Здравството во Македонија
+21
Flora
Nebula
SHARENI
TRAJCHE
Albatros
misterija
Bosonoga
nino
PRVOBOREC
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
трендафил
tmoro
osa
Боко
defo
Фири
Hamad bim Khalifa
reiter
25 posters
Страна 10 of 40
Страна 10 of 40 • 1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 25 ... 40
Re: Здравството во Македонија
Партиските војници на марионетската власт криеја дека минатата недела во ноќта помеѓу четврток и петок во клиничкиот центар во Скопје починаа четири новороденчиња.
http://24vesti.mk/chetiri-bebinja-pochinale-vo-edna-vecher-na-klinikata-za-ginekologija
http://24vesti.mk/chetiri-bebinja-pochinale-vo-edna-vecher-na-klinikata-za-ginekologija
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
трендафил напиша:Партиските војници на марионетската власт криеја дека минатата недела во ноќта помеѓу четврток и петок во клиничкиот центар во Скопје починаа четири новороденчиња.
http://24vesti.mk/chetiri-bebinja-pochinale-vo-edna-vecher-na-klinikata-za-ginekologija
pa gleash li bre moronu so vashata partizacija 11 godini deka sve nepismeni idioti vrabotivte sekade ,pa i vo zdravstvoto ,toa se se vashi nepismeni goveda koi kupia diplomi i sega ke im umiraat pacienti
Dino- Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30
Re: Здравството во Македонија
Сериозно ли мислиш дека ако вината беше кај некој член на ВМРО власта ќе го криеше случајот? Изгледа дека и ти си подпаднал под пропагандата што ја шират кучињата на Сорос по социјалните мрежи дека прво треба да си замине Груевски, па после ти да си заминеш од Македонија во странство. По тебе веројатно старата влада е виновна и за падот на сите економски параметри до еден од јуни наваму. А до мај имавме пораст и покрај вештачката политичка криза со лагите за наводни фантомски гласачи ја наметнаа странците со помош на домашните предавници. Погледај го ова ако имаш време но со вклучен мозок. Заборави на љубовта кон членовите на последната редакција на комунист, кон Бранко Геровски, Љубомир Фрчковски на пример, и омразата кон Миленко и Мирка и само обрни внимание на текстот.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Ајде да напишам и дека за жал е нормално кога има забременувања на многу жени со проблематична бременост, кои немале деца од тие причини со години, и смртноста кај новороденчињата да биде поголема. Но никогаш не сме имале криење на ваквите случувања ниту се случувале во ваков број. Ниту не траело волку долго утврдувањето на причините за смртта на децата. Нејасно е и зошто новата власт не го пушта во употреба новиот оддел за интензивна нега на новороденчиња иако истиот е готов пред доаѓањето на хунтата на власт. Веројатно сакаат да го прикажат како свое дело.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Синојка во тетовската клиничка болница почина родилка. Новороденчето во тешка здравствена состојба е префрлено во Скопје.
http://telma.com.mk/vesti/pochina-rodilka-vo-tetovo-bebeto-preneseno-vo-skopje
http://telma.com.mk/vesti/pochina-rodilka-vo-tetovo-bebeto-preneseno-vo-skopje
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Premnogu smrtni sluchai za kratko vreme...Ovde nema shto da se razmisluva...Se formira istrazhen organ i rabotata se tera do kraj...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Здравството во Македонија
Мизерија, 21 век, на коњ......страшно........
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3588
Join date : 2015-01-13
Re: Здравството во Македонија
Не е страшно тоа што во одредени временски услови во 17 години лекарот имал една интервенција на која отишол со коњ. Такви случаи има и во планинските делови на САД. Да се надеваме дека марионетскава влада ќе обезбеди хеликоптер за слични интервенции, иако во одредени метеоролошки услови и хеликоптерите не летаат.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
За жал почина и бебето, Бог да го прости.трендафил напиша:Синојка во тетовската клиничка болница почина родилка. Новороденчето во тешка здравствена состојба е префрлено во Скопје.
http://telma.com.mk/vesti/pochina-rodilka-vo-tetovo-bebeto-preneseno-vo-skopje
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
mislam deka treba shto e mozno poskoro da se napravi detalna istraga i da se utvrdat prichinite za smrtnost na decata na oddelot ginekologija
Bosonoga- Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15
Re: Здравството во Македонија
Двата компјутерски томографи во клиничкиот центар во СКопје не работат. Се надевам дека нема да треба да чекаме ВМРО да се врати на власт за да проработат.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Премиерот Заев ја одложи средбата со вработените во скопска гинекологија закажана за денес. Веројатно изборите му се поважни од животите на децата.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
vashiot gi otkazuvashe sredbite ,Zaev samo ja odlozil sredbata
OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Re: Здравството во Македонија
Конечно министер за здравство и ако судиме според минатото на министерот и реакциите на јавноста изборот не е баш многу погоден.
Остри реакции на Твитер по изборот на Филипче за министер за здравство
Објавено: 25-12-2017, 17:01
Собранието на Република Македонија попладнево го избра д-р Венко Филипче за министер за здравство. Со 62 гласа „за“, еден воздржан, и ниту еден „против“, Филипче застанува на чело на еден од најчувствителните сектори.
Премиерот Зоран Заев пред пратениците образложи дека поради локалните избори, а заради правото на избор на тогашниот министер за здравство Арбен Таравари да биде кандидат за градоначалник му престана мандатот и оти за нов член на Владата кој ќе раководи со ресорот здравство го предлага Венко Филипче.
По оваа одлука први се појавија реакциите на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, ви пренесуваме дел од ставовите:
http://nezavisen.mk/mk/vesti/2017/12/11557/
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Здравството во Македонија
Da ova e kolumna na Sasho Ordanovski ama zasluzhuva da stoi ovde...
http://plusinfo.mk/mislenje/3763/a-da-probame-so-jurish-na-klinikiteА да пробаме со јуриш на клиниките?
Сашо Орданоски ● во 12:02 26 декември 2017 ● Прочитано 2928
Да бидеме реални: македонскиот јавен здравствен систем се наоѓа на точка на која не може реформски да се оправи.
Проблемите се огромни, натрупувани со децении. Интересите се толку испреплеткани, што и физичките ликвидации на оние кои би им застанале на пат се чинат прифатливо и релативно евтино решение. Знаењето на домашните експерти за јавно здравство е парцијално, невлијателно, не делува убедително. Здравствениот менталитет – и на лекарскиот персонал и на болните – е со терминални онколошки наоди. Корупцијата од секаков вид (од спонзорства, преку непотизми и препишување бесмислено-опасни лекови, до кеш евра по џепови) е толку распространета, што е будалесто да се бориш против неа, туку можеби е подобро да се смисли официјален корупциски ценовник, за да се воведе барем некаков ред во таа дејност…
Сакам да кажам, џабе лутење или славење за изборот на г. Венко Филипче за нов министер за здравство. Тој, објективно, ништо не може суштински да смени – дури и кога би сакал – освен веројатно работите да ги влоши уште малку. За тоа секогаш има простор.
Затоа и мислам дека целиот пристап е погрешен. Тоа ви е како да очекувавте Јавното обвинителство на Марко Зврлевски да се зафатеше со решавање на криминалите на минатата власт. Не, туку под жесток домашен и странски притисок се формираше потполно нова институција, Специјално јавно обвинителство; зад неа застана сериозна домашна и критична странска експертска и политичка поддршка; на сила – да, да, на сила! – им се дадоа овластувања на Елиот Нес, односно се обезбедија со посебен Закон, со сериозни пари и со голема кадровска поткрепа, за со таква поставеност и поддршка, после две години да ги видиме првите резултати од нивната работа!
Можеби е дојдено време за сличен пристап и во здравството. Со аномалиите на тој систем да се бориме со институција вон системот. Таа да добие големи овластувања, да биде поткрепена со странска експертиза, да има некаква извршна моќ и да обезбеди политичка поддршка за големи и длабоки резови во здравството, како кога би ги киднапирале министерот и директорот на Фондот за здравство и, наместо откуп, да барате спроведување реформи… Со закана дека, ако нема реформи, ќе ги пуштите киднапираните на слобода.
Јас не верувам дека оваа Влада е подготвена за таков вид на големи проекти. Ако се суди според бројот на автомобили со струмички (и нешто бугарски) регистерски таблички по болничките паркинзи низ Скопје, побрзо ќе да е во тек инсталирање на уште едно здравствено-медицинско лоби во ресорот, а не расчистување со старите.
Собранието? Тоа да даде некаква реформска иницијатива? … Таму на истата седница кога се бираше министер за здравство, во трет обид, илегално избраа нов јавен обвинител (да, да, Тортевски е во право), па не сум сигурен дека владејачкото мнозинство може да конституира доволно интегритет за да наметне волја за радикални реформи и во здравството…
А можеби проблемот може да се решава со граѓанска окупација на клиниките. Со физичко освојување на секоја клиничка зграда, да се прогласи слободна здравствена територија, да се именува ново, колективно револуционерно клиничко раководство, кое самото ќе преговара со сите надворешни фактори битни за опстанокот на таа клиника. И за решавање на сите покрупни аномалии – како што е ред во револуционерните движења – да го користи задниот ѕид во дворот на клиниката, според принцип на постројување пред него како аптекарски шишиња, пред еден дежурен вод од болни кој би ја спроведувал огнената правда…
Којзнае, на човек понекогаш му се чини дека баш до таму сме дојдени во нашево здравство. Затоа, велам, без претерани возбуди за новите кадровски решенија на оваа политичка гарнитура во здравството, сѐ ќе си оди по старо, како што сме навикнале и до сега. Што е сигурно – сигурно.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Здравството во Македонија
Интересен проспект со кој владата сака да не убеди да станеме северномакедонци. Признава ли со ова владата дека сега не се користат (нај)квалитетни вакцини. Дали вакцини ќе има за сите или за сите ваши, северномакедонски деца, а не и за наши, македонски, без додавка, деца. Дали ако не си го смениме името ќе престанете со вакцинирање на децата.
Кога сме кај здравството една тажна вест. Почина малата Ева Крстаноска, Бог да ја прости, која можеше да биде излечена ако на време обезбедивме средства со донирање преку мобилен телефон за нејзино лекување во Германија. За жал изгледа многумина поверуваа дека со инсталирањето на владата на Заев децата на сметка на фондот ќе се лекуваат кај што им е потребно. Очигледно е дека народот треба да ги земе работите во свои раце и кога се работи за здравјето, наместо да чека дека тоа ќе го направат одговорните, односно власта која не е сопсобна да направи ништо освен да не прогласи за вештачка нација.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Тодорофф само такви и набавуваше, плус што законот така го изгласавте да нема можност за никаква контрола инаку како ќе крадевте.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: Здравството во Македонија
Имавте повеќе од 4 пати по 100 дена да го смените законот ако не ви одговара и на вас. Според тебе за крадење. А се простува само во првите 100 дена по доаѓање на власт.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Premalku e toa vreme za da se ispravi se shto tvoeto dpne unishti...I da se promenat site zakoni koi gi nosevte preku nokj za da gi zbogatite pastirot i familijata...A kako poddrzhuvach na devastatorite na Makedonija krokodilskite solzi odlichno gi leesh...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Здравството во Македонија
Еден од коалиционите партнери во власта, ДУИ, е на власт со куси паузи од 2002 година. И учествуваше во носењето на сите закони.
Ако дискутираме реално, и во случајот со Тамара и во овој со Ева има веројатно и вина на родителите. Тамара умре од воспаление на белите дробови кое не било лечено затоа што мајката воопшто не ја однела на лекар. СО антибиотска терапија веројатно ќе ја дочекаше операцијата. Во сегашниот случај одобрени се средства за лечење во Турција, но родителите сакале тоа да биде во Германија кај што постапката е поскапа. Барале одобрената сума да им се пренамени за лечење во Германија со тоа што разликата би ја доплатиле од донации. За жал болеста не чекаше донациите да се соберат.
Ако дискутираме реално, и во случајот со Тамара и во овој со Ева има веројатно и вина на родителите. Тамара умре од воспаление на белите дробови кое не било лечено затоа што мајката воопшто не ја однела на лекар. СО антибиотска терапија веројатно ќе ја дочекаше операцијата. Во сегашниот случај одобрени се средства за лечење во Турција, но родителите сакале тоа да биде во Германија кај што постапката е поскапа. Барале одобрената сума да им се пренамени за лечење во Германија со тоа што разликата би ја доплатиле од донации. За жал болеста не чекаше донациите да се соберат.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Сигурен си дека смртта на Тамара е последица од воспаление на белите дробови и дека мајка и не ја однала на лекар? Освен тоа јас не би правел споредба, додека на Ева и било одобрено лечење од фондот на Тамара и беше одобрено посмртно за да се сокрие дека Тодоров сакал да ја користи за промовирање на партијата.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Здравството во Македонија
Тоа е заклучок на повеќе лекарски комисии. Плус сигурен сум дека кога Заев ќе каже нешто не ја зборува вистината. Можеме да се правиме луди, но на сите ни е јасно дека меѓународната банда (заедница) и прави зло на Македонија ајде да не навлегувам подлабоко во историјата од осамостојувањето. Прво се посраа на својата, Бадинтерова, експертска комисија што заклучи дека само Македонија и Словенија ги исполнуваат условите за признавање на независноста од страна на ЕУ. Потоа се покакаа на сите правила за работење на ОН па не не примија додека не добивме референца. Потоа се прокењаа и на референцата и на пресудата на судот во Хаг и одлучија дека наводно треба да најдеме заедничко решение за името, а имаме договор во кој треба да смениме се. За да се отствари тоа беше потребно рушење на старата власт и за тоа се користеа сите средства. И смрт на деца. За такви работи имаат доволно искуство и луѓе.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Настрана меѓународната заедница над која немаме никакво влијание ама мора да признаеш дека од осамостојувањето до денес ние сме си најголемите непријатели сами на себе. Ниту една партија, ниту еден политичар не сакаше ништо да направи за народот и државата, се што правеа беше само за личен интерес. Ама дпмне беше без конкуренција, дури и лажни посмртни одобрувања за лекување во странство делеа.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Здравството во Македонија
трендафил напиша:Имавте повеќе од 4 пати по 100 дена да го смените законот ако не ви одговара и на вас. Според тебе за крадење. А се простува само во првите 100 дена по доаѓање на власт.
Со каво право дпмне-офца зборува за простување наместо да побарате прошка од народот се разбира откога ке си одлежите. Законите се менуваат ама договорите не можат да ссе поништат без огромна штета по буџетот.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: Здравството во Македонија
Вообичаено е една влада да не се напаѓа за сторените грешки во првите 100 дена од формирањето. Темата е политика, а не историја, па не знам зошто стално се враќаш во историјата. За жал станува очигледно дека со промената на власт на полето на здравството не добивме ништо.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 10 of 40 • 1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 25 ... 40
Similar topics
» Здравството во Македонија
» Здравството во Македонија 2
» До каде е Македонија, и како да ја направиме Македонија подобро место за живеење???
» Непријатели на Македонија
» Куртонизација на Македонија
» Здравството во Македонија 2
» До каде е Македонија, и како да ја направиме Македонија подобро место за живеење???
» Непријатели на Македонија
» Куртонизација на Македонија
Страна 10 of 40
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот