во зависност од проценката и бројот на запишани избирачи, таа бројка може да расте или да се намали. Имајќи предвид дека евидентирани се околу 3.800 гласачки места, за референдумот се очекува да бидат ангажирани над шест илјади полицајци.
Во касарните ќе чекаат и припадниците на специјалните единици. Официјални податоци од МВР околу бројот на полицајци што ќе внимаваат на безбедноста не може да се добијат на ниту едни избори, затоа што станува збор за безбедносна проценка на службите, односно на координативниот штаб во рамките на Министерството чија задача е да го организира и спроведе јавниот ред и мир.
Полицијата е на висина на задачата, тајноста на гласот е гарантирана. Согласно законите, секаков вид притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран. Согласно законите, секој обид за попречување на остварување на правото на глас ќе биде санкциониран“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски додавајќи дека правото на глас е неприкосновено и никој не смее да го загрози.
По налог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, формирана е комисија која работи уште од почетокот на кампањата. Нивна задача е да ги следат евентуалните противправности во врска со кривичните дела против изборите и гласањето. Во комисијата партиципираат членови од сите четири виши јавни обвинителства и еден од ОЈО Скопје, со што се покрива цела територија.
Дадени се задолженија на денот на гласањето, покрај редовните да има и дополнителни дежурства со цел навремено дејствување ако евентуално има кривични дела. Воспоставена е комуникација со сите обвинителства и со припадниците на МВР кои ќе бидат на терен, рече Бајрами.
Електронската адреса на комисијата (referendum@jorm.gov.mk) e oтворена и се повикуваат граѓаните, партиите, невладините организации, домашните и меѓународните институции, како и сите што ценат дека има неправилности со организирањето и спроведувањето на гласањето, да ги пријават за да може обвинителството да реагира.
В недела од 19 часот односно само што ќе заврши гласањето, пред Собранието се најавува собир на граѓаните што ќе го бојкотираат гласањето, при што ќе се славело неисполнување на цензусот на референдумот. Во МВР до вчера попладне такво собирање на беше пријавено што е законска должност. Проценките се дека доколку денот помине во најдобар ред, како што и се очекува, бројката на протестирачи нема да биде голема ниту, пак, се очекуваат некакви инциденти.
https://netpress.com.mk/nad-6-000-policajci-angazirani-za-referendumot/

OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Баш ме интересира дали ќе има кривична пријава за користење на буџетски пари за кампањи за референдумот или обвинителството исполнува партиска задача и наредби од натпартиската меѓународна банда (заедница). Или за лагата дека скрининг процесот ЕУ го започна вчера , а не во 2005 година.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Денес нешто ти западнале за око тужби и кривични пријави. Ме радува што СДСМ успес да ја врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Заврши гласањето во Австралија. Излезност 7,73%. Во затворите очекувам повеќе гласови ЗА, затоа што таму во мнозинство се ваши гласачи. Албанци.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Убаво што не извести само не кажа дека силеџиите од бокотирам ќе го кркаат според австралиските закони кои се далеку построги.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Дали полицијата ќе ги заштитува „купените или уценети' пратеници од ВМРО откако ќе ја завршат работата и евентуално ќе изгласаат промена на Уставот.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Ниту се купени, ниту уценети, само се чпесни луѓе и патриоти што му го сакаат доброто на својот народ и својата земја за разлика од мафијашкото друштво на ХидроЖмицкоТакис.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Расизам е да сметаш дека Македонците се подредена нација па поради тоа ги немаме основните права на една народ. Сам да се именува без мешање на Грција, САД, ЕУ и други, сам да си ја пишува историјата ... Малку ме чуди ако некој поддржува расизам врз сопствениот народ, но прифаќам дека ако некој смета дека е неспособен сам да одлучува може тоа право да го префрли на друг. Во случајов на Грција, САД, ЕУ ... Не би рекол дека е чесен некој што е избран со ветување дека нема да дозволи промена на уставното име гласа за негова промена. Не се работи ли за измамници.
Не одговори на прашањето дали полицијата ќе ги заштитува забеганите пратеници и откако евентуално ќе гласаат за натурениот Устав.
Не одговори на прашањето дали полицијата ќе ги заштитува забеганите пратеници и откако евентуално ќе гласаат за натурениот Устав.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Историјата ја пишуваат победниците. Не знам кој го кажал тоа ама знам што кажал Наполеон цитирам "Историјата е куп лаги со кои сме се сложиле". Поврзи ги тие две работи и ќе ти стане јасно.
Мислиш дека ќе треба да ги заштитува од некого полицијата пратениците кои гласаа за промена на Уставот? Сите 80 или само некои од нив? Јас мислам дека нема да има потреба за тоа. За кратко време будалите што мислат дека ќе добијат некој глас повеќе на изборите заради нивните насилни испади тешко ќе се разочараат. Така и Левица искористувајки го револтот во протестите на шарената револуција ја кршеше канцеларијата на претседателот па видовме како поминаа на изборите.
Мислиш дека ќе треба да ги заштитува од некого полицијата пратениците кои гласаа за промена на Уставот? Сите 80 или само некои од нив? Јас мислам дека нема да има потреба за тоа. За кратко време будалите што мислат дека ќе добијат некој глас повеќе на изборите заради нивните насилни испади тешко ќе се разочараат. Така и Левица искористувајки го револтот во протестите на шарената револуција ја кршеше канцеларијата на претседателот па видовме како поминаа на изборите.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
трендафил напиша:Расизам е да сметаш дека Македонците се подредена нација па поради тоа ги немаме основните права на една народ. Сам да се именува без мешање на Грција, САД, ЕУ и други, сам да си ја пишува историјата ... Малку ме чуди ако некој поддржува расизам врз сопствениот народ, но прифаќам дека ако некој смета дека е неспособен сам да одлучува може тоа право да го префрли на друг. Во случајов на Грција, САД, ЕУ ... Не би рекол дека е чесен некој што е избран со ветување дека нема да дозволи промена на уставното име гласа за негова промена. Не се работи ли за измамници.
Не одговори на прашањето дали полицијата ќе ги заштитува забеганите пратеници и откако евентуално ќе гласаат за натурениот Устав.
i knigata shto ke ja pishuva grujo eden den ke bide "istorija" ,i nekoj ko tebe ke ubeduva drugi deka istorijata e bitna ,a mnogu dobro znaeme od takov lopov ko nego shto ubavo moze da napishe ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
На 18 ноември е закажан голем протест против обидот за укинување на македонскиот народ и формирање на нов народ со тоа име.
https://lider.com.mk/makedonija/na-18-noemvri-vo-skopje-golem-protest-protiv-ustavnite-promeni-pred-sobranieto-na-republika-makedonija/
На 17 ноември, ден пред тоа, полицијата ги повикува резервистите на боево гаѓање.
http://expres.mk/rezervist-na-mvr-odbiva-da-odi-na-svojot-narod/
https://lider.com.mk/makedonija/na-18-noemvri-vo-skopje-golem-protest-protiv-ustavnite-promeni-pred-sobranieto-na-republika-makedonija/
На 17 ноември, ден пред тоа, полицијата ги повикува резервистите на боево гаѓање.
http://expres.mk/rezervist-na-mvr-odbiva-da-odi-na-svojot-narod/
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Независни Грци ја напуштија владата на Ципрас. Дали и таму сега ќе почне тендер за купување на пратеници како што се случи кај нас. Дали Меркел ќе обезбеди евентуално пари за корупција, доколку се точни гласините дека Панче Минов дел од наводно 300 илјади евра што ги добил поминале преку германска инвестиција во Кавадарци?
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 8 of 8 • 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8
Similar topics
» ГРЦИЈА и ......
» Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино
» Сириза победи во Грција
» ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО
» РЕШЕНИЕ ЗА ДОЛГОГОДИШНИОТ СПОР СО ГРЦИЈА

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот