Слободата на медиумите
+11
reiter
Пат
ЧеГиВара
Hamad bim Khalifa
Фири1
tmoro
bratucedot
Dadeda
Kalinda
Фири
osa
15 posters
Страна 3 of 7
Страна 3 of 7 • 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7
Re: Слободата на медиумите
Bravo za ZNM...Lustriranjeto novinari e zamo defokusiranje i plashenje na mediumite da ne gi objavuvaat bombite...
ЗНМ: ЛУСТРИРАЊЕТО НА КОСТОВА, ОБИД ДА СЕ ДЕФОКУСИРА ЈАВНОСТА ОД „БОМБИТЕ“
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска реагираше дека власта со актуелизирањето на лустрацијата на новинари сака да го дефокусира вниманието на јавноста од сериозната политичка криза во која се наоѓа земјата.
- Лустрација на новинари во време кога опозицијата објавува прислушувани разговори кои сведочат за масовна злоупотреба на институциите од страна на владата, е брутален обид да се спречат новинарите да известуваат за овој скандал. Непристрасна и неселективна лустрација е во интерес на новинарите и медиумите. Дилемите дека меѓу новинарите има соработници на тајните служби мора да се расчисти еднаш засекогаш. Кредибилитетот на новинарите пред јавноста мора да се заштити. Меѓутоа, после скандалот со прислушувањето, каде жртви на следење биле и стотина новинари, довербата во институциите е изгубена и лустрацијата како процес е сериозно компромитиран – се наведува во соопштението од ЗНМ.
Оттаму се сомневаат дека актуелната власт ја злоупотребува Комисијата за верификација на факти за политичка пресметка со критички новинари, со цел нивно јавно дискредитирање.
- Власта без широк политички консензус на неколку наврати го прошири опфатот на лицата што треба да се лустрираат, иако Уставниот суд ги иззема новинарите од овој процес. Бараме процесот на лустрација на новинари да се прекине се додека не се формира нова Комисија за лустрација, која ќе има кредибилитет да го заврши овој процес.Очекуваме Управниот суд да го поништи решението со кое новинарката Јадранка Костова е прогласена за соработник на тајната полицијата. Се надеваме дека судот ќе ги земе во предвид сите елементи при одлучување и ефектот што таквата одлука ќе го има врз слободата на изразувањето – се наведува понатаму во соопштението.
ЗНМ за ваквото непримерно однесување на Комисијата за верификација на факти, со кој најбрутално е нападнат кредибилитетот на новинарите, ќе ја алармира целата меѓународна заедница.
- Основната идеја на лустрацијата беше да спречи соработници на тајната полиција, кои заради политички и идеолошки причини кршеле човекови права и слободи, да извршуваат јавни функции. Просто е неверојатно што Комисијата за верификација на факти досега не откри ниту еден соработник на тајните служби меѓу високите функционери на актуелната власт. Лустрација на новинари, починати лица, граѓански активисти и писатели покажува дека власта ги крие вистинските соработници на тајните служби – реагира ЗНМ.
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
_________________
17 44 52 59 0 36 23 0 11 72 68 31 0 44
47 41 59 12 25 0 72 0
bratucedot- Број на мислења : 51
Join date : 2015-01-12
Age : 44
Местолокација : Skopje
Re: Слободата на медиумите
_________________
17 44 52 59 0 36 23 0 11 72 68 31 0 44
47 41 59 12 25 0 72 0
bratucedot- Број на мислења : 51
Join date : 2015-01-12
Age : 44
Местолокација : Skopje
Re: Слободата на медиумите
Ангелов: Власта платила 2 милиони евра за да предизвика меѓуетнички судир
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
Меѓународниот и македонскиот ПЕН: Слободното изразување во Македонија под закана
Меѓународниот ПЕН и македонскиот ПЕН соопштија дека се длабоко засегнати од неодамнешните откритија дека Македонија наводно ги подложувала своите новинари и повеќе државни институции на масовен, неовластен надзор.
ПЕН изкажува вознемиреност од обидот на Јавно обвинителство, како што наведуваат, за превентивно цензурирање на новинарите кои истражуваат наводи за владина корупција.
- Слободното изразување, јавно и приватно, во Македонија е под закана во пораст.
Споведената анкета во декември 2014, покажа дека повеќе од половина од македонските државјани чувствуваат страв отворено да ги изразат своите мислења и дека речиси две третини сметаат дека се подложени на државно надгледување. Новинарите и активистите, често во фокусот на острите тактики насочени да ја поразат критиката на владата, се принудени на самоцензура пред стравот од надзорот, се наведува во соопштението.
Тие велат ова се потврдило во февруари, кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, реч дека помеѓу доказите кои ги поседува од прислушуваните телегонски разговори, кои биле под наредба на Груевски, покажуваат дека над 20.000 македонски државјани биле подложени на надзор, од страна на Премиероти неговиот братучед, директорот на Агенцијата за разузнавање.
„Но, неавторизираниот масовен надзор е само еден од методите со кои државата очигледно се служела за да ги замолчи критиките. На 3-ти февруари, десет дена пред Заев јавно да ги искаже обвинувањата, јавното обвинителство издаде изјава соопштувајќи дека „објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“. Среде опозициските обвинувања за масовна корупција и злоупотреба на власта од страна на актуелната влада, оваа објава – длабоко вознемирувачки обид за превентивна цензура – беше јасно наменета да ги заплаши и замолчи критичарите во медиумите и опозицијата“, наведуваат меѓународниот и македонскиот ПЕН во заедничката изјава.
Оттаму апелираат до македонските надлежни органи веднаш да стават крај на неовластениот „бланкет“ надзор на новинари и граѓани во Македонија и бараат македонските надлежни органи недвосмислено да го објаснат значењето на февруарското соопштение на Јавното обвинителство, прецизно да ги посочат околностите кои информациите ќе се сметаат за службена тајна и да образложат точно како и кога членовите на медиумите и сите засегнати граѓани ќе знаат дека таквите околоности се применети.
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=21464

а па таа како се нарекуваше Ядранка Костова го предала владо Перев и сеа за тоа е лустрирана Югословенка 100 карата нека и е добро сеа
Фири1- Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14
Re: Слободата на медиумите
Ako gi nema kje se sozdadat...vistinata mora da stigne do site...
ТХП: „Вистината за Македонија“ ќе одекне и преку герилскиот весник
Младината на Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП), почна проект за дознавање „Вистината за Македонија“ преку герилскиот весник „Харекет“ (Прогрес) кое ќе биде периодично списание на турски јазик и ќе се дели низ цела Македонија.
Од таму велат дека целта на овој проект е да се елиминира медиумскиот мрак и вистината да допре до пошироки маси, со што граѓаните ќе бидат информирани за сите „злодела и криминали на владеЈачката гарнитура“.
„Демаскирањето на владините политичари ќе го охрабрува народот и ќе се подигне свеста против оваа диктатура. „Харекет“ ќе стигне и до рацете на постарите граѓани, но и до руралните средини каде што интернетот е помалку достапен, со што ќе се постигне мотото на проектот кој гласи „ Нема ЈАС, туку НИЕ!“, сенаведува во соопштението.
http://plusinfo.mk/vest/22167/thp-vistinata-za-makedonija-kje-odekne-i-preku-gerilskiot-vesnik-hareket-
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
Ako ne mozat da gi kupat, togash im se zakanuvaat, gi ucenuvaat ili gi zatvaraat...
Грозоморен атак врз семејството на новинарот Борјан Јовановски
Грозоморен настан се случил вечерва пред домот на семејстовото на новинарот Борјан Јовановски. На вратата на домот затропало непознато лице, а откако отворила неговата сопруга Амернис Нокшиќи, непознатиот посетител го побарал Јовановски. Збунетата сопруга на Борјан на чудниот посетител му рекла дека новинарот е на пат.
Тогаш, тој и дал погребен венец и и рекол:
- Ова е подарок од Тодор Александров.
Веднаш потоа сторителот на овој кукавички акт избегал.
Семејството на Борјан Јовановски повикало полиција и во моментот се врши пријавување на кривично-правниот настан.
http://plusinfo.mk/vest/23032/obnoveno-grozomoren-atak-vrz-semejstvoto-na-novinarot-borjan-jovanovski
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
I chestitki za hrabriot odgovor...Vreme e familijata da sfati deka povekje nikoj ne im se plashi...
Колегите на Борјан утре во 12 пред Владата ќе му го вратат венецот на испраќачот
Утре во 12 часот, пред Владата на Република Македонија, колегите на Борјан Јовановски, ќе му го вратат погребниот венец на нарачателот на чудната пратка, наменета да го заплаши новинарот кој ја критикува власта. Венецот, со пораката „поздрав од Тодор Алексдандров“, во домот на Јовановски го донесе непознато лице и го вознемири семејството на новинарот.
„Овој умоболен чин кој длабоко го потресе семејството на нашиот колега и сите членови на Новинарскиот пленум, го сфаќаме како мафијашка порака од Фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари - што не очекува сите од ред ако и се спротивставуваме на власта!“, се вели во острата реакција на Новинарскиот пленум, кој побара МВР да го расчисти случајот во рок од 24 часа.
Колегите на Борјан со гнасење и одлучно ќе му го вратат венецот на испраќачот, порачувајќи му така дека не му се плашат.
Ако некој од почитувачите, пријателите и читателите на Борјан се уште размислува дали треба да се појави на утрешниот настан пред Владата, еве, нека погледне како изгледа венецот што го доби неговото семејство:
http://plusinfo.mk/vest/23038/kolegite-na-borjan-utre-vo-12-pred-vladata-kje-mu-go-vratat-venecot-na-isprakjacot
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
Sto drugo moze da smisli stvor, koga namesto mozok ima lajno u crpkata ?!?!?!?
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Слободата на медиумите
Чудно е како сите политичари без исклучок кога паѓаат од власт влагаат од грешка у грешка...
Се' се должи на вообразеност и изгубен контакт со реалноста.
Се' се должи на вообразеност и изгубен контакт со реалноста.
ЧеГиВара- Број на мислења : 67
Join date : 2015-04-19
Re: Слободата на медиумите
Panika druze, panika! Svesni se deka ja zasrale rabotava i obiduvajki se da ja zavlekuvaat sto podolgo se nadevaat na nekoj meteor od vremeto na jura koj ke mu stavi pepel na se!. Arno ama takov meteor ke cekaat uste par ,miliona godini. Sega vleguvaat od greska vo greska - isto kako na krimi filmovine koga gi brkaat policajci! Samo si ja vloshuvaat situacijata po niv (i okolinata) i na kraj pak zavrshuvaat so lisici (i petpati postrogi kazni) ili so zagubena glava!
P.s. Aj da pobrzam bombata samo sto ne eksplodirala - tocno e 14 casot!
P.s. Aj da pobrzam bombata samo sto ne eksplodirala - tocno e 14 casot!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Слободата на медиумите
Подобро е да имаш добра меморија, отколку добар „ин мемориам“!
Повеќе од сто новинари и јавни личности протестираа пред Владата, во чиј двор го фрлија погребниот венецот испратен во домот на новинарот Борјан Јовановски со порака „последен поздрав“ од испраќачот „Тодор Александров“.

Владо Апостолов, новинар на интернет телевизијата НОВА, објаснува зошто протестот се одржува пред Владата.
„Додека премиерот и претседателот на државава одат на полноќни интервјуа, полноќни седенки кај луѓето што отворено се користат со говорот на омраза, со тој чин индиректно ги поттикнуваат ваквите закани. Ништо не е случајно“, вели Апостолов.
Уредникот на „Утрински весник“ Ерол Ризаов преку хумор ги искоментира непримерните притисоци кон новинарите, користејќи за оваа пригода еден афоризам: „Подобро е да имаш добра меморија, отколку добар ’ин мемориам’!“
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
Многу легитимно прашање.
Како Приштинската ТВ21 обезбеди дозвола за национална тв во Македонија?
Фејсбук статус на Арсим Зеколи:
Би им порачал на македонските опозицијски новинари да се распрашаат кај сопствениците на Приштинската ТВ21 за начинот на кој им успеал да во вакви времиња обезбедат дозвола од ДУИ и уште повеќе од ВМРО-ДПМНЕ за отварање на национална ТВ станица во Македонија. Која ама секако, 100% ќе биде независна, објективна, професионална … како што е и ДУИ, нели.
Па ако газдите на објективната, независната, непартијски поврзаната, професионалната, автохтоната, отворената и албанска (како и ДУИ) нова телевизија смекнат душа ќе ви ги кажат малите тајни на големите мајстори на политичките кујни. И рецептот за отварање на ТВ станици со благослов на режим.
П.С.
А поготово интелектуалците околу СДСМ башка ќе се освежат кога ќе дознаат кој ќе биде новиот главен и одговорен уредник. Од мое име – баш ви благодарам за “услугата”.
http://libertas.mk/%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%82%D0%B221-%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%BB/
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
За волја на вистината, тоа со венецот би било премногу наивно од некој кој би претендирал да е од ВМРО, па уште и наследник на Тодор Александров. А нели имаше сини птици некои, па бугарски летоци, разни ми ти работи во оваа наша 20-годишна историја.
Пат- Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04
Re: Слободата на медиумите
Реми..односно ПАТ ..сега има нова генерација на деца кои и самите не знаат што е ВМРО и Т.Александров..ете 20-годишник сокршил џамови во прилеп собранието...некој занесол венец и се претставил демек поздрав од Т.Александов....многу нешта се изменија односно се испомешаја благодарејќи на 'богатата и исправна' историја изучувана од '45 наваки...па ништо чудно да некое дете кое нема поим за ВМРО и целите на ВМРО а член на дпмне бапне некој насред чело со камен а ударениот да биде токму оној кој знае каде е правецот и целта, и истиот постане колатерална штета.Инаку начинот на делување на Т.Александров горе доле го знаеме сите...кратка постапка нели каде нема опоменување со венци или носење баклава.Пат напиша:За волја на вистината, тоа со венецот би било премногу наивно од некој кој би претендирал да е од ВМРО, па уште и наследник на Тодор Александров. А нели имаше сини птици некои, па бугарски летоци, разни ми ти работи во оваа наша 20-годишна историја.
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Слободата на медиумите
Свесно или несвесно, ова е лага и беден обид да се оправда Грујошеску и дпмнеовците.За венецот на Борјан, директно е одговорен пастирот заради креирање на атмосфера на закани, уцени, поделби и повици на конечни пресметки.
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
mumley напиша:Свесно или несвесно, ова е лага и беден обид да се оправда Грујошеску и дпмнеовците.За венецот на Борјан, директно е одговорен пастирот заради креирање на атмосфера на закани, уцени, поделби и повици на конечни пресметки.
So sto dopolnitelno si go toavari kriminalnoto dejstvie, i analogno si ja proshiruva optuzbata kon sebe! Samo neka prodolzi..... a cel svet dobronamerno go sovetuva da prestane - sto pobrzo podobro za nego !
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Слободата на медиумите
[quote="reiter"]
Го имаш ли гледано она интервју на Саше Политико со Александар Диневски? Многу добро интервју, Саше некако успеа да се воздржи и да не тропа многу глупости и да поставува претерано глупави прашања, па Диневски имаше можност да раскаже една многу интересна приказна. Јас пред тоа имав слушнато за „Осуммината“, но не знаев за што точно се работи. И во еден момент Саше го прашува „А добро, зар не помислувавте да пратите некој да го рокне Ванчо Михајлов?“ И Диневски му одговара: „Па добро, види сега, Ванчо Михајлов беше водач на ВМРО, беше мајстор на конспирацијата и тоа не е е баш така лесно, практично беше невозможно некој да го убие него, но затоа беше елиминиран тој и тој....“
Токму тоа и ми е поентата, би било премногу наивно од страна на сегашната власт да му прави такво нешто, и тоа на кого баш, на Борјан Јовановски, кој нешто и не беше особено гласен во последно време, но затоа пак има определена тежина во Европа, нели? И не дека сакам да ја бранам власта, башка што мислам дека нема остра граница помеѓу власта и опозицијата, но сето тоа ми е многу симптоматично, нели ви велам, во времето на Љубчо сакаа да им подметнат на ВМРО божем организирале паравоени терористички чети, па имаше нешто божем растурале летоци на бугарски јазик, па имаше операција „Дувло“, па и „Големото уво“ итн.
Па и ова со бомбиве, Заев вели, сите ги има, а ги нема само Мијалков и Груевски како разговараат, и тоа е доказ дека тие прислушкувале цела држава. Но од каде знаеме ние дека ги нема Мијалков и Груевски? И зошто не пуштат да видиме како разговараат во СДСМ за време на избори? Слушаме само разговори со кои очигледно се сака да се постигнат следниве цели:
- Да се докаже корупцијата на власта;
- Да се докаже непатриотизмот на власта;
- Да се пуштаат лични разговори во кои се оговараат едни со други за со тоа да се разбие единството во ВМРО-ДПМНЕ, да се испокараат и одвнатре да се распаднат.
Е сега, на вас овде, безусловните поддржувачи на СДСМ би сакал да ви поставам две прашања:
1. За „Хашките случаи“; ја гледав таа прес конференцијата и Заев во еден момент вели: Па добро бе Никола, еве да кажеме, таква била ситуацијата и морало така да се направи, морало, барем биди маж и не се криј зад пратениците.“
Кој ви е заклучокот на вас од оваа негова реченица? Мојот е дека вели - можеби и јас би го сторил истото во такви околности, но тоа ќе го направам машки (веројатно како со законот за територијална поделба).
2. За неспорната партизација на државата; А се сеќавате ли за јадењето живи луѓе? И не, тоа не е само гол афоризам или некаква хипербола, туку сите го слушнавме Заев како вели „од чистачка до министер ќе поставиме наши луѓе и мора така ако сакаме да владееме“. И која е разликата? Кој кур јас би го давал мојот ценет глас на Заев, да се симне Мурто и да се качи Курто ли?
Проблемот на партизацијата не се наоѓа во партиите, на страна тоа што тие што најмногу искористија од партијата се бивши сдсмовци, но што велат браќата Бугари, е бивши бивши, но колку бивши? Проблемот е во тоа што ние Македонците се уште не сме изградиле демократска свест, не сме изградиле почит кон институциите и кон професиите, т.е. уште сме си посткомунистичка турска раја. Единствено децава во последно време што ни го обелуваат образот, и тоа заедно Македонци и Албанци, што прави да се чувствувам горд дури.
Пат напиша:Реми..односно ПАТ ..сега има нова генерација на деца кои и самите не знаат што е ВМРО и Т.Александров..ете 20-годишник сокршил џамови во прилеп собранието...некој занесол венец и се претставил демек поздрав од Т.Александов....многу нешта се изменија односно се испомешаја благодарејќи на 'богатата и исправна' историја изучувана од '45 наваки...па ништо чудно да некое дете кое нема поим за ВМРО и целите на ВМРО а член на дпмне бапне некој насред чело со камен а ударениот да биде токму оној кој знае каде е правецот и целта, и истиот постане колатерална штета.Инаку начинот на делување на Т.Александров горе доле го знаеме сите...кратка постапка нели каде нема опоменување со венци или носење баклава.
Го имаш ли гледано она интервју на Саше Политико со Александар Диневски? Многу добро интервју, Саше некако успеа да се воздржи и да не тропа многу глупости и да поставува претерано глупави прашања, па Диневски имаше можност да раскаже една многу интересна приказна. Јас пред тоа имав слушнато за „Осуммината“, но не знаев за што точно се работи. И во еден момент Саше го прашува „А добро, зар не помислувавте да пратите некој да го рокне Ванчо Михајлов?“ И Диневски му одговара: „Па добро, види сега, Ванчо Михајлов беше водач на ВМРО, беше мајстор на конспирацијата и тоа не е е баш така лесно, практично беше невозможно некој да го убие него, но затоа беше елиминиран тој и тој....“
Токму тоа и ми е поентата, би било премногу наивно од страна на сегашната власт да му прави такво нешто, и тоа на кого баш, на Борјан Јовановски, кој нешто и не беше особено гласен во последно време, но затоа пак има определена тежина во Европа, нели? И не дека сакам да ја бранам власта, башка што мислам дека нема остра граница помеѓу власта и опозицијата, но сето тоа ми е многу симптоматично, нели ви велам, во времето на Љубчо сакаа да им подметнат на ВМРО божем организирале паравоени терористички чети, па имаше нешто божем растурале летоци на бугарски јазик, па имаше операција „Дувло“, па и „Големото уво“ итн.
Па и ова со бомбиве, Заев вели, сите ги има, а ги нема само Мијалков и Груевски како разговараат, и тоа е доказ дека тие прислушкувале цела држава. Но од каде знаеме ние дека ги нема Мијалков и Груевски? И зошто не пуштат да видиме како разговараат во СДСМ за време на избори? Слушаме само разговори со кои очигледно се сака да се постигнат следниве цели:
- Да се докаже корупцијата на власта;
- Да се докаже непатриотизмот на власта;
- Да се пуштаат лични разговори во кои се оговараат едни со други за со тоа да се разбие единството во ВМРО-ДПМНЕ, да се испокараат и одвнатре да се распаднат.
Е сега, на вас овде, безусловните поддржувачи на СДСМ би сакал да ви поставам две прашања:
1. За „Хашките случаи“; ја гледав таа прес конференцијата и Заев во еден момент вели: Па добро бе Никола, еве да кажеме, таква била ситуацијата и морало така да се направи, морало, барем биди маж и не се криј зад пратениците.“
Кој ви е заклучокот на вас од оваа негова реченица? Мојот е дека вели - можеби и јас би го сторил истото во такви околности, но тоа ќе го направам машки (веројатно како со законот за територијална поделба).
2. За неспорната партизација на државата; А се сеќавате ли за јадењето живи луѓе? И не, тоа не е само гол афоризам или некаква хипербола, туку сите го слушнавме Заев како вели „од чистачка до министер ќе поставиме наши луѓе и мора така ако сакаме да владееме“. И која е разликата? Кој кур јас би го давал мојот ценет глас на Заев, да се симне Мурто и да се качи Курто ли?
Проблемот на партизацијата не се наоѓа во партиите, на страна тоа што тие што најмногу искористија од партијата се бивши сдсмовци, но што велат браќата Бугари, е бивши бивши, но колку бивши? Проблемот е во тоа што ние Македонците се уште не сме изградиле демократска свест, не сме изградиле почит кон институциите и кон професиите, т.е. уште сме си посткомунистичка турска раја. Единствено децава во последно време што ни го обелуваат образот, и тоа заедно Македонци и Албанци, што прави да се чувствувам горд дури.
Пат- Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04
Re: Слободата на медиумите
So posledniot pasus, vsushnost sam si odgovoril na prashanjata...
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
Ме чуди што ниту еден од наводните борци за слобода на медиумите на форумов не се потруди барем да ги нотира насилствата врз Радио Слободна Европа на првиот ден на протестите и нападот врз екипата на телевизија Сител и врз уредничката на весникот Вечер, при што им се нанесени (за среќа) полесни повреди. Ниту една организација или поединец што веќе има фатено пена на устата од зборување за наводното прекршување на слобода на медиумите во нашата татковина, почнувајќи од ЕУ и НАТО преку Репортери без граници или Дуња Мијатовиќ, еден куп домашни организации, поединци и медиуми, сега не ги ни спомнуваат случаите. Па можам да заклучам дека има едно странско домашно здружение што ги брани своите и кога изнесуваат лаги, а најсреќни би биле кога тие што размислуваат различно би биле замолчени. И со употреба на физичка сила ако треба. Затоа што е крајно безобразно некој како репер за наводната слобода на медиумите да го зима бројот на тужби кон наовинари, на пример, а да не споме дека две третини од тужбите се поднесени од членови на опозицијата и платеници на Сорос. Голем број тужби се и на новинари против колеги новинари.
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Слободата на медиумите
Nema shto da se osuduva...Nikakvi napadi i nasailstva nad tender milionerkata Ivona nema...Toa se samo lagi i manipulacii od dpmne-ovcite...Zatoa i e insceniran napad nad milionerkata...Sega kje mora da go odraboti milionot...
Гостин- Гостин
Re: Слободата на медиумите
Meckata pocnala sama da se drapa. Na shlapasot u zadno vreme, od silni grizhi ne mu se diga crvot!
Samo mora da nauci meckata da si gi skrati noktite, inaku sekoe drapanje - prokrvauenje!
Samo mora da nauci meckata da si gi skrati noktite, inaku sekoe drapanje - prokrvauenje!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Слободата на медиумите
Нападот врз Ивона Талевска и уште други двојца новинари е само уште еден во низата напади на споулавениот дел од опозицијата кој не бира средства како да дојде на власт. Не е првиот. Иначе од 2008 година имаме обиди да се замолчат сите новинари кои што не мислат како соросоидите, СДСМовците и делот од т.н. меѓународна заедница што сака да не нема. Во тоа време се работеше за само неколку новинари. Латас, Мирка, Јанко, Миленко и Томиќ.
Иначе не верувам дека Ивона била толку збунета дури и од физичкиот напад па да не знае дали напаѓачите се машки или женски. Како што не знае сопругата на Борјан Јовановски од кој пол е испорачувачот на венецот. Ајде да напишам и овде дека две третини од тужбите против новинари се од соросоиди и СДСМовци. Прво тужат, па потоа врз основа на бројот на тужби ја клеветат својата држава за наводен протисок врз новинарите. А две третини од притисокот е нивен.
Иначе не верувам дека Ивона била толку збунета дури и од физичкиот напад па да не знае дали напаѓачите се машки или женски. Како што не знае сопругата на Борјан Јовановски од кој пол е испорачувачот на венецот. Ајде да напишам и овде дека две третини од тужбите против новинари се од соросоиди и СДСМовци. Прво тужат, па потоа врз основа на бројот на тужби ја клеветат својата држава за наводен протисок врз новинарите. А две третини од притисокот е нивен.
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 3 of 7 • 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7
Similar topics
» Слободата на медиумите во Македонија
» Коj ги плакjа медиумите на Груевски?
» За СЛОБОДАТА...
» Толку од слободата на Мелница ....
» Нека ни е честита слободата!!!
» Коj ги плакjа медиумите на Груевски?
» За СЛОБОДАТА...
» Толку од слободата на Мелница ....
» Нека ни е честита слободата!!!
Страна 3 of 7
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот