Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Bravo za Oliver i SDSM

+12
Teo
Bosonoga
Albatros
alienmk
zozoti
SHARENI
TRAJCHE
Nebula
Luxor
трендафил
PRVOBOREC
OPOZICIONER
16 posters

Страна 7 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Нед Дек 03 2023, 23:34

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Th?id=OIP.amsr6Y84Y9gnSBJK4Yz9UQHaHa&w=174&h=185&c=8&rs=1&qlt=90&o=6&pid=3

Дали е ова нарачателот на убиството на малата Вања?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by osa Пон Дек 04 2023, 02:31

трендафил напиша:Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Th?id=OIP.amsr6Y84Y9gnSBJK4Yz9UQHaHa&w=174&h=185&c=8&rs=1&qlt=90&o=6&pid=3

Дали е ова нарачателот на убиството на малата Вања?
ne ja poprechuvaj istragata ..strpi se ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Пон Дек 04 2023, 20:06

ЕКСКЛУЗИВНО ДОСИЕ: Палчо и соработниците се проект на полицијата и СДСМ

Убистсвото на малата Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес до темел ја потресе македонската јавност која не памети вакво злосторство и постави прашања до каде е уништено општеството со политиката дека “секој може да прави што сака“ ако знае дека е заштитен од власта.

Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиствата, е во бегство и, како што порталот Вечер вчера прв објави, а неговиот адвокат Стојков денес потврди, тој избегал во правец на Турција. На денешната прес конференција министерот на полицијата (МВР) Оливер Спасовски изјави дека тие ќе направат се “убиецот да биде фатен штом згазне на македонска територија“.

Се поставува прашањето: Зошто од министерот е кажана оваа намера да се уапси ако се врати во Македонија? Дали е тоа порака да не се враќа?! А што ако не се врати?

Љупчо Палевски Палчо е полициски проект на СДСМ стар повеќе од две децении , а негов ментор е Зоран Верушевски, во време кога власта ја има СДСМ Верушевски е директор на УБК и Агенцијата за разузнавање. Нивното пријателство и соработка Палчо никогаш не го криел, доволно е да се побара на Гугл и следат неговите јавни настапи на Инфомакс и други места за да се потврди тоа. Потојат десетици сведоци кои лично ја знаат оваа релација.

Палчо, спомнувајќи го Зоран Верушевски, секогаш го ословува со “професорот“.

Палчо е влезен во СДСМ во 1998 година, веднаш по изборите кои СДСМ ги загуби, и воспоставува тесни полициски и политички врски со Зоран Верушевски и тогашниот Министер за одбрана од СДСМ (1997-98) а потоа од 2004-та и директор на агенцијата за разузнавање Лазе Китановски. Патем, за добивање информации и контакти ги користи и релациите со негов братучед кој тогаш бил вработен во УБК.

Во периодот на опозиција на СДСМ (1998-2002 година) Палчо е назначен за преседател на градскиот СДСМ за Скопје. Со тоа партијата и полицијата, на човек без никакво политичко искуство претходно, му обезбедуваат политичко значење за да може да влезе во светот на политиката и извршува задачи потребни за партијата и “партиската подземна полиција“.

Палчо е манијанклано опседнат со полициски досиеа, манипулации и моќ стекната со полициското подземје што беше идеална подлога за соработка со Зоран Верушевски, негов брат по таква определба, и Лазе Китановски кого Мирка Велиновска во јавен настап во 2020 година го нарече “спринтер во броење гласови“, или преведено: во местење избори.

Уште во времето кога имаше печатница на улица Теодосиј Гологанов Палчо имаше сеф со документи и полициски досиеа со кои импресионираше, заплашуваше и рекетираше. Полицијата го штитеше. Од ситен печатар кој по задача преку “печатницата“ соработуваше и со албанското “печатарско“ подземје во Мала речица, Палчо одеднаш стана битен градежник.

Со помош на Мирослав Грчев, градоначалник на Центар од СДСМ 1996-2000, Палчо бесправно изгради кат плус на зграда над Бастион, на Ленинова, кој кат потоа ВМРО ДПМНЕ му го урна, а Палчо стана смртен непријател на партијата што “подземната полиција“ вешто го користеше како негов мотив.

Помеѓу останатото, неговата градежна фирма ја изгради и спорната зграда “Тифани“ на чело на Партизанска, во центарот на Скопје. Палчо беше фатен дека продава исти станови на две-три лица кои, потоа, не добиваат станови и корупцијата со тогашната директорка на Управата за јавни приходи од власта на СДСМ, Петра Митева, која мораше да купи околу 700 метри квадратни недоизграден деловен простор за УЈП во зградата по тројно повисока цена за Палчо да ги врати долговите.

Сите негови криминали и корупции, тргување со полициски досиеа и рекети полицијата педантно ги покриваше и штитеше. Зоран Верушевски, повеќе од две децинии, заедно со своте лојални соработници во полицијата се грижеше за својот извршител.

Манијалнкалните нагони на Палчо да поседува информации и моќ од полициското подземје не беа доволни. Со престижна титула, претсдател на СДСМ за Скопје тој бараше и јавна демонстрација и моќ со која би стекнал влиајние, респект и пари.

Со помош на СДСМ и Верушевски, а пари од Комерцијална банка, Палчо во време на опозиција за СДСМ отвори неделник Старт во кој се собраа новинари блиски до СДСМ како Мирка Велиновска и Васко Ефтов кои, по доаѓањето на Љупчо Георгиевски за премиер, останаа без работа. Новото ниво на моќ и влијание му беше дадено, а со тоа и легитимитет да контактира и делува во кругот на новинарите на кои, “спонтано“ им дели полициски информации против ВМРО ДПМНЕ и обезбедува ексклузива.

Случајно, или не, Палчо од сите битни ликови во таа власт на ВМРО ДПМНЕ а и потоа, имаше блиски релации само со Доста Димовска. Случајно или не, поранешниот министер во владата на СДСМ, Димитар Бузлевски, своевремено јавно кажа дека Доста Димовска и Љупчо Гергиевски биле на списокот на негови соработници во времето кога ВМРО, до 1998 година, беше во опозиција и дека со Љупчо имал состаноци во хотел Гранит каде што престојувал за време на мандатот во Скопје.

Улогата на Доста Димовска била креирана од Лазе Китановски, кога СДСМ пред избори има мал рејтинг Доста Димовска да се појавува со пробугарски ставови и на тој начин да формира пробугарска ориентација на партијата која не би била прифатлива за јавноста, а би донела корист за СДСМ.

Проектот на Верушевски и СДСМ - Палчо да се внесе како провокатор, освен во политиката, и во медиумите преку неделникот Старт пропадна кога Мирка Велиновска, тогаш уредник во Старт, препозна која е во суштина улогата и дејноста на Палчо, тоа јавно го соопшти, и со бунт во редакцијата заедно со најблиските соработници го напушти неделникот Старт и со помош на Хари Костов од Комерцијална банка формираа нов неделеник со назив Зум.

Некаде во тоа време, време на опозиција на СДСМ, Палчо имаше конфликт и со Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ кој секогаш имал дистанца и страв од Зоран Верушевски и неговото полициско подземје. Резултат на конфликтот беше смена на Палчо од претседател на СДСМ за Скопје и нагло опаѓање на неговата политичка и финансиска моќ. Тоа бркање од партијата Палчо никогаш не му го заборави на Бранко Црвенковски, и користеше секоја прилика за личен напад врз него.

Во ноември 2020-та во подкастот на Инфомакс, на прашање зошто го нема Црвенковски во јавноста, Палчо изјави:

„На Бранко Црвенковски можам да му дадам датум, не можам да дадам документ. Питер Фејт на 1. септември, имам таму 2-3 сведоци може да потврдат не можам да именувам што работеа таму во кабинет. На 1.септември 2016 година, додека траеше Пржино, Питер Фејт му се закани на Бранко Црвенковски, му забрани да изусти ниту збор додека трае овој нео-либерален проект. И оттогаш Бранко Црвенковски го нема.“ – вели Палевски.

По бркањето од СДСМ, и одјавата од Црвенковски, на Палчо му остана само Верушевски и политичкото подземје со кое соработуваше до денес, денот на убиството на малата Вања.

Следните години Палчо и понатаму ширеше сплетки, заплашување и рекетираше со полициски информации и документи. Преку полициското подеземје на “професорот“ Верушевски влезе во градежни комбинации со Бетон и едно време работеше проекти во Хрватска, за да не остане без потребните пари за јавно влијание. На сите негови објави и настапи, дури и за време на НАТО бомбардирањето на Југославија и војната со Косово се гордееше со својата проамериканска ориентација и глорифицираше американска политика.

Финалната фаза, пред убиството на малата Вања, во која Палчо и полициското подземје на Верушевски препознаа своја шанса за големо враќање на сцената беше Шарената револуција и поседувањето на над милион незаконски снимени телефонски разговори кои - ги поседуваше Зоран Верушевски, прибрани од двајца негови соработници во полицијата, а потоа предадени на Зоран Заев, што е јавно докажано со сведочењето пред судот од страна на Зоран Верушевски и неговите соработници од полицијата.

Тоа му овозможи на Верушевски да го стави Палчо во нов проект: соработка со лидерите на Шарена револуција, од кои едниот е сега претседател на Левица, и афирмација на јавната сцена како “борец против режимот“.

Со увид во неговиот Фејсбук профил, на страна сето она што го нема објавено на социјалните мрежи, може да се види дека Палчо изнесува информации од предистраги и истраги на СЈО и содржини на телефонски разговори пред воопшто тие материјали и да се појават на колегиум на СЈО. Сето тоа во соработка, и со поддршка од Зоран Верушевски, Зоран Заев и Катица Јанева од кои добива телефонски разговори и детали од истрагите на СЈО.

Во тоа време Палчо телефонските разговори кои му се дадени ги користи и за свои потреби, за рекет. Од многуте рекетирани познати се најмалку два случаи на рекетирање со телефонски разговори на крупните бизнисмени Т.К и М.Ј. Полицијата, и тука, го штити и покрива бидејќи им врши потребна политичка работа.

Палчо не може да се воздржи и наговата манијанкалност го води до тоа да отвара “анонимен“ Јутјуб канал наречен Никола Тесла на кој објавува туѓи телефонски разговори дури и во време кога тоа беше со закон забрането. За јавноста да види колку е моќен, и да шири страв кон потенцијалните рекетирани.

Во 2017 година, новинарот Драган Павловиќ Латас, еден од целите на Палчо, Верушевски и полицијата на СДСМ чии разговори Јутјуб каналот на Палчо “Никола Тесла“ во серија ги објавуваше, а некои од нив од и дополнително монтирани, официјално поднесе пријава до обвинителтсвото СЈО за објавите на точно посочен автор - Љупчо Палевски. Ниту СЈО ниту полицијата не преземаа ништо  и до ден денес нема одговор како пријавата завршила. Објавите, во меѓувреме, продолжија.

Иако законот тоа го забрануваше, објавите на Палчо дисциплинирано ги преземаа и објавуваа портали и невладини организации под контрола на СДСМ, со што е докажано дека Зоран Заев, Верушевски и нивната власт преку користење на Палчо и во оваа ситуација вршела систематски политички прогон на десетици јавно влијателни лица.

По преземање на власта, Зоран Заев и Верушевски продолжија со својата “подземна политика“ во која Палчо беше и остана битен елемент. За да се вовлечат во опозицијата, и да делуваат радикално за контаминизација на целата опозиција да стане неприфатлива за ЕУ и САД, се случија неколку акции.

Се формира Левица, декларирана како радикална прокомунистичка организација која доби претседател со одлука на судот под контрола на СДСМ, по што Апасиев стана лидер на тие радикали, а Палчо формира движење Трета кое, како и Левица, одеднаш од ултра проамерикански (Апасиев во Шарена револуција) Палчо и Левица станаа радикално проруска опозиција. И, единствена нивна работа беше удар и провокации кон ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, како и неговите соработници и јавни опозициски личности.

Во една прилика на неколку свои Фејсбук постови, Палчо најави дека ќе им ги скине главите на Латас и Христијан Мицкоски бидејќи Христијан се опишува и спомнува со прекар Даскалот, кој го користел и Гоце Делчев. За разлика од други вакви закани по живот, полицијата не реагираше. Патем Палчо на Фејсбук објави слика од револвер и негов телефон, како илустрација.

Палчо од секогаш имал недозволено оружје, од разни видови. Во јуни годинава Палчо беше уапсен при недозволен ископ на артефакти, кај него било најдено и недозволен оружје, а патем не почитувал мерка на забрана на напуштање на домот откако беше вратен од притвор во Србија. Но, како и секогаш птретходно, полицијата не презема ништо, а обвинителството постапи партиски - како и секогаш. Тоа оружје е користено, по се изгледа, и при убиството на малата Вања и фризерот Панче од Велес.

Ниту еден од провладините медиуми и нивните “невладини организации“ не го следеше овој случај и неговата чудесно ставање под тепих од страна на обвинителството и криење од јавноста. Шест месеци подоцна ваквата полициска и обвинителска заштита на Палчо заврши - со невиден масакр.

Напротив, “подземната полиција“ на Верушевски и СДСМ тераше проект на создавање “политичка ѕвезда“ од Палчо, со формирање партија Десна, и форсирање негови јавни политички настапи преку инетрнет поткасти во кои највулгарно се напаѓаше ВМРО ДПМНЕ и опозицијата.

Палчо се соживеал со својата “политичка и полициска моќ“, верувајќи дека е тоа негов успех а не полициски проект. Друштвото кое учествувало во убиството заедно со него се однесувало како моќна секта, се сликале со оружја и со маски и користеле познат симбол “црното сонце“, симбол на фашистичките секти од минатиот век кој е ставен и за заштитен знак на неговата “Десна партија“.

Денес, полицијата и обвинителството велат дека го знаат Палчо само од телевизија?! И ќе го уапсиме “ако  стапне во Македонија“. Знаете ли некој што верува дека Палчо не им е соработник, дека со децении не знаат за “полициските прокети и инсталации“ на Верушевски и потоа Верушевски и Заев, од Палчо до фалсификтори на пасоши, дилери... и не знаеле со кого имаат работа, и не можеле да претпостават што може да се случи со ваков лик во зададени околности?

Во Србија, акција планирана над година дена, годинава е уапсена монструозната криминална група на Вељко Беливук, зад која стојат грозоморни садистички убиства. Но, ни тие не посегнале по убиство на дете, девојче од 14 години. Кој создаде монструм од Палчо и неговата група, и кој се трудеше со децении да го одржува во живот, и да му гради јавно влијание само за да урива друга политичка опција?!

ДНК анализата од ова Досие докажува кој е таткото на детето создадено во грев, и кој од детето создавал политички и човечки монструм.

https://vecer.mk/makedonija/ekskluzivno-dosie-palcho-i-sorabotnitsite-se-proekt-na-politsijata-i-sdsm-e788ad96-7307-4a93-81e4-57d69339c2b1?fbclid=IwAR0tc_UdNJfyiKxEhrtH7LL-TDSCsvnTU0EIZwzTB3SWv5gCBaqHYr202rA

-------------------------------------------------------

По цитирањето на написот во Вечер, да поставам и две прашања. Како е можно возилото на исчезнатиот велешанец да дојде до Скопје, со него да се изврши киднапирањето пет дена по неговото исчезнување (три дена откако тоа е пријавено на полицијата)  и да се одвезе до селоѕо Бразда кај што киднапираната е убиена, Бог да ја прости.
Второто прашање е дали таткото на убиената знаел дека е убиена во 10 часот пред тој да пријави нејзино исчезнување во 11 часот. Иако мајката го пријавила исчезнувањето уште во 8.30.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by defo Пон Дек 04 2023, 21:44

Трендафил, сериозно ова....

А инаку да, сум за оставка за Оливер, не за други причини, од едноставна причина што неуспеа на време да го собере на топло идиотов, и него а и нему слични, кои го поткопуваат Македонското општество.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by Luxor Вто Дек 05 2023, 08:53

Ц ц ц.

(Видео) Мицкоски се среќавал со Палчо во неговиот дом – за што разговарале?!

https://infomax.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%bc%d0%b8%d1%86%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d1%80%d0%b5%d1%9c%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d0%bb-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d1%87%d0%be-%d0%b2%d0%be/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by osa Сре Дек 06 2023, 00:45

defo напиша:Трендафил, сериозно ова....

А инаку да, сум за оставка за Оливер, не за други причини, од едноставна причина што неуспеа на време да го собере на топло идиотов, и него а и нему слични, кои го поткопуваат Македонското општество.

https://www.youtube.com/watch?v=hWFCEF347oQ se nadevam ke go povlechesh mislenjeto za ministerot Oliver Spasovski ....

inaku za pisanoto na trendafil shto da ti objasnuvam ,dovolno e sam da svatish deka onie shto se druzele so palcho od vemero vkluchuvajki gi i latas i mirka i ostanatite samo gi spomnuva no ne pluka po niv

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by defo Сре Дек 06 2023, 08:40

Да гледав, и во ред е. Добро си ја заврши работата МВР, за разлика од времето на МВРО-ВМРО.
Дури и Мечка (Инфомакс) призна.
А делот околу Десна, закаснато, требаше уште пред две години, да расчисти со нив.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by defo Сре Дек 06 2023, 10:46

На социјалните мрежи се појави група за одбрана на Љупчо Палевски Палчо

Оливер ти си на ред, ајде уште некој да пододмори

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by SHARENI Сре Дек 06 2023, 17:20

Budalite se nasekade okolu nas. I takvi ke odlucuvaat na izborite za nasata idnina.
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by osa Сре Дек 06 2023, 21:42

SHARENI напиша:Budalite se nasekade okolu nas. I takvi ke odlucuvaat na izborite za nasata idnina.


toa e najstrashnoto ...pa eve sega vemeronite se inaetat za ustavot i nemoze da prodolzime kon EU

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by OPOZICIONER Чет Дек 07 2023, 09:27

Se razbira MVR vednas pocnale so potraga na voziloto ama dpmneovcite od maka sto slucajot bese ekspresno resen tresat gluposti vo obid da go namalat uspehot na Oliver.
Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 09810
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 970
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by SHARENI Чет Дек 07 2023, 17:56

Minister koj raboti, bravo za Oliver.

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 I10
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Пет Дек 08 2023, 20:22

Според содржината на пријавите претпоставувам дека нема ни да дојдат до судот, туку дека ќе ги отфрли обвинителството. Едната е за прекин на водоснабдувањето поради оштетување на водоводна цевка направено од приватна градежна фирма, против која МВР нема поднесено пријава, кое траело неколку часа, до отстранување на дефектот, а другото е од доменот на работни односи, што не е надлежност на МВР туку на трудовата инспекција.
Би се вратил до случајот со Вања, Бог да ја прости. МВР веќе два дена не одговара на поставените прашања на новинарот Момировски од кои најинтересни се дали ова бил втор обид за киднапирање на девојчето. Второто е зошто не е барано возилото на вториот убиен во Велес.


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by Nebula Саб Дек 09 2023, 09:37

Partiski botu, Momirovski izmisluva zaveri samo so cel da gi minimizira rezultatite od istragata. Treba da se zasramat vmrovci sto lesinarat nad teloto na devojceto i dusevnata bolka na majkata.

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Саб Дек 09 2023, 11:01

Партиски боту. Дискусијата за грешките во истрагата се водат за да не се повтори такво нешто во иднина. Неспорен факт е дека по пријавувањето на исчезнувањето на Панче и неговото возило, податоците на возилото МВР воопшто не ги има објавено за да може ако некој го види возилото истото да го пријави. Во секој случај секој што е платен со народни пари треба да одговори на прашање поставено од новинар без разлика дали одговорот ќе биде позитивен или негативен. Ако новинарот поставува небулозни прашања ќе загуби тој на сопствениот рејтинг. Во секој случај има различни начини на одговорност. Една е кривична, доколку некој го прекршувал законот, политичка ако не преземал дејство да спречи нешто и морална затоа што во време кога бил на некое место се случило нешто негативно. Кај нас, колку што знам единствен министер што поднел оставка од морални причини е Антони Пешев кој еве ќе напишам за твое партиско ботско задоволство беше од СДСМ, но по авионските несреќи ја напушти и министерската позиција и политиката.
Инаку за избегнување на морална одговорност, МВР требала да го најде возилото. Тоа што, доколку си во право, го барало, а не го нашло и покрај камерите што ги има на секоја раскрсница во Скопје и системот кој доколку на камерата се појави внесен регистерски број веднаш дава аларм, сепак има морална одговорност. Не постои можност да се дојде до Дебар Маало од Велес, без да се помине покрај камера.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by Luxor Саб Дек 09 2023, 13:08

Одлично напишано.

Nebula напиша:Partiski botu, Momirovski izmisluva zaveri samo so cel da gi minimizira rezultatite od istragata. Treba da se zasramat vmrovci sto lesinarat nad teloto na devojceto i dusevnata bolka na majkata.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by PRVOBOREC Нед Дек 10 2023, 11:20

Добар ден небањати. Браво за Ољо.

„Како што информираше МВР, вчера на 9 декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.

Истакнатиот член на ДПМНЕ од Пештани, е Александар Толаманоски, со прекар Дандаро, кој работи како просветен работник!

Толоманоски-Дандаро важи за исклчително близок до Мицкоски и градоначалникот Пецаков."

https://makfax.com.mk/makedonija/%D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%B3%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5-%D0%B4%D0%BF%D0%BC%D0%BD%D0%B5-%D0%B8-%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE/

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2489
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Нед Дек 10 2023, 14:59

Партиите не знаат дали некој е зависник од дрога. Во случајов е јасно дека не се работи за криминал, дистрибуција на дрога, туку за зависност. И тоа под претпоставка дека се работи за вистински настан, а не за политичко подметнување од власта кон опозицијата. Претпоставувам дека ако не се работи за шпекулација во најскоро време ќе биде сменет првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Пештани.
Ќе поставам и едно прашање. Дали кај СДСМ е ментално пореметување да ги менува имињата на државата или на најголемата политичка партија во Македонија, чие основно име е ВМРО, а има и додавка ДПМНЕ за да се разликува од историското револуционерно ВМРО?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by Luxor Нед Дек 10 2023, 15:50

Ц ц ц, срамота.

PRVOBOREC напиша:Добар ден небањати. Браво за Ољо.

„Како што информираше МВР, вчера на 9 декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.

Истакнатиот член на ДПМНЕ од Пештани, е Александар Толаманоски, со прекар Дандаро, кој работи како просветен работник!

Толоманоски-Дандаро важи за исклчително близок до Мицкоски и градоначалникот Пецаков."

https://makfax.com.mk/makedonija/%D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%B3%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5-%D0%B4%D0%BF%D0%BC%D0%BD%D0%B5-%D0%B8-%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Нед Дек 10 2023, 16:44

Сега во дневникот на Сител објавија дека спомнатиот повеќе не е прв ќовек на МК на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Него има право фа го разреши претседателот на партијата. Почната е и постапка за негово исклучување од партијата, но за тоа е потребно да се спроведе одредена процедура низ органите на партијата. Човекот бил просветен работник и кога локалната власт во Охрид ја водеше СДСМ. Едноставно не се знаело за неговиот порок до сега. Во случајов  испадна и добро тоа што МВР ги следи членовите на ВМРО па е откриено незаконско делување на еден од нив. Не знам дали во Македонија судот може да го упати зависникот на лечење, ниту дека зависноста, а не продавањето на дрога се смета за криминал, а не за болест.
Интересно е и тоа што на форумов овој изолиран случај е најзначаен политички настан о што власта за него свикува конференција за печат. Наместо да дискутираме за позначајни настани. На пример за тоа дека ја губиме војната во Украина во која учествувавме со повеќе оружје отколку во војната во 2001 година кај нас. Кога бевме нападнати од Косово под управа на НАТО.
Не се дискутира ни за убиената Вања, на која според хрватски новинари и била искршена вилицата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Нед Дек 10 2023, 17:03


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by PRVOBOREC Пон Дек 11 2023, 12:11

Добар ден небањати. Си гази Ољо.

После фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, нов скандал. Мицкоски седи на иста маса со лицето М.А од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога.

Акцијата на полицијата е од 3-ти декември оваа година а токму со возилото на лицето М.А со кое седи Мицкоски била превезувана дрога вредна 120.000 евра.

На фотографијата е и блискиот соработник на Мицкоски, Антонио Милошоски. Што бараат Мицкоски и Милошоски, на иста маса со лица од подземјето, кои биле дел од меѓународен синџир за шверц на дрога?

За фото кликни на линкот.

https://fokus.mk/sdsm-nov-skandal-vo-vmro-dpmne-mitskoski-na-ista-masa-so-litse-od-grchets-uapseno-za-trgovija-so-droga/
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2489
Join date : 2016-11-25

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Пет Дек 15 2023, 20:22

Сакаш ли да кажеш дека криминалецот од Грчец не би бил уапсен ако не е сликан заедно со Мицкоски? Секој што не е осуден е невин и се смета за чесен човек. Истото важи и за сега уапсениот во време кога р направена фотографијата. Под услов да не се работи за фотошоп.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Саб Дек 16 2023, 17:25

Еве го мислењето на амбасадорката на САД за убиството на Вања, во интервју во емисијата Стадион на Канал 77. Спомнува институции на државата, што би рекле МВР на Спасовски и судството.

,,Се работи за криминалци, за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни, и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворани. Не биле апсени и целосно гонети за нивните претходни злосторства. Не морале да ја платат таа цена, и цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената. Срцепарателно е, апсолутно е срцепарателно, и сега не е време за политизација. Време е за институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе. И да се прашаат, што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава? Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државава? Ова е трагедија и се надевам, се молам, дека оваа држава, граѓаните, институциите и државните претставници ќе се погледнат во огледало и ќе прашаат што правевме, што треба да направиме сега за да обезбедиме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи”,

https://www.expres.mk/tie-shto-dozvolija-smrt-za-vanja-da-se-poglednat-vo-ogledalo-nezgodna-poraka-od-ageler-do-ministerot-spasovski/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by трендафил Пет Јан 05 2024, 17:33


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Bravo za Oliver i SDSM - Page 7 Empty Re: Bravo za Oliver i SDSM

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 7 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот