Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Здравството во Македонија

+21
Flora
Nebula
SHARENI
TRAJCHE
Albatros
misterija
Bosonoga
nino
PRVOBOREC
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
трендафил
tmoro
osa
Боко
defo
Фири
Hamad bim Khalifa
reiter
25 posters

Страна 32 of 40 Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 36 ... 40  Next

Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Пон Мар 15 2021, 18:40

Честитки за премиерот ако се покажал толку хуман и интервенирал мали деца и болни лица да се вратат во сопствената држава. Затоа што освен едно возило кое патувало за Косово и на кое му е наредено за 3 часа да ја напушти македонската територија другите сите се жители на Македонија. Не знам со кој ум дпне оФците мислат дека тоа негативно ќе се одрази на рејтингот на Заев. Време е да побараат стручна помош затоа што како што гледам почнаа покрај сами себе си да мразат и мали деца и болни жители на државата кои според нив не смеат да се вратат дома.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by alienmk Пон Мар 15 2021, 19:33

Do pladne se mrazat sebesi od pladne natamu go mrazat cel svet.

alienmk

Број на мислења : 419
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пон Мар 15 2021, 21:15

Ако секој што има мали дечиња се шета во време на полицијски час тогаш ќе биде раздвиженна цела Македонија. И јас ќе можам да ги ставам внуците во автомобил и да одам кај што ќе посакам. Законот не предвидува дека деца смеат да го кршат полицискиот час. За жал мислам дека тие во 5те автомобили не биле од здравствени причини во Бугарија, туку за да си го прчат кyрот во некој туристички центар и сакале да го искористат денот до крај. При тоа шансите да донесат вирус од Бугарија во која веќе е почнат пикот на пандемијата се големи. Ако на мене ми треба возење од здравствени причини не знам како да стапам во контакт со Заев. Знаете ли вие? Во секој случај премиерот не смее да им наредува на полицајци. Дури и во хибриден режим. Би било добро да ги видиме видеата од безбедносните камери на граничниот премин и да видиме по колку стотини месеци имаат децата што го имаат телефонскиот број на Заев. Или се договориле дека можат да се вратат ноќе пред да заминат.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Пон Мар 15 2021, 21:42

А кој тебе ти кажа дека тие воопшто биле во државата кога беше прогласен полицискиот час? И дека имале можност да стигнат на границата пред 22 часот? Не се шетале низ Македонија туку се враќале од странство. Затоа Заев пројавил хуманост наспроти злобата и омразата на дпне мегафоните кон сопствените сограѓани.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Вто Мар 16 2021, 19:00

Некој не сака да разбере дека прашувам дали ако со исти други услови, деца, асматичар и друго, но што не го знаат бројот на телефон на Заев се нашле во иста ситуација би биле пропуштени на граница и до нивните домови. Претпоставувам дека наишле барем на уште една полициска контрола, во местото на нивно живеење. Второто прашање на кое никој не се удостојува да одговори е зошто ако некој се враќа од бугарско Банско не мора да го почитува полицискиот час, а ако се врача од македонско Банско не смее да го направи тоа. Дали се работи на дискриминација на тие што не одат во странство или се дава привилегија на тие што не сакаат да патуваат низ својата татковина. ЗНам дека бадијала дискутирам со бас за Заев затоа што го сметате за бог на земјата, а Бог е безгрешен. Иако има разлика меѓу Бог и бог.  Останува неодговорено и зошто полицајката што била на смена е принудена да ја измени службената белешка и од неа да го избрише името на наредбодавачот. Измена на службена белешка е кривично дело. Дали сега ќе треба да мислиме дека пенкалото само ја изменило белешката, како што пајакот ја удри полицајката пред Мавровка.

Да се вратам на бројките за кои нема дискусија. Ги објавува Филипче. Уште нема илјада заболени за 24 часа. Денешната бројка е 999 од 3.627 теста. 27,54%. На секој час има по еден починат, 24 за 24 часа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Вто Мар 16 2021, 19:19

Паметен потег на СДСМ да ја потенцира хуманоста на Заев и злобата на дпне оФците.

Здравството во Македонија - Page 32 Img_2546
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Вто Мар 16 2021, 19:35

Ајде уште еднаш да прашам зошто тогаш е направено кривичното дело промена на податоци во службена белешка и нема истрага околу тоа. Дали Виолета тоа го направила самоиницијативно или под принуда или не дај Боже тоа го направил некој друг (кој?).

Во врска со здравството ќе прашам и зошто власта не дели маски бесплатно барем на дел од населението и зошто на маски се плаќа 18% ДДВ, а не 5% или да бидат целосно ослободени од данок?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Вто Мар 16 2021, 19:37

Всушност нема направено ништо освен беден фотошоп од дпне оФците кои сакајки да му наштетат само му го кренаа рејтингот на Заев.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Вто Мар 16 2021, 19:57

Заев не кажа такво нешто на прес конференцијата. Во секој случај треба да има, а нема, истрага од независен и стручен орган што побрзо за да се утврди вистината. Доколку се работи за фотошоп да одговара тој што го направил. Колку што гледам нема закана со тужба за клевета.
 Колку што го читам тоа што си го цитирал од Фокус возилата веќе биле на наша територија, што значи дека ја поминале царинската полицијска и царинска контрола, па не знам кој ги задржал. Дали имало друга полициска контрола? Нешто многу ми е измешана изјавата на Заев. По обичај.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Вто Мар 16 2021, 20:08

А зошто премиер на држава би губел време со лагите пласирани од губитниците од дпне. Затоа што освен дпне оФците никој друг ниту чул ниту видел такво нешто. Освен фотошопот направен од дпне.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Сре Мар 17 2021, 15:04

Полицајката Виолета со прекрасен глас, како што изјави Заев се вика Виолета Ангеловска и е партиски војник на СДСМ. Нејзиниот син е исто така вработен во МВР. Во моментот кога се јавил Заев нема одлука на влада дека на граница може да се пропуштат возила во време на полициски час. Истата е донесена по јавувањето и важи само за македонски државјани. Не и за странци, а едно од возилата било со странски регистарски таблички и со странски државјани во него, од Косово. Никаде нема одлука дека се дозволува транзит низ Македонија во време на полицијски час. Знам дека и ова ќе помине без казна затоа што Заев има контрола врз обвинителството и судовите, а според ова за што дискутираме и врз границата. Смее ли човек да се посомнева дека вакви јавувања имало за да се пропуштат камиони со дрога, акцизна стока, опасен отпад ... Ако ппотенцијален заболен смее да се движи низ Македонија во време на полицијски час само со едно јавување на човек што не смее да издава наредби на полицајците, некој треба да биде казнет. Виолета сигурно. Сведоци можат да бидат сите новинари што присуствуваа на прес конференцијата. Дали казната ќе биде симболична, можеби и условна доколку навистина се работи за хуманост, а не за беззаконие од луже збеснати затоа што се на власт и мислат дека законите не важат за нив. Каква сме држава кога некој воопшто помислил да бара од премиерот да издаде незаконска наредба и уште тоа барање е удоволено. Кај ниту еден од пропуштените немало вонредна (не предвидена) ситуација. Имало само чувство дека законите не важат за нив затоа што можат да му се јават на лидерот на хибридниот режим. Не напишав диктаторот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Сре Мар 17 2021, 17:54

Џабе чаршафите што ги пишуваш да ја оправдаш злобата и омразата на дпне кон сопствените сограѓани која оди до степен да барате болни и малолетни деца да бидат оставени ноќе на минусни температури да чекаат на влез во сопствената држава. На хуманоста на Заев нема да и наштетите со тоа, а уште помалку на рејтингот кој сами му го кревате.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Сре Мар 17 2021, 21:03

Пишувам против прекршители на прописите. Посебно за едниот што изигрува диктатор. Не мислам дека се работи за ненормални луѓе што поради непреместливост стигнале на граница на сред полициски час, туку за луѓе кои пресметале дека поради блискост со Заев се над законите и простиот обичен народ. Само сељачишта како карактерна особина се однесуваат така. Тука мислам и на наредбодавачот и на тие што ја искористиле неговата наредба и на тие што ја извршиле. Колку луѓе во Македонија можат да стапат во контакт со премиерот во 1 по полноќ и на колкумина би им било дозволено да поминат. Тој од Косово во време на полицијски час во Македонија и излегол од земјата, а другите влегле во градовите во Македонија во кои живеат. Како хибридната власт им го обезбедила и тоа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Сре Мар 17 2021, 21:19

Не сум лекар, но мислам дека секој нормален човек веќе би ги засилил заштитните мерки што ги применуваат сите нормални влади на светот.

Денешен биланс. 24 починати, лесна им земја македонска. 1.293 теста, 31,58% (драстично покачување) од 4.094 теста. Поголемиот број на тестови и понатаму граѓаните се принудени да ги прават на своја сметка, затоа што нема термини во јавните здравствени установи. Нема ни вакцини. Наводно ќе стигнат вакцините Астра Зенека наскоро. АКо до тогаш не биде забранета нивната употреба поради несаканите дејства (згрутчување на крвта и смрт). Македонија нема пари за вакцини, тестови и маски, а има за набавка на оклопни возила од САД вредни 210 милиони долари.

24 лица починаа, 1.293 се заразени со корона – plusinfo.mk
Стејт департментот одобри продажба на оклопни возила „страјкер“ на Македонија за 210 милиони долари - Expres.mk

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Nebula Сре Мар 17 2021, 21:25

Eve ovoj vika ke sme dobiele vakcini, se bilo spremno.

Регионалниот дирекотр на СЗО за Европа објасни дека, нашата земја освен што ги нарача вакцините преку КОВАКС механизмот, исто така ги заврши и сите финансиски и административни процедури.

-Да нарачката е направена, комплетирани се финансиски и административни процедури. Во постојан контакт сум со министерот за здравство д-р Венко Филипче. Пред точно една година бев во Скопје и оттогаш работиме заеднички. Системот е подготвен, од страна на државата е направено се што треба, но она што треба да го знаеме е да се има уште малку трпение, да се почитуваат мерките за јавното здравје – рече Клуге.

https://frontline.mk/2021/03/17/kluge-baram-ushte-malku-trpenie-za-vakcinite-so-ministerot-filipche-sme-vo-posto-an-kontakt/

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by PRVOBOREC Сре Мар 17 2021, 22:33

Ви пропадна обидот да собирате политички поени на несреќата на другите луѓе небањати лешинари. И како и обично да се китите со туѓи пердуви. Веќе е формирана комисија од МЗ која ќе провери дали навистина нема лекарска грешка како што тврди комисијата на лекарската комора  а директорот на болницата е разрешен.

Здравството во Македонија - Page 32 Img_2935


https://www.slobodenpecat.mk/apel-od-veapovska-ja-zamoluvam-unijata-na-zheni-na-vmro-dpmne-da-go-odlozhat-protestot-vo-sabota-ne-sakam-mojot-sluchaj-da-bide-partiski-oboen/
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Мар 18 2021, 16:06

Нормално е во хибриден режим кога жртвата е вработена во јавното здравство, а и да не е, да се плаши од власта. Ако протестите ги организираа СДСМ и сороспиите тогаш нема проблеми.

Да се вратам на катастрофалниот раст на короната. Денешен биланс. 15 починати, Бог да ги прости и лесна им македонска земја. Високи 32,33%, 1.216 новозаразени од 3.716 тестирања. Бројот на оздравени е 111, за 1.105 помал од бројот на новозаболени. Има ли пилот во авионот. Владата се однесува како да не е од тука. Како да чекаат извештај од Рашковски какви се условите за бегство во Мексико.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by alienmk Чет Мар 18 2021, 16:21

PRVOBOREC напиша:Веќе е формирана комисија од МЗ која ќе провери дали навистина нема лекарска грешка како што тврди комисијата на лекарската комора  а директорот на болницата е разрешен.


https://www.slobodenpecat.mk/apel-od-veapovska-ja-zamoluvam-unijata-na-zheni-na-vmro-dpmne-da-go-odlozhat-protestot-vo-sabota-ne-sakam-mojot-sluchaj-da-bide-partiski-oboen/

Baranjeto na zrtvata da ne ja zloupotrebuva vmro vo politicki celi bilo od strav iako protiv Asani veke ima podneseno krivicna prijava i e razresen.?Logikata vi skripi i propusta od site strani.

alienmk

Број на мислења : 419
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Чет Мар 18 2021, 21:25

Јавноста овој пат по релативно долга борба победи. Можеби улога има и извесното одење на Али Ахмети во притвор во Хаг, откако по 22 години од извршените злосторства судот конечно одлучи да гони и Албанци. Ахмети се спаси за злосторствата во Македонија, но очигледно ќе си го плати долгот индиректно.
Кривична пријава не значи и казна. Распрашај се во штабот колку казнети блиски до власта за кои се објавува првичната пресуда се жалеле и во втор степен се ослободени од глоба, а за тоа јавноста не знае.
И во случајот за кој пишуваме, ако на време беа превземени мерки немаше да има потреба од организирани протести.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by alienmk Пет Мар 19 2021, 16:39

I taman koga javnosta pobedi bez nikakvi protesti tuku so potpisuvanje peticija  vmrovki resija da organiziraat protest. Po svadba tupani. Ama pa ako uspeat da si gi prisvojat zaslugite od tug trud moze neli, ne e problem.

alienmk

Број на мислења : 419
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Пет Мар 19 2021, 21:32

Некој друг организираше протести против убиецот на Мартин Нешовски кога истиот веќе беше во затвор. Ни власта не беше многу брза во постапувањето. Не знам што стана со дивата ординација на директорот на струшката болница освен што е божем затворена. Има ли казна за тоа. Право на секоја партија е кога сака да протестира, а на секој гласач да оцени дали е тоа исправно или не. Не би се сложил дека јавноста победи затоа што тие што сакаа да се забошоти струшкиот случај и понатаму се на своите места платени со пари на нас, даночните обврзници.
Денешна состојба со короната. 999 новозаболени, 28,01% од 3.566 тестирани. 21 починат, Бог да ги прости и лесна им македонска земја.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Саб Мар 20 2021, 16:14

Протестот помина и колку што знам не беше истакнат случајот со струшкиот доктор, туку повеќе беше усмерен кон пандемијата и неспретниот однос на власта во справувањето со него.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Luxor Саб Мар 20 2021, 16:36

Ајде, ајде, ако не ве фатеа на време ќе лажевте пак во стилот  „дпне преку свои пријатели" својствен на Жмицко и Рексона.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Саб Мар 20 2021, 16:56

1.299 новоаболени (четврт по бројност дневен резултат на Филипче), 25,69% од 5.057 тестирани. 24 починати, лесна им земја македонска.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by трендафил Саб Мар 20 2021, 17:05

Luxor напиша:Ајде, ајде, ако не ве фатеа на време ќе лажевте пак во стилот  „дпне преку свои пријатели" својствен на Жмицко и Рексона.
Случајот со пациентката од Дебар е поединечна несреќа. Неспретноста во справувањето со пандемијата веќе заличува на геноцид. Се надевам дека гласањето за еден кандидат за претседател на СДСМ (денес за болните и утре за тие што сами можат да отидат до гласачките места), како во времето на Тито кај нас или во Северна Кореа денес, нема да допринесе за зголемување на бројот на заболени.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Здравството во Македонија - Page 32 Empty Re: Здравството во Македонија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 32 of 40 Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 36 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот