Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

+11
трендафил
osa
SHARENI
TRAJCHE
treta opcija
Luxor
PRVOBOREC
Zhane
Teo
defo
Dino
15 posters

Страна 2 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Пон Јан 20 2020, 20:39

luxor напиша:
treta opcija напиша:алтернативата е во мојот ник.

Ако беше ќе ја промовираше неа наместо да го браниш говорот на омраза и повиците за убиства на дпмне.


не сметаш дека е смешно да ми кажувашза говор на омраза без ниеден злонамерен или навредувачки пост на форумов
ниту пак цитирам коментари со злонамерна содржина?

тоа ти го направи, на погрешна тема, пријателе. Немој до толку ниско.

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Пон Јан 20 2020, 20:43

Teo напиша:Dokolku navistina pochnesh da promovirash treta opcija oslobodena od poraneshni gazolizachi na dpsmne i SDSM imash moja bezrezervna poddrshka. Sepak prepukuvanjeto so Dino na taa tema mi ja ubiva nadezhta deka kje ima takvo neshto.

Јас, не се расправам а далеку од тоа дека препукувам со некого
од каде сега тоа, дај те молам намалете со претерувањево, навистина.

за подршка, искрено , нема потреба. благодарам во секој случај/
доволно е да бидеш само искрен и коректен, без навредување и калемење.

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Luxor Пон Јан 20 2020, 20:45

Не бе, ти само го браниш говорот на омраза, на пример оној на таа бабарогата. И повиците за линч, јасно видливо на овас тема. Тоа е твојата алтернатива.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by defo Пон Јан 20 2020, 20:46

3-та, опција тешко во моментов. Народово е премногу разочаран. Од некои појави нешта. Нема воља и желба да оправа проблеми.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Teo Пон Јан 20 2020, 20:53

defo напиша:3-та, опција тешко во моментов.  Народово е премногу разочаран. Од некои појави нешта. Нема воља и желба да оправа проблеми.

Shto mislish za Tvoja na Tortevski i tie okolu nego?
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Пон Јан 20 2020, 21:07

defo напиша:3-та, опција тешко во моментов. Народово е премногу разочаран. Од некои појави нешта. Нема воља и желба да оправа проблеми.
токму тоа е идејата за оваа тема.

истото и јас го сметам. дека , трета опција е изводлива но тешко во моментов. затоа што не се дозвили да се види нешто и од евентиални трети опции. освен малите партии кои ги следат како паразит- риби на кит , големите партии.

Левица има некој импулс но нема пари.

Можеби размислувањево на некого нема да му се допадне но е сурово искрено и по мене реално.
Кога стапалото е со гангрена, најверојатно се сече до под колено.
Кога партијата е со гангрена....

ако остане СДСМ на власт после 12 април, после бурниве 3 години владеење, а со добар багаж на грбот
ризикот е преголем. Ганрената на стапалото може да отиде и погоре од коленото.
Рекетите, кои го сотреа рејтингот на СДСМ и кои го заразија со политчката гангрена, ќе продолжат да се влечкаат и во старо новата власт на СДСМ
Отоворените сомнежи кон високи функционери на СДСМ како би завршиле?
СДСМ не смее да дозволи по систем на ланец, еден по еден да се издаваат во рекет.
зошто постојано рекет? затоа што само тој случај е донесен на суд. А , на не сака секој да лежи во затвор, додека има и други кривци кои се на слобода
а овие лежат во затвор. Сомнежот кај народот останува.
Не ги споменувам ниту промената на името , уставот., договорите со соседите.
тоа е багаж на Заев. но не е ни смее да биде и на партијата. Има безброј причини Заев да си оди и доволно луѓе кои може да го наследат.

Зошто не трета опција? и зошто пред се. да не излезе СДСМ како влада по 12?

Оваа постава на СДСМ ќе заглави уште повеќе. Продолжат ли вака, странците ќе ги тргнат, а тоа нема да биде чесно за нив.
Ако се остави власта на некоја друга партија, на пример некоја коалиција на ВМРО, ќе се има време за реструкруирање на СДСМ,
ќе се спречи тонење во криминал, ќе се зајакне за наредни избори. Заев треба да се соочи најпрвин со партиските авторитети, потоа со судските.Ако е виновен, јачесно ќе биде да додека е СДСМ на власт да го санкционира.
ВМРО нема што да смени. Ќе влеземе во НАТО и фокусот ќе биде на
траснормација на општеството пред се безбедносните структури по НАТО стандарди. Тука ќе нема место за импровизации, ќе нема време за некакви одмазди,
ќе нема простор за типично македонско партиско губење време.
ВМРО нема ни да се осети дека владее, ќе владеат западните стандарди а ВМРО би биле административци некои 3-4 години.
Потоа, прочистената партија СДСМ, која би била запамтена која експресно направи промени за евроинтеграции, ќе нема што да менува или тргува
а би се посветила само на економија.

за 3 или 4 години во опозиција , во која и не треба да се осеќа како опозиција , СДСМ може да си направи пауза, да земе здив, и да продолжи после 2023, или 2024 година.

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Luxor Пон Јан 20 2020, 21:22

Конечно дојдовме до целта. СДСМ мора или без борба да ја предаде власта со неизлегување на избори или странците со сила ќе го сменат. Пустата желба на дпмне кои поради погрешните политики и предизборни потези сами никогсш нема да дојдат до власт. Што се разбира нема да се оствари.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Пон Јан 20 2020, 21:26

Да ми простиш, ама не знам како дојде до целта.

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Вто Јан 21 2020, 17:55

СДСМ би се договориле со ВМРО ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство.
Заев си дозволи сам да ја води таа политика, прво побара сам средба со Мицковски, а потоа се откажа.
Доколку би се вклучиле други стручни лица од СДСМ да преговараат за законот за ЈО, освен Заев и неговите најблиски соработници, ВМРО би имало помек став, најверојатно и опција за согласност, заедно да го подржат законот. Не мора да се појавува секаде Заев, ставајќи ја партијата и сопартијците во сенка, ниту е најпаметен ниту е најстручен. Личниот етички морален дефект кој го носи, не смее да се аплицира пошироко во партијата.
Зошто за законот не преговара Рената Десковска, на пример?Да ја креира политиката и ставот за законот на ЈО?

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Luxor Вто Јан 21 2020, 19:24

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Eo0jlc10
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Вто Јан 21 2020, 20:49

прво, замолувам за НЕ ТРОЛАЊЕ на темава, која НЕ Е за ВМРО ДПМНЕ
туку за СДСМ.

друго, ако немаме идеи што да коментрираме,
во ред ли е да се копираат некои постови од незнаеме ни кој ,
директно, без никаква врска со темава, настрана што немаат никаква врска туку
ако „авторот“ од твитер сакал да кометира баш тука, ќе коментирал, нели?

што е поентата да се копираат туѓи коментари без свој коментар,? делува како безидејност, празнина на духот и интелектот, ментално интермецо, нели?

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Вто Јан 21 2020, 20:59

СДСМ, другари и другарки, ако не се врати на европските вреднисти, но цивилизациски а не на европските мафии, ќе мора да размисли длабоко дали подржувачите и понатаму ќе бидат верни или во предизбориево ќе им го приредат она што вмровците му го приредија на Груевски на локалните избори,

Рекет, исфрли многу посети на Бојан 13 од страна на министри како Филипче, Шеќеринска, и други високи гости, како и најфреквентната Катица.
Дали некој мисли дека симпатизерите на СДСМ во тие тајни и крајно сомнителни средби се уживало во сармите на Госпоѓа мама Јовановска, и дека токму Бојан Јовановски е толку важен во општеството да врвот околу Заев со него на чело одел кај Бојан,?
обично СЕ ОДИ кај важните луѓе, ако ве повикаат или ако побарате прием.
Зошто на пример, не одел Бојан 13 кај Радмила, или Венко, или Кочо?

ова нема да помине. Не е фер заради излажаните гласачи. Катарза мора да има,СДСМ мора да го одстрани некрозното ткиво по цел и на политичка пауза од 3-4 години.

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Luxor Вто Јан 21 2020, 21:41

Ако темата носи одреден наслов не значи дека на истата не смее да се даваат и контра аргументи. Ти објаснуваш зошто СДСМ не треба а секој што сака слободно може да даде аргументи зошто треба. Тоа се вика дискусија. А форумот е наменет точно за тоа.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by defo Вто Јан 21 2020, 21:46

Teo напиша:
defo напиша:3-та, опција тешко во моментов.  Народово е премногу разочаран. Од некои појави нешта. Нема воља и желба да оправа проблеми.

Shto mislish za Tvoja na Tortevski i tie okolu nego?

Незнам, Тортевски ми е до негде ОК, али не знам. Да не испадне и од него скриен ДПМНЕ-овец.

Левица, Палчо тоа е губре.


ЛДП, приколка на СДСМ, со дечки од таму добро седам, има дел кои сакаат да се пробаат самостојно, дел се шлепаат на СДСМ, надевајќи се дека ке седнат на некое столче.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Чет Јан 23 2020, 20:44

Зоран Заев, денес изјави, дека немало да ги прифати забелешките од опозицијата за Законот за Јавно Обвинителство, со образложение дека смета дека инструкциите доаѓаат од Будимпешта.
Претпоставка е дека алудира на Груевски.

Ако тоа е транспарентниот дел од причината тогаш навистина несериозен пристап кон решавање на круцијални прашања конкретно законт за ЈО.

Ваква несериозна тенденциозна изјава се објаснува со пример, дека не играл повеќе фудбал затоа што мислел дека Груевски игра од Будимпешта ама на домашен терен како дух можеби, таа изјава, тој став, не се најздрави.

Да го мисли тоа, а да не го изјавува јавно, е во ред. Нека изјави јавно дека опозицијата има лоши предлози, ќе има смисла неприфаќањето.
Но тој тоа го прави обратно. Изјавува дека смета дека Груевски од Будимпешта го гледа како дух, вистинските причини ги крие во себе.

До кога СДСМ ќе страда заради недоветноста на овој човек?


treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by defo Чет Јан 23 2020, 21:24

Ам ак не Шема да биде премиер?

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3585
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Саб Јан 25 2020, 05:52

defo напиша:Ам ак не Шема да биде премиер?
ако така мислиш, во ред. нека биде

не е важно кој ќе биде, туку како ќе се однесува , со власта во раце и од позиција на власт.
ако твојов предлог, Игор да биде, или сеедно, било кој
доаѓаме до поентата која јас сакам да ја презентирам тука

било кој му треба време да се зацврсне на лидерската позиција. Тоа не трае денови, месеци , туку најмалку година дена. Најмалку.
Ако уште сега се изврши реизбор за претседател на СДСМ, новиот кој, според мене не треба да биде во подмножеството на партијата која ги содржи сегашните функционери, нема да има време до април да реорганизира ништо во партијата.

Нема да биде успешен ни во партијата а уште помалку како премиер, ако евентуално добијат избори.
За било какви кадровски промени ќе му требаат луѓе кои ќе му веруваат, гласови, а не фракции . Фракции одсекогаш имало во секоја партија но кога партијата е голема и уште е на власт, влогот и ризикот се големи.

Затоа велам, смена на Заев уште сега, новиот лидер да има време да ја реорганизира партијата на здрави нозе, изборите во април не се приоритет за вистинското СДСМ ако добие нов лидер, туку реорганиацијата , донесување на нови, чесни кадри.

Образованието пред се, учени луѓе со чист образ и досие.
СДСМ и кога правеше бизнис за гласови со албанците со Мухамед Зекири како представник односно еден вид маскота, од албанскиот кор, направи катастрофална грешка.
Сигурно имаше пообразовани и поинтелигентни кадри од албанците кои можеа да се вклучат во СДСМ одошто Зекири.
Служи само како маскота на Заев , за да се прикажува како мултиетничка партија но последиците се катастрофални.

Клиентелизмот на Заев и сервилноста за опстанок , почна да разорува уште во самата партија и се издигна на ниво на држава.
Огромниот број на советници на Заев кои и не доаѓаат од редовите на СДСМ исто така е предмет на незадоволство во самата партија. Групирани околу него како преторијанска гарда му служат исклучиво на Заев а не на партијата. Љубе Бошковски на пример, во нормални услови никогаш не би се нашол во близина на СДСМ.

Не беше никогаш пракса на СДСМ да прибира амнестирани криминалци, или криминалци кои се уште не се амнестирани. Но со Заев е поинаку.
Ако не е доволен показател дека и еден Бранко Црвенковски го нема никаде.
И не само него туку и многу други или пак сеуште активни членови на СДСМ, и истакнати поранешни пратеници како Софија Куновска на пример, кои јавно и жестоко го критикуваат Заев и неговата недоветност и ризични политики,
и како многумина на почетокот му веруваа, а потоа се свртеа , како на пример, Геровски, актерот Сашо Тасевски и многу други, подобар јавен индикатор дека нешто навистина не е во ред, не гледам.

За вртење на грб, во ВМРО ДПМНЕ им требаше 12 години. И тоа кога Груевски избега во Будимпешта, кога веќе немаа каде, од интерес.
А на СДСМ односно на Заев, му завртеа грб веднаш, после една , две ии три години, откако сватија каков карактер е и каде ги води и колку биле излажани.

Да резимира, дефо, не е важно дали новиот лидер на СДСМ ќе биде Игор, или Марјан или Матеј. Важно е да ја реорганизира партијата , да не ги штити штетниците од законот, да ги пензионира конечно вечните функционери во СДСМ кои живеат од партијата, и да им покаже ма следните функционери дека со криминал тоне државата а не само партијата.

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Luxor Саб Јан 25 2020, 12:02

Ова е веќе видено. Тргнете го тој под чие водство СДСМ победува, изгубете ги изборите и после уживајте во опозиција. И правете ѓоа некакви реформи кои воопшто не се потребни за демек да сте посилни и да го поразитедпне. Уште се обидувате со приказни од времето на Грујо. Тоа што нема ви успеат се гледа оддалеку. Народот на избори ќе одлучи кој ќе ја води државата и СДСМ.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Саб Јан 25 2020, 15:02

Да се тргне тој кој ја води земјата во криминал .
Груевски 4 пати поголем успех на избори имаше од Заев па го тргнаа, пријателе, логиката не ти чини овде.
Инаку, најнов скандал на Заев е на повидок Ла Верита објавува фрапантни информации.
Народот, не одлучи за СДСМ пред 3 години, одлучи за 49 пратеници за СДСМ а 51 за ВМРО.
Не знам дали ги разликуваш бројкиве, јас одамна се соочив со тоа и полесно ми е .
Одбивањето на ДУИ да коалицира со ВМРО ДПМНЕ е причина што Заев е на власт, а не затоа што тоа е негов личен успех на изборите.
А како тој се однесува кој својата партија , шарените револуционери , општеството, и која одговорност ја понесе односно никогаш не ја понел, не треба да си многу писмен за да разбереш, се гледа и се живее.
Почнав за Заев да пишувам и пред денешната објава за најновиот скандал за Заев, а ова не е последно.
СДСМ мора да се ослободи од Заев.

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Luxor Саб Јан 25 2020, 18:34

Што е нелогично во тоа дека народот одлучува на избори кој ќе ја води државата? Тоа што нема да се остварат желбите на дпне-оФците? А писанијата од фашистот во фашистичкиот весник слободно проповедај ги. Сите нормални знаат кој беше на власт и како владееше. Дури ни сите дпне-оФци не веруваат во тоа. Освен платените да се обидат да направат афера каде што ја нема.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Саб Јан 25 2020, 19:04

Да почнеме од твојата реченица последна.
Платени да прават афери? не верувам . Може да се платени да копаат за да откријат, афери.
Но тоа не е спорно. Аферите постојат
Вака беше и за СЈО па еве до каде дотуркавме со СЈО и со Рекет.

Верувам дека ќе бидеш потрезвен и посериозен, за да сватиш дека не се криви гласниците што ја носат веста, каква и да е.
Важно е дали е вистина или не. Еднаш се покажа дека е вистина, а сега на ред е обвинителство, да реагира, како што дојде и до Рекет, нели.
Околу тоа дека народот одлучува кој ќе ја води државата наполно се согласувам
но го заобиколуваш фактот дека народот мнозински гласот го даде за сегашната опозиција а не за власта.
Со коалиција се стигна до власт.Тоа не е тајна. И со огромни отстапки кон ДУИ, и манипулации, заслуга на Заев, а не на целокупното СДСМ. Се разбира, овде заслуга е во негативна конотација.

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Luxor Саб Јан 25 2020, 19:36

treta opcija напиша:
Околу тоа дека народот одлучува кој ќе ја води државата наполно се согласувам
но го заобиколуваш фактот дека народот мнозински гласот го даде за сегашната опозиција а не за власта.

Народот гласот го дава за своите политички опции. Победник е оној што ќе понуди подобра иднина за сите граѓани. Поделбите кои почна да ги правиш на мнозински и малцински гласови наскоро ќе преминат во предавнички и патриотски гласови, се гледа. И точно таквото размислување ќе му го запечати поразот на дпне.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Dino Саб Јан 25 2020, 20:06

Na ova se vika bravo, ama dosta e da e kinez i ne mora da e bolen, apasite ke pocrkat od strav.

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Img_2017

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by treta opcija Нед Јан 26 2020, 08:19

[quote="treta opcija"]
luxor напиша:
treta opcija напиша:
Околу тоа дека народот одлучува кој ќе ја води државата наполно се согласувам
но го заобиколуваш фактот дека народот мнозински гласот го даде за сегашната опозиција а не за власта.

Народот гласот го дава за своите политички опции. Победник е оној што ќе понуди подобра иднина за сите граѓани. Поделбите кои почна да ги правиш на мнозински и малцински гласови наскоро ќе преминат во предавнички и патриотски гласови, се гледа. И точно таквото размислување ќе му го запечати поразот на дпне.

Да нема оружје кај никого, медицинската грижа да е бесплатна , превозот да е бесплатен и сите да се грееме на сончева енергија е најдобрата опција.
А , никогаш не победила. Победува партијата на која народот им дал најмногу гласови. Значи реалноста е сосема друга, поинаква од ова што го кажуваш.

Победник е оној кој ќе понуди подобра иднина, велиш. ?
СДСМ дојде на власт со коалиција со ДУИ а не со мнозинска победа. Тоа се бројки, нема што да е дискутира тука.
Околу најдобрата понуда, како тврдиш:
Политиката на ДУИ не е иста со политиката на СДСМ. Одредени заеднички интереси се поклопуваат. Затоа се во коалиција.
Ја знае ли некој еколошката или економската програма на ДУИ , за да тврдиш дека таа опција ја избрал народот? ДУИ има програма за развој на источните региони на земјава?
И таа политика на ДУИ е добра , за сите граѓани?
НАТО и ЕУ се императиви на сите поголеми партии, тука нема збор.

Она што сакам да го објаснам за секој убаво и правилно да го разбере е дека,
не може да се отфрли поголемата маса народ затоа што го избрала ВМРО ДПМНЕ, туку да се релативизираат нивните екстреми , да се закопаат секирите.
Затоа што , СДСМ на терен , НЕМА мнозинство. Има во парламент. Но само со коалицирање со ДУИ, кои ги уценуваат и преку сите линии.

СДСМ не смее да продолжи да владее како аристократско малцинство врз мнозинството. Да се однесуваат како да се наследници на монархија. Иако и таа наследна традиција се прекинува некаде со Заев, кој, го нема Црвенковски во своја близина.
Од постарите кадри остана само Радмила Шеќеринска, но прашање е какви интереси има .Многумина од СДСМ ги закачија копачките на клинци,иако не го сменија дресот, додека Радмила мисли дека сеуште може да игра иако никогаш не дала гол. Во недостатокот на кадри, таа си ја најде својата шанса. Се истакнува во секоја можна прилика како да е таа најзаслужна и единствена за влез во НАТО, заборавајќи дека во 2008 година во Букурешт, имавме многу посолидни позиции, посилна безбедносна структура, а заедно беа таму Груевски и Црвенковски и ќе влезевме во рок од 3 дена само со промена на име за надворешна употреба.
Потребата на Америка да го затвори кругот на балканот со членки на НАТО ,за да се истисне Русија од тегионот и не е наш напор со кој Радмила сака да се пофали.
Промената на името е конкретно подарок само за Грција, САД не признаа под уставно име, да не се заборави.
Нив им е сеедно дали сме ФИРОМ, Северна или Република Македонија.

treta opcija

Број на мислења : 238
Join date : 2020-01-03

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Luxor Нед Јан 26 2020, 10:14

Обични спинови и замена на тези во кои пак по стар обичај на дпне-оФвите се тврди дека народ се само тие кои гласале за нив. За среќа во демократијата за да бидеш власт треба да ја добиеш довербата на повеќе од половина претставници кои народот ги избрал што значи дека си ја добил довербата на поголемиот дел од тие што гласале.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ - Page 2 Empty Re: ЗОШТО СДСМ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот