Здравството во Македонија
+21
Flora
Nebula
SHARENI
TRAJCHE
Albatros
misterija
Bosonoga
nino
PRVOBOREC
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
трендафил
tmoro
osa
Боко
defo
Фири
Hamad bim Khalifa
reiter
25 posters
Страна 5 of 40
Страна 5 of 40 • 1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 22 ... 40
Re: Здравството во Македонија
Доприносот за здравство сега е намален, а здравствените услуги се значително подобрени во секој сегмент. Има и по некоја човечка грешка, но многу поретко од порано па за секоја од нив се говори со месеци и години. Посебно по медиумите финансирани од Сорос и странскиѕе амбасади. кои види чудо, сите до една, без исклучок ги поддржуваат СДСМ и партиите на Албанците. Но и Грција и Бугарија во обидот за кршење на нашите човекови оправа, односно правото да се самоименуваме и самоиндентификуваме.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Оф, леле...трендафил напиша:Доприносот за здравство сега е намален, а здравствените услуги се значително подобрени во секој сегмент. Има и по некоја човечка грешка, но многу поретко од порано па за секоја од нив се говори со месеци и години. Посебно по медиумите финансирани од Сорос и странскиѕе амбасади. кои види чудо, сите до една, без исклучок ги поддржуваат СДСМ и партиите на Албанците. Но и Грција и Бугарија во обидот за кршење на нашите човекови оправа, односно правото да се самоименуваме и самоиндентификуваме.
defo- Број на мислења : 3588
Join date : 2015-01-13
Re: Здравството во Македонија
Пак инцидент во Гевгелија.
ГЕВГЕЛИСКА БОЛНИЦА: СЕ СЛИКАЛЕ СО ОТВОРЕН СТОМАК НА ПАЦИЕНТОТ
Додека пациентот под дејство на анестезија и со отворен стомак, во локва крв лежи на хируршкиот стол, целата медицинска екипа прави селфи. Ваква фотографија се појави на фејсбук од операционата сала во Гевгелиската болница, а ја објави НОВА.
Фотографијата потоа е ставена на Фејсбук профилот на една од докторките, каде што луѓето ја поздравуваат медицинската екипа без никој да забележи дека ваква фотографија не смее да се објавува јавно и дека со тоа е нарушена приватноста на пациентот и Законот за правата на пациентите.
http://fokus.mk/gevgeliska-bolnitsa-se-slikale-so-otvoren-stomak-na-patsientot/
Гостин- Гостин
Re: Здравството во Македонија
ПРОТЕСТ НА СТУДЕНТИТЕ ПО МЕДИЦИНА
Студентите велат целта на нивниот протест е измена или укинување на овој закон, особено член 5 и член 6, и ги опфаќа студентите од прва и втора година, а студентите ги сметаат за несоодветни, нејасни и невозможни за остварување.
http://fokus.mk/protest-na-studentite-po-meditsina/
Студентите велат целта на нивниот протест е измена или укинување на овој закон, особено член 5 и член 6, и ги опфаќа студентите од прва и втора година, а студентите ги сметаат за несоодветни, нејасни и невозможни за остварување.
http://fokus.mk/protest-na-studentite-po-meditsina/
Гостин- Гостин
Re: Здравството во Македонија
Не е познат идентитетот на пациентот, ниту некој пациент има претставка за нарушена приватност. Сигурно е и дека медицинската екипа успешно си ја завршила својата работа затоа што не е познато дека некој пациент во Гевгелија имал некакви проблеми. а новинарите платеници на Сорос, да не кажам хиените дежураат пред болниците чекајќи случај за кој би ги обвиниле лекарите. Не велам дека случајот е коректен, но не е толку страшен. Што е поентата. Треба ли заради ова селфи да ги стреламе лекарите, затоа што тоа не го направивме со Заев по неговите селфија во Диво Насеље во Куманово. Или со Калајџиев и неговото видео како фрла камења врз полицајците на Оливер Спасовски.luxor напиша:Пак инцидент во Гевгелија.ГЕВГЕЛИСКА БОЛНИЦА: СЕ СЛИКАЛЕ СО ОТВОРЕН СТОМАК НА ПАЦИЕНТОТ
Додека пациентот под дејство на анестезија и со отворен стомак, во локва крв лежи на хируршкиот стол, целата медицинска екипа прави селфи. Ваква фотографија се појави на фејсбук од операционата сала во Гевгелиската болница, а ја објави НОВА.
Фотографијата потоа е ставена на Фејсбук профилот на една од докторките, каде што луѓето ја поздравуваат медицинската екипа без никој да забележи дека ваква фотографија не смее да се објавува јавно и дека со тоа е нарушена приватноста на пациентот и Законот за правата на пациентите.
http://fokus.mk/gevgeliska-bolnitsa-se-slikale-so-otvoren-stomak-na-patsientot/
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Od lazhenje, premina i na zeleni, da ne recham gluposti...Ova ne go velam jas, tuku shitel televizija...
Скандалозно селфи на доктори во гевгелиската болница - Се сликале додека оперирале и постирале на Фејсбук
Нов скандал во гевгелиската болница. Доктори од болницата правеле селфи фотографија за време на операција додека пациентот е под дејство на анестезија и се наоѓа на опреационата маса. На фотографијата која на социјалните мрежи ја поставила една од докторките се наоѓа целата медицинска екипа која која учествувала во операцијата. Откако фотографијта била поставена на фејсбук луѓето ја поздравиле медицинкста екипа, а пртиоа никој не забележал дека со ваквиот потег и јавното објавување на фотографијата е нарушена приватноста на пациентот и законот за заштита на пациентите.
Директорот на гевгелиската болница Сретко Јованов вели дека бил затекнат од целата ситуација и непријатно изненаден од истата. Во неговата писмена изјава тој вели дека веднаш по објавените информации во кои се наведува дека доктори од гевгелиската болница се сликале со отворен стомак на пациент биле преземени соодветни законски мерки за санкционирање на здравствените работници инволвирани во случајот. Јованов вели дека согласно законот за здравствена заштита станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка. За целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај кој уште денеска ќе се достави до клиниката за Карил каде е вработена една од докторките во случајот наведува Јованов во неговата писмена изјава. Воедно општа болница Гевгелија се оградува од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата.
Гостин- Гостин
Re: Здравството во Македонија
Професори на медицина: Се крои погубна политика во здравството
Кои се резултатите од здравствената политика, како некомпетентни луѓе носат медицински одлуки, зошто се трупа непотребна опрема, а урнисувањето се прикажува како голем успех...
Кои се резултатите од здравствената политика, како некомпетентни луѓе носат медицински одлуки, зошто се трупа непотребна опрема, а урнисувањето се прикажува како голем успех...
Гостин- Гостин
Re: Здравството во Македонија
Село гори, баба се чешла
Министерот за здравство повторно е во посета на болница. Тодоров е неуморен, ја преора државата посетувајќи болници. Ама, Македонија е толку мала што мора во месецот најмалку по пет пати да оди во секоја од нив. Кога се мора, ништо не е тешко!
Не, не е таму заради болните за да ги посети и да им вети подобри услови во болничките соби, храна која е на ниво на човечко достоинство, дека ќе се погрижи за лебарките кои ноќе им лазат по креветите и шкафчињата, можеби и по главите, дезинифекција на зидовите по ходниците кои с е неисчистени со децении. Министерот Тодоров бара болници каде што не се сликал до сега. Но, бидејќи ги помина сите кои се за пред камера и приемчиви за човечко око, повторно и повторно се враќа во некоја која е зацртана во агендата од неговиот тим.
При посетата задолжително е сликањето со директорот, изјава пред камерите за нешто што му смислил неговиот пи-јар и така си ја тера предизборната кампања на ВМРО ДПМНЕ. И директорите се изморија од неговите посети, постојано мора да се на штрек, да се фалат со нешто, ама во душата им гори од долгови кои им натежнале над глава. Должат на добавувачите со лекови и медицински потрошен материјал, имаат долгови за парно, струја, вода. Се блокираат сметки, се редат тужби. Па, уште и прескапите реагенси им фалеа од тендерот на Министерството за здравство кои треба да ги набавуваат задолжително во наредните три години. Ама, договор си е договор, мора да се потпише, во спротивно лета директорската фотеља и некои привилегии кои доаѓаат со тоа.
Што има чудно во сето ова? Треба да се прави како ќе им се каже и да се издржи со стиснати заби. Што има па новинарите тука да се мешаат? Доколку пишуваат промотивно и тие се добредојдени, ако не, треба да с е прогласат за непријатели и да им се забрани влез уште од ходникот на болницата. Како што, впрочем и го прават тоа некои од директорите. Пред некој ден Тодоров беше во прилепската болница која е длабоко во долгови и најави дека ентериерно ќе се реновира со пари од Министерството за здравство. Кои пари? Тие што се заштедија од инсулините или од цитостатиците? Или од парите за Програмите кои Министерството со години не им ги исплаќа на болниците? Патем, колку програми од Министерството за здравство за превентива не се реализираа иако се предвидени финансиски средства за нив? Води ли некој евиденција за тоа?
Кога сме веќе кај прилепската болница, до каде е со истрагата за случајот со 21 годишната родилка која почина во февруари, го праша некој министерот за тоа? Да, знаеме формирана е комисија. „Ако не сакаш да решиш некоја работа, тогаш формирај комисија“, рекол Черчил, а Тодоров сфатил дека тоа е вистинската работа за него. И постојано формира комисии, за сите грешки и смртни случаи на родилки, за се има комисии, ама резултати од сработеното нема.
Пред некој ден една фотографија направена во операциона сала во гевгелиската болница ги запали страстите на граѓаните. Медицинска екипа си правела селфи додека пациентот лежи на операционен стол под анестезија, со отворен стомак и во локва крв. Фотографијата потоа една од докторките ја ставила на социјалната мрежа Фејсбук и така стигна во јавноста. Таа докторка е анестезиолог и е пратена од КАРИЛ бидејќи во гевгелиската болница нема анестезиолози. Двајцата беа суспендирани кога почина родилката и нејзиното бебе, а тие ја породувале пијани за време на операцијата со царскиот рез. Директорот тогаш најави дека може да си даде оставка, ама не го стори тоа. Се најде виновникот и тој остана во директорската фотеља. А, во болницата се редат скандали. Докторите и сестрите си прават селфи во операциона сала, оперираат непрописно облечени, внесуваат мобилни телефони внатре, а директорот ќе формирал комисија што ќе предложи дисциплински мерки. Село гори, баба се чешла. Министерот пак, не се изјасни за случајот.
Правилникот за хоспитална култура кој го промовираше јавно, очигледно не дава резултати. Тоа не го стори ниту Лекарската комора. Пред два дена Тодоров пушти во употреба нов апарат за копјутеризирана томографија во болницата „8 Септември“. Ова е само дел од новата опрема за болницата која ја најави Тодоров во вредност од два милиони евра. Добро е да се обнови опремата, но добро е и да објасни зошто оваа болница е една од најзадолжените иако има зголемен обем на здравствени услуги. И како парите од Програмите што ги должеше Министерството продуцираа долгови.
Не е подобра состојбата ниту во другите болници во државата, сите имаат огромни долгови, ама тоа не се кажува пред камерите. И наместо челниците во здравството да се занимаваат со сериозни проблеми, со малите буџети на болниците, со долговите кои впрочем се продуцираат и благодарение на Фондот и на Министерството кои не ги плаќаат редовно здравствени услуги или парите од програмите, тие станаа експерти во правење на спинови. Секогаш кога треба да се тргне вниманието од актуелните политички проблеми ќе се појави некоја нова болест, непозната за овие простори, ќе излезат со драматични изјави не водејќи сметка за последиците. Така се појави еболата, скандал со кој се обрукавме пред светот, кога луѓе две недели непотребно се држеа под карантин. Последно, јавноста беше вознемирена од информацијата дека бебе од Дојран најверојатно има зика вирус.
Не се штедеа семејствата на наводно заболените, се откри нивниот идентитет, во јавноста излегоа фотографии од тримесечното бебе и неговите родители. На крајот излезе дури и градоначалникот на Дојран да каже дека бебето нема зика вирус, туку мала глава како и неговиот татко. Ете, со такви работи се занимаваат експертите и првите луѓе во здравството. Се заплашуваат и им се трга вниманието на граѓаните од сопствените проблеми, од тоа дека немаат пари да го истуркаат ниту половина од месецот, се до актуелната политичка состојба во државата. А, агендата со задолжителна посета на болниците неуморно се спроведува, секој ден, седум дена во неделата. Туку, јас пак ќе се вратам кај лебарките.
Ми останаа во длабоко сеќавање пред три години кога лежев на Инфективна клиника борејќи се со високата температура. Додека медицинските сестри се трудеа околу мене и се радуваа на секој паднат степен од топломерот, јас лежев и беспомошно ги набљудував лебарките како слободно се шетаат низ болничката соба. Не, не дека немав мака, се борев за живот тие денови кога и новогодишните празници ги поминав во кревет околу кој безмилосно лазеа лебарки. Рој лебарки по чашите, по хигиенскиот прибор, по приборот за јадење.
Тогаш навистина посакав да дојде на клиниката министерот Тодоров. Дури и му напишав отворено писмо, кога закрепнав. Тодоров не дојде, беше зафатен со новогодишната еуфорија и со подготовка на нова агенда за посета на болници за наредната година. Јас отвореното писмо не го објавив, но еве сега му порачувам дека е добро да прошета и по скопските клиники и низ болниците во државата , да види во какви услови се лекуваат пациентите. Дека не е се до скапите апарати, туку има нешто што се вика достоинствено лекување. Да оди кога камерите ќе згаснат и новинарските екипи ќе заминат, како човек и министер кој вистински ќе се заинтересира за реалните проблеми во здравството. Да ги посети болните. За сликање и сечење ленти, секогаш ќе има време.
http://novatv.mk/selo-gori-baba-se-cheshla/

Eva do kade ne dovedoa dpmne-ofcite...Zatoa po sekoja cena mora da zaminat od vlast...Direktno vo Idrizovo...
Владата скрати од парите наменети за болните од ретки болести
Владата ги намали средствата кои беа предвидени за Програмата за лекување ретки болести за 2016 година за 797.000 евра. Со одлука на Влада од 20 септември изменета е Програмата и наместо 3,3 милиони евра, сега предвидени се 2,5 милиони евра.
Оваа одлука е потпишана од вицепремиерот Владимир Пешевски, со што е измената претходната одлука која ја потпишал од поранешниот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Намалувањето се однесува на оној дел од средствата кои треба да се обезбедат од Буџетот на Република Македонија.
http://fokus.mk/vladata-skrati-od-parite-nameneti-za-bolnite-od-retki-bolesti/
Гостин- Гостин
Re: Здравството во Македонија
Арамии, граѓаните ќе собираат пари за лекување со смс пораки а владата ќе краде и од нив земајки данок.
Гостин- Гостин
Re: Здравството во Македонија
Протест за зголемување на буџетот за лицата заразени од ХИВ
Со транспаренти „Кој сака да ја зацрни Македонија“, „Со кои пари ќе лекувате нови 860 инфицирани“ и „Сакате ли епидемија на ХИВ“ активистите од платформата за заштита и спречување од ХИВ денеска од протест ги повикаа пратениците да го корегираат предвидениот буџет за за да се спречи епидемијата која и се заканува на земјава.
Велат загрижени се што најповиканите институции не покажуваат интерес за ова прашање иако состојбата станува алармантна.
Иницијативата која ја поднесоа невладините од платформата беше упатена до пратениците во собранието но и Министерството за здраство и Министерството за финансии.
Од Министерството за здравство пак во својот допис велат дека се креира лажна слика укажувајќи на тоа дека со двете програми сретствата кои ги инвестирале за оваа година изнесуваат 52 милиони денари.
Во соопштението стои:
„Во континуитет ги обезбедуваме потребните лекови за лицата заболени од ХИВ и веќе е завршена набавката на лекови за престојната 2017 година, што значи дека за тие пациенти е обезбедена потребната терапија, како за тековната така и за следната година. Дел од опозициските пратеници исто така денеска излегоа да им дадат поддршка на невладините.“
Очекувањата на невладините се дека за првите 6 месеци од 2017 та година Глобалниот фонд за Хив и туберкулоза ќе одобри да се искористат заштедените средства од грантот за да се покријат превентивните програми. Во 2016 та година само во првите 6 месеци заразени биле 20 лица од вирусот. Дека инфекцијата рапидно расте покажуваат и податоците од 2015 та година кога биле регистрирани 32 случаи.

Залудно фалбите на Грујо. Еве што ќе се случува со здравството и набавката на нова опрема и апарати ако дпмне победи на изборите.
Шилегов: За власта на Груевски здравството било товар на Буџетот (ВИДЕО)
Петре Шилегов од СДСМ денеска покажа официјални документи од Владата коишто потврдуваат дека, како што рече, дуото Груевски и Тодоров лажат во врска со набавката на медицинска опрема и изградбата на објекти во здравството и дека нивниот интерес за здравството и здравјето на граѓаните е лажен и лицемерен.
- Наспроти нивните ветувања за наводни инвестиции во објекти и опрема во здравството во висина од 33 милиони евра, еве што всушност се случува: За побарана медицинска опрема на Кардиологија, Министерството за финансии одговара: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За рендген служба во општина Кривогаштани, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За изградба на центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За Реконструкција на Општа Болница во Струмица, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За изградба на амбуланта во Секирарци, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За пункт за итна помош во Идризово, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За реконструкција на Здравствен дом Здравје во Валандово, негативно мислење од Министерството за финансии. Ова е доказ за невиденото лицемерие на Груевски и Тодоров. Едно зборуваат во јавност, другото се случува во позадина. Е ова е вистинското лице на неодговорната власт на Никола Груевски - рече Шилегов денеска на прес конференција.
Тој истакна дека Груевски и Тодоров не можат да ги лажат повеќе граѓаните, дека на 11 декември доаѓа одговорна Влада, на којашто еден од врвните приоритети ќе и биде здравјето на граѓаните на Република Македонија.
http://plusinfo.mk/vest/91594/shilegov-za-vlasta-na-gruevski-zdravstvoto-bilo-tovar-na-budjetot-video
Гостин- Гостин
Re: Здравството во Македонија
Шилегов изгледа се обраќа до будали. Тоа што во ноември е реализиран буџетот за набавка на нова опрема не значи дека така ќе биде и во следните 4 години. Кога во буџетот ќе бидат предвидени тие 33 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата во огромен процент. Невиден кај нас. Ниту една активност од списокот на портпаролот на СДСМ (LSDM) не е дел од предизборните ветувања на најголемата македонска партија.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
[url=Лекари: Плаќањето по успешност е идиотски проект од кој профитираа одредени лекари, а беа казнети неистомислениците]http://fokus.mk/lekari-plakaneto-po-uspeshnost-e-idiotski-proekt-od-koj-profitiraa-odredeni-lekari-a-bea-kazneti-neistomislenitsite/[/url]
Со вакви „успешни реформи во здравството“, ќар имаат само погребалните претпријатија.
Повеќе од четири години функционира проектот „плаќање по успешност“ на скопските клиники и во болниците низ земјава, кој според лекарите предизвика тотален хаос во здравствениот систем и служи само за казни на неподобните, кои јавно се спротиставиле на политиките на министерот за здравство Никола Тодоров и екс премиерот Никола Груевски.
Владата и министерството за здравство на провладините медиуми излегоа со рекламен спот, кој според лекарите за нив беше навредлив, понижувачки и омаловажувачки.
Абдоменалниот хирург Милчо Пановски вели дека придобивките од секоја реформа на Тодоров е од исклучителна важност за македонското здравство, а така е и со идејата за плаќање по „учинок по терк на Тодоров“.
– Прв голем успех е тоа што успеа да ги скара лекарите во најголем број на установи.Типичен пример е Институтот за радиологија. Втор успех е тоа што директорот преку неговото дискреционо право ги казнува неподобните доктори. Трето, изнуди вработување(или прераспоредување) на човек кој ги пегла резултатите од учинокот на еднакво (приближно исто) ниво на сите вработени за мир во куќата. Четврто, дел од медиумите профитираа со пишување на текстови и со објавување на список од сто најдобри доктори, иако не е јасно зошто тоа кратко траеше – истакна професорот Пановски во изјава за „Фокус“.
Тој тврди дека благодарение на проектот дел од лекарите профитирале со награди, но како што додава некои поединци профитирале и со измама.
– Некои лекари беа казнети и се уште се казнети затоа што одбиваат да работат по теркот на Тодоров, а тој не им даде дозвола за дополнителна работа. Последно и наважно најголема „добивка“ имаа пациентите кои станава бројка за исполнување на учинокот. Така да, учинокот на Тодоров е според српската „Dali prodaja muda za bubrege spada u trgovinu organima? – додава доктор Пановски.
Со сличен став како него е доктор Дејан Ставриќ, очен хирург и поранешен претседател на Самостојниот синдикат на скопските клиники. Според него, сега направат реклами од десетици милиони евра како кога го имитираа тој идиотски проект.
– Проектот плаќање по успешност всушност беше проект за плаќање на послушниците, а за финансиско казнување на неистомислениците. Тој ја произведе аферата на офталмологија во Градската болница „8 септември“ и уште кој знае колку такви случаи за кои не се знае и за кои никогаш нема да се дознае. Колку буџетски пари ќе се потрошат за инвалидитетот на луѓето, нивното здравје и изгубениот живот поради овој и другите „реформски“ проекти на Тодоров – тврди доктор Ставриќ.
Овој проект во 2012 година пред да биде воведен во јавните здравствени установи предизвика масовен штрајк на околу 1.200 лекари-специјалисти кои протестираа цели 52 дена пред министерството за здравство, како и пред владата тврдејќи дека овој проект само повеќе ќе им нанесе штета во работата и на лекарите и на пациентите. По месец ипол, штрајкот беше задушен, а проектот почна со својата примена.
Со вакви „успешни реформи во здравството“, ќар имаат само погребалните претпријатија.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3588
Join date : 2015-01-13
Re: Здравството во Македонија
И како тоа просечниот живот во Македонија се зголемува ако сте во право. И зошто само лекарите социјалдемократи не можат да го исполнат учинокот, а другите лекари можат?
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Kako dojdovte do zakluchok deka prosechniot zhivot vo Makedonija se zgolemuva??? So merenje na zhivotniot vek na chobanite??? Aj probajte da utvrdite kolkav e zhivotniot vek na edna dpmne-ofca...Gi umirate i od glad, i od stresovi...Ama i gi ucenuvate pa moraat da glasaat za vas...Inaku sekako deka zhivotniot vek na makedoncite se zgolemuva, ama na tie shto izbegaa od diktaturata niz evropskite drzhavi...
Гостин- Гостин
Re: Здравството во Македонија
Статистиката се води за тие што живеат во Македонија. Иселените во странство, од кои поголем дел се според статистиките етнички Албанци влегуваат во просекот на земјите во кои што живеат. Да се разбереме, не велам дека и сега нема слабости во здравството, но од ден на ден тие се помали. Прочитај го и извештајот на ЕУ во делот за здравството.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Ne veruvav deka kje dojde vreme da go branam dpmne, no...
СДСМ: Здравствениот систем во амбис по Мој термин
Nejasno e shto ovde sakaat SDSM...Moj termin vovede kakov takov red vo zdravstvoto i sprechi pacientite so chasovi i denovi da chekaat pred ordinaciite...Osven toa gi prinudi lekarite da rabotat i da gi pregledaat barem pacientite sho imaat zakazhano...Ukinuvanjeto na taa merka kje go vrati haosot vo chekalnite i kje bideme svedoci na izhivuvanjeto na lekarite nad pacientite...Kako i porano kje gi ostavaat pacientite da chekaat a tie oslobodeni od sekakva kontrola i obvrska kje si gi zavrshuvaat lichnite raboti...Se soglasuvam so podobruvanje na zdravstvoto...Neka se otstranat problemite kako shto se nedostatok na lekovi i materijal...Neka se renoviraat bolnicite...Neka se prezemat merki za priem i obuka na kvalitetni kadri...Neka se prezeme se shto kje go unapredi zdravstvoto...No, da dozvolish haos vo koj nema da se znae koj, koga i zoshto doshol na pregled, da dozvolish guzhva i raspravii megju pacientite koj koga doshol i koj koga e na red da vleze, da dozvolish kako porano prijateli i rodnini da vleguvaat preku red e vo najmala raka glupavo...Ne deka i sega go nema toa no e daleku pomalku izrezeno otkolku pred da se uvede "moj termin"...osven toa ako nema "moj termin" chekalnite od rano nautro kje se polnat so pacienti shto ovozmozhuva shirenje na sekakvi zarazni bolesti i gi doveduva vo opasnost i samite pacienti... Od SDSM ochekuvam da go usovrshi i unapredi "moj termin" a ne da go proglasuva za prichina za propast na zdravstvoto...Na krajot od kraishtata, namesto samo da kritikuvaat, a vo izjavata ne vidov deka prilozhile bilo kakvi dokazi za vlijanieto na "moj termin" na padot na kvalitetot na zdravstvoto, neka ponudat reshenie koe kje gi zachuva pridobivkite od taa reforma i vo isto vreme kje go podobri ili nema da vlijae na kvalitetot na zdravstvoto...

Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Здравството во Македонија
Reformite na Nino ministerot za dolevuvanje tenderi na mechkata vo peshtera...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Здравството во Македонија
АКо не се распадне СДСМ и некогаш дојде на власт лифтовите нема да се расипуваат никогаш?
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
Ќе бидат поправани навреме а не после три дена.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Здравството во Македонија
ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, информира дека во нејзиниот објект се врши целосна внатрешна реконструкција и оти се примаат само ургентните случаи.
- Затоа се примаат само ургентните пациенти, а останатите се преупатуваат во Хируршките клиники и Градска општа болница „8 Септември“ Скопје - соопшти Клиниката, реагирајќи на некои медиуми кои вчера објавија дека лифтот во болницата не работи.
Клиниката наведува дека реконструкцијата е почната во септември 2016 година.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Градска-болница-се-реконструира-се-примаат-само-итни-случаи&id=e2660b39-7ca7-419e-88fe-3cbdf859da23
ЗНачи не се работи за неисправен лифт туку за негова реконструкција. Да напишам дека ти верувам дека ако СДСМ (LSDM) дојде на власт, ти верувам дека нема да има реконструкции на болниците.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Здравството во Македонија
A zosto se rekonstruira tri dena? U Centar za pet minuti gi rasipuvavte da ne glasaat lugeto. A da gi popravite tapa ste.
Dino- Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30
Re: Здравството во Македонија
Министерот за доделување тендери на Ивонче милионче фатен со спуштени гаќи.
СДСМ: Тодоров лаже дека вакцините ќе замрзнеле по пат
СДСМ денеска објави документ од Светската здравствена организација, каде што е наведено дека вакцините и 10 пати да замрзнат, нема да изгубат од нивната ефикасност.
„Неверојатно е до каде може несовесно да се однесува министерот за здравство, дури и кога се работи за новороденчиња. Одговорноста за недостигот на вакцини BCG, цели 4 месеци, на Клиниката за гинекологија, поради којашто се испуштаат новороденчиња без примена вакцина, Тодоров ја префрли на студот, поради којшто не летале авиони, а и да летале, вакцините ќе замрзнеле во нив! Граѓаните знаат дека Никола Тодоров е неодговорен политичар, бидејќи тој 10 години се грижи само за тендери, но не и за нивното здравје. Затоа итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија, којашто ќе работи исклучиво за потребите на граѓаните!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Здравството во Македонија
Во македонските правила, а напишани се во време кога СДСМ беше на власт не пишува така. А нашите органи мораат да ги почитуваат нашите закони. Во секој случај, проблем со вакцинирањето имаше само десетина дена и истиот за ваша жалост е разрешен.
Не се реконструира само лифтот, Дефо, туку цела Градска болница во Скопје. Амбулантите работат без застој, во приземјето, а лежечки пациенти се примаат само во исклучителни ситуации. Нема да бидат примани кога ќе се реконструираат операционите сали. Зарем ова не се објавува во медиумите што ги плаќа Сорос? Вакви вести можат да бидат од витално значење за евентуални пациенти.
Не се реконструира само лифтот, Дефо, туку цела Градска болница во Скопје. Амбулантите работат без застој, во приземјето, а лежечки пациенти се примаат само во исклучителни ситуации. Нема да бидат примани кога ќе се реконструираат операционите сали. Зарем ова не се објавува во медиумите што ги плаќа Сорос? Вакви вести можат да бидат од витално значење за евентуални пациенти.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 5 of 40 • 1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 22 ... 40
Similar topics
» Здравството во Македонија
» Здравството во Македонија 2
» До каде е Македонија, и како да ја направиме Македонија подобро место за живеење???
» Непријатели на Македонија
» Куртонизација на Македонија

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот