Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Здравството во Македонија

+21
Flora
Nebula
SHARENI
TRAJCHE
Albatros
misterija
Bosonoga
nino
PRVOBOREC
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
трендафил
tmoro
osa
Боко
defo
Фири
Hamad bim Khalifa
reiter
25 posters

Страна 28 of 40 Previous  1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 34 ... 40  Next

Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Јан 21 2021, 19:16

356 новозаразени, 18,68% од 1.906 тестирани. Починати 15 лица.
Не знам со што вакцина мисли да не вакцинира Филипче, ако ниту една не е регистрирана во Македонија. Изгледа дека е точно тврдењето дека заевистите и ахметовците на само што не се во состојба да набават вакцини, туку не се спремни да примат подарени. Премиерката на Србија понуди денес, каков срам за нас, најзагрозените, медицинарите што работат во црвените ковид зони, да одат во Србија таму да ги вакцинираат.
Тоа се случува во 21от ден на 21та година од 21от век кога угостителските објекти добија право да работат до 21 часот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Јан 21 2021, 22:16

Не можам да се изначудам на Заев и на Филипче. Цело време говорат за вакцини, а истите до ден денеѓен не се легализирани во Македонија. Изгледа умот им бил преокупиран со легализацијата на марихуана, па заборавиле дека и вакцините за корона треба да се легализираат. Се доцнеше и со Ивермектинот.Никој не знае колку пациенти ќе беа живи или болеста ќе ја минеа полесно ако примената на лекот беше порано.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by PRVOBOREC Пет Јан 22 2021, 00:31

Небањатите, моронските експерти што ги бираат во раководството, лажливецот Жмицко и здравството.


_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пет Јан 22 2021, 18:12

Се работи за изјава на почеток на пандемијата. Во време кога Филипче зборуваше за 2.000 заболени и дека пикот ќе биде во април минатата година.
https://denar.mk/219270/ekonomija/filipce-pikot-za-okolu-mesec-dena-se-ocekuva-vo-zemjava-da-ima
Вчерашните бројки, нема извештај за денес, е 89.817 заболени и 2.754 починати (се работи за вкупна бројка од почетокот на пандемијата) , повеќе отколку што според министерот требаше да има заболени. Во април имавме пикче со 924 заболени, па секој следен пок беше значително погочем. На 26 јули 4.199, и подоцна со повеќе пикови, најголем 22.538 на 5 декември 2020 (се работи за активни случаи, односно луѓе кај кои е присутен вирусот во тој ден).
Во политички смисол има голема разлика. Во време кога ја има дадено изјавата др. Марковски нема никаква функција во ВМРО, а Филипче беше министер и тогаш и уште е, иако Македонија е единствена држава во Европа, можеби и на светот, во која вакцината против корона е нелегална. Во Израел, на пример, вчера се вакцинирани 224 илјади грашани во еден ден. Вкупно 2,4 милиона ја иомаат добиено првата доза, а 850 илјади луѓе ја имаат добиено и втората доза. Сите вакцинирани имаат добиено вакцина Фајзер. Израел има окулу 9,2 милиона жители и со вакцини почна на 19 декември. Нашите северџани до вчера немаа започнато постапка за легализација на било која вакцина кај нас. А лажеа дека ја нарачале. Не може да се нарача нешто што е забрането за употреба.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пет Јан 22 2021, 19:08

Денешни бројки, 307 новозаразени, 16,56% од 1.854 тестирања. 14 починати како последици од болеста, дел од нив веројатно поради тоа што на време не им е даден инермактин кој до скоро го немаше кај нас. Бог да ги прости. Да се надеваме дека со употребата на овој лек смртноста за неколку дена ќе се намали.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Саб Јан 23 2021, 19:39

Треба ли да помислам дека ботовите на Заев ја игнорираат оваа тема, посебно во врска со пандемијата, затоа што власта лошо се справува со ковидот. Не е ли трагично што на никој во власта не му дошло на ум (не дај Боже, да си помисли човек дали го имаат) дека за увоз на вакцина треба нејзина регистрација, односно дозвола за увоз и употреба. Без разлика дали ќе дојде преку ковакс систем или како донација од Србија.
Во претходните 24 часа во Македонија има 347 заболени, 17,24% од 2.013 тестирани. Починати се 11 заболени од кои за жал најмладиоt на 35 години. Бог да ги прости.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Саб Јан 23 2021, 19:41

Зошто некој би пишувал тука. За среќа сите информации за новозаболените, мртвите и процентите ги дознаваат од тебе. За што јас како модератор сум ти благодарен.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Нед Јан 24 2021, 17:25

Додека Наќе Чулев беше министер се пишуваше, не толку на форумов за политика туку на последни вести, каде има две теми за короната. Јас бидејќи ми е омилен форумот за политика и критика на евроатлантската мешународна банда почнав да пишувам на оваа тема. Сепак короната е за мене најголем проблем во Македонија. Поголем и од Зоран Заев, кој има свој удел и во короната. Сега на пример, кога британската мутација на вирусот ја има во Србија, Бугарија и Грција (ја нема (или не сме спремни да ја пронајдеме кај нас во Албанија и Косово) СДСМ спрема партијски избори, а членството ќе го ажурира со одење од стан до стан. На ист начин власта сака да спроведе и попис. Земјите што имаат нормална власт го одлагаат пописот. Соседна Србија или Германија на пример. За северџаните изгледа е поважно да се напише некоја навреда за ВМРО или лидерот на таа партија (не знам од каде имате толкав страв од него и нема ден да не го споменете, како да е тој лидер на државата, а не Заев) отколку дали ќе се разболат.
Еве ги денешните бројки кои се подобри и да се надеваме дека ќе се намалат и дај Боже да не одбегнат новите мутации на вирусот. 183 новозаразени, 12,48% од 1466 тестирања. 1.731 оздравени. За жал и 6 починати, Бог да ги прости.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Нед Јан 24 2021, 20:05

Не само што во Македонија нема вакцини против ковид 19 и ниту една вакцина не е регистрирана, не може да се набави ниту готова инекција од типот на Clexane, Fraxiparine. Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари тврди дека ги нема во ниту една аптека во Македонија. Инекциите не се користат само за ковид (кај средно тешките и тешки случаи туку и кај други болести. а за волја на вистината истите ги немаше во секоја аптека ни пред да ни дојде короната, но барем во Скопје со малку шетање (и тогаш аптекарите тешко се јавуваа на телефон) се наоѓаа. Младите лекари тврдат дека истите инекции ги има во сите земји во соседството.

https://expres.mk/asml-kontra-filipche-nema-vazhni-inekcii-za-lekuvanje-od-kovid19/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Nebula Пон Јан 25 2021, 11:28

Ako e ova tocno togas e strasno. Potocno osven kineski Srbija nema nikakvi drugi vakcini. Zaednicki ne pravat blesavi.

Здравството во Македонија - Page 28 Img_2132

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by TRAJCHE Пон Јан 25 2021, 14:45

Ete kolku dpmne se antinarodna partija. Nema li i nivni clenovi koi se vo rizicni grupi? Sramota e toa sto go pravat.

Здравството во Македонија - Page 28 Img_2255
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by OPOZICIONER Пон Јан 25 2021, 18:46

OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пон Јан 25 2021, 20:00

Кај нас законот не дозволувашр државата да биде увозник на било кој лек, туку тоа требаше да се прави преку веледрогериите. Ниту еден проиводител на вакцини против ковид не сака да ги дава вакцините на веледрогериите, туку сите сакаат директен контакт со државите. Прочитај го уште еднаш линкот што си го дал, па ќе видиш дека Министерството за здравство нема барано интервентен увоз на вакцините и дека истиот можел да се направи и без измени на законот. Има разлика. Срнија има вакцини и е спремна дел да одвои за Македонија, а Македонија изгледа не ги сака вакцините од таму туку од Бугарија и Грција, кои пак не ги даваат. Србија нуди и 90 илјади кинески вакцини за кои не се говори. Јас лично сум заинтересиран за оваа или руската вакцина, затоа што се класични вакцини без жив вирус.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пон Јан 25 2021, 20:05

Еве го посебно и дневниот биланс. Има подобрување, 63 заболени, 9,89% од 637 тестирања. Бројот на починати е 6, значително намален. Бог да ги прости.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Пон Јан 25 2021, 21:10

Оска Белград - Будимпешта - Љубљана. Уште една разоткриена манипулација.

OPOZICIONER напиша:I srbite nemale registracija na fejzer vakcinata. Samo falbite im bea mnogu.

Здравството во Македонија - Page 28 Img_2257


https://a1on.mk/region1/fajzer-ne-e-registrirana-nitu-vo-srbija-i-pokraj-toa-shto-vakcinacijata-pochna-vo-dekemvri/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Вто Јан 26 2021, 19:15

Разликата е во тоа што Србија има вакцини и истите се во употреба. Има и роковник како ќе доаѓаат вакцините. Ние појма немаме кога ќе добиеме вакцини и каква ќе биде динамиката на вакцинирање. Ни ти не си ја прочитал изјавата на директорот на нашата Агенција за лекови и медиоцински средства, во која вели дека и до сега, пред измените во законот, немало пречка да се направи интервентен увоз на вакцините и дека проблем е што никој нема доставено такво барање до агенцијата. Барањето треба да го упати министерството за здравство. Што би рекле работата ја кочи министерот Венко Филипче со поддршка на Зоран Заев (инаку би го разрешил). Очигледно играме на картата да добиеме донација на вакцини, затоа што не вреди да се остави некоја држава како корона жароште затоа што во неа вирусот може да измутира во вид за кој не важат сегашните вакцини, па земјите со кои комуницираме ни помагаат за своја безбедност.
Денешниот биланс стандардо во вторник е многу полош отколку во понеделник. Кај нас изгледа во недела и короната одмара. Има 444 нови случаи, 17,63% од 2.518 теста. Починати се 21 лице, Бог да ги прости. Да одбележам дека денес и Кина има еден починат, прв по 17 мај. Македонија во истиот период има 2.714 починати. За тоа веројатно е виновен Груевски кој требаше да ја победи короната иако во тоа време не постоеше. Заев не ни го наметнаа како премиер да се бори против короната туку за да ни го смени името и идентитетот.
Македонија не се спрема за моментот кога ќе дојде вакцината. Нема список, редослед на пациенти, кога ќе почне вакцинирање на обичните луѓе согласно здравствените параметри и возраста на секого, од кој ќе бидат избришани тие што не сакаат да се вакцинираат. Под претпоставка дека вакцинирањето ќе биде доброволно.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Сре Јан 27 2021, 16:35

Денешен биланс. 9 починати, Бог да ги прости. Има 394 новозаболени, 17,62% од 2.236 заболени. Детектиран е и првиот пациент со британска мутација на вирусот. Допатувал на 29 декември од Британија, хоспитализиран бил од почетокот на годината и сега е излечен.
Во врска со планот на владата за вакцини тој се појави на социјалните мрежи.

Во прва фаза ќе нема вакцини.
Во втора фаза ќе нема персонал да вакцинира.
Во трета фаза ќе нема народ да се вакцинира.

https://republika.mk/tvitovi/vladata-donese-odluka-za-vakcinacijata-vo-prvata-faza-kje-nema-vakcini/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by zozoti Сре Јан 27 2021, 16:54

2236 testirani bi trebalo.

zozoti

Број на мислења : 359
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Јан 28 2021, 19:45

Да, од 2.236 теста. Се извинувам за ненамерната грешка. Денешните бројки се: 338 заболени, 17,11% од 1.964 тестирања. Починати се 10 лица, 5 од Скопје, Бог да ги прости.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пет Јан 29 2021, 19:19

302 нови случаи, 14,92% од 2.024 тестирања. За жал бројот на починати е 10, Бог да ги прости.
Од карневалот во Вевчани поминаа две недели и фала Богу се покажа дека нема последици кога се работи за короната. Има само 2 нови случаи за цело време, значително помалку отколку во претходниот период. Се работи за луѓе кои работат надвор од општината.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пон Фед 01 2021, 20:03

Како и секогаш, по неработен ден бројот на новозаразени е помал, 61 новозаразен од 678 теста. 9%. Но за ѓал мешу новозаболените е и директорката, двојца други лекари и една медицинска сестра од инфективна клиника. Има и 11 починати, Бог да ги прости.
Новини во светот се тоа што ЕУ ќе набавува 100 милиони кинески вакцини. Дали се за избор на граѓаните од ЕУ, кинеската е класична вакцина со мртви корона вируси, за разлика од ГМО вакцините од западните производители или за милостина на земји што имаат неспособни влади сами да набават вакцина ќе покаже времето.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Сре Фед 03 2021, 15:59

Секој ден се најавуваат други вакцини. Почнавме со Фајзер, па со оксфордската што се произведува во Индија, Астразенека, денеска се најавуваат кинеските Синовак. Во Србија има што би се рекло шведска маса и секој бира која вакцина ќе ја добие. Изборот е Фајзер, Астразенека, Спутник В и Синовак. Јас лично ако можам да бирам би ја одбрал кинеската вакцина. Се работи за класична вакцина.
Зошто чекавме на промена на законот, а добиваме вакцина од производител што не не уценува како тие од евроатлантската меѓународна банда.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Сре Фед 03 2021, 17:03

Паметна работа, кога ние ќе купиме вакцини тие ќе бидат ефикасни против сите мутации на ковидот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Сре Фед 03 2021, 18:24

Само на неколку стотици граѓани нема да им требаат вакцините затоа што веројатно на оној свет нема пандемија. До сега сите вакцини делуваат на сите мутации. Ако не дај Боже почнат да не делуваат, не очекува повторно производство на нов тип вакцина и нејзино тестирање. Нашиот сосед Србија договори кај нив да се произведува вакцината Спутник В.

Денешен биланс. 350 заболени, 15,28% од 2.291 тестирани. 20 починати. Реално 6 починати во последните 24 часа, а 14 се пријавени сега, а починале во јануари во приватната клиника на Ѓан Митрев. Бог да ги прости. Регистрирани се и 266 оздравени пациенти. За жал бројот на активни случаи повторно почна да се зголемува.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Сре Фед 03 2021, 18:51

Види, види, па нели во приватните клиники никој не умираше и сите беа излечени па среќни здрави и весели си одеа дома.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 28 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 28 of 40 Previous  1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 34 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот