Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Здравството во Македонија

+21
Flora
Nebula
SHARENI
TRAJCHE
Albatros
misterija
Bosonoga
nino
PRVOBOREC
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
трендафил
tmoro
osa
Боко
defo
Фири
Hamad bim Khalifa
reiter
25 posters

Страна 29 of 40 Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 34 ... 40  Next

Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Сре Фед 03 2021, 21:47

Во приватните клиники одеа во најголем број тие што веќе беа во критична состојба, да не кажам со една нога во гроб. Не ги знам податоците за клиниката Жан Митрев. Во Систина има неколку десетици што морале да бидат приклучени на респиратор и останале живи.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Фед 04 2021, 18:53

Да фопренесам и одговорот на клиниката Жан Митрев. Поточно кажано протестната нота што ја испрати клониката до Министерството за здравство. До овој момент нема одговор.

„Надвор од секаков контекст во дневниот извештај беа цитирани статистики кои се однесуваат на вкупните месечни бројки на починати и тоа исклучиво од Клиничката болница ‘Жан Митрев’, без притоа да бидат споменати или наведени месечните бројки на останатите институции, како државни, така и приватни. Истото ова соопштение беше преземено и објавено во речиси сите медиуми.

Би сакале да истакнеме дека ваквиот начин на презентирање на статистики кои не споредуваат еднакви величини, сериозно ја доведува во прашање објективноста и непристрасноста на вашата институција, а при тоа нам како единствено цитирана болница ни нанесува огромна штета од аспект на реномето.

Во случајов, искористена е нашата транспарентност, деталното и ревносно известување до ИЈЗ за комплетно погрешни цели.

Ова, во најмала рака остава негативен впечаток кај сите читатели и ја искривува реалната слика, наведувајќи ги читателите на заклучок дека само во нашата институција умираат огромен број луѓе, без при тоа да бидат споменати бројките на останатите институции кои хоспитализираат болни од коронавирусот“, се наведува во реакцијата на Клиниката „Жан Митрев“.

Оттаму додваат дека бројките од анализата на смртни случаи покажуваат нешто сосема друго.

„За жал, реалноста е комплетно различна. Согласно податоците кои се јавно достапни во Институтот за јавно здравје резултатите се следни:

Од вкупниот број на сите починати во јануари кој изнесува 328, поточно во наведениот период од 4 до 31 јануари изнесува 286, во ‘Жан Митрев’ се 14. Пресметано во проценти тоа изнесува 4,9%. Ако земеме предвид дека од почетокот на пандемијата бројката на вкупно починати е 2893, процентот на вкупно починати во нашата институција е 5%.

Клиниката ‘Жан Митрев’ како институција од самиот почеток на пандемијата секојдневно се бори за животите на најтешките пациентите, па дури и оние од кои сите останати се откажале. Уште од самиот почеток на пандемијата ги ставивме на располагање нашите капацитети за интензивно лекување, а нашите методи на третирање на најтешките облици на болеста се публикувани, цитирани и признати во светски рамки. Потрагата по сензационални вести и бројки т.е. сензационалистичкиот начин на соопштување бројки надвор од контекст не е прв пат, но се надеваме дека е последен“

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Фед 04 2021, 19:01

Денешен биланс со короната во Македонија.

Од 2.107 тестирања има 17,20%, односно 373 заболени. Починати се 7 лица.


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Фед 04 2021, 21:08

Здравството во Македонија - Page 29 146047818_10159426721691042_5458714425170644138_n.jpg?_nc_cat=100&ccb=2&_nc_sid=110474&_nc_ohc=N1dpmXOv350AX96Ua6a&_nc_ht=scontent-sof1-1

Добивме вакцини. Соопштува од авион владата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Albatros Пет Фед 05 2021, 11:09

Ocaj vi e humorot.

Albatros

Број на мислења : 852
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Саб Фед 06 2021, 17:05

Каква влада таков хумор.
Денешен биланс. 404 новозаразени, 14,81% од 2.727 тестирани. Оздравени се 101 пациент. За жал има и 8 починати, Бог да ги прости.
Најавени е и дека во понеделник ќе се потпише договор за набавка на кинеските вакцини, откако конечно разбравме дека евроатлантските произведувачи се мајтапат со нас и себични се.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Нед Фед 07 2021, 15:56

Во земја со примитивен здравствен систем, како што е т.н. северџанска Македонија, како што не нарече кумот Нимиц, најсигурен параметар за состојбата со корона е бројот на починати. И денес за жал, како и вчера починати се 8 наши сограѓани, Бог да ги прости. Има нови 199 новозаболени од 1.846 тестирања, што е 10,78%.
Непријатна вест е и дека една од вакцините што Македонија треба да ја добие преку Ковакс системот на ЕУ, Астразенека (оксфордската ваквина) не делува на послабиот јужноафрикански сој на вирусот, а нема податоци како се справува со посилниот. Ќе си помисли човек дека ЕУ поради тоа токму оваа вакцина ќе ја дава на други.
https://plusinfo.mk/vakcinata-na-astrazeneka-poslabo-shtiti-od-uzhnoafrikanskiot-koronavorus/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Нед Фед 07 2021, 21:59

Што си се загрижил толку. Тебе со кинеска ќе те вакцинираат. Според најавите тие би требало први да стигнат.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пон Фед 08 2021, 18:50

Треба да чекам додека не се вакцинираат сите од СДСМ и ДУИ, а и немам 70 години. За евентуално бодување по болести не верувам и дека има врз основа на што да се прави, односно дека не постои таква база на податоци.
Да се вратам на денешната состојба. 75 заболени, 10,33% од  теста. 1.440 оздравени. За жал има и 22 починати, меѓу нив и 27 и 32 годишен. Во извештајот не министерот ме буни тоа што пишува „ Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови. “ Каде се 20. Каде се починати другите двојца? Или се работи за грешка. Јас кога ќе погрешам ме прогласувате за лажго. Министерот веројатно има и екипа зад себе, па не би требало да има грешки за сериозни работи.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2616298912010459

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Вто Фед 09 2021, 18:07

Обична лага, ќе се оди по приоритет и ризични групи, не е ова владеењето на дпне оФците па да се вакцинира по партиска припадност.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Вто Фед 09 2021, 18:34

Како што вработувањето оди по способностите, а не по партиски клуч, кој кога се работи за ДУИ станува и етнички. АЈде да се надеваме дека си во право, Колку што читам работата со вакцините во ЕУ дојде до таму што и Германија почна да се интересира за руската вакцина, што Македонија како послушен слуга ја отфрли.

Денешна статистика. 476 новозаболени, 16,63% од 2.863 теста. 407 оздравени пациенти. За жал 9 починати, сите во болнички услови.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by PRVOBOREC Вто Фед 09 2021, 18:56

Здравството во Македонија - Page 29 Img_2868

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Сре Фед 10 2021, 16:11

Ако се обраќаш до мене биди сигурен дека човек што е во ризична група по неколку основи сигурно не и се радува на короната, а уште помалку на нејзините жртви. Делумно го прифатив мислењето на мнозинството на форумов дека за првиот бран најповеќе е виновен Наќе Чулев, па не гледам зошто за вториот, многу поголем бран, да не биде виновен некој од сегашната власт. Во секој случај короната е еден од поголемите проблеми во Македонија, па не гледам зошто да не му се обрне внимание и да се критикува тој што треба да е одговорен, пред се министерот Филипче.
Еве ги денешните бројки. Дел се за радување, намалување на бројот на починати и повеќе оздравени отколку заболени. 389 новозаболени, 15,91% од 2.445 тестирани. 4 починати, Бог да ги прости и 998 оздравени.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Фед 11 2021, 19:00

7 починати, Бог да ги прости. 416 нови случаи, 15,38% од 2.705 тестирања. 278 оздравени.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Саб Фед 13 2021, 16:29

Добро е што бројот на новозаразени и починати се стабилизира. Заразени се под 400 дневно, а и бројот на починати е едноцифрена бројка, последните два дена по 5. Не е добро што бројот на оздравени последните денови е намален, па бројот на активни случаи почнува да се зголемува.
Датумот за вакцини, за жал станува како датумот за преговори со ЕУ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Нед Фед 14 2021, 12:23

Конечно стигна првата пратка на вакцини, Фајзер, подарок од Србија. При примопредавањето претседателот Александар Вучиќ рече „дека е среќен што можевме ова да го направиме , но имавме проблеми со дозволи за извоз , зашто се строги процедури , но благодарејќи од луѓето од Фајзер успеавме да ги поминеме овие неверојатно сложени процедури за да не се соочиме со санкции. Србија нема други интереси освен да покаже пријателство кон макеоднскиот народ и државата. Ова е најобичен подарок , за кој сме сигурни дека и вие би ни го дале “. Да прокоментирам, сигурно е дека македонскиот и српскиот народ, со исклучоци на двете страни, есе два пријателски народа. За жал ние имаме власт неспособна да обезбеди вакцини за себе, а не за подарок на други. Од пријателите соседи членки на НАТО добиваме само загрозување на идентитетот, вета за членство во меѓународни организации додека не попуштиме пред нивните уцени и ултиматуми. Ниту од братот на Заев, бојко Борисов, ниту од „рријателите“ од југот. И втората пратка нема да ни дојде од пријателите од НАТО туку од Кина. Уште не може да се осмелиме да ја набавиме и според некои најдобрата вакцина против ковид-19, Цпутник В, а наскоро е најавена и Спутник Лајт.
За жал имаме толку неспособна власт што целата работа околу дозволите за вакцината ѓто ја примивме мораше да ја одработи Србија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Нед Фед 14 2021, 20:11

Дневен биланс. Починати се 13 лица, Бог да ги прости. 7 во последните 24 часа, а шест се починати во минатата година, а сега се регистрирани. Има 180 новозаболени од 1.814 тестирања.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Сре Фед 17 2021, 19:03

Да одбележам само две работи. Добрата дека конечно започна вакцинирањето и во Македонија. Прво ќе се вакцинираат здравствените работници. И тие што не се во ризични групи.
Втората е дека ја поминавме бројката од 3 илјади починати. Досегашниот биланс е 3.010, Бог да ги прости.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Чет Фед 18 2021, 14:59

Еве да не се мачи Трендафил. Нему му останува само да ги пресмета процентите.

Здравството во Македонија - Page 29 Img_2535
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Фед 18 2021, 17:04

Бројот на активни случаи повтпрмо благо се зголемува, од 5.933 на 10 февруари на 6.378 со денешниот пресек. Бројот на починати варира но на релативно не толку високо ниво. 
Чудно е тоа што вакцините на медицинскиот персонал од цела Македонија ќе се одвива само на едно место во државата, во монтажниот оддел на Инфективната клиника во Скопје, што ќе биде малтретирање за лекарите од подалечните места. Тие нема да бидат вакцинирани во работно туку во своето слободно време кое и така им недостасува од почетокот на пандемијата. Чудно е и тоа што руската амбасада и денеска упатува јавна молба до македонската влада без обврска да разговараат наши експерти со руски за евентуална испорака на Спутник V и нашите упорно од септември ја одбиваат таа комуникација.
Изгледа ќе бидеме прва земја што ќе ги вакцинира сите доктори и сестри, а ниту еден граѓанин и од многу ризична група.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пет Фед 19 2021, 20:49

Повторно зголемен бројот на активни случаи, сега на 6.525. Рагистрирани се 19 починати, од нив 6 во минатата година, но до сега не биле заведени во црната евиденција. Бог да ги прости. Има 415 новозаразени, 16,28% од 2.549 теста. 
Споредено со другите во категоријата во која стоевме најлошо, починати на 1 милион жители сега сме на 13то место на светот, што е подобрување.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Нед Фед 21 2021, 14:51

За жал постепено се зголемува бројот на активни случаи. Според денешниот биланс е 6.822. Има 16 починати, Бог да ги прости. Има 254 новозаразени од 2.160 теста, наспроти 151 оздравен. Во Кавадарци и Охрид половина од новозаболените се од британскиот сој на вирус. 
Имаме случај на вакциниран што не би требало да биде приоритетен. Добра вест е што хибридниот премиер денес наредил да се нарачаат 100 илјади вакцини Спутник, иако вчера говореше спротивно. Нема санкции ни против вработените на нефрологија кои на мекици кај „Баба Цана“ створија ковид кластер преку кој се заразени и повеќе пациенти и има еден починат.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Нед Фед 21 2021, 16:01

Без грижа еве тебе ќе те вакцинираат со руска вакцина.

Здравството во Македонија - Page 29 Img_2538
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Нед Фед 21 2021, 16:18

Веќе напишав дека ако можам да бирам и ако дочекам вакцина спред сегашните вакцини би сакал кинеска. Спутник е следна на мојот список, а на последно место Астра Зенека, тие што треба да се добијат преку Ковакс системот како донација од ЕУ. Но во моментов сепак во Македонија тешко дека ќе има избор како во соседна Србија во која секој пациент бира меѓу 4 различни вакцини.
Патем кинезите продаваат вакцина за 2 евра спакувана во шприцот со кој се аплицира. За 1 милион вакцини би требало да се дадат 2 милиона евра. Се разбира ако ги купува директно државата. Кај нас одат преку приватна фирма, па не знам колку ќе се плати.
Штета што хибридниот премиер на ја донесе одлуката за Спутник уште во септември. До сега ќе бев и јас вакциниран.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Нед Фед 21 2021, 16:38

Сепак последните извештаи од светот вклучително и Европа руската вакцина ја вреднуваат повеќе од кинеската.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 29 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 29 of 40 Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 34 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот