Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Протести, контрапротести

+2
osa
defo
6 posters

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 23:49

Imashe takva grupa idioti vo 2006 godina koi sakaa da dojdat na vlast na ist nachin...I uspeaja vo toa...Posle za da ne ja izgubat vlasta, kradea, lazhea, i popolnuvaa endeci so politichki protivnici...Ovie se malku porazlichni...Tie ne sakaat da dojdat na vlast...Tuku da gi oslobodat narodot i drzhavata od idiotite koi dojdoa na vlast so isti takvi metodi...Znaesh Trendafile, tvoite jugo-brakja vo chija armija si sluzhel i chii interesin nasproti interesite na makedonskiot narod si gi branel, imaat edna pogovorka..."Klin se klinom izbija"...Dojde vreme da platite Trendafile...Za seto zlo shto i go nanesovte na Makedonija i makedoncite...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 12:32


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 17:19

Шарена Револуција: Протести вечерва во шест градови низ Македонија

Протести, контрапротести - Page 6 234

http://novatv.mk/sharena-revolutsija-protesti-vecherva-vo-shest-gradovi-niz-makedonija/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by трендафил Пет Јун 10 2016, 09:29

Тој што се бори против корупција, силеџијата што го нападна Крис на раскрсницата кај СОборниот храм завчера, всушност бил кецарош на кого сестра му со притисоци му ги поправала оценките. Замир Мехмети иначе се претставува како интелектуалец. И кон професорката на матурата се однесувал безобразно.
ВЕСТ кој тогаш беше под контрола на чадорот и неговите слуги во Македонија, платениците на Сорос и СДСМ и напиша.
На денот на полагањето, Замир, место да се потруди да одговори на поставената тема, чкртал на листот. Тој дури дрско и рекол на професорката дека иако ништо не напишал на испитот, таа ќе мора да му даде позитивна оценка, оти има силни врски. Професорката одбила да разговара на таков начин со Замир, укажувајќи му дека двојка ќе земе само тогаш кога ќе ја заслужи оценката.
Но после стапила на сцена сестра му, што едно време, пред да и се објават сексуалните разговори, беше исто така на страна на шарените.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Саб Јун 11 2016, 14:36

Вака Трендо, знам не одговориш во сабота пошто си на викенд во грчка, при бидејки успатно си го поставил транспарентов:
Протести, контрапротести - Page 6 1avtopat-baner-640x384
Значи пред точно една недела лично се запознав со Замир, и разговаравме пред СЈО, ми остави впечаток на високо интелегентна особа, и особа со храброст. Се што не си ти...па затоа неможеш ни да го сфатиш човекот..јбг.......Па од тој разговор во кратки црти мене ме фати срам.....срам од самиот себе си...дека всушност јас сум она против кое мрчам и јадам локум...Јас сум обичен посматрач кој седи и гледа..кој седи и гледа како обезправени одат во затвор, како болни од дијабетис барајки инсулин, наместо тоа добиваат лажни обвиненија, кога наместо парична помош за деца на кои име потребна градиме пениси и тестиси на коњи и бикови......и гаќи на Прометеј. Ми е срам што бев во овие два месеци само 9-10 пати на протест....заради тоа што бев себечен, мислев на сопствениот комодитет. С е срамам едноставно, зошто и јас не ишарав барем една линија по барокот.......се срамам што не бев во секој ден во 6...а требаше многу да жртвувам..и требаше......
А прашњето до тебе е, дали ако Зафир беше на страната на ГДОМ, твоето мислење ќе беше поинакво за него???
П.С Очекувам одговор во понеделник кон 9, после првото утринско кафе то тогаш пријатно сончање, на Грчките плажи.
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Саб Јун 11 2016, 15:03

А, да заборавив за Крис, Крис е урбано типче, и познавајќи го типот мислам има мала интелектуална попреченост. Е сеа веројатно подбуцнат, изреагирал како што изреагирал, и да СДСМ и Шарената револуција имаат вина во слујаот, бидејќи треба малце со поладна глава да се реагира на ваквите провокации. Тоа е мојот совет за нив, а за вас Трендо ГДОМ-овци и ДПМНЕ-овци и ЖМОР-овци, немам совет сем еденден да легнете и да загледате во една точка тако убаво и да размислите што правите и што подржувате.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Пон Јун 13 2016, 19:51

Протести, контрапротести - Page 6 20kxe3c

И сега, мислам не е потребен коментар???? На кого му се потребни жртви??? На чива сметка ќе одат???? Дали МВР ќе реагира па дотичниов да добие кривична????

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Вто Јун 14 2016, 20:35

И додека на некого, не смеат да му го одземат пасошот, пошо најнормално или немаат муда судииите, или си го дале газот под кирија, прекршочна за герилата, која исцрта 4-ка пред триумфална.
Павле Богоевски, активист на Шарената револуција заработи прекршочна пријава, откако вечерва пред Триумфална капија заедно со уште неколкумина герилци, испишаа голема „четворка”, како потсетување за рокот за нивиот ултиматум.

„Денеска симболично броевме уште 4 дена до 18 јуни, денот до кога дадовме рок на владата да постапи по нашите барања. Веднаш по одбројувањето повторно ја почувствувавме селективната правда и прогонот на Митко Чавков и на фамилјата врз демонстрантите, имено ме легитимираа и ми дадоа платен налог за сторен прекршок, додека вистинските криминалци кои раководат со државата се уште се на слобода и судовите одвај можат да се дрзнат да им го одземат пасошот, а не дај боже да ги стават во притвор„, рече за А1он Павле Богоевски.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by Гостин Сре Јун 15 2016, 01:36

Koj mu dade puska na glupaviot? Kako sto ima inteligentna faca sam sebe ke se upuca.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by Гостин Сре Јун 15 2016, 01:39

Ја нашол сликата некаде на нетот. Од што е интелигентен не сфаќа дека за ова може да одговара.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by Гостин Сре Јун 15 2016, 01:41

Da ne e lazen profil? Ili od glupost hrabrost sobral?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by трендафил Сре Јун 15 2016, 18:21

defo напиша:И додека на некого, не смеат да му го одземат пасошот, пошо најнормално или немаат муда судииите, или си го дале газот под кирија, прекршочна за герилата, која исцрта 4-ка пред триумфална.
Павле Богоевски, активист на Шарената револуција заработи прекршочна пријава, откако вечерва пред Триумфална капија заедно со уште неколкумина герилци, испишаа голема „четворка”, како потсетување за рокот за нивиот ултиматум.

„Денеска симболично броевме уште 4 дена до 18 јуни, денот до кога дадовме рок на владата да постапи по нашите барања. Веднаш по одбројувањето повторно ја почувствувавме селективната правда и прогонот на Митко Чавков и на фамилјата врз демонстрантите, имено ме легитимираа и ми дадоа платен налог за сторен прекршок, додека вистинските криминалци кои раководат со државата се уште се на слобода и судовите одвај можат да се дрзнат да им го одземат пасошот, а не дај боже да ги стават во притвор„, рече за А1он Павле Богоевски.
За тие неколку, не е само еден, на кои не им се одзема пасошот, обвинителите немаат презентирано ниту еден единствен доказ дека направиле нешто. Па согласно законите и не можат да добијат притвор. А што се однесува до тие што добиваат прекршочни и кривични пријави, против истите има докази и се процесираат само делата против малата група фашисти, окулу 200 на број кои си замислуваат дека се сите два милиона Македонци. На нивното лудило подлегнува и по некој што би требало да биде нормален, лидерот на опозицијата Заев на пример. Иначе таа не толку голема но поприлично бесна и многу грлата група на мали одвратни фашисти кои од поголемата група ги одбиваат сите оние кои можеби размислувале да излезат на улица и да дигнат глас за себе, но не го направиле тоа бидејќи не сакаат да се потпишат зад кршење прозори, дигање лаптопи, намочување на фасади, удирање боксови на неистомисленици и барање селективна правда по принципот „борците за правда не смеат да бидат уапсени дури и да пребијат човек.
Инаку, самото боење како „перформанс“ може дури и да се разбере како бунтовничка желба за оставање траг во едно време, желба да се означи дека некогаш имало некој кој размислувал поинаку или побунтовно, па ризикувал казна но сепак успеал да „означи територија на различен став“ - тоа важи само за деца и слични допубертетлии, но никако и за задоцнети пубертетлии кои сега се функционери. Заев на пример. Или Шеќеринска.
Но по 10 пати да се враќаш на еден ист објект и тотално да се изживуваш врз истиот уништувајќи го комплетно споменикот или фасадата бидејќи за тебе тоа било симбол на режим кој те угнетува, прво праќа една друга порака на фрустрации кои се излеваат на деструктивен начин и никако не се привлечни за народот. Второ - сериозно шупачки е да мислиш дека „вие“ 2-3-5 илјади по улици имате право да одлучувате во името на сите останати 1.999.995 луѓе во Македонија.
Специјално (не обвинителство) „смешен“ беше последниот обид да се спаси имиџот на „шарените“ кои инсистираат на легитимитет како граѓанство, наспроти горенаведените показатели дека на сила е веќе виденото сценарио во кое партија злоупотребува и искористува термин „граѓанство“ и луѓето кои реално го сочинуваат граѓанството - со цел во конкретниот случај да создадат привидна слика дека во Македонија денес се работи за некаква „ВМРО ПРОТИВ ЦЕЛИОТ СВЕТ“ ситуација, а не дека ситуацијата се вика „СДСМ и пријателите сакаат на власт не со избори него со финта“.
Ако беше навистина моментот „Режимот на ВМРО против целиот угнетен слободарски свет“, целиот свет ЌЕ БЕШЕ на улица. Тоа се разбира, не значи дека светот кој не е на улица е навијач на ВМРО, туку единствено дека тој свет кој не поддржува шлакање фасади не сака криење на партии зад „граѓаните“ и не сака некој да му продава муда за бубрези и да го злоупотребува. И тој свет знае дека се што има да си каже и про и контра власта и опозицијата ќе го каже на единственото место на кое се решаваат работите во една држава на посакуван начин: на избори.
Кога сме кај изборите уште еднаш да кажам дека изборите не ги спроведува власта туку ДИК, па не ми е јасно доколку опозицијата има нормални лидери, како може да обвинува дека избирачкиот список не е прочистен, а да не бара промена на сите членови на ДИК и како може да обвинува за непрочистен список во најголем дел во изборната единица број 6, а да не уибедува дека поради тоа победило ВМРО-ДОПМНЕ. Иако оваа партија таму има добиено купно неполни 26 илјади гласови што е многу помалку од разликата од скоро 200 илјади. Разлика која се очекува да биде поголема на следните избори.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by Kalinda Сре Јун 15 2016, 20:14

Добро вечер !
Џабе им објаснуваш,
неможе да сватат .
Толку им е голем
капацитетот .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Сре Јун 15 2016, 22:05

Трендо, се врати бе од на одмор.......добро е...има многу новости??? Првата е дека ви отчукува часот, сите се откажуваат од ДПМНЕ, остануваат само оние кои брцнаа во мед. Изгледа ти си еден од нив.
Е сега он топик, ви останаа само навреди и слични ствари....и закани, како онаа горе презентираната дека ќе не убивате. Да не притиската, уште тоа ви остана........ама едино Трендо, на крај ќе ни се фатите само за половиве органи...режимот ги живее последните секунди, готово е.........
ВИДЕО: По завршувањето на протестот, „шарените“ запрени од полицајци во цивилка


Откако заврши денешниот протест, активистите на Шарената револуција беа запрени на крстосницата кај Соборниот храм од полицајци во цивилка, кои сакале да ги легитимираат.

Откако активистите почнале да снимаат со своите мобилни телефони, полицајците се повлекле.

Овие закани се за џабе, едино само инспекторите што се избламирале.......по нивната реакција се сфаќа дека и тие знаат колку е часот...така да Трендо, крајот е тука, ама тој крај за некого ќе е мирис на слобода, за некого ќе е мирис на затворска ќелија..кој како си ја наредил

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Чет Јун 16 2016, 14:06

ФОТО: Празни возила на Брза помош на блокадите на Шарената револуција

Ех, колку сте мизиерни, до таму ли стасавте..ова да го правите..да се курцате со државен бензин............За да нејаде Трендо за ова локум, да му објаснам дека Екипите во Скопје се поделени на неколку пунктови, значи немало потреба од вакви притисоци и инциденти. Второ едно од возилата се движи празно кон насока на база на Брза помош, дури и било без доктор.....
Почитувани граѓани,
Би сакале да ја информираме јавноста за злоупотребата и нечовечките методи кои ги користи власта да ја креира лажна слика за Шарена револуција/Протестирам.
Предмалку, на блокадите на мостот Гоце Делчев, во исто време дојдоа две возила на брзата помош кои беа празни, што се гледа од фотографиите во прилог. Возачите уште при првиот застој излегоа да се расправаат со демонстрантите, иако тие уредно им направија место веднаш да поминат.
Целата оваа ситуација е документирана преку фотографиите на кои се гледа дека возилата се празни и дека не превезуваат пациенти. Во моментот кога оваа режирана сцена се случуваше, се појавија и камерите на провладините медиуми кои „случајно“ го снимија овој настан и веднаш потоа заминаа.
Ова е очигледна и перфидна манипулација преку злоупотреба на јавното здравство и возилата на брзата помош. Во услови кога пациенти чекаат со часови на брза помош, власта ги злоупотребува возилата за политички местенки.
Веќе бевме сведоци на провокациите на минатата блокада, но овој пат дрскоста отиде предалеку. Ги повикуваме нашите поддржувачи на смиреност, а граѓаните на будност во однос на ваквите лажни свенарија кои ги подготвува власта. Горенапишаното е вистината за денешната ситуација, ги замолуваме медиумите да ја пренесат како граѓаните не би биле манипулирани.
Официјална изјава на #ШаренаРеволуција, се замолува Трендо, да најде изјава на официјално лице од екипите на Брза Помош Скопје , за настаната ситуација пред да почне да објаснува глупости и да прераскажува причи од Кур(ир).....

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Чет Јун 16 2016, 20:12

И како што е редот вистината испливува на виделина????
Во исто време се појави екипа на неделникот „Република“ да фотографира, а демонстрантите ги исвиркаа и им довикуваа „ало началниче“. За кратко време, истото возило на брза помош се врати назад во правецот од каде што дојде и повторно сакаше да помине.

Демонстрантите ја оворија вратата на возилото, повикувајќи ги фоторепортерите да фотографираат дека внатре нема никој и дека се работи за провокација.

Како што пишуваат твитерџиите, тука била и екипа на провладината телевизија Алфа за да го сними настанот и веројатно подоцна да биде злоупотребен за пропагандни цели и оцрнување на Шарената револуција и демонстрантите.


СКАНДАЛ: Празни возила на Брза помош без лекари на блокадите, злоупотребени за оцрнување на #ШаренаРеволуција
Возачот се вика Кире Теневски, член на О.К Бутел на ВМРО-ДПМНЕ
Протести, контрапротести - Page 6 ClEkq8xXEAAVe14
Протести, контрапротести - Page 6 ClEkrAeWAAEo9Bc
Протести, контрапротести - Page 6 ClEkduzWMAE2W1T

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by трендафил Пон Јун 20 2016, 09:49

Очекував дека некој од симпатизерите на СДСМ или од платениците на Сорос ќе објави на форумов дека еден од поактивните протестанти, Павле Богоевски, вчера беше притворен и по земањето на податоци и поднесената пријава беше пуштен на слобода. Колку што видов на телевизија тој сакаше да закачи некаква крпа на Камениот мост и физички се спротивстави на полицијата која тоа не го дозволи, па претпоставувам дека добил кривична или прекршочна пријава која не му е прва, па ме чуди зошто не се бара притвор кога станува збор за криминалец кој го повторува делото.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by трендафил Пон Јун 20 2016, 10:08

defo напиша:И како што е редот вистината испливува на виделина????
Во исто време се појави екипа на неделникот „Република“ да фотографира, а демонстрантите ги исвиркаа и им довикуваа „ало началниче“. За кратко време, истото возило на брза помош се врати назад во правецот од каде што дојде и повторно сакаше да помине.

Демонстрантите ја оворија вратата на возилото, повикувајќи ги фоторепортерите да фотографираат дека внатре нема никој и дека се работи за провокација.

Како што пишуваат твитерџиите, тука била и екипа на провладината телевизија Алфа за да го сними настанот и веројатно подоцна да биде злоупотребен за пропагандни цели и оцрнување на Шарената револуција и демонстрантите.


СКАНДАЛ: Празни возила на Брза помош без лекари на блокадите, злоупотребени за оцрнување на #ШаренаРеволуција
Возачот се вика Кире Теневски, член на О.К Бутел на ВМРО-ДПМНЕ
Протести, контрапротести - Page 6 ClEkq8xXEAAVe14
Протести, контрапротести - Page 6 ClEkrAeWAAEo9Bc
Протести, контрапротести - Page 6 ClEkduzWMAE2W1T
И да не се работи за член на ВМРО и да не се работи за болничко возили, секој има право на слобода на движењето. Тоа што некој странски платеник смета дека кога ќе му текне има право без никаква најава, терористички (герилски како што велат самите терористи) има право да ја наруши оваа слобода е веќе медицински проблем кај одредена категорија на луѓе. Правото на протест во некои случаи е посилно од слободата на движење но не секојдневно и наменето само против граѓаните на Скопје. Протест може да се одржи и на начин на кој нема да се нарушуваат правата на другите, без оштетување на имот направен со мои пари или со еден начин кажано цивилизирано. Кога сме кај болничкото возило и блокадаста за која пишуваме имаше две болнички возила. Едно со пациент кое се движеше кон Клиничкиот центар и кое се задржа неколку минути додека не беше пропуштено. Не знам ниту кој им дал право (налог) на протестантите да вршат претрес на возила врз основа на кој ќе одлучуваат на кого ќе му го кршат правото на слободно движење, а на кого не.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by трендафил Пон Јун 20 2016, 20:25

Протести, контрапротести - Page 6 Sarena-revolucija-2-640x349
Мислев дека ќе ја почитувате препораката, односно дека нема да консумирате алкохол и психотропни супстанци, (точка 2 став 2 од препораките) па ќе можеме да дискутираме нормално, но очигледно сте на протест па ништо од форумов. Не знам ниту зошто би бегале ако не предизвикате насилна реакција на полицијата. Полицијата никогаш до сега беше исклучително толерантна што дури дозволуваше и прекршување на законите. На пример фарбање на згради и споменици направени со мои пари кои не ги заштити. Чудно е како тоа божем се повикува на ненасилство, а веднаш потоа на пробивање на кордон и ваљда државен удар, односно насилно влегување во институциите на системот. Соросоидите очигледно мораат да ги оправдаат валканите пари што ги добиваат, а кои ЦИА ги заработува со препродавање на авганистанскиот хашиш кој потоа преку Сорос се инвестира во т.н. граѓански сектор. Иако тоа, претпоставувам им се меѓу последните пари што ги заработиле на ваков нечесен начин.
Што очекувам. Дека тие што ги повторуваат делата нема да платат само парична прекршочна казна, туку дека ќе проработи правната држава и ќе бидат гонети кривично. Од притвор затоа што го повторуваат делото. За жал државата не може да дозволи неколку стотици или на моменти илјади луѓе на сила да сменат една демократски избрана власт која не се плашеше од предвремени избори.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by трендафил Пон Јун 20 2016, 20:42

defo напиша:Вака Трендо, знам не одговориш во сабота пошто си на викенд во грчка, при бидејки успатно си го поставил транспарентов:
Протести, контрапротести - Page 6 1avtopat-baner-640x384
Значи пред точно една недела лично се запознав со Замир, и разговаравме пред СЈО, ми остави впечаток на високо интелегентна особа, и особа со храброст. Се што не си ти...па затоа неможеш ни да го сфатиш човекот..јбг.......Па од тој разговор во кратки црти мене ме фати срам.....срам од самиот себе си...дека всушност јас сум она против кое мрчам и јадам локум...Јас сум обичен посматрач кој седи и гледа..кој седи и гледа како обезправени одат во затвор, како болни од дијабетис барајки инсулин, наместо тоа добиваат лажни обвиненија, кога наместо парична помош за деца на кои име потребна градиме пениси и тестиси на коњи и бикови......и гаќи на Прометеј. Ми е срам што бев во овие два месеци само 9-10 пати на протест....заради тоа што бев себечен, мислев на сопствениот комодитет. С е срамам едноставно, зошто и јас не ишарав барем една линија по барокот.......се срамам што не бев во секој ден во 6...а требаше многу да жртвувам..и требаше......
А прашњето до тебе е, дали ако Зафир беше на страната на ГДОМ, твоето мислење ќе беше поинакво за него???
П.С Очекувам одговор во понеделник кон 9, после првото утринско кафе то тогаш пријатно сончање, на Грчките плажи.
Замир ли беше човекот што предал празен лист на матурската, па следејќи ги бомбите што Заев ги предаде на криминалци кои ги објавија изгледа дека сестра му Ермира морала да му пружи сексуални услуги на Муса Џафери за да може брат и со празен лист да ја положи матурата со одличен успех. За таква правна држава се залага вашиот лидер Замир. Во која преку органот на сестра му се положува државен испит?
Што се однесува до мене за викенд одам во околината на Скопје. Во Беломорска Македонија одам еднаш на неколку години на некој викенд, но повеќе сакам планина од море.
Да расчистиме и за возилата на брза помош. Првото возило СК 3428АД има и лекар и пациент. Еве го видеото
https://youtu.be/HfBngyBuJA0
Лично сметам дека никој, ни тие што протестираат нема право да врши без судски налог претрес на возило. Власта очигледно не мисли така, па нема поведено кривична постапка против тие што тоа го направија. На чело со твојот лидер Замир. Кој благодареќи на еден орган од сестра му успеа да матурира.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Пон Јун 20 2016, 23:26

трендафил напиша: На чело со твојот лидер Замир. Кој благодареќи на еден орган од сестра му успеа да матурира.
Ова Трендо и од тебе е многу..треба да се засрамиш, „интелекту“....

Еве како овчички ги носите
Протести, контрапротести - Page 6 ClYjGrkUgAAm7p3


Следните пациенти на СЈО
Протести, контрапротести - Page 6 ClYkLMVVAAAkpdh


Протести, контрапротести - Page 6 ClYyTEYXIAApzfq


Гандов и Тони (Пу)Шанац организатори на одбраната на криминалот
Протести, контрапротести - Page 6 ClY-tYnXEAAs2Kc


Кркај од сендвичот, ама утре шо ќе им кажешна твоите деца, внуци, ја продадов државата и иднината ваша за сендвич
Протести, контрапротести - Page 6 13509809_952975161489405_1486285270_o-670x389
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Пон Јун 20 2016, 23:44

Член на форумов, ревносен подржувач на #Ж, малце настранил денеска од протестот за подршка на Владе криминалецот па решиле да го вратат.
Протести, контрапротести - Page 6 ClYwq_vVYAAraUk

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Пон Јун 20 2016, 23:48

Апсењето на Павле Богоевски, во неделата кога сакаше да биде истикнат транспарентот, Шутка не ти бега Никола

Сведоштво како се одвивал целиот настан....
Почнавме да се собираме во 19:45 на почеток на ул. Македонија. Доста од луѓето ни доцнеа и полицијата од далеку не’ виде кои сме, што сме и што се’ носиме со нас (три големи платна).

Во 20:30 тргнавме кон Камени Мост, притоа проаѓајќи низ патрола од (3 униформирани и 1 во цивилка) полицајци, кои не’ предупредија дека нема да поминеме од другата страна на мостот.

Како што се придвижувавме кон мостот полицајци го блокираа мостот, а ние културно им пријдовме. „Ако може да поминеме?“ - „Не може, ќе има огномет сега од тука, никого не пуштаме“. Павле разговараше со нив неколку минути, по што дојдовме до разумен компромис да одиме доле лево од мостот, односно директно карши Музејот на ВМРО.

Како што се движевме надоле, полицијата почна да не’ следи и дојдоа по нас уште неколку униформирани лица. Додека се договаравме од каде и како да го отвориме платното дојде еден од МВР (најверојатно началник) и ни објасни дека не можеме ни тука да го отвориме. Павле и уште неколку други најсмирено разговараа со него и повторно се пренемагавме дали може или не може да се отворат платната.

После неколку минути, неколкумина од полицајците го изолираа Павле на страна, веднаш до местото каде што се гради новиот мост за панорамското тркало. На двапати тргнаа да го приведат, бидејќи не сакаше да отстапи од идејата да се отвори платното. Веднаш ги креваше рацете во вис и мирно и културно им велеше дека не се отпира на нив и дека нема да ги нападне.

Началникот константно ѕвонеше на телефон и се обидуваше од некој погоре да добие конкретна наредба како да постапи. За ова време додека се караа доле, горе на кејот се поредија околу 20 униформирани лица кои физички ја спречуваа локацијата каде што беше планирано отворањето на платното.

Некаде околу 30 секунди пред да го отвориме платното, Павле викна по нас да се спремиме и единствено да почнеме да отвораме на негова команда. Веднаш потоа началникот викна по наредените униформирани лица да се спуштат доле од позицијата на која беа, а истовремено Павле викна по нас да почнеме да го местиме платното.

Веднаш постапивме кон отворање на платното, додека полицајците збунето не’ гледаа неколку секунди, за потоа еден од полицајците се обиде да ги спречи луѓето кои го отвораа платното. Тогаш Павле се качи горе со нас и продолжи да го отвора платното. (Ова е видливо од почетокот на видеото, па се до 0:30)

Клучно е дека се’ до овој момент, ситуацијата беше под контрола и (барем јас) не слушнав никаква наредба од полицијата дека треба да престанеме со отворање. Напротив, бевме под импресии дека отворањето ни беше дозволено.

Во 0:32 од видеото дотрчаа тројца во цивилна облека кои насилнички почнаа да го одземаат платното и од луѓето кои го отвораа и од униформираните лица. Почнаа да го влечат и кинат, при што дел од униформираните лица се пуштија врз нив.

Тука настана најголемиот проблем. Се до моментот кога трите цивилни лица не нападнаа, ситуацијата беше под контрола. Тие предизвикаа инцидент и колку што видов физички нападнаа еден од шарените (му беше удрен бокс некаде околу 0:32 ~ 0:35)

Разменија само неколку реченици кои успеав да ги слушнам (се слушаат и на видеото во 0:39 и во 0:50). Овие во цивилка велеа:„Абре наши сме, пуштете не! Наши сме, наши сме!“, на што униформираните одговорија со:„не ми е гајле кој си, пушти го платното и бегај од тука“. Додека оваа караница траеше, останатите униформирани лица му скокнаа на Павле, го совладаа, го легнаа на земја и му ставија лисици.

Додека го совладуваа Павле исклучително гласно викаше дека нема намера да ги нападне, не пружа отпор и дека само сака да го постави транспарентот. Трите лица во цивилка нагло избегаа накај камени мост, а полицијата ги собра сите транспаренти и заедно со павле ги стави во полициска кола. Тоа во принцип е тоа што се случи.

Да не беа трите цивилни лица, инцидент вчера немаше да има. За нив подоцна бев информиран дека се членови на ВМРО ДПМНЕ од Автокоманда.

Се поставува прашањето, зошто Павле беше уапсен, а не лицата во цивилка, за кои јасно како ден (од 0:32, па се до крајот) се гледа дека не постапуваат по полициска наредба да отстапат, а да не зборам и дека има основ и за напад на униформирано лице?

https://www.youtube.com/watch?v=lk0gDzY3HbA

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by defo Вто Јун 21 2016, 00:05


Ајде овчички на протест..пррр пррр прррр
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by трендафил Вто Јун 21 2016, 12:31

Колку што гледам платеникот на Сорос смета дека полицијата би му дозволила да закачи крпа на кејот на Вардар, па тоа морале да го спречат случајни минувачи кои не се плашат од чадорот. Не знам ни јас што да мислам. Во еден случај полицијата не спречи оштетување на министерството за првда, но не дозволи рушење на Прометеј како дел од споменикот на жртвите за Македонија. Дали на Замир и другите идиоти окулу него најповеќе им пречат портата МАКЕДОНИЈА, споменикот на жртвите за МАКЕДОНИЈА, владата на МАКЕДОНИЈА, собранието на МАКЕДОНИЈА, АЛександар од МАКЕДОНИЈА ...
Не знам зошто проестирате против зградата на министерството за првда, а не против министерот. Дали затоа што е АЛбанец?
Што се однесува до твојот лидер Замир, претпоставувам дека знаеш дека во 2003 година предал празен лист на матурскиот испит, но сестра му направила да го положи. Претпоставувам и дека знаеш и за разговорите што Верушевски и Заев криминално ги снимија и пуштија во вајност во кои сестрата на Замир му нуди сексуални услуги на Муса Џафери. Моја претпоставка е дека тоа е за да може братчето да положи и испити на факултет за да може да се продава како интелектуалец. Мислам пред се да им се продаде на Сорос и другите од тоа злосторничко здружение.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Протести, контрапротести - Page 6 Empty Re: Протести, контрапротести

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот