Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Односите со Бугарија

+10
defo
Albatros
alienmk
SHARENI
zozoti
PRVOBOREC
TRAJCHE
Nebula
OPOZICIONER
Luxor
14 posters

Страна 2 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by Luxor Нед Фед 06 2022, 11:18

Добро е, напредуваш. Од чисто антички си преминал во делумно антички  со акцент  дека и тоа не можеш да го тврдиш со сигурност и дека тоа и не е важно.
А лагата дека дел од македонскиот народ си го сменил  сменил идентитетот раскажувај ја пред кооперација со ѕидарско пиво и месен нарезок со вегета. Затоа што таа твоја лага се базира на ништо, или поточно се обидуваш да манипулираш дека ако некому не му пречи името на државата да биде Република Северна Македонија тој со тоа си го сменил идентитетот.
За да не се повторуваат непрестано веќе кажани работи ќе го ставам овде постот од членот Nebula во кој одлично се разобличува твојата несмасна манипулација.

Nebula напиша:Partiski botu, ne e pravilo iminjata na naciite bezuslovno da proizleguvaat od imeto na drzavata ili gramatickite pravila na odreden jazik. Toa e rabota na izbor na narodot ili narodite koi ja naseluvaat drzavata. Primeri niz svetot ima kolku sakas. Edinstveno partiskite botovi ne gi gledaat zatoa sto partiskata agenda ne im dozvoluva.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Нед Фед 06 2022, 14:56

Ако знамето со Сонцето од Кутлеш деше донесено едногласно, може да се заклучат две работи. Дека сите Македонци тогаш мислеле исто, а кога Македонците се едномислени ни Албанците не се спротивставуваат затоа што не сакаат да удараат со глава во ѕид. Оснивачите на СДСМ, комунистите, во повеќе прилики во време на НОБ во разни прогласи и митинзи партизаните ги спомнувале античките Македонци. Не знам дали си бил роден кога во Грција беше забрането да се користи терминот Македонија. Какви се тие Македонци што не сакаат да го користат „своето“ име. Ретко сум пишувал за целиот мој идентитет, но кога сум пишувал сум кажувал и дека дел од мојот идентитет се и Американците Џек Лондон или Џими Хендрикс или Русите Толстој или Чајковски. Ниту Американците ниту Русите не ме обвинувале за тоа ниту се плашеле дека им го крадам идентитетот. Зошто е така кај Бугарите и кај Грците. Затоа што не се сигурни во себе. Тешко ќе ме убеди некој дека во Македонија имале миграција на населението, а во Бугарија и Грција не. Ајде да напоменам дека е смешно кога Албанците тврдат дека немале човекови права во Македонија, а повеќе од половина од Албанците се доселени кај нас во последните педесет и кусур години. Дури и од матичната држава - Албанија.
Што се однесува до името на нациите, зависи што подразбираш под нација. Дали државјани на една држава или народ. Ако подразбираш народ, тука се вклучуваат и малцинствата на тој народ во други држави. Македонија се откажа од малцинствата секаде кај што тоа е побарано од нејзе без исклучок. Практично не се откажа Македонија туку Заев, но факт е дека немаше некое посебно спротивставување. Веројатно поради изживувањето на власта со сите што на било кој начин се спротивставија, а пред се што за еден удар во главата на Заев се изречени казни во траење од преку два века. Во друга држава и сега, откако званично не е политички лидер малку би му биле 6 чувари колку што му плаќаме.
Ќе напише ли некој нешто во врска со обидот на Бугарија да ни го превземе Гоце Делчев, кога се знае дека неговите коски не ни ги дала Бугарија, туку само им дозволила на илинденците што ги чувале да ги пренесат во главниот град на Македонија според нивниот аманет.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Вто Фед 08 2022, 16:55

Според договорот на СДСМ и ДУИ со Бугарија, Македонците од 1941 до 1944 година биле фашисти и ги испратиле Евреите во Треблинка.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Сре Фед 09 2022, 16:49

Ако до 1944 година сме имале заедничка историја, како што на чело со Заев потпиша во новиот договор со пријателство, значи дека политички сакате да ја смените историјата според која Бугарите биле фашисти, а против нив се бореле антифашистите меѓу кои биле и Македонците.На Парискиот мировен договор Бугарите (со други земји што имале фашистички режими) се содружници на хитлеровска Германија. А Хитлер е неспорно фашист.

Драги Ѓоргиев vs Париските Мировни Договори од 1947 год. - Канал 5 (kanal5.com.mk)

И во Бугарија имало антифашистичка борба. Првата пушка на Балканот во борбата против фашизмот ја испукал Иван Козаров, Македонец од Пиринска Македонија, народ  што не постои за актуелниот хибриден адуи-сдсмовски режим во Македонија на 27 јуни 1941 година.

За крај за осладок македонските олимпијци Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада се сликале како веат големо знаме со ѕвездата од Кутлеш, првото знаме на независна Македонија.на олимпијските терени во Кина.


Односите со Бугарија - Page 2 45-2

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by PRVOBOREC Чет Фед 10 2022, 19:34

Ало небањати, чувајте си го вие Тодорче по кого и катна гаража крстивте. Гоце ќе го бранат тие кои ги донесоа неговите  посмртни останки во Македонија, КПМ, СКМ или СДСМ како ви е помило. Потврдено е со пишувањето на  некои н........и на форумов дека СДСМ се наследници на комунистите.

"Владеjачката партија објави видео од еден од претходните партиски конгреси на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на кој се изведува песна во чест на Тодор Александров.

-Ниту беше Гоце Делчев, ниту Даме Груев. Кого велича ВМРО-ДПМНЕ?, прашуваат од СДСМ."

https://fokus.mk/video-sdsm-objavi-video-od-partiskite-kongresi-na-vmro-dpmne/
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2482
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Пет Фед 11 2022, 17:12

И јас секогаш сум тврдел дека СДСМ се директни наследници на комунистите. СКМ не се укина како партија туку на конгрес се преименува од СКМ-ПДП во СДСМ.  Повеќе пати си го смени и симболот. Тоа го пренесува и на државно ниво па го менува и името и симболот на државата.
Што се однесува до видеото не знам зошто не е објавено некое од времето кога сега вашиот ЉуБчо Георгиевски, кој на социјалните мрежи го викавте Бичка (нели поради Б наместо П во името).

Еве соработка на уште едно поле помеѓу Бугарија и Макњедонија.
ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ И ДВАЈЦА БУГАРИ ПРОИЗВЕДУВАЛЕ АМФЕТАМИН Откриена е лабораторија среде Софија (ВИДЕО) – plusinfo.mk

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by Luxor Пет Фед 11 2022, 18:03

Убаво од тебе што признаваш дека СДСМ гидонела посмртните останки на Делчев во Македонија. Напредуваш.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Пет Фед 11 2022, 18:13

Напишав само дека СДСМ го наследи името и имотот на СКМ. Од името се откажа, од имотот не. Само контаминираниот имот на ЦК го отстапи на владата, но во замена за повеќе помали имоти.
Што се однесува до коските на Делчев во Македонија ги имаат донесено илинденците кои и ги имаат пренесено од Баница во Софија. Најголем дел од организаторите во годините што следеле биле во концентрационите логори Идризово, Голи Оток и други.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by Luxor Пет Фед 11 2022, 18:18

Кога се донесени  посмртните останки на Гоце од Бугарија според тебе на власт биле СДСМ, значи заслугата е нивна.  Не може само тоа што тебе ти одговара.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Саб Фед 12 2022, 10:57

Добро е што конечно признаваш дека за катастрофалните последици од короната во Макдонија се виновни ДУИ и СДСМ.
Да те прашам кој политички лидер, а се работи за Лазар Колишевски и неговото опкружување, СДСМ го слави. А ги почитувате Кочо Рацин, што го утепавте или Ченто што го малтретиравте како неговиот внук сега.

Да се вратам на темата, поаѓајќи од идентитетот. Интересен предлог од бугарски политолог за проблемот со Бугарија. Едноставно смета дека нешто што не може да се реши и не треба да се реши. Како со короната, треба да се навикнеме да живееме со него. Веќе напишав на форумов дека секој што има некакви ментални проблеми во НАТО и ЕУ ги решава со изживување во Македонија, а никој со ментални проблеми самиот не оди да се лечи. Ако некој не го натера или убеди во некој момент. Најмали шанси да го направи тоа има жртвата, во случајов Македонија. Колку што гледам тие што ги спроведуваат т.н. европски вредности мудро молчат повеќе од 30 години.



Дејан Кјуранов: Одлуката да се уценува РС Македонија е најголемата политичка грешка на Бугарија
Кога за нешто нема решение, тоа не е проблем, тоа е несреќа. Ако ништо не можеме да направиме, подобро е да му свртиме грб и да продолжиме понатаму, вели политикологот Дејан Кјуранов за бугарско-македонскиот спор.



ДВ: На 11 февруари повторно се активираат летовите меѓу Софија и Скопје. Министрите за транспорт и туроператорите ќе бидат првите патници. Дали економијата може да биде основата за компромис меѓу двете земји? 

Мислам дека сè што не е историја може да биде основа за поправање на односите. И обратно- сè што е историја е гаранција за нова стагнација, ако не и за неуспех. 

ДВ: Од тој аспект, како ви звучи идејата за привремено замрзнување на работата на историската комисија? 

Таа идеја на Драги Ѓоргиев е одлична. Ми се чини дека повторно, поради популистички причини и загриженост од националистичките реакции, премиерите и на Северна Македонија и на Бугарија се изјаснија против тоа. Од друга страна, тие се на врвот, како што се вели, и имаме причина да им дадеме доверба доколку мислат дека не можат да си го дозволат тоа. Тие не се виновни, ние сме виновни како народи. 

ДВ: Која е најголемата вина на Бугарија во последните години? 

Одлуката да уценуваме, користејќи ја позицијата на моќ што ја имаме како членки на ЕУ. Ова е најголемата политичка грешка и морално, постапка за најголема осуда на Бугарија. Зборувам како политиколог - не станува збор за враќање кон „историската вистина“, да почнеме да спориме „кој прв почна“. И од двете страни има злоупотреби, и од двете страни има грубо газење на историската вистина. Нема смисла да мериме кој е повеќе виновен. Тоа е како двајца болни да се фалат кој е поболен.

ДВ: Но, како да се реши историскиот проблем? 

Да не се решава. Проблем е непријатната состојба на нештата за што има решение. Кога нешто нема решение, тоа не е проблем, тоа е само несреќа. Можеби е непријатно, но ако не можеме ништо да направиме, подобро е да му свртиме грб и да работиме на работите што можеме да ги поправиме.  

Во средината на 1990-тите, преку една невладина организација организиравме средба во Скопје меѓу бугарски и македонски политиколози, историчари и филолози. Првиот ден ние политиколози успеавме да разговараме, а историчарите и филолозите молчеа. Се беше во ред. Вториот ден тие зедоа збор и сето се распадна. Во ходникот ме повика еден мој македонски колега и ми рече: „Да се ​​видиме пак, но без овие тврди глави“. Не гледам дека нешто се сменило од тогаш. 

ДВ: Но, како да се ограничат ризиците националистичките формации да акумулираат политички дивиденди? 

Само политичарите можат да го одиграат тоа ако преземаат соодветни ризици и мудро го третираат процесот. Има шанси тоа да се случи. 

ДВ: Дали сте оптимист дека новите премиери на Бугарија и Северна Македонија - Кирил Петков и Димитар Ковачевски ќе успеат да го променат тонот на комуникацијата и односите?  

Јас сум оптимист бидејќи гледам дека тие се првите кои сериозно се обидуваат да го направат тоа. Кога Жељу Желев реши да ја признае Македонија, природно и малку наивно, сите ние очекувавме да ни одговорат со бескрајни аплаузи и братски прегратки. Тие одговорија со страв и омраза. 

ДВ: Што не направивме потоа

Ништо. Им ја оставивме Македонија на историчарите. Најголемите националисти во двете земји, историчари кои се професионални националисти, треба да се обидат да постигнат договор. Нема начин. Би сакал да именувам луѓе кои се занимаваат со поновата историја во Бугарија, но не се националисти. Но, многу малку ги има. Тоа е дел од професијата. Се смета за непрофесионално ако не си националист. 

ДВ: Зошто, кога ќе ги погледнеме социолошките истражувања, за мнозинството Бугари е неприроднода не се националисти на оваа тема? 

Оти ​​така нè учат во школо и тоа го слушаме дома. Тоа е официјалната претстава за историјата, која се промовира преку училиштето, поточно преку историјата и литературата. Исклучок се сеќавањата на Бранислав Нушиќ од Српско-бугарската војна и оплакувањата на Иван Вазов за Бугаринот и Србинот, кои некогаш заедно се бореле против Турците, а сега умираат од раните во истиот ров. Многу интересна и точна беше тезата на Веселин Методиев, дека еден од начините историски да се обидеме да излеземе од ова е да си најдеме заеднички непријател - на пример, Србите. 

ДВ: Дали Ви делува реално Бугарија да го тргне ветото во 2022 година?  

Не знам дали ќе биде годинава, но Бугарија ќе го тргне ветото. Тоа е очигледно. И најжестокиот националист, ако си го праша срцето, ќе си рече: „На крајот на краиштата, нема начин“. Оваа позиција не може да се одржи долго. Целта е да добиеме колку што можеме и да го замениме за нешто. Но и тоа не се случува. Досега за Бугарија политичките ефекти се само негативни. Сите гледаат дека одиме по стапките на Грција. Но и Грција на крајот отстапи. 



Дејан Кјуранов: Одлуката да се уценува РС Македонија е најголемата политичка грешка на Бугарија | Северна Македонија | DW | 11.02.2022

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by zozoti Саб Фед 12 2022, 19:27


zozoti

Број на мислења : 359
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Саб Фед 12 2022, 21:30

И во случајот со Бугарија и во тој со Грција порано на нашите непријатели повеќе им треба психијатар. Сите веќе сме свесни дека кога им се попушта на ментално хендикепирани тие уште повеќе се осилуваат. За жал некои партии кај нас заборавија на межународното право кое е на наша страна. Заборави и евроатлантската меѓународна банда која без исклучок секогаш била на страна на нашите непријатели. Без разлика дали меѓународно се работело за Грција или Бугарија или внатрешно на Албанците и Македонците што со задоволства својата земја ја нарекуваат т.н. северна.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by SHARENI Пон Фед 21 2022, 09:09

SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 848
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Сре Фед 23 2022, 17:53

Знам дека ова нема да промени ништо кај симпатизерите на Заев и неговите наследнци кои за членство во ЕУ кое по кризата во Украина е уште понеизвесно ниту во смисол дали ќе се случи ниту дали ќе се исплати, но сепак ќе го прокажам мислењето на Оцо Најдовски - Перин доктор по историски науки. Тој прикажува документ издаден во време на фашистичката бугарска окупација, лична карта од 1943 година, во која како националност на граѓанинот е напишано дека е македонец. Иако заевистите се спремни да лажат дека не сме постоеле до 1945 година.

https://www.expres.mk/najdovski-perin-bugarskite-fashistichki-okupatori-izdavale-lichni-karti-so-nacionalnost-makedonec/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Нед Апр 17 2022, 18:14

Гледам дека по еден ден Пендаровски и Ковачевски се осмелија да го критикуваат името на бугарскиот клуб во Битола, наречен Ванчо Михајлов според фашистот од македонско потекло . Што е најбезобразно од бугарска страна клубот е отворен на првиот ден од големиот (осумдневен) празник Пасха (кога Евреите избегале од Египет со Божја помош, се отворило морето и поминале по земја. дното). А сите знаеме дека од Битола бугарските фашисти испратиле во смрт во Треблинка 3.200 наши сограѓани, Евреи.
Не знам до кога мислиме да поднесуваме уцени и понижувања. Дали еднаш кога ќе добиеме вето поради изживување на некоја земја ќе се осмелиме да протераме некој дипломат. Исто и дипломат од претставништвото на ЕУ. Поради уцени и рекетирање да прифатиме кршење на човековите права во замена за членство. Во време кога и НАТО и ЕУ се во заминување. Јасно е и дека треба да отстапиме од налудничави договори како Преспанскиот и наводно Договорот за пријателство со Бугарија. Јасно е и дека членка на НАТО не станавме за наши потреби, туку од страв на евроатлантската меѓународна банда да не станеме пријатели со Русија и(или) Кина.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by PRVOBOREC Нед Апр 17 2022, 18:22

Добровечер небањати цврсто стегнати во братските бугарски прегратки.

Односите со Бугарија - Page 2 Img_1191Односите со Бугарија - Page 2 Img_1192

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2482
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Пон Апр 18 2022, 20:15

Секој психички нормале и некорумпиран политичар наместо да потпише нов, тотално едностран догор за наводно пријателство со Бугарија ќе им одговореше дека кога нашиот источен и во моментов најголем непријател го пополнуваше прашалникот за пристап во ЕУ никаде нема напишано дека има проблем со соседите вклучувајќи ја тука и Македонија. Од кои причини го направи тоа Заев не би можел да кажам. Тоа подобро би требало да го знаат симпатизерите на човекот што сака да ја фалсификува македонската историја. Не гледам позитивни промени и кај неговиот наследник Ковачевски.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by Nebula Вто Апр 19 2022, 08:45


Nebula

Број на мислења : 951
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Вто Апр 19 2022, 16:46

Власта очигледно продолжува со политиката на свиткана кичма или на напупен газ кога се работи за непријателите на Македонија. Да ппотсетам дека минатата година на здружението на граѓани Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија – АСНОМ му беше забранета регстрацијата. На линкот подолу го има и објаснувањето.
https://lider.com.mk/makedonija/marichikj-zabrani-asnom-da-bide-kratenka-na-gragjansko-zdruzenie/

Односите со Бугарија - Page 2 Photo_2021-02-12_14-36-56

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by PRVOBOREC Вто Апр 19 2022, 17:51

Мицкоски се гушка со основачот на Културен клуб „Иван Михајлов“, кој не крие дека е член на ВМРО-ДПМНЕ!
Сајкоски и Милошоски заедно со основачот на „Иван Михајлов“ на „културни настани“.
Кој глуми овде луд, а кој збунет?

https://mobile.twitter.com/Seir_mk/status/1516103444700053504

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2482
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Вто Апр 19 2022, 21:52

Ајде и овде да напишам дека Бугарите и бугарофилите не користат знаме со Сонцето од Кутлеш. Како и Заев и заевистите, или сега нивните наследници, го сметаат за грчка сопственост. Бугарите не користат ни златен лав, крст, текст на црвена основа. За разлика од нас Македонците.
Лично мислам дека оснивач на клубот во Битола е бугарската влада или некоја владина агенција од шпионски тип, а дека и раководителот и членовите на клубот се платеници, да не кажам шпиони.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by Luxor Сре Апр 20 2022, 11:55

Точно е  дека бугарите и бугарофилите од Македонија не го користат знамето од Кутлеш.  Го користат знамето на вро дпне.  

Односите со Бугарија - Page 2 IMG-20220420-114711-1"

Односите со Бугарија - Page 2 FQp-R07-XMAM0ji-O-1

Односите со Бугарија - Page 2 FQp-R1-S4-WUAUd-Xpi-1

Односите со Бугарија - Page 2 IMG-20220420-120744-1
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Сре Апр 20 2022, 18:52

Според сопствено изјаснување претседателот на здружението со име на фашистот Ванчо Михајлов се родил како Македонец. После читал два три месеца книги што веројатно ги добил од Бугарија, не спиел и кога заспал се разбудил како Бугарин. Приказна интересна за психијатрите. Се разбира доколку не добил и пари, некоја недвижност ...

https://infomax.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b8%d1%85%d0%b0%d1%98%d0%bb/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by Luxor Сре Апр 27 2022, 21:43

Трендо изгледа истите книги ги читале цело дпне.

Односите со Бугарија - Page 2 Milosh10

Односите со Бугарија - Page 2 Img_2604
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 2 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот