Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СДСМ опамети се...под итно........

+12
zozoti
Bosonoga
OPOZICIONER
TRAJCHE
osa
nino
SHARENI
defo
Teo
Luxor
трендафил
PRVOBOREC
16 posters

Страна 6 of 19 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 12 ... 19  Next

Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Luxor Нед Мај 26 2019, 21:53

За СДСМ и се грижам. Со таква килава опозиција би можеле да почнат да ја злоупотребуваат власта. Затоа бркајте ги со време Жмицко и пајташите и изберете способни луѓе.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Пон Мај 27 2019, 12:43

Не знам тогаш од каде толкав страв кај СДСМ од опозицијата, па веднаш по првиот круг на претседателските избори (што власта ги загуби) се најави метла. Не е мое да се мешам во внатрешните работи на владеечката партија, но не можам да не напишам дека чудно е сите да си дадат оставка или да бидат разрешени, а главниот командант да не го направи истото. После нека биде реизбран ако членството го сака. Мое мислење е дека по смените ќе биде уште полошо, затоа што власта полека станува свесна дека ќе ги загуби изборите, па ќе гледа да грабне што може да се грабне. АКо Шилегов ви е лош за партијата, па го разрешувате, зошто ни го оставивте на нас во Скопје да го трпиме.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by TRAJCHE Пон Мај 27 2019, 14:00

Nikoj ne se plasi od vas nebitni ste, vazno e da se podobri zivotot. Ako narodot ne e zadovolen od nekoi kadri oni se menuvaat.
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Пет Мај 31 2019, 15:52

А ако не е задоволен генерално и менува генерално. Премиерот беше задоволен од сите до првиот круг на претседателските избори, па сега и тој разбра дека не бил со сите кога така мислеше.

Нели требаше автопатот Миладиновци-Штип да се отвори најдоцна денес. Иако, да бидам искрен не знам која по ред најава беше во прашање.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by TRAJCHE Пет Мај 31 2019, 18:25

Ke go pustat koga ke gi otstranat site defekti so koi go ostavivte poludovrsen, plus asfaltiran dalekuvod i vodovodni cevki i slepi nadvoznici.
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Саб Јун 01 2019, 09:45

Ако тоа го рекол некој од актуелната власт немој да му веруваш. Такво нешто немаше кажано сигурно до пред 1 месец, кога беше кажано дека останува само да се заврши заштитната мрежа. Ќе бидеш ли љубезен да дадеш линк од каде ти е таа изјава, па да видам на кој датум е дадена. Лично не верувам дека до сега власта била слепа и не ги видела две години далекуводот, водоводните цевки, а колку што знам надвозниците нема да бидат завршени и сега и ќе се градат со пуштен автопат, со регулиран сообраќај на тие две места кај што истите не се завршени. Не се работи за доцнење од два-три месеца, туку од две години. Иста е ситуацијата и со останатите градби. Да не случајно парите наместо за градење одат можеби за крадење. Вклучувајќи го и задолжувањето од просечно 2,5 милиони евра дневно.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Teo Саб Јун 01 2019, 11:52

Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Нед Јун 16 2019, 21:14

Тешко ми е да поверувам дека тие 24 наводни бандери (ова наводни затоа што извор за информирање е партија што тврдеше дека минатата година сме добиле датум за преговори со ЕУ) се 45% од автопатот, а уште помалку дека по нивното отстранување за 4 месеци требале уште 21 месец за да се асфалтираат тие места.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Teo Нед Јун 16 2019, 21:16

Tebe ti e tesko i da poveruvash deka ste opozicija.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Нед Јун 16 2019, 22:06

На тебе изгледа ти е тешко да поверуваш дека Ахмети и Заев се власт во Македонија, па уште за тоа што се случува во државата го обвинуваш Груевски.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Teo Нед Јун 16 2019, 22:26

Ne mozhesh da go zaboravish svojot idol Grujokio iako samiot Sijarto vo parlamentot potvrdi deka e ungarski shpion. KPOSM vo srzh.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Пон Јун 17 2019, 18:51

Оваа тема е за СДСМ па може да го споменеш твојот идол, амнестираниот криминалец Зоран Заев. Да одбележам некои новини од оваа партија. И понатаму пати од демософобија (страв од народот) и бега од избори и покрај тоа што излезе на виделина и за најслепите дека минатата година не сме добиле датум за преговори во јуни. Дека партијата е пред државата се виде на воената вежба во Криволак каде што присуствуваше генералниот секретар на поранешните комунисти, како во времето на диктатура кога бевте единствена партија. Не е ново ниту тоа што утре владата ќе не задолжи со нови половина милијарда денари (8 милиони евра). Од тоа 200 милиони ќе вратиме за една година, а 300 милиони за 15 години. Гледам и не можам да поверувам дека владата во својата реклама се фали дека за две години отворила 25 нови фабрики. Не знам кога толку брзо се изградија и проработеа. Ќе биде ли некој љубезен да ми ги даде имињата на фабриките. Јас нешто не можам да се сетам на нив.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Teo Пон Јун 17 2019, 19:05

Te fakja nervoza shto SDSM uspea da ja vnese Majedonija vo NATO. Neshto sto beshe samo pusta zhelba na KPOSM.Ne se plashi, zaslugite za dogovorite so Bugarija i Grcija shto dovedoa do toa kje im bidat priznaeni.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Пон Јун 17 2019, 19:45

Владата предводена од ВМРО ги исполни условите за членство во НАТО, а не станавме членка поради криминалниот однос на оваа организација кон нашата земја. Скапата цена (промена на името на државата и бришење на историјата, идентитетот и дијалекти од македонскиот јазик) Заев ја плати без гаранција дека ќе станеме членка на ЕУ. Дури и без гаранција дека ќе станеме членка на НАТО, ајде да не баксузирам нема да образложувам понатаму.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Luxor Пон Јун 17 2019, 20:10

Каква влада на ВМРО бе, вие таму сте збирштина од дпмне-оФци, немате ни В од ВМРО.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Вто Јун 18 2019, 10:05

Јас не сум член на ВМРО, а оваа партија како и сите други субјекти има право самата да се именува во согласност со законот. На пример, не може да има исто име со друга партија. Знам дека за тебе единствено ВМРО е НП, тоа на Љубчо Георгиевски и тоа е твое право. Не знам зошто толку енергија посветуваш на тоа да ги кршиш правата на членовите на ВМРО и нивните симпатизери, па и на тема за СДСМ пишуваш за најголемата политичка партија во Македонија.
Да се вратам на СДСМ и нивното учество на вежбата на НАТО и АРМ на Криволак. Прво е јасно дека Ѓорѓе Иванов му остави на својот наследник Стево Пендаровски спремна армија. Не знам само што и требаше на владата таа слика со шчемови, како да сме Северна Кореја, а не Македонија. Тоа северна изгледа и има удрено во глава на власта.
https://expres.mk/lidershipot-na-severna-makedonija-i-na-severna-koreja-vo-tvitot-na-denot/
https://expres.mk/partizacija-na-nato-shto-bara-partiski-gensek-na-voena-vezhba/
https://expres.mk/mickoski-ostajte-im-gi-shlemovite-na-vojnicite-smeshni-ste/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Luxor Вто Јун 18 2019, 11:38

трендафил напиша:Јас не сум член на ВМРО, а оваа партија како и сите други субјекти има право самата да се именува во согласност со законот.

И што, јас ги крстив дпмне?
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Пон Јун 24 2019, 17:54

Вие би прекрстиле се живо. Тоа што вашата партија ја прекрстувавте повеќе пати е ваше право. Од КПМ, во СКМ, па СКМ-ПДП до денешното СДСМ кое веројатно ќе го менувате, само не знам дали со додавка северна или бугарска во зависност од тоа во кој правец ќе забега Заев. Но тоа не значи дека можете да пркрстите секого. Право на членовите на ВМРО-ДПМНЕ е сами да се именуваат и секое преименување е кршење на нивните човекови права. Оваа тема е за СДСМ. Најново е тоа што заменикот министер за образование проф. д-р Петар Атанасов си деде оставка. Веројатно затоа што министерот за образование од ДУИ останува министер иако според Атанасов е неспособен (или намерно ја кочи работата), а премиерот не превзема ништо. Според мене не смее да превземе ни чекор против ДУИ. Атанасов смета дека е изедено дете на шарената револуција. Еве ја оставката.

Почитуван Претседател на Владата г-дин Зоран Заев,
Сакам да Ве известам Вас и јавноста дека поднесувам оставка од позиција на заменик министер во Министерството за образование и наука. Ова ви го соопштив уште пред реконструкцијата, но еве сега може и да се процесуира. Едноставно, мојата позиција станува неодржлива и неефективна. Истовремено, давам оставка и на сите дополнителни функции во рамките на Министерството за образование и во Владата која Вие ја предводите!
Во изминатите неполни 10 месеци, со големо задоволство и верба ја прифатив поканата да ја извршувам оваа функција. Влегов во систем кој со години не само што не се менувал, туку и многу назадувал и еродирал. Освен многуте и бескрајни формалности во работата на Министерството, овој период не се случи ништо позначајно. И тоа што навидум се тркала е далеку од потребите на системот и не ги менува севкупните состојби. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! Пред само една недела во еден јавен настап кажав дека треба да се запали црвеното светло и дека ако продолжиме со ова темпо, може да очекуваме образованието да го реформираме за 10 до 15 години. А можевме многу, многу, подобро. Уште пред парламентарните избори составив тим со кој заедно изградивме одлична програма и план, и силно верувавме во политиките кои требаше да ги реализираме. Се чинеше дека успехот е неизбежен. Ем знаевме, ем можевме, уште само требаше да покажеме дека и умееме. Нејсе!
Во овој кус период во МОН работев на повеќе прашања и проблеми и се обидов да се вклучам во што повеќе процеси. Морам да истакнам дека уште од самиот почеток не ми беше дозволено да формирам тим со што ефектите од мојата работа би биле многу поголеми. Првите два месеца заедно со една поголема група изготвивме решение за јазлите во кои беше навлегол Филмскиот институт во Охрид. За жал извештајот и предлог мерките останаа во Кабинетот на министерот. Неколку месеци работев, заедно со неколку креативни луѓе, на дизајнирање на програма за воведување на дигитализација и медиумска писменост во првите нивоа на образование. За жал извештајот и предлог мерките останаа во Вашиот Кабинет. Работев и бев присутен во многу училишта, универзитети, факултети и образовни институции, заради воспоставување на директна комуникација и соработка со наставниците, професорите и вработените во целиот систем на образование. За жал ова искуство и насобраното знаење не можеше да се реализира поради инертноста и спороста на образовните институции. А треба многу работи да се менуваат!
Кај мал дел од вработените во МОН наидов на одлични соработници за неколку прашања и процеси. Луѓе кои се долго во образованието, но ретко добиваат шанса да покажат што знаат и можност да напредуваат. Имав интензивна соработка со структурите и научноистражувачките центри во Брисел, особено со експертска фела. Пред еден месец на моја иницијатива кај нас започна пилот проектот СЕЛФИ, самоевалуациска алатка која многу ќе им помогне на наставниците во нивните планови и програми. За ова во Скопје допатуваа неколку преставници на European Training Foundation – ETF. Станав дел од Управувачкиот одбор за формирање на Меѓународен институт за одржливи технологии во Југоисточна Европа. Во таа мрежна соработка на ниво на регион би можело да се работи и на поголеми проекти. Пред една недела, заедно со неколку претставници на Министерството за образование и Министерството за економија остваривме регионални контакти и разговаравме за интензивирање на изработката на Стратегијата за паметна специјализација. Уште една бриселска алатка за поефикасно планирање на приоритетите на социоекономскиот развој, но и на образовниот процес. Тука ќе застанам, иако имаше многу повеќе.
Главните приоритети во образованието треба да бидат подигнување на квалитетот на сите нивоа во образованието, создавање на поквалитетна понуда за целото општество, не само за економијата, како и вложување во креативните потенцијали на наставниците, но, пред се, на учениците. Но за ова, најпрвин, треба да се промени филозофијата на целото образование. Еден закон, или еден проект не може да ги дадат очекуваните резултати. Пристапот мора да биде холистички, за што повеќе пати елаборирав во многубројните јавни настапи и интервјуа.
Во недостиг на простор и можност за поголеми промени во образованието, најголем дел од моето време во изминатите 10 месеци го посветив на процесот за подготовка на „Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам“. „Едно општество“ е мој концепт и визија за иднината на државата, кој беше вклучен во програмата на партијата, а потоа и во програмата на Владата. Заедно со неколку одлични соработници од повеќе институции влеговме во процес на градење на овој концепт за едно општество. Како што јавно говорев и аргументирав, во нашето општество паралелно се одвиваат два процеса поврзани со општествената (дез)интеграција. Едниот процес го форсира национализмот, етноцентризмот и изолацијата, додека другиот процес, концептот што ние го понудивме, во преден план ги става соработката, интеграцијата и заедништвото. Во оваа стратегија голем дел е посветен на образованието, како основа за идните политики и законски решенија, кои во една пристојна временска димензија би поддржале процеси на интеркултурно живеење и комуникација, без разлика на сите наши специфичности и различни припадности. Без суштински и добро осмислени и реализирани промени во образованието, ниту оваа стратегија нема да може да фати корен.
Моја намера и лична желба е да се вратам на академската кариера, затоа што револуцијата што ја покренавме почна да ги јаде сопствените деца. Годинава навршувам 30 години професионална работа и професионални ангажмани во неколку клучни и различни сектори, исполнети со потраги по нови предизвици. За жал, моите очекувања дека преку политичкиот ангажман во изминатите шест години ќе влијаам во насока на реално подобрување на состојбите во општеството, особено во образованието и несебичното вложување за таа цел, не се остварија. Се чини дека иако декларативно сите говорат дека се залагаме да ги задржиме младите во државата, без вистинска реформа и поквалитетно образование, како и можност за поголем просперитет за младите, тоа нема да се случува.
До некој следен предизвик!
Проф. д-р Петар Атанасов

https://plusinfo.mk/петар-атанасов-си-поднесе-оставка-про/


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Luxor Пон Јун 24 2019, 18:58

А бе ти реков јас зрел си за стручна помош. Како тоа јас ве прекрстив во дпмне кога вие сами така се нарекувате. А да бидете ВМРО не можете затоа што ги предадовте идеалите за кои таа организација се бореше.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Пон Јун 24 2019, 19:33

Мислев дека ќе напишеш нешто во врска со оставката на професор доктор Петар Атанасов. Не знам дали ти треба стручна помош во врска со тоа што мислиш дека ти си тој што оценува дали некој заслужува или не некое име, но останува дека секој субјект има право сам да се именува, а историјата ќе донесе суд дали ВМРО-ДПМНЕ имало позитивна или негативна улога. Ако Заев и Борисов ја пишуваат историјата се согласувам дека оценката ќе биде иста како твојата. Не знам што си се фатил за името на друга партија кога оваа тема е за СДСМ (порано КПМ, СКМ, СКМ-ПДП) Кога бевте СКМ-ПДП никој не ве викаше ПДП. Со тоа име беше вашиот албански коалиционен партнер. Пак ќе прашам зошто немате проблем со името на ВМРО-НП. Дали затоа што Заев ја спроведува пробугарската политика на Љубчо Георгиевски, која овој како премиер не ја спроведуваше.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Luxor Пон Јун 24 2019, 22:34

Ќе видиме како историјата ќе ја оцени улогата на дпмне. За ВМРО знаеме.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Luxor Пет Jул 05 2019, 21:19

Не ми се верува дека пренесувам вест од Љупче, но ако се ова, заедно со првата аудио снимка не е доволно Заев да се ослободи од Рашковски тогаш нека не биде изненаден ако и него го поврзуваат со незаконското работење на Рашковски а уште помалку што ќе ги изгуби гласачите.

https://lider.com.mk/makedonija/nova-audio-bomba-za-rashkovski-potivko-ne-ni-e-dozvoleno-da-razgovarame-so-leonardo-pravite-raboti-koi-se-predmet-na-istraga/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Пон Aвг 19 2019, 15:12

Владата на Македонија потпишува за цвеќиња со фирмата Триста-груп до сега максимално најскап договор од 783 илјади евра, што е многу повеќе од блиндираниот Мерцедес, на пример. Истата фирма има договори и со повеќе општини низ државата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Teo Пон Aвг 19 2019, 15:43

Dobar den Trendafile. Si se raspishal neshto dodeka me nemashe. Taka treba, no i da namalish glupokja isto taka. Grujo sakashe da go zagaduva vozduhot i da gi trovi dechinjata niz Makedonija so izduvni gasovi. Cvekjeto pokraj toa shto khe im go razubavi prostorot i go prochistuva vozduhot. Navistina ne znam shto imate vie od dpsne protiv zdravjeto na decata.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by трендафил Пон Aвг 19 2019, 16:51

Ќе се разубавува за тие пари само просторот за кој по уривањето на оградата Заев лажеше дека ќе биде отворен за слободно движеше на сите граѓани и ќе се украсуваат канцеларии во самата влада. На кој нема да шетам јас и моите, барем не додека е Црпе премиер. Не забележав и дека по повеќе од две години власт на СДССМ воздухот е почист. Напротив. Воздухот е по загаден и покрај тоа што повеќе десетици илјади возачи во овој период се трајно иселени од Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ опамети се...под итно........ - Page 6 Empty Re: СДСМ опамети се...под итно........

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 19 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 12 ... 19  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот